ДОНЕСЕНИ 13 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 118-та седница одржана на 18 ноември 2015 година, донесе 13 решенија и 8 заклучоци.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од извод од сметка на Центарот за јавно здравје каде се евидентирани сите приливи од Министерството за здравство по основ на Програма за рана детекција на малигни заболувања во периодот од 01 јануари до 31 декември 2014 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07.12.2015 година, на начин и во форма наведено во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-783 на 04.08.2015 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07.12.2015 година, на начин и во форма наведено во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ Скопје, на 30.04.2015 година поднело Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0801-172/15-5 од 14.04.2015 година до ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, со кое побарало во препис, по пошта да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од извод од сметка на Центарот за јавно здравје каде се евидентирани сите приливи од Министерството за здравство по основ на Програма за рана детекција на малигни заболувања во периодот од 01 јануари до 31 декември 2014 година“
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип не му ја доставила бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-783 од 13.08.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, на 24.08.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-185/1 од 10.08.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-783.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените–ЕСЕ Скопје, на 20.10.2015 година преку е-маил ја извести Комисијата дека „ЦЈЗ Штип не достави одговор иако пишува дека во прилог праќа копии од бараните документи по следните жалби: 08-785, 08-784 и 08-783“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од сите извештаи кои Центарот за јавно здравје ги има доставено до Министерството за здравство како прилог на фактура за извршени договорни услуги по Програма за рана детекција на малигни заболувања во периодот од 01 јануари до 31 декември 2014 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07.12.2015 година, на начин и во форма наведено во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-784 на 04.08.2015 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07.12.2015 година, на начин и во форма наведено во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ Скопје, на 30.04.2015 година поднело Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0801-172/15-4 од 14.04.2015 година до ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, со кое побарало во препис, по пошта да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од сите извештаи кои Центарот за јавно здравје ги има доставено до Министерството за здравство како прилог на фактура за извршени договорни услуги по Програма за рана детекција на малигни заболувања во периодот од 01 јануари до 31 декември 2014 година“
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип не му ја доставила бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-784 од 13.08.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, на 24.08.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-185/1 од 10.08.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-784.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, на 20.10.2015 година преку е-маил ја извести Комисијата дека „ЦЈЗ Штип не достави одговор иако пишува дека во прилог праќа копии од бараните документи по следните жалби: 08-785, 08-784 и 08-783“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од сите фактури кои Центарот за јавно здравје ги има доставено до Министерството за здравство за извршени договорни услуги по Програма за рана детекција на малигни заболувања во периодот од 01 јануари до 31 декември 2014 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07.12.2015 година, на начин и во форма наведено во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-785 на 04.08.2015 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07.12.2015 година, на начин и во форма наведено во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ Скопје, на 30.04.2015 година поднело Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0801-172/15-9 од 14.04.2015 година до ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, со кое побарало во препис, по пошта да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од сите фактури кои Центарот за јавно здравје ги има доставено до Министерството за здравство за извршени договорни услуги по Програма за рана детекција на малигни заболувања во периодот од 01 јануари до 31 декември 2014 година“
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип не му ја доставилa бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донелa и доставилa Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-785 од 13.08.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, на 24.08.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-185/1 од 10.08.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-785.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје, на 20.10.2015 година преку е-маил ја извести Комисијата дека „ЦЈЗ Штип не достави одговор иако пишува дека во прилог праќа копии од бараните документи по следните жалби: 08-785, 08-784 и 08-783“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр. бр.446/3 од 20.08.2015 година на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-876 на 20.10.2015 година, изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
М.К. од Куманово на 17.08.2015 година по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на Република Македонија за приватно обезбедување заведено под бр.03-466/2 од 20.08.2015 година, со кое побарал, по пошта да му ја достават следната информација:
“ Информација по е-маилот на о.л од претходно барање сега по чл.23 за записник на Комората по доставена информација и мое прашање за правна сигурност во професијата со точен момент на одземањето на легитилацијата од страна на правното лице-работодавец во постапка.“
Комората на Република Македонија за приватно обезбедување не му ја доставила бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што М.К. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-867 од 20.10.2015 година ја препрати Жалбата до Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комората на Република Македонија до Комисијата на 03.11.2015 година достави Одговор на жалба бр. 03-569/2 од 30.10.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-867. Во Одговорот на жалба е наведено „…По разгледувањето на барањето, утврдено е дека истото е нејасно и согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, побарано е од подносителот да го појасни/дополни, по што на 20.08.2015 година од страна на подносителот М.К. доставено е дополнето барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Комората на РМ за приватно обезбедување под број 03-466/2. Поради фактот што дополнетото барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-466/2 и понатаму е нејасно за постапување, од страна на лицето одговорно за постапување со информации од јавен карактер воспоставен е неколкукратен контакт со подносителот на барањето за пристап до информации од јавен карактер М.К.,кој не вродил со плод во правец на појаснување на предметот на барањето, по што Комората на РМ за приватно обезбедување на 20.08.2015 година донесе Решение бр.446/3 со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од М.К. на 17.08.2015 и дополнето на 20.08.2015 СЕ ОТФРЛА како непотполно. Во прилог на Одговорот доставено е Решението бр.466/3 од 20.08.2015. Во диспозитивот на решението е наведено дека : Барањето за пристап до информации од јавен карактер е непотполно и не е јасно наведено со која информација барателот сака да се запознае. По дадена помош од страна на службеното лице определено за посредување на информации, телефонски и преку електронска пошта, имателот на информација не можел да постапува по барањето за пристап до информации од јавен карактер и истото го отфрлил како непотполно, односно одлучил како е наведено во диспозитивот на ова Решение. “
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комората на Република Македонија за приватно обезбедување постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела Решение со кое Барањето за пристап до информации се отфрла. Комисијата утврди дека Решението на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување е правилно и врз закон засновано.
Врз основа на списите на предметот и наводите во Решението, Комисијата утврди дека Комората на Република Македонија за приватно обезбедување постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донела Решение за отфрлање.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-862 на 21.09.2015 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.К. од Куманово на 21.07.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, заведено под УПП бр.03-189 со кое побарал да му биде доставена по пошта следната информација:
“Уредноста на односот од 1февруари 2015 година заклучно со момент в иднина 31 март 2016 и уредноста на категоријата „семејство“ односно опфатот на сродството за категорија за нето приходи на ниво на семејство за 2014 год од Барање за утврдување (опис на информацијата која се бара) својство на осигурено лице по Образец од Фондот“.
