ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА И 31 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 105-та седница одржана на 25 март 2015 година, донесе 7 решенија и 31 заклучок.
Комисијата во три случаи ги одби жалбите на барателите како неосновани, додека четири жалби беа уважени и првостепените органи односно имателите беа задолжени да ги дадат бараните информации.
Исто така, Комисијата донесе 31 заклучок, од кои 27 заклучоци, поднесени од Младински образовен форум, против Министерството за образование и наука, со кој се запира постапката по жалбите поради тоа што барателот ги добил бараните информации, но по истекот на законски предвидениот рок.