ДОНЕСЕНИ 111 ЗАКЛУЧОЦИ Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 87-та седница одржана на 24 јули 2014 година, донесе 111 заклучоци. Постапувајќи по жалба од Центарот за развој на медиуми, изјавена против Советот за радиодифузија на Република Македонија, Комисијата донесе Заклучок за запирање на постапката, поради тоа што барателот ја повлекол Жалбата. Постапувајќи по други 110 жалби, изјавени од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија- ЕСЕ од Скопје, Фондацијата Отворено општество-Македонија, Здружението на граѓани „Х.Е.Р.А.“, како и од лицето Б.М., Комисијата донесе исто толку заклучоци со кои се запираат постапките по жалбите, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации.