ДОНЕСЕНИ 3 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 130-та седница одржана на 11 мај 2016 година, донесе 3 решенија и 3 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија “бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 мај2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари се платени за софтверот на Електронската здравствена картичка и која фирма го изработи истиот“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 27 мај 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-112 на 13.04.2016 година, изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 27 мај 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани, како што се наведува во Жалбата, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побарал да му се достави следната информација:
„Колку пари се платени за софтверот на Електронската здравствена картичка и која фирма го изработи истиот.“
Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 10.03.2016 година согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со допис бр.Упп 16-17 го препратил Барањето до надлежниот имател на информации од јавен карактер, односно до Министерството за здравство за натамошно постапување.
Министерството за здравство, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законскиот предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесено Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-112од 14.04.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На барателот не му ја доставило бараната информација, ниту до Комисијата доставило произнесување по Жалба.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот судво рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј., новинар во Балканска истражувачка репортерска мрежа БИРН – Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 мај 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј., новинар во Балканска истражувачка репортерска мрежа БИРН – Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Бруто и нето плата на сите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 27.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-106 на 29.03.2016 година, изјавена од М.Ј., новинар во Балканска истражувачка репортерска мрежа БИРН – Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 27.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј., новинар во Балканска истражувачка репортерска мрежа БИРН – Скопје, на 13.01.2015 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-001/16/3 до Државната комисија за спречување на корупцијата, заведено во Комисијата под бр.03-255/1 на 25.01.2016 година, со кое побарала по пошта, или преку е-маил, да и биде доставен препис или електронски запис од следната информација:
„Бруто и нето плата на сите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“.
Државната комисија за спречување на корупцијата до барателот доставила Барање бр.03-255/2 од 18.02.2016 година, со кое побарала „…релевантен доказ дека е овластена/ополномоштена да во име на Здружението го поднесе предметното Барање“. Барателот до Државната комисија за спречување на корупцијата доставил Овластување бр.03-067/16 од 23.02.2016 година, заведено кај имателот под бр.03-255/3.
По добиеното Овластување од барателот, Државната комисија за спречување на корупцијата на 03.03.2016 година до барателот доставила Барање бр.03-255/4 со кое побарала „…да го дополните барањето во смисла на член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации на начин што во Барањето ќе биде наведено точно со која информација-документ од јавен карактер…сакате да се запознаете…“.
Откако барателот на информации одговорил и на ова Барање на Државната комисија за спречување на корупцијата со допис бр.03-255/5, имателот на информации на 15.03.2016 година изготвил Записник за позитивен одговор по барање бр.03-255/6 и до барателот на 23.03.2016 година доставил допис бр.03-255/7, насловен „Доставување на информација“, во кој е наведено дека „Прашањето на кое барате одговор е регулирано со одредбите од Законот за спречување на корупцијата, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Одлуката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија за определување коефициент за утврдување на плата на претседателот и на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.45/11 и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување“.
Незадоволна од добиениот одговор, М.Ј. , новинар во Балканска истражувачка репортерска мрежа БИРН – Скопје, поднесе Жалба до Комисијата, во која наведува дека „…добиен е само делумен одговор, со цел да се избегне да се даде конкретната информација која беше побарана“.
Комисијата, со допис бр.08-106 од 30.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 13.04.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-255/9 од 08.04.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-106. Во Одговорот на жалба, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека „…позитивно одговори на начин што до барателот достави одговор бр.03-255/7“ и смета дека Жалбата е недопуштена, а жалбените наводи неосновани од причина што „…подносителот на барањето, т.е. сега жалителот нема поднесено повторно барање во смисла на член 24 став 4 од ЗСПИЈК, како дадена можност…“, како и дека „…подносителот на барањето нема правен основ за поднесување на предметната жалба“.
Од списите во врска со предметот, Комисијата оцени дека Државната комисија за спречување на корупцијата, во Одговорот на жалба се повикува на одредбата од член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во која наведува дека „…. сега жалителот нема поднесено повторно барање во смисла на член 24 став 4 од ЗСПИЈК…“, што е неосновано бидејќи, како што и сама заклучува, претставува само дадена законска можност за барателот, но не претставува задолжителна постапка која се однесува на него.
Во Жалбата, пак, на жалителот е наведено: „…на 03.03.2016 година повторно беше побарано дополнување на Барањето и да образложиме „точно со која информација сакаме да се запознаеме“.Барањето го дополнивме со образложение дека „бараме информација за износот на платите и придонесите на секој член од ДКСК кој е именуван од Собранието“.
Комисијата смета дека Барањето на барателот е јасно и е во согласност со Законот, а Жалбата на жалителот е основана.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му овозможила пристап до бараните информации на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од М.Ј. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 мај 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од М.Ј. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Анкетни листови за имотната состојба на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 27. 05. 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Заклучокот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-253/4 од 29.02.2016 година и Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-253/8 од 15.03.2016 година се поништуваат.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-105 на 29.03.2016 година, изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“, застапувано од М.Ј. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 27. 05. 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Заклучокот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-253/4 од 29.02.2016 година и Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-253/8 од 15.03.2016 година ги поништи.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното:
Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“, застапувано од М.Ј. од Скопје, на 13.01.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, примено на 25.01.2016 година под бр. 03-253/1 и побарало да му биде доставен препис или електронски запис од следната информација:
„Анкетни листови за имотната состојба на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата“.
Непостапувајќи во законски предвидениот рок за доставување одговор по Барањето, Државната комисија за спречување на корупцијата до барателот доставила Заклучок бр. 03-253/4 од 29.02.2016 година со кој се прекинува постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, во кој навела дека Државната комисија за спречување на корупцијата не располага со бараната информација, односно дека имател на бараната информација е Собранието на Република Македонија – Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Собранието на Република Македонија на 11.03.2016 година доставило Одговор бр.16-1467/3 до Државната комисија за спречување на корупцијата. Во Одговорот навело дека: „…имател на информацијата, односно анкетните листови и пријавите за промена на имотната состојба на членовите на Државната комисија е и самата Државна комисија…поради што Државната комисија треба да постапи по поднесеното Барање“.
Исто така, Државната комисија за спречување на корупција до барателот доставила Решение бр. 03-253/8 од 15.03.2016 година со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер се одбива со образложение дека бараните информации содржат лични податоци заштитени со закон.
Незадоволна од постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата по Барањето, М.Ј., новинар во Балканска истражувачка репортерска мрежа БИРН – Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-105 од 01.04.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата на 14.04.2016 година достави Одговор на жалба бр. 03-253/10 од 13.04.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-105. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Видно од списите во предметот, барател на информациите-документите е здружението на граѓани “Балканска истражувачка репортерска мрежа” Скопје. Овластено лице на барателот е лицето А.П. – претседател на здружението. Предметната жалба е изјавена од лицето М.Ј. од Скопје…лицето М.Ј. е овластена-ополномоштена во име на здружението само да бара информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Од содржината и обемот на споменатото овластување-полномошно, кое од страна на барателот и е издадено на лицето М.Ј.а, како и од одредбите од Законот за општата управна постапка јасно е дека лицето кое ја има изјавено жалбата не е овластено за изјавување на предметната жалба…“.
Комисијата укажува дека согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: „право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација“. Во конкретниот случај барател на информациите е М.Ј. и истата ужива правна заштита согласно цитираниот член.
Што се однесува на наведеното Решение бр.03-253/8 од 21.03.2016 година со кое е одбиен пристапот до бараната информација, во чие што Образложение е наведено дека: „…бараните информации-документи содржат лични податоци кои се заштитени со закон. Откривањето или на друг начин правење на достапни на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци и навлегување во приватноста“, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата (“Службен весник на Република Македонија“ бр.126/2006), член 35 став 1 од Законот за спречување на корупцијата се менува и гласи: „Податоците од анкетниот лист претставуваат информации од јавен карактер, освен податоците заштитени со закон“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од советник Н.П. од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 11 мај 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од советник Н.П. од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Колку изнесува вкупна сума за БИТФЕСТ 2014 за негова реализација“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-87 на 09.03.2016 година, изјавена од Н.П. од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.П. од Битола на 28.09.2015 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, примено во Општината на 28.09.2015 година, со кое побарала по пошта да и се достави во печатена форма следната информација:
„Колку изнесува вкупна сума за БИТФЕСТ 2014 за негова реализација.“
Општина Битола по ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-87 од 10.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Битола на 28.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.41-122/7 од 27.04.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-87. Во прилог на Одговорот, Општина Битола ги достави интерните дописи со кои побарала одговор од внатрешните одделенија на Општината.
