ДОНЕСЕНИ 4  РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 144-та седница одржана на 15 септември 2016 година, донесе 4 решенија и 2 заклучока.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 септември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-297 од 29.08.2016 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и  ЈА ОДБИ  како неоснована.

Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и  го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, поднесена до Комисијата по меил на 29.07.2016 година, Д.Ј од Скопје “на 14.07.2016 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…доставив електронско (меил) барање за добивање информација од јавен карактер…на 28.07.2016 година од страна на Комисијата добив допис преку електронска пошта “препорачаната пратка се врати во Комисијата со забелешка иселен…Не знам дали Комисијата постапила согласно член 57 и 63 од Законот за поштенски услуги…и испратила приговор…Во однос дека јас сеуште ја немам добиено побаруваната информација ја испраќам оваа Жалба до Комисијата….“

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот,  Комисијата го утврди следното.

Барањето од Д.Ј. од 14.07.2016 година  е заведено во Комисијата под број 08-16 на 18.07.2016 година.

По истото Комисијата постапила и до барателот доставила  Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер заведен под број 08-16 на 21.07.2016 година. Пратката во пошта е доставена на 22.07.2016 година со повратница. Повратницата со пратката се врати во Комисијата на 26.07.2016 година со назнака “иселен“. Комисијата направи втор обид и на 29.07.2016 година пратката со повратница повторно е доставена до барателот на наведената адреса. На 11.08.2016 година пратката повторно е вратена во Комисијата со назнака “известен“ на 04.08.2016 година и “не побарал“ на 11.08.2016 година.

Што се однесува до одредбите од Законот за поштенски услуги кој жалителот го цитира во Жалбата, Комисијата смета дека нема место ниту за приговор ниту за рекламација, бидејќи од страна на Поштата вратени се повратниците и наведена е причината за неможноста за доставата на пратката.

Комисијата не е надлежна да цени за точноста на забелешките на поштата на доставниците, туку доставата на пратките ја врши согласно Законот за општата управна постапка.

Од наведеното произлегува дека Комисијата постапила согласно член 77 од Законот за општа управна постапка и двапати ја препратила пратката до барателот.

Во погоре цитираниот член е наведено:“Известувањето по пошта се врши по пат на обична или препорачана пошта.Секој документ што влијае врз роковите се испраќа преку препорачана пошта.

Писмениот документ што е испратен по пат на препорачана пошта се смета дека е доставен со датумот кога е заверена потврдата за прием“.

Во конкретниот случај, Комисијата постапила по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер во законски предвидениот рок, поради што Жалбата на жалителот е неоснована.

Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 септември 2016 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на печатење на рекламен и промотивен материјал, со бр. 05-415/2016 :

–          Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка;

–          Извештај за потребата од обезбедување на согласност;

–          Извештај од спроведеното истражување на пазарот;

–          Решението за согласност од Советот за јавни набавки;

–          Одлуката за јавна набавка;

–          Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;

–          Записник од јавното отворање на понудите;

–          Извештај од спроведената е-аукција;

–          Извештај за извршена евалуација на понудите;

–          Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;

–          Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);

–          Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;

–          Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;

–          Потврда за прием на предметната набавка;

–          Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и

-Годишниот план за јавни набавки на Општина Чаир за 2016 година“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Чаир на барателот да му ги достави бараните информации од точките 3, 4, 6, 7, 9, 11, 12, 13, 14, 15 и 16 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-220 на 22.08.2016 година,  изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Чаир на барателот да му ги достави бараните информации од точките 3, 4, 6, 7, 9, 11, 12, 13, 14, 15 и 16 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С. Ф., вработена во ЦГК, на 22.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2065/1 до Општина Чаир, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

            „Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на печатење на рекламен и промотивен материјал, со бр. 05-415/2016 :

–          Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка;

–          Извештај за потребата од обезбедување на согласност;

–          Извештај од спроведеното истражување на пазарот;

–          Решението за согласност од Советот за јавни набавки;

–          Одлуката за јавна набавка;

–          Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;

–          Записник од јавното отворање на понудите;

–          Извештај од спроведената е-аукција;

–          Извештај за извршена евалуација на понудите;

–          Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;

–          Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);

–          Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;

–          Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;

–          Потврда за прием на предметната набавка;

–          Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и

–          Годишниот план за јавни набавки на Општина Чаир за 2016 година“.

Општина Чаир, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање до барателот доставила Одговор на барање бр.34-1125/2 од 20.07.2016 година.

Незадоволно од добиениот одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку Г.Ф., претседател на ЦГК поднесе Жалба до Комисијата.  Во Жалбата е наведено дека на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не им е одговорено во целост. Во прилог на Жалбата до Комисијата е доставена фотокопија од електронска комуникација на Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје со Општина Чаир, во која од Општината е побарано да му ги достават и информациите наведени во точките 3, 4, 6, 7, 9, 11, 12, 13, 14, 15 и 16 од Барањето.

            Комисијата, со допис бр.08-220 од 22.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Чаир и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  

На 02.09.2016 година Општина Чаир до Комисијата достави Одговор на жалба бр.26-1426/2 од 30.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-220.  Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Одговор на барање бр. 34-1125/2 од 20.07.2016 година, односно од Одговорот на барање против кој е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Чаир не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот во целост, на начин и во форма наведени во Барањето.  Од Одговорот на барање бр.34-1125/2 од 20.07.2016 година е видно дека Општина Чаир му одговорила на барателот само по точките 1, 2, 5, 8 и 10 од Барањето.

Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата не е доставен друг доказ од кој би било видно дека до барателот се доставени сите барани информации, на начин и во форма наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр. бр.0302-2065/1 од 22.06.2016 година. Исто така, Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје не и потврди на Комисијата дека ги добил бараните информации.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

  УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку  Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 септември 2016 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку  Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на тонери за потребите на Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и Министерството за труд и социјална политика, со бр. 18/2015:

–          Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка на тонери;

–          Извештај за потребата од обезбедување на согласност;

–          Извештај од спроведеното истражување на пазарот;

–          Решението за согласност од Советот за јавни набавки;

–          Одлуката за јавна набавка;

–          Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;

–          Записник од јавното отворање на понудите;

–          Извештај од спроведената е-аукција;

–          Извештај за извршена евалуација на понудите;

–          Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;

–          Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);

–          Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;

–          Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;

–          Потврда за прием на предметната набавка;

–          Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и

-Годишен план за јавни набавки на Министерството за труд и социјална политика за 2015 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за труд и социјална политика на барателот да му ја достави бараната информација (освен од точка 12 од Барањето) во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-212 на 09.08.2016 година,  изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за труд и социјална политика на барателот да му ја достави бараната информација (освен од точка 12 од Барањето) во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 22.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2056/1 до Министерството за труд и социјална политика, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

 „Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на тонери за потребите на Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и Министерството за труд и социјална политика, со бр. 18/2015:

–          Документ/анализа за оценката на потребата од конкретната набавка на тонери;

–          Извештај за потребата од обезбедување на согласност;

–          Извештај од спроведеното истражување на пазарот;

–          Решението за согласност од Советот за јавни набавки;

–          Одлуката за јавна набавка;

–          Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;

–          Записник од јавното отворање на понудите;

–          Извештај од спроведената е-аукција;

–          Извештај за извршена евалуација на понудите;

–          Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;

–          Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);

–          Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;

–          Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;

–          Потврда за прием на предметната набавка;

–          Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и

–          Годишен план за јавни набавки на Министерството за труд и социјална политика за 2015 година“.

Министерството за труд и социјална политика до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, по електронски пат, доставило Одговор на барање заведен во Здружението под бр.0302-2056/2 на 22.07.2016 година.

Незадоволно од наведениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку Г.Ф., претседател на ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено дека „…во испечатената електронска порака доставени ни се само Договорите за јавната набавка, со што е одговорено на само една точка од Барањето“.

Комисијата, со допис бр.08-212 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  

Министерството за труд и социјална политика на 31.08.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.14-4615/5 од 26.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-212. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…ве информираме дека Министерството за труд и социјална политика го испрати целосниот одговор на Барањето на 16.08.2016. година“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставен фотокопија од допис насловен Одговор на барање бр.14-4615/4 од 16.08.2016 година, адресиран до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, во кој е наведено дека „…во прилог ви ги испраќаме следните документи од постапката: Одлука за јавна набавка и Записник од јавното отворање на понудите. Останатите документи се јавно достапни и истите можете да ги преземете од Електронскиот систем за јавни набавки…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата не е доставен друг доказ од кој би било видно дека до барателот се доставени сите барани информации, на начин и во форма наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2056/1  од 22.06.2016 година. Исто така, Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје не и потврди на Комисијата дека ги добил бараните информации.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот во целост, на начин и во форма наведени во Барањето. 

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 септември 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“…копии од документи кои се однесуваат на договор за Јавна набавка на редовно и инвестиционо одржување на јавно осветлување на инфраструктурни и други објекти во надлежност на Град Скопје, градските часовници и изведба на времени приклучоци од мрежата на Град Скопје, спроведена со отворена постапка број: 161/2014;

–          Договор за предметната јавна набавка;

–          Градежните книги и дневници, како и налозите за работа;

–          Фактурите издадени од ЕЛЕКТРОИЗГРАДБА ДОО Скопје за извршените работи и

–          Евиденција за извршените плаќања”,  СЕ ОДБИВА.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-214 на 09.08.2016 година, изјавена од Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје. Со Барањето заведено во Град Скопје под бр.21-3223/2 на 14.06.2016 година, Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје побарало да му се достават: “…копии од документи кои се однесуваат на договор за Јавна набавка на редовно и инвестиционо одржување на јавно осветлување на инфраструктурни и други објекти во надлежност на Град Скопје, градските часовници и изведба на времени приклучоци од мрежата на Град Скопје, спроведена со отворена постапка број: 161/2014;

–          Договор за предметната јавна набавка;

–          Градежните книги и дневници, како и налозите за работа;

–          Фактурите издадени од ЕЛЕКТРОИЗГРАДБА ДОО Скопје за извршените работи и

–          Евиденција за извршените плаќања.”

Постапувајќи по Барањето, Градот Скопје доставил до барателот Одговор по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.21-3223/3 од 26.04(?).2016 година. Незадоволен од доставениот Одговор, Друштвото МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И. Ч., адвокат од Скопје, на 09.08.2016 година поднесе Жалба до Комисијата. Во прилог на Жалбата, до Комисијата е доставена и фотокопија од Записник од 10.06.2016 година за извршен увид во целокупната барана документација, потпишан од А.В., И.Ч. и Ж.Х..

Комисијата, со допис бр.08-214 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Град Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.21-3223/4 од 06.09.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-214 на 07.09.2016 година. Во Одговорот на жалба Град Скопје наведува дека „…Град Скопје достави Одговор по Барање за пристап до информации од јавен карактер, кој е доставен до Магнус Инженеринг ДОО Скопје, преку полномошник адвокат И.Ч.од Скопје“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Известување по барање бр.21-3223/4 од 23.08.2016 година, насловен до адвокат И.Ч., во кое е наведено дека „Врз основа на член 29 став 3 од Одлуката на Владата на РМ за надоместок на материјални трошоци за дадена информација од јавен карактер, потребно е да уплатите износ од 2.500 денари пред да ја подигнете бараната документација“. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата е доставена и фотокопија од поштенска доставница од која е видно дека Известувањето по барање бр.21-3223/4 од 23.08.2016 година е уредно доставено и потпишано од страна на адвокат И.Ч. на 25.08.2016 година.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Град Скопје, постапил по Барањето за пристап до информации од јавен карактер од  МАГНУС ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје, застапувано од И.Ч., адвокат од Скопје и на барателот на 10.06.2016 година му овозможил увид во целокупната барана документација, а потоа со задоцнување,  постапил согласно член 29 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и, од причини што Барањето се однесувало на информација од поголем обем, со Известување по барање бр.21-3223/4 од 23.08.2016 година од барателот побарал авансно да ги покрие трошоците за добивање на фотокопии од бараните информации.

