ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА И 6 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 104-та седница одржана на 16 март 2015 година, донесе 4 решенија и 6 заклучоци.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014),на седницата одржана на16март2015 година, го донесе следното        
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Општина Велес,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„1.На чие име гласи и 2. Која лозинка мојот дел од оставинската распределба од 2010 год. на имотот на татко ми на веб страницата www.veles.gov.mk“СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-805на04.02.2015 година, изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена противОпштина Велесја ОДБИ како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.Ј. од Велес, на 05.11.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес заведено во Општинатапод бр.25-8215/1, со кое побарала по пошта или по е-маил  да и достават препис или фотокопија од следната информација:
“1.На чие име гласи и 2. Која лозинка мојот дел од оставинската распределба од 2010 год. на имотот на татко ми на веб страницата www.veles.gov.mk“.
Општина Велес, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање до барателот доставиОдговор на Барање бр.25-8215/2 од 10.11.2014 година.
В.Ј. од Велес, незадоволна од наведениот Одговор до Општина Велес достави Повторно барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Општината под бр.25-8391/1 од 12.11.2014 година, со кое бара да и се одговори прецизно, потполно и точно на бараните информации од барањето за пристап до информации од 05.11.2014 година по предмет бр.25-8215/1.
Општина Велес во врска со наведеното Барање до В.Ј. достави Одговор на повторно Барање бр.25-8391/2 од 20.11.2014 година.
Незадоволна од наведените Одговори, В.Ј. од Велес на 02.12.2014 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-805 од 02.12.2014 година, ја препрати Жалбата доОпштина Велеси побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Велес на 15.12.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.25-8215/5 од 11.12.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-805. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер врз основа на списите доставени до Комисијата на 30.12.2014 годинана 30.12.2014 година донесе Решение бр.07-805 со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, со укажување како да постапи по однос на Барањето, доколку бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Општина Велес на 27.01.2015 година до Комисијата достави Известување за повторно постапување по Решението на Комисијата бр.07-805 од 30.12.2014 година, заведено во Општината под број 25-357/4 од 26.01.2015 година.
Во прилог на наведеното Известувањето до Комисијата го достави Тестот на штетност по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.25-357/2 од 26.01.2015 година и Решението за одбивање на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.25-357/3 од 26.01.2015 година.
Во Решението се наведува дека: „..целокупната документација по предметот, а имајќи го во предвид Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.25-357/1 од 20.01.2015 година, врз основа на член 6, став 1, точка 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. Весник на Република Македонија“ бр.13/06), Општина Велес на било кој барател на информации не може да му издаде документи или информации чие издавање може да значи повреда на доверливоста на даночната постапка. Бидејќи, барателот на информација во своето барање бр.25-8215/1 од 05.11.2014 година, бара копија од документ кој се однесува на трето лице, а со кој Општина Велес располага исклучиво по основ на даночна постапка, Општина Велес не е во можност позитивно да одговори на барањето без да ја прекрши доверливоста на даночната постапка утврдена како исклучок од слободниот пристап до информации во член 6, став 1, точка 4 како доверливоста на личните податоци утврдена како исклучок од слободен пристап до информации слогласно член 6, став 1, точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер согласно член 6, став 1, точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 13/06)“.
Незадоволна од Решението за одбивање на пристапот бр.25-357/3 од 26.01.2015 година од Општина Велес, В.Ј. од Велес на 04.02.2015 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-805 од 10.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Велес на 19.02.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.25-1091/2 од 17.02.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.07-805. Во Одговорот се наведува дека: „..Општина Велес смета дека постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и дека на Барателот му ги овозможила сите права согласно законот“.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општина Велес постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со тоа што при спроведувањето на тестот на штетност утврдиле дека бараната информација е исклучок од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, противДржавната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 16 март2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавенаод Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Дали постои евиденција на работното време на членовите на Државната комисија за спречување на корупција?
2. Од кога се води таа евиденција?
