ДОНЕСЕНИ 18 РЕШЕНИЈА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 128-та седница одржана на 27 април 2016 година, донесе 18 решенија.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-349/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на И.Т., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци),
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци),
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? и
– за други трошоци во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има“ и Дополнувањето на Барањето бр.03-349/3 од 26.02.2016 година, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-349/4 од 07.03.2016 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-92 на 11.03.2016 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-349/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Дополнувањето на Барањето бр.03-349/3 од 26.02.2016 година, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-349/4 од 07.03.2016 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 27.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, заведено под бр.03-349/1 со кое побарал по пошта и е-маил да му се достави фотокопија од следните информации:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на И.Т., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци),
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци),
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? и
– за други трошоци во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има..“
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, со допис бр.03-349/2 од 24.02.2016 година побарала дополнување на Барањето. Со наведениот допис, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала од Г.Л. да наведе со кои конкретни документи сака да се запознае, во рок од 3 (три) дена од приемот на дописот или во спротивно ќе констатира дека Барањето е повлечено.
Г.Л. постапил по Барањето за дополнување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и на 26.02.2016 година поднел Дополнување на Барање бр.03-349/3.
По Дополнувањето на Барањето, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-349/4 од 07.03.2016 година, со кое се отфрла Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.Л. со бр.03-349/1 од 27.01.2016 година. Во образложението на Решението, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнило условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа не може да го разледува истото од аспект на одредбите од истиот закон.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Г.Л. наведува дека во прилог ги доставува потребните документи од кои јасно се гледа што бара.
Комисијата, со допис бр.08-92 од 15.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 04.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-349/6 од 30.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-92. Во Одговорот на жалба, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека останува во целост на донесеното решение и причините за решителните факти дадени во образложението на истото. Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што согласно членот 17, став 5 од истиот закон, со Решение го отфрлила Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и на барателот Г.Л. не му овозможила пристап до бараните документи на начин и во форма наведени во Барањето. Спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-349/4 од 07.03.2016 година, со кое го отфрлила Барањето, поради што Комисијата истото го поништува.
Во конкретниов случај, Комисијата утврди дека Г.Л. јасно и недвосмислено навел со кои инфомации/документи бара да се запознае, а Државната комисија за спречување на корупцијата е должна на барателот да му овозможи пристап до информациите/документите на начин и во форма наведени во Барањето и во Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од З.К. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 239 и член 246 став 2 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од З.К. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве информирам дека ЖИ ГО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје на 26.01.2016 достави Понуда до Заедницата на сопственици на станбена зграда на ул.Шекспирова бр.7, Скопје, за изработка на проектна документација за доградба на станбена зграда (за првите два влеза) (во прилог). Имајќи го предвид новиот ДУП т.е. ДУП-от за Градска четврт 3 08 (опфат помеѓу бул.Илинден, ул.Френклин Рузвелт, бул Партизански одреди и бул. 8-ми Септември), Одлука бр.08-1483/5 од 20.02.2015, Ве молам да ми ги доставите следниве информации за станбената зграда на ул.Шекспирова бр.7, односно на ул.Веселин Маслеша бр.7, 1000 Скопје (Катастарска парцела 1892)
1.Дали според горенаведениот ДУП е дозволена доградба? Ако е дозволена доградба, тогаш:
1.1.Колку изнесува дозволената ширина на доградбата (димензии)?
1.2.Дали се работи за доградба како станбена површина или за доградба како тераса?
1.3.Ако се работи за доградба како тераса, дали е дозволено терасата да се пренамени во станбена површина?
1.4.Ако не е дозволено да се пренамени, а некое лице (станар, инвеститор и сл.) ја пренамени терасата во станбена површина тогаш каква санкција ќе му биде изречена?
1.5.Дали е дозволено да се врши доградба на само два влеза (прв и втор влез) од зграда која се состои од вкупно четири влеза?“,СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016),ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-83 на 07.03.2016 година, изјавена од З.К. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, З.К. од Скопје на 03.02.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, заведено во Општината под бр.12-1116/1 на 03.02.2016 година со кое побарала по пошта да и се достави во писмена форма следната информација:
„Ве информирам дека ЖИ ГО ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје на 26.01.2016 достави Понуда до Заедницата на сопственици на станбена зграда на ул.Шекспирова бр.7, Скопје, за изработка на проектна документација за доградба на станбена зграда (за првите два влеза) (во прилог). Имајќи го предвид новиот ДУП т.е. ДУП-от за Градска четврт 3 08 (опфат помеѓу бул.Илинден, ул.Френклин Рузвелт, бул Партизански одреди и бул. 8-ми Септември), Одлука бр.08-1483/5 од 20.02.2015, Ве молам да ми ги доставите следниве информации за станбената зграда на ул.Шекспирова бр.7, односно на ул.Веселин Маслеша бр.7, 1000 Скопје (Катастарска парцела 1892)
1.Дали според горенаведениот ДУП е дозволена доградба? Ако е дозволена доградба, тогаш:
1.1.Колку изнесува дозволената ширина на доградбата (димензии)?
1.2.Дали се работи за доградба како станбена површина или за доградба како тераса?
1.3.Ако се работи за доградба како тераса, дали е дозволено терасата да се пренамени во станбена површина?
1.4.Ако не е дозволено да се пренамени, а некое лице (станар, инвеститор и сл.) ја пренамени терасата во станбена површина тогаш каква санкција ќе му биде изречена?
1.5.Дали е дозволено да се врши доградба на само два влеза (пвр и втор влез) од зграда која се состои од вкупно четири влеза?“
Општина Карпош, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање доставило Одговор на барање бр.12-1116/2 од 29.02.2016 година. Во Одговорот Општина Карпош наведува дека: „Ве известувам дека во врска со Вашето барање бр.12-1116/1 побарана е информација од Секторот урбанизам, заклучно денес 29.02.2016 година немаме одговор затоа Ве молиме директно да се информирате во Секторот за Урбанизам при Општина Карпош каде ќе ја добиете потребната информација.“
Незадоволна од наведениот Одговор на барање, З.К. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-83 од 07.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Општина Карпош на 16.03.2015 година до Комисијата достави Произнесување по доставена Жалба бр.12-1116/5 од 14.03.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-83. Во Произнесувањето, Општина Карпош наведува дека: „Ја користам оваа прилика да Ве информирам дека со оглед на фактот што поднесеното Барање е од поголем обем, односно се потребни повеќе одговори, јас како овластено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер побарав од Секторот урбанизам во Општина Карпош освен писмено странката да биде контактирана и усно односно истата е поканета во Секторот за урбанизам детално да биде информирана за своето барање со единствена цел добивање на квалитетна информација.“
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Карпош, како првостепен орган, пропуштила да утврди дали барателот на информации постапил согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дали побарал да го оствари своето право на пристап до информација од имателот на информации согласно закон.
Комисијата, постапувајќи согласно член 239 и член 246 став 2 од Законот за општата управна постапка, утврди дека Барањето поднесено од З.К. од Скопје до Општина Карпош не е поднесено согласно член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Покрај формалниот пропуст, Општина Карпош постапила по Барањето и, со Одговор на барање бр.12-1116/2 од 29.02.2016 година, направила обид за одговарање на Барањето, упатувајќи го барателот како да дојде до бараниот одговор. Барателот на информациите, не користејќи ја оваа можност, поднел Жалба до Комисијата.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој закон.
Согласно член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Во Барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис). Во конкретниот случај, барателот до имателот на информации поставил повеќе прашања, преку кои барал од имателот да му изготви нов документ, со каков што тој не располагал, што не е дозволено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“.
Поради наведеното, а согласно член 239 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе оваа Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Анкетен лист за имотната состојба што ја поднела Г.Ј. при стапувањето на функцијата и анкетниот лист поднесен по престанокот на функцијата министер за внатрешни работи“,СЕ ОДБИВА.
Решението на Државната комисија за спречување на корупција бр.03-2479/2 од 03.12.2015 година, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-937 од 23.12.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението бр. 03-2479/2 од 03.12.2015 година на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното:
Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“, застапувано од Р.З. од Скопје, на 05.11.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата и побарало да му биде доставен препис или електронски запис од следната информација:
„Анкетен лист за имотната состојба што ја поднела Г.Ј. при стапувањето на функцијата и анкетниот лист поднесен по престанокот на функцијата министер за внатрешни работи“.
Државната комисија за спречување на корупцијата не доставила одговор до барателот во законски предвидениот рок, по што е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр.08-937 на 07.12.2015 година.
Комисијата, со допис бр.08-937 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 23.12.2015 година Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“, застапувано од Р.З. од Скопје до Комисијата достави нова Жалба бр.08-937, во која е наведено дека истата ја поднесува против Решение на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-2479/2 од 03.12.2015 година, со кое е одбиен пристапот до бараната информација.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата на 25.12.2015 година достави Одговор на жалба бр. 03-2479/4 од 23.12.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-937. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Предметното барање за пристап до информации од јавен карактер кај Државната комисија за спречување на корупцијата е примено на 09.11.2015 година. По Барањето е постапено согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што е донесено Решение под бр.03-2479/2 од 03.12.2015 година. Конкретниот управен акт до барателот е испратен по пошта, со препорачена пратка со повратница на 04.12.2015 година. Причините зошто препорачаната поштенска пратка со посочениот конкретен управен акт, донесен како одговор на предметното барање, не е примен од страна на барателот не стојат на страната на испраќачот, ниту пак истите му се познати. Со оглед на наведеното произлегува дека по Барањето е постапено во законски утврдениот рок…“.
Комисијата, со допис бр.08-937 од 28.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во прилог на Одговорот доставено е Решението бр.03-2479/2 од 03.12.2015 со кое е одбиен пристапот до бараната информација. Во Образложението на Решението е наведено дека : „…именуваното лице повеќе не ја извршува споменатата функција, односно истото нема својство на избрано/именувано лице во смисла на одредбите од Законот за спречување на корупцијата. Бараните информации-документи содржат лични податоци кои се заштитени со закон. Откривањето или на друг начин правење на достапни на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци и навлегување во приватноста. Согласно со член 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. Согласно со член 6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија.“ бр.13/20, 86/08, 06/10 и 42/14), имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци и приватноста. Државната комисија за спречување на корупцијата, како имател на информации од јавен карактер, постапувајќи во смисла на член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 3 став 1 алинеа 6 од истиот Закон, ги разгледа последиците кои можат да настанат доколку позитивно се одговори на Барањето и бараните информации-документи бидат доставени до барателот и тоа: повреда на заштита на личните податоци, како и повреда на гаранцијата за заштита на личните податоци и приватноста на секое физичко лице без дискриминација, во однос на јавниот интерес кој би се постигнал со доставување на бараните документи и тоа: правото на слободен пристап кон информациите, начелото на јавност и јавна контрола на вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и положба, како и работите од јавен интерес и сл. …по разгледување на резултатите од спроведениот тест на штетност, односно по разгледување на последиците врз интересот кој се заштитува во однос на јавниот интерес што би се постигал со доставување на документите, Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека доколку бараните документи бидат доставени до барателот, штетните последици врз интересот кој се заштитува се поголеми во однос на јавниот интерес. Во прилог на спроведувањето на тестот на штетност во конкретниот случај Државната комисија посебно ја разгледа можноста за овозможување на делумен пристап на барателот до бараните документи, во смисла на член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. При разгледување на таквата можност, Државната комисија констатира дека информациите заштитени со закон содржани во бараните документи не можат да бидат одвоени од документите без при тоа да се загрози нивната безбедност, како и без да доведе до губење на смислата на истите што би довело до погрешно разбирање на содржината на истите.“
Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје на 23.12 2015 година до Комисијата достави Жалба против Решението на Државната комисија за спречување на корупција бр.03-2479/2 од 03.12.2015 година, а во Комисијата заведена под бр.08-937.
Комисијата со допис бр.07-937 од 28.12.2015 година ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата на 13.01.2016 година достави Одговор на жалба бр. 03-21/2 од 05.01.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-937 и сите списи во врска со предметот. Во Одговорот на жалба е наведено дека Државната комисија за спречување на корупцијата „…останува во целост на донесеното Решение и причините и решителните факти дадени во Образложението на истото“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела Решение со кое Барањето за пристап до информации се одбива. Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата е правилно и врз закон засновано.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од м-р Н.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од м-р Н.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-188/2 од 10.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по Предлог УПП. Бр.09-27 на Министерството за правда на РМ.“ СЕ УВАЖУВА.
Решението бр.03-188/2 од 10.03.2016 година на Комората на извршители на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација, со бришење на личните податоци, најдоцна до 16 мај 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр.08-857 од 25.03.2016 година, изјавена од м-р Н.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-188/2 од 10.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ, Решението бр.03-188/2 од 10.03.2016 година на Комората на извршители на Република Македонија ГО ПОНИШТИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација, со бришење на личните податоци, најдоцна до 16 мај 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, со Решение бр.08-857 од 05.02.2016 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Комората на извршители на РМ е задолжена најдоцна до 20.02.2016 година на брателите Б.М., м-р Н.М. и м-р И.М. од Ресен да им ја достави информацијата: „Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по барање од Министерството за правда на РМ со Предлог УПП. Бр.09-27, односно информации кои ги создала и со кои располага Комората на извршители“ со бришење на личните податоци, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комората на извршители на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, не постапила по цитираното Решение на Комисијата и донела Решение бр.03-188/2 од 10.03.2016 година со кое го одбила барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.03-188/1 од 23.02.2016 година, од барателот Н.М. од Ресен, законски наследник на Г.М., сега бивш од Ресен, со кое бара да му се достави информацијата:„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по Предлог УПП. Бр.09-27 на Министерството за правда на РМ.“. Со Решението бр.03-188/2 од 10.03.2016 година, Комората на извршители на РМ како што се наведува во диспозитивот “…одобрува делумен пристап до информации од јавен карактер согласно барањето од барателот…во поинаква форма од бараната” и го упатува барателот информацијата да ја бара на посочени веб локации на Министерството за правда и на Комората на извршители на РМ. Во образложението на цитираното Решение, Комората на извршители на РМ, наведува дека го одбива Барањето за пристап до информации согласно член 6, точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и по претходно спроведен тест на штетност, констатирала дека давањето на информациите би имало штетни последици за текот на постапката.
