ДОНЕСЕНИ 2 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 122-та седница одржана на 05 февруари 2016 година, донесе 2 решенија и 1 заклучок.
* * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.М., м-р Н.М. и м-р И.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 5 февруари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.М., м-р Н.М. и м-р И.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-862/7 од 01.12.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по барање од Министерството за правда на РМ со Предлог УПП. Бр.09-27, односно информации кои ги создала и со кои располага Комората на извршители“ СЕ УВАЖУВА.
Решението бр.03-862/7 од 01.12.2015 година на Комората на извршители СЕ поништува и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комората на извршители на Република Македонија на Дбарателот да му ја достави бараната информација, со бришење на личните податоци, најдоцна до 20 февруари 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-857 од 22.12.2015 година, изјавена од Б.М., м-р Н.М. и м-р И.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-862/7 од 01.12.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ, Решението бр.03-862/7 од 01.12.2015 година на Комората на извршители ГО поништи и ЈА ЗАДОЛЖИ Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација, со бришење на личните податоци, најдоцна до 20 февруари 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.М. од Ресен на 19.08.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на извршители на Република Македонија заведено под бр.862/1 со кое ја побарал следната информација:
„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по барање од Министерството за правда на РМ со Предлог УПП. Бр.09-27, односно информации кои ги создала и со кои располага Комората на извршители“.
Комората на извршители на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање донела Решение бр.03-862/2 од 20.08.2015 година со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.М. од Ресен поднесе Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувајќи по Жалбата, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, на 18 ноември донесе Решение со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комората на извршители, постапувајќи по Решението на Комисијата, на 01.12.2015 година, повторно донела Решение за одбивање на пристапот до бараната информација заведено под број 03-862/7, во кое го спровела Тестот на штетност.
На 22.12.2015 година, Б.М., м-р Н.М. и м-р И.М. од Ресен до Комисијата доставија Жалба бр.08-857 во која наведуваат дека истата ја поднесуваат против Решението бр. 03-862/7 од 01.12.2015 година со кое повторно се одбива пристапот до информации на барателот – сега починатиот Г.М..
Комисијата, со допис бр.08-857 од 11.01.2016 година, ја препрати Жалбата до Комората на извршители на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.01.2016 година, Комората на извршители до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-29/2 од 15.01.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-857.
Во Одговорот е наведено дека „Наводите на жалителите се во целост неосновани бидејќи информацијата која жалителот ја бара се однесува на одлука на Дисциплинската комисија на КИРМ со која се одлучува исклучиво за права и должности на извршителот и за која право на правна заштита има единствено извршителот согласно член 71 од Законот за извршување… барањето за пристап до одлука на Дисциплинска комисија е спротивно на Правилникот за извршителска тајна и слободен пристап до јавни информации во извршувањето… наводите на жалителите… се неосновани…. Комората ги одбива како неосновани наводите дека не постапила по напатствијата за спроведување на тестот на штетност од причина што Комората како имател побара од Секторот како надлежен за давање на стручна помош на имателите да достави до Комората Упатство за спроведување на тест на штетност…Комората сепак на 03.12.2015 спроведе тест на штетност..“.
Во прилог на одговорот го достави Решението за одбивање на пристапот и спроведен Тест на штетност.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапката по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да ја спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник
на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Во тестот на штетност во точка I е наведено дека “Комората…согласно чл.3 став 2 од Правилникот за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер има обврска за чување на тајност и доверливост а која обврска важи и за документите кои потекнуваат од други институции и правни и физички лица со јавни овластувања, а со кои извршителот односно Комората располага, а кои видно се обележани како класифицирани“ но во доставените списи од Комората нема документ или барем првата страна од истиот од кој би можело да се утврди дека се работи за класифицирана информација, па Комисијата нема доказ дека се работи за класифицирана информација.
Понатаму, во точка II од Тестот на штетност, Комората се повикува на член 4 став 1 од Правилникот за извршителска тајна, кога пристапот се однесува на документи кои содржат лични податоци односно кои се доверливи или класифицирани информации, без притоа да го има предвид член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно да му овозможи на барателот делумен пристап со бришење на личните податоци. Повторно се повикува на класифицирани информации без притоа да приложи доказ за степенот на класификацијата.
Комората наведува и дека “со одобрувањето на барањето на подносителот за пристап до информации од јавен карактер со кое се бара достава на одлука од Дисциплинска комисија при КИРМ се овозможува суштинска штета на заштитената цел- извршителска тајна“ што е неосновано бидејќи дисциплинската постапка се однесува на извршителите на Комората и како тие работат, а не на документи кои Комората ги создала или се здобила во врска со работењето. Граѓаните имаат право да знаат како работат институциите и овластените лица, за што всушност постои посебен член во Законот за извршување.
Исто така, наводите во Одговорот на Комората се неосновани од причина што барателот не ги бара информациите стекнати во врска со дисциплинската постапка туку ја бара конечната Одлуката (Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Николина Иванова од Битола“, која Одлука согласно член 54 од Законот за извршување точка 8 “Конечните одлуки за утврдување на дисциплинската одговорност на извршителите се објавуваат на веб локацијата на Комората и на Министерството за правда, во согласност со прописите за заштита на личните податоци“.
Согласно погоре наведеното, нема пречка на барателот да му се достави бараната информација со бришење на личните податоци, со оглед да истите се објавуваат на веб локацијата на Комората и на Министерството за правда.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 5 февруари 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против О
пштина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведените постапки за јавни набавки бр.26/2015 и 28/2015:
. Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за ангажирање на механизација и работници за чистење на речно корито (ископ, утовар и транспорт) по единица мерка?
. Површините за чистење што се опфатени со договорот и вкупната вредност на договорот?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-19 на 25.01.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)-Скопје на 14.12.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-982/1 до Општина Бутел, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„ Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведените постапки за јавни набавки бр.26/2015 и 28/2015:
. Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за ангажирање на механизација и работници за чистење на речно корито (ископ, утовар и транспорт) по единица мерка?
. Површините за чистење што се опфатени со договорот и вкупната вредност на договорот?“,
Општина Бутел не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
На 25.01.2016 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека добил одговор од Општина Бутел и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Битола постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј. И. од Скопје, поднесена против Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 5 февруари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1.Дали издавањето на асеизмички пасош е законска обврска, кој државен орган, институција според таквата законска регулатива е надлежен/а да го издаде истиот и кои се предуслови зградата треба да ги исполнува?
2. Дали е задолжително да секоја ново изградена зграда за семејно домување, поседува асеизмички пасош? Доколку не постои такво обврзувачко задолжение, во тој случај кој го натерал Инвеститорот да го спроведе истиот во зградата во која живеам?
3. Дали зградите за семејно домување кои не поседуваат асеизмички пасош се безбедни, односно стабилни, по тоа прашање? Во врска со ова, какви се предностите да се живее во зграда со асеизмички пасош во однос на зграда која што истиот не го поседува?“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-961 на 31.12.2015 година, изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Институтот за земјотрес
но инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Дали издавањето на асеизмички пасош е законска обврска, кој државен орган, институција според таквата законска регулатива е надлежен/а да го издаде истиот и кои се предуслови зградата треба да ги исполнува?
2. Дали е задолжително да секоја ново изградена зграда за семејно домување, поседува асеизмички пасош? Доколку не постои такво обврзувачко задолжение, во тој случај кој го натерал Инвеститорот да го спроведе истиот во зградата во која живеам?
3. Дали зградите за семејно домување кои не поседуваат асеизмички пасош се безбедни, односно стабилни, по тоа прашање? Во врска со ова, какви се предностите да се живее во зграда со асеизмички пасош во однос на зграда која што истиот не го поседува?“, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Како што се наведува во Жалбата, Ј.И. од Скопје, на 08.10.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал пристап до следната информација:
„Дали зградата/згради кои се стекнале со асеизмички пасош подразбира дека имаат или треба да имаат лифтови за сеизмички услови односно дека е применет стандардот МКС EN 81-77:2014.“
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, постапувајќи по Барањето до Ј.И. доставил Одговор на поставено прашање од јавен карактер заведено под бр.03-1609/1 од 20.11.2015 година.
Поттикнат од одговорот, Ј.И. од Скопје на 24.11.2015 година поднел уште едно барање, цитирано погоре, со кое побарал одговор на трите наведени прашања.
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, не одговорил на Барањето од 24.11.2015 година, поради што Ј.И. од Скопје на 31.12.2015 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-961 од 11.01.2016 година, ја препрати Жалбата до Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, во врска со ова барање на 15.01.2016 година до Комисијата достави допис “Одговор на жалба поднесена од Ј.И. заведен под број 08-961 од 21.01.2016 година“.
Во Одговорот се наведува: “Сега е доставен предмет со кој г-дин Ј. И. повторно се обраќа до нашата институција со идентично прашање кое се однесува на лифтови и примена на стандардот МКС EN 81-77:2014 за лифтови кои се предмет на сеизмички услови. Сметаме дека еднаш дадовме одговор на наведеното прашање. Истиот ќе го дадеме уште еднаш.
.“ Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија се занимава со оцена на стабилноста на структурните делови на објектите. Лифтот и останатите инсталации во зградите се неструктурни делови на објектите и истите подлежат на контрола, сервисирање давање на сертификати од страна на други субјекти и инспекциски тела. Во Македонија постои Македонско здружение на лифтови кое се грижи за одредени стандарди во доменот на лифтовите…може да ги контактира членовите на здружението на адреса MKC EN 81-77:2014 ЗА лифтови….“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 26 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Скопје, е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.