ДОНЕСЕНИ 9 РЕШЕНИЈА И 6 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 146 седница одржана на 2 јуни 2010 година, донесе  9 решенија и 6 заклучоци.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д., Алфа-ТВ против Решението за одбивање на пристап на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.Д., Алфа-ТВ против Решението за одбивање на пристап на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија бр.02-713/2 од 15.04.2010 година, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер “Копија од договорот за инвестирање со корејско-кинеската групација „Хаиер и Тривју“, односно нивната фирма во РМ „Тривју Хит“ СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-79 од 30.04.2010 година, изјавена од А.Д., Алфа-ТВ против Решението за одбивање на пристап на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија бр.02-713/2 од 15.04.2010 година, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
А.Д., Алфа-ТВ, како што се наведува во Жалбата на 17.03.2010 година поднел Барање за пристап до информација од јавен карактер до Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија и побарал во фотокопија по пошта, или по факс да му ја достават следната информација :
„Копија од договорот за инвестирање со корејско-кинеската групација „Хаиер и Тривју“, односно нивната фирма во РМ „Тривиеу Хит“.
Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, во законски предвидениот рок, до барателот А.Д. доставила Решение за одбивање на пристап бр. 02-713/2 од 15.04.2010 година. Во образложението на Решението е наведено „Имателот на информации утврди дека бараната информација потпаѓа под исклучоците од слободен пристап до информации врз основа на чл. 6 став 1 точка 6 од ЗСПИЈК. Со бараната информација се заштитува комерцијалниот и економски интерес на договорната страна до реализацијата на проектот и истата дотогаш има карактер на доверлива“.
Незадоволен од Решението за одбивање на пристап, А.Д., Алфа ТВ, на 30.04.2010 година достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-79.
Комисијата со допис бр.07-79 од 04.05.2010 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија и побара во рок од 5 дена Агенцијата да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија достави одговор на Жалба заведен под бр. 03-1017/2 од 11.05.2010 година а во Комисијата заведен под бр.07-79 од 11.05.2010 година. Во прилог ги достави фотокопиите од сите списи по предметот, како и фотокопија од првата страница од Договорот на Агенцијата бр. 03-1665/1 од 30.09.2009 година со „Тривиеу Хит ЦО ЛДТ експорт-импорт Скопје“, кој е заведен под бр. 04-0203 од 30.09.2009 година, со штембил „ДОВЕРЛИВО“.
Во Одговорот Агенцијата за странски инвестиции, меѓу другото, се наведува „…врз основа на член 6 став 2 и член 8 став 3 од Законот за класифицирани информации предметната информација…е информација која е предмет на класификација бидејќи се однесува на економските работи од значење за Република Македонија и истата соодветно е класифицирана како ДОВЕРЛИВА бидејќи претставува информација создадена од државен орган и нејзино неовластено откривање би предизвикало сериозна штета на важните интереси на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за странски инвестиции на Барањето за пристап до информации од јавен карактер на А.Д., Алфа ТВ одговорила во законски предвидениот рок и донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Комисијата констатира дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации, бидејќи согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија број 13 од 01.02.2006 година) имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до „информација што се однесува на комерцијални и други интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата“.
При тоа Комисијата утврди дека класификацијата на информацијата е извршена според нејзината содржина и законски дозволениот степен на класификација.
Исто така, класификацијата е извршена и бележана на секоја страница од бараната информација-Договорот.
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

                                                    Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Решението на Управата за јавни приходи бр.12-2791/1 од 07.04.2010 година СЕ ОДБИВА.

                                    О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-40 од 08.03.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Решението на Управата за јавни приходи бр. 12-2791/1 од 07.04.2010 година  ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, како што е наведено во Жалбата,  на 16.02.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Преглед на вкупните долгови на сите јавни претпријатија во РМ кои ќе се репрограмираат со Законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва основани од Република Македонија, односно општините или градот Скопје (Сл.весник бр.18/2010), како и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночните долгови-вкупно и по поединечен основ“.
Управата за јавни приходи на ова Барање одговорила во законски предвидениот рок со Одговор на барање бр. 12-1552/2 од 25.02.2010 година, доставен до барателот.
Во Одговорот е наведено дека „…Управата за јавни приходи утврди Листа на информации од јавен карактер на Управата (достапна на ВЕБ-сајтот на Управата) во која се наведени информациите од јавен карактер. Сите други информации, документи, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна постапка, прекршочна постапка или судска постапка се даночна тајна и согласно член 9 од Законот за даночна постапка (Службен весник на Република Македонија број 13/06) службените лица се должни да ги чуваат како даночна тајна.“
Незадоволна од добиениот Одговор, Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, до Комисијата достави Жалба бр.07-40 од 08.03.2010 година. Во Жалбата, меѓу другото, се наведува: “Управата за јавни приходи сторила повреда на одредбите од член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,  кога за одбивањето на пристапот не донела решение со содржина и форма утврдена во Законот за општата управна постапка кое решение мора да содржи и поука за правен лек, туку одбивањето на пристапот го сторила со најобичен одговор.“
Комисијата со допис бр.07-40 од 10.03.2010 година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција – Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи достави Произнесување по жалба бр.12-1552/4 од 22.03.2010, заведено во Комисијата под бр. 07-40 од 24.03.2010 година. Во него е наведено „…Поднесеното барање од страна на Фондацијата Институт отворено општество е во спротивност на член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Исто така е во спротивност на член 8 и 9 од Законот за даночна постапка„ и дека „нема правен основ барателот да бара толку доверлива информација која е со соодветен степен на тајност, личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци и информација за архивското работење која е утврдена како доверлива од Управа за јавни приходи…Таква информација Управата за јавни приходи ја нема карактеризирано како информација од јавен карактер…Информацијата која е укажана од страна на барателот…дека во јавна дебата во Собранието на РМ е дискутирано за долговите на одредени претпријатија, одговорно Ви тврдиме дека од страна на УЈП таков вид на информација ниту е побарана од некоја институција, ниту е доставена. Наше мислење е дека преку достава на ваков вид на информација…ќе се предизвика значителна штета и клучно е одмерувањето на штетните последици наспроти користа од јавниот интерес…“.
Службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот му укажа на службеното лице кое посредува со информациите од јавен карактер на Управата за јавни приходи дека не постапиле согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Доколку се работи за исклучок од слободниот пристап до бараната информација, имателот е должен да донесе решение за одбивање на пристапот со образложение на причините за одбивање и при тоа се должни да утврдат дали последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
 Управата за јавни приходи на 08.04.2010 година до Комисијата достави фотокопија од Решение за одбивање на пристап заведено под бр.12-2791/1 од 07.04.2010 година, како и фотокопија од поштенската приемна книга бр. 5511729, како доказ дека наведеното Решение е доставено до Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Во образложението на Решението за одбивање на пристап се повторени причините наведени во Произнесување по жалба.
Незадоволна од добиеното Решение за одбивање пристап, Фондацијата Институт отворено општество Македонија, преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, до Комисијата достави Дополнение на Жалба заведено под бр.07-40 од 16.04.2010 година. Во Дополнението на Жалбата, е наведено дека Фондацијата „…останува по веќе поднесената жалба и основот врз основа на кој е таа поднесена, со тоа што ја проширува на новодонесеното Решение бр. 12-2791/1 од 07.04.2010 година“.
Комисијата со допис бр.07-40 од 19.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција – Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи достави Произнесување по Поднесок со дополнение на жалба бр. 04-1552/6 од 27.04.2010 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-40 од 29.04.2010 година. Во Произнесувањето е наведено: „Имателот на информации Министерството за финансии – Управа за јавни приходи останува во целост на наводите изнесени во Решението за одбивање на пристап број 12-2791/1 од 07.04.2010 година по барањето на барателот Фондација Институт отворено општество – Македонија…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Управата за јавни приходи постапила по Барањето и до барателот доставила Одговор на барање со кое го одбива неговото Барање, наместо да донесе Решение за одбивање на пристапот. По укажувањето од Комисијата, Управата за јавни приходи донела Решение за одбивање на пристап, повикувајќи се  на исклучоците од член 6 точка 1,2,3 и 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Исто така, во Образложението на Решението, Управата за јавни приходи наведува: “…Преку доставата на ваков вид информација која за Управата за јавни приходи претставува даночна тајна и чие откривање би значела повреда на доверливоста на даночната постапка, повреда на заштитата на личните податоци и соодветниот степен на тајност на класифицирана информација, клучно е одмерувањето на штетните последици наспроти јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Со оглед на сето претходно наведено, имателот на информацијата, имајќи го предвид и член 6 став 3 од ЗСПИЈК, одлучи како во диспозитивот на решението.“
Од ова произлегува дека Управата за јавни приходи го применила Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилно и врз закон засновано Решение.
Комисијата и укажува на Управата за јавни приходи дека, тоа што бараната информација не се наоѓа на  Листата на информации од јавен карактер на Управата за јавни приходи не може да биде основ за одбивање на пристапот бидејќи Листата на информации со која располагаат имателите е од променлив карактер и имателите се должни, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постојано да ја ажурираат. Основ за одбивање на пристапот може да бидат само исклучоците наведени во член 6 од наведениот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија бр. 11-3029/3 од 13.04.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација “Преглед за вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночните долгови-вкупно и по поединечен основ“, најдоцна до 22 јуни 2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                        О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-46 од 26.03.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија бр. 11-3029/3 од 13.04.2010 година го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија на барателот да му достави бараната информација најдоцна до 22 јуни 2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Фондацијата Институт отворено општество Македонија како што е наведено во Жалбата, на 16.02.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија и побарала по пошта, во фотокопија да и ја достават следната информација:
“Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночните долгови-вкупно и по поединечен основ“.