Незадоволен од наведеното Решение, м-р Н.М. од Ресен поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.08-857 од 04.04.2016 година ја препрати Жалбата до Комората на извршители на РМ и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Комората на извршители на РМ на 19.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-169/7 од 15.04.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-857. Во Одговорот, Комората се произнесе дека наводите на жалителот се неосновани од причина што Комората во законски предвидениот рок донела Решение и наведува дека “…Комората на извршители на РМ утврди дека бараната информација се однесува на Решение донесено во дисциплинска постапка која се уште не е материјално правосилна поради фактот што извршителот вложил Тужба против Решението ДП.бр.6/15 на Дисциплинската Комисија на Комората на извршители на РМ до Управниот суд на РМ пред кој е заведен управен спор за оваа правна работа а сето тоа видно од рецепис од пошта за достава на Тужба до Управен суд Скопје примена во судот на ден 29.02.2016 година. Комората ценеше дека информациите со кои располага и кои барателот ги барал би станале достапни во оној момент кога ќе престанат причините за нивната недостапност односно по правосилно завршување на постапката пред Управниот суд на РМ.“ Истовремено ја известува Комисијата дека против Решението на Комисијата бр.08-857 од 05.02.2016 година, Комората повела управен спор пред Управниот суд на РМ, за поништување на истото.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се доставени во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување.” Повикувајќи се на наведениот член, Комората на извршители на РМ со сега оспореното Решение, одобрува делумен пристап до бараната информација, поточно го упатува барателот информацијата да ја најде на посочени веб локации, без притоа да образложи зошто тоа е поповолно за барателот.
Комората на извршители на РМ го одбила пристапот до бараната информација повикувајќи се на член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој гласи:”(1)Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на: 5) информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката.” Во врска со наведеното, Комисијата и укажува на Комората на извршители дека бараната информација-Решение од дисциплинска постапка на Комората на извршители на РМ е информација од јавен карактер и не е исклучок од слободниот пристап до информации. Имено, таа претставува готов документ, донесен по дисциплинска постапка завршена пред Комората на извршители на РМ, и истата треба да му се достави на барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, со бришење на личните податоци. Решение на Комората на извршители на РМ по спроведена дисциплинска постапка е готов документ донесен во фаза од постапката која е веќе завршена пред Комората, независно што е поведен управен спор против истото пред Управниот суд.
Во Решението бр.03-188/2 од 10.03.2016 година, Комората на извршители на РМ само наведува дека го спровела тестот на штетност врз основа на кој констатирала дека давањето на информацијата би имало штетни последици за текот на постапката, без притоа да наведе кои односно какви штетни последици би настанале. Поради се горенаведено, Комисијата утврди дека Решението на Комората на извршители на РМ бр.03-188/2 од 10.03.2016 година не е согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, истото не е аргументирано во насока на членовите од Законот на кои се повикува Комората и го поништи.
Комисијата утврди дека Комората на извршители на Република Македонија е должна на барателот да му ја достави бараната информација-„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по Предлог УПП. Бр.09-27 на Министерството за правда на РМ.“ на начин и во форма наведени во Барањето, со бришење на личните податоци, како што впрочем се објавуваат на веб страниците.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ДТУ Трготекстил заеднички служби АД увоз-извоз Скопје, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од ДТУ Трготекстил заеднички служби АД увоз-извоз Скопје, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве замолуваме согласно одредбите од Законот за пристап до информации во најкраток можен рок на нашата адреса…поштенски фах 238 при поштата во Скопје ни доставите во оригинал по еден примерок од Вашите решенија за приватизација на градежно земјиште за КП 11933 КО Центар 1 Скопје и тоа:
– У.бр.26-661/11 од 24.01.2011 година
– У.бр.26-660/11 од 23.03.2015 година
– У.бр.26-660/11 од 23.03.2015 година
– У.бр.26-658/11 од 10.06.2015 година
– У.бр.26-658/11 од 10.06.2015 година
– У.бр.26-661/11 од 24.01.2011 година
– У.бр.26-666/11 од 22.06.2015 година
– У.бр.26-657/11 од 24.06.2015 година
– У.бр.26-662/11 од 20.07.2015 година“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган. Решението на Министерството за финансии бр.03-1101/1 од 15.02.2016 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-81 од 03.03.2016 година, изјавена од ДТУ Трготекстил заеднички служби АД увоз-извоз Скопје, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган. Решението на Министерството за финансии бр.03-1101/1 од 15.02.2016 година го поништи.
Комисијата, по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното:
ДТУ Трготекстил заеднички служби АД увоз-извоз Скопје, на 22.01.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје, заведено во Министерството за финансии под бр.26-159/1, со кое ги побарало следните документи:
„Ве замолуваме согласно одредбите од Законот за пристап до информации во најкраток можен рок на нашата адреса…поштенски фах 238 при поштата во Скопје ни доставите во оригинал по еден примерок од Вашите решенија за приватизација на градежно земјиште за КП 11933 КО Центар 1 Скопје и тоа:
– У.бр.26-661/11 од 24.01.2011 година
– У.бр.26-660/11 од 23.03.2015 година
– У.бр.26-660/11 од 23.03.2015 година
– У.бр.26-658/11 од 10.06.2015 година
– У.бр.26-658/11 од 10.06.2015 година
– У.бр.26-661/11 од 24.01.2011 година
– У.бр.26-666/11 од 22.06.2015 година
– У.бр.26-657/11 од 24.06.2015 година
– У.бр.26-662/11 од 20.07.2015 година “.
Постапувајќи по наведеното Барање, Министерството за финансии до барателот доставило Известување бр.26-159/3 од 04.02.2016 година. Во него, меѓу другото, е наведено дека станува збор за „… предметното земјиште од КП 11933 КО Центар 1, поднесени се 13 барања за приватизација од правни и физички лица, од кои 11 се правосилни. Во постапката при донесување на решенијата за приватизација, кои содржат лични податоци на подносителите на барањата…и елаборат со список на сопственици…“. Во исто време до барателот е доставено и Решение бр.03-1101/1 од 15.02.2016 година, со кое го одбило пристапот до бараните документи, со Образложение дека истите содржат „…лични податоци за барателите кои ги имаат поднесено барањата за приватизација на градежното земјиште“, дека станува збор за „…списи-решенија по предмети во управна постапка…“ и, согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, претставуваат исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволно од Решението на Министерството за финансии, ДТУ Трготекстил заеднички служби АД увоз-извоз Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-81 од 07.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии до Комисијата на 16.03.2016 година достави Одговор на жалба бр. 03-1101/2 од 16.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-81. Во Одговорот на жалба е наведено дека имателот на информации останува на наводите во Известувањето бр.26-159/3 од 04.02.2016 година и во оспореното Решение бр.03-1101/1 од 15.02.2016 година.
