ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА И 10 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 95-та седница одржана на 09 декември 2014 година, донесе 4 решенија и 10 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решението на Управниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решението на Управниот суд на Република Македонија број 03-7/10 од 28.10.2014 година за отфрлање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението на Управниот суд на Република Македонија број 03-7/10 од 28.10.2014 година СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-794 од 10.11.2014 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решението на Управниот суд на Република Македонија број 03-7/10 од 28.10.2014 година за отфрлање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
В.У. од Скопје на 02.06.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управниот суд на Република Македонија и побарал по пошта (со препорачана пратка) во фотокопија (со потврда дека е верна на оригиналот) да му ги достават следните информации:
“Да ми се дадат писмени докази-информации од кои може да се утврди под кои броеви се заведени сите покренати судски спорови пред овој Суд од моја страна каде јас (барателот) се јавувам во својство на тужител или барател, или законски застапник-полномошник на лицето С.У. а за период од 15-03-2012 г. до денес.
Секој даден број од оформен предмет во овој Суд да содржи-биде поткрепен со датум на поднесување во Управниот суд како и врска број на акт кој се оспорува а е наведен во содржината на тужбата или барањето.
Исто така од сите донесени одлуки од Управниот суд на Р.М. каде како странки во предметот се среќаваат лицата В. или С.У. да ми се достават докази-информации-доставници од кои може да се утврди на кој датум соодветната одлука на овој Суд е доставена односно примена од тужениот а на кој од тужителот.
И воедно посебно докази-информации од кои ќе може да се утврди на кој датум Управниот суд ги испратил предметите до второстепениот надлежен Суд по поднесени од моја страна жалби на одлуки на Управниот суд во кои јас В.У. се јавувам во својство на жалител или законски застапник или полномошник на жалителот С.У.. Значи од прилозите-доказите-информациите кои ќе ми ги доставите да може да се утврди кога соодветна жалба е доставена со предметот со списи од Управниот суд до второстепениот надлежен суд на решавање и секоја поединечна жалба за кој предмет се однесува. Истото за период од 15-03-2012 г. до денес.“
Во врска со наведеното Барање, Управниот суд до В.У. доставил Известување за дополнување на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, заведен под број 03-7/3 од 30.06.2014 година. Во наведениот допис Управниот суд наведува дека бараната информација е обемна по својата содржина и карактер поради што на Судот му е потребно подолго време и ангажирање на многу вработени во посебните оддели на Судот во кои се наоѓаат предметите, а тоа би значело и предизвикување на дополнителни материјални трошоци за Судот. Врз основа на наведеното Управниот Суд му укажува на В.У. дека е потребно да постапи согласно член 29 став 2 и став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, со наведениот допис Управниот суд го задолжил В.У. во рок од 3 дена од приемот на Известувањето да го дополни Барањето и му укажал на последиците доколку не постапи по истото.
По ова Известување В.У. до Управниот суд доставил допис насловен како Постапување по Ваш допис под бр.03-7/3 од 30.06.2014. Во наведениот допис, В.У. укажува дека Судот не посочил каде и во колкав износ да го уплати надоместокот за покривање на трошоци за добивање на бараната информација, ниту соодветна спецификација за надоместокот. Во прилог на неговиот допис, В.У. доставил и докази-Уверение за остварени приходи од Управата за јавни приходи, Извод од Матичната книга на родените и Потврда за обврските и имотот на даночниот обврзник издадена од Град Скопје, кои би го потврдиле неговиот статус за евентуално ослободување од надоместок за покривање на трошоците кои не му се познати. Исто така, во цитираниот допис го дополнува неговото Барање од 02.06.2014 година, и бара “… при доставувањето на бараните информации наведени во барањето да ми се достави информација и кој судски совет одлучува по предметите за наведениот период во доставеното Барање.”
На барањето на В.У. за ослободување од плаќање на надоместокот за покривање на трошоци за добивање на бараната информација, Управниот суд со допис-Известување за појаснување на барање за дополнување на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.03-7/5 од 16.07.2014 година, му укажува на В.У. дека во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не е уредено прашањето за ослободување од плаќање на трошоци, и поради тоа за ова прашање ќе се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка. За таа цел, Судот наведува кои документи В.У. треба да ги достави во прилог на барањето за ослободување од плаќање на надомест за бараната информација, како и доказ дека лицето С.У. го овластува В.У. да го застапува во оваа постапка, со укажување на последиците доколку во рок од три дена не постапи, односно не го дополни Барањето.
Постапувајќи по горе наведениот допис, В.У. на 25.07.2014 година, до Управниот суд ги доставил документите за утврдување на неговиот статус, имотна состојба и адреса на живеење, односно фотокопија од: 1. Извод од матична книга на родени од 23.04.2014г за В.У.; 2. Уверение за остварени приходи на даночен обврзник В.У. од 21.07.2014г.; 3. Потврда за невработеност за В.У. од 23.07.2014 г.; 4. Потврда за обврските и имотот на даночниот обврзник В.У. од 21.07.2014 г.; 5. Полномошно од С. У. бр.УЗП 17137/2010 и 6. Пресуда за развод бр.4. П2-770/10 на Основниот Суд Скопје 2 Скопје.
Управниот суд утврдил дека дописот од В.У. не е комплетно уреден и со Известување за појаснување на барање за дополнување на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.03-7/6 од 14.08.2014 година, му укажува дека не доставил докази за имотната состојба и членовите на неговото семејство со кое живее во заедница. Во дописот Судот повторно му посочува на В.У. кој документ треба да го достави до Управниот суд и му укажува на последиците доколку во рок од три дена не постапи, односно не го дополни Барањето.
Со допис од 27.08.2014 година В.У. наведува дека не живее во заедница, односо живее сам, за што приложил и соодветни докази, и го повикува Управниот суд да не ја одолговлекува постапката во неразумен рок на негова штета.
Управниот суд по службена должност со допис бр.03-7/7 од 12.09.2014 година и 03-7/8 од 24.09.2014 година, се обратил до Министерството за внатрешни работи-Сектор за општи управни работи, со барање Министерството да го извести Судот “…со која адреса на живеење во вашата службена евиденција се пријавени лицата В.У. од Скопје, Ц.У. од Скопје и С.У. од Скопје.”
Министерството за внатрешни работи со допис рег.бр.10.1.1-65891/1-14 од 19.09.2014 година и рег.бр.10.1.1-65891/2-14 од 06.10.2014 година, го известил Управниот суд дека од извршените проверки во службените евиденции на Министерството е утврдено дека лицата В.У. и С.У. пријавиле последна адреса на живеење на бул. Партизански одреди бр.78-18 Скопје-Карпош, а лицето Ц.У. е почината.
На 09.10.2014 година, В.У. поднесе Ургенција до Управниот суд, за “…забрзување на постапката а имајќи предвид дека и законскиот рок за постапување по барањето одамна е изминат.”
Управниот суд со допис бр.03-7/9 од 09.10.2014 година, го известил В.У. дека во Управниот суд тој има поднесено вкупно 143 предмети “…по кои постојано-периодично барате да ви се достави иста или слична информација од јавен карактер, а имајќи предвид да бараната информација од јавен карактер во последното (предметно) барање за информација од јавен карактер е обемна по својата содржина и карактер, со што на Имателот на информацијата му е потребно подолго време како и ангажирање на голем број на лица вработени во посебните оддели на Судот во кои се наоѓаат предметите заведени по изјавените тужби од Ваша страна и од страна на лицето С.У, а воедно значи и предизвикување на дополнителни материјални трошоци за Имателот на информацијата од јавен карактер, Ви укажуваме дека потребно е да постапите согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…должни сте во рок од 5 дена од приемот на ова известување да извршите уплата на надоместокот за дадената информација на наведената сметка” Во дописот Судот наведува дека утврдениот надоместок изнесува 5.120,00 денари, и му укажува на В. У. на последиците доколку во рок од пет дена не постапи по ова Известување, Судот ќе постапи согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и ќе смета дека Барањето е повлечено.
В.У. на 20.10.2014 година до Управниот суд достави допис во кој наведува дека наводите на Судот дека не постапил по неговите задолженија се неточни, и наведува од кои причини не може да постапи по последниот допис од Судот од 09.10.2014 година. Укажува дека Управниот суд не му доставил одлука по барањето за ослободување од трошоци и такси за овој предмет, не му доставил спецификација за пресметка на трошоците за бараните информации, односно како истите се пресметани и од каде е добиен износот од 5.120,00 денари.
