MЕЃУНАРОДEН ДЕН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
На 29 септември 2008 година (понеделник), Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со почеток во 11.00 часот, во Клубот на пратениците, со пригодна свеченост ќе го одбележи меѓународниот ден за слободен пристап до информации „Имам право да знам “. Притоа, Комисијата ќе презентира краток анимиран филм во функција на запознавање на граѓаните на Република Македонија со ова ново право, а ќе биде направен и пресек на активностите на Комисијата во изминатиот едногодишен период. * * * […]