3. Како се води евиденцијата? и
4. Која организациска единица или лице во составот на Државната комисија за спречување на корупцијата е надлежен да ја води таа евиденција?“,СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.08-28 од 09.02.2015 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер иЈА ОТФЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 17.12.2014 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1795 до Државната комисија за спречување на корупцијата, со кое побарало по пошта да му ја достават следната информација:
„1. Дали постои евиденција на работното време на членовите на Државната комисија за спречување на корупција?
2. Од кога се води таа евиденција?
3. Како се води евиденцијата? и
4. Која организациска единица или лице во составот на Државната комисија за спречување на корупцијата е надлежен да ја води таа евиденција?“.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.08-28 од 12.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијатаи побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата на 04.03.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-643/2 од 25.02.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-28.
Во наведениот Одговор на жалба, Државната комисија за спречување на корупција наведува дека: „Државната комисија за спречување на корупцијата по проверка на својата евиденција констатира дека жалителот-Здружение „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ до Државната комисија за спречување на корупцијата нема доставено барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под нивни бр.0302-1795 од 17.12.2014 година. Аналогно на тоа, Државната комисија за спречување на корупцијата нема оформено предмет по барање на Здружението „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ заведено под нивни бр.0302-1795 од 17.12.2014 година.“
Од списите по предметот Комисијата утврди дека Барањето приложено кон Жалбата на Барателот, заведено под погоре наведениот број се однесува на Министерството за информатичко општество и администрација и е со сосема друга содржина од она Барање наведено во Жалбата.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) право на правна заштита со согласнот со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметотКомисијата утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата правилно постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Р.  од Скопје, поднесена против  КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 16 март 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против  КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
Решението на КПУ Затвор-Скопје број 04-628/1 од 05.02.2015 година СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.08-25 од 26.01.2015 година, изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против Решението на КПУ ЗАТВОР- СКОПЈЕ-Скопје, број 04-628/1 за одбивање на пристапот од 05.02.2015 година,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Р. од Скопје на  17.12.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ- Скопје заведено под број 04-5375/1, со кое побарал да му достават на рака или по пошта препис или фотокопија од следната информација:
                “Правилник за систематизација на работни места во КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје“
          КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, поради што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-25 од 28.01.2015 година, ја препрати Жалбата до          КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
КПУ Затвор-Скопје на 09.02.2015 година до Комисијата достави  Одговор на жалба и писмени списи бр.03-559/3 од 05.02.2015 година, а во Комисијата заведен под бр. 05-25.
Во прилог на одговорот го достави и Решението за одбивање на пристапот број 04-628/1 од 05.02.2015 година
    Во Одговорот е наведено: “… КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје спроведе Тест на штетност и донесе Решение бр.04-628/1 од 05.02.2015 година со кое прецизираната барана информација во поднесената жалба се одбива. Решението со Дополнување на одговор бр.04-628/2 од 05.02.2015 година доставено е до лицето Г.Р.. Бараната информација, односно Правилник за систематизација изготвен по основ на Законот за извршување на санкциите Сл.Весник бр.170/2013 од 06.12.2013 година е документ кој се наоѓа во фаза на подготовка, односно истиот се уште се разгледува и усогласува кај КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје како имател на информација.Евентуално доставување на правилникот до јавноста во оваа фаза на подготвување би предизвикало погрешно разбирање на содржината, а тоа бо можело да предизвика несакани негативни последици по работењето на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ –Скопје како институција, како и негативни последици за вработените во истата.“
По разгледувањето на Жалбата, Решението на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје  и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Решението на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје број 04-628/1 од 05.02.2015 година е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата утврди дека КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје при постапување по Барањето правилно постапила и со оглед на тоа што се работело за информација која претставува исклучок од слободниот пристап донело Решение за одбивање на пристапот. Во образложението на оспореното Решение е наведено дека е спроведен тестот на штетност и имателот ги образложил причините поради кои го одбил пристапот до бараните информации, а ги навел и последиците кои ќе настанат со доставувањето на бараните информации.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 16 март 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„1. Бројот на вработени во Општината (состојба: јануари 2015 година) со соодветна структура на бројот на лица кои се вработени согласно Законот за работни односи и бројот на ангажирани лица со договор на дело преку Агенција за привремени вработувања;
2. Износ на планираниот буџет на Општината за 2015 година;
3. Износот на буџетската ставка „плати и надоместоци од плати“ од Буџетот за 2015 година и
4. Износот на буџетските трошоци за 2015 година за привремените вработувања“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Карпош на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 03.04.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),  ja разгледа на Жалбата заведенa под бр. 08-38 на 12.02.2015 година, изјавенa од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Карпош на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до03.04.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 22.01.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-49/1 до Општина Карпош со кое побарал по пошта или по е-маил да му достави фотокопија од следната информација:
„1. Бројот на вработени во Општината (состојба: јануари 2015 година) со соодветна структура на бројот на лица кои се вработени согласно Законот за работни односи и бројот на ангажирани лица со договор на дело преку Агенција за привремени вработувања;
2. Износ на планираниот буџет на Општината за 2015 година;
3. Износот на буџетската ставка „плати и надоместоци од плати“ од Буџетот за 2015 година и
4. Износот на буџетските трошоци за 2015 година за привремените вработувања“.