Управниот суд на 28.10.2014 година донесе Решение бр.03-7/10 со кое Барањето на В.У. се отфрла. Во образложението на Решението, Управниот суд наведува:”Судот го задолжи барателот да го уреди барањето на начин што имајќи во предвид дека бараната информација од јавен карактер во последното (предметно) барање за информација од јавен карактер е обемна по својата содржина и карактер, со што на Имателот на информацијата му е потребно подолго време како и ангажирање на голем број на лица вработени во посебните оддели на Судот во кои се наоѓаат предметите заведени по изјавените тужби од негова страна и од страна на лицето С.У., а воедно значи и предизвикување на дополнителни материјални трошоци за Имателот на информацијата од јавен карактер, му укажа дека потребно е да постапи согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со член 2 од Одлуката за утврдување на надоместок за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации (Службен весник на Република Македонија бр.13/06), односно во рок од 5 дена од приемот на ова писмено, на сметка на Судот како имател на информација, за бројот на листови потребни да се издаде бараната информација потребно е да се уплати износ во висина од 5.120,00 денари. Со оглед да барателот на постапи со неговиот поднесок од 21.10.2014 година….согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот одлучи истото да го отфрли како во диспозитивот на решението.”
Незадоволен од Решението на Управниот суд на Република Македонија број 03-7/10 од 28.10.2014 година за отфрлање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, В.У. на 10.11.2014 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-794 од 13.11.2014 година ја препрати Жалбата до Управниот суд и побара во рок од три дена од денот на приемот на дописот да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 18.11.2014 година, Управниот суд достави Одговор на жалба и списи бр.03-7/11 од 14.11.2014 година. Во Одговорот на жалбата, Управниот суд наведува дека останува кон наводите дадени во Решението бр 03-7/10 од 28.10.2014 година и причините наведени во истото и предлага Жалбата да биде одбиена како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на Управниот суд на Република Македонија број 03-7/10 од 28.10.2014 година за отфрлање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Решението на Управниот суд на Република Македонија број 03-7/10 од 28.10.2014 година за отфрлање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Управниот суд на Република Македонија во врска со наведениот предмет правилно ја утврдил фактичката состојба и правилно ги применил одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Со оглед на тоа што се работело за информација која е обемна по својата содржина и карактер, со што на Управниот суд му е потребно подолго време како и ангажирање на голем број на лица, што од друга страна значи и предизвикување дополнителни материјални трошоци за Судот, Комисијата утврди дека Управниот суд на Република Македонија при постапување по Барањето правилно постапил и му укажал на В.У. дека потребно е да постапи согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со член 2 од Одлуката за утврдување на надоместок за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации. Управниот суд правилно постапил и со допис бр.03-7/9 од 09.10.2014 година го известил ВУ. дека утврдениот надоместок за материјалните трошоци за дадената информација изнесува 5.120,00 денари, и му укажал на последиците доколку во дадениот рок не постапи односно не го уплати утврдениот износ. Со оглед на тоа дека В.У. не постапил по даденото задолжение, Комисијата утврди дека, Управниот суд постапил правилно и донел законски засновано Решение, согласно член 17 став 5 од Законот за слободен пристап до информациите, и го отфрлил Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Уни банка АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија, бр.13/2006. 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј.од Скопје, поднесена против Уни банка АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-804 од 01.12.2014 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Уни банка АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како неоснована.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Согласно член 3 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица кои вршат јавни овластувања, утврдени со закон“.
УНИ банка АД Скопје, е правно лице основано согласно Законот за банките кој претставува lex specialis во работењето на банките.
Со ниту еден член од овој Закон не е регулирано дека банките вршат јавни овластувања.
Од тоа произлегува дека УНИ банка АД Скопје, не е имател на информации, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и оттука нема обврска постапката по барањата за пристап до информации да ја спроведува по овој Закон.
Од тие причини и постапката по Жалбата не може да се спроведе по наведениот Закон.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.З. од Скопје, поднесена против Решението на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.З.од Скопје, поднесена против Решението на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ – Скопје број 04-3716/1 од 26.09.2014 година за делумно одбивање на пристапот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
Решението на КПУ Затвор – Скопје број 04-3716/1 од 26.09.2014 година СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-791 од 20.10.2014 година, изјавена од Б.З. од Скопје, поднесена преку КПУ ЗАТВОР- СКОПЈЕ-Скопје до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, против Решението на КПУ Затвор – Скопје, број 04-3716/1 од 26.09.2014 година за делумно одбивање на пристапот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.З. од Скопје на 29.08.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ- Скопје заведено под број 04-3161/1, со кое побарала да и бидат доставени во фотокопија, по пошта, следните информации:
“Правилник за систематизација на работни места во КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје како и Правилникот за распоредување на средствата за плати кои се во сила во моментов кога Ви го доставувам ова барање пред истите да бидат усогласени со најновите измени на Законот за извршување на санкции согласно кој вработените во КПУ и ВПУ добиваат статус на државни службеници. Архивскиот број на Правилниците не ми е познат бидејќи никогаш не сум ги видела. Конкретно барам да добијам фотокопиран примерок од истите, како што тоа изричито го регулира погоре наведениот закон“
Во врска со наведеното Барање, КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ- Скопје на 26.09.2014 година до барателот доставил Одговор на барање, заведен под број 04-3161/3.
Во Одговорот е наведено: “Во однос на првата информација од јавен карактер побарана од Ваша страна изработи Записник бр.04-3131/2 од 26.09.2014 година и согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Ви ја доставува бараната информација во бараната форма односно фотокопија; Правилник за систематизација….
Во врска со Вашето барање да Ви се достави Правилникот за распоредување на средствата за плати, КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје Ви го дава следниот одговор:….Од причина што Правилник за распоредување на средствата за плата и заедничка потрошувачка на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје е во постапка на усогласување односно на подготвување истиот во моментов не можеме да Ви го доставиме, а за истото согласно член 20 став 2 и 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во прилог Ви доставуваме Решение бр.04-3716/1 од 26.09.2014 година.“
Незадоволна од наведениот одговор, Б.З.од Скопје на 13.10.2014 година преку КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ –Скопје поднесе Жалба бр. 03-4055/1 до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, заведена под бр.07-791 на 20.10.2014 година, против Решението бр.04-3716 /1 од 26.09.2014 година со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер делумно се одбива.
Во Жалбата покрај другото барателот наведува: “Доносителот на Решението против кое ја доставувам оваа Жалба, не сакајќи да овозможи доследно спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да дозволи да добијам фотокопиран примерок од бараните правилници, во образложението се повикува на член 6 став 1 точка 7 наведувајќи неоснована причина за која не треба да се биде Правник за да се знае дека Правилник за распределба на плата откако ќе влезе во сила е важечки се до донесувањето на нов правилник со правна сила кој ќе го стави вон сила претходно донесениот, а истовремено е невистинито и законски неосновано тврдењето дека Правилникот се уште се разгледува и усогласува кај КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје…“
Во врска со наведената Жалба, Комисијата на 11.11.2014 година изврши Увид во Архивата на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје, при што е утврдено дека КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје не располага со бараната информација.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје за делумно одбивање на пристапот, извршениот увид во Архивата на Затворот и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Решението на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје број 04-3161/4 од 26.09.2014 година за делумно одбивање на пристапот е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата утврди дека КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ-Скопје при постапување по Барањето правилно постапила и со оглед на тоа што се работело за информација која претставува исклучок од слободниот пристап, донела Решение за делумно одбивање на пристапот. Во образложението на оспореното Решение е наведено дека е спроведен тестот на штетност и имателот ги образложил причините поради кои го одбил пристапот до бараните информации, а ги навел и последиците кои ќе настанат со доставувањето на бараните информации.
Информацијата наведена во првиот дел од Барањето “Правилник за систематизација на работни места во КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ- Скопје“ на 26.09.2014 година ја доставил до барателот за што постои и потпис од барателот дека истата ја примил на 29.09.2014 година.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Дебарца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје поднесена против Општина Дебарца, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-803 од 01.12.2014 година, изјавена од С.Ј. од Скопје поднесена против Општина Дебарца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактери ЈА ОТФРЛИ како предвремена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Во Жалбата С.Ј. од Скопје наведува дека, на 06.11.2014 година до Општината Дебарца поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер со кое побарал во фотокопија да му ги достават следните информации.
“- Проект на инфраструктура со технички број 1/13-06 од 10/2013;
– Извештај за извршена техничка контрола (ревизија), број 049-47 од 19.03.2013 година и
– Одобрение за градба на улица во с.Ботун на КП 1814.“
Како што наведува во Жалбата, С.Јо. не ги добил бараните информации и поради тоа на 01.12.2014 година поднесе Жалба до Комисијата.
Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.”
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека С.Ј. од Скопје не постапил согласно наведениот член. С.Ј. бил должен да поднесе Жалба до Комисијата по истекот на 30-иот ден од денот на поднесување на Барањето, наместо по 25-иот ден.
Поради наведеното, Комисијата ја отфрли Жалбата како предвремена.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 09.12.2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Колку иницијативи се поднесени за кривични и прекршочни постапки за функционери во текот на оваа година;
2. Колкав број на јавни опомени се изречени и против кои функционери? и
3. До каде се случаите со С.Б.и Р.Ш.?“.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, побарала барателот на информацијата да го дополни Барањето „…во смисла на член 16 став 3 од Законот за слободен пристап…“., поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-799 на 27.11.2014 година, изјавена од Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“, застапувано од Џ.Н. од Тетово, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, со кое ја побарало следната информација:.
„1. Колку иницијативи се поднесени за кривични и прекршочни постапки за функционери во текот на оваа година;
2. Колкав број на јавни опомени се изречени и против кои функционери? и
3. До каде се случаите со Силвана Бонева и Р.Ш.?“.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, побарала барателот на информацијата да го дополни Барањето „…во смисла на член 16 став 3 од Законот за слободен пристап…“.
На 27.11.2014 година, истиот ден на кој е регистрирана Жалбата во Архивата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Здружението „Центар за истражувачко новинарство СКУП – Македонија“ до Комисијата достави Известување за повлекување на Жалбата поради „грешка“ при поднесувањето.
Поради погоренаведеното , Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М. Ј. од Скопје, поднесена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Листа на медиуми (печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала кампањата за промоција на активностите за реформата на јавната администрација во Република Македонија;
2. Средства потрошени за емитување во медиумите на кампањата за промоција на активностите за реформата на јавната администрација во Република Македонија (ве молиме да биде наведена сумата за секој медиум одделно);
3. Листа на медиуми каде што се емитувала кампањата за „сеопфатно информирање на граѓаните и здравствените работници, за можностите кои им се на располагање со преземањето активни мерки и имплементацијата на владини политики во здравствениот систем на земјата“ (печатени, електронски и веб-портали) – Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно;
4. Листа на медиуми каде што се емитувала кампањата за „навремено и соодветно информирање на граѓаните, училишната и студентската популација, за можностите кои се на располагање со имплементирањето на активните мерки и владини политики во областа на образованието“ (печатени, електронски и веб-портали) – Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно и
5. Листа на медиуми каде што се емитувала кампањата за промоција на основните семејни вредности (печатени, електронски и веб-портали) – Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-788 на 14.10.2014 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје на 03.09.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија со кое побарала да и ги достават следните информаци:
„1. Листа на медиуми (печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала кампањата за промоција на активностите за реформата на јавната администрација во Република Македонија;
2. Средства потрошени за емитување во медиумите на кампањата за промоција на активностите за реформата на јавната администрација во Република Македонија (ве молиме да биде наведена сумата за секој медиум одделно);
3. Листа на медиуми каде што се емитувала кампањата за „сеопфатно информирање на граѓаните и здравствените работници, за можностите кои им се на располагање со преземањето активни мерки и имплементацијата на владини политики во здравствениот систем на земјата“ (печатени, електронски и веб-портали) – Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно;
4. Листа на медиуми каде што се емитувала кампањата за „навремено и соодветно информирање на граѓаните, училишната и студентската популација, за можностите кои се на располагање со имплементирањето на активните мерки и владини политики во областа на образованието“ (печатени, електронски и веб-портали) – Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно и
5. Листа на медиуми каде што се емитувала кампањата за промоција на основните семејни вредности (печатени, електронски и веб-портали) – Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно“.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-788 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 51-7316/8 од 13.11.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-788 на 13.11.2014 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Генералниот секретаријат ги разгледа предметните барања и во конкретниот случај постапи согласно член 21 став 2 и член 24 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно на барателот со допис бр. 51-7316/7 му одговори на истите…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Одговор на барање бр. 51-7316/7 од 13.11.2014 година, насловен до М. Ј. од Скопје. Во Одговорот на барање, меѓу другото, е наведено дека „…бараните информации се јавно достапни за сите заинтересирани субјекти и соодветно објавени на веб страната на Бирото за јавни набавки…и на веб страната на Владата…“. Во прилог е доставен доказ за поштенска достава на Одговорот до барателот на информациите, потпишан од примачот на 18.11.2014 година.
По добиениот одговор, барателот нема поднесено Жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Врз основа на списите од предметот, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија постапил по Барањето на барателот и доставило одговор до барателот, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.”
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-783 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 20.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„Јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-783 од 20.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-244/1 од 30.10.2014 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-783 на 04.11.2014 година. Во прилог на наведениот Одговор ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани во наведениот Одговор наведува дека:„…Ви ги доставува бараните податоци за извршените јавни набавки во текот на 2011, 2012 и 2013 година.“
Во врска со Одговорот, Комисијата му укажува на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, дека Одговорот на Барањето се доставува само до барателот на информацијата, а до Комисијата се доставува произнесување по однос на предметот.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 28.11.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, поднесена против ЈКП “Водовод“ од Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ЈКП “Водовод“ од Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-779 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, поднесена против ЈКП “Водовод“ од Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 18.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈКП “Водовод“ од Кочани. Со Барањето Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ЈКП “Водовод“ од Кочани, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-779 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈКП “Водовод“ од Кочани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈКП “Водовод“ од Кочани на 04.11.2014 година, достави допис “Одговор на жалба“ заведен под број 03-564/1 од 29.10.2014 година, а во Комисијата под број 07-779. Во прилог на Одговорот ги достави и бараните информации.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 19.11.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈКП “Водовод“ од Кочани постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за истражување на политики Аналитика од Гостивар, поднесена преку полномошникот С.З., против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за истражување на политики Аналитика од Гостивар, поднесена преку полномошникот С.З., против Решението бр.18-9910/2 од 13.10.2014 година на Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Ве молам да ми ја доставите тендерската документација за ХЕ Чебрен и ХЕ Орлов Камен од последниот меѓународен повик од февруари 2014 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-790 на 15. 10.2014 година, изјавена од Здружението за истражување на политики Аналитика од Гостивар, поднесена преку полномошникот С.З., против Решението бр.18-9910/2 од 13.10.2014 година на Министерството за животна средина и просторно планирање по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за истражување на политики Аналитика од Гостивар на 18.09.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 50-14, примено во Министерството на 26.09.2014 година. Со Барањето Здружението за истражување политики Аналитика од Гостивар побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Ве молам да ми ја доставите тендерската документација за ХЕ Чебрен и ХЕ Орлов Камен од последниот меѓународен повик од февруари 2014 година“.
Министерството за животна средина и просторно планирање, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање донело Решение за одбивање на пристапот, заведено под број 18-9910/2 од 13.10.2014 година.
Незадоволно од наведеното Решение, Здружението поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-790 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Службеното лице што постапува по предметот контактираше со службеното лице на Министерството кое го извести дека до Комисијата е доставен Одговор на Жалба на 29.10.2014 година, заведен под број 18-9910/4.
Со оглед на тоа дека наведениот Одговор Комисијата не го примила, службеното лице го достави на рака на 13.11.2014 година, заведен во Комисијата под број 07-790.
Во интерес на законско и економично постапување по предметот службеното лице на Министерството се согласи претставник на Здружението да изврши увид во предметот каде што ќе му биде појаснето во врска со бараната тендерска документација.
На 25.10.2014 година полномошникот на Здружението С.З., изврши увид во предметот и доби појаснување од страна на одговорен државен службеник во Министерството при што и беше објаснета целокупната постапка во врска со бараната тендерска документација.
Здружението за истражување на политики Аналитика од Гостивар на 26.11.2014 година, до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.07-790, во кој наведува дека “по извршениот увид тужителот одбра да ја прекине жалбената постапка“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање постапило по Барањето иако со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, поднесена против ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, поднесена против ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-778 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, поднесена против ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 20.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип. Со Барањето Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-778 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип на 27.10.2014 година, достави допис “Одговор на жалба“ заведен под број 03-183/3 од 20.10.2014 година, а во Комисијата под број 07-778.
Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 19.11.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈОУГД „Гоце Делчев“ од Пробиштип постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противvредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А.,против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014),на седницата одржана на 9 декември2014 година, го донесе следниот
ЗАКЛУЧОК
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку вкупно средства добиени од Кралството Холандија по основ на ОРИО грантот се потрошени во периодотод 2012, 2013 и 2014 година?(за секоја година пооделно)“ поради тоа што барателот добил одговор наБарањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-743на05.09.2014 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија -ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д. А.,противМинистерството за здравствои го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија -ЕСЕ од Скопје, на 24.07.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактербр.6.1-129/14-4 доМинистерството за здравство, примено во Министерството на 25.07.2014 година,со кое побарало да му ја достават следната информација:
“Колку вкупно средства добиени од Кралството Холандија по основ на ОРИО грантот се потрошени во периодот од 2012, 2013 и 2014 година? (за секоја година пооделно)“
Министерството за здравство, како што се наведува во Жалбата,на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-743 од 10.09.2014 година, ја препрати Жалбата доМинистерството за здравствои побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство на 27.10.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.18-6998/6 од 10.10.2014 година, а во Комисијата заведен на 04.11.2014 година под број 07-743. Во Одговорот е наведено дека: „..Во моментот, сеуште е во тек евалуација на развојната фаза на ОРИО10/МК/02 „Модернизација на системот мајка дете“. Тоа значи дека, проектот сеуште не е одобрен заради што и сеуште финасиски не е поддржан. Сметаме дека доцнењето на давање на одговор …дирекно не ја повредува целта на постоењето на Законот“.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија -ЕСЕ од Скопје, преку полномошникот Д.А.на 27.11.2014 година по маил ја извести Комисијата дека, не се задоволни од добиениот одговор и бараат продолжување на жалбената постапка.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравствопостапилопо Барањето на барателот и доставило одговор, но со задоцнување. Против наведениот одговор не е поднесена жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорно лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласно со членовите 2 (став 2) и член 6 (став3) од овој закон“.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“
Во конкретниов случај, Комисијата констатира дека барателот не ја искористил законската можност наведена во член 24 став 4 според кој:,,Ако барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информација што ја навел во барањето, може да бара од имателот на информации да му се овозможи запознавање со информацијата што ја навел во барањето најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата“, туку само изразил незадоволство од добиениот одговор и побарал од Комисијата да ја продолжи жалбената постапка, започната поради молчење на администрацијата. Комисијата укажува дека може да ја продолжи жалбената постапка само во случај доколку барателот постапел во согласност со член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактери поднел повторно барање до имателот на информации, а имателот не му одговорил во законскиот рок од 10 дена.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овојЗаклучок.
ОвојЗаклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овојЗаклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 9 декември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Се запира постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Колкав број на деца Роми вон образовниот систем се вакцинирани преку активностите на Програмата за систематски прегледи на ученици и студенти, во периодот од 01 јануари до 31 декември 2013 година? Вкупниот број расчленете го по здравствен дом“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-658 на 20.08.2014 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за здравство и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ од Скопје, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.6.1.09/14-105 од 11.03.2014 година до Министерството за здравство, примено во Министерството на 24.03.2014 година, со кое во фотокопија по пошта побарало да му ја достават следната информација:
„Колкав број на деца Роми вон образовниот систем се вакцинирани преку активностите на Програмата за систематски прегледи на ученици и студенти, во периодот од 01 јануари до 31 декември 2013 година? Вкупниот број расчленете го по здравствен дом“.
Во Жалбата покрај другото се наведува и следново. “Заради обемноста на бараните податоци Министерството за здравство на РМ од Здружението ЕСЕ побара продолжување на рокот за доставување на одговори по доставените барања заклучно со 15 јуни 2014 година….Имателот не му ја доставил бараната информација на барателот во договорениот рок, ниту пак доставил решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива барањето“ .
Комисијата, со допис бр.07-658 од 03.09.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство на 20.11.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.18-3469/4 од 10.11.2014 година. Во Одговорот е наведено дека: „..Министерството за здравство, поточно Секторот кој ја води програмата за систематски прегледи на ученици и студенти не располага со информација за тоа колкав број на деца Роми вон образовниот систем се вакцинирани преку “активностите на наведената програма“…Истовремено известуваме дека со оваа програма не се предвидени активности за вакцинација на деца, а со тоа и не се обезбедени средства за реализација на такви активности.“
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ од Скопје, преку полномошникот Д.А. на 27.11.2014 година, по маил ја извести Комисијата дека, не се задоволни од добиениот одговор и бараат продолжување на жалбената постапка. По однос на одговорот на кој се однесува Жалбата 07-658 е наведено следното. “Децата на училишна возраст ги примаат предвидените вакцини во предвиден термин по предходна покана за систематски прегледи и вакцинација која се доставува до родителите преку училиштата. Па оттука, учениците и студентите своите вакцини ги примаат во здравствените установи при спроведување на систематски прегледи.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство постапило по Барањето на барателот и доставило одговор, но со задоцнување. Против наведениот одговор не е поднесена жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорно лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласно со членовите 2 (став 2) и член 6 (став3) од овој закон“.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“
Во конкретниов случај, Комисијата констатира дека барателот не ја искористил законската можност наведена во член 24 став 4 според кој:,,Ако барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информација што ја навел во барањето, може да бара од имателот на информации да му се овозможи запознавање со информацијата што ја навел во барањето најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата“, туку само изразил незадоволство од добиениот одговор и побарал од Комисијата да ја продолжи жалбената постапка, започната поради молчење на администрацијата. Комисијата укажува дека може да ја продолжи жалбената постапка само во случај доколку барателот постапел во согласност со член 24 ст.4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поднел повторно барање до имателот на информации, а имателот не му одговорил во законскиот рок од 10 дена.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014),на седницата одржана на 9декември2014 година, го донесе следниот
ЗАКЛУЧОК

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за здравство,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„На кој начин во буџетот на Министерството за здравство се распределени средствата добиени од Кралството Холандија по основ на ОРИО грантот? Односно, конкретно наведете во кои ставки од буџетот се алоцирани средства од ОРИО грантот и колку од алоцираните средства по ставки се потрошени за 2012, 2013 и 2014 година. (Податоците можете да ни ги доставите во табели за секоја година поделени во три колони: назив на ставка, алоциран износ и потрошен износ)“ поради тоа што барателот добил одговор наБарањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-741на05.09.2014 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕодСкопје, поднесена преку полномошникот Д. А.,противМинистерство за здравствои го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија -ЕСЕ од Скопје, на 24.07.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.61-128/14-2 до Министерството за здравство, примено во Министерството на 25.07.2014 година,со кое побарало да му ја достават следната информација:
“На кој начин во буџетот на Министерството за здравство се распределени средствата добиени од Кралството Холандија по основ на ОРИО грантот? Односно, конкретно наведете во кои ставки од буџетот се алоцирани средства од ОРИО грантот и колку од алоцираните средства по ставки се потрошени за 2012, 2013 и 2014 година. (Податоците можете да ни ги доставите во табели за секоја година поделени во три колони: назив на ставка, алоциран износ и потрошен износ)“.
Министерството за здравство, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-741 од 10.09.2014 година, ја препрати Жалбата доМинистерството за здравствои побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство на 27.10.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.18-7082/4 од 20.10.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-741. Во Одговорот е наведено дека: „..Во моментот, сеуште е во тек евалуација на развојната фаза на ОРИО10/МК/02 „Модернизација на системот мајка дете“. Тоа значи дека, проектот сеуште не е одобрен заради што и сеуште финасиски не е поддржан. Сметаме дека доцнењето на давање на одговор … директно не ја повредува целта на постоењето на Законот“.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ од Скопје, преку полномошникот Д.А.на 27.11.2014 година по маил ја извести Комисијата дека, не се задоволни од добиениот одговор и бараат продолжување на жалбената постапка.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравствопостапилопо Барањето на барателот и доставило одговор, но со задоцнување. Против наведениот одговор не е поднесена жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорно лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и член 6 (став3) од овој закон“.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“
Во конкретниов случај, Комисијата констатира дека барателот не ја искористил законската можност наведена во член 24 став 4 според кој:,,Ако барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информација што ја навел во барањето, може да бара од имателот на информации да му се овозможи запознавање со информацијата што ја навел во барањето најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата“, туку само изразил незадоволство од добиениот одговор и побарал од Комисијата да ја продолжи жалбената постапка, започната поради молчење на администрацијата. Комисијата укажува дека може да ја продолжи жалбената постапка само во случај доколку барателот постапел во согласност со член 24 ст.4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поднел повторно барање до имателот на информации, а имателот не му одговорил во законскиот рок од 10 дена.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овојЗаклучок.
ОвојЗаклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овојЗаклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.