Што се однесува до наводите во Известувањето на Министерството за финансии бр.26-159/3 од 04.02.2016 година дека станува збор за „… предметното земјиште од КП 11933 КО Центар 1, поднесени се 13 барања за приватизација од правни и физички лица, од кои 11 се правосилни. Во постапката при донесување на решенијата за приватизација, кои содржат лични податоци на подносителите на барањата…и елаборат со список на сопственици…“, Комисијата укажува дека, за разлика од заштитените лични податоци на физичките лица, податоците за правните лица не се заштитени согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер . Согласно член 7 од истиот Закон, на барателот може да му се овозможи делумен пристап до бараните информации на начин и во форма предвидени во Законот, а кои се однесуваат на правните лица, водејќи сметка за заштита на личните податоци кои ги содржат истите, односно со нивно прикривање.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје, како првостепен орган, пропуштила да утврди дали барателот на информации постапила согласно член 12 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дали побарал да го оствари своето право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага „со увид, препис, фотокопија или електронски запис“, или побарал друга форма (во случајот оригинал примерок од документи) која не е пропишана во Законот.
Покрај формалниот пропуст, Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје постапила по Барањето и согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела Решение со кое го одбила пристапот до бараните информации согласно член 6 став 1 точка 2 од истиот Закон. Во конкретниот случај, Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје, Барањето не го одбила и согласно член 6 став 1 точка 5 од Законот, иако во оспореното Решение тврди дека станува збор за „…списи-решенија по предмети во управна постапка…“.
Комисијата утврди дека оспореното Решение не е во согласност со одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во истото неосновано се тврди дека сите барани информации содржат податоци кои согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот, претставуваат исклучок од слободниот пристап до информации. Комисијата укажува дека во конкретниов случај бараните информации се однесуваат не само за физички, туку и за правни лица, а податоците за правните лица неспорно се информации од јавен карактер. Согласно член 2 точка 1 од Законот за заштита на лични податоци „личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице, или лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно, или индиректно, посебно врз основа на единствен матичен број на граѓанинот, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, ментален, економски, културен или социјален идентитет“.
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното:
Доколу Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје сметала дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должна била да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе сите причини за одбивањето. Со оглед на тоа што во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не се предвидени апсолутни исклучоци од истиот, пред да го одбие пристапот должна била во спроведениот тест на штетност да ги провери и образложи евентуалните последици врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Доколку Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје утврдила дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, требала да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација, на начин и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
При повторното постапување по предметот, Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Скопје е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-345/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на С.Х., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци),?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“ и Дополнувањето на Барањето бр.03-345/3 од 26.02.2016 година, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијатана барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-345/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијатабр.03-345/4 од 07.03.2016 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-91 на 11.03.2016 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијатабр.03-345/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Дополнувањето на Барањето, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-345/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијатабр.03-345/4 од 07.03.2016 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 27.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, заведено под бр.03-345/1 со кое побарал по пошта и е-маил да му се достави фотокопија од следните информации:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на С.Х., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци),?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, со допис бр.03-345/2 од 24.02.2016 година побарала дополнување на Барањето. Со наведениот допис, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала од Г.Л. да наведе со кои конкретни документи сака да се запознае, во рок од 3 (три) дена од приемот на дописот, или во спротивно ќе констатира дека Барањето е повлечено.
Г.Л. постапил по барањето за дополнување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и на 26.02.2016 година поднел Дополнување на Барање бр.03-345/3.
По Дополнувањето на Барањето, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-345/4 од 07.03.2016 година, со кое се отфрла Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.Л. со бр.03-345/1 од 27.01.2016 година. Во образложението на Решението, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнувало условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа не може да го разледува истото од аспект на одредбите од истиот закон.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Г.Л. наведува дека во прилог ги доставува потребните документи, од кои јасно се гледа што бара.
Комисијата, со допис бр.08-91 од 15.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 04.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-345/6 од 30.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-91. Во Одговорот на жалба, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека останува во целост на донесеното решение и причините за решителните факти дадени во образложението на истото. Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што согласно членот 17, став 5 од истиот закон, со Решение го отфрлила Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот Г.Л. не му овозможила пристап до бараните документи на начин и во форма наведени во Барањето. Спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-345/4 од 07.03.2016 година, со кое го отфрлила Барањето, поради што Комисијата истото го поништува.
Во конкретниов случај, Комисијата утврди дека Г.Л. јасно и недвосмислено навел со кои инфомации/документи бара да се запознае, а Државната комисија за спречување на корупцијата е должна на барателот да му овозможи пристап до информациите/документите на начин и во форма наведени во Барањето и во Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-348/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на Ж.Д., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“ и Дополнувањето на Барањето бр.03-348/3 од 26.02.2016 година, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16. 05. 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-348/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-348/4 од 07.03.2016 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-95 на 11.03.2016 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-348/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Дополнувањето на Барањето бр.03-348/3 од 26.02.2016 година, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16. 05. 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-348/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-348/4 од 07.03.2016 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 27.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, заведено под бр.03-348/1 со кое побарал по пошта и е-маил да му се достави фотокопија од следните информации:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на Ж.Д., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, со допис бр.03-348/2 од 24.02.2016 година побарала дополнување на Барањето. Со наведениот допис, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала од Г.Л. да наведе со кои конкретни документи сака да се запознае, во рок од 3 (три) дена од приемот на дописот или во спротивно ќе констатира дека Барањето е повлечено.
Г.Л. постапил по Барањето за дополнување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и на 26.02.2016 година поднел Дополнување на Барање бр.03-348/3.
По Дополнувањето на Барањето, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-348/4 од 07.03.2016 година, со кое се отфрла Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.Л. со бр.03-348/1 од 27.01.2016 година. Во образложението на Решението, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнувало условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа не може да го разледува истото од аспект на одредбите од истиот закон.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Г.Л. наведува дека во прилог ги доставува потребните документи, од кои јасно се гледа што бара.
Комисијата, со допис бр.08-95 од 16.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 04.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-348/6 од 30.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-95. Во Одговорот на жалба, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека останува во целост на донесеното решение и причините за решителните факти дадени во образложението на истото. Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што согласно членот 17, став 5 од истиот закон, со Решение го отфрлила Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот Г.Л. не му овозможила пристап до бараните документи на начин и во форма наведени во Барањето. Спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-348/4 од 07.03.2016 година, со кое го отфрлила Барањето, поради што Комисијата истото го поништува.
Во конкретниов случај, Комисијата утврди дека Г.Л. јасно и недвосмислено навел со кои информации/документи бара да се запознае, а Државната комисија за спречување на корупцијата е должна на барателот да му овозможи пристап до информациите/документите на начин и во форма наведени во Барањето и во Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-346/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на С.Т.А., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“ и Дополнувањето на Барањето бр.03-346/3 од 26.02.2016 година, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16. 05. 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-346/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-346/4 од 07.03.2016 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-90 на 11.03.2016 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-346/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Дополнувањето на Барањето бр.03-346/3 од 26.02.2016 година, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16. 05. 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-346/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-346/4 од 07.03.2016 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 27.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, заведено под бр.03-346/1 со кое побарал по пошта и е-маил да му се достави фотокопија од следните информации:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на С.Т.А., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, со допис бр.03-346/2 од 24.02.2016 година побарала дополнување на Барањето. Со наведениот допис, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала од Г.Л. да наведе со кои конкретни документи сака да се запознае, во рок од 3 (три) дена од приемот на дописот или во спротивно ќе констатира дека Барањето е повлечено.