Општина Карпош, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање до барателот доставила Одговор бр.11-811/2 од 10.02.2015 година, заведена во Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) под бр.0302-49/2 на 11.02.2015 година.
Незадоволен од наведениот Одговор, Центарот за граѓански комуникации ЦГК Скопје поднесе Жалба до Комисијата.   
Комисијата, со допис бр.08-38 од 16.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Карпош на 06.03.2015 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.20-1707/2 од 03.03.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-38. Во Произнесувањето по жалба, меѓу другото, е наведено дека „не се точни наводите во жалбата…дека Општина Карпош не одговорила во законски предвидениот рок…има благовремено одговорено во писмена форма на ден 10.02.2015 година, со допис под бр. 11-811/2…Нашето мислење и понатаму е дека, по однос на првото прашање од предметното Барање, не е предмет на третирање на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку тоа претставува исклучок од слободниот пристап до информации, согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот. По однос на второто барање…има ли поголем слободен пристап до информации од јавен карактер ако некоја информација е јавно објавена во службено гласило… на третото прашање…во самиот Буџет на општината за 2015 година наведена е и стапката за која се интересира барателот…Истото ова се однесува и на четвртото поставено прашање…Според наше мислење, Жалбата е недопуштена во смисла на член 239 од ЗОУП од причини што истата…се поднесува против Решение донесено во постапка, а не против одговор на Барање…“. Во прилог на Произнесувањето по жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Одговорот на Барањето на Центарот за граѓански комуникации ЦГК Скопје, заведен во Општина Карпош под бр. 11-811/2 на 10.02.2015 година.
Во однос на наводите во Произнесувањето по жалба дека „ не се точни наводите во жалбата…дека Општина Карпош не одговорила во законски предвидениот рок…има благовремено одговорено во писмена форма на ден 10.02.2015 година, со допис под бр. 11-811/2…“, Комисијата констатира дека Жалбата од Центарот за граѓански комуникации ЦГК Скопје не е поднесена од причини што барателот не добил одговор на Барањето, туку е поднесена поради тоа што барателот бил незадоволен од добиениот Одговор на Општина Карпош бр. 11-811/2 од 10.02.2015 година.
Што се однесува, пак, до наводите во Произнесувањето по жалба дека според  мислењето на Општина Карпош „…Жалбата е недопуштена во смисла на член 239 од ЗОУП од причини што истата…се поднесува против Решение донесено во постапка, а не против одговор на Барање“, Комисијата му укажува на имателот на информации дека во член 14 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е регулирано дека „За прашањата на постапката од ставот 1 на овој член, кои не се уредени со овој Закон, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка“. Во случајот, прашањата на постапката се уредени согласно член 20 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „Ако имателот на информацијата во рокот утврден во членот 21 на овој Закон не му овозможил на барателот пристап до информацијата и ако не донесе и не му достави на барателот Решение од ставот 2 на овој член, се смета дека Барањето е одбиено, по што може да се поднесе Жалба“.
Во конкретниот случај Жалбата е поднесена против одговорот на имателот на информации. Комисијата постапува и по жалбите поднесени против одговорот на имателот, доколку истиот не ја применил правилно постапката по Барањето согласно Законот.
По разгледувањето на Жалбата и списите во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Општина Карпош не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не му ги доставила информациите во форма наведена во Барањето, туку го упатила информацијата да ја бара во службено гласило и во Буџетот на Општината.
Во конкретниот случај имателот до барателот на информациите доставил Одговор во кој во делот од Барањето „1. Бројот на вработените во Општината (состојба: јануари 2015 година) со соодветна структура на бројот на лица кои се вработени согласно Законот за работни односи и бројот на ангажирани лица со договор на дело преку Агенција за привремени вработувања“ бараната информација не му ја доставил на барателот, туку се повикува на исклучок од слободниот пристап до информации согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот, што не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според Законот имателот, доколку утврди дека станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации, требало да донесе Решение за одбивање на пристап и да го спроведе задолжителниот тест на штетност. Исто така, имателот требало да постапи согласно член 7 од Законот, според кој „Ако документот или негов дел содржи информации од член 6 став 1 на овој Закон, што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, имателот на информации ги одвојува тие информации од документот и го известува барателот за содржината на останатиот дел од документот“. Доколку не е можен делумен пристап, имателот донесува Решение за одбивање на Барањето во целост.
Во случајов Комисијата  утврди дека во тој дел од Барањето од Општина Карпош биле барани статистички податоци од нејзина надлежност, но не и лични податоци за вработените во Општината, односно бараните информации претставуваат информации од јавен карактер и Општина Карпош е должна до барателот да ги достави бараните информации.
Што се однесува до наводите во Произнесувањето по жалба по второто прашање што се однесува на планираниот буџет на Општина Карпош „Со самиот чин на објавување на актите донесени од Советите на Локалната самоуправа, како орган на Општината, произлегува и принципот на официјалност, јавност и достапност на сите информации во врска со објавените прописи од Локалните самоуправи, па тоа истото се однесува и за Буџетот на Општина Карпош, за кои се интересира барателот…не е одбиено да се даде информација по ова прашање, туку напротив ставен е на увид целиот Буџет на Општина Карпош за 2015 година…Што се однесува на третото и четвртото прашање „3. Износот на буџетската ставка „плати и надоместоци од плати“ од Буџетот за 2015 година и 4. Износот на буџетските трошоци за 2015 година за привремените вработувања“ во самиот Буџет на Општината за 2015 година наведена е и стапката за која се интересира барателот…само треба да се разгледа истиот и да се прочита предметната стапка…истото ова се однесува и за привремените вработувања…“, Комисијата укажува дека согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“. Тоа значи дека имателот, согласно Барањето на барателот бараните информации треба да ги фотокопира и истите да му ги достави по пошта или преку е-маил.
Со ваквото постапување Општина Карпош не ја остварила целта на Законот, наведена во член 2 став 2 од истиот, според кој „Имателите на информации за својата работа се должни да овозможат информираност на јавноста“. Поконкретно должностите на имателите на информации да ја информираат јавноста за својата работа се наведени во член 10 од истиот Закон и истите не претставуваат исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер, како што наведува Општина Карпош во Произнесувањето по жалба. Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Информација од јавен карактер е информација во било која форма која ја создал и со која располага само имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.“
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на  16 март 2015 година, го донесе следниот
 
З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„1. Бројот на вработени во општината (состојба: јануари 2015 година) со соодветна структура на бројот на лица кои се вработени согласно Законот за работни односи и бројот на ангажирани лица со договор на дело преку Агенција за привремени вработувања;
2. Износ на планираниот буџет на општината за 2015 година;
3. Износот на буџетската ставка „плати и надоместоци од плати“ од Буџетот за 2015 година и
4. Износот на буџетските трошоци за 2015 година за привремените вработувања“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-326 на 09.03.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:     
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 22.01.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-59/1 до Општина Липково, со кое побарало во  фотокопија, по пошта или преку е-маил да му се достават следните информации:
 „1. Бројот на вработени во општината (состојба: јануари 2015 година) со соодветна структура на бројот на лица кои се вработени согласно Законот за работни односи и бројот на ангажирани лица со договор на дело преку Агенција за привремени вработувања;
2. Износ на планираниот буџет на општината за 2015 година;
3. Износот на буџетската ставка „плати и надоместоци од плати“ од Буџетот за 2015 година и
4. Износот на буџетските трошоци за 2015 година за привремените вработувања“.
