ДОНЕСЕНИ  8 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОЦИ 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 148-та седница одржана на 27 октомври 2016 година донесе  8 решенија и 7  заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  

„Ве молиме за постапката за јавна набавка Изградба на атмосферска канализација за н.м Триангла, општина Гази Баба по принцип „клуч во раце“ број 23/2016 да ни доставете:

•        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

•        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

•        Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

Извештај од спроведената е-аукција“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-433 на 20.09.2016 година,  изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, на 10.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2002/1 до Министерството за транспорт и врски, со кое побарало по пошта или по е-маил да му достават фотокопија од следната информација:   

„Ве молиме за постапката за јавна набавка Изградба на атмосферска канализација за н.м Триангла, општина Гази Баба по принцип „клуч во раце“ број 23/2016 да ни доставете:

•        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

•        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

•        Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

•        Извештај од спроведената е-аукција“.

Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.    

Комисијата, со допис бр.08-433 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  

Министерството за транспорт и врски не одговори на дописот на Комисијата. 

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето. 

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Фотокопија од вашето Решение бр.22-12719 од 30.12.2015 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-310 на 06.09.2016 година, изјавена од П. Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје, на 03.08.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое побарал да му се достави следната информација: „Фотокопија од вашето Решение бр.22-12719 од 30.12.2015 година“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-310 од 07.09.2016 година ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена од доставувањето на дописот  да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 03.10.2016 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Комисијата достави Одговор по жалба бр.17-7676/3 од 23.09.2016 година, а во Комисијата заведен под бр.08-310.

Во Одговорот се наведува дека: „Од страна на Министерството, врз основа на член 51-б од Законот за земјоделското земјиште постапувајќи по барањето за добивање на согласност за градење на помошни објекти, оранжерија или објекти за примарна обработка на земјоделски производи на земјоделско земјиште бр.22-12719/1 од 22.12.2015 година од страна на Т.К. … донесено е Решение под бр.22-12719/1 од 30.12.2015 година со кое на подносителот на барањето се дава согласност за градење на Објект за примарна обработка на земјоделски производи. Градот Скопје со барање заведено под бр.02-6144/1 од 07.06.2016 година во Министерството бара повлекување на горенаведеното Решение од причина што поаѓајќи од Одлуката за прогласување на планината Водно за парк-шума и нејзина заштита (Сл.гласник на Град Скопје бр.14/91) и Одлуката за комунален ред во градот Скопје (Сл.гласник на Град Скопје бр.8/14), Решението на Министерството бр.22-12719/2 од 30.12.2015 година не е во согласност со наведената регулатива…Решението на Министерството не е конечен документ во постапката за издавање на одобрение за градба на објекти на земјоделско земјиште, односно одобрението за градба го издава единицата на локалната самоуправа каде што се наоѓа предметното земјиште. По така поднесеното барање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има донесено Решение под бр.17-6376/1 од 15.06.2016 година со кое Решението бр.22-12719/2 од 30.12.2015 година се огласува за ништовно и се поништуваат правните последици што ги произвело наведеното Решение.“

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот на му ја доставил бараната информација, во начин и форма како што наведува во Барањето.

Комисијата му укажува на Министерството дека Барателот на информацијата побарал готов документ, односно побараното Решение е завршен документ, има архивски број и датум кога тоа е донесено, и имателот на информацијата е должен да му ја достави бараната информација на Барателот без разлика дали истото е во сила или е поништено.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување. 

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Комуналец – Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следното 

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Комуналец – Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  

„Ве молиме за постапката за јавна набавка Течен хлор и натриум Хипохлорит, баждарење и транспорт број 12/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

–        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

–        Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

Извештај од спроведената е-аукција“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Комуналец – Кавадарци на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-434 на 20.09.2016 година,  изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Комуналец – Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈП Комуналец – Кавадарци на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. 

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 03.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1982/1 до ЈП Комуналец – Кавадарци, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

„Ве молиме за постапката за јавна набавка Течен хлор и натриум Хипохлорит, баждарење и транспорт број 12/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

–        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

–        Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

–        Извештај од спроведената е-аукција“.

ЈП Комуналец – Кавадарци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

 Комисијата, со допис бр.08-434 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈП Комуналец – Кавадарци и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 

ЈП Комуналец – Кавадарци не одговори на дописот на Комисијата. 

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈП Комуналец – Кавадарци не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето. 

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                          

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ОУ „Његош“ – Колонија Идризово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ОУ „Његош“ – Колонија Идризово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  

„Ве молиме за постапката за јавна набавка Демонтажа на стари и набавка и монтажа на ПВЦ прозори број 01/2016 да ни доставите:

-Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

-Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

-Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

-Извештај од спроведената е-аукција“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ОУ „Његош“ – Колонија Идризово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-436 на 20.09.2016 година,  изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ОУ „Његош“ – Колонија Идризово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ОУ „Његош“ – Колонија Идризово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето. 

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 03.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1972/1 до ОУ „Његош“ – Колонија Идризово, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

          „Ве молиме за постапката за јавна набавка Демонтажа на стари и набавка и монтажа на ПВЦ прозори број 01/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

–        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

–        Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

–        Извештај од спроведената е-аукција“.

ОУ „Његош“ – Колонија Идризово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

  Комисијата, со допис бр.08-436 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до ОУ „Његош“ – Колонија Идризово и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 

ОУ „Његош“ – Колонија Идризово не одговори на дописот на Комисијата. 

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ОУ „Његош“ – Колонија Идризово не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето. 

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Т. од Скопје, поднесена против Решението на Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.Т. од Скопје, поднесена против Решението на Општина Кисела Вода бр.08-6574/4 од 20.09.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Записник за уредување на меѓи за парцела 1820 изработен од ГЕО Каевски под бр. 08-8535“,СЕ ОДБИВА.

Решението на Општина Кисела Вода бр.08-6574/4 од 20.09.2016 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-487 на 29.09.2016 година, изјавена од Б.Т. од Скопје, поднесена против Решението на Општина Кисела Вода бр.08-6574/4 од 20.09.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

Како што се наведува во Жалбата, Б.Т. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода, со кое ја побарал следната информација: „Записник за уредување на меѓи за парцела 1820 изработен од ГЕО Каевски под бр. 08-8535“.

Постапувајќи по наведеното Барање, Општина Кисела Вода до барателот доставила Решение бр. 08-6574/4 од 20.09.2016 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација.

Незадоволен од добиеното Решение, Б.Т. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

 Комисијата, со допис бр.08-487 од 03.10.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 

Општина Кисела Вода на 17.10.2016 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.08-6574/3 од 13.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-487. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…во целост останува на наводите дадени во Решението заведено под бр.08-6574/4 од 20.09.2016 година“. Во прилог на Произнесувањето по жалба до Комисијата се доставени фотокопии од списите по предметот, меѓу кои и фотокопија од оспореното Решение. Во него, меѓу другото се наведува дека: „…бараниот документ Записникот за уредување на меѓи за парцела 1820 изработен од ГЕО Каевски претставува составен дел од управната постапка која се води во Секторот за урбанизам и просторно планирање по доставениот Поднесок на лицето Б.Т. од Скопје заведен под Уп.бр.13-1670 од 27.10.2015 година против Одобрението за градење Уп.бр.13-1670 од 07.10.2015 година…со давањето на бараниот документ ќе се доведе до погрешно толкување на постапката и ќе настане значителна штета за Органот и за странките во постапката…по спроведениот тест на штетност констатира дека … доколку истиот се даде ќе настане значителна штета во целата постапка која се уште е во тек по доставената тужба од страна на лицето Б.Т. од Скопје до Управниот суд на Република Македонија и значителна штета за Органот кој ја води постапката и за странките во постапката“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Кисела Вода постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбила пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.