Г.Л. постапил по Барањето за дополнување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и на 26.02.2016 година поднел Дополнување на Барање бр.03-346/3.
По Дополнувањето на Барањето, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-346/4 од 07.03.2016 година, со кое се отфрла Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.Л. со бр.03-346/1 од 27.01.2016 година. Во образложението на Решението, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнувало условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа не може да го разледува истото од аспект на одредбите од истиот закон.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Г.Л. наведува дека во прилог ги доставува потребните документи, од кои јасно се гледа што бара.
Комисијата, со допис бр.08-90 од 16.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 04.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-346/6 од 30.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-90. Во Одговорот на жалба, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека останува во целост на донесеното решение и причините за решителните факти дадени во образложението на истото. Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што согласно членот 17, став 5 од истиот закон, со Решение го отфрлила Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот Г.Л. не му овозможила пристап до бараните документи на начин и во форма наведени во Барањето. Спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-346/4 од 07.03.2016 година, со кое го отфрлила Барањето, поради што Комисијата истото го поништува.
Во конкретниов случај, Комисијата утврди дека Г.Л. јасно и недвосмислено навел со кои информации/документи бара да се запознае, а Државната комисија за спречување на корупцијата е должна на барателот да му овозможи пристап до информациите/документите на начин и во форма наведени во Барањето и во Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Поради кои причини Фондот за ПИОМ доцнеше со пренесувањето на придонесите на членовите на пензиските фондови на сметките на избраните пензиски фондови кај чуварот на имот согласно чл.69 ст.1 т.В од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување?
2. Од каде Фондот за ПИОМ добил финансиски средства за да го изврши пренесувањето на заостанатиот долг на 13.01.2016 година? Ве молиме кон одговорот да приложите доказ за тоа“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-96 на 15.03.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од С.Т., претседател на Здружението, на 26.01.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-386 до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следните информации:
„1. Поради кои причини Фондот за ПИОМ доцнеше со пренесувањето на придонесите на членовите на пензиските фондови на сметките на избраните пензиски фондови кај чуварот на имот согласно чл.69 ст.1 т.В од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување?
2. Од каде Фондот за ПИОМ добил финансиски средства за да го изврши пренесувањето на заостанатиот долг на 13.01.2016 година? Ве молиме кон одговорот да приложите доказ за тоа“.
Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање на 10.03.2016 година до барателот доставил Одговор на барање бр. 02-793/3 од 29.02.2016 година.
Незадоволно од добиениот Одговор на барање, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од С.Т., претседател на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-96 од 15.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, во врска со ова барање на 05.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 02-1663/3 од 28.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-96.
Во Одговорот на жалба се наведува дека “…одговорот по жалбата е изготвен и доставен до барателот и истиот ви се доставува во прилог“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставен наведениот Одговор насловен до барателот на информациите во кој, меѓу другото, се наведува дека „Фондот, како имател на информации, уредно одговори на прашањата кои се однесуваат на пренесување на придонесите, согласно член 60 став 2 и член 69 став 1 точка в од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување…Исто така, одговорено е во целост и на второто прашање, со напомена дека Фондот на ПИОМ не располага со други податоци кои се однесуваат на барањата поставени од барателот на информацијата…Фондот…стои на располагање на Комисијата…доколку за тоа има потреба“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 26 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид од списите за предмет 507/16 и да се состави Записник и копии од побараните списи“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-111 на 08.04.2016 година, изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер И ЈА ОДБИ како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.Ј. од Велес на 23.03.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Народниот правобранител на Република Македонија, со кое ја побарала следната информација:
„Увид од списите за предмет 507/16 и да се состави Записник и копии од побараните списи“.
Народниот правобранител на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 08.04.2016 година на барателот му овозможил увид во бараната информација, но не му доставил Записник од извршениот увид и копии од побараните информации. Незадоволна од наведеното постапување на Народниот правобранител на Република Македонија, В.Ј. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-111 од 13.04.2016 година, ја препрати Жалбата до Народниот правобранител на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Народниот правобранител на Република Македонија на 21.04.2016 година до Комисијата достави одговор ИЈК бр.3/6 од 19.04.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-111. Во одговорот е наведено дека „Народниот правобранител во прилог Ви ги доставува сите списи од предметот ИЈК бр.3 од 24.03.2014 година на лицето В.Ј. од Велес“ и смета дека предметната жалба е неоснована, со предлог истата да биде одбиена.
Во прилог на одговорот, меѓу другите списи, е доставена и фотокопија од Записник ИЈК бр.3/2 од 13.04.2016 година, во кој е наведено дека постапувајќи по Барањето на В.Ј. од Велес „…на 01.04.2016 година, со именуваната е извршен телефонски разговор, во контекст на што е повикана во канцеларијата на Народниот правобранител со цел да и биде овозможен увид во списите од посочениот „НП“ предмет и да и се даде нивно фотокопие …на 08.04.2016 година, именуваната во присуство на државниот службеник М.И….го оствари правото што е предмет на конкретното барање…“. Исто така, во прилог на одговорот до Комисијата е доставена и фотокопија од Службена белешка ИЈК бр.3/3 од 13.04.2016 година, во која е наведено дека „По остварувањето на правото што е предмет на конкретното барање за пристап до информации од јавен карактер…лицето В.Ј. одби да и биде врачен примерок од предметниот Записник и истиот да го потпише…таа инсистираше Записникот да биде составен по нејзино кажување, односно со забелешките кои таа ги има во врска со постапката по предметот…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Народниот правобранител на Република Македонија, во однос на Барањето од В.Ј. од Велес од 23.03.2016 година постапил во законски предвидениот рок и согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка. Имателот одговорил на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедувајќи му на барателот увид во бараните информации и изготвувајќи Записник за извршениот увид. Барателот, по извршениот увид, одбил да го потпише Записникот.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи-Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи-Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број број 08-104 на 24.03.2016 година, изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи во Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Како што се наведува во Жалбата, Т.С.А. од Тетово, на 15.02.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи во Тетово заведено под бр.Уп.26-1219/11 со кое побарала по пошта да и се достави следната информациja:
„Дали и кога планира Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка во Тетово, да постапи по Решението УП.бр.0801-65 од 14.12.2015 година, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и мене ми достави нов управен акт“
Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи во Тетово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-104 од 28.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии – Управа за имотно – правни работи не одговори на барањето на Комисијата.
Од наводите во Жалбата и во Барањето од Т.С.А. од Тетово Комисијата утврди дека “врз основа на барање за приватизација на градежно земјиште, по основ на поранешна сопственост Уп бр.26-1219 од 25.01.2011 година, на лицето Т.С.А. од Тетово …, Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за првостепена управна постапка во Тетово, донело Решение Уп.бр.26-1219/2 од 14.12.2012 година. Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на ден 14.12.2015 година, донела Решение под Уп.бр.0801-65 со кое се Уважува жалбата на Т.С.А. од Тетово, изјавена против решението уп.бр.26-1219 од 14.12.2012 година, на Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Тетово. Се поништува Решението Уп.26-1219 од 14.12.2012 година, на Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Тетово и предметот е вратен на првостепениот орган на повторно разгледување и одлучување“, Барањето не е поднесенo во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).
