ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 109-та седница одржана на 21 мај 2015 година, донесе 12 решенија и 4 заклучока.

*********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Агенција за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај  2015 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…бришење на Товар од И.Л.9980 кој на 28.06.2010 година – Основен суд Велес предал Интабулациона книга во Катастар-Имотот 9980 од 1977-1978 (изградба) се води сопственост на М.З. а подоцна на Г. и Е.З. по ½ идеален дел со поклон даден согласно закон на Нотар….“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-320 на 19.02.2015 година, изјавена од  Г.З. од Велес, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер  и ја одби како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.З. од Велес на 20.08.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес бр.1103-465, со кое ја побарал следната информација:
 „….бришење на Товар од И.Л.9980 кој на 28.06.2010 година – Основен суд Велес предал Интабулациона книга во Катастар-Имотот 9980 од 1977-1978 (изградба) се води сопственост на М.З. а подоцна на Г. и Е.З. по ½ идеален дел со поклон даден согласно закон на Нотар….“.
Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-320 од 26.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес и побара  во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес на 16.03.2015 година до Комисијата достави Известување бр.1123-54-01 од 09.03.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-320. Во Известувањето е наведено дека „Агенција за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, во врска со вашето барање за доставување на списи по Предмет бр.1103-465/2014 год. од З.Г. од Велес, ве известува дека списите кон предметот се доставени до АКН-Скопје-Сектор за внатрешна контрола на ден 27.08.2014 год., согласно Законот за постапување по претставки и предлози (Сл.весник на РМ бр.82/08)“.
    Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставен допис бр.1103-465/2014 од 27.08.2014 година, насловен до Агенцијата за катастар на недвижности Скопје – Сектор за внатрешна контрола, со кој е побарано постапување согласно Законот за постапување по претставки и предлози на поднесеното Барањето бр.1103-465/2014 година од З.Г..
    По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес, не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по Барањето од Г.З. од Велес, со тоа што не го третирала наведеното Барање како Барање поднесено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку постапила согласно Законот за постапување по претставки и предлози.
Комисијата укажува дека во иднина, Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности – Велес по поднесените барања согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, треба да се постапува согласно наведениот Закон.
Иако во првостепената постапка имало недостатоци, тие биле такви што не можеле да влијаат за поинакво решавање на предметот, што е во согласност со член 240 став 2 од Законот за општата управна постапка:  „Второстепениот орган ќе ја одбие жалбата и кога ќе најде дека во првостепената постапка имало недостатоци, но дека тие се такви што не можеле да имаат влијание врз решавањето на работата“.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од јавен карактер е „информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“.
Барањето за: „….бришање на Товар од И.Л.9980 кој на 28.06.2010 година – Основен суд Велес предал Интабулациона книга во Катастар-Имотот 9980 од 1977-1978 (изградба) се води сопственост на Милан Зафиров а подоцна на Г. и Е.З. по ½ идеален дел со поклон даден согласно закон на Нотар…“ не е барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
 УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесена против Државната комисија за спречување на корупција, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 21мај  2015 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„“1.Колку иницијативи се поднесени за кривични и прекршочни постапки за функционери во текот на 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 година?
2. Колкав број на јавни опомени за функционери се изречени во претходните пет години и за кои функционери станува збор?
3. Во која фаза се постапките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги најави, а се однесуваат на С.Б. и на Р.Ш.?,  СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-333 на 10.03.2015 година, изјавена од  Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФЛИ како недопуштена.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, преку застапникот Ж.Х.-З., вработена во Центарот, на 09.02.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Здружението под бр.0306-428 до Државната комисија за спречување на корупцијата, со кое побарало фотокопија, по пошта да му се достават следните информации:
 “1.Колку иницијативи се поднесени за кривични и прекршочни постапки за функционери во текот на 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 година?
2. Колкав број на јавни опомени за функционери се изречени во претходните пет години и за кои функционери станува збор?
3. Во која фаза се постапките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги најави, а се однесуваат на С.Б. и на Р.Ш.?,  
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање до барателот доставила Барање бр.03-495/2 од 06.03.2015 година. Во Барањето е наведено дека „потребно“ е барателот да го дополни Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер „…во смисла на член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од ЗОУП…да биде наведено овластеното лице кое го застапува-претставува Здружението во правниот промет и истото да биде потпишано на Барањето, како и заверка на потписот со печат на Здружението…да доставите уредно полномошно од именуваното лице во чие име го имате поднесено Барањето…“.
Незадоволно од наведеното Барање, Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.08-333 од 12.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата на 08.04.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-495/5 од 23.03.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-333. Во Одговорот на жалба Државната комисија за спречување на корупцијата останува на наводите во Барањето бр.03-495/2 од 06.03.2015 година насловено до барателот и „смета дека Жалбата…во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од ЗОУП, е недопуштена“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и бидејќи Барањето на барателот било непотполно и поради тоа имателот не можел да постапува по истото, побарал од барателот на информацијата да го дополни Барањето и му укажал на последиците ако тоа не го направи, односно ако не го дополни барањето во рок од три дена од денот на приемот на известувањето ќе биде констатирано дека Барањето е повлечено.
Барателот не постапил по барањето од имателот на информации да го дополни Барањето за слободен пристап до информации, туку веднаш поднел Жалба до Комисијата. Поради наведеното барателот не може да го оствари правото на правна заштита нормирано во член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во случајов Комисијата констатира дека првостепениот орган пропуштил во целост да постапи согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што значително не влијае на исходот од постапувањето по предметот,  па затоа Комисијата, како второстепен орган, постапи согласно член 239 став 1 од Законот за општата управна постапка и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Здружението, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Здружението, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Колкави биле месечните примања на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, поединечно во текот на 2011, 2012, 2013, 2014 година?
2. Колкави се месечните примања на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, поединечно во 2015 година?“, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-334 на 10.03.2015 година, изјавена од  Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Здружението, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФЛИ како недопуштена.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, преку застапникот Ж.Х.-З., вработена во Здружението, на 09.02.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-429 до Државната комисија за спречување на корупцијата, со кое побарало во електронски запис преку е-маил да му ги достават следните информации:
 „1.Колкави биле месечните примања на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, поединечно во текот на 2011, 2012, 2013, 2014 година?