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија на ова Барање одговорила во законски предвидениот рок, но не и во форма предвидена во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно со Известување бр. 11-3029/2 од 12.03.2010 година.
Во Известувањето е наведено дека „… Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија…Ве известува дека согласно чл.6.ст.1 т.4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…бараните податоци не претставуваат информации од јавен карактер и…не е во можност да Ви ги достави бараните податоци“.
Незадоволна од добиеното Известување, Фондацијата Институт отворено општество Македонија, преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, до Комисијата достави Жалба заведена под бр.07-46 од 26.03.2010 година. Во Жалбата, меѓу другото, е наведено „ЈПССДП како имател на бараната информација не постапил согласно одредбите од ЗСПИЈК кога постапувал по барањето на барателот бидејќи спротивно на членот 20 став 2 наместо да донесе решение со кое го одбива пристапот до бараната информација, доставил известување до барателот, во кое воопшто и не предвидел правна поука. Понатаму, во известувањето …се наведува дека истата не е во можност да ја обезбеди поради тоа што со доставувањето на истата би се повредила доверливоста на даночната постапка, што претставува груба повреда на одредбите на ЗСПИЈК бидејќи бараната информација веќе била инкорпорирана во Извештајот на Комисијата за финансирање и буџетирање на Собранието на Република Македонија од 01.02.2010 година. Со овој Извештај бараната информација, заедно со информациите од другите јавни претпријатија, се објавени на официјалната веб страна на Собранието, со што бараната информација станала достапна на јавноста…“.
Комисијата со допис бр.07-46 од 29.03.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија – Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија на овој допис на Комисијата одговори со Достава на решение бр.11-6270/2 од 21.04.2010, заведено во Комисијата под бр. 07-46 од 26.04.2010 година. Во прилог е доставено Решение бр. 11-3029/3 од 13.04.2010 година, со кое барањето за пристап до бараната информација се одбива. Во образложението на Решението се наведени истите причини за одбивањето кои се наведени во горенаведеното Известување доставено до барателот.
Незадоволна од добиеното Решение, Фондацијата Институт отворено општество Македонија, преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, до Комисијата достави Поднесок со дополнување на Жалба бр.07-46 од 26.04.2010 година. Во него, меѓу другото, е наведено „…сакаме да ве информираме дека остануваме при жалбените наводи и дека жалбата ја насочуваме кон решение бр.11-3029/3 на 13.04.2010 година“.
Комисијата со допис бр.07-46 од 27.04.2010 година, го препрати  дополнувањето на Жалбата до Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија – Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија достави Одговор на Жалба заведен под број 11-3029/11 од 06.05.2010 година а во Комисијата заведен под број 07-46 од 07.05.2010 година. Во Одговорот наведува „Жалбените наводи на барателот на информацијата се неосновани и паушални…Јавното претпријатие основано смета дека бараната информација…е информација од доверлив карактер па следствено на тоа се повикува на член 6 став 1 точка 4 од ЗСПИЈК во кој јасно е кажано дека давањето на оваа информација би значело повреда на доверливоста на даночната постапка. Со оспореното Решение Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ го нема повредено јавниот интерес…“.
Врз основа на списите во предметот Комисијата утврди дека Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија постапило по барањето, но до барателот доставило Известување на барање со кое го одбива неговото Барање, наместо да донесе Решение за одбивање на пристапот. По поднесувањето на Жалбата до Комисијата доставило Решение за одбивање на пристап заведено под бр. 11-3029/3 од 13.04.2010 година, повикувајќи се на член 6 став 1 точка 4  од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер односно “информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка“.
Во конкретниот случај, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија постапило по укажувањето на Комисијата и донело Решение за одбивање на пристапот.
Комисијата укажува дека податоците на јавното претпријатие за бараната информација се добиени врз основа на работењето на јавното претпријатие, а не како податоци за водење на даночната постапка. Доколку имателот сметал дека одредени информации претставуваат исклучок од слободниот пристап и како што наведува во Одговорот по жалба се од “доверлив“ карактер, имал можност да изврши класификација на своите информации согласно Законот за класифицирани информации и да им одреди степен на класификација. Класифицираните информации по истекот на рокот предвиден во наведениот закон, може да се рекласифицираат или декласифицираат.
Комисијата му укажува на јавното претпријатие дека согласно член 11 од Законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр 49 од 14.04.2006 година) „Јавното претпријатие и друштво кое врши дејност од јавен интерес, дејноста ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна“.