Во случајов, наместо Барање за добивање поконкретна информација од имателот се бара да одговори на прашање за негова евентуална постапка согласно решение донесено од друг државен орган и за евентуално изготвување на нов документ кој му бил потребен на барателот.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој закон.
Поради наведеното, а согласно член 239 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе оваа Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ми ја одредбата, односно одредбите, од Законот за енергетика (Сл.Весник на РМ бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15 и 215/2015), кои имаат повратно дејство, односно имаат функција на ретроактивно дејство“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-80 на 01.03.2016 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје, на 14.01.2016 година поднел по електронски пат Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија со кое ја побарал следната информација:
„Доставете ми ја одредбата, односно одредбите, од Законот за енергетика (Сл.Весник на РМ бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15 и 215/2015), кои имаат повратно дејство, односно имаат функција на ретроактивно дејство“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање по електронски пат доставило Одговор од 21.01.2016 година.
Незадоволен од добиениот Одговор Д.Ј. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-80 од 04.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 24.03.2016 година Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.12-2290/2 од 21.03.2016 година. Во Одговорот е наведено дека “…Земајќи во предвид дека и во новото барање станува збор за одредби од Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15 и 215/15) за кое одговор дало Министерството за економија во насока на тоа дека сите предлози со свои образложенија се објавени на веб страната на Собранието, а и самиот Закон како и измените се јавно достапни и истите се објавени во Службен весник на Република Македонија…. Едновремено, информираме дека земајќи ја во предвид поднесената жалба, Министерството за економија предметното барање го достави на надлежност согласно Законот за слободен пристап ди информации од јавен карактер до Владата на Рпублика Македонија, како предлагач на Законот за енергетика“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија, не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 26 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Министерството за економија, е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-347/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на Н.С., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци),?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“ и Дополнувањето на Барањето бр.03-347/3 од 26.02.2016 година, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-347/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-347/4 од 07.03.2016 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-94 на 11.03.2016 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-347/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Дополнувањето на Барањето, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-347/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-347/4 од 07.03.2016 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 27.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, заведено под бр.03-347/1 со кое побарал по пошта и е-маил да му се достави фотокопија од информациите:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на Н.С., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци),?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, со допис бр.03-347/2 од 24.02.2016 година побарала дополнување на Барањето. Со наведениот допис, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала од Г.Л. да наведе со кои конкретни документи сака да се запознае, во рок од 3 (три) дена од приемот на дописот или во спротивно ќе констатира дека Барањето е повлечено.
Г.Л. постапил по барањето за дополнување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и на 26.02.2016 година поднел Дополнување на Барање бр.03-347/3.
По Дополнувањето на Барањето, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-347/4 од 07.03.2016 година, со кое се отфрла Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.Л. со бр.03-347/1 од 27.01.2016 година. Во образложението на Решението, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнило условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа не може да го разледува истото од аспект на одредбите од истиот закон.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Г.Л. наведува дека во прилог ги доставува потребните документи од кои јасно се гледа што бара.
Комисијата, со допис бр.08-94 од 15.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 04.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-347/6 од 30.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-94. Во Одговорот на жалба, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека останува во целост на донесеното решение и причините за решителните факти дадени во образложението на истото. Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што согласно членот 17, став 5 од истиот закон, со Решение го отфрлила Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и на барателот Г.Л. не му овозможила пристап до бараните документи на начин и во форма наведени во Барањето. Спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-347/4 од 07.03.2016 година, со кое го отфрлила Барањето, поради што Комисијата истото го поништува.
Во конкретниов случај, Комисијата утврди дека Г.Л. јасно и недвосмислено навел со кои инфомации/документи бара да се запознае, а Државната комисија за спречување на корупцијата е должна на барателот да му овозможи пристап до информациите/документите на начин и во форма наведени во Барањето и во Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-350/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на Ф.А., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци),?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“ и Дополнувањето на Барањето бр.03-350/3 од 26.02.2016 година, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-350/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-350/4 од 07.03.2016 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-89 на 11.03.2016 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-350/4 од 07.03.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Дополнувањето на Барањето, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето и Дополнувањето на Барањето бр.03-350/3 од 26.02.2016 година, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-350/4 од 07.03.2016 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 27.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, заведено под бр.03-350/1 со кое побарал по пошта и е-маил да му се достави фотокопија од информациите:
„Колку пари од буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се исплатени на Ф.А., член на оваа Комисија:
– за плати и надоместоци од плата во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци),?
– за патни трошоци за патување во земјава во 2015 и 2016 година (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за патни трошоци за патување во странство во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)? (доколку има и трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби да ми се достават и такви податоци)
– за репрезентација и угостителски услуги во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
– за други трошоци во 2015 и 2016 година, (барам документи по месеци)?
Притоа да се наведе и каков трошок, доколку има.“
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, со допис бр.03-350/2 од 24.02.2016 година побарала дополнување на Барањето. Со наведениот допис, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала од Г.Л. да наведе со кои конкретни документи сака да се запознае, во рок од 3 (три) дена од приемот на дописот или во спротивно ќе констатира дека Барањето е повлечено.
Г.Л. постапил по барањето за дополнување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и на 26.02.2016 година поднел Дополнување на Барање бр.03-350/3.
По Дополнувањето на Барањето, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-350/4 од 07.03.2016 година, со кое се отфрла Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.Л. со бр.03-350/1 од 27.01.2016 година. Во образложението на Решението, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнило условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа не може да го разледува истото од аспект на одредбите од истиот закон.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Г.Л. наведува дека во прилог ги доставува потребните документи од кои јасно се гледа што бара.
Комисијата, со допис бр.08-89 од 15.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 04.04.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-350/6 од 30.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-89. Во Одговорот на жалба, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека останува во целост на донесеното решение и причините за решителните факти дадени во образложението на истото. Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што согласно членот 17, став 5 од истиот закон, со Решение го отфрлила Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и на барателот Г.Л. не му овозможила пристап до бараните документи на начин и во форма наведени во Барањето. Спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државната комисија за спречување на корупцијата донела Решение бр.03-350/4 од 07.03.2016 година, со кое го отфрлила Барањето, поради што Комисијата истото го поништува.
Во конкретниов случај, Комисијата утврди дека Г.Л. јасно и недвосмислено навел со кои инфомации/документи бара да се запознае, а Државната комисија за спречување на корупцијата е должна на барателот да му овозможи пристап до информациите/документите на начин и во форма наведени во Барањето и во Дополнувањето на Барањето, водејќи сметка за заштита на личните податоци.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија, бр.13/2006. 86/2008, 6/2010, 42/2014 , 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното.
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-72 на 15.02.2016 година, изјавена од А.К. од Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ поради формални недостатоци.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
А.К. од Куманово, на 15.02.2016 година достави Жалба до Комисијата заведено под бр.08-72. Во Жалбата не е наведено против кого е поднесена жалбата ниту пак е наведено Барањето, што значи дека Жалбата содржи формални недостатоци.
