This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

Новости

/Новости

ДОНЕСЕНИ 15 РЕШЕНИЈА И 9 ЗАКЛУЧОЦИ

16.01.2008|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 66 седница одржана на 16 јануари 2008 година, донесе 15  решенија и 9 заклучоци. * * * […]

ДОНЕСЕНИ 20 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОЦИ

09.01.2008|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 64 седница одржана на 9 јануари 2008 година, донесе 20 решенија и 7 заклучоци. Исто така, Комисијата постапи и по две барања за пристап до информации од јавен карактер поднесени до неа во функција на имател на информации од јавен карактер. […]

ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА

26.12.2007|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 63 седница одржана на 26 декември 2007 година, донесе 4 решенија. * * * По разгледувањето на Жалбата и пропратната документација, Комисијата донесе Решение со кое Жалбата изјавена од М.Т. и Ј.Т., внатрешно раселени лица сместени во колективниот центар Пелагонија, против [...]

ОСТВАРЕНА ОФИЦИЈАЛНА РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

19.12.2007|

Членовите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, од 16 до 19 декември  2007 година престојуваа во официјална работна посета на Република Словенија. Посетата беше реализирана по покана од комесарот за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Словенија, госпоѓа Наташа Пирц-Мусар. […]

ИЗВАДОК ПОСВЕТЕН НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗСПИЈК ВО ПРАКСАТА

06.12.2007|

Извештајот за состојбата со човековите права во Република Македонија за месец ноември 2007 година, подготвен од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, меѓу другото, содржи и дел посветен на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во праксата. Во продолжение интегрално е поместен извадок од Извештајот, содржан во подзаглавието “Повреди на економските и социјалните права “. […]

ПОСЕТЕНИ ВКУПНО 17 ЕДИНИЦИ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

05.12.2007|

Во рамките на програмата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за што поблиско запознавање со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и негова доследна примена, членовите на Комисијата службените лица на нејзината Стручна служба, досега остварија работни посети на вкупно 17 единици на локалната самоуправа. […]

УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА АНТИКОРУПЦИЈА

30.11.2007|

Претставник на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер учествуваше на работилницата насловена „Национална стратегија за борба против корупцијата и нејзиниот акционен план: подготовка, изготвување нацрт и следење на имплементацијата“, која се одржа во Охрид од 28 до 30 ноември годинава. На работилницата присуствуваа претставници на институциите и агенциите кои се вклучени во изготвувањето и во спроведувањето на мерките за спречување на корупцијата, како и членови на меѓународната заедница. […]

ОБВРСКА ЗА ПОДГОТОВКА НА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2007 ГОДИНА

30.11.2007|

Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (ЧЛЕН 37) имате законска обврска до 31 ЈАНУАРИ 2008 ГОДИНА да подготвите Годишен извештај (за изминатата календарска 2007 година) и истиот да го доставите до Комисијата. Вашите извештаи ќе бидат составен дел на Годишниот извештај за спроведување на овој Закон, кој Комисијата [...]

ДОНЕСЕНИ 10 РЕШЕНИЈА

28.11.2007|

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 60-та седница одржана на 28  ноември 2007 година донесе десет решенија.  Комисијата го разгледа и го прифати Решението по Жалбата изјавена од И.К. поднесена преку адвокатот А.П.С., против Владата на Република Македонија–Секретаријатот за законодавство. По разгледувањето на целокупната документација Комисијата ЈА [...]

НАСКОРО НОВ ЛИНК „ВИ ПОМАГАМЕ“

27.11.2007|

Од 3 декември 2007 година на веб страната на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ќе биде поставен нов линк „ВИ ПОМАГАМЕ“. Во него ќе бидат поместени, исклучиво податоци за надлежностите, дејностите, активностите и за мисијата на имателите на информации од јавен карактер. Целта на Комисијата е со активирањето [...]