Општина Липково, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 11.03.2015 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Општина Липково од причини што во меѓувреме добило одговор од имателот на информации.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Ранковце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 март 2015 година, го донесе следниот
З  А  К  Л  У  Ч  О  К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Ранковце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„1. Бројот на вработени во општината (состојба: јануари 2015 година) со соодветна структура на бројот на лица кои се вработени согласно Законот за работни односи и бројот на ангажирани лица со договор на дело преку Агенција за привремени вработувања;
2. Износ на планираниот буџет на општината за 2015 година;
3. Износот на буџетската ставка „плати и надоместоци од плати“ од Буџетот за 2015 година и
4. Износот на буџетските трошоци за 2015 година за привремените вработувања“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-327 на 09.03.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Ранковце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:     
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 22.01.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-75/1 до Општина Ранковце, со кое побарало фотокопија, по пошта или преку е-маил да му се достават следните информации:
 „1. Бројот на вработени во општината (состојба: јануари 2015 година) со соодветна структура на бројот на лица кои се вработени согласно Законот за работни односи и бројот на ангажирани лица со договор на дело преку Агенција за привремени вработувања;
2. Износ на планираниот буџет на општината за 2015 година;
3. Износот на буџетската ставка „плати и надоместоци од плати“ од Буџетот за 2015 година и
4. Износот на буџетските трошоци за 2015 година за привремените вработувања“.
Општина Ранковце, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-327 од 11.03.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Ранковце и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 11.03.2015 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Општина Ранковце од причини што во меѓувреме добило одговор од имателот на информации.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против Средното  медицинско училиште “Никола Штејн“ Тетово,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 март  2015 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ Теотово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 “1. Вкупен број на запишани Роми во учебната 2014/2015
   2.Број на Роми кои завршиле медицинско образование евидентирани во регистарот на Вашето училиште.“,  поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-35 на 11.02.2015 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против Средното медицинско училиште “Никола Штејн“ Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:    
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С.Прилеп,  поднесена преку извршниот директор,  Н.С. од Прилеп, на 21.11.2014 година со препорачана пратка преку пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Средното медицинско училиште “Никола Штејн“ Тетово. Со Барањето заведено во Здружението под бр. 07-632 на 20.11.2014 година, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп побарало во препис, по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“1. Вкупен број на запишани Роми во учебната 2014/2015
   2.Број на Роми кои завршиле медицинско образование евидентирани во регистарот на Вашето училиште.“
 Средното медицинско училиште “Никола Штејн“ Тетово како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорилo во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-35 од 12.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Средното медицинско училиште “Никола Штејн“ Тетово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис на Комисијата, Средното медицинско училиште “Никола Штејн“ Тетово до Комисијата достави Одговор на жалба под број 03-3/15 од 20.02.2015 година, а во Комисијата заведен под број 08-35 на 26.02.2015 година. Во наведениот  Одговор е содржан и одговорот на бараната информација.
Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, на  05.03.2015 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.08-35,  во кој наведува дека добило одговор по бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Средното медицинско училиште “Никола Штејн“ Тетово постапилo по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против ЈЗУ Поликлиника Шуто Оризари Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 март 2015 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку извршниот директор Н.С. од Прилеп, против ЈЗУ Поликлиника Шуто Оризари Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 “1. Вкупен број на вработени во Поликлиниката.
   2. Број на вработени Роми во Поликлиниката и нивна позиција.”, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-33 на 11.02.2015 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против ЈЗУ Поликлиника Шуто Оризари Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:    
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, на 21.11.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Поликлиника Шуто Оризари Скопје. Со Барањето заведено во Здружението под бр.07-636 на 20.11.2014 година, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп побарало по пошта да му достават препис од информациите:
“1. Вкупен број на вработени во Поликлиниката.
2. Број на вработени Роми во Поликлиниката и нивна позиција.”
