ДОНЕСЕНИ 77 РЕШЕНИЈА И 29 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 113 -та седница одржана на 23 јули 2015 година, донесе 77 решенија и 29 заклучоци
Комисијата донесе 7 Решенија со кои Жалбите се одбиени како неосновани, додека постапувајќи во други 40 случаи, Комисијата со Решение ги отфрли Жалбите. Од нив 31 Жалба е отфрлена како недопуштена. Одлучувајќи по 3 Жалби, Комисијата донесе Решенија со кои истите се уважуваат и предметите се враќаат на повторно постапување пред првостепениот орган.
По 23 изјавени Жалби, Комисијата донесе исто толку Решенија за нивно уважување и задолжување на имателите на барателите да им ги дадат бараните информации, додека во еден случај Комисијата донесе Решение со кое го задолжи имателот веднаш или најдоцна во рок од 3 дена да го препрати барањето до имателот кој располага со бараната информација.
Исто така, Комисијата донесе и 3 други Решенија за одбивање на Жалбите и за потврдување на Заклучоците на првостепените органи.
На 113-та седница Комсијата донесе и вкупно 29 Заклучоци од кои 28 за запирање на постапката поради тоа што Жалбите биле повлечени од страна на барателите, како и 1 Заклучок за спојување на постапката.