2. Колкави се месечните примања на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, поединечно во 2015 година?“
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање до барателот доставила Барање бр.03-494/2 од 06.03.2015 година. Во Барањето е наведено дека „потребно“ е барателот да го дополни Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер „…во смисла на член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од ЗОУП…да биде наведено овластеното лице кое го застапува-претставува Здружението во правниот промет и истото да биде потпишано на Барањето, како и заверка на потписот со печат на Здружението…да доставите уредно полномошно од именуваното лице во чие име го имате поднесено Барањето…“.
Незадоволно од наведеното Барање, Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.08-334 од 12.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата на 08.04.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-494/5 од 23.03.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-334. Во Одговорот на жалба Државната комисија за спречување на корупцијата останува на наводите во Барањето бр.03-494/2 од 06.03.2015 година насловено до барателот и „смета дека Жалбата…во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од ЗОУП, е недопуштена.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и бидејќи Барањето на барателот било непотполно и поради тоа имателот не можел да постапува по истото, побарал од барателот на информацијата да го дополни Барањето и му укажал на последиците ако тоа не го направи, односно ако не го дополни барањето во рок од три дена од денот на приемот на известувањето ќе биде констатирано дека Барањето е повлечено.
Барателот не постапил по барањето од имателот на информации да го дополни Барањето за слободен пристап до информации, туку веднаш поднел Жалба до Комисијата. Поради наведеното барателот не може да го оствари правото на правна заштита нормирано во член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во случајов Комисијата констатира дека првостепениот орган пропуштил во целост да постапи согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што значително не влијае на исходот од постапувањето по предметот,  па затоа Комисијата, како второстепен орган, постапи согласно член 239 став 1 од Законот за општата управна постапка и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесена против Државната комисија за спречување на корупција, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 21 мај  2015 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копија од имотна состојба на функционерите наведени подолу, на почетокот на стапување на нивните функции:
1.    А.А., пратеник во Собранието на Република Македонија
2.    Н.Г., претседател на Владата на Република Македонија
3.    З.З., градоначалник на Општина Струмица
4.    М.Т., пратеник во Собранието на Република Македонија“,СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-335 на 10.03.2015 година, изјавена од  Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФЛИ како недопуштена.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, преку застапникот Ж.Х.-З., вработена во Центарот, на 23.02.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-433 до Државната комисија за спречување на корупцијата, со кое побарало фотокопија, по пошта да му се достават следните информации:
 „Копија од имотна состојба на функционерите наведени подолу, на почетокот на стапување на нивните функции:
1. А.А., пратеник во Собранието на Република Македонија
2. Н.Г., претседател на Владата на Република Македонија
3.    З.З., градоначалник на Општина Струмица
4.    М.Т., пратеник во Собранието на Република Македонија“.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање до барателот доставила Барање бр.03-644/2 од 06.03.2015 година. Во Барањето е наведено дека „потребно“ е барателот да го дополни Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер „…во смисла на член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од ЗОУП…да биде наведено овластеното лице кое го застапува-претставува Здружението во правниот промет и истото да биде потпишано на Барањето, како и заверка на потписот со печат на Здружението…да доставите уредно полномошно од именуваното лице во чие име го имате поднесено Барањето…“.
Незадоволно од наведеното Барање, Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, застапувано од Ж.Х.-З., вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.08-335 од 12.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата на 08.04.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-644/5 од 23.03.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-335. Во Одговорот на жалба Државната комисија за спречување на корупцијата останува на наводите во Барањето бр.03-644/2 од 06.03.2015 година насловено до барателот и „смета дека Жалбата…во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од ЗОУП, е недопуштена“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и бидејќи Барањето на барателот било непотполно и поради тоа имателот не можел да постапува по истото, побарал од барателот на информацијата да го дополни Барањето и му укажал на последиците ако тоа не го направи, односно ако не го дополни барањето во рок од три дена од денот на приемот на известувањетоќе биде констатирано дека Барањето е повлечено.
Барателот не постапил по барањето од имателот на информации да го дополни Барањето за слободен пристап до информации, туку веднаш поднел Жалба до Комисијата. Поради наведеното барателот не може да го оствари правото на правна заштита нормирано во член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во случајов Комисијата констатира дека првостепениот орган пропуштил во целост да постапи согласно член 17 став3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што значително не влијае на исходот од постапувањето по предметот, па затоа Комисијата, како второстепен орган, постапи согласно член 239 став 1 од Законот за општата управна постапка и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
“Копии од одлуките на Советот за одлучување по жалби при ВСРМ по жалбите на решенијата на ССРМ за разрешување на судии во период од 2012, 2013 и 2014 година.“ СЕ УВАЖУВА.
Решението на Врховниот суд на Република Македонија СПИ. бр.2/2015 од 18.03.2015 година се поништува, и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-362 на 08.04.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ, Решението на Врховниот суд на Република Македонија СПИ. бр.2/2015 од 18.03.2015 година го поништи, и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението на 23.02.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0703-12/1 до Врховниот суд на Република Македонија, со кое  побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Копии од одлуките на Советот за одлучување по жалби при ВСРМ по жалбите на решенијата на ССРМ за разрешување на судии во период од 2012, 2013 и 2014 година.“
Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по Барањето донело Решение СПИ.бр.2/2015 од 18.03.2015 година со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер се одбива. Во образложението на Решението, Врховниот суд на Република Македонија наведува дека “…во конкретниот случај бараната информација претставува информација чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци а имајќи предвид дека постапката за разрешување и утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција согласно цитираните одредби е од доверлив карактер, следеше да се одлучи како во изреката.“
Незадоволно од добиеното Решение, Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата. Во жалбените наводи Здружението наведува дека “…доставувањето на копии од одлуките по жалби на решенијата на ССРМ за разрешување на судии, доколку истите се анонимизирани без откриени податоци за името, презимето и судот во кој што судијата кој што е разрешен работел, не претставува повреда на одредбите на кои што се повикал Врховниот суд на РМ во решението во кое што го одбива пристапот до ваквите решенија. Одбивањето на ваквото барање е уште повеќе неоправдано доколку се земе предвид дека самите решенија за разрешување на судии на РМ, се веќе објавени а веб страната на Судскиот совет на РМ кој што ги донесува истите, а за заштита на личните податоци е решена на тој начин што решенијата за разрешување се анонимизирани без да се открие името, презимето и судот во кој што судијата работел.”
