ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 47 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 112-та седница одржана на 08 јули 2015 година, донесе 12 решенија и 47 заклучоци.Комисијата донесе 12 Решенија од кои во 3 случаи жалбите се одбиени како неосновани. Одлучувајќи по 4 Жалби, Комисијата донесе Решенија со кои истите се уважуваат и предметите се враќаат на повторно постапување пред првостепениот орган. Постапувајќи по 3 жалби Комисијата со Решение ги одби како несновани и ги потврди Решенијата на првостепените органи како правилни и врз закон засновани. Во 1 случај Комисијата донесе Решение со кое Жалбата во еден дел се уважува и имателот се задолжува да ги достави бараните информации, додека во друг дел Жалбата е одбиена како неоснована. За една Жалба донесено е  Решение со кое Жалбата се уважува, а решението на првостепениот орган се поништува и предметот се враќа на повторно постапување.

На истата седница Комисијата донесе и 47 Заклучоци. Со 42  донесени Заклучоци, Комисијата  ја запре постапката по Жалбите, поради тоа што жалбите се повлечени од страна на барателите, а со 5 Заклучоци постапката по Жалбите се запира, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации

.