This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

This Is A Custom Widget

This Sliding Bar can be switched on or off in theme options, and can take any widget you throw at it or even fill it with your custom HTML Code. Its perfect for grabbing the attention of your viewers. Choose between 1, 2, 3 or 4 columns, set the background color, widget divider color, activate transparency, a top border or fully disable it on desktop and mobile.

Новости

/Новости

ЖУРНАЛ: „НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ГИ НАДМИНУВААТ НОВИНАРИТЕ ПО БРОЈОТ НА БАРАЊАТА“

27.08.2013|

Во текстот под наслов „Невладините организации  ги надминуваат новинарите по бројот на барањата“, дневниот весник на албански јазик „Журнал“ , пишува дека новинарите и граѓаните  многу малку го го користат законското право на слободен пристап до информации од јавен карактер.

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР/КОМУНИКАЦИЈА СО СТРАНКИ ВО СУДОВИТЕ“

15.07.2013|

Во  организација на Академијата за судии и јавни обвинители  во соработка со УСАИД,  во рамките на  Проектот за јакнење на судството, на 12 и 13 јули 2013 година во хотелот „Фени“ во Кавадарци, се одржа дводневна работилница на тема: „Слободен пристап до информации од јавен карактер/Комуникација со странки во судовите“.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ ПРЕДВИДЕНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ

28.06.2013|

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 27 и 28  јуни, во хотелот „Силекс“ во Охрид беше одржана шестата, последна предвидена  работилница на тема: „Добро владеење и слободен пристап до информации од јавен карактер“.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО УНГАРИЈА

27.06.2013|

Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗСПИЈК), составена од претседателот г-дин Пеце Ташевски, членот  г-ѓа Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот г-ца Билјана Пушева, од 25 до 27 јуни престојуваше во работна посета на Унгарскиот Национален Орган за заштита на податоци и слобода на информации.

ПЕТТА РАБОТИЛНИЦА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

14.06.2013|

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 13 и 14 јуни, во хотелот „Глигоров“ во Струмица беше одржана петтата по ред  Работилница на тема: „Добро владеење и слободен пристап до информации од јавен карактер“.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ОСТВАРИ РАБОТНА ПОСЕТА ВО ЉУБЉАНА, РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

10.06.2013|

Делегација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, составена од претседателот г-дин Пеце Ташевски, членот г-ѓа Катерина Димеска и помладиот соработник во Секретаријатот г-ѓа Макфирете Морина, на 5 и 6 јуни 2013 година претстојуваше во работна посета на Комисионерот за информирање на Република Словенија.

РАБОТИЛНИЦА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ВО БИТОЛА

07.06.2013|

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 6 и 7 јуни, во хотелот „Епинал“ во Битола беше одржана четвртата по ред  Работилница на тема: „Добро владеење и слободен пристап до информации од јавен карактер“.

ОБУКА ЗА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

31.05.2013|

Во организација на  Академијата за судии и јавни обвинители  и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер,во Основниот суд во Битола денеска се одржа обука на тема: „Слободен пристап до информации од јавен карактер“. На обуката присуствуваа судски службеници од битолското апелационо подрачје.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО БАРАЊА ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

27.05.2013|

Во организација на Европската Комисија преку инструментот TAIEX во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 28 и 29 мај 2013 година, во хотелот „Best Western Hotel Turist“, со почеток во 9:30 часот,  ќе се одржи „Работилница за постапување по барања за пристап до информации“. […]

ПРОДОЛЖИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ЗАЕДНИЧКИОТ ПРОЕКТ НА КОМИСИЈАТА И НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

23.05.2013|

Во хотелот „Романтик“ на велешкото езеро „Младост“ , во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 22 и 23 мај, беше одржана  Работилница на тема: „Добро владеење и слободен пристап до информации од јавен карактер“. […]