ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 81–та седница одржана на 15 мај 2014 година, донесе 7 решенија.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода – Сектор за урбанизам и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15 мај 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода – Сектор за урбанизам и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Кисела Вода – Сектор за урбанизам и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација:
“1.Заклучок за исправка на грешка во одобрение за градење број 12-3750/7 од 04.03.2011 година;
2.Основен проект број 02/09 од Таимко Инженеринг;
3.Геодетски елаборат број 005/361/12 од ЛендКад инженеринг ДОО;
4.Завршен извештај од извршен технички прием на Надзорен орган од Општина Кисела Вода под бр.13-6899/1 од 26.09.2012 година (се во Врска со одобрение за градење бр.22-4027/11 од 16.07.2010 год.)“ најдоцна до 2 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-89 на 28.03.2014 година, изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода – Сектор за урбанизам и просторно планирање по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Кисела Вода – Сектор за урбанизам и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 2 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, С.Ј. од Скопје на 27.02.2014 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.08-768/1 до Општина Кисела Вода – Сектор за урбанизам и просторно планирање и побарал пошта да му ја достават следната информација:
„ 1.Заклучок за исправка на грешка во одобрение за градење број 12-3750/7 од 04.03.2011 година;
2.Основен проект број 02/09 од Таимко Инженеринг;
3.Геодетски елаборат број 005/361/12 од ЛендКад инженеринг Доо;
4.Завршен извештај од извршен технички прием на Надзорен орган од Општина Кисела Вода под бр.13-6899/1 од 26.09.2012 година (се во Врска со одобрение за градење бр.22-4027/11 од 16.07.2010 год.)“.
Општина Кисела Вода, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-89 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Кисела Вода на 16.04.2014 година до Комисијата доставила допис бр.08-768/5 од 10.04.2014 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-89. Во дописот е наведено дека: „Овој Орган, горенаведеното барање со допис –препраќање на барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.08-768 сл од 10.03.2014 година го препрати до Секторот за поддршка на Градоначалникот и Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисел Вода со цел добивање на одговор по истите…“.
Во прилог на дописот се доставени Одговор на барање бр.08-768 од 19.03.2014 година на Секторот за поддршка на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Барањето за произнесување бр.08-768сл од 14.03.2014 година на Секторот за поддршка на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Барање на предмет заведен под бр. 08-768/2 од 14.03.2014 година на Секторот за поддршка на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Препраќање на списи по барање заведен под Уп.бр.13-08-768 од 18.03.2014 година на Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Кисела Вода, Прва страна од завршен извештај од извршен технички прием на надзорен орган бр.234 од 18.09.2012 година на Друштво за градежништво, инжинеринг, трговија и услуги НАСТЕЛ ДООЕЛ Скопје, заведен во Органот под бр.13-6899/1 од 26.09.2012 година, Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.08-768 од 03.04.2014 година и Доставница потпишана од барателот на 07.04.2014 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Кисела Вода не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот информацијата наведена во Барањето.
Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.
Комисијата утврди дека Општина Кисела Вода не постапила во законски предвидниот рок. Исто така, Општината не постапила по ниту една точка од Барањето во кое се наведени бараните информации, односно до барателот не ги доставила бараните информации.Наместо информациите наведени во Барањето, Општината во Одговорот на барање за пристап до информации од јавен карактер заведен под број 08-768 од 03.04.2014 година испратен до барателот, доставила само “Прва страна од завршен извештај од извршен технички прием на надзорен орган бр.234 од 18.09.2012 година на Друштво за градежништво, инжинеринг, трговија и услуги НАСТЕЛ ДООЕЛ Скопје, заведен во органот под бр. 13-6899/1 од 26.09.2012 година(копија), од информацијата наведена во точка 4 од Барањето.
Ова не е информација што ја бара барателот, бидејќи во точка 4 од Барањето јасно е наведено дека барателот го бара целиот документ, а не само првата страна.
Во прилог на Одговорот, до барателот беа доставени и преписките меѓу Секторите внатре во Општината, што барателот воопшто не ги барал.