На 21.07.2015 година Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија до А.К. достави одговор Доставување на барани информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер заведено под УПП бр.03-189.
Незадоволен од добиениот одговор, А.К. на 19.08.2015 година, поднел повторно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, заведено под бр.03-205 со кое побарал да му биде доставена по пошта следната информација:
„под 1) Регулираност на односот од Образецот на фондот во претходна постапка во Барањето врзана со момент во иднината за момент во минатото 9 ден на поднесување), и под 2) уредноста на добивањето (електронската размена) на податоците од УЈП а вонсудски со нивните овластувања по промените во законскиот лимит на нето приходите на поединецот (како семејство) од денот на поднесување на Образецот, Вам во и по Ваш УПП бр.03-189 од 21 јули 2015 година со испратна пошта на Фондот до Подносителот-Барател, тука подносител повторно по „ИЗВЕСТУВАЊЕ/ПОКАНА ЗА ПРЕЦИЗИРАЊЕ НА БАРАЊЕ“ на Е.Б. содржано во нејзина електронска порака од Фондот (Е.3(при доменот) фзо (точка) орг(точка)мк од 14 август 2015 година во 15ч.35 м)на која е одговорено и со овој прилог: Барање“.
Во врска со ова Барање, на 14.09.2015 година Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија до А.К. достави одговор Доставување на барани информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер заведено под УПП бр.03-205.
Незадоволен од добиените одговори, А.К. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-862 од 30.09.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија на 22.10.2015 година, до Комисијата достави одговор Известување за поднесена жалба УПП бр.03-189/ УПП бр.03-205 од 16.10.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-862.
Во прилог на дописот се доставени сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот е наведено „…..Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапи по барањата за пристап до информации од јавен карактер УПП бр.03-205, УПП бр.03-189 поднесени од А.К. од Куманово и до барателот ги достави бараните информации со допис УПП бр.03-205 од 14.09.2015 година и допис УПП бр.03-189 од 21.07.2015 година“. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот: Барања за пристап до информации од јавен карактер УПП бр.03-205, УПП бр.03-189; Одговори на барањата од Фондот со дописи УППбр.03-205 од 14.09.2015 година и УПП бр.03-189 од 21.07.2015 година и електронска комуникација со барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија по Барањето за пристап до иформации од јавен карактер постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му одговорило во законски предвидениот рок
Службеното лице на Фондот постојано комуницирало со барателот по меил и му појаснувал во врска со поднесеното Барање.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Акт на Агенцијата од чл.81 од Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност со информација: Како е уредена постапката за остварување на правото на паричен надоместок од страна на Агенцијата, кога Центар за вработување веќе постапил по неконечен Акт на работодавец и по образец скратувајќи го правото на учество на работникот за поднесување на барањето по еднострано и едностепено прекинат однос од вработувањето (видно по одјава од здравственото осигурување на невработениот по работен однос во спор)“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-875 на 20.10.2015 година, изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.К. од Куманово истата ја поднесува против Агенцијата за вработување на Република Македонија поради тоа што „АВРМ Централна служба…бараната информација од јавен карактер ниту беше посредувана ниту се постапи согласно Законот со акт на имателот…“. Во прилог на наведената Жалба со конфузна жалбена основа, до Комисијата не се доставени други списи.
Комисијата, со допис бр.08-875 од 20.10.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за вработување на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за вработување на Република Македонија, на 04.11.2015 година, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1301/6 од 28.10.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-875. Во Одговорот на жалба, меѓу другото, е наведено дека „…барателот М.К., преку е-маил поднесе барање бр.03-1301/1 од 14.09.2015 година со кое бара да му се достави Акт на Агенцијата согласно член 81 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и некои дополнителни неконкретни прашања, за што во законски предвиден рок е одговорено на барањето со објаснување каде точно ќе ги добие бараните информации…на ден 18.09.2015 година повторно преку е-маил доставено е барање со кое е побаран електронски контакт на службеникот во Центарот за вработување во Куманово кој постапува по Законот за постапување на претставки и предлози, на кое барање исто така во рок од три дена е одговорено…на ден 26.09.2015 година повторно преку е-маил доставено е барање за информации од јавен карактер со кое повторно се бара Акт на Агенцијата согласно член 81 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и прашање во врска со одјава на работен однос, на кое барање исто така во законски рок е одговорено…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од наведените барања од М.К. од Куманово, како и од одговорите од Агенцијата за вработување на Република Македонија.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Барањата поднесени од М.К. од Куманово до Агенцијата за вработување на Република Македонија не се Барања поднесени согласно член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во конкретниот случај, барателот побарал од имателот на информации да му изготви нов документ, со каков што тој не располагал, како и да му одговори на неколку прашања, односно од имателот на информации побарал да му одговори со создавање на нова информација, што не е дозволено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал или со која располага само имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“.
Во случајот, и покрај тоа што Барањата од М.К. од Куманово не ги исполнувале условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Агенцијата за вработување на Република Македонија одговорила на истите во рамките на своите надлежности утврдени со закон во законски предвидениот рок.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.М. од Ресен, поднесена против Решение на Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-862/2 од 20.08.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по барање од Министерството за правда на РМ со Предлог УПП. Бр.09-27, односно информации кои ги создала и со кои располага Комората на извршители“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган. Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-862/2 од 20.08.2015 година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-857 од 01.09.2015 година, изјавена од Г.М. од Ресен, поднесена против Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-862/2 од 20.08.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган. Решението на Комората на извршители на Република Македонија бр.03-862/2 од 20.08.2015 година го поништи.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.М. од Ресен на 19.08.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на извршители на Република Македонија, со кое ја побарала следната информација:
„Решение на Дисциплинска комисија на КИРМ донесено по повод дисциплински предмет заведен против извршител Н.И. од Битола по барање од Министерството за правда на РМ со Предлог УПП. Бр.09-27, односно информации кои ги создала и со кои располага Комората на извршители“.
