ДОНЕСЕНИ 6 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, донесе 6 решенија и 4 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.К. од Неготино, поднесена против Општина Неготино, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.К. од Неготино, поднесена против Општина Неготино, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-151 од 30.05.2016 година, изјавена од Ј.К. од Неготино, поднесена против Општина Неготино и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Ј.К. од Неготино на 20.04.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Неготино, со кое побарал да изврши увид во следната информација:
„Увид во списокот за Т.Т. за поднесени документи за легализација на дивоградби, ако е дозволено и во компјутерот. Јас лично да видам во тој список. Сме барале увид во урбанизмот, но тоа е за друго лице (С.), а за Т. е прв пат. Јавете ми кога да дојдам за увидот со писмо или телефон“.
Општина Неготино, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-151 од 03.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Неготино и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Општина Неготино не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Општина Неготино, како првостепен орган по постапката по Барање за пристап до информации од јавен карактер, со цел да ја оствари целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да му овозможи на барателот да го оствари своето право за пристап до информации од јавен карактер, не вложила напори да се осигура дали бараната информација е информација од јавен карактер и дали со давањето на истата во јавноста нема да повреди нечие друго право, односно да не навлезе во приватноста на друго идентификувано физичко лице. Исто така, Општина Неготино до барателот не доставила одговор со кој му укажува дека не може да ја добие бараната информација од причина што истата не претставува информација од јавен карактер.
Согласно член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“.
Комисијата, како второстепен орган во постапката по Барање за пристап до информации од јавен карактер утврди дека во конкретниов случај не се работи за информација од јавен карактер, бидејќи барателот не бара информација или документ кој го создал или со кој располага имателот на информации согласно своите надлежности, туку бара увид во информации кои се однесуваат на друго идентификувано физичко лице. Бараните информации не претставуваат информации од јавен карактер кои произлегуваат од надлежноста на Општина Неготино.
Доколку барателот бил незадоволен од постапувањето на првостепениот орган, имал право да поведе постапка пред други надлежни институции, бидејќи во случајов не се работи за информации од јавен карактер, а не да поднесува Жалба до Комисијата, која во случајов нема надлежност да постапува по истата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Државниот универзитет во Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Државниот универзитет во Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микро претпријатијата до јавните набавки“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот универзитет во Тетово на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 08 јули 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-154 на 31.05.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Државниот универзитет во Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот универзитет во Тетово на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 08 јули 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, на 12.02.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1121/1 до Државниот универзитет во Тетово, со кое побарал по пошта, или е-маил, да добие фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“.
Државниот универзитет во Тетово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-154 од 03.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Државниот универзитет во Тетово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот универзитет во Тетово не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот универзитет во Тетово не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„На 17.12.2015 година до Вас доставив Барање за преиспитување на дадена согласност бр.16-18652/2 од 01.10.2012 година, на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, дадена на Одлуката на Советот на општина Тетово, со која се усвојува предлог ДУП за Урбан блок бр.54 на општина Тетово. Како од моментот на доставување на барањето измина повеќе време од законскиот рок прашувам:
1.Дали и кога Министерсвото за транспорт и врски планира да одговори на моето барање“. СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 08.07. 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-145 на 19.05.2016 година, изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 08.07.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, Т.С.А. од Тетово, на 29.03.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски, со кое побарала да и се достави следната информација:
„На 17.12.2015 година до Вас доставив Барање за преиспитување на дадена согласност бр.16-18652/2 од 01.10.2012 година, на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, дадена на Одлуката на Советот на општина Тетово, со која се усвојува предлог ДУП за Урбан блок бр.54 на општина Тетово. Како од моментот на доставување на барањето измина повеќе време од законскиот рок прашувам:
1.Дали и кога Министерсвото за транспорт и врски планира да одговори на моето барање“
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-145 од 26.05.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од З.А., адвокат од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од З.А., адвокат од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Карпош бр.12-4222/2 од 12.05.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид во деловодна книга за заведени инспекциски надзори од овластени градежни инспектори за 2015 и 2016 година“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Карпош на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 08 јули 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-148 на 25.05.2016 година, изјавена од З.А., адвокат од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Карпош бр.12-4222/2 од 12.05.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Карпош на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 08 јули 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното:
З.А., адвокат од Скопје, на 06.05.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, заведено во Општината под бр. 12-4222/1 и побарал по пошта да му биде доставена следната информација:
„Увид во деловодна книга за заведени инспекциски надзор од овластени градежни инспектори за 2015 и 2016 година“.
Постапувајќи по Барањето во законски предвидениот рок, Општина Карпош до барателот доставила Одговор на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.12-4222/2 од 12.05.2016 година, во кој е наведено дека: „…инспекциските надзори и постапки на овластениот градежен инспектор при Општина Карпош се заведуваат во уписник ИП1 и истиот се води во Секторот за поддршка и организација на работата на советот и архивско административни работи (во архивата на Општина Карпош)“.
