ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
Денеска во 11.30 часот, во хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје, ќе се одржи прес-конференција посветена на Меѓународниот ден за слободен пристап до информации „Имам право да знам“. […]
Денеска во 11.30 часот, во хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје, ќе се одржи прес-конференција посветена на Меѓународниот ден за слободен пристап до информации „Имам право да знам“. […]
Во периодот од 16 па до 24 септември 2009 година, во регионалните општински центри Битола, Штип и Скопје се одржаа едукативни средби со новинари од електронските и печатените медиуми на тема: “Слободниот пристап до информациите од јавен карактер и заштитата на личните податоци“. […]
Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Јанко Николовски, е поканет да присуствува на 6-та Меѓународна конференција на комесари за информации што од 27 до 30 септември 2009 година ќе се одржи во Осло, Норвешка. Во работата на Конференцијата се очекува да партиципираат претставници од повеќе земји во светот. […]
Членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и вработените во нејзината стручна служба, денеска присуствуваа на обуката наменета за второстепените комисии, како самостојни органи на државната управа, што согласно зацртаната годишна програма ја реализираа претставници на Државниот управен инспекторат. […]
На 20 и 21 септември во работна посета на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер престојуваше помошникот министер за култура, спорт и медиуми во Владата на Црна Гора, Жељко Рутовиќ, надлежен за медиуми и слободен пристап до информации од јавен карактер. Непосреден повод за посетата беше излегувањето од печат [...]
Почнувајќи од денеска па во наредните неколку дена во регионалните општински центри Битола, Штип и Скопје ќе се одржат три едукативни средби со новинари од електронските и печатените медиуми на тема: “Слободниот пристап до информациите од јавен карактер и заштитата на личните податоци“. […]
Во Клубот на пратениците, денеска, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја одбележа тригодишнината од примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. […]
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер укажува на се позачестените појави на непријавување на извршената промена на службеното(ите) лице(а), нивните е–mail адреси, промена на адреса поради селење, промена на телефоните за контакт и слично-од страна на одделни иматели на информации од јавен карактер. […]
Претставник на стручната служба на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на 7 јули, во Скопје учествуваше на тркалезната маса на тема “Дали новите технологии го поттикнуваат активното граѓанско учество?“ одржана во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. […]
Согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (член 37), имателите на информации од јавен карактер имаат законска обврска да подготват годишен извештај за календарската 2008 година и истиот да го достават до Комисијата, до 31 јануари 2009 година. […]