ДОНЕСЕНИ 10 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОЦИ

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 83-та седница одржана на 02 јуни 2014 година, донесе 10 решенија и 3 заклучоци.

 * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од А.А. од Кочани, поднесена против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни  2014 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од А.А. од Кочани, поднесена против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Бутел на барателот да му ја достави бараната информација:

„1) Колкав е вкупниот број на предмети по основ на поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти од страна на иматели на бесправни објекти до Општина Бутел согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти;

2) Колкав е бројот на решени предмети во законскиот рок и по истекот на законскиот рок;    

3) Колкав е бројот на нерешените предмети и особено;

4) Колкав е бројот на поднесени барања до Градоначалникот на Општина Бутел заради неиздавање на урбанистичка согласност за бесправен објект односно недонесување на решение за одбивање на барањето за донесување на решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, во предвидениот рок (молчење на администрација)“, најдоцна до 20.06. 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-108 на 09.05.2014 година, изјавена од А.А. од Кочани, поднесена против Општина Бутел по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Бутел на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, А.А. на 27.01.2014 година, со препорачана поштенска пратка поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Бутел и побарал по пошта да му достават препис од следната информација:

„1) Колкав е вкупниот број на предмети по основ на поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти од страна на иматели на бесправни објекти до Општина Бутел согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти;

2) Колкав е бројот на решени предмети во законскиот рок и по истекот на законскиот рок;    

3) Колкав е бројот на нерешените предмети и особено;

4) Колкав е бројот на поднесени барања до Градоначалникот на Општина Бутел заради неиздавање на урбанистичка согласност за бесправен објект односно недонесување на решение за одбивање на барањето за донесување на решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, во предвидениот рок (молчење на администрација)“.

Општина Бутел, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање одговорила со Одговор бр.11-141/2 од 07.02.2014 година, во кој е наведено дека „Вашите четири прашања ги препративме до нашиот Сектор за урбанизам од каде што го добивме следниот одговор, односно известување:…Ве известуваме дека според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер член 5 точка 7 не сме во можност да Ви ги доставиме бараните информации“.

Незадоволен од наведениот Одговор на Општина Бутел, барателот на 09.05.2014 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-108.

Комисијата, со допис бр.07-108 од 13.05.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Бутел и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот. 

Општина Бутел на 22.05.2014 година до Комисијата достави допис бр.11-141/4 од 19.05.2014 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-108. Во дописот е наведено дека: „…ние пративме известување во законскиот рок…“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Бутел не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот  информацијата наведена во Барањето.

Во врска со наведениот Одговор од Општина Бутел, Комисијата укажува дека членот 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) се однесува на обврската на Комисијата за објавување на листа на иматели на информации и во него нема други точки, особено не точка 7 која би се однесувала на „неможност за доставување на информации“, или пак на некаков исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер. Исклучоците од слободниот пристап до информации децидно се наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Од наведениот одговор до барателот не може да се заклучи дали се работи за исклучок и кој е основот за одбивање.

Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Иако имателот одговорил во законски предвидениот рок, не постапил согласно одредбите на Законот.

Во врска со постапувањето на имателот, Комисијата укажува дека внатрешната комуникација на Општината е регулирана согласно Законот за локална самоуправа и актите на Општината. Согласно член 8 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, службеното лице за посредување со информации контактира и ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање на информации, а согласно член 21 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Од наведеното произлегува дека службеното лице именувано со акт на Градоначалникот на Општината било должно да ја обезбеди бараната информација и да му ја достави на барателот.

Препраќање согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се врши само ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација, а знае кој друг имател на информации, според содржината на барањето, е имател на информацијата, за што го известува барателот.

Препраќањето внатре помеѓу секторите на Општината е можно согласно работата и организацијата на Општината, но според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер службеното лице е тоа што ќе ја прибави информацијата и ќе ја достави до барателот.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Х. од Скопје, поднесeна против Одговори на барања од Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од Б.Х. од Скопје, поднесeна против Одговори на барања од Општина Карпош бр. 10-2713/2 од 09.04.2014 година и бр. 10-2963/2 од 25.04.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Карпош на барателот да му овозможи увид во бараната информација :

„Увид во целокупната постапка за барање на одобрение за градење за доградба на зграда на Бул. Партизански Одреди бр. 75 влез 1, во Општина Карпош, Скопје“, односно „барам да ми се достави копија од списокот на станари кои дале согласност за добивање на одобрение за градење за доградба на објектот на Бул. Партизански Одреди бр. 75 влез 1, во Општина Карпош…дали е издадено одобрение за доградба…и доколку е издадено…на кој датум е издадено одобрението“, во рок од 5 дена од доставувањето на ова Решение.  

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-102 на 29.04.2014 година, изјавена од Б.Х. од Скопје, поднесeна против Одговори на барања од Општина Карпош бр. 10-2713/2 од 09.04.2014 година и бр. 10-2963/2 од 25.04.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Карпош на барателот да му овозможи увид во бараната информација во рок од 5 дена од доставувањето на ова Решение.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:     

Б.Х. од Скопје на 03.04.2014 година, со препорачана поштенска пратка, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, со кое барал:

„Увид во целокупната постапка за барање на одобрение за градење за доградба на зграда на Бул. Партизански Одреди бр. 75 влез 1, во Општина Карпош“.

Општина Карпош на наведеното Барање му одговорила со Одговор бр. 10-2713/2 од 09.04.2014 година, во кој е наведено дека „…за увид во документацијата…треба да поднесете посебно Барање за увид до Секторот за урбанизам на Општина Карпош“.

Како што е наведено во Жалбата, незадоволен од добиениот одговор, Б.Х. од Скопје на 19.04.2014 година, со препорачана поштенска пратка, поднел  ново Барање во кое „…децидно наведов дека барам да ми се достави копија од списокот на станари кои дале согласност за добивање на одобрение за градење за доградба на зграда на Бул. Партизански Одреди бр. 75 влез 1, во Општина Карпош…дали е издадено одобрение за доградба…и доколку е издадено…на кој датум е издадено одобрението“.

Општина Карпош на наведеното ново Барање му одговорила со Одговор бр. 10-2963/2 од 25.04.2014 година, во кој е наведено дека „…за копија од станарите од зграда бр.75 влез ½ кои дале согласност за отстапување на правото за градење на Бул. Партизански Одреди бр. 75 треба да се обратите до Управителот или Претседателот на заедницата на сопственици на посочената зграда, а дали е издадено одобрение за доградба ќе поднесете дополнително Барање за увид во Секторот за урбанизам на Општина Карпош“.

Незадоволен од добиените одговори, Б.Х. од Скопје на 29.04.2014 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-102. 

Комисијата со допис бр.07-102 од 02.05.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.      

Општина Карпош – Одделение за месна самоуправа на 14.05.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба и доставување на документација бр.10-2963/4 од 12.05.2014 година, заведен во Комисијата под бр.07-102.

Во прилог на Одговорот на жалба достави фотокопии од Одговори бр.10-2713/4 од 12.05.2014 година и бр. 10-2963/4 од истиот датум.

Наведените одговори не ги содржат одговорите на барањата на Б.Х. од Скопје, иако имателот наведува дека „…на барателот му беше дозволен увид во документацијата, но тој тоа право не го искористи“.

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Карпош не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не му ја доставила на барателот бараната информација на начин и во форма наведена во Барањето.

Согласно член 10 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информации е должен да ја информира јавноста за информациите кои произлегуваат од неговата надлежност и работа.

Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“. Во случајов, Управителот или Претседателот на Заедницата на станари од зграда на Бул. Партизански Одреди бр. 75 влез 1 во Општина Карпош е создавач на бараната информација „… списокот на станари кои дале согласност за добивање на одобрение за градење…“, но со истата информација располага и Општина Карпош, од која имателот ја побарал оваа информација и Општината, како имател на информацијата, била должна да ја посредува до барателот.

Согласно член 58 став 2 од Законот за градење (“Службен весник на Република Македонија“ бр.70/2013, пречистен текст), одобрение за градење на објект каков што е наведен во Барањето за слободен пристап до информации „…издава  градоначалниокот на општината…“. Согласно член 59-а алинеја 5 од истиот Закон „Доказ за право на градење во смисла на овој закон се смета:…договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови од објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост“.

Од наведеното произлегува дека Општина Карпош, согласно своите надлежности, располага со информацијата наведена во Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесена од Б.Х. од Скопје и неосновано истата не му ја направила достапна на барателот, во форма и на начин наведени во Барањето, односно неосновано го упатила да поднесе дополнително Барање на увид, насловено до Секторот за урбанизам.

Согласно член 12 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „секој барател, врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“. Според член 24 став 2 од истиот Закон „ако барателот бара да му се даде информацијата на увид, имателот на информацијата е должен да му овозможи увид на тој начин што барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина“, а согласно член 29 од Законот „увидот во бараната информација е бесплатен“.

Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, службеното лице кое е вработено кај имателот на информации „…посредува со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага имателот на информации согласно со неговите надлежности“.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за  еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од Здружението за  еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за труд и социјална политика на барателот да му ја достави бараната информација: „Доставете ни копија од програмата која Министерството за труд и социјална политика ја подготвило и доставило до Владата на Р.Македонија за распределба на средства оставерени по сите основи од игрите на среќа и забавните игри за 2011, 2012 и 2013 година, согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри, член 16, став 3“ најдоцна до  20 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-93 на 31.03.2014 година, изјавена од Здружението за  еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за труд и социјална политика на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, Здружението за  еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ Скопје на 30.01.2014 година поднело Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 6.4-03/14-2 до Министерството за труд и социјална политика, со кое побарало да му ја достават следната информација:

„Доставете ни копија од програмата која Министерството за труд и социјална политика ја подготвило и доставило до Владата на Р.Македонија за распределба на средства оставерени по сите основи од игрите на среќа и забавните игри за 2011, 2012 и 2013 година, согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри, член 16, став 3.“

Министерството за труд и социјална политика, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.07-93 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за труд и социјална политика не одговори ниту на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставило до барателот информацијата наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

 Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.         