Комората на извршители на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање донела Решение бр.03-862/2 од 20.08.2015 година со кое го одбила пристапот до бараната информација. Во Решението е наведено дека пристапот до бараната информација се одбива согласно член 6 став 5 и член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „…од причина што Барањето се однесува на информација поврзана со работата на органите на Комората на извршители на која право на пристап имаат заинтересираните членови на Комората на извршители на РМ согласно чл. 51 од Статутот на Комората и истото е спротивно на чл. 3 став 3 и чл. 4 став 2 од Правилникот за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер во извршувањето…во дисциплинската постапка се одлучува исклучиво за права и одговорности на извршителот и само истиот има правен интерес во постапката“.
Незадоволен од наведеното Решение, Г.М. од Ресен поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-857 од 02.09.2015 година, ја препрати Жалбата до Комората на извршители на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комората на извршители на Република Македонија на 21.09.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-862/4 од 14.09.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-857. Во Одговорот на жалба Комората на извршители на Република Македонија останува на наводите во оспореното Решение, додавајќи дека „Наводите на жалителот се во целост неосновани бидејќи како причина за поднесување на Жалбата се наведуваат идни натамошни постапки пред надлежни институции за заштита на права и интереси на жалителот, односно евидентно е дека не се работи за Барање за пристап до информации од јавен карактер, туку Барањето се однесува на конкретен предмет за обезбедување докази заради идна граѓанска постапка, а за која постапка важат одредбите од Законот за парнична постапка, односно идна кривична постапка за која важат одредбите од Законот за кривична постапка…Комората на извршители не е надлежна да постапува по барања кои претставуваат злоупотреба на правата од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со цел обезбедување докази за личен интерес на жалителот…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 3 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“, а според член 10 став 1 точка 5 од истиот Закон „Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“. Притоа имателот на информации не смее од барателот да бара истиот да го покажува и докажува правниот интерес за барање на одредена информација, односно согласно член 16 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Барателот не е должен да го образложи Барањето, но е потребно да наведе дека се работи за Барање за пристап до информации“, а согласно член 43 став 3 од истиот Закон „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице кај имателот на информацијата доколку побара образложение од барателот на информацијата спротивно на членот 16 став 5 од овој закон“.
Во конкретниот случај, со оглед дека според член 3 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа…“, имателот е должен да постапи по неговото Барање за пристап до информации од јавен карактер, без притоа да констатира, оценува и слично дали, како што е наведено во Одговорот на жалба бр.03-862/4 од 14.09.2015 година, неговите барања „…претставуваат злоупотреба на правата од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должна е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должна е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Комората на извршители на Република Македонија утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Комората на извршители на Република Македонија треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена од Н.С., извршен директор на Здружението, против Државен просветен инспекторат Скопје-Државен просветен инспекторат Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена од Н.С., извршен директор на Здружението, против Државен просветен инспекторат Скопје-Државен просветен инспекторат Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Колкав е бројот на пријави од страна на средни училишта за ученици кои го напуштиле средното образование поради формирање брак/заедница во периодот од 2011 до 2014 година, поединечно по година, пол и етничка припадност?
2. Колку од пријавите завршиле со изрекување на глоба кон родителите, а колку од нив завршиле со спогодба или враќање на малолетното лице во образовниот процес, поделено по пол и етничка припадност во периодот од 2011-2014 година и поединечно по година?“, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата бр.08-874 од 16.10.2015 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена од Н.С., извршен директор на Здружението, против Државен просветен инспекторат Скопје-Државен просветен инспекторат Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп на 20.08.2015 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државен просветен инспекторат Скопје-Државен просветен инспекторат Прилеп, со кое побарало по пошта да му ја достават следната информација:
„1. Колкав е бројот на пријави од страна на средни училишта за ученици кои го напуштиле средното образование поради формирање брак/заедница во периодот од 2011 до 2014 година, поединечно по година, пол и етничка припадност?
2. Колку од пријавите завршиле со изрекување на глоба кон родителите, а колку од нив завршиле со спогодба или враќање на малолетното лице во образовниот процес, поделено по пол и етничка припадност во периодот од 2011-2014 година и поединечно по година?“.
Државен просветен инспекторат Скопје – Државен просветен инспекторат Прилеп, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-874 од 20.10.2015 година, ја препрати Жалбата до Државниот просветен инспекторат Прилеп и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државен просветен инспекторат Скопје- Државниот просветен инспекторат Прилеп на 04.11.2015 година до Комисијата достави Известување бр.03-872/2 од 02.11.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-874.
Во наведеното Известување, Државниот просветен инспекторат Прилеп наведува дека: „Во врска со Вашиот допис број 08-872/1 од 29.10.2015 година, доставен до Државен просветен инспекторат Скопје кој се однесува на поднесена жалба од здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, за недоставување на барани информации, Ве известуваме дека такво барање не е стигнато и не е заведено во архивата на Државниот просветен инспекторат во Прилеп.“
Службеното лице кое постапува по предметот бр. 08-874, по остварената комуникација со здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, е известено дека здружението нема доказ согласно ЗОУП за доставено Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот просветен инспекторат Прилеп.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) право на правна заштита со согласнот со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена В.У. од Скопје, поднесена против Министерство за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерство за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Во врска со Вашето известување под Бр.10-6808/37987 од 28.07.2015 година барам:
Да ми се дозволи да извршам увид во предметот оформен по мое поднесено барање за еднократно отпишување на долгови за кое Вие ме известувате дека не ги исполнувам условите.
Воедно да ми се даде и копии од сите списи во предметот. За итност во постапката однапред Ви благодарам“ СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-861 на 17.09.2015 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерство за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.У. од Скопје, на 07.08.2015 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, заведено во Министерството за труд и социјална политика под бр.14-7343/1. Со Барањето побарал да му се овозможи увид и фотокопија по извршен увид од следната информација:
„Во врска со Вашето известување под Бр.10-6808/37987 од 28.07.2015 година барам:
Да ми се дозволи да извршам увид во предметот оформен по мое поднесено барање за еднократно отпишување на долгови за кое Вие ме известувате дека не ги исполнувам условите.
Воедно да ми се даде и копии од сите списи во предметот. За итност во постапката однапред Ви благодарам“.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што В.У. на 09.09.2015 година поднел Ургенција до Министерството заведена под бр.10-6808/37987.
Министерството за труд и социјална политика не одговорило ниту по Барањето за пристап до информации од јавен карактер ниту по Ургенцијата, по што В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-861 од 24.09.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика, на 11.11.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.14-7343 од 05.11.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-861. Во Одговорот е наведено дека: „Во врска со жалбата поднесена од В.У., Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека на В.У. му е доставен следниот одговор. Согласно со Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, правото на еднократен отпис може да го оствари должник кој заклучно со 31.12.2013 година имал статус на корисник на социјална парична помош (СПП) или постојана парична помош (ППП) или невработено лице евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како невработено лице кое активно бара работа подолго од 12 месеци. По добивањето на податоци од страна на Центарот за социјални работи и од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Комисијата утврди дека не сте ниту корисник на СПП или ППП ниту пак активно барате работа подолго од 12 месеци. Од причина што не исполнувате ниту еден од наведените услови Комисијата изготви известување дека не ги исполнувате условите за еднократен отпис на долг“.
Во прилог на наведениот Одговор, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата го достави Одговорот на барање бр.14-7343/3 од 16.09.2015 година испратен по пошта. Бидејќи барателот не го нашле, писмото било вратено до Министерството за труд и социјална политика и истото барателот го примил лично на рака на 21.09.2015 година.
Барателот не поднесе Жалба до Комисијата во врска со добиениот одговор.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за труд и социјална политика постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што на Барателот му ја доставило бараната информација.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-846 на 24.08.2015 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.К. од Куманово на 14.08.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за информатичко општество и администрација, заведено под бр.12-3439/1 со кое побарал во електронски запис или друго да му биде доставена по пошта, меил или друго следната информација:
„Ваш пропис за начинот на постапување по претставките и предлозите; шестмесечните извештаи за податоците со прописот за содржината; начинот и формата за водената евиденција за податоците, информација од Вашиот надзор со почеток од 29 јануари 2013 година до денот на поднесувањето на Барањето; и евиденција од извештаите на Државен архив на Република Македонија по член 21 ст.2 кога форма за претставка нема мрежно.“
Министерството за информатичко општество и администрација, како што е наведено во Жалбата:“…барањето не е разгледано ниту одговорено; Известувањето 12-3439/2 не ја содржеше информацијата од јавен карактер позната и пред известувањето во однос на Законот по кој Министерот не го утврдил постапувањето според надлежносите итн“, поради што А.К. од Куманово поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-846 од 25.08.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за информатичко општество и администрација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за информатичко општество и администрација на 11.11.2015 година, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.12/2-3744/2 од 05.11.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-846.
Во прилог на дописот се доставени сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот е наведено „…..Постапувајќи по наведеното Барање на подносителот му беше одговорено дека постапувањето по претставките и предлозите е уредено со Законот за постапување по претставките и предлозите(“Сл.весник на РМ“ бр.82/2008). Министерството за информатичко општество и администрација по претставките упатени до него постапува согласно наведениот закон. За примените претставки се води евиденција согласно Правилникот за содржината и формата на водење на евиденција за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите. За податотците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите секои шест месеци се изготвува извештај кој се доставува до Државниот управен инспекторат.“
Министерството за информатичко општество и администрација исто така наведува:“…Ве известуваме дека не е точно дека барањето не е разгледано и одговорено бидејќи како што навел подносителот добил одговор со известување бр.12-3439/2 од 18.08.2015 год. Во барањето побарал наш пропис за постапување по претставките и предлозите на што му е укажано дека постапувањето по претставките е уредено со Законот за постапување по претставките и предлозите. Исто така побарал податоци за нашиот надзор од 29 јануари 2013 година до денот на поднесување на барањето за што не може да добие податоци бидејќи согласно законот Министерството за информатичко општество и администрација не е надлежно да врши таков надзор.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Министерството за информатичко општество и администрација по Барањето за пристап до иформации од јавен карактер постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му одговорил во законски предвидениот рок што се гледа и од дописот испратен до барателот и заведен под бр.12-3439/2 од 18.08.2015 година.
Службеното лице на Министерството постојано комуницирало со барателот по меил и му појаснувало во врска со поднесеното Барање.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.И. од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.И. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер:
„Преглед на сите одобрени проекти на здруженијата на граѓани во 2013 година со име на проекти и суми и истата информација за 2014та година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 7 декември 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението бр.41-101/7 од 17.09.2015 година на Општина Битола со кое Барањето за присдтасп до информации од јавен карактер на В.И. се одбива, СЕ ПОНИШТУВА.
Исто така, Решението бр…-1199/1 со кое Жалбата бр.08-564 на Решението бр.41-101./7 за одбивање на пристап до информација од јавен карактер на подносителот В.И. се отфрла како неоснована, СЕ ПОНИШТУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-564 на 29.09.2015 година, изјавена од В.И. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја задолжи Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 7 декември 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението бр.41-101/7 од 17.09.2015 година на Општина Битола со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер на В.И. се одбива, го поништи.
Исто така, Решението бр…-1199/1 од 14.10.2015 со кое Жалбата бр.08-564 поднесена против Решението бр.41-101/7 за одбивање на пристап до информација од јавен карактер на подносителот В.И. се отфрла како неоснована, го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.И. од Битола, на 20.05.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, со кое побарал во електронски запис, преку е-маил да му ја достават следната информација:
„Преглед на сите одобрени проекти на здруженијата на граѓани во 2013та година со име на проекти и суми и истата информација за 2014та година“.
Општина Битола – Одделение за јавни дејности, на ден 05.06.2015 година на барателот му доставила Известување заведено под бр. 41-93/3.
Во прилог на Известувањето е доставен Список на исплатени средства на Здруженија и граѓани во периодот на 2013 и 2014 година во општина Битола но без сума на исплатените средства.
Незадоволен од одговорот, В.И. од Битола поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата наведува дека“незадоволен од парцијалниот одговор при што се достави само список на здруженија, но не и сумите по проекти, барателот В.И. поднесе ново Повторно барање. Поучен од предходните искуства, до истиот имател на информации на истата материја барателот го дополни Барањето со нова информација-Барање за издавање на финасиска картица за трансферите до здруженијата на граѓани во периодот од 2013 и 2014 година“.
Комисијата, со допис бр.08-564 од 02.07.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Битола не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставило до барателот информацијата наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 27 август 2015 година донесе Решение со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, со укажување како треба да постапи првостепениот орган.
В.И. од Битола на 29.09.2015 година до Комисијата достави Допис, Предмет:Жалба бр.08-564 во кој наведува: “После Решението бр.08-564 кое вие ни го издадовте, добивме известување од општина Битола со кое се отфрла овој предмет. Ве молиме за совет за понатамошни чекори или други начини за обезбедување на бараната информација од Општина Битола.“
Во прилог на дописот достави Решение за одбивање на пристап до бараната информација бр.41-101/7 од 17.09.2015 година и Решение од 14.10.2015 за отфрлање на Жалбата бр.08-564.
Комисијата како надлежна за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер а согласно член 64 од Законот за општата управна постапка утврди дека поднесокот ги содржи сите елементи предвидени во наведениот челн и по остварената комуникација со странката и дека се работи за Жалба и истата на 01.10.2015 година ја препрати на произнесување до Општина Битола.
Општина Битола на 16.10.2015 година достави “Одговор на жалба во врска со функцијата на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ заведен под број 41-101/10 а во Комисијата под бр.08-564.
Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
Врз основа на списите на предметот, Комисијата утврди дека Општина Битола не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не му ја доставила бараната информација на барателот, туку донела Решение за одбивање на пристапот бр.41-101/7 од 17.09.2015 година.
Во образложението на Решението е наведено:“ Врз основа на горенаведените наоди, Општина Битола одлучи како во диспозитивот на Решението, односно Листата на финансирани здруженија на граѓани за 2013 и 2014 година, по проекти и со сума за секое од здрженијата поединачно или финансиската картица за ставка трансфери од здруженија на граѓани за 2013 и 2014 година согласно чллен 6 став 1 точка 5, претставува информација која е стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна постапка и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката. Па доколку истата биде дадена на увид од страна на општина Битола би настанала штетност на истражната постапка.“
Во врска со наведеното, Комисијата укажува дека не се точни наводите во образложението на Решението дека се работи за информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка.
Согласно член 49 од Законот за здруженија и фондации (“СЛ.весник на РМ бр.52/2010), “Организациите можат да добиваат средства од Буџетот на Република Македонија, Буџетите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.
Владата на Република, односно надлежните органи на државната управа, општините во градот Скопје и градот Скопје, донесуваат годишни планови и програми за распределаба на средствата од ставот 1 на овој член.
Органите на државната управа, општините во градот Скопје и градот Скопје, на својата веб страница ги објавуваат организациите кои ги добиле средствата од ставот 1 на овој член како и целите на организациите кои ги добиле тие средства.“
Според наведеното, Општина Битола не само што е должна на барателот да му ја достави бараната информација, туку е должна истата да ја објави на својата веб страница која организација и колку средства добила од Буџетот на Општината.
Наведената информација не е создадена со цел да се користи во погоре наведените постапки туку е создадена врз основа на обврските кои за општината произлегуваат од Законот за фондации и здруженија
Од наведените причини, Комисијата го поништи Решението на Општина Битола со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер се одбива.
Што се однесува до Решението за отфрлање со кое Жалбата на барателот В.И. се отфрла, Комисијата укажува на следното.
Согласно член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, надлежен орган за постапување по жалбите на барателите е Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Според наведеното, Општина Битола нема законска основа за отфрлање на жалбата на барателот па според тоа нејзиното Решение за отфрлање на жалбата е ништавно.
Општина Битола наведенатa Жалба требало да ја препрати до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на понатамошно постапување и одлучување, а Комисијата согласно Законот за слободен приста до информации од јавен карактер како lex specialis и Законот за општата управна постапка, Глава-поднесоци ке утврди дали наведената жалба е уредно поднесена и ги содржи сите елементи согласно Законот за општата управна постапка.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2став (2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М., адвокат од Кавадарци, поднесена против Заклучокот на ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М., адвокат од Кавадарци, поднесена против Заклучокот на ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер“Дали кај насловот односно во ЈВП “Тиквешко поле“ во ликвидација постои заверена деловна книга од чл.21 од ЗИП за 2012 г.“,СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација од 04.09.2015 година, СЕ ПОНИШТУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-860 на 14.09.2015 година, изјавена од М.М., адвокат од Кавадарци, поднесена против Заклучокот на ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација од 04.09.2015 година, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација од 04.09.2015 година, ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, барателот сега жалител М.М. истата ја поднесува против Заклучокот на ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација од 04.09.2015 година, поради следните причини. Во оспорениот Заклучок е наведено“ ..до ЈВП Тиквешко поле во ликвидација на ден 28.11.2014 г. беше поднесено барање од адвокат М.М. од Кавадарци со кое бараше да му биде доставен во фотокопија извод од деловна книга врз основа на која се поднесени предлог за извршување против должниците на ЈВП Тиквешко поле во ликвидација Кавадарци….Меѓутоа видно од барањето за пристап до информации од јавен карактер од 28.11.2014 г.не се бараше да му биде доставен во фотокопија извод од деловна книга врз основа на која се поднесени предлог за извршување против должниците на ЈВП Тиквешко поле во ликвидација Кавадарци, туку дали кај насловот односно во ЈВП “Тиквешко поле“ во ликвидација постои заверена деловна книга од чл.21 од ЗИП за 2012 г.“.
Исто така, М.М. наведува дека, оспорениот Заклучок не содржи правна поука, што е спротивно на член 14 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата, со допис бр.08-860 од 15.09.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈВП “Тиквешко поле“ во ликвидација Кавадарци и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈВП “Тиквешко поле“ во ликвидација Кавадарци достави Одговор на жалба заведен во Комисијата под бр.08-860 на на 06.10.2015 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува и следното.“…со Решение II Л.бр.24/04 на Основниот суд Скопје I – Скопје спроведена е ликвидација на ЈВП “Тиквешко Поле“ од Kавадарци и по самото спроведување на ликвидацијата веќе јавното претпријатие нема деловни односи со субјектите и поради тоа од спроведувањето на ликвидацијата па наваму не се води деловна книга, туку ликвидаторот превзема активности околу водење, завршување и извршување на предходно поведените постапки против должниците на ЈВП “Тиквешко Поле“ од Кавадарци кои постапки се поведени согласно ЗИП и согласно ЗПП но пред спроведување на ликвидацијата. Во текот на 2012 година кај ЈВП Тиквешко Поле во ликвидација воопшто не се води деловна книга од причина што веќе нема деловни односи помеѓу овој правен субјект и останатите субјекти затоа што со спроведување на стечајната постапка и формирањето на новиот правен субјект Водостопанство Тиквеш од Кавадарци стопанисувањето со водите за наводнување и целокупниот каналски систем како и останатите води од овој регион го има Водостопанство Тиквеш и само тој може да има деловни односи….истакнувам дека за 2012 година не постои деловна книга од предходно истакнатите причини, а најмалце пак може да стане збор за деловна книга согласно член 21 од ЗИП од причина што Законот за извршна постапка престанал да важи со донесувањето на Законот за извршување кој е донесен во 2005 година и цитираната одредба од член 21 воопшто веќе не може да биде применета согласно Законот за извршување.“
По разгледувањето на Жалбата и списите во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Точни се наводите во Жалбата дека ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација во оспорениот Заклучок со кој се прекинува постапката цитира информација која не е наведена во Барањето за пристап до информации од јавен карактер, оносно постапил по друго барање. Исто така, оспорениот Заклучок не содржи упатство за правно средство. Оттука, произлегува дека оспорениот Заклучок има суштински и формални недостатоци, поради кои Комисијата го поништи.
Ликвидаторот на ЈВП “Тиквешко Поле“ во ликвидација одговорот и образложението во врска со доставеното барање го дава во Одговорот на Жалбата, а не во оспорениот Заклучок.
При повторното постапување по предметот, ликвидаторот на ЈВП Тиквешко Поле во ликвидација треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата, односно да постапи по Барањето од М.М. доставено на 28.11.2014 година, да донесе соодветен правен акт со упатство за правно средство.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основниот суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Од Ваша страна барам да ми се дозволи увид во документацијата на предметот К.бр.459/13 на Основен суд Велес и да ми се издаде фотокопија на пресуда К.бр.459/13 од 27.01.2014 година и друго по извршениот увид“ СЕ ОДБИВА .
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-863 на 25.09.2015 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основниот суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес, на 01.06.2015 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Велес, примено во Основниот суд Велес на 01.06.2015 година. Со Барањето побарал да му се овозможи увид и фотокопија по извршен увид од следната информација:
„Од Ваша страна барам да ми се дозволи увид во документацијата на предметот К.бр.459/13 на Основен суд Велес и да ми се издаде фотокопија на пресуда К.бр.459/13 од 27.01.2014 година и друго по извршениот увид“
Основниот суд Велес, по ова Барање му овозможил увид на Б.П. од Велес и подготвил Записник за позитивно одговорено Барање, во кој наведува дека бараните информации ќе му бидат дополнително доставени анонимизирани согласно Законот за заштита на личните податоци.
Незадоволен од тоа што не му се доставени информациите по извршениот увид, како и информации во Барањето, Б.П. од Велес достави Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-863 од 28.09.2015 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основниот суд Велес, на 26.10.2015 година до Комисијата достави Произнесување по вложена жалба СПИ.бр.15/15 од 14.10.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-863. Во Произнесувањето меѓу другото е наведено дека: „…со известување од 09.06.2015 година барателот е повикан да се јави во Основен суд Велес на ден 11.06.2015 година заради вршење на увид во списите на предметот К.бр.459/13. Барателот постапи по известувањето и на ден 11.06.2015 година му беше дозволен увид во списите на бараниот предмет кој детално го разгледа и побара дополнително да му бидат доставени 16 (шеснаесет) акти содржани во списите на предметот. Со оглед на обемноста на бараните списи и фактот што актите содржат лични податоци чие откривање би значело повреда на заштита на личните податоци во смисла на чл.6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Службеното лице за посредување со информации му соопшти на барателот дека до оваа информација ќе му биде овозможен делумен пристап дополнително….Барателот одби да го потпише записникот од причина што веднаш не му се даваат фотокопии од бараните списи, што е констатирано во записникот. … на 08.07.2015 година барателот на кого му беа предадени актите, одби да ги прими, незадоволен од тоа што истите му се предаваат анонимизирани и со доставница, а Службеното лице на доставницата стави забелешка за датумот и причините на одбивање на прием, со што се смета дека доставата на бараните акти до барателот е уредно извршена согласно чл.99 од ЗОУП в.в.чл. 14 ст.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.“
Во прилог на наведеното Произнесување, Основен суд Велес до Комисијата ги достави сите списи во врска со овој предмет, меѓу другото и Записникот бр.СПИ-15/15 од 11.06.2015 година, каде се наведува дека: „По однос на барањето за издавање на фотокопија на одредени списи, барателот бара фотокопии и тоа…..Судот констатира и го известува барателот дека пристап до бараната информацџија – фотокопија на цитираните документи ќе му биде овозможено дополнително, согласно Законот за заштита на личните податоци…. Подносителот се запозна со содржината на записникот и одбива да го потпише записникот од причина што не му се даваат фотокопии од бараните списи веднаш.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Велес постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што на Барателот на информации му овозможил увид во целокупната барана информација, а исто така по извршениот увид подготвил фотокопија од побараните информации, но анонимизирани.
Основниот суд Велес на барателот му овозможил делумен пристап на бараните информации согласно Законот за заштита на личните податоци и согласно член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во членот 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се наведува дека: „Ако документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на овој закон што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, имателот на информации ги одвојува тие информации од документот и го известува барателот за содржината на останатиот дел од документот“.
Што се однесува до наводите на Жалбата дека „Од извршениот увид во заспиникот, сите барани информации во форма на фотокопии наведени во записникот се минимизирани, каде што барателот не го потпиша записникот, од причина што судот сака однапред барателот да потпише записник па покасно да му се достават делумни фотокопии на барани информации со отстранети имиња и презимиња ….“, Комисијата укажува дека во членот 20 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако имателот на информации позитивно одговори на барањето, за тоа ќе изготви записник. Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не е наведено точно кој го потпишува записникот. Оваа материја е регулирано во ЗОУП, додека пак доставата на документот Судот ја извршил според своите матични Закони и ЗОУП.
Барателот на информацијата не е должен да потпише записник за позитивно одговорено барање, записникот го потпишува службеното лице кај имателот на информации. Тој записник останува во предметот на Барањето, како доказ за позитивно одговорено барање.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
1. „ Дали при администрацијата на Град Скопје постои еден или повеќе овластени просветни инспектори согласно член 10 од Законот за просветна инспекција? Доколку да, при кој сектор од администрацијата работат?
2. Дали овластениот просветен инспекторат, во периодот од јануари 2012 до август 2015 спроведе надзор над работата над Средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ со адреса на Стрезово бб 1000 Скопје и Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ со адреса на Костурска бб нас Бутел 1000 Скопје, кога и колку пати? Ве молам да ни доставите копија од извештајот за секој извршен надзор.
3. Ве молам да ни доставите годишна програма за работата на овластениот просветен инспектор за 2015 година.
4. Ве молам да ни доставите годишен извештај за работата на овластениот просветен инспектор за 2012, 2013, 2014 година“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-870 на 16.10.2015 година, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.А. од Скопје, на 02.09.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје заведено под број 21-7393/2, со кое побарал во фотокопија или запис по е-маил да му ја достават следната информација:
1. „ Дали при администрацијата на Град Скопје постои еден или повеќе овластени просветни инспектори согласно член 10 од Законот за просветна инспекција? Доколку да, при кој сектор од администрацијата работат?
2. Дали овластениот просветен инспекторат, во периодот од јануари 2012 до август 2015 спроведе надзор над работата над Средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ со адреса на Стрезово бб 1000 Скопје и Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ со адреса на Костурска бб нас, Бутел 1000 Скопје, кога и колку пати? Ве молам да ни доставите копија од извештајот за секој извршен надзор.
3. Ве молам да ни доставите годишна програма за работата на овластениот просветен инспектор за 2015 година.
4. Ве молам да ни доставите годишен извештај за работата на овластениот просветен инспектор за 2012, 2013, 2014 година.“
Градот Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-870 од 22.10.2015 година, ја препрати Жалбата до Градот Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.11.2015 година, Градот Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.21 -7393/3 од 05.11.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-870. Во Oдговорот на жалба е наведено:“Наводите во Жалбата се неосновани, од причини што Град Скопје достави Одговор-по Барање за пристап до информации од јавен карактер, кој е доставен до М.А. од Скопје“
Во прилог на Одоговорот на Жалба достави фотокопија од повратница од која се гледа дека барателот го примил наведениот Одговор на 19.10.2015 година.
Барателот не достави Жалба по наведениот Одговор.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Градот Скопје постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесено против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Фотокопија од Процената на пазарната вредност на недвижен имот – стан на бул. Туристичка 2лам. Б1-15 Охрид, сопственост моја, МБ 2…….. Врска: Предмет бр. 17841, Оддел. Даноци. Со оглед што Имателот ја поседува бараната информација, молам за итност“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-880 на 22.10.2015 година, изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Општина Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, К.М. од Скопје на 22.09.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Охрид, заведено во општината под бр.35-13455/1 на 24.09.2015 година со кое побарал по пошта да му се достави следната информација:
“Фотокопија од Процената на пазарната вредност на недвижен имот – стан на бул. Туристичка 2лам. Б1-15 Охрид, сопственост моја, Мб 2………. Врска: Предмет бр. 17841, Оддел. Даноци. Со оглед што Имателот ја поседува бараната информација, молам за итност“
Во врска со наведеното Барање на 05.10.2015 година Општина Охрид, до барателот достави Информацџија заведена под бр.35-13455/4.
Незадоволен од наведената Информација К.М. од Скопје на 22.10.2015 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-880 од 22.10.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Охрид и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 11.11.2015 година службеното лице на Комисијата што постапува по предметот, контактираше со барателот кој го извести дека ја повлекува Жалбата поради тоа што ги добил бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Охрид постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Барам копија од уплатници со кои Општина Битола има платено во Народна Банка за меѓународната награда Европска Бизнис Асамблеа од Велика Британија, која на 19 декември 2013 година е доделена на д-р В.Т., градоначалник на Општина Битола, за која сте ја информирале јавноста на Вашата службена интернет страница: http://bitola.gordsys.net/?Najdobar_London_13”, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-855 на 31.08.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани, на 10.07.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, со кое побарал по пошта и е-маил да му достават фотокопија од информацијата:
“Барам копија од уплатници со кои Општина Битола има платено во Народна Банка за меѓународната награда Европска Бизнис Асамблеа од Велика Британија, која на 19 декември 2013 година е доделена на д-р В.Т., градоначалник на Општина Битола, за која сте ја информирале јавноста на Вашата службена интернет страница: http://bitola.gordsys.net/?Najdobar_London_13”
Општината Битола, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-855 од 02.09.2015 година, ја препрати Жалбата до Општината Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 04.11.2015 година, Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека Општина Битола му доставила одговор на Bарањето за пристап до информации од јавен карактер, од кој е задоволен поради што ја повлекува Жалбата заведена под број 08-855.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Битола постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Министерство за образование и наука – Државен просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука – Државен просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
1. “Дали државниот инспекторат, во период од јануари 2012 година до август 2015 спроведе (а) интегрална евалуација, (б) редовен надзор или (ц) вонреден надзор над воспитно образованите установи Средното училиште на Град Скопје “Лазар Танев“ со адреса на Стрезово бб 1000 Скопје и Средното економско и правно училиште на Град Скопје “Арсени Јовков“ со адреса на Костурска бб нас. Бутел 1000 Скопје согласно Законот за просветна инспекција, кога и колку пати? Ве молиме да ни доставите примерок од извештаите од секој извршен надзор.
2. Ве молиме да ни доставите годишен извештај за работата на Државниот просветен инспекторат за 2012, 2013, 2014 година
3. Ве молиме да ни доставите годишна програма за работата на инспекторатот за 2015 година.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-867 на 02.10.2015 година, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука – Државен просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.А. од Скопје, на 01.09.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Државен просветен инспекторат, со кое побарал по пошта да му се достават селедните информации:
1. “Дали државниот инспекторат, во период од јануари 2012 година до август 2015 спроведе (а) интегрална евалуација, (б) редовен надзор или (ц) вонреден надзор над воспитно образованите установи Средното училиште на Град Скопје “Лазар Танев“ со адреса на Стрезово бб 1000 Скопје и Средното економско и правно училиште на Град Скопје “Арсени Јовков“ со адреса на Костурска бб нас. Бутел 1000 Скопје согласно Законот за просветна инспекција, кога и колку пати? Ве молиме да ни доставите примерок од извештаите од секој извршен надзор.
2. Ве молиме да ни доставите годишен извештај за работата на Државниот просветен инспекторат за 2012, 2013, 2014 година
3. Ве молиме да ни доставите годишна програма за работата на инспекторатот за 2015 година.“
Министерството за образование и наука – Државен просветен инспекторат, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-867 од 02.10.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Државен просветен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 26.10.2015 година, Министерството за образование и наука – Државен просветен инспекторат до Комисијата достави Известување бр.08-679/3 од 21.10.2015 година. Во Известувањето е наведено “Од страна на Државен просветен инспекторат е контактирано со подносителот М.А. со цел да му се достават бараните податоци и електронски е одговорено од негова страна формата на достава да е електронски запис и начинот на достава по електронски пат. “
На 28.10.2015 година службеното лице на Комисијата контактираше со барателот кој го извести дека ја повлекува Жалбата поради тоа што ги добил бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Државен просветен инспекторат постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Здравствен дом Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Здравствен дом Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Доставете ни примерок од промотивно-едукативните материјали за ученици на теми поврзани за здравјето на адолесцентите и младите (тутун, алкохол, дрога, сексуално и репродуктивно здравје, ментално здравје) кои Здравствен дом Скопје ги има изготвено во текот на 2014 година согласно Програмата за систематски прегледи на ученици и студенти за 2014 година.“ , поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-701 на 04.08.2015 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Здравствен дом Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-701 на 04.08.2015 година, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје на 28.04.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-162/15-24 од 14.04.2015 година до ЈЗУ Здравствен дом Скопје, со кое побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“Доставете ни примерок од промотивно-едукативните материјали за ученици на теми поврзани за здравјето на адолесцентите и младите (тутун, алкохол, дрога, сексуално и репродуктивно здравје, ментално здравје) кои Здравствен дом Скопје ги има изготвено во текот на 2014 година согласно Програмата за систематски прегледи на ученици и студенти за 2014 година.“
ЈЗУ Здравствен дом Скопје, не му ја доставила бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените– ЕСЕ Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-701 од 11.08.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Здравствен дом Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 31.08.2015 година ЈЗУ Здравствен дом Скопје, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.015-6092/1 од 31.08.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-701. Во прилог на дописот ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, на 29.10.2015 година преку е-маил ја извести Комисијата дека ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ Здравствен дом Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мутикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку Н.С., извршен директор на Здружението, против СОУ “Орде Чопела“-Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку Н.С., извршен директор на Здружението, против СОУ “Орде Чопела“-Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав е бројот на ученици кои го напуштиле средното образование поради формирање брак/заедница во периодот од 2011 до 2014 година, поединечно по година, пол и етничка припадност?“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-872 на 16.10.2015 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку Н.С., извршен директор на Здружението, против СОУ “Орде Чопела“-Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку Н.С., извршен директор на Здружението, на 20.08.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до СОУ “Орде Чопела“-Прилеп, со кое побарало по пошта да му достават препис од селедната информација:
„Колкав е бројот на ученици кои го напуштиле средното образование поради формирање брак/заедница во периодот од 2011 до 2014 година, поединечно по година, пол и етничка припадност?“
СОУ “Орде Чопела“-Прилеп, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-872 од 19.10.2015 година, ја препрати Жалбата до СОУ “Орде Чопела“-Прилеп и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.11.2015 година, СОУ “Орде Чопела“-Прилеп до Комисијата достави Известување бр.0306-219/1 од 10.11.2015 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека до СОУ “Орде Чопела“-Прилеп постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноември 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам документи со кои Општина Битола има платено во Нардодна Банка за меѓународната награда Европска Бизнис Асамблеа од Велика Британија, која на 19 декември 2013 година е доделена на д-р В.Т., градоначалник на Општина Битола, за која сте ја информирале јавноста на Вашшата службена интернет страница: http>//bitola.gordsys.net/?Najdobar_London_13“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-853 на 31.08.2015 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани на 10.07.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Бирото за јавни набавки, со кое побарал по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„Барам документи со кои Општина Битола има платено во Нардодна Банка за меѓународната награда Европска Бизнис Асамблеа од Велика Британија, која на 19 декември 2013 година е доделена на д-р В.Т., градоначалник на Општина Битола, за која сте информирале јавноста на Вашшата службена интернет страница: http>//Bitola.gordsys.net/?Najdobar_London_13“.
Општина Битола не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје на 31.08.2015 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-853 од 03.09.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Битола не одговори на дописот на Комисијата.
На 04.11.2015 година, Г.Л. од Кочани, новинар во Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија – Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Битола постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена од Н.С., извршен директор на Здружението, против СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 ноeмври 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена од Н.С., извршен директор на Здружението, против СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Колкав е бројот на ученици кои го напуштиле средното образование поради формирање брак/заедница во периодот од 2011 до 2014 година, поединечно по година, пол и етничка припадност?“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-873 на 16.10.2015 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена од Н.С., извршен директор на Здружението, против СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена од Н.С., извршен директор на Здружението, на 20.08.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп, со кое побарало по пошта да му биде доставена препис од следната информација:
„1.Колкав е бројот на ученици кои го напуштиле средното образование поради формирање брак/заедница во периодот од 2011 до 2014 година, поединечно по година, пол и етничка припадност?“
СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп на 16.10.2015 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-873 од 19.10.2015 година ја препрати Жалбата до СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп не одговори на дописот на Комисијата.
На 10.11.2015 година, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп преку е-маил ја извести Комисијата дека ја добило бараната информација и е задоволно од истата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.