ЈЗУ Поликлиника Шуто Оризари, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.08-33 од 12.02.2015 година, ја препрати Жалбата до “Здравствен дом на Скопје-Скопје” Ц.О. Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис на Комисијата, “Здравствен дом на Скопје-Скопје” Ц.О. Скопје на 04.03.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба број 015-1716/2 од 27.02.2015 година, а во Комисијата заведен под број 08-33 на 04.03.2015 година. Со Одговорот на жалбата ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје-Скопје” Ц.О. Скопје, наведува дека во Поликлиниката Шуто Оризари има вкупно 19 вработени, од кои нема вработени Роми.
Во интерес на начелото на економичност и ефикасност на постапката, а со цел остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, службеното лице кое постапува по предметот, по е-маил го достави Одговорот на жалбата бр.015-1716/2 од 27.02.2015 година на ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје-Скопје” Ц.О. Скопје, со кој истовремено одговара на Барањето за пристап до информации од јавен карактер до Ромската организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп.
Ромската организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, на 04.03.2015 година, до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.07-33 во кој наведува дека се задоволни од одговорот.
 Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје-Скопје” Ц.О. Скопје, постапил по Барањето, со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, поднесена преку полномошникот Г.Т. од Скопје, против Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 март 2015 година, го донесе следниот
З  А  К  Л  У  Ч  О  К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, поднесена преку полномошникот Г.Т. од Скопје, против Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 “Согласно мерките предвидени со цел развивање на меѓународни студиски програми и унапредување на европската димензија во високото образование, наведени во програмата за развој на високото образование, кои мерки се превземени за создавање услови за образовна мобилност на студентите?“, поради тоа што барателот е задоволен од добиениот одговор.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-252 на 13.02.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, поднесена преку полномошникот Г.Т. од Скопје, против Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, на 29.12.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Со Барањето заведено во Здружението под бр.03-778/16 на 29.12.2014 година, Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Согласно мерките предвидени со цел развивање на меѓународни студиски програми и унапредување на европската димензија во високото образование, наведени во програмата за развој на високото образование, кои мерки се превземени за создавање услови за образовна мобилност на студентите?“
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-252 од 23.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис на Комисијата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје на 09.03.2015 година до Комисијата достави Одговор по жалба број 03-216/6 од 05.03.2015 година, а во Комисијата заведен под број 08-252 на 09.03.2015 година. Во прилог на Одговорот по жалба, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го достави дописот насловен-Одговор по ЗПИЈК бр.02-71 од 15.01.2015 година, адресиран до Младински образовен форум-Скопје.
Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, на 11.03.2015 година, до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.08-252 во кој наведува дека се задоволни од одговорот.
 Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, поднесена преку полномошникот Г.Т. од Скопје, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 16 март 2015 година, го донесе следниот
З  А  К  Л  У  Ч  О  К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, поднесена преку полномошникот Г.Т. од Скопје, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 “Согласно Програмата за развој на средното и на постсредното образование од 2005та до 2015та, доставете ни документ со кој се регулира екстерното проверување и оценување.”, поради тоа што барателот е задоволен од добиениот одговор.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-235 на 13.02.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, поднесена преку полномошникот Г.Т. од Скопје, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, на 29.12.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот испитен центар. Со Барањето заведено во Здружението под бр.03-783 на 29.12.2014 година, Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Согласно Програмата за развој на средното и на постсредното образование од 2005та до 2015та, доставете ни документ со кој се регулира екстерното проверување и оценување.“
Државниот испитен центар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека  Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-235 од 23.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Државниот испитен центар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис на Комисијата, Државниот испитен центар на 09.03.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба број 03-155/2 од 06.03.2015 година, а во Комисијата заведен под број 08-235 на 09.03.2015 година. Во Одговорот на Жалбата Државниот испитен центар, наведува дека по препраќањето на Жалбата од страна на Комисијата, постапиле по Барањето и до барателот доставиле одговор. Во прилог на дописот, Државниот испитен центар го достави Одговорот на барањето адресирано до Младински образовен форум-Скопје, заведен под бр.03-155/3 од 06.03.2015 година.
Здружението на граѓани Младински образовен форум-Скопје, на 11.03.2015 година, до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.08-235 во кој наведува дека се задоволни од одговорот.
 Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државниот испитен центар, постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.