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Чучер Сандево на барателот да му ја достави бараната информација:

„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.

-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“ најдоцна до 20 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-83 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Чучер Сандево на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Чучер Сандево  и побарал да му ја достават следната информација:

„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.

-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.

Општина Чучер Сандево, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.07-83 од 26.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Чучер Сандево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

Општина Чучер Сандево не одговори ниту на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Чучер Сандево не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот информацијата наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.         

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонско здружение на млади правници МЗМП – Скопје, поднесена преку М.С. од Скопје, Претседател на Здружението, против Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следното

  Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од Македонско здружение на млади правници МЗМП – Скопје, поднесена преку М.С. од Скопје, Претседател на Здружението, против Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет на барателот да му ја достави бараната информација: „Доставете ни преглед на бројот на запишани студенти во прва година на правни студии од основањето на факултетот до 2013 година (заклучно со учебната 2013/14 па натаму) за секоја година одделно. (Доколку постојат повеќе модули во рамки на правните студии доставете ни преглед на бројот на запишани студенти во секоја од нив пр. Правосудна насока, административна и сл.).

Доставете ни преглед на бројот на студенти кои дипломирале на правни студии од основањето на факултетот до 2013 година за секоја година одделно. (За двата циклуси на студии како и за секој модул)“ најдоцна до 20.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето

O Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-106 на 06.05.2014 година, изјавена од  Македонско здружение на млади правници МЗМП – Скопје, поднесена преку М.С. од Скопје, Претседател на Здружението, против Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Македонско здружение на млади правници МЗМП – Скопје, на 26.02.2014 година поднело Барање за слободен пристап до информации бр. 0306-159/1, со кое побарало да му ја достават следната информација:

“Доставете ни преглед на бројот на запишани студенти во прва година на правни студии од основањето на факултетот до 2013 година (заклучно со учебната 2013/14 па натаму) за секоја година одделно. (Доколку постојат повеќе модули во рамки на правните студии доставете ни преглед на бројот на запишани студенти во секоја од нив пр. Правосудна насока, административна и сл.).

Доставете ни преглед на бројот на студенти кои дипломирале на правни студии од основањето на факултетот до 2013 година за секоја година одделно. (За двата циклуси на студии како и за секој модул).“

Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.   

Комисијата, со допис бр.07-106 од 09.05.2014 година, ја препрати Жалбата до Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот. 

Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет не одговори ниту на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот универзитет во Тетово – Правен факултет не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставил до барателот  информацијата наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата. 

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

 

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.         

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.М. од Прилеп, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 2 јуни 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.М. од Прилеп, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општината Битола на барателот да му ја достави бараната информација: „Одлуки за службени патувања во земјата и странство на вработени во општината, како и нивни соработници, сметки од хотели, авио билети, презентации и исплатени дневници од сите патувања за периодот 2011-2013 година.“ најдоцна до 20.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-87 на 27.03.2014 година, изјавена од З.М. од Прилеп, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општината Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, З.М. од Прилеп на 04.03.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола. Со Барањето заведено во Општината Битола под бр.19-45/2 од 06.03.2014 година, З.М. побарал по е-маил да му достават електронски запис од следната информација:

„Одлуки за службени патувања во земјата и странство на вработени во општината, како и нивни соработници, сметки од хотели, авио билети, презентации и исплатени дневници од сите патувања за периодот 2011-2013 година.“

Во врска со ова Барање, Општината Битола до барателот доставила допис без број од 11.03.2014 година, во кој е наведено “Врз основа на Ваше барање број 19-45/2 од 06.03.2014 година, Ве известуваме дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер, односно не е информација туку документација која не е издадена од општината, документација која има елементи на податоци заштитени со Законот за заштита на личните податоци.”

Незадоволен од наведениот допис, на 27.03.2014 година, З.М. од Прилеп поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-87. 

Комисијата, со допис бр.07-87 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Општината Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На барањето на Комисијата, Општината Битола достави Одговор по жалба бр.19-45/7 од 15.04.2014 година, заведена во Комисијата под бр.07-87 од 30.04.2014 година.

Во прилог на Одговорот по жалба, Општината достави и Одговор по жалба од Секторот за финансиски прашања во Општината Битола, сл.1167 од 14.04.2014 година, во кој се наведува: ”…Неосновани се барањата од барателот на информации од јавен карактер за Одлуки за службени патувања во земјата, бидејќи такви не постојат, ниту постои Одлука за патување на вработени и нивни соработници во странство.

За патување во странство се издава Решение.

Информација од јавен карактер не претставува кој, каде патувал, сметки за хотели, авиобилети, презентации и исплатени дневници.

За сите патувања во земјата и странство, за три години, е обемен материјал кој предизвикува дополнителни трошоци и ангажирање на службеници за обезбедување на истиот…”

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето.

Во врска со наводите на Општината Битола дека не постојат Одлуки за службени патувања во земјата ниту Одлука за патување на вработени и нивни соработници во странство, туку Решенија, Комисијата смета дека е јасно која информација ја бара барателот. Комисијата укажува дека Општината како имател на информации треба да има во предвид дека, барателот не секогаш ја знае точната форма, односно видот на актот на бараната информација. Сосема е ирелевантно дали бараната информација е Одлука или Решение, кога очигледно е дека и на Општината Битола и е јасно со која информација барателот сака да се запознае.

Што се однесува до наводите на Општината Битола дека бараната информација не е информација од јавен карактер, поради карактерот односно содржината на истата и бидејќи не е издадена од самата општина, Комисијата укажува на следното.

Согласно член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер” е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности. Согласно алинеја 4 од истиот член “документ” е секој запис на информација без оглед на нејзината физичка форма или карактеристики, пишан или печатен текст, карти, шеми, фотографии, слики, цртежи, скици, работни материјали, како и звучни, гласовни, магнетски или електронски, оптички или видео снимки во која било форма, како и пренослива опрема за автоматска обработка на податоци со вградени или преносливи мемории за складирање на податоците во дигитална форма. Врз основа на цитираниот член, Комисјата укажува дека бараната информација „Одлуки за службени патувања во земјата и странство на вработени во општината, како и нивни соработници, сметки од хотели, авио билети, презентации и исплатени дневници од сите патувања за периодот 2011-2013 година.“ е информација од јавен карактер, бидејќи Општината Битола ја создала и располага со истата. Имено, несомнено е дека органите на Општината Битола донесуваат акти, Одлуки односно Решенија за службени патувања во земјата и во странство на вработени и нивните соработници. Додека пак, сметки од хотели, авио билети, презентации и исплатени дневници од патувањата е документација со која располага Општината, и поради тоа информацијата во Барањето е информација од јавен карактер. Општините се финансираат од Буџетот на Државата и од даноците на граѓаните и граѓаните имаат право да знаат како и зошто се трошат нивните пари, а во случајов како и зошто се трошат нивните пари за службени патувања во земјата и странство за периодот 2011-2013 година.

Доколку Општината Битола смета дека во бараната документација има елементи на податоци заштитени со Законот за заштита на личните податоци, Комисијата укажува дека Општината е должна да постапи согласно член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да овозможи делумен пристап до бараните информации. Членот 7 од законот гласи: ”Ако документот или негов дел содржи информации од членот 6 став (1) на овој закон што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, имателот на информации ги одвојува тие информации од документот и го известува барателот за содржината на останатиот дел од документот.”

Исто така, доколку Општината Битола смета дека бараната документација е обемен материјал кој ќе предизвика дополнителни трошоци и ангажирање на службеници за обезбедување на истата, Комисијата укажува дека Општината е должна да го примени член 29 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи: ”Ако барањето се однесува на информација од поголем обем, имателот на информацијата може да бара барателот да го даде однапред надоместокот за покривање на трошоците за добивање на информацијата.” Износот на надоместокот треба да биде во согласност со Одлуката за утврдување на надоместок за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации, бр.19-6310/1 од 24.12.2006 година, донесена од Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија бр.13/06”).

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.”

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.         

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 2 јуни 2014 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА Општината Куманово веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението да го препрати Барањето за пристап до информации од јавен карактер до имателот на бараната информација, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Куманово и за тоа да го извести барателот.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-97 на 07.04.2014 година, изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и ја задолжи Општината Куманово веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението да го препрати Барањето за пристап до информации од јавен карактер до имателот на бараната информација, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Куманово и за тоа да го извести барателот.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.     

И.А. од Куманово, на 18.02.2014 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Куманово, заведено во Општината под бр.30-1080/1 и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација: 

“Извештај од завршен технички преглед бр.09/2013 од 07.2013 година од ДПТУ “ЕН-ПРОЈЕКТ” ДОО Куманово.”

Во врска со ова Барање, Општината Куманово до барателот доставила Известување бр.30-1080/1 од 03.03.2014 година. Во Известувањето е наведено „…Ве известуваме да по Закон за градење С.В. на Република Македонија бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 137/13, 163/13 не располагаме со извештај за завршен технички преглед од страна на д.п.т.у ЕН-ПРОЕКТ доо Куманово, а доставениот завршен технички преглед од страна на инвеститорот само го доставуваме до Агенцијата за катастар на недвижности.“

Незадоволен од наведеното Известување, на 07.04.2014 година, И.А. од Куманово поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-97. 

Комисијата со допис бр.07-97 од 08.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Општината Куманово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.      

Општината Куманово на барањето на Комисијата достави Одговор бр.30-1080/4 од 23.04.2014 година, заведен во Комисијата под бр.07-97 на 06.05.2014 година.

Во Одговорот, Општината наведува “…согласно член 87 од Законот за градење (Сл.Весник на РМ бр.70/13, 137/13 и 163/13, 28/14) градбата ќе се стави во употреба по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија.

Согласно член 89 став 5 за градбите од втора категорија, техничкиот преглед го врши надзорниот инженер за што изготвува извештај за извршен технички преглед. Извештајот се доставува до Општината каде што е изграден објектот заедно со геодетскиот елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности согласно со пресметката согласно законските одредби.

Ве известуваме дека од страна на инвеститорот се доставени документите во оригинал и истите од страна на Општина Куманово се доставени до Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово.