Незадоволен од наведениот Одговор, во законски предвидениот рок на 25.05.2016 година, З.А., адвокат од Скопје, поднел Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-148. Во Жалбата, З.А., адвокат од Скопје наведува дека: „…Имателот на информацијата не ми овозможи пристап до информацијата и не ми достави Решение со кое моето барање се одбива, со одговор дека уписникот ИП1 се води во Општина Карпош“.
Комисијата, со допис бр.08-148 од 26.05.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.06.2016 година Општина Карпош достави Произнесување по Жалба, во кое наведува дека: „…странката е неколку пати и усно контактирана, укажано и е односно е замолена да направи увид во документација во архивата и доколку има потреба од некој предмет за фотокопија и заверка кај нотар…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Карпош не постапила согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му ја направила достапна бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето. Во случајов, Општина Карпош наместо да ја даде бараната информација, во Одговорот на барање бр. 12-4222/2 од 12.05.2016 година само го известила барателот во која нејзина општинска служба се наоѓа истата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид во предметот (барање за спроведување на надзор и известување) односно неговиот број во писмена форма“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-116 од 10.05.2016 година, изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.Ј. од Велес на 08.04.2016 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Вишото јавно обвинителство Скопје, со кое ја побарала следната информација:
„Увид во предметот (барање за спроведување на надзор и известување) односно неговиот број во писмена форма“.
Вишото јавно обвинителство Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-116 од 11.05.2016 година, ја препрати Жалбата до Вишото јавно обвинителство Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Вишото јавно обвинителство Скопје на 17.05.2016 година до Комисијата достави Известување А бр.0302-83 од 17.05.2016 година, заведено во Комисијата под бр. 08-116. Во Известувањето е наведено дека „…Вишото јавно обвинителство го примило барањето за пристап до информации од јавен карактер и истото го има во предвид од причина што подносителот на барањето се јавува како подносител и на писмена претставка насловена како барање за спроведување надзор и известување во врска со постапување по поднесена кривична пријава од страна на В.Ј. до Основно јавно обвинителство од подрачјето на Вишото јавно обвинителство…во конкретниот случај се работи за оформен предмет во Вишото јавно обвинителство Скопје по поднесено барање за вршење надзор од страна на подносителот В.Ј., односно не се работи за информација од јавен карактер…по извршениот надзор врз работата на Основните јавни обвинителства односно постапувањето по конкретната пријава поднесена од В.Ј., до неа како подносител на 12.05.2016 е доставено писмено известување со констатации од извршениот надзор…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Вишото јавно обвинителство Скопје не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажувајќи му дека постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното: Во Известувањето А бр.0302-83 од 17.05.2016 година, заведено во Комисијата под бр. 08-116, Вишото јавно обвинителство меѓу другото, наведува дека што се однесува до бараната информација „… се работи за оформен предмет во Вишото јавно обвинителство Скопје по поднесено барање за вршење надзор од страна на подносителот В.Ј., односно не се работи за информација од јавен карактер… “, па така доколку Вишото јавно обвинителство Скопје смета дека не се работи за информација од јавен карактер согласно член 3 став 2 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето. Доколку пак, смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должно е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација. Доколку, Вишото јавно обвинителство Скопје утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Вишото јавно обвинителство Скопје е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Уставниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Уставниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1) Статус на актот “Деловник на Уставниот суд на Република Македонија” од објавата 1354 во Службен весник на Р.М. бр.70/92 со Ваш преглед на практиката кон истиот (акти на судот од постапки кон актот)…
2) Уреденост на постапка за заштита на слободите и правата (чл.51 до чл.57 на Деловникот) со интерен акт на судот…
3) Статус на примена на Уставниот закон од Службен весник на Р.М. бр.52/91 кон Закон за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејствие на неговите одлуки по објавата бр.405 во Службен весник на Р.М. бр.42/76…“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-150 на 27.05.2016 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Уставниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
А.К. од Куманово поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Уставниот суд на Република Македонија и побарал да му се доставаат информациите:
“1) Статус на актот “Деловник на Уставниот суд на Република Македонија” од објавата 1354 во Службен весник на Р.М. бр.70/92 со Ваш преглед на практиката кон истиот (акти на судот од постапки кон актот)…
2) Уреденост на постапка за заштита на слободите и правата (чл.51 до чл.57 на Деловникот) со интерен акт на судот…
3) Статус на примена на Уставниот закон од Службен весник на Р.М. бр.52/91 кон Закон за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејствие на неговите одлуки по објавата бр.405 во Службен весник на Р.М. бр.42/76…“
На 30.04.2016 година и на 03.05.2016 година, А.К. по електронски пат поднел дополнувања односно појаснувања на барањето за пристап до информации од јавен карактер, заведени во Уставниот суд на РМ под архивски броеви Суи.бр.9/16/3 на 03.05.2016 година и Суи.бр.69/16/4 на 03.05.2016 година.
Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и појаснувањата и дополнувањата на истото, Уставниот суд доставил до А.К. Одговор на Вашето дополнување (појаснување) на барањето за пристап до информации од јавен карактер, Суи.Бр.9/16/6 од 09.05.2016 година.