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-362 од 16.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Врховниот суд на Република Македонија во врска со ова Барање на 30.04.2015 година до Комисијата достави Известување бр.03-287/15 од 29.04.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-362. Во Известувањето, Врховниот суд на Република Македонија наведува дека: ”Одлуките на овие совети не се внесени во АКМИС системот и според тоа не спаѓаат во видот на одлуки чија постапка за анонимизирање и објавување на Веб страната на судот е регулирано во Законот за управување со движењето на предметите во судовите и Упатството на Министерот за правда…овие совети по начинот на формирање на составот не спаѓаат во редовните совети на Врховниот суд на Република Македонија, нивните одлуки се заведуваат во СУ.ДОВ Уписник…”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека  Врховниот суд на Република Македонија не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да  го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во случајов, Врховниот суд на Република Македонија сметал дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и согласно друг закон и донел Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ги навел причините за одбивањето. Но, пред да го одбие пристапот, должен бил да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010)“ е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Исто така, Врховниот суд на Република Македонија не утврдил дали документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност. Доколку го утврди истото, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
Што се однесува до наводите на Врховниот суд дека „…. судските одлуки не се објавуваат на веб страницата на судот…Врховниот суд на Република Македонија на Општа седница го именува составот на Советот за одлучување по жалби против решение за изречени дисциплински мерки…се работи за ад-хок совети…одлуките на овие совети не се внесени во АКМИС системот и според тоа не спаѓаат во видот на одлуки чија постапка за анонимизирање и објавување на веб-страната на судот е регулирано во Законот за управување со движењето на предметите во судовите…“, Комисијата укажува дека Советот е формиран при Врховниот суд на Република Македонија и именуваниот состав на Советот за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка (член 37 став 1 алинеја 10 од Законот за судовите) е должен да ги почитува сите начелни ставови и начелни правни мислења што ги утврдува Врховниот суд, односно врши работи од надлежност на Судот. Во врска со тоа Комисијата констатира дека станува збор за имател на информации кој е должен да постапи согласно член 2 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да ги направи, целосно или делумно, достапни за јавноста податоците од неговите надлежности утврдени со закон, без разлика дали ги има објавено на својата веб страница.
При повторното постапување по предметот, Врховниот суд на Република Македонија треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола бр.41-59/4 од 01.04.2015 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер:
„…Целокупната документација по предметот за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Станбена заедница број 1 Блок 2 со плански опфат на североисток-осовина на магистрална улица Довлеџик, југ осовина на станбена улица Довлеџик (граница со ДУП за станбена заедница 1 модул1), северозапад-осовина на планирана делница на магистрална улица до крстосница со магистрална улица Довлеџик…“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 15 јуни 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Оспореното Решение на Општина Битола бр.41-59/4 од 01.04.2015 година се поништува.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-366 на 16.04.2015 година, изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола бр.41-59/4 од 01.04.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 15 јуни 2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Оспореноето Решение на Општина Битола бр.41-59/4 од 01.04.2015 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, И.К. од Битола на 30.03.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, со кое побарал фотокопија од следните информации:
 „…Целокупната документација по предметот за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Станбена заедница број 1 Блок 2 со плански опфат на североисток-осовина на магистрална улица Довлеџик, југ осовина на станбена улица Довлеџик (граница со ДУП за станбена заедница 1 модул1), северозапад-осовина на планирана делница на магистрална улица до крстосница со магистрална улица Довлеџик…“.
Општина Битола, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање постапила во законски предвидениот рок и донела Решение бр.41-59/4 од 01.04.2015 година, со кое го одбила пристапот до бараните информации.
Незадоволен од наведеното Решение, И.К. од Битола поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.08-366 од 17.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Општината Битола на 04.05.2015 година до Комисијата достави Одговор по жалба бр 41-59/6 од 29.04.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-366. Во Одговорот е наведено: „Ви го доставуваме Одговорот по жалба во вид на мислење од Општина Битола…“. Во прилог на Одговорот до Комисијата е доставено Мислење бр.41-59 од 29.04.2015 година од Секторот за правно-нормативни, административни и општи работи на Општина Битола, во кое е наведено: „Во врска со Решението бр.41-59/4 од 01.04.2015 година, истото по правна препорака е донесено согласно член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до инфпрмации од јавен карактер…поради фактот што информацијата од документот е во постапка на подготвување…ДУП за Станбена единица број 1, Блок 2 – Битола се уште е во фаза на изработка и добивање согласност од Министерството за транспорт и врски…до конечното донесување на овој ДУП истиот може да претрпи измени и моменталното давање на информации би можело да доведе до погрешно разбирање на содржината…“. Во прилог на Одговорот, исто така, до Комисијата е доставено Решението бр.41-59/4 од 01.04.2015 година со кое се одбива пристапот до бараната информација, во чие образложение се повторени наводите од погоренаведеното Мислење од Секторот за правно-нормативни, административни и општи работи на Општина Битола.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно донела Решение бр.41-59/4 од 01.04.2015 година, со кое го одбила пристапот до бараните информации, како исклучок од слободниот пристап, а чие Образложение не е во согласност со член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на кој всушност се повикува Општина Битола.