Доколку барателот на информацијата од јавен карактер сака да изврши увид во погоренаведениот документ, увид може да изврши во Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово каде што документите се препратени во оригинал.“

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општината Куманово не постапила согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не го препратила Барањето до имателот на информацијата, во случајов Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово.

Член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер гласи: „Ако имателот на информации што го примил Барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, е должен да го препрати Барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот.“ Согласно цитираниот член, наместо да го известува барателот дека бараната информација е доставена до Агенцијата за катастар на недвижности, Општината Куманово е должна да го препрати Барањето до Агенцијата за катастар на недвижности и за тоа да го извести барателот, И.А.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против Известувањето на Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против  Известувањето бр.30-1079/1 од 03.03.2014 година на Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Елаборат за запишување на промена бр.03-1028/01 од 01.07.2013 година на „ГЕО-ТИМ“ Куманово“ се УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Куманово веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението да го препрати Барањето за пристап до информации од јавен карактер до имателот на бараната информација, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Куманово и за тоа да го извести барателот. 

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-98 од 07.04.2014 година, изјавена од И.А.од Куманово, поднесена против  Известувањето бр.30-1079/1 од 03.03.2014 година на Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Куманово веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението, да го препрати Барањето за пристап до информации од јавен карактер до имателот на бараната информација, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Куманово и за тоа да го извести барателот.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, И.А. од Куманово на 18.02.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Куманово и побарал да му ја достават следната информација:

„Елаборат за запишување на промена бр.03-1028/01 од 01.07.2013 година на „ГЕО-ТИМ“ Куманово“.

Општина Куманово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање му одговорила со Известување бр.30-1079/1 на 03.03.2014 година. Во Известувањето е наведено дека: „..Ве известуваме дека по Закон за Градење С.В. на Република Македонија бр.130/2009, 124/10, 18/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 137/13, 163/13 не располагаме со таков елаборат, а доставениот елаборат од страна на инвеститорот само го доставуваме до Агенција за катастар на недвижност“.

Незадоволен од наведеното Известување, И.А. од Куманово на 07.04.2014 година, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-98.

Комисијата, со допис бр.07-98 од 08.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот. 

Општина Куманово на барањето на Комисијата достави Одговор бр.30-1079/4 од 23.04.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-98 на 06.05.2014 година.

Во Одговорот наведува дека “…согласно член 87 од Законот за градење (Сл.Весник на РМ бр.70/13, 137/13 и 163/13, 28/14) градбата ќе се стави во употреба по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија. Согласно член 89 став 5 за градбите од втора категорија, техничкиот преглед го врши надзорниот инженер за што изготвува извештај за извршен технички преглед. Извештајот се доставува до Општината каде што е изграден објектот заедно со геодетскиот елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности согласно со пресметката согласно законските одредби. Ве известуваме дека од страна на инвеститорот се доставени документите во оригинал и истите од страна на Општина Куманово се доставени до Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово. Доколку барателот на информацијата од јавен карактер сака да изврши увид во погоренаведениот документ, увид може да изврши во Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово каде што документите се препратени во оригинал.“

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Куманово не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не го препратила Барањето согласно член 18 до имателот на информацијата, во случајов Агенција за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово.

Член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер гласи: „Ако имателот на информации што го примил Барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, е должен да го препрати Барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот.“ Согласно цитираниот член, наместо да го известува барателот дека бараната информација е доставена до Агенцијата за катастар на недвишности, Општината Куманово е должна да го препрати Барањето до Агенцијата за катастар на недвижности и за тоа да го извести барателот, И.А.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба. 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:   

„На 12.02.2013 година се обратив до горе наведениот наслов под број 10-990/1 и на 23.07.2013 година под број 10-4209/1 во врска со барањето за добивање на информација за доделени инвалидски пензии во с.Ботун при што до ден денес немам добиено никаква информација“, се УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-101 од 24.04.2014 година, изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, Ст.Ј. од Скопје на 28.03.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија и побарала да му ја достават следната информација:

„На 12.02.2013 година се обратив до горе наведениот наслов под број 10-990/1 и на 23.07.2013 година под број 10-4209/1 во врска со барањето за добивање на информација за доделени инвалидски пензии во с.Ботун при што до ден денес немам добиено никаква информација“.

Фондот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање доставил допис бр.02-1800/2 на 03.04.2014 година.

Незадоволен од наведениот допис, С.Ј. од Скопје на 24.04.2014 година достави Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-101.

Комисијата, со допис бр.07-101 од 25.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот. 

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија по барањето на Комисијата достави Одговор бр.02-1800/4 од 29.04.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-101 на 07.05.2014 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека „Правата од пензиското и инвалидското осигурување се лични материјални права и, кои се заштитени според Законот за заштита на личните податоци (Сл.Весник на РМ бр.7/05, 103/08, 124/12 и 135/11). …. Но според одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во членот 6 став 1 точка 2 е уредено дека има исклучок од слободниот пристап до информации во случаите кога имателот на информацијата може да одбие барање за пристап до информацијата бидејќи истата е личен податок чие што откривање би значела повреда на заштитата на личните податоци. Во конкретиниот случај, се работи за лични податоци со чие што откривање би сториле законска повреда…“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија не постапил во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што не е донесено Решение за одбивање согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014).

Комисијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија му укажува на следното:

Согласно член 6 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на: … личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци …

Доколку бараната информација содржи лични податоци, а со прикривање на личните податоци не ја губи содржината на информацијата, Фондот може да му овозможи делумен пристап до бараната информација со прекривање на личните податоци. Во спротивно, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија е должен да донесе Решение за одбивање на пристапот согласно член 6 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014).        

Фондот исто така, при донесување на Решение за одбивање на пристапот е должен да го спроведе задолжително тестот на штетност согласно член 2 алинеја 4 од  Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој претставува задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата пред да го одбие пристапот согласно член 6 од овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. 

При повторното постапување по предметот, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата и да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. 

 Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против Решението на КПУ Затвор-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

 Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против Решението на КПУ Затвор – Скопје број 03-445/4 од 01.04.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

Решението на КПУ Затвор – Скопје број 03-445/4 од 01.04.2014 СЕ ПОТВРДУВА.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-16 од 07.04.2014 година, изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против Решението на КПУ Затвор – Скопје, број 03-445/4 од 01.04.2014година,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и  ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Г.Р. од Скопје на  25.12.2013 година поднел по е-маил  Барање за пристап до информации од јавен карактер “бидејќи  му било повредено правото за прием во деловодна книга“ до КПУ Затвор- Скопје, со кое побарал да му бидат доставени во фотокопија, по пошта, следните информации:

 

“1. Правилник за работни односи на КПУ Затвор Скопје;

2. Правилник за систематизација на работни места;

3. Правилник за исплата на плата и средства за заедничка потрошувачка и

4. Правилник за работен ред и дисциплина како и други подзаконски акти кои се во согласност со Закон за работни односи и Законот за извршување на санкции а кои се однесуваат на вработените во КПУ Затвор- Скопје“.

КПУ Затвор-Скопје, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, поради што се смета дека Барањето е одбиено и на 28.01.2014 година поднесена е Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.07-16 од 30.01.2014 година, ја препрати Жалбата до КПУ Затвор-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

КПУ Затвор-Скопје на 07.02.2014 година до Комисијата достави “Доставување на одговор на жалба и писмени списи бр.03-445/2 од 06.02.2014 година, а во Комисијата заведена под бр. 07-16.

Во Одговорот на Жалба е наведено дека “…на ден 06.12.2013 година објавен е во Службен весник на Република Македонија, Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкции, со кој закон  се врши измени во однос на статусот  на вработените во казнено-поправните установи. Истиот закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“, додека подзаконските акти пропишано е да се донесат во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон.

Имено, самото барање за пристап до информации од јавен карактер е поднесено токму во тој период кога бараните акти се во постапка на усогласување односно во постапка на подготвување. Па од тие причини бараните Правилник за исплата на плата и заедничка потрошувачка на КПУ Затвор- Скопје како и Правилникот за работни односи се ставени вон сила и од таа причина не му се доставени на подносителот на жалбата. Додека околу Правилникот за систематизација на КПУ Затвор- Скопје надлежен е да го усогласи Управата за извршување на санкции и во останатиот пропишан рок за усогласување ќе се изврши негова измена, но од причина што бараниот  Правилник за систематизација се уште е важечки како и Правилникот за работен ред и дисциплина и се уште не се ставени вон сила, на подносителот на жалбата во фотокопија му се доставуваат согласно барањето на домашна адреса и воедно истите ги доставуваме и со одговорот на жалба“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата на 12 март донесе Решение со кое утврди дека КПУ Затвор-Скопје  постапила по точка 2 и 4 и до барателот ги доставила бараните информации поради што Комисијата за делот од Барањето наведено во точка 2 и 4 ја одби жалбата иако утврди дека бараните информации имателот ги доставил после рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но поинаквото постапување на Комисијата не може да има суштински промени во постапувањето по Барањето бидејќи барателот ги добил бараните информации што е и целта на Законот.

Што се однесува до точките 1 и 3 од Барањето, Комисијата го врати предметот на повторно постапување пред првостепениот орган од причина што доставените први страници на наведените акти не може да бидат основ за недоставување на бараните информации.

КПУ Затвор-Скопје на 02.04.2014 година до Комисијата достави Допис- Достава на Решение од повторно постапување бр.03-445/4 од 01.04.2014 гоина заведен под број 03-1127/1 од 02.04.2014 година, а во Комисијата под број 07-16.

Во Дописот е наведено “КПУ Затвор-Скопје постапувајќи по Вашето решение и при повторното постапување донесено е Решение бр.03-445/4 од 01.04.2014 година кое Ви го доставувам во прилог на ваше запознавање.“

Во образложението на Решението е наведено “Постапувајќи според укажувањата на наведеното Решение на Комисијата, КПУ Затвор-Скопје одново го разгледа барањето на Г.Р.од Скопје и констатира дека не е во можност да му ги направи достапни информациите наведени во точка 1 и 3 од Барањето, бидејќи истите претставуваат исклучок од слободниот пристап до информации од јавен карактер согласно член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

При тоа, КПУ Затвор-Скопје го спроведе задолжителниот тест на штетност при што утврди дека бараните информации од страна на Г.Р. од Скопје се документи кои се во фаза на подготовка, односно истите се уште се разгледуваат и усогласуваат кај КПУ Затвор-Скопје…-евентуалното доставување до јавноста во оваа фаза на подготвување би предизвикало погрешно разбирање на содржината, а тоа би можело да предизвика несакани последици врз работењето на КПУ Затвор-Скопје како институција, како и негативни последици за вработените во истата….

Воедно Ве известуваме дека Решението број 03-445/4 од 01.04.2014 година е испратено на домашна адреса на подносителот на барањето на ден 02.04.2014 година“.

Г.Р. од Скопје на 07.04.2014 година до Комисијата достави Жалба против Решението на КПУ Затвор-Скопје 03-445/4 од 01.04.2014 со кое “Барањето за пристап до информации од јавен карактер  од Г.Р. од Скопје, со кое побара “Правилник за работни односи на КПУ Затвор Скопје и Правилник за исплата на плата и средства на заедничка потрошувачка  се одбива“.

Претседателот и двајца членови на Комисијата извршија увид во КПУ Затвор-Скопје во предметот по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.Р. и утврдија дека наведените акти се уште се во фаза на подготвување и усогласување и дека имателот го спровел тестот на штетност при што утврдил дека бараните информации од Г.Р. се наоѓаат во фаза на подготовка, односно истите се уште се разгледуваат и усогласуваат кај КПУ Затвор-Скопје како имател на информации. Исто така, е констатирано дека евентуалното нивно доставување до јавноста во оваа фаза  на подготвување би предизвикало погрешно разбирање на содржината, а тоа би можело да предизвика несакани последици по работењето на КПУ Затвор-Скопје како институција како и негативни последици за вработените во истата.

Комисијата, со допис бр.07-16 од 16.05.2014 година, ја препрати Жалбата до КПУ Затвор-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

КПУ Затвор-Скопје на 26.05.2014 година до Комисијата достави Допис – Доставување на одговор на Жалба број 03-1742/2 од 23.05.2014 година и Допис Одговор на Жалба број 03-1742/2 од 22.05.2014 година, заведен во Комисијата под број 07-16.

Во Одговорот на Жалба е наведно “…КПУ Затвор-Скопје Ве известува дека останува на наодите изнесени во Одговорот на жалба, наш број 03-445/2 од 06.02.2014 година и во Решението наш број 03-445/4 од 01.04.2014 година….

По разгледувањето на Жалбите, Решението на КПУ Затвор-Скопје и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Решението на КПУ Затвор-Скопје број 03-445/4 од 01.04.2014 година е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.

КПУ Затвор-Скопје во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата утврди дека КПУ Затвор-Скопје при постапување по барањето правилно постапила и со оглед на тоа што се работело за информација која претставува исклучок од слободниот пристап, донело Решение за одбивање на пристапот. Во образложението на оспореното Решение е наведено дека е спроведен тестот на штетност и имателот ги образложил причините поради кои го одбил пристапот до бараните информации, а ги навел и последиците кои ќе настанат со доставувањето на бараните информации.

 Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба. 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008,6/2010 и 42/2014),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението,  против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“1.Дали инвеститорот ДПТУ „Мегамак“ доо од Штип има поднесено Барање за добивање на одобрение за градење на деловен објект кој се наоѓа на ул.Кузман Јосифовски бб на дел од КП бр.7517/1 во КО Штип -5 во Штип со утврдено својство споменик на културата со Решение бр.0801-117 од 28.08.1997.

  2. Дали на инвеститорот му е издадено Одобрение за градење.

  3. Дали од страна на инвеститорот е постапено по Решението Ип.1 бр.22/13-413 од 29.10.2013 година на овластен градежен инспектор на Општина Штип, доколку не е, дали се превземени соодветни законски мерки против инвеститорот за остранување на утврдените неправилности“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-104 на 06.05.2014 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот и го утврди следното.

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-104 на 06.05.2014 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија на 13.03.2014 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1603 до Општина Штип и побарал да му ја достават следната информација:

 “1. Дали инвеститорот ДПТУ „Мегамак“ доо од Штип има поднесено Барање за добивање на одобрение за градење на деловен објект кој се наоѓа на ул.Кузман Јосифовски бб на дел од КП бр.7517/1 во КО Штип -5 во Штип со утврдено својство споменик на културата со Решение бр.0801-117 од 28.08.1997.

 2. Дали на инвеститорот му е издадено Одобрение за градење.

 3. Дали од страна на инвеститорот е постапено по Решението Ип.1 бр.22/13-413 од 29.10.2013 година на овластен градежен инспектор на Општина Штип, доколку не е, дали се превземени соодветни законски мерки против инвеститорот за остранување на утврдените неправилности’.

Општина Штип, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  

Комисијата со допис број бр.07-104 од 09.05.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Штип и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.

Општина Штип во врска со ова Барање до Комисијата достави Допис -Испраќање на известување по Жалба во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер  бр.22-2248/3 од 16.05.2014 година,  заведен во Комисијата под бр. 07-104 на 28.05.2014 година. 

 Во прилог на наведениот допис ги достави бараните информации како и дописот  до Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија Испраќање на известување по Ваше Барање бр.0302-1603 од 13.03.2014 година, заведен под број Ип.бр.22-2248/2 од 08.04.2014 година.

Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 27.05.2014 година, по е-маил  до Комисијата достави Поднесок заведен под број 07-140. Во Дописот е наведено “Ве известуваме дека на ден 06.05.2014 година, имателот на информации –Општина Штип, Овластен градежен инспектор дополнително достави Одговор по нашето Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302/1603 од 13.03.2013 година.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Штип постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.”

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

 Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 јуни 2014 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

 СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“Доставете ни копија од донесената одлука за распределба на средствата остварени по сите основи на игри на среќа и забавни игри, согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри, во 2011, 2012 и 2013 година.“ поради тоа што барателот ги добил бараните информации.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-92 на 31.03.2014 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 

Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје на 30.01.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.6.4-02/14-1 со кое побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:

„Доставете ни копија од донесената одлука за распределба на средствата остварени по сите основи на игри на среќа и забавни игри, согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри, во 2011, 2012 и 2013 година.“

Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.07-92 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На барањето на Комисијата, Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат достави Одговор на жалба бр.51-1071/4 од 08.04.2014 година, заведен во Комисијата под бр.07-92 од 30.04.2014 година.

Во Одговорот на жалба, Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат наведува: ”…Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, утврди дека бараната информација…е јавно достапен документ, објавен во “Службен весник на Република Македонија”.

Имено, Одлуката за распределба на приходи од игри на среќа и од забавни игри во 2011 година е објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр.7 од 20.01.2011 година, Одлуката за распределба на приходи од игри на среќа и од забавни игри во 2012 година е објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр.22 од 13.02.2012 година, а Одлуката за распределба на приходи од игри на среќа и од забавни игри во 2013 година е објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр.4 од 9.01.2013 година.

Со оглед на горенаведеното, Генералниот секретаријат постапи согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста.

Прилог: Одговор до странката бр.51-1071/3 од 08.04.2013 година.”

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, на 28.05.2014 година, до Комисијата достави е-маил во кој наведува дека го добила бараниот одговор.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.”

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од Македонското здружение на млади правници МЗМП – Скопје, поднесена преку М.С. од Скопје, Претседател на Здружението, против Меѓународниот универзитет – Струга, Факултет за правни науки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 02 јуни 2014 година, го донесе следниот

 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници МЗМП – Скопје, поднесена преку М.С. од Скопје, Претседател на Здружението, против Меѓународниот универзитет – Струга, Факултет за правни науки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 

„Доставете ни преглед на бројот на запишани студенти во прва година на правосудни студии од основањето на факултетот до 2013 година (заклучно со учебната 2013/14 па натаму) за секоја година одделно. 

Доставете ни преглед на бројот на студенти кои дипломирале на правосудни студии од основањето на факултетот до 2013 година за секоја година одделно вклучувајќи ги сите студиски програми од прв и втор циклус“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-105 на 06.05.2014 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници МЗМП – Скопје, поднесена преку М.С. од Скопје, Претседател на Здружението, против Меѓународниот универзитет – Струга, Факултет за правни науки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    

Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници МЗМП – Скопје на 26.02.2014 година поднело Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0302-166/1 до Меѓународниот универзитет – Струга, Факултет за правни науки, со кое побарало по пошта или по е-маил фотокопија од следната информација:

„Доставете ни преглед на бројот на запишани студенти во прва година на правосудни студии од основањето на факултетот до 2013 година (заклучно со учебната 2013/14 па натаму) за секоја година одделно. 

Доставете ни преглед на бројот на студенти кои дипломирале на правосудни студии од основањето на факултетот до 2013 година за секоја година одделно вклучувајќи ги сите студиски програми од прв и втор циклус“.

          Меѓународен универзитет – Струга, Факултет за правни науки, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  

Комисијата со допис бр.07-105 од 09.05.2014 година, ја препрати Жалбата до Меѓународниот универзитет – Струга, Факултет за правни науки и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Македонското здружение на млади правници МЗМП – Скопје до Комисијата достави Известување за повлекување на жалба поради доставена информација од јавен карактер бр.0306-166/3 од 27.05.2014 година, заведено во Комисијата под бр. 07-105 на 28.05.2014 година.

Во Известувањето е наведено „Со овој поднесок ве известуваме дека ја повлекуваме жалбата поднесена од Македонското здружение на млади правници МЗМП со препорачана пратка по пошта на 29 Април 2014 година, а примена од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на 5 Мај 2014 година поради доставување на бараната информација од јавен карактер од страна на имателот Факултетот за правни науки при Меѓународниот универзитет – Струга на дена 16 Мај 2014 година“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Меѓународниот универзитет – Струга, Факултет за правни науки постапил по Барањето, но со задоцнување, а барателот ги добил бараните информации со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето. 

Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.”

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.