ДОНЕСЕНИ 120 РЕШЕНИЈА И 27 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 92-та седница одржана на 9 октомври 2014 година, донесе 120 решенија и 27 заклучоци.
Комисијата на седницата постапуваше по 116 жалби од Здружението за еманципација,солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ изјавени против Министерството за здравство и ЈЗУ Здравствен дом Прилеп. Притоа, беа донесени 5 Решенија со кои жалбите се уважуваат и се задолжува ЈЗУ Здравствен дом Прилеп на барателот да му ги достави бараните информации. По 111 жалби поднесени против Министерството за здравство, Комисијата донесе Решенија со кои жалбите на барателот се одбиваат како неосновани. Комисијата постапуваше и по жалбите на Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации поднесени против Министерството за правда и донесе 2 Решенија со кои имателот се задолжува на барателот да му ги достави бараните информации. По Жалбата изјавена од А.Т. против Заклучокот на Општина Кисела Вода, донесено е Решение со кое жалбата се одбива како неоснована. Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, со Решение се одбива како неоснована.
Исто така, Комисијата донесе 27 заклучоци со кои се запираат постапките по жалбите поднесени од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ, Здружението за истражување на политики „Аналитика“, Фондацијата отворено општество-Македонија, Здружението на граѓани „Х.Е.Р.А.“-Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Европскиот центар за правата на Ромите, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации.