ДОНЕСЕНИ 31 РЕШЕНИЕ И 40 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 117-та седница која се одвиваше во две продолженија (на 28 и 29 октомври) 2015 година, донесе 31 решение и 40 заклучоци.
Одлучувајќи по 27 жалби, Комисијата донесе исто толку решенија за нивно уважување и задолжување на првостепените органи, односно имателите на барателите да им ги достават бараните информации. Постапувајќи по 3 жалби Комисијата со Решение ги одби како несновани и ги потврди решенијата на првостепените органи како правилни и врз закон засновани. Во 1 случај донесено е Решение со кое Жалбата се уважува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Со 39 донесени заклучоци, Комисијата ја запре постапката по жалбите, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации, додека со 1 Заклучок Комисијата се произнесе за спојување во една постапка.на две изјавени жалби.