ДОНЕСЕНИ 54 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 90-та седница одржана на 16 септември 2014 година, донесе 54 решенија и 1 заклучок.
Комисијата на седницата постапуваше по 28 жалби од Фондацијата отворено општество- Македонија изјавени против Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Скопје и донесе Решенија со кои жалбите се уважуваат и се задолжува имателот на барателот да ги достави бараните информации. Исто така, по 25 жалби од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ изјавени против здравствените домови во Прилеп, Кичево и Охрид и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, беа донесени Решенија со кои жалбите се уважуваат и се задолжува имателот на барателот да ги достави бараните информации. Комисијата постапуваше и по жалбата поднесена од Т.С.А од Тетово против Јавниот обвинител на Република Македонија и донесе Решение со кое жалбата се отфрла како недопуштена.
Исто така, Комисијата донесе 1 заклучок со кој се запира постапката по жалбата изјавена од К.Ш. од Скопје, поради тоа што на барателот му е одговорено по Барањето.