Во случајов бараниот документ, односно Записникот за уредување на меѓи број 13-1670 од 18.01.2015 година од катастар „ГЕО Каевски, наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер на барателот, претставува информација која е дел од започната управна постапка која се наоѓа во фаза на одржување. Побараниот документ спаѓа во исклучоците од слободниот пристап до информации од јавен карактер и евентуално негово откривање во јавноста би предизвикало погрешно разбирање на содржината на побараната информација, која се уште е предмет на постапување кај имателот на информации.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                                    

* * * * *                   

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Е.М. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Е.М. од Скопје, поднесена против Решение на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-1355/1 од 15.09.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

Решението на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-1355/1 од 15.09.2016 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-498 на 04.10.2016 година, изјавена од Е.М. од Скопје, поднесена против Решение на Министерството за внатрешни работи бр.16.1.2-1355/1 од 15.09.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Е.М. од Скопје поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи бр. 16-52278/1 од 26.08.2016 година, со кое побарала по пошта, е-маил или на друг начин утврден со закон, со увид, фотокопија, електронски запис или друга форма утврдена со закон, да и биде доставена следната информација:

          „1.Како се класифицирани и систематизирани работните места во Одделение за обезбедување на Собрание на РМ согласно Правилникот за систематизација на работни места во БЈБ СД бр.27.4-919/1 од 21.08.2015“, 2.Раб. места Кораб 296; 301; 302; 279 и Кораб 298 на која организациона единица и припаѓаат во период од дек. 2013 до 31.07.2016 г?“.

   Е.М. на 30.08.2016 година до Министерството за внатрешни работи поднела уште три Барања за пристап до информации од јавен карактер. Со Барањето бр.16-53311/2, побарала по пошта да и биде доставен препис од следната информација:

   „Согласно чл.310 од КД на МВР барам препис од Одлуката од Комисијата по која е изготвено Решение бр.22.6-45828/1 од 26.07.2016 г. за распоредување“.

     Со Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.16-53312/2 побарала по пошта да и биде доставен препис од следната информација:

„Согласно чл.28 од ЗРО точка 4; 5; 6; 8; 9; 10; 11; 12 и подточките 2 и 3 толкување на работно место полицаец во ПСОН Драчево согласно ЗВР чл.3 т.6 толкување работно место согласно ЗП чл.5“

 Со Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.16-53313/2 побарала по пошта да и биде доставен препис од следната информација:

  „Толкување на работно место полицаец во Одделение за обезбедување на Собрание на РМ“.       

Спојувајќи ги сите Барања во една постапка, Министерството за внатрешни работи донело Решение бр.16.1.2-1355/1 од 15.09.2016 година, со кое го одбило пристапот до бараните информации. Во Решението е наведено дека бараните информации се дел од „Правилникот за систематизација на работните места во БЈБ кој е класифициран акт со степен на класификација СТРОГО ДОВЕРЛИВО…Министерството за внатрешни работи го спроведе задолжителниот тест на штетност утврдувајќи дека со давањето на бараната информација ќе настане значителна штета во работењето на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност…“.

Незадоволна од наведеното Решение, Е.М. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.   

Комисијата, со допис бр.08-498 од 07.10.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 19.10.2016 година Министерството за внатрешни работи достави до Комисијата Одговор на жалба бр.16.1.2-1583/1 од 17.10.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-498. Во Одговорот на жалба, Министерството за внатрешни работи останува на наводите во оспореното Решение.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучокот од слободниот пристап до информации наведен во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.

 Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *       

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.С. од Скопје, поднесена против Решението од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје А.бр.248/2016 од 30.09.2016 година, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.С. од Скопје, заведена во Комисијата под бр.08-296 од 07.10.2016 година, поднесена против Решението од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите–Скопје А.бр.248/2016 од 30.09.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Колкави се средствата кои секој од обвинителите во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вклучувајќи ја и обвинителката К.Ј. ги добиваат како прилив по друг основ надвор од бруто платата (не сметајќи ги додатоците во бруто платата) од буџетот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и тоа за средствата кои поединечно секој од обвинителите во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вклучувајќи ја и обвинителката Катица Јанева ги добил како прилив по друг основ надвор од бруто платата од месец октомври 2015 до месец јуни 2016, како и сите основи врз основа на кои се исплаќани овие дополнителни средства и