Комисијата на 24.02.2016 со допис бр.08-72 го повика А.К. од Куманово да дојде во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во рок од 8 дена за да ја разјасни Жалбата. А.К. не постапи по дописот на Комисијата, туку на 8 март 2016 година достави меил кој исто така е нејасен и неразбирлив и не може да се утврди против кој имател е поднесена Жалбата и во врска со кое Барање.
Поради наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека согласно член 64 и член 65 став 1 и став 2 од Законот за општата управна постапка не може да постапи по Жалбата бидејќи не се одстранети недостатоците од истата.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 239 и член 246 став 2 од Законот за општата управна постапка,на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ Ве молам да ми ги доставите следниве информации за станбената зграда на ул. Бранислав Нушиќ број 4 влез 1, 2, 3 и 4, 100 скопје (Катастарска парцела 1952):
1.Дали според горенаведениот ДУП е дозволена доградба? Ако е дозволена доградба, тогаш:
1.1.Колку изнесува дозволената ширина на доградбата (димензии)?
1.2.Дали се работи за доградба како станбена површина или за доградба како тераса?
1.3.Ако се работи за доградба како тераса, дали е дозволено терасата да се пренамени во станбена површина?
1.4.Ако не е дозволено да се пренамени,а некое лице (станар, инвеститор и сл.) ја пренамени терасата во станбена површина тогаш каква санкција ќе му биде изречена?
2. Дали според горенаведениот ДУП е дозволена надрадба? Ако е дозволена надградба, тогаш:
2.1. Колку изнесува дозволената висина и ширина на надградбата (димензии)?
2.2. Колку може да се оптовари постоечката градба на зградата?
2.3. Имајќи предвид дека зградата има паркинг простор кој не ги задоволува потребите на сегашните станари, кој има обврска да обезбеди паркинг простор за новите станари?
2.4. Каде ќе биде новиот паркинг простор?“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-84 на 07.03.2016 година, изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, К.К. од Скопје на 01.02.2016 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, заведено под бр.12-1015/1 со кое побарала по пошта да и се достави во писмена форма следната информација:
„ Ве молам да ми ги доставите следниве информации за станбената зграда на ул. Бранислав Нушиќ број 4 влез 1, 2, 3 и 4, 100 скопје (Катастарска парцела 1952):
1.Дали според горенаведениот ДУП е дозволена доградба? Ако е дозволена доградба, тогаш:
1.1.Колку изнесува дозволената ширина на доградбата (димензии)?
1.2.Дали се работи за доградба како станбена површина или за доградба како тераса?
1.3.Ако се работи за доградба како тераса, дали е дозволено терасата да се пренамени во станбена површина?
1.4.Ако не е дозволено да се пренамени,а некое лице (станар, инвеститор и сл.) ја пренамени терасата во станбена површина тогаш каква санкција ќе му биде изречена?
2. Дали според горенаведениот ДУП е дозволена надградба? Ако е дозволена надрадба, тогаш:
2.1. Колку изнесува дозволената висина и ширина на надградбата (димензии)?
2.2. Колку може да се оптовари постоечката градба на зградата?
2.3. Имајќи предвид дека зградата има паркинг простор кој не ги задоволува потребите на сегашните станари, кој има обврска да обезбеди паркинг простор за новите станари?
2.4. Каде ќе биде новиот паркинг простор?“.
Општина Карпош, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање доставила Одговор на барање бр.12-1015/2 од 29.02.2016 година. Во Одговорот Општина Карпош наведува дека: „ Ве известувам дека во врска со Вашето барање бр.12-1015/1 побарана е информација од Секторот урбанизам, зклучно денес 29.02.2016 година немаме одговор затоа Ве молиме директно да се информирате во Секторот за Урбанизам при Општина Карпош каде ќе ја добиете потребаната информација.“
Незадоволна од наведениот Одговор на барање, К.К. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-84 од 09.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Општина Карпош на 16.03.2015 година до Комисијата достави Произнесување по доставена жалба бр.12-1015/5 од 14.03.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-84. Во Произнесувањето, Општина Карпош наведува дека: „Ја користам оваа прилика да Ве информирам дека со оглед на фактот што поднесеното барање е од поголем обем односно се потребни повеќе одговори јас како овластено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер побарав од Секторот урбанизам во Општина Карпош освен писмено странката да биде контактирана и усно односно истата е поканета во Секторот за урбанизам детално да биде информирана за своето барање со единствена цел добивање на квалитетна информација.“
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Карпош, како првостепен орган, пропуштила да утврди дали барателот на информации постапил согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дали побарал да го оствари своето право на пристап до информација од имателот на информации согласно закон.
Комисијата, постапувајќи согласно член 239 и член 246 став 2 од Законот за општата управна постапка, утврди дека Барањето поднесено од Катерина Крстевска од Скопје до Општина Карпош не е поднесено согласно член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Покрај формалниот пропуст, Општина Карпош постапила по Барањето и, со Одговор на барање бр.12-1015/2 од 29.02.2016 година, направила обид за одговарање на Барањето, упатувајќи го барателот како да дојде до бараниот одговор. Барателот на информациите, не користејќи ја оваа можност, поднел Жалба до Комисијата.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој закон.
Согласно член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Во Барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис). Во конкретниот случај, барателот до имателот на информации поставил повеќе прашања, преку кои барал од имателот да му изготви нов документ, со каков што тој не располагал, што не е дозволено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“.
Поради наведеното, а согласно член 239 од Законот за општа управна постапка, Комисијата го донесе оваа Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр.03-2477/2 од 03.12.2015 година на Државната комисија за спречување на корупција, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-938 на 07.12.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението бр.03-2477/2 од 03.12.2015 година на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје на 05.11.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, до Државната комисија за спречување на корупцијата заведено под бр.03-2477/1 од 09.11.2015 година, со кое побарал, по пошта или е маил да му биде доставена препис или електронски запис од следната информација:
“ Анкетен лист за имотната состојба што ја поднел С.М. при стапувањето на функцијата и анкетниот лист поднесен по престанокот на функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање“.