Во конкретниот случај во Барањето за пристап до информации од јавен карактер е наведено дека се бара „…Целокупната документација по предметот за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Станбена заедница број 1 Блок 2 со плански опфат на североисток-осовина на магистрална улица Довлеџик, југ осовина на станбена улица Довлеџик (граница со ДУП за станбена заедница 1 модул1), северозапад-осовина на планирана делница на магистрална улица до крстосница со магистрална улица Довлеџик…“, со конкретно назначување на бараните документи, кои биле донесени во постапка која претходела на постапката за изработка и донесување на Детален урбанистички план. Односно, барателот не бара документ насловен Детален урбанистички план, туку ги бара претходно изработените документи со кои се отпочнала постапката за донесување на Деталниот урбанистички план. Имателот на информациите не постапил согласно Законот и не му ги дал на барателот информациите кои ги изготвил, или со кои располага, а се однесуваат на претходната постапка на донесување на Деталниот урбанистички план, туку одбил пристап до информација која не е побарана од него.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал и со која располага само имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.“
Со ваквото постапување Општина Битола не ја остварила целта на Законот, наведена во член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „Имателите на информации за својата работа се должни да овозможат информираност на јавноста“. Поконкретно должностите на имателите на информации да ја информираат јавноста за својата работа се наведени во член 10 од истиот Закон и истите не претставуваат исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

        Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„Копии од одлуките на Советот за одлучување по жалби при ВСРМ по жалбите на решенијата на ССРМ за изречени дисциплински мерки на судии во период од 2012, 2013 и 2014 година“ СЕ УВАЖУВА. Решението на Врховниот суд СПИ Бр.1/2015 од 18.03.2015 година се поништува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-363 на 08.04.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ,  Решението на Врховниот суд СПИ Бр.1/2015 од 18.03.2015 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението на 23.02.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0703-12/2 до Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка, со кое  побарало по е-маил да му биде доставен електронски запис од следната информација:
„Копии од одлуките на Советот за одлучување по жалби при ВСРМ по жалбите на решенијата на ССРМ за изречени дисциплински мерки на судии во период од 2012, 2013 и 2014 година“. Во Жалбата е наведено и: „Барателот….смета дека доставувањето на копии од одлуките по жалбите на решенијата на ССРМ за изречени дисциплински мерки на судии, доколку истите се анонимизирани без откриени податоци за името, презимето и судот во кој што судијата на кој што му е изречена дисциплинска мерка работел, не претставува повреда на одредбите на кои што се повикал Врховниот суд во Решението во кое што го одбива пристапот до ваквите одлуки“.
Постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, Врховниот суд на Република Македонија на 20.03.2015 година до барателот на информации доставил Решение СПИ Бр.1/2015 од 18.03.2015 година, со кое го одбил пристапот до бараната информација.
Незадоволно од Образложението на добиеното Решение, Здружението на граѓани Институт за човекови права – Скопје, застапувано од М.Ц.Н., претседател на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-363 од 17.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Врховниот суд на Република Македонија  на 30.04.2015 година до Комисијата достави Известување 03 бр.286/15 од 29.04.2015 година во кое наведува дека останува на наводите од оспореното Решение СПИ Бр.1/2015 од 18.03.2015 година, односно дека „…согласно член 54 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија дисциплинската постапка е итна и од доверлив карактер, се води без присуство на јавноста и со почитување на угледот и достоинството на судијата при што се води сметка за заштита на личните податоци на судијата…судските одлуки не се објавуваат на веб страницата на судот…Врховниот суд на Република Македонија на Општа седница го именува составот на Советот за одлучување по жалби против решение за изречени дисциплински мерки…се работи за ад-хок совети…одлуките на овие совети не се внесени во АКМИС системот и според тоа не спаѓаат во видот на одлуки чија постапка за анонимизирање и објавување на веб-страната на судот е регулирано во Законот за управување со движењето на предметите во судовите…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека  Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка целосно не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да  го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во случајов, Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка сметал дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и согласно друг закон и донел Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ги навел причините за одбивањето. Но, пред да го одбие пристапот, должен бил да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010)“е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Исто така, Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка,  не утврдил дали документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност. Доколку го утврди истото, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Што се однесува до наводите на Врховниот суд дека „…. судските одлуки не се објавуваат на веб страницата на судот…Врховниот суд на Република Македонија на Општа седница го именува составот на Советот за одлучување по жалби против решение за изречени дисциплински мерки…се работи за ад-хок совети…одлуките на овие совети не се внесени во АКМИС системот и според тоа не спаѓаат во видот на одлуки чија постапка за анонимизирање и објавување на веб-страната на судот е регулирано во Законот за управување со движењето на предметите во судовите…“, Комисијата укажува дека Советот е формиран при Врховниот суд на Република Македонија и именуваниот состав на Советот за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка (член 37 став 1 алинеја 10 од Законот за судовите) е должен да ги почитува сите начелни ставови и начелни правни мислења што ги утврдува Врховниот суд, односно врши работи од надлежност на Судот. Во врска со тоа Комисијата констатира дека станува збор за имател на информации кој е должен да постапи согласно член 2 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да ги направи, целосно или делумно, достапни за јавноста податоците од неговите надлежности утврдени со закон, без разлика дали ги има објавено на својата веб страница.
При повторното постапување по предметот, Врховниот суд на Република Македонија-Совет за одлучување по жалби против решение на Судскиот совет на РМ за разрешување на судија или изречена дисциплинска мерка треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

***********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против М.Х.П., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

        Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против М.Х.П., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„Увид во документацијата за Договор за закуп бр. УЗП198/14 од 14.01.2014 година од М.Х.П., нотар од Велес и да ми се издаде фотокопија на Договор за закуп бр. УЗП198/14 од 14.01.2014 година од нотар М.Х.П. и друго по извршениот увид“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-354 на 03.04.2015 година, изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против М.Х.П., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Љ.Р. од Велес на 24.02.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до М.Х.П., нотар од Велес, со кое ја побарал следната информација:
 „Увид во документацијата за Договор за закуп бр. УЗП198/14 од 14.01.2014 година од М.Х.П., нотар од Велес и да ми се издаде фотокопија на Договор за закуп бр. УЗП198/14 од 14.01.2014 година од нотар М.Х.П. и друго по извршениот увид“.
М.Х.П., нотар од Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-354 од 08.04.2015 година, ја препрати Жалбата до М.Х.П., нотар од Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
М.Х.П., нотар од Велес, до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 08-354 од 04.05.2015 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Во врска со барањето на Љ.Р. од Велес…тоа се коси со Законот за заштита на лични податоци, бидејќи во бараниот одговор се содржани лични податоци на странките…согласно член 6, став 1, точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…имателите на информации можат да одбијат барање…ако информацијата се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека  М.Х.П., нотар од Велес, не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да  го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Марија Хаџи Петрушева, нотар од Велес, дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци е должна  да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010)“е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, М.Х.П., нотар од Велес,  утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, М.Х.П., нотар од Велес, треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај  2015 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…Документацијата на предметот П.Бр.450/04 од 19.01.2006 година на Основниот суд Велес од судија В.М. и да ми се издаде фотокопии на Одлуки, Решенија, Пресуда и друго по извршениот увид“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-355 на 03.04.2015 година, изјавена од  Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер  и ја одби како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес на 18.03.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Велес, со кое побарал увид во следната информација:
 „…Документацијата на предметот П.Бр.450/04 од 19.01.2006 година на Основниот суд Велес од судија В.М. и да ми се издаде фотокопии на Одлуки, Решенија, Пресуда и друго по извршениот увид“.