Општина Битола по е-маил до Комисијата ја достави поштенската повратница од која може да се види дека Н.П. од Битола добила одговор на нејзиното Барање.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Битола постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на ¬¬¬¬11 мај 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Барање за заштита на правото на донесување на соодветна одлука во извршување на судска одлука на Врховниот суд и заштита на право на преземање на соодветни дејства од Судот кој ја донел таа одлука со цел извршување на истата по право на надзор дали истата е извршена и истото во разумен рок како и побарување на правичен надомест. Трите барања се поднесени во врска со Решение донесено од страна на Врховниот суд на Р.М под ПСРРУ.бр.5/2013г. кое потоа е потврдено со Решение на Врховниот суд на Р.М под ПСРРЖ.бр.30/2014 г.
Со наведеното решение под ПСРРУ.бр.5/2013г. на Врховниот суд е определено:
1. Да ЈУ-МЦСР-Скопје веднаш а најдоцна во рок од 3 месеци сметано од денот на приемот на правосилното решение да одлучи за правото на барателот предвидено согласно Ззаконот за социјална заштита во постапката по предметот 3225-54645 (поништено решение од 03.07.2005г.)
2. Да ЈУ-МЦСР-Скопје веднаш а најдоцна во рок од 3 месеци сметано од денот на приемот на правосилното решение да одлучи за правото на барателот предвидено согласно Законот за социјална заштита во постапката по предметот 3225-54645 (поништено решение од 20.07.2006г.)
3. Да Управниот суд на Р.М веднаш а најдоцна, во рок од 3 месеци сметано од денот на приемот на правосилното решение да одлучи за правото на барателот предвидено согласно Законот за управните спорови-ЗУС во постапката по предметот У-4.бр.974/2010г “, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-99 17.03.2016 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-99 на 17.03.2016 година, В.У. од Скопје на 25.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија, заведено под бр.Спи.бр.2/2016, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
“Барање за заштита на правото на донесување на соодветна одлука во извршување на судска одлука на Врховниот суд и заштита на право на преземање на соодветни дејства од Судот кој ја донел таа одлука со цел извршување на истата по право на надзор дали истата е извршена и истото во разумен рок како и побарување на правичен надомест. Трите барања се поднесени во врска со Решение донесено од страна на Врховниот суд на Р.М под ПСРРУ.бр.5/2013г. кое потоа е потврдено со Решение на Врховниот суд на Р.М под ПСРРЖ.бр.30/2014г.
Со наведеното решение под ПСРРУ.бр.5/2013г. на Врховниот суд е определено:
4. Да ЈУ-МЦСР-Скопје веднаш, а најдоцна во рок од 3 месеци сметано од денот на приемот на правосилното решение да одлучи за правото на барателот предвидено согласно Ззаконот за социјална заштита во постапката по предметот 3225-54645 (поништено решение од 03.07.2005г.)
5. Да ЈУ-МЦСР-Скопје веднаш а најдоцна во рок од 3 месеци сметано од денот на приемот на правосилното решение да одлучи за правото на барателот предвидено согласно Законот за социјална заштита во постапката по предметот 3225-54645 (поништено решение од 20.07.2006г.)