Во врска со тоа, согласно член 1 од Законот за изменување на Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ, бр.83 од 03.07.2009 година) „Јавните претпријатија и друштвата кои вршат дејност од јавен интерес, водењето на сметководството, подготвувањето и поднесувањето на годишната сметка и финансиските извештаи го вршат согласно Законот за трговските друштва и усвоените меѓународни сметководствени стандарди за финансиско известување објавени во „Службен весник на Република Македонија““.
Според член 17 од Законот за даночна постапка,“ Управата за јавни приходи е таа која ги врши работите кои се однесуваат на водењето  на првостепената даночна постапка….“ а според член 9 од истиот закон, “Службените лица се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации или дуги факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночнта, прекрпшочната или судската постапка.“
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија во Решението за одбивање пристап се повикува на исклучоците од слободниот пристап предвидени во член 6  точка 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер без притоа да образложи дали го применил член 6 став 3 односно “по исклучок од ставот 1 на овој член имателите на информации ќе одобрат пристап до информација ако со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Во Одговорот по Жалба, јавното претпријатие само наведува дека “го нема повредено јавниот интерес“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје против Влада на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје против Влада на Република Македонија- Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, “Колку вработувања се реализирани од планираното согласно НПАА 2009-2011, од јануари 2009 до февруари 2010 година?“ СЕ ОДБИВА како неоснована.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07- 85 од 04.05.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје против Влада на Република Македонија-Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ја ОДБИ како неоснована.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество–Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 26.02.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Влада на Република Македонија-Секретаријат за европски прашања и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку вработувања се реализирани од планираното согласно НПАА 2009-2011, од јануари 2009 до февруари 2010 година?“ .
На ова Барање Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија на барателот му одговорил со допис бр.17-753/3 од 26.03.2010 година. Во одговорот, меѓу другото е наведено дека „Во НПАА (2009-2011) се вклучени околу 70 институции, односно 100 институционални облици, директни буџетски корисници, но и други, кои опфаќаат 15.000 вработени…Податоците за вкупно реализираните вработувања во периодот јануари 2010-февруари 2010 година можеме да ги обезбедиме по објавувањето на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија 2011“.
Незадоволна од одговорот и доставената информација, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со допис бр.21-306 од 06.04.2010 година, а во Секретаријатот заведен под број 17-753/4 од 08.04.2010 година, повторно побарала од Секретаријатот за европски прашања да и се достави информацијата наведена во поднесеното Барање, бидејќи “доставената информација не е информација која е наведена во Барањето.
Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ, на повторното барање на Фондацијата, одговорил со допис бр.17-753/5 од 16.04.2010 година. Во одговорот, меѓу другото, е наведено „…Доставената информација…е документот Национална програма за усвојување на правото на ЕУ – ревизија 2010 година…кој е достапен од 30 декември 2009 година на веб страната на Секретаријатот за европски прашања на следниот линк: http://www.sep.gov.mk/content/Dokumenti/MK/NPAA%20Revizija%202010%20-%20Narativen%20del.pdf и истиот ги содржи податоците за бараната информација за реализираните вработувања за секое поглавје посебно во 2009 година…Секретаријатот не располага со податоците за бараната информација за првите два месеци во 2010 година…и истите можеме да ги обезбедиме при подготовка на НПАА 2011 година“.
Незадоволна и од наведениот одговор, Фондацијата поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-85 од 04.05.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-85 од 06.05.2010 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Секретаријатот за европски прашања и побара во рок од 5 дена  Секретаријатот да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Секретаријатот за европски прашања одговори на ова барање на Комисијата со допис бр.17-753/7 од 11.05.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-85 на 11.05.2010 година.
Во наведениот Одговор на Жалба, Секретаријатот остана на истиот одговор кој предходно го доставил до барателот како одговор на Барањето. Во Одговорт имателот наведува“ бараната информација на барателот му ја доставил на интегрален начин, со која располага и самиот имател на бараната информација, конкретно во случајов податоците за реализираните вработувања за секое поглавје посебно за периодот јануари 2009 – декември 2009 година“. Во прилог на наведениот допис ја достави “Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – ревизија 2010“, која содржи 426 страници
По разгледувањето на Жалбата и сите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Владата на Република Македонија-Секретаријатот за европски прашања постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи на Барањето одговорил во рок и во форма предвидена во законот. Исто така, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот писмено го известил барателот за делот од Барањето кој се однесува на информација со која не располага, укажувајќи му дури и кога може да ја побара, односно по подготвување на Националната програма за усвојување на правото на Европската-ревизија 2011 година.
Комисијата укажува дека согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“ Согласно наведеното, имателот нема обврска да подготви нова информација.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
   

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за надворешни работи на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

                                     Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за надворешни работи на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за надворешни работи да го препрати барањето до имателот кој располага со бараната информација најдоцна во рок од 10 дена од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.

                              О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр. 07-88 од 05.05.2010 година изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за надворешни работи на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за надворешни работи да го препрати барањето до имателот кој располага со бараната информација најдоцна во рок од 10 дена од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Македонското здружение на млади правници, како што е наведено во Жалбата, на 10.03.2010 година поднело Барање до Министерството за надворешни работи на Република Македонија и  побарало по пошта да му биде доставена фотокопија од следната информација:  
“Список на закони кои министерството ќе ги донесе, односно измени и дополни во текот на 2010 година согласно програмата за работа на министерството за 2010 година“.
Министерството за надворешни работи на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-88 од 06.05.2010 година, ја препрати Жалбата до имателот и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за надворешни работи достави Одговор на жалба заведен под бр. 04-4202/2 од 10.05.2010 година, а во Комисијата зведен под бр. 07-88 од 11.05.2010 година. Во Одговорот се наведува „…Министерството за надворешни работи информира дека на 30.04.2010 година достави допис– одговор до Македонското здружение на млади правници…во прилог доставуваме копија од одговорот…“.
Во прилог на горенаведениот Одговор е доставена фотокопија од Одговор на барање за пристап до информација од јавен карактер бр. 04-2921/2 од 30.04.2010 година, насловен до Македонското здружение на млади правници. Во Одговорот е наведено дека „…Министерството за надворешни работи…согласно Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори во текот на 2010 година ќе покрене постапка за донесување на закони за ратификација на повеќе билатерални и мултилатерални договори кои се содржани во Програмата за работа на Владата за 2010 година…Министерството за надворешни работи не носи ниту изменува и дополнува закони, туку таа надлежност е во рамките на Собранието на Македонија, ниту пак има сопствена програма, туку како орган на државната управа ги следи и доследно имплементира насоките дефинирани со Програмата за работа на Владата на Македонија“.
Македонското здружение на млади правници, преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје на 18.05.2010 година до Комисијата достави допис бр. 07-88 насловен Дополнување на жалба поради неовозможување пристап до информација. Во дописот е наведено дека Македонското здружение на млади правници примило Одговор од Министерството за надворешни работи „непосредно по поднесување на жалбата–на 07.05.2010 година… Министерството за надворешни работи како имател на информација не овозможило пристап до бараната информација…“.
По разгледувањето на жалбата и другите списи по предметот Комисијата утврди дека Министерството за надворешни работи не доставило одговор до барателот во законски предвидениот рок, туку со задоцнување. Сепак постапило во согласност со член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, известувајќи го барателот дека не располага со  информацијата наведена во Барањето. Меѓутоа, не го применило Законот. Согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од десет дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“.
Комисијата констатира дека Програмата за работа спаѓа во актите кои ги донесуваат органите на државната управа согласно член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Според член 56 точка 4 од истиот закон, “со план и програма се утврдуваат и се разработуваат одделни прашања за извршување на законите и другите прописи за кои е потребно утврдување на рокови и динамика на нивно извршување“. Работата на органите на државната управа е усогласена со Програмата за работа на Владата на Република Македонија.
Комисијата укажува дека според член 13 точка 9 од Законот за организација и работа на органите на државната управа-надлежност на органите на државната управа “ органите на државбната управа ги подготвуваат предлозите на законите чиј овластен предлагач е Владата на Република“ а според член 68 од Уставот на РМ алинеја 2, “Собранието на РМ донесеува закони и дава автентично толкување на зконите.
Министерството доставило одговор до барателот во однос на поставеното барање и ги појаснило своите надлежности односно навело дека “не носи ниту изменува и дополнува закони.“
Комисијата на Министерството за надворешни работи му укажува дека при евентуални слични барања треба да постапи во законски предвидениот рок и да го препрати барањето до имателот кој располага со бараната информација и за тоа да го извести барателот, за да може да си го оствари правото на слободен пристап до бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б., претседател на Собранието на еколошкото друштво “Еко-мисија“-Скопје, поднесена против Агенција за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б., претседател на Собранието на еколошкото друштво “Еко-мисија“-Скопје, поднесена против Агенција за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за електронски комуникации на барателот да му ја достави бараната информација “На улица 50 Дивизија во Скопје, на покривот на зградата на бр.35 и на покривот од зградата  бр.43 се наоѓаат по два столба со базни станици за мобилна телефонија. Бидејќи при поставувањето на вакви објекти една од законските обврски на инвеститорот е да обезбеди и согласност од Агенцијата за електронски комуникации, Ве молиме да ни доставите по една копија од тие согласности-доколку Министерството има издадено такви за наведените објекти.“, најдоцна до 22.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-74 од 20.04.2010 година, изјавена од П.Б., претседател на Собранието на еколошкото друштво “Еко-мисија“ – Скопје, поднесена против Агенција за електронски комуникации ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Агенцијата за електронски комуникации на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 22.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