Државната комисија за спречување на корупцијата не му ја доставила бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Ристе Змејковски од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-938 од 09.12.2015 година ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата на 16.12.2015 година достави Одговор на жалба бр. 03-2477/4 од 15.12.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-938 и сите списи во врска со предметот. Во Одговорот на жалба е наведено “..Предметното барање за пристап до информации од јавен карактер кај Државната комисија за спречување на корупцијата е примено на 09.11.2015 година, по барањето е постапено согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , така што е донесено решение, под бр.03-2477/2 од 03.12.2015 година. Конкретниот управен акт до барателот е испратен по пошта, со препорачена пратка со повратница на 04.12.2015 година. Причините зошто препорачаната поштенска пратка со посочениот конкретен управен акт, донесен како одговор на предметното барање, не е примен од страна на барателот не стојат на страната на испраќачот, ниту пак истите му се познати. Со оглед на наведеното произлегува дека по барањето е постапено во законски утврдениот рок. Имено, согласно со член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен да одговори во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Имајќи го предвид наведеното произлегува дека жалбата и жалбените наводи, во смисла на одредбите од ЗСПИЈК, се неосновани.“
Во прилог на Одговорот доставено е Решението бр.03-2477/2 од 03.12.2015. Во диспозитивот на Решението е наведено дека : “…Именуваното лице повеќе не ја извршува споменататата функција, односно истото нема својство на избрано/именувано лице во смисла на одредбите од Законот за спречување на корупцијата. Бараните информации-документи содржат лични податоци кои се заштитени со закон. Откривањето или на друг начин правење на достапни на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци и навлегување во приватноста. Согласно со член 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. Согласно со член 6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија.“ бр.13/20, 86/08, 06/10 и 42/14), имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на личен податок. Државната комисија за спречување на корупцијата, како имател на информации од јавен карактер, а во врска со член 3 став 1 алинеа 6 од истиот закон, ги разгледа последиците кои можат да настанат доколку позитивно се одговори на барањето и бараните информации-документи бидат доставени до барателот и тоа: повреда на заштита на личните податоци, како и повреда на гаранцијата за заштита на личните податоци и приватноста на секое физичко лице без дискриминација, во однос на јавниот интерес кој би се постигнал со доставување на бараните документи и тоа: правото на слободен пристап кон информациите, начелото на јавност и јавна контрола на вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и положба, како и работите од јавен интерес и сл. По разгледување на резултатите од спроведениот тест на штетност, односно по разгледување на последиците врз интересот кој се заштитува во однос на јавниот интерес што би се постигал со доставување на документите, Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека доколку бараните документи бидат доставени до барателот, штетните последици врз интересот кој се заштитува се поголеми во однос на јавниот интерес. Во прилог на спроведувањето на тестот на штетност во конкретниот случај Државната комисија посебно ја разгледа можноста за овозможување на делумен пристап на барателот до бараните документи, во смисла на член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. При разгледување на таквата можност, Државната комисија констатира дека информациите заштитени со закон содржани во бараните документи не можат да бидат одвоени од документите без при тоа да се загрози нивната безбедност, како и без да доведе до губење на смислата на истите што би довело до погрешно разбирање на содржината на истите.“
Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје на 23.12 2015 година до Комисијата достави Жалба против Решението на Државната комисија за спречување на корупција бр.03-2477/2 од 03.12.2015 година а во Комисијата заведена под бр.08-938.
Комисијата со допис бр.07-938 од 28.12.2015 година ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата на 13.01.2016 година достави Одговор на жалба бр. 03-20/2 од 05.01.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-938 и сите списи во врска со предметот. Во Одговорот е наведено дека: “…Државната комисија за спречување на корупцијата останува во целост на донесеното решение и причините за решителните факти дадени во образложението на истото“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела Решение со кое Барањето за пристап до информации се одбива Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата е правилно и врз закон засновано.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 27 април 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението на Државната комисија за спречување на корупција бр.03-2478/2 од 03.12.2015 година, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-939 на 07.12.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението бр. 03-2478/2 од 03.12.2015 година на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“, застапувано од Р.З. од Скопје, на 05.11.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата и побарало да му биде доставен препис или електронски запис од следната информација:
„Анкетен лист за имотната состојба што ја поднел М.Ј. при стапувањето на функцијата и анкетен лист поднесен по престанокот на функцијата министер за транспорт и врски“.
Државната комисија за спречување на корупцијата не доставила одговор до барателот во законски предвидениот рок, по што е поднесена жалба до Комисијата, заведена под бр.08-939 на 07.12.2015 година.
Комисијата, со допис бр.08-939 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 23.12.2015 година Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“, застапувано од Р.З. од Скопје до Комисијата достави нова Жалба бр.08-939, во која е наведено дека истата ја поднесува против Решение на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-2478/2 од 03.12.2015 година, со кое е одбиен пристапот до бараната информација.
Комисијата, со допис бр.08-939 од 28.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата на 25.12.2015 година достави Одговор на жалба бр. 03-2478/4 од 23.12.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-939. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Предметното барање за пристап до информации од јавен карактер кај Државната комисија за спречување на корупцијата е примено на 09.11.2015 година, по Барањето е постапено согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што е донесено Решение под бр.03-2478/2 од 03.12.2015 година. Конкретниот управен акт до барателот е испратен по пошта, со препорачена пратка со повратница на 04.12.2015 година. Причините зошто препорачаната поштенска пратка со посочениот конкретен управен акт, донесен како одговор на предметното барање, не е примен од страна на барателот не стојат на страната на испраќачот, ниту пак истите му се познати. Со оглед на наведеното произлегува дека по Барањето е постапено во законски утврдениот рок…“.
Во прилог на Одговорот доставено е Решението бр.03-2478/2 од 03.12.2015 со кое е едбиен пристапот до бараната информација. Во Образложението на Решението е наведено дека: „…именуваното лице повеќе не ја извршува споменататата функција, односно истото нема својство на избрано/именувано лице во смисла на одредбите од Законот за спречување на корупцијата. Бараните информации-документи содржат лични податоци кои се заштитени со закон. Откривањето или на друг начин правење на достапни на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци и навлегување во приватноста. Согласно со член 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. Согласно со член 6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија.“ бр.13/20, 86/08, 06/10 и 42/14), имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци и приватноста. Државната комисија за спречување на корупцијата, како имател на информации од јавен карактер, постапувајќи во смисла на член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 3 став 1 алинеа 6 од истиот Закон, ги разгледа последиците кои можат да настанат доколку позитивно се одговори на Барањето и бараните информации-документи бидат доставени до барателот и тоа: повреда на заштита на личните податоци, како и повреда на гаранцијата за заштита на личните податоци и приватноста на секое физичко лице без дискриминација, во однос на јавниот интерес кој би се постигнал со доставување на бараните документи и тоа: правото на слободен пристап кон информациите, начелото на јавност и јавна контрола на вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и положба, како и работите од јавен интерес и сл. …по разгледување на резултатите од спроведениот тест на штетност, односно по разгледување на последиците врз интересот кој се заштитува во однос на јавниот интерес што би се постигал со доставување на документите, Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека доколку бараните документи бидат доставени до барателот, штетните последици врз интересот кој се заштитува се поголеми во однос на јавниот интерес. Во прилог на спроведувањето на тестот на штетност во конкретниот случај Државната комисија посебно ја разгледа можноста за овозможување на делумен пристап на барателот до бараните документи, во смисла на член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. При разгледување на таквата можност, Државната комисија констатира дека информациите заштитени со закон содржани во бараните документи не можат да бидат одвоени од документите без при тоа да се загрози нивната безбедност, како и без да доведе до губење на смислата на истите што би довело до погрешно разбирање на содржината на истите.“
Здружението на граѓани „Балканска истражувачка репортерска мрежа – Скопје“ застапувано од Р.З. од Скопје на 23.12 2015 година до Комисијата достави Жалба против Решението на Државната комисија за спречување на корупција бр.03-2478/2 од 03.12.2015 година, а во Комисијата заведена под бр.08-939.
Комисијата со допис бр.07-939 од 28.12.2015 година ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата на 13.01.2016 година достави Одговор на жалба бр. 03-22/2 од 05.01.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-939 и сите списи во врска со предметот. Во Одговорот на жалба е наведено дека Државната комисија за спречување на корупцијата „…останува во целост на донесеното Решение и причините и решителните факти дадени во Образложението на истото“.