ДОНЕСЕНИ 1 РЕШЕНИЕ И 5 ЗАКЛУЧОЦИ

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 137-та седница одржана на 08 јули 2016 година, донесе 1 решение и 5 заклучоци.  

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Водостопанство Берово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 08 јули 2016 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Водостопанство Берово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Водостопанство Берово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-152 на 31.05.2016 година,  изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Водостопанство Берово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Водостопанство Берово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, на 15.02.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0302-1406/1 до Водостопанство Берово, со кое побарал да му се достави следната информација:

„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“.

Водостопанство Берово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  

          Комисијата, со допис бр.08-152 од 02.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Водостопанство Берово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  

Водостопанство Берово не одговори  на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Водостопанство Берово не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *     

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од м-р Н.М., поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 8 јули 2016 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од м-р Н.М., поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-169/9 од 13.05.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:            

„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по Предлог УПП. Бр.09-27 на Министерството за правда на РМ.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата. 

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-875 на 31.05.2016 година, изјавена од м-р Н.М., поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-169/9 од 13.05.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:           

Како што се наведува во Жалбата, со Решение бр.08-857 од 27.04.2016 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Комората на извршители на РМ е задолжена најдоцна до 16.05.2016 година на барателот да му ја достави бараната информација: „Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по барање од Министерството за правда на РМ со Предлог УПП. Бр.09-27, односно информации кои ги создала и со кои располага Комората на извршители“ со бришење на личните податоци, на начин и во форма наведени во Барањето.

Комората на извршители на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, не постапила по цитираното Решение на Комисијата и донела Решение бр.03-169/9 од 13.05.2016 година со кое се одобрува пристапот до бараната информација:„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по Предлог УПП. Бр.09-27 на Министерството за правда на РМ.“ и го задолжува барателот на информацијата, за добиената фотокопија на информацијата да плати надоместок во висина од 5 денари на име материјални трошоци во рок од 15 дена на трансакциска сметка на Комoрата на извршители на РМ, а согласно Одлуката за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации (“Службен весник на РМ” бр.136/2006). Во прилог на цитираното Решение, Комората на извршители му доставила на барателот Решение за изречена дисциплинска мерка за извршител Н.И. од Битола од спроведена дисциплинска постапка, но не во бараната форма, туку како што наведува во Жалбата “…едноставно работната верзија ја имаат испечатено, на неа нема потпис и печат, печат со архивски број со кој е заведено бараното Решение.”

Незадоволен од наведеното Решение, м-р Н.М. поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.08-857 од 03.06.2016 година ја препрати Жалбата до Комората на извршители на РМ и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Постапувајќи по барањето на Комисијата, Комората на извршители на РМ на 29.06.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-169/12 од 23.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-857. Во Одговорот, Комората наведува дека “Комората нa извршители на РМ на ден 16.06.2016 година со препорачана пратка до барателот Н.М. ја достави информацијата на начин и форма наведена во барањето д.бр.03-188/1 од 23.02.2016 година…истата постапи по укажувањето на Комисијата.”

На 29.06.2016 година, м-р Н.М. преку е-маил ја извести Комисијата дека со допис од 15.06.2016 година Комората на извршители на РМ му ја доставила бараната информација и поради тоа ја повлекува Жалбата.   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Комората на извршители на РМ постапила по Барањето. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето. 

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Р. од Прилеп, поднесена против НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 08 јули 2016 година, го донесе следниот

                                             З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Р. од Прилеп, поднесена против НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Увид за исплата на фактури по договорот за превоз на луѓе и стока склучен од страна на НУЦК Марко Цепенков и економски оператор по огласот за барање за прибирање на понуди бр. 4/2015 објавен на 23–ти април 2015 година, Договор бр.03-158/1 од 08.05.2015 година со Пелагонија Транс Ад Прилеп и Договор бр.03-158/2 од 08.05.2015 година со Макком Доо Прилеп“ , поради тоа што барателот ја добил бараната информација.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-167 на 06.06.2016 година, изјавена од Г.Р. од Прилеп, поднесена против НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:           

Како што се наведува во Жалбата, Г.Р. од Прилеп на 10.05.2016 година по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп, со кое побарал да му се достави по електронска форма следната информација:

 „Увид за исплата на фактури по договорот за превоз на луѓе и стока склучен од страна на НУЦК Марко Цепенков и економски оператор по огласот за барање за прибирање на понуди бр. 4/2015 објавен на 23–ти април 2015 година, Договор бр.03-158/1 од 08.05.2015 година со Пелагонија Транс Ад Прилеп и Договор бр.03-158/2 од 08.05.2015 година со Макком Доо Прилеп“.

          НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп по ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што е поднесена Жалба до Комисијата.  

          Комисијата, со допис бр.08-167 од 08.06.2016 година, ја препрати Жалбата до НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.  

НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп на 29.06.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-144/2 од 20.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-167. Во прилог на Одговорот, НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп ги достави сите списи во врска со предметот.

На 04.07.2016 година Г.Р. од Прилеп достави до Комисијата е-маил со кој ја известува Комисијата дека ја добил бараната информација..

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека НУ Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.   

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 08 јули 2016 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:                

„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-160 на 31.05.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:           

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 23.02.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1565/1 до Општина Бутел, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:   

„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“

Општина Бутел, како што е наведено во Жалбата, не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје поднесе Жалба до Комисијата.  

Комисијата со допис бр.08-160 од 14.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Бутел и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 09.06.2016 година, Општина Бутел до Комисијата достави Одговор на жалба бр.12-771/2 од 28.06.2016 година. Во прилог на Одговорот ја достави бараната информација и други списи во врска со предметот.

На 28.06.2016 година, Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација од Општина Бутел и поради тоа ја повлекува Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Бутел постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 08 јули 2016 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:           

„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-164 на 31.05.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:           

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 12.02.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1114/1 до Општина Теарце, со кое побарал по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:   

„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“

Општина Теарце, како што е наведено во Жалбата, не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје поднесе Жалба до Комисијата.  

Комисијата со допис бр.08-164 од 14.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Теарце и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 01.07.2016 година, Општина Теарце до Комисијата достави Одговор на жалба бр.08-987/2 од 27.06.2016 година. Во прилог на Одговорот ја достави бараната информација и други списи во врска со предметот.

На 04.07.2016 година Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја добилe бараната информација од Општина Теарце и поради тоа ја повлекуваат Жалбата.   

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Теарце постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Куманово-Паркинг Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 08 јули 2016 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Куманово-Паркинг Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:          „Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-156 на 31.05.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП Куманово-Паркинг Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:           

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 16.02.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1467/1 до ЈП Куманово-Паркинг Куманово, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:    

„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“

ЈП Куманово-Паркинг Куманово, како што е наведено во Жалбата, не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје поднесе Жалба до Комисијата. 

Комисијата со допис бр.08-156 од 14.06.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈП Куманово-паркинг Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 29.06.2016 година, ЈП Куманово-Паркинг Куманово до Комисијата достави Известување бр.УП1-3-18/21-1 од 21.06.2016 година. Во прилог на Известуањето ја достави бараната информација и други списи во врска со предметот.

На 04.07.2016 година Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација од ЈП Куманово-паркинг Куманово и поради тоа ја повлекува Жалбата.    

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈП Куманово-Паркинг Куманово постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.  

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.