Во цитираниот Одговор, Уставниот суд наведува: “Уставниот суд на Република Македонија, во смисла на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Ви укажува дека вашето дополнување односно појаснување продолжува да биде нејасно, неразбирливо и конфузно во однос на одговорите кои се наведуваат, но врз основа на наведеното Ве известува за следново:..” и во пролжение одоговара на поднесеното Барање од А.К..
Незадоволен од цитираниот Одговор, А.К. од Куманово, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата наведува дека не е задоволен од Одговорот на Уставниот суд поради “…без поука за право на жалба…” и истиот го достави во прилог на Жалбата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-150 од 02.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Уставниот суд на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Уставниот суд на Република Македонија не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Уставниот суд на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако барањето е непотполно и поради тоа имателот на информацијата не може да постапува, тој ќе побара од барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи. Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена од денот на известувањето за потребата од дополнување на барањето, односно во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за потребата од дополнување на барањето. Ако барателот не постапи согласно со наведеното, имателот на информацијата со заклучок ќе констатира дека барањето е повлечено. Ако барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој закон и поради тоа имателот на информации не може да го разгледува барањето, имателот на информации ќе донесе решение со кое ќе го отфрли барањето. Против заклучокот за запирање на постапката и решението за отфрлање на постапката, дозволена е жалба до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Наместо тоа, Уставниот суд на Барање за пристап до информации од јавен карактер кое не го разбира, доставува до барателот Одговор кој не го задоволува барањето на подносителот, односно спротивно на одредбите од Закобнот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата му укажува на Уставниот суд дека во конкретниов случај бил должен да постапи согласно горецитираните одредби.
При повторното постапување по предметот, Уставниот суд на Република Македонија треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Дебарца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Дебарца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата бр.0306-1929/1 од 31.05.2016 година, заведена во Комисијата под број 08-158 на 31.05.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Дебарца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, на 12.02.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1150/1 до Општина Дебарца, со кое побарал по пошта, или е-маил, да добие фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“.
Општина Дебарца, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Општина Дебарца не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставилo Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф. вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-158 од 03.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Дебарца и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 15.06.2016 година, Општина Дебарца до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1108/3 од 10.06.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-158. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…барателот е запознат со содржината на бараната информација…“.
На 16.06.2016 година Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје достави до Комисијата е-маил со кој ја известува Комисијата дека ја добил бараната информација и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) ја разгледа Жалбата бр.0306-1931/1 од 31.05.2016 година, заведена во Комисијата под број 08-161 на 31.05.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-161 на 31.05.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 15.02.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1404/1 до Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“
Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово, како што е наведено во Жалбата не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-161 од 02.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово на 10.06.2016 година до Комисијата достави Известување бр.03-299/2 од 07.06.2016 година, и во прилог ја достави бараната информција Годишен план за јавни набавки во 2016 година, заведен под бр.05-301/1 од 07.06.2016 година.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер му укажува на Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово дека, во иднина е должно бараните информации да ги доставува само до барателот на информации, а не и до Комисијата. Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово е должно до Комисијата да доставува само произнесување по Жалба.
Водејќи се од начелото на економичност и ефикасност на постапката, а со цел остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, службеното лице кое постапува по предметот, по е-маил, ja достави бараната информација Годишен план за јавни набавки во 2016 година, заведен под бр.05-301/1 од 07.06.2016 година, до Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје.
На 13.06.2016 година, Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека го добил одговорот и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга”-Берово постапилo по Барањето, но со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) ја разгледа Жалбата бр.0306-1934/1 од 31.05.2016 година, заведена во Комисијата под број 08-157 на 31.05.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-157 на 31.05.2016 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 15.02.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1358/1 до Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“
Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци, како што е наведено во Жалбата не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-157 од 02.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци на 10.06.2016 година до Комисијата достави допис бр.03-549/2 од 09.06.2016 година, и во прилог ја достави бараната информција План за Јавни набавки при ЈП комуналец Кавадарци за 2016 година.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер му укажува на Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци дека, во иднина е должно бараните информации да ги доставува само до барателот на информации, а не и до Комисијата. Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци е должно до Комисијата да доставува само произнесување по Жалба.
Водејќи се од начелото на економичност и ефикасност на постапката, а со цел остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, службеното лице кое постапува по предметот, по е-маил, ja достави бараната информација План за Јавни набавки при ЈП комуналец Кавадарци за 2016 година, до Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје.
На 13.06.2016 година, Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека го добил одговорот и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавното претпријатие за комунални работи “Комуналец”-Кавадарци постапилo по Барањето, но со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јуни 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата бр.0306-1925/1 од 31.05.2016 година, заведена во Комисијата под број 08-165 на 31.05.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје, на 23.02.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1575/1 до Општина Центар, со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микро претпријатијата до јавните набавки.“
Општина Центар, како што е наведено во Жалбата, не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК-Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-165 од 02.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Центар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Центар не одговори ниту на дописот на Комисијата.
На 09.06.2016 година, Центарот за граѓански комуникации ЦГК-Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација од Општина Центар и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Центар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.