Основен суд Велес, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање постапил во законски предвидениот рок и му овозможил увид на барателот, но не на „целокупниот предмет“. Незадоволен од извршениот увид, Б.П. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.08-355 од 08.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Велес и побара  во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основен суд Велес на 27.04.2015 година до Комисијата достави Произнесување по жалба СПИ.бр.6/15 од 22.04.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-355. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…на ден 31.03.2015 година барателот беше повикан во Основен суд Велес при што на Записник СПИ.бр.6/15 од 31.03.2015 година е констатирано дека во присуство на службено лице за посредување со информации и записничар, барателот изврши увид на предметот П.бр.450/04 со што во делот на Барањето за увид целосно е овозможен пристап до бараната информација…по што истиот беше известен дека пристап до фотокопија на бараните списи по предметот ќе му биде овозможено, но секој личен податок кој подлежи на заштита согласно Законот за заштита на личните податоци ќе биде соодветно анонимизиран…Записникот за сите овие констатации е лично потпишан од барателот, без забелешка“.
Во прилог на Произнесувањето по жалба до Комисијата е доставена Обвивка на списите од предметот СПИ.бр.6/15 која, меѓу другото го содржи и Записникот за овозможен пристап до информации од јавен карактер преку увид во списи извршен во просториите на Основен суд Велес на ден 31.03.2015 година, уредно потпишан од страна на барателот Б.П.. Во истиот не се наведени никакви забелешки од страна на барателот. Исто така, во прилог на Произнесувањето по жалба до Комисијата е доставена Доставница за лично доставување до барателот Б.П. на списи од предмет СПИ.бр.6/15 од 31.03.2015 година, исто така уредно потпишана од страна на барателот, како и фотокопии од бараните информации, од кои се отстранети личните податоци.   
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основен суд Велес постапил по Барањето од Б.П. од Велес и во законски предвидениот рок му овозможил увид и му доставил фотокопии од бараните информации, со отстранети лични податоци, односно му овозможил делумен пристап согласно член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена  против Решението на Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното    
    
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П. од Велес,поднесена против Решението на Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…увид во Документацијата за приватизација на 12 подземни гаражи адаптирани (пренаменети) во деловни простории во активна состојба, што се приватизирани на парцела 6674 и 6670/2 во склоп на станбена зграда Б2 и Б1 на Ул.„Благој Ѓорев“, од кој 10 адаптирани (пренаменети) деловни простории се наоѓаат и приватизирани на парцела 6674 во склоп на станбена зграда Б2 на Ул. „Благој Ѓорев“ бр.97…на следните сопственици: 1. Б.А….2. П.Т….3.Ш.В….4.В.И….5,6,7. З.С….8. Б.Г….9. В.С….10. Љ.(Љ.) Л., како и 2 (две) адаптирани (преманенети) деловни простории што се наоѓаат и приватизирани на парцела 6670/2 во склоп на станбена зграда Б1 на Ул.„Благој Ѓорев“ бр.99…на следните сопственици: 10. Б.К….11. Т.У….како и да ми се издадат фотокопии на Решенија, одлуки и друго по извршениот увид“ СЕ УВАЖУВА.   
Решението на Министерството за финансии бр.03-4090/1 од 09.04.2015 година се поништува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-356 од 22.04.2015 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена  против Министерство за финансии,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ,  Решението на Министерството за финансии бр.03-4090/1 од 09.04.2015 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-356 од 03.04.2015 година и бр.08-356 од 22.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Министерството за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер и утврди дека се изјавени од ист жалител, поднесени против Министерството за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес поради недобиен одговор во законски предвидениот рок по Барање за слободен пристап до информации бр.26-1/1 од 27.02.2015 година и против Решение на Министерството за финансии бр.03-4090/1 од 09.04.2015 година по истото Барање. Водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за спојување на наведените жалби во еден предмет.
Како што се наведува  во Жалбата бр.08-356 од 03.04.2015 година, Б.П. на 27.02.2015 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.26-1/1 до Министерство за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес, со кое  побарал:
„…увид во Документацијата за приватизација на 12 подземни гаражи адаптирани (пренаменети) во деловни простории во активна состојба, што се приватизирани на парцела 6674 и 6670/2 во склоп на станбена зграда Б2 и Б1 на Ул.„Благој Ѓорев“, од кој 10 адаптирани (пренаменети) деловни простории се наоѓаат и приватизирани на парцела 6674 во склоп на станбена зграда Б2 на Ул. „Благој Ѓорев“ бр.97…на следните сопственици: 1. Б.А….2. П.Т….3.Ш.В….4.В.И….5,6,7. З.С….8. Б.Г….9. В.С….10. Љ.(Љ.) Л., како и 2 (две) адаптирани (преманенети) деловни простории што се наоѓаат и приватизирани на парцела 6670/2 во склоп на станбена зграда Б1 на Ул.„Благој Ѓорев“ бр.99…на следните сопственици: 10. Б.К….11. Т.У….како и да ми се издадат фотокопии на Решенија, одлуки и друго по извршениот увид“.
Министерство за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-356 од 08.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерство за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерство за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес не се произнесе по барањето од Комисијата.
Во меѓувреме, барателот Б.П. од Велес на 22.04.2015 година до Комисијата поднесе Жалба бр.08-356 против Решение на Министерство за финансии бр.03-4090/1 од 09.04.2015 година. Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес на 17.04.2015 година примил Решение од Министерство за финансии заведено под бр.03-4090/1 од 09.04.2015 година, во кое неговото Барање за пристап до информации од јавен карактер е одбиено, согласно член 6 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот го обжали наведеното Решение, наведувајќи дека не станува збор за заштита лични податоци односно смета дека во случајот:“…ако се земе во обзир и интересот на подносителот истакнат во Жалбата …посебно од причина што изнад приватизираните подземни гаражи во деловни простории во позадина се наоѓаат поголем број на легално изградени објекти со проект во склоп на станбена зграда Б2 меѓу кои и објект во сопственост на неговата ќерка – лице со посебни потреби…”.