2. Дали обвинителите во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вклучувајќи ја и обвинителката К.Ј. примале средства врз основа на Договорни услуги со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Доколку извршувале договорни услуги, да биде доставена информација какви услуги вршеле и колку средства добивале за овие услуги, како и да биде доставена копија од Договорот за вршење услуги како и финансиска месечна пресметка за тоа кој од обвинителите, вклучувајќи ја и обвинителката К.Ј., колку средства земал за секој од месеците од октомври 2015 до јуни 2016 година поединечно…“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Решението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје А.бр.248/2016 од 30.09.2016 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата изјавена од А.С. од Скопје, заведени во Комисијата под бр.08-296 од 07.10.2016 година, поднесена против Решението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје А.бр.248/2016 од 30.09.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Решението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје А.бр.248/2016 од 30.09.2016 година ГО ПОНИШТИ.

По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Комисијата ги разгледа Жалбите изјавени од А.С. од Скопје, заведени во Комисијата под бр.08-296 од 29.08.2016 година и бр.08-300 од 02.09.2016 година, поднесени против Одговор од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје А.бр.248/16-3 од 26.08.2016 година и Решение А.бр.248/16-2 од 26.08.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и констатира дека Жалбите се изјавени од ист жалител, по исто Барање, поднесени против одговор и Решение со иста содржина на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје поради што, водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка под бр. 08-296.

Како што се наведува во Жалбите, А.С. од Скопје на 29.07.2016 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје, заведено кај имателот на информации под А. Бр. 248/16. Со наведеното Барање,  А.С. од Скопје од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје побарал електронски запис од следните информации:

„1. Колкави се средствата кои секој од обвинителите во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вклучувајќи ја и обвинителката К.Ј. ги добиваат како прилив по друг основ надвор од бруто платата (не сметајќи ги додатоците во бруто платата) од буџетот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и тоа за средствата кои поединечно секој од обвинителите во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вклучувајќи ја и обвинителката К.Ј. ги добил како прилив по друг основ надвор од бруто платата од месец октомври 2015 до месец јуни 2016, како и сите основи врз основа на кои се исплаќани овие дополнителни средства и

2. Дали обвинителите во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, вклучувајќи ја и обвинителката К.Ј. примале средства врз основа на Договорни услуги со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Доколку извршувале договорни услуги, да биде доставена информација какви услуги вршеле и колку средства добивале за овие услуги, како и да биде доставена копија од Договорот за вршење услуги како и финансиска месечна пресметка за тоа кој од обвинителите, вклучувајќи ја и обвинителката К.Ј., колку средства земал за секој од месеците од октомври 2015 до јуни 2016 година поединечно…“.

Постапувајќи по Барањето од А.С. од Скопје, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје до барателот доставило Одговор А.бр.248/16-3 од 26.08.2016 година и Решение А бр.248/16-2 од 26.08.2016 година, со кое го одбило пристапот до бараните информации. Во Образложението на Решението, меѓу другото, се наведува дека „…Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на К.Ј. има донесено Одлука за посебна заштита на приватноста на граѓаните на Р. Македонија и други лица во врска со содржината и специфичноста на материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. Во Одлуката се определени обврските кои се должни да ги преземат јавните обвинители со цел да се обезбеди заштита на приватноста и личниот и семејниот живот на лицата чии разговори се содржани во наведените материјали и износот на надоместоците кои за таа цел им се исплатуваат на јавните обвинители. Врз основа на наведената Одлука сите јавни обвинители во ова Јавно обвинителство имаат склучено писмени договори во кои се наведени нивните обврски за време на вршењето на функцијата… и по престанок на истата… Одлуката и договорите се класифицирани со степен Доверливо и од тие причини истите не можат да бидат доставени, исто како и висината на надоместоците кои по овој основ им се исплатуваат на јавните обвинители.  Надоместоците се предвидени во Буџетот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите…Јавното обвинителство…на барателот му достави податоци за приливите на јавните обвинители на кои по друг основ им се исплатуваат надвор од бруто платата и додатоците на истата…овие средства се исплаќаат врз основа на чл. 55 од Законот за јавното обвинителство и Одлуката на Владата на Р. Македонија за начинот и постапката за остварување на надоместокот за закупнина на стан…јавните обвинители…не извршуваат договорни услуги за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.