Барателот не постапил по наведеното барање од имателот на информации.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                                                                 

* * * * *

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Охрид, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 септември 2016 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.Д. од Охрид, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Комплетен предмет по пријава: УП1 Бр.28-1-1665 од 17.12.2011 год. 1.Записник за констатација УП1 бр.28-1-1668 од 24.02.2012 г. и друго“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-218 на 22.08.2016 година, изјавена од А.Д. од Охрид, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:         

Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Охрид до Општина Охрид поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.35-11818/1 од 01.08.2016 година, со кое ја побарал следната информација:

„Комплетен предмет по пријава: УП1 Бр.28-1-1665 од 17.12.2011 год. 1.Записник за констатација УП1 бр.28-1-1668 од 24.02.2012 г. и друго“.

Постапувајќи по Барањето, Општина Охрид до барателот доставила допис насловен Информација бр.35-11818/4 од 16.08.2016 година.

Незадоволен од добиениот одговор од Општина Охрид, А.Д. од Охрид поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-218 од 22.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Охрид и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 02.09.2016 година, Општина Охрид до Комисијата достави Одговор на жалба бр.35-11818/9 од 01.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-218. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…одговор со 5 прилози со пропратно писмо со арх.број 35-11818/8 на 01.09.2016 година по пошта и електронска пошта е испратен до барателот А.Д. “.

А.Д. од Охрид, на 12.09.2016 година, преку е-маил, ја извести Комисијата дека ги добил бараните информации од Општина Охрид.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Охрид постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 септември 2016 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за образование и наука,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на „откуп на учебници за основно и средно образование и дополнителен и дидактички и работен материјал за адаптираните учебници од странство за учебната 2015/2016 година“ (со датум на склучување на договор од 10.08.2015 година):

–          Извештај од спроведената постапка со детално образложение за причините за спроведување на постапката со преговарање без претходно објавување на оглас, како и за начинот на спроведување на постапката;

–          Тендерска документација за набавката;

–          Решението за согласност од Советот за јавни набавки;

–          Одлуката за јавна набавка;

–          Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;

–          Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;

–          Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);

–          Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;

–          Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;

–          Потврда за прием на предметната набавка;

–          Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и

–          Годишен план за јавни набавки на Министерството за образование и наука за 2015 година“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација. 

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-210 на 09.08.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:          

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 22.06.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-2070/1 до Министерството за образование и наука, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:  

   „Ве молиме да ни ги доставите следните информации за постапката за јавна набавка на „откуп на учебници за основно и средно образование и дополнителен и дидактички и работен материјал за адаптираните учебници од странство за учебната 2015/2016 година“ (со датум на склучување на договор од 10.08.2015 година):

–          Извештај од спроведената постапка со детално образложение за причините за спроведување на постапката со преговарање без претходно објавување на оглас, како и за начинот на спроведување на постапката;

–          Тендерска документација за набавката;

–          Решението за согласност од Советот за јавни набавки;

–          Одлуката за јавна набавка;

–          Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;

–          Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;

–          Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);

–          Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;

–          Евентуални анекси на договорот за јавната набавка;

–          Потврда за прием на предметната набавка;

–          Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавката и

–          Годишен план за јавни набавки на Министерството за образование и наука за 2015 година“.

Министерството за образование и наука до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје доставило Одговор на барање бр.11-9456/2 од 25.07.2016 година, заведено во Здружението под бр.0302-2070/2 на 27.07.2016 година.

Незадоволно од наведениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, преку Г.Ф., претседател на ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-210 од 11.08.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и, согласно Законот за општата управна постапка, побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за образование и наука на 09.09.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-9456/5 од 30.08.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-210. Во Одговорот на жалба се наведува дека Министерството постапило по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер и „… во договор со контакт лицето на ЦГК – Ј.К. целосно ја достави бараната информација“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставен фотокопија од Одговор на барање бр.03-9456/3 од 12.08.2016 година, насловен до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, во кој е наведено дека „…во прилог на овој допис Ви ја доставуваме целосната документација на ЦД“. Наведениот Одговор на барање е примен и потпишан од Ј.К., вработена во Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  