П.Б., претседател на Собранието на еколошкото друштво “Еко-мисија“-Скопје, како што е наведено во Жалбата на 16.03.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации и побарал во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“На улица 50 Дивизија во Скопје, на покривот на зградата на бр.35 и на покривот од зградата  бр.43 се наоѓаат по  два столба со базни станици за мобилна телефонија. Бидејќи при поставувањето на вакви објекти една од законските обврски на инвеститорот е да обезбеди и согласност од Агенцијата за електронски комуникации, Ве молиме да ни доставите по една копија од тие согласности-доколку Министерството има издадено такви за наведените објекти.“
Агенцијата за електронски комуникации на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-74 од 23.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за електронски комуникации не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата утврди дека Агенцијата за електронски комуникации не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата и укажува на Агенцијата за електронски комуникации дека непостапувањето согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, против ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, против ЈП Македонска Радио Телевизија -Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација: “Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночните долгови-вкупно и по поединечен основ.“, најдоцна до 22.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-54 од 06.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, против ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје ЈА УВАЖИ И ГО ЗАДОЛЖИ ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 22.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 17.02.2010 година, со препорачана пратка поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночните долгови-вкупно и по поединечен основ.“
ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-54 од 15.04.2010 година, ја препрати Жалбата до ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на списите во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈП Македонска Радио Телевизија -Скопје не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата му укажува на ЈП Македонска Радио Телевизија -Скопје дека непостапувањето согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Б.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управен суд У.бр.1816/2008 од 04.03.2010 година, заведена во Комисијата под број 07-176/1 од 14.05.2010 година, ја разгледа Жалбата бр.07-153/1 од 28.01.2008 година, изјавена од Б.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје и другите списи во врска со предметот и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
При повторното разгледување на Жалбата и сите списи во врска со предметот Комисијата констатира дека имателот согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го известил барателот писмено за поднесеното Барање.
Со оглед на погоре наведеното, Комисијата не се впушта во материјалното преиспитување на основаноста на известувањето.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие-Македонска Радио Телевизија-Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие–Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управен суд У.бр.3420/2008 од 11.03.2010 година, а во Комисијата заведена под број 07-173/1 од 14.05.2010 година, ја разгледа Жалбата бр.07-8/3 од 28.03.2008 година, изјавена од М.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје и другите списи во врска со предметот и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
М.С. од Скопје на 24.09.2007 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие-Македонска Радио Телевизија-Скопје и побарала по пошта да и ја достават следната  информација.
 “Фотокопија од Договор склучен помеѓу Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија и Продукција К-15“?
Имателот на информацијата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што е поднесена Жалба заведена под бр.07-639/1 од 15.11.2007 година.
По разгледувањето на наведената Жалба и другите списи во врска со предметот Комисијата на 09.01.2008 година, донесе Решение заведено под бр.07-639/4, со кое ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и начин наведени во Барањето.
    Со донесувањето на наведеното Решение управната постапка по наведената жалба во Комисијата заврши.
    М.С. од Скопје на 28.03.2008 година, преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, повторно достави Жалба до Комисијата заведена под бр.07-8/3, во која покрај другото наведува дека, имателот на информацијата и по донесувањето на Решението на Комисијата, повторно во законски предвидениот рок не овозможил пристап до бараната информација. Оттука се гледа дека, наведената Жалба е поднесена поради неспроведување на Решението на Комисијата. Во врска со ова Комисијата укажува на следното.
Во член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е регулирано во кои случаи барателот има право да поднесе жалба до Комисијата. Во наведениот член не е предвидено поднесување на жалба за неспроведување на Решението на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.  
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  
                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42” од Скопје, застапувано од И.С., претседател на здружението, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалба изјавена од Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42” од Скопје, застапувано од И.С., претседател на здружението, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “1. Иницијатива за промена на Генералниот урбанистички план, доставена од страна на Зелената Коалиција до Советот на Општина Велес и заведена во архивата на општината. 2. Записник од седницата на Советот на Општина Велес на која е донесена одлука за прифаќање на иницијативата и пристапување кон измена на Генералниот урбанистички план….“  поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-80 од 30.04.2010 година, изјавена од Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42” од Скопје, застапувано од И.С., претседател на здружението, против Општина Велес и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42” од Скопје, на 28.10.2009 година, по пошта и по електронски пат поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Ч.С., Претседател на Советот на Општина Велес и побарало во електронска и во печатена форма да му се достават следните информации:
 “1. Иницијатива за промена на Генералниот урбанистички план, доставена од страна на Зелената Коалиција до Советот на Општина Велес и заведена во архивата на општината.
2. Записник од седницата на Советот на Општина Велес на која е донесена одлука за прифаќање на иницијативата и пристапување кон измена на Генералниот урбанистички план….“
 Претседателот на Советот на Општина Велес на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и по поднесената ургенција за постапување по барањето, поднесена по е-маил на 20.01.2010 година, поради што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-80 од 04.05.2010 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Општина Велес до Комисијата достави Одговор на Жалба број 07-2147/3 од 07.05.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-80 од 11.05.2010 година.
Во одговорот наведува дека “…Ве известуваме дека одговорот на Барањето на здружението не е доставен во рамките на законскиот рок поради технички проблеми при преселбата на канцеларијата на претседателот на Советот на Општина Велес и трансферот на документацијата. Со надеж дека ќе ги уважите причините за ненамерниот пропуст, во прилог Ви ја доставуваме потребната документација.“
Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42” од Скопје, на 14.05.2010 година, по електронска пошта ја извести Комисијата дека на 14.05.2010 година, претседателот на Советот на Општина Велес до Здружението ги доставил сите информации наведени во Барањето, но со задоцнување од 5 месеци.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека Општината Велес одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалба изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Список на закони кои министерството ќе ги донесе, односно измени и дополни во текот на 2010 г. согласно програмата за работа на министерството за 2010 г.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-86 од 04.05.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 12.03.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски и побарало во фотокопија, по пошта да му се достави следната информација.
“Список на закони кои министерството ќе ги донесе, односно измени и дополни во текот на 2010 г. согласно програмата за работа на министерството за 2010 г.“
Министерството за транспорт и врски на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-86 од 06.05.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 5 дена министерството да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за транспорт и врски до Комисијата достави Произнесување по Жалба број 23-4595/2, а во Комисијата заведено под број 07-86 од 18.05.2010 година. Во прилог на произнесувањето, министерството го достави и Одговорот на барањето насловен до Македонското здружение на млади правници Скопје заведен под број 23-2805/2 од 12.05.2010 година.
На 01.06.2010 година, Министерство за транспорт и врски по факс до Комисијата достави повратница, како доказ дека е извршено уредно доставување на одговорот на Барањето до Македонското здружение на млади правници Скопје на 13.05.2010 година.
Македонското здружение на млади правници Скопје на 02.06.2010 година, по е-маил ја извести Комисијата дека министерството им ја доставило бараната информација и дека здружението е задоволно од добиениот одговор.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретнипот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучоке може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Б. и Љ.Б. од Кичево, поднесена против Општина Кичево-Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 247 став 2 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-89 од 11.05.2010 година, изјавена од Љ.Б. и Љ.Б. од Кичево, поднесена против Општина Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “1.Ваши барања од 01 и 17.03.2010 година доставени до ОВР Кичево за асистенција, извршната исправа која требало да се изврши; 2. Ваши барања доставени до ЈП“Комуналец“-Кичево да Ви обезбеди специјално возило и работници за деновите наведени во точка 1. “, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-89 од 11.05.2010 година, изјавена од Љ.Б. и Љ.Б. од Кичево, поднесена против Општина Кичево-Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Љ.Б. и Љ.Б. од Кичево, на 19.03.2010 година, поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кичево-Кичево заведено под бр.18-525/1 и побарале да им ја достават следната информација:
  “1.Ваши барања од 01 и 17.03.2010 година доставени до ОВР Кичево за асистенција, извршната исправа која требало да се изврши; 2. Ваши барања доставени до ЈП“Комуналец“-Кичево да Ви обезбеди специјално возило и работници за деновите наведени во точка 1. “.
Општина Кичево-Кичево, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-89 од 17.05.2010 година, ја препрати Жалбата до Општина Кичево-Кичево и побара во рок од 5 дена, Општината да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Кичево-Кичево, на 25.05.2010 година, до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под број 18-525/5 од 20.05.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-89.
Во Одговорот покрај другото се наведува: “По Вашето укажување напоменувам дека странката е побарана и на истата и се овозможи бараната услуга, односно бараните информации и се доставени со доставница на рака. Доставницата потпишана од странката за прием на бараните информации и повлекување на жалбата ви се доставува на увид со цел да се затвори овој предмет.“
Во прилог ја доставија и доставницата потпишана од барателот, за повлекување на Жалбата.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Општина Кичево-Кичево, постапила по Барањето за пристап до информациии од јавен карактер поднесено од Љ.Б. и Љ.Б., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Во врска со наведеното Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Општина Кичево-Кичево и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Центар – Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-77 од 28.04.2010 година, изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Центар – Скопје, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер: “Копии од сите акти во управните предмети бр.13-3/263/1995 и бр.13-3/2182/1995 на градежниот инспектор, наведени во точка 2 и точка 4 во Известувањето бр.19-859/4 од 09.03.1998 година (на Министерството за транспорт и врски-Републички инспекторат за урбанизам и градежништво-Скопје (Прилог), вклучително и жалбите (4) со прилозите на инвеститорот А.М. од Скопје изјавени од второстепениот орган; второстепените решенија (4); известијата (2) на Извршната служба доставени до инспекцискиот орган за спроведеното административно извршување, како и Заклучок бр.13-3/263 од 05.12.1995 година со која била запрена постапката за целосно уривање на градбата“, поради тоа што Општина Центар не располага со бараните информации.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-77 од 28.04.2010 година изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Центар – Скопје по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
К.М. од Скопје на 21.01.2010 година, до Општина Центар, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.10-197/1 и побарал да му се достават следните информации:
“Копии од сите акти во управните предмети бр.13-3/263/1995 и бр.13-3/2182/1995 на градежниот инспектор, наведени во точка 2 и точка 4 во Известувањето бр.19-859/4 од 09.03.1998 година (на Министерството за транспорт и врски-Републички инспекторат за урбанизам и градежништво-Скопје (Прилиг), вклучително и жалбите (4) со прилозите на инвеститорот А.М. од Скопје изјавени од второстепениот орган, второстепените решенија (4) известијата (2) на Извршната служба доставени до инспекцискиот орган за спроведеното административно извршување, како и Заклучок бр.13-3/263 од 05.12.1995 година со која била запрена постапката за целосно уривање на градбата“.