Незадоволен од добиениот одговор и добиеното Решение, А.С. од Скопје поднесе Жалби до Комисијата. Во Жалбите, покрај другото, е потенцирано дека „…висината на сумите кои обвинителите ги добиваат како надоместоци надвор од бруто платата се јавни податоци бидејќи се средства кои СЈО ги добива од Буџетот на РМ…ме интересираат само бројките, односно сумите кои обвинителите ги примаат надвор од платата (без сумите кои ги добиваат како надоместок за користење на стан) без да се навлегува во информации за што ги добиваат овие средства…“.

На 21.09.2016 година, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје до Комисијата достави допис насловен „мислење“ А бр.248/16 од 13.09.2016 година, со кое на Комисијата и предлага да ја одбие Жалбата како неоснована затоа што „…е поднесена против Одговорот, а не против донесеното Решение со кое се одбива дел од бараната информација…“.

Во прилог на „мислењето“ до Комисијата се доставени сите списи од предметот, од кои е видно дека  до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје на произнесување е доставена и Жалбата од А.С. од Скопје, поднесена против оспореното Решение А.бр.248/16-2 од 26.08.2016 година, со кое Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје го одбива пристапот до бараните информации. Во прилог на доставените списи е приложено и оспореното Решение и засебен акт насловен „тест на штетност“ А.бр.248/16 од 25.08.2016 година, кој не е составен дел од Образложението на Решението, а со кој не се образложуваат штетните последици кои би настанале „…за интересот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите…“, туку само се цитира исклучокот наведен во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со констатација дека „…истите се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе Решение бр.08-296 од 21.09.2016 година со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, а Решението на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје А бр.248/16-2 од 26.08.2016 година го поништи.

Пред да го донесе наведеното Решение, Комисијата утврди дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажувајќи му дека постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да  го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.

Постапувајќи по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.08-296 од 21.09.2016 година, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје донело Решение А. Бр.248/16 од 30.09.2016 година, со кое го отфрлило Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од А.С. од Скопје. Во Образложението на Решението е наведено дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје смета дека бараната информација не е информација од јавен карактер и поради тоа со Решение го отфрла Барањето.

Незадоволен од добиеното Решение, А.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-296 од 07.10.2016 година, ја препрати Жалбата до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 

На 21.10.2016 година Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје до Комисијата достави допис А бр.248/16 од 19.10.2016 година, насловен „Доставување на мислење и предмет А бр.248/16 со сите списи“, заведен во Комисијата под бр. 08-296. Во дописот наведува дека „…остануваме во целост кон донесеното Решение А бр.248/16 од 30.09.2016 година…“. 

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не постапило според укажувањата наведени во Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.08-296 од 21.09.2016 година. Во случајов,  Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – Скопје не постапило согласно членот 10 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информации е должен да ја информира јавноста „за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување. 

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следнио 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни ги доставите следните информации:

1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-551 на 12.10.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:           

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, на 01.09.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0302-2166/1 до ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар, со кое побарало по пошта или по е-маил да му достават фотокопија од следната информација:

„Ве молиме да ни ги доставите следните информации:

1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“.

ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.   

 Комисијата со допис бр.08-551 од 14.10.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 14.10.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека имателот на информација ги доставил бараните информации, поради што ја повлекува Жалбата.   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок. 

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                                     

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Охридски Комуналец Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Охридски Комуналец Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни доставите информација за цената која ја плативте за набавка на 1 тон индустриска сол (со или без ДДВ) и во кои количини врз основа на договорот склучен во постапката за јавна набавка бр.2-10/2015“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-299 на 02.09.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Охридски Комуналец Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, на 30.05.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0302-1915/1 до ЈП Охридски Комуналец Охрид, со кое побарало по пошта или по е-маил да му достават фотокопија од следната информација:

„Ве молиме да ни доставите информација за цената која ја плативте за набавка на 1 тон индустриска сол (со или без ДДВ) и во кои количини врз основа на договорот склучен во постапката за јавна набавка бр.2-10/2015“.