    Комисијата, ја препрати Жалбата до Министерство за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерство за финансии на 24.04.2015 година достави Одговор на Жалба заведен под бр.03-4090/3 од 20.04.2015 година, како и Одговор на жалба бр. 03-5177/2 од 07.05.2015 година, а во Комисијата заведени под бр.08-356.
Во Одговорите, Министерството за финанисии потврдува дека останува на наводите од Решението бр.03-4090/1 од 09.04.2015 година бидејќи смета дека информацијата која ја бара барателот е информација која е исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, од причина што Барањето е поднесено од лице кое не е барател во постапката за приватизација на горенаведените предмети, како и доколку му се овозможи увид во документацијата по наведените предмети ќе се повредат одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Во конкретниот случај, имателот спровел тест на штетност и утврдил дека „…барателот не го докажал својот правен интерес согласно член 77 од Законот за општа управна постапка, за да може за изврши увид во списите на предметот“, односно дека „…се гледа намерата на сега жалителот со искористување, односно злоупотреба на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да добие увид во списи на предмет во кој не е ниту странка, ниту пак го докажува својот интерес, како би можел согласно со членот 77 од Законот за општата управна постапка да добие пристап до определени списи“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно неосновано го одбило Барањетоза увид на барателот.
Постапувањето по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер. Согласно член 4 став 1, а во врска со член 16 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на слободен пристап до информации имаат сите физички и правни лица и барателот не е должен да го образложи барањето, но потребно е да наведе дека се работи за барање за пристап до информации. Комисијата утврди дека Барањето за увид во предметот, поднесено од Б.П. од Велес е согласно цитираните одредби од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Министерството за финансии е должно да постапи по Барањето согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.
Согласно член 3 од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа…“, а согласно член 16 став 5 од истиот Закон „Барателот не е должен да го образложи барањето…“, односно не е должен да докажува правен основ, односно правен интерес за истото. Бидејќи правото на слободен пристап до информации е регулирано со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информации требало да постапи согласно истиот, а да не се повикува на членови од друг закон, во случајов на член 77 од Законот за општата управна постапка.
Од списите во предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии не постапило во целост согласно членот 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, пред да го донесе Решението за одбивање на Барањето, Министерството за фианансии спровело тест на штетност но не образложил доволно и не навел кои штетни последици би настанале со овозможување увид во бараните информации. Комисијата му укажува на Министерството за финансии дека треба да го спроведе тестот на штетност согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да наведе прецизно кои, какви и за кого би настанале штетни последици со овозможување увид во бараните информации. Дури потоа, откако ќе наведе точно и прецизно кои штетни последици би настанале со овозможување увид во бараните информации и кога ќе утврди дека последиците кои би настанале со овозможување на увид во бараните информации се поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се поситигнал со овозможување на пристап до информациите, Министерството е должно да донесе Решение за одбивање на Барањето.
Во случајот, имателот на информации бил должен да постапи и согласно член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „Ако документот или негов дел содржи информации од членот 6 став (1) на овој закон што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, имателот на информации ги одвојува тие информации од документот и го известува барателот за содржината на останатиот дел од документот.”
При повторното постапување по предметот, Министерството за финансии треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола бр.41-60/4од 01.04.2015 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер:
„Целокупната документација по предметот за изработка и донесување измени и дополнувања на ДУП за Станбена заедница број 1-Урбан модул 1, со граници:Од север- јужниот крак од ул.„Довлеџик“, до пресекот со новопредвидената колекторска улица, Од запад модулот се граничи со дел од новопредвидената колекторска улица,Од  југ со новопредвидените колективни станбени згради-оди по западната и јужната граница на спортските терени, Од исток-дел со источната граница на спортските терени и со новопредвидената улица пред Универзитетскиот центар.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 15.06.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Општина Битола бр.41-60/4 од 01.04.2015 година се поништува.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-367 на 16.04.2015 година, изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола бр.41-60/4од 01.04.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 15.06.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Општина Битола бр.41-60/4 од 01.04.2015 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, И.К. од Битола на 30.03.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, со кое побарал фотокопија од следните информации:
 “Целокупната документација по предметот за изработка и донесување измени и дополнувања на ДУП за Станбена заедница број 1-Урбан модул 1, со граници: Од север- јужниот крак од ул.„Довлеџик“, до пресекот со новопредвидената колекторска улица, Од запад модулот се граничи со дел од новопредвидената колекторска улица, Од југ со новопредвидените колективни станбени згради-оди по западната и јужната граница на спортските терени; Од исток-дел со источната граница на спортските терени и со новопредвидената улица пред Универзитетскиот центар.“
Општина Битола, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање постапила во законски предвидениот рок и донела Решение бр.41-60/4 од 01.04.2015 година, со кое го одбила пристапот до бараните информации.
Незадоволен од Образложението на наведеното Решение, И.К. од Битола поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.08-367 од 20.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Општината Битола на 04.05.2015 година до Комисијата достави Одговор по Жалба бр 41-60/6 од 29.04.2015 година, заведен во Комисијата под бр. 08-367. Во Одговорот по Жалба е наведено дека истиот претставува „…вид на мислење од Општина Битола…“. Во прилог на Одговорот до Комисијата е доставено Мислење бр.41-60 од 29.04.2015 година од Секторот за правно-нормативни, административни и општи работи на Општина Битола, во кое е наведено дека е донесено Решение за одбивање на Барањето за пристап до бараните информации согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „…поради фактот што информацијата од документот е во постапка на подготвување…ДУП за Станбена заедница број 1, Блок 2 – Битола се уште е во фаза на изработка и добивање согласност од Министерството за транспорт и врски…до конечното донесување на овој ДУП истиот може да претрпи измени и моменталното давање на информации би можело да доведе до погрешно разбирање на содржината…“. Во прилог на Одговорот, исто така, до Комисијата е доставено Решението бр.41-60/4 од 01.04.2015 година, со кое се одбива пристапот до бараната информација, во чие образложение се повторени наводите од погоренаведеното Мислење од Секторот за правно-нормативни, административни и општи работи на Општина Битола.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно донела Решение бр.41-60/4 од 01.04.2015 година, со кое го одбила пристапот до бараните информации, како исклучок од слободниот пристап, а чие Образложение не е во согласност со член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на кој всушност се повикува Општина Битола.