На ова Барање, Општина Центар одговорила со допис бр.10-197/2 од 15.02.2010 година, во кој се наведува:”Во врска со вашето барање бр.10-197/1 од 21.01.2010 година….во прилог ви го доставуваме одговорот на овластениот градежен инспектор М.П., со кој Ве известува дека: во Општина Центар превземени се предметите од Министерството за транспорт и врски-Републички инспекторат за урбанизам и градежништво само од 2000г. до 2005 година.”
Незадоволен од одговорт на Општина Центар, на 26.02.2010 година, К.М. поднел уште едно-повторено Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар заведено под бр.10-197/4, и побарал да му се достави истата информација наведена во Барањето заведено во Општина Центар под бр.10-197/1 од 21.01.2010 година.
На ова Барање, Општина Центар одговорила со допис бр.10-197/6 од 23.03.2010 година, идентичен по содржина како дописот бр.10-197/2 од 15.02.2010 година.
Незадоволен од одговорите на Општина Центар, на 14.04.2010 година, барателот К.М. поднел трето Барање до Општина Центар заведено под 10-197/11 за добивање на актите наведени во Известувањето бр.19-859/4/1998 на Министерството за транспорт и врски-Републички инспекторат за урбанизам и градежништво-Скопје.
Незадоволен од доставените одговори и неодговарање на третото барање, на 28.04.2010 година К.М. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-77 од 30.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Општина Центар-Скопје со барање во рок од 5 дена од денот на доставување на овој допис, општината да се произнесе по жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата Општина Центар, достави Известие  бр.10-197/14 од 12.05.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-77 од 14.05.2010 година, со кое ја извести Комисијата дека:”Овластен градежен инспектор на Општина Центар со известување го има известено К.М. дека во Општина Центар се превземени предметите од Министерството за транспорт и врски –Републички инспекторат за урбанизам и градежништво само за период од 2000-2005 година.”
Со наведениото Известување, Општина Центар и по трет пат, тврди дека не располага со бараните информации.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Влада на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 2 Јуни 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалба изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Влада на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Проценка на влијанието на регулативата (РИА) за Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација и Предлог законот за здруженија на граѓани и фондации?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-62 од 13.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Влада на Република Македонија-Генерален секретаријат и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 26.02.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на РМ-Генерален секретаријат и побарала  во фотокопија, по пошта да и се достави следната информација.
“Проценка на влијанието на регулативата (РИА) за Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација и Предлог законот за здруженија на граѓани и фондации.“
Владата на РМ-Генерален секретаријат на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-62 од 26.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија достави Одговор на Жалба заведен под број 14-1453/3 од 18.05.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-62 од 20.05.2010 година.
Во одговорот наведува дека “Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија постапи по барањето на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија и на истите им е доставен одговор.“
Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, на 27.05.2010 година, по факс ја извести Комисијата дека Фондацијата е задоволна од добиениот одговор.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Влада на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 2 јуни 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалба изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Влада на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Владата на РМ, во периодот јануари 2009-јануари 2010 година?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-65 од 13.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Влада на Република Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 26.02.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Влада на Република Македонија и побарала во фотокопија, по пошта да и се достави следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Владата на РМ, во периодот јануари 2009-јануари 2010 година“.
Владата на Република Македонија на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-65 од 26.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија достави Одговор на Жалба заведен под број 14-1456/4 од 18.05.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-65 од 20.05.2010 година.
Во одговорот наведува дека “Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија достави соодветен одговор на барањето со кој на странката и се доставува бараната информација.“.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, на 27.05.2010 година, по факс ја извести Комисијата дека Фондацијата е задоволна од добиениот одговор.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретнипот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.