ЈП Охридски Комуналец Охрид, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  

Комисијата со допис бр.08-299 од 06.09.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈП Охридски Комуналец Охрид и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 16.09.2016 година, ЈП Охридски Комуналец Охрид до Комисијата достави Достава на Информација бр.03-1252/2 од 13.09.2016 година, во прилог со Договор за јавна набавка на стоки број 03-1764/25 од 04.01.2016 година, Понуда од КИ-ЕМ дооел Скопје број 03-1764/22 од 30.12.2015 година и Записник по тендер за набавка на индустриска сол за зимско одржување на улици број 03-1764/20 од 21.12.2015 година.

 На 25.10.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од ЈП Охридски Комуналец Охрид, поради што ја повлекува Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈП Охридски Комуналец Охрид постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.    

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Европскиот Центар за Права на Ромите од Будимпешта, поднесена преку С.С., правник во Центарот, против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Европскиот Центар за Права на Ромите од Будимпешта, поднесена преку С.С., правник во Центарот, против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали во општината во која дејствувате постојат домаќинства,заедници, населби/маала кои не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа? Во кои делови на градот се наоѓаат таквите домаќинства, заедници, населби/маала?

Кои се причините поради кои определени домаќинства, заедници, населби/маала не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа?

Дали постојат домаќинства, заедници, населби/маала кои не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа поради не поседување приватна сопственост над земјиштето на кое е изграден објектот во кој престојуваат, односно дали постојат домаќинства, заедници, населби/маала кои не се поврзани во водоводната и/или санитарната мрежа поради утврдена општинска сопственост на земјиштето и имотот во кој престојуваат?

Дали постојат домаќинства, заедници, населби/маала кои не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа поради тоа што се наоѓаат на локација која е надвор од постоечкиот урбанистички план на општината/градот?

Дали досега општината превзела некакви активности и мерки за подобра покриеност и целосно поврзување на сите домаќинства, заедници, населби/маала кон водоводната и/или санитарната мрежа? Доколку одговорот е позитивен, очекуваме подетално образложение на таквите активности/мерки.

Кои се идните планови на општината во однос на мерки и активности во областа на снабдувањето на целокупното локално население со чиста, здравствено безбедна и економски прифатлива вода за пиење и санитарна поврзаност?“, поради тоа што имателот му доставил одговор на барателот. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-221 на 23.08.2016 година, изјавена од Европскиот Центар за Права на Ромите од Будимпешта, поднесена преку С.С., правник во Центарот, против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, Европскиот Центар за Права на Ромите од Будимпешта (Република Унгарија), преку A.W., извршен директор во Центарот на 14.06.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар, со кое побарал по пошта да му достават одговор од следната информација:

„Дали во општината во која дејствувате постојат домаќинства,заедници, населби/маала кои не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа? Во кои делови на градот се наоѓаат таквите домаќинства, заедници, населби/маала?

Кои се причините поради кои определени домаќинства, заедници, населби/маала не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа?

Дали постојат домаќинства, заедници, населби/маала кои не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа поради не поседување приватна сопственост над земјиштето на кое е изграден објектот во кој престојуваат, односно дали постојат домаќинства, заедници, населби/маала кои не се поврзани во водоводната и/или санитарната мрежа поради утврдена општинска сопственост на земјиштето и имотот во кој престојуваат?

Дали постојат домаќинства, заедници, населби/маала кои не се поврзани кон водоводната и/или санитарната мрежа поради тоа што се наоѓаат на локација која е надвор од постоечкиот урбанистички план на општината/градот?

Дали досега општината превзела некакви активности и мерки за подобра покриеност и целосно поврзување на сите домаќинства, заедници, населби/маала кон водоводната и/или санитарната мрежа? Доколку одговорот е позитивен, очекуваме подетално образложение на таквите активности/мерки.

Кои се идните планови на општината во однос на мерки и активности во областа на снабдувањето на целокупното локално население со чиста, здравствено безбедна и економски прифатлива вода за пиење и санитарна поврзаност?“.

Општина Центар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-221 од 24.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Центар и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 09.09.2016 година, Општина Центар до Комисијата достави Одговор на жалба бр.11-3301/6 од 01.09.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-221. Во Одговорот на жалба е наведено дека: „Во врска со Вашата жалба бр.16-3301/3 од 29.08.2016 година со кое барате да ви се достави одговор на барањето поднесено од Европски Центар за Права на Ромите ве известуваме дека одговорот им го испративме преку електронска пошта и истиот ви го препраќаме и на вас“. Во прилог на Одговорот на жалба го достави Дописот – Одговор на Ваше барање бр.28-3301/5 од 01.09.2016 година.

Комисијата, преку е-маил на 16.09.2016 година, побара од Европскиот Центар за Права на Ромите да се произнесе во врска со Одговорот на Општина Центар, дали се задоволни од истиот. Комисијата го препрати истиот е-маил и на 26.09.2016 година, но не доби повратен одговор од Европскиот Центар за Права на Ромите. Комисијата, преку е-маил на 03.10.2016 година го извести Европскиот Центар за Права на Ромите дека Општина Центар им го испратила одговорот по е-маил и повторно ќе го испрати, со барање да ја извести Комисијата дали го добиле одговорот. Европскиот Центар за Права на Ромите не одговори на меилот на Комисијата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Центар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето и ја доставил бараната информација до барателот.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против МЈП „Проаква“ Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против МЈП „Проаква“ Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-555 на 12.10.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против МЈП „Проаква“ Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје на 01.09.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0302-2147/1 до МЈП „Проаква“ Струга, со кое побарало по пошта или по е-маил да му достават фотокопија од следната информација:

„1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“.

МЈП „Проаква“ Струга, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.   

Комисијата со допис бр.08-555 од 14.10.2016 година, ја препрати Жалбата до МЈП „Проаква“ Струга и согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 20.10.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека имателот на информација ги доставил бараните информации, поради што ја повлекува Жалбата.   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека МЈП „Проаква“ Струга постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.     

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следниот 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на нов објект Драмски театар во Скопје број 4/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки.

–        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

–        Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

Извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-432 на 20.09.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 10.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2035/1 до Министерството за култура, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на нов објект Драмски театар во Скопје број 4/2016 да ни доставите:

–        Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

–        Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

–        Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

–        Извештај од спроведената е-аукција“.

Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

Комисијата со допис бр.08-432 од 27.09.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 19.10.2016 година Министерството за култура до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.Уп1 52-208 од 14.10.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-432. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…со допис бр. Уп 1 52-208 од 14.10 2016 година Министерството за култура до барателот ја достави бараната информација“.

На 21.10.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од Министерството за култура.   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за култура постапило по Барањето, но со задоцнување.

Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против АД Градски трговски центар Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против АД Градски трговски центар Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-547 на 12.10.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против АД Градски трговски центар Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 01.09.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2142/1 до АД Градски трговски центар Скопје, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:  

„1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“.

АД Градски трговски центар Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

Комисијата со допис бр.08-547 од 14.10.2016 година, ја препрати Жалбата до АД Градски трговски центар Скопје и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 19.10.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од АД Градски трговски центар Скопје, поради што ја повлекува Жалбата..   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека АД Градски трговски центар Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување.

Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *         

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 октомври 2016 година, го донесе следнио

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:     

„1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-553 на 12.10.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 01.09.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2134/1 до ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следните информации:  

          „1. Број на вработени во вашето претпријатие кои се во редовен работен однос (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)

2. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор за привремено вработување (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година) и

3. Број на лица ангажирани во вашето претпријатие со договор на дело (состојба 01.09.2010 година и состојба 01.09.2016 година)“.

ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 

Комисијата со допис бр.08-553 од 14.10.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 20.10.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје, поради што ја повлекува Жалбата..   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈРП Македонска Радио Телевизија – Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување.