ДОНЕСЕНИ 17 РЕШЕНИЈА И 98 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 115-та седница одржана на 17 септември 2015 година, донесе 17 решенија и 98 заклучоци.
Поконкретно, Комисијата донесе 4 решенија за одбивање на жалбите како неосновани, додека постапувајќи по 10 други предмети, Комисијата донесе исто толку решенија со кои жалбите се уважуваат, а имателите се задолжуваат да ги достават бараните информации до барателите. Одлучувајќи по 2 жалби, Комисијата донесе решенија со кои жалбите се уважуваат, а предметите се враќаат на повторно постапување пред првостепените органи. Постапувајќи по една Жалба Комисијата одлучи со Решението да уважи дел од Барањето и да го задолжи имателот да му ја достави на барателот бараната информација, додека во еден дел од Барањето Жалбата е одбиена како неоснована.
Комисијата исто така донесе и 98 заклучоци за запирање на постапките по жалбите, поради тоа што нивните подносители ги добиле бараните информации.