6. Да Управниот суд на Р.М веднаш а најдоцна во рок од 3 месеци сметано од денот на приемот на правосилното решение да одлучи за правото на барателот предвидено согласно Законот за управните спорови-ЗУС во постапката по предметот У-4.бр.974/2010г.“
Врховниот суд на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање на В. У.од Скопје му доставило Известување СПИ.бр.2/2016 од 22.02.2016 година. Во Известувањето е наведено дека:“ Со оглед дека се работи за барање на повеќе информации потребно е подолго време за да се направи проверка и одговориме на истото барање. Оттука Ве известуваме дека во конкретниот случај ќе се постапи согласно член 22 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Незадоволен од наведеното Известување, В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-99 од 21.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Врховниот суд на Република Македонија на 12.04.2016 година до Комисијата достави Известување СПИ.бр.2/2016 од 11.04.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-99.
Во Известувањето е наведено дека “ Врховниот суд на Република Македонија, со оглед на тоа дека се работи за барање на повеќе информации и дека е потребно подолго време за да се направи проверка и одговор на истото, ја известивме странката дека ќе се постапи согласно член 22 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На ден 11.03.2016 година Врховниот суд на Република Македонија изготви одговор на барање и истото го достави до В.У.. Во Одговорот е наведено дека: “Во врска со точка 1)….По проучување на списите на предметот, Врховниот суд на Република Македонија утврдил дека предметот у.бр.1580/08(УИ.бр.40/09) се наоѓа во фаза на повторно одлучување пред Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на град Скопје, во врска со поништено решение број 3225-54645 од 03.07.2005 година; Во врска со точка 2)… По проучување на списите на предметот, Врховниот суд на Република Македонија утврдил дека предметот УИ.бр.48/10 се наоѓа во фаза на повторно одлучување пред Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на град Скопје, во врска со поништено решение број 3225-54645 од 20.07.2006 година; Во врска со точка 3)… По проучување на списите на предметот, Врховниот суд на Република Македонија утврдил дека предметот се наоѓа во фаза на повторно одлучување пред Управниот суд по поднесена тужба за управен спор и оформен е предмет У4.бр.974/10.“ Во прилог ги достави и сите списи во врска со предметот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Врховниот суд на Република Македонија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Регулаторната комисија за домување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 11 мај 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Регулаторната комисија за домување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Копија од писмената изјава согласно чл.5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи (Сл.Весник на РМ бр.113/14) со која на Претседателот на регулаторната комисија за домување му се продолжува договорот за вработување.
2. Копија од актот со кој согласно чл.5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи (Сл.Весник на РМ бр.113/14) со која на Претседателот на Регулаторната комисија за домување му се продолжува договорот за вработување.
3. Дали по истекот на мандатот на членовите на Регулаторната комисија за домување на 17.06.2014 година е спроведена постапка за именување на нови членови на Комисијата или реименување на старите членови? Ве молиме да ни ги доставите сите акти во врска со таа постапка. “, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-109 на 07.04.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Регулаторната комисија за домување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку С.Т., претседател на Здружението, на 16.03.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-596 до Регулаторната комисија за домување, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„1.Копија од писмената изјава согласно чл.5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи (Сл.Весник на РМ бр.113/14) со која на Претседателот на регулаторната комисија за домување му се продолжува договорот за вработување.
2. Копија од актот со кој согласно чл.5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи (Сл.Весник на РМ бр.113/14) со која на Претседателот на Регулаторната комисија за домување му се продолжува договорот за вработување.
3. Дали по истекот на мандатот на членовите на Регулаторната комисија за домување на 17.06.2014 година е спроведена постапка за именување на нови членови на Комисијата или реименување на старите членови? Ве молиме да ни ги доставите сите акти во врска со таа постапка. “.
Регулаторната комисија за домување, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање доставила Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.0302-153/2 од 25.03.2016 година, а во Здружението заведено под бр.0303-600 од 30.03.2016 година.
Незадоволно од наведениот Одговор, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија – Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-109 од 08.04.2016 година ја препрати Жалбата до Регулаторната комисија за домување и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Регулаторната комисија за домување на 21.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.0302-202/2 од 18.04.2016 година, а во Комисијата заведен под бр.08-109. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.04.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија преку е-маил ја извести Комисијата дека се задоволни од добиениот одговор од Регулаторната комисија за домување, со посредство на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Регулаторната комисија за домување постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.