Во конкретниот случај во Барањето за пристап до информации од јавен карактер е наведено дека се бара“ Целокупната документација по предметот за изработка и донесување измени и дополнувања на ДУП за Станбена заедница број 1-Урбан модул 1, со граници: Од север- јуќниот крак од ул.„Довлеџик“, до пресекот со новопредвидената колекторска улица, Од запад модулот се граничи со дел од новопредвидената колекторска улица, Од југ со новопредвидените колективни станбени згради-оди по западната и јужната граница на спортските терени, Од исток-дел со источната граница на спортските терени и со новопредвидената улица пред Универзитетскиот центар.“, со конкретно назначување на бараните документи, кои биле донесени во постапка која претходела на постапката за изработка и донесување на Детален урбанистички план. Односно, барателот не бара документ насловен Детален урбанистички план, туку ги бара претходно изработените документи со кои се отпочнала постапката за донесување на Деталниот урбанистички план. Имателот на информациите не постапил согласно Законот и не му ги дал на барателот информациите кои ги изготвил, или со кои располага, а се однесуваат на претходната постапка на донесување на Деталниот урбанистички план, туку одбил пристап до информација која не е побарана од него.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал и со која располага само имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.“
Со ваквото постапување Општина Битола не ја остварила целта на Законот, наведена во член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „Имателите на информации за својата работа се должни да овозможат информираност на јавноста“. Поконкретно должностите на имателите на информации да ја информираат јавноста за својата работа се наведени во член 10 од истиот Закон и истите не претставуваат исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите изјавени од Б.П. од Велес поднесени против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од Б.П. од Велес поднесени против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„Увид во документација на катастарските парцели, имотни листови за адаптирани подземни гаражи во деловни простории со вкупен број 12 (гаражи) адаптирани во деловни простории на улица Благој Ѓорев б.б. во активна состојба, претходно на парцела предвидена за гаражи што се наоѓа во склоп на зграда Б2 на ул.Благој Ѓорев 97 на лицата Б.А., П.Т. и останати и издаде фотокопии на Решение, одлуки, услови за адаптација, одобрение за адаптација, Договори, имотни листови со прилог на сопственост на адаптирани деловни простории и друго по извршениот увид..“ СЕ ОДБИВААТ.
Заклучок бр.11-01-71; 1123-65-01 од 25.03.2015 година на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-358 од 08.04.2015 година и бр.08-365 од 16.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и заклучи дека Жалбите се изјавени од ист жалител, поднесени против Известувањето бр.11-01-71/2015 од 09.03.2015 година и Заклучокот бр.11-01-71; 1123-65-01 од 25.03.2015 година на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес по едно исто Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер поради што, водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка и согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите ги ОДБИ како неосновани и утврди дека заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон донесен.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-358 од 08.04.2015 година, Б.П. од Велес на 27.01.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, со кое побарал:
“Увид во документација на катастарските парцели, имотни листови за адаптирани подземни гаражи во деловни простории со вкупен број 12 (гаражи) адаптирани во деловни простории на улица Благој Ѓорев б.б. во активна состојба, претходно на парцела предвидена за гаражи што се наоѓа во склоп на зграда Б2 на ул.Благој Ѓорев 97 на лицата Б.А., П.Т. и останати и издаде фотокопии на Решение, одлуки, услови за адаптација, одобрение за адаптација, Договори, имотни листови со прилог на сопственост на адаптирани деловни простории и друго по извршениот увид.”
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање постапила во законски предвидениот рок и му овозможил увид на барателот. За извршениот увид Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес составила Записник бр.1103-29/2015 од 19.02.2015 година, кој П.Б. одбил да го потпише. Б.П. утврдил дека не му се доставени на увид сите информации што ги бара, и врз основа на член 24 став 3 и став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на 27.02.2015 година поднел ново Барање за увид во документација и издавање фотокопии од документи.
На новото Барање, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес доставила Известување до П.Б. од Велес бр.11-01-71/2015 од 09.03.2015 година. Во Известувањето Агенцијата наведува ”Согласно важечкиот тарифник по кој АКН постапува е потребно да извршите уплата за увид во списите цитирани во барањето во износ од 200,00 денари. Видно од барањето е дека барате и фотокопии од Решенија…за што е потребна уплата во износ од 30,00 денари по една страница.”
Незадоволен од наведеното Известување, П.Б. од Велес доставил Поднесок до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, заведен во Агенцијата под бр.1123-65 од 12.03.2015 година.
На 17.03.2015 година П.Б. од Велес извршил увид во бараните документи за што Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес составила Записник. Во Записникот од 17.03.2015 година е наведено дека на барателот не му се доставени фотокопии од списите во кои извршил увид од причина што не уплатил соодветен надоместок за истите согласно тарифникот по кој постапува Агенцијата за катастар на недвижности.
Незадоволен од Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес бр.11-01-71/2015 од 09.03.2015 година П.Б. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-358 од 16.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес  и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 16.04.2015 година Б.П. од Велес до Комисијата достави нова Жалба, заведена во Комисијата под бр.08-365. Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-365 на 16.04.2015 година, Б.П. од Велес истата ја поднесува против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес заведен под број 11-01-71; 1123-65-01 од 25.03.2015 година, со кој се констатира дека поднесеното Барање од П.Б. од Велес е повлечено.
Комисијата со допис бр.08-365 од 17.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес  и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На барањата на Комисијата, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес достави допис Доставување на предмет бр.1123-124-01/2015 бр.1123-123-01/2015 од 28.04.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-358 и 08-365 од 05.05.2015 година во кој наведува: “Од причина што жалбата против Известување бр.11-01-71/2015 и жалбата против Заклучок бр.11-01-71,1123-65-01 од 25.03.2015 год. се однесува на исто барање за исти предмети и списи и од еден подносител (жалител), Ви доставуваме едно произнесување по однос на двата оформени предмети во 2 (два) примероци.” Во прилог, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес до Комисијата достави  Произнесување по Жалба бр.1123-124-01/2015 бр.1123-123-01/2015 од 28.04.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-358 и 08-365 од 05.05.2015 година. Во Произнесувањето по Жалба, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес наведува дека “Со оглед на тоа што АКН-ОКН-Велес го овозможи увидот на списите и составен Записник бр.11-01-71, 1123-65-01 од 25.03.2015 год., а подносителот не достави надоместок за фотокопии од списите, се донесе Заклучок на 25.03.2015 год. Со заклучокот бр.11-01-71, 1123-65-01 се констатира дека во делот на барањето за фотокопии од списите, барањето се смета за повлечено.”
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-358 од 08.04.2015 година и бр.08-365 од 16.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, се изјавени од ист жалител, поднесени против Известувањето бр.11-01-71/2015 од 09.03.2015 година и Заклучокот бр.11-01-71; 1123-65-01 од 25.03.2015 година на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес по едно исто Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер поради што, водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка и согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во врска со наведеното Комисијата на барателот му укажува на следното.
Кога постои законски утврден Тарифник како што е во конкретниов случај по кој имателот на информацијата дава фотокопија или препис од документи или овозможува вршење увид во предмет се применува наведениот Тарифник место Одлуката за надомест на материјалните трошоци донесена од Владата на РМ врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од досегашното работење, Комисијата има утврдено дека Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар на Р.Македонија и Судовите, имаат утврдено Тарифник по кој вршат надомест на трошоците (наплатуваат) за посредување со документи кои произлегуваат од вршење на нивната надлежност односно дејност.
Врз основа на горенаведеното Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес постапила правилно и го известила барателот дека за да му овозможи пристап до бараните информации е должен да плати одреден надоместок. Со оглед на тоа што барателот не постапил по Известувањето и не доставил доказ за уплатен надоместок за фотокопии од бараните документи, во определениот рок, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес постапила согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) и донела Заклучок со кој констатирала дека Барањето е повлечено поради што постапката се запира.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-356 од 03.04.2015 година и бр.08-356 од 22.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Министерство за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08, 6/10 и 42/14), а во врска со член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 мај 2015 2015 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

Постапката по Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-356 од 03.04.2015 година и бр.08-356 од 22.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Министерството за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-356 од 03.04.2015 година и бр.08-356 од 22.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Министерството за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер и го утврди следното.
Постапувајќи по Жалбите изјавени од ист жалител, поднесени против Министерството за финансии -Управа за имотно-правни работи -Подрачно одделение за првостепена управна постапка – Велес поради недобиен одговор во законски предвидениот рок по Барање за слободен пристап до информации бр.26-1/1 од 27.02.2015 година и против Решение на Министерството за финансии бр.03-4090/1 од 09.04.2015 година по истото Барање, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
Водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за спојување на наведените жалби во еден предмет.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-358 од 08.04.2015 година и бр.08-365 од 16.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08, 6/10 и 42/14), а во врска со член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

Постапката по Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-358 од 08.04.2015 година и бр.08-365 од 16.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-358 од 08.04.2015 година и бр.08-365 од 16.04.2015 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер и го утврди следното.
Жалбите се изјавени од ист жалител, поднесени против Известувањето бр.11-01-71/2015 од 09.03.2015 година и Заклучокот бр.11-01-71; 1123-65-01 од 25.03.2015 година на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес  по едно исто Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
Водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за спојување на наведените жалби во еден предмет.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Џ.Б. од Прилеп, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 233 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следниот
 
З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Џ.Б. од Прилеп, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„Ве замолувам да ми доставите копија од актот на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование при Министерството за образование и наука за акредитација на Факултетот за правни науки како единица во составот на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин”-Свети Николе и Битола, Решение бр.15-21/2 од 14.05.2014 година.“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-347 на 26.03.2015 година, изјавена од Џ.Б. од Прилеп, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:     
Како што се наведува во Жалбата, Џ.Б. од Прилеп на 11.02.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука. Со Барањето примено во Министерството за образование и наука на 13.02.2015 година, Џ.Б. од Прилеп побарал по пошта да му достават препис од следната информација:
 „Ве замолувам да ми доставите копија од актот на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование при Министерството за образование и наука за акредитација на Факултетот за правни науки како единица во составот на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин”-Свети Николе и Битола, Решение бр.15-21/2 од 14.05.2014 година.“
           Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-347 од 14.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука на 04.05.2015 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-8654/2 од 30.04.2015 година. Во Одговорот на Жалбата, Министерството наведува: “Министерството за образование и наука ја препрати бараната информација до одборот за акредитација како иматели на бараната информација и истата Ви ја праќаме во прилог. Од Вашата жалба заклучивме дека одборот за акредитација не постапил по бараната информација и во прилог Ви го доставуваме решението за акредитација на Факултетот за правни науки.”
На 05.05.2015 година, Џ.Б. од Прилеп преку е-маил ја извести Комисијата дека ги добил бараните информации од Министерството за образование и наука.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука, постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Општинската установа Музеј на град Кратово-Кратово, поднесена против Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 мај 2015 година, го донесе следниот
 
З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Општинската установа Музеј на град Кратово-Кратово, поднесена против Министерството за култура-Сектор за инвестициини работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
“Музејот на град Кратово бара писмено да ни одговорите дали е одлучувано по Решението бр.0705-321 донесено од страна на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од 18 јули 2014 година. Ако не е одлучувано кога ќе биде одлучувано“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-361 на 08.04.2015 година, изјавена од Општинската установа Музеј на град Кратово-Кратово, поднесена против Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:     
Како што се наведува во Жалбата, Општинската установа Музеј на град Кратово-Кратово, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи. Со Барањето заведено во Општинската установа Музеј на град Кратово-Кратово под број 03-51на 13.02.2015 година, барателот побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 „.Музејот на град Кратово бара писмено да ни одговорите дали е одлучувано по Решението бр.0705-321 донесено од страна на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од 18 јули 2014 година. Ако не е одлучувано кога ќе биде одлучувано “
           Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-361 од 15.04.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи на 30.04.2015 година, по е-маил до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр.УП1 58-13 од 29.04.2015 година, а во Комисијата заведено под бр.08-361. Во Произнесувањето по Жалбата, Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи наведува:“…. Министерството за култура до барателот ја достави бараната информација.”
На 05.05.2015 година, Општинската установа Музеј на град Кратово-Кратово, преку е-маил ја извести Комисијата дека добиле одговор од Министерството за култура од кој се задоволни.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за култура-Сектор за инвестициони работи, постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.