Внатрешната комуникација на Општината е регулирана согласно Законот за локална самоуправа и актите на Општината. Согласно член 8 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, службеното лице за посредување со информации контактира и ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање на информации, а согласно член 21 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.
Од наведеното произлегува дека службеното лице именувано со акт на Градоначалникот на Општината било должно да ја обезбеди бараната информација и да му ја достави на барателот.
Непостапувањето на службеното лице согласно член 8 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок и за истиот согласно член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.6/2010) е предвидено:“ Глоба во износ од 300-500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице кај имателот на информацијата доколку во определениот рок не ја посредува информацијата согласно со член 21 од овој Закон.“
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ, поднесена преку полномошник Д.А. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15.мај 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ, поднесена преку полномошник Д.А. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за труд и социјална политика на барателот да му ја достави бараната информација: „Доставете ни копија од сите проекти поднесени и одобрени од Министерството за труд и социјална политика во 2011, 2012 и 2013 година, врз основа на кои е подготвена програмата за распределба на средствата кои се остваруваат по сите основи на игри на среќа, за националните инвалидски организации (нивните здруженија и нивната асоцијација), здруженијата на граѓани за борба против семејното насилство и Црвениот крст на Република Македонија.(Законот за игрите на среќа и забавните игри, член 16, став 4.)“ најдоцна до 2 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-94 на 31.03.2014 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ, поднесена преку полномошник Д.А. од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 2 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ на 30.01.2014 година поднело Барање за слободен пристап до информации бр. 6.4-03/14-1, со кое побарало да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од сите проекти поднесени и одобрени од Министерството за труд и социјална политика во 2011, 2012 и 2013 година, врз основа на кои е подготвена програмата за распределба на средствата кои се остваруваат по сите основи на игри на среќа, за националните инвалидски организации (нивните здруженија и нивната асоцијација), здруженијата на граѓани за борба против семејното насилство и Црвениот крст на Република Македонија.(Законот за игрите на среќа и забавните игри, член 16, став 4.)“.
Министерството за труд и социјална политика, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-94 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Мнистерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставило до барателот информацијата наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесeна против Известување од Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15 мај 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесeна против Известување од Општина Куманово бр. 30-1078/1 од 03.03.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Куманово на барателот да му ја достави бараната информација:
„Одобрение за употреба на објектот А2-семејно домување во станбени згради со адреса „11 Октомври“ бр.60, лоциран на КП бр.16450/1 КО Куманово“ најдоцна до 02.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-99 на 07.04.2014 година, изјавена од И.А. од Куманово, поднесeна против Известување од Општина Куманово бр. 30-1078/1 од 03.03.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Куманово на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
И.А. од Куманово поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.30-1078/1 од 18.02.2014 година до Општина Куманово и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„Одобрение за употреба на објектот А2-семејно домување во станбени згради со адреса „11 Октомври“ бр.60, лоциран на КП бр.16450/1 КО Куманово“.
Општина Куманово во врска со ова Барање доставило Известување бр.30-1078/1 од 03.03.2014 година. Во Известувањето е наведено дека „…по Закон за градење…одобрение за употреба го издава надзорниот орган“.
Незадоволен од наведеното Известување, И.А. од Куманово поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-99 од 08.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Куманово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Куманово достави Одговор бр.30-1078/4 од 23.04.2014 година, во Комисијата заведен под бр.07- 99 на 06.05.2014 година.
Во Одговорот покрај другото наведува дека „… од страна на инвеститорот се доставени документите во оригинал и истите од страна на Општина Куманово се доставени до Агенцијата за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово. Доколку барателот сака да изврши увид во погоренаведениот документ, увид може да изврши во Агенцијата за катастар на недвижности, Одделение за катастар на недвижности Куманово, каде што документите се препратени во оригинал“.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Куманово не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не му ја доставила на барателот бараната информација на начин и во форма наведена во Барањето.
Согласно член 10 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информации е должен да ја информира јавноста за информациите кои произлегуваат од неговата надлежноста и работа.
Согласно член 58 став 2 од Законот за градење (“Службен весник на Република Македонија“ бр.70/2013, пречистен текст), одобрение за градење на објект каков што е наведен во Барањето за слободен пристап до информации „…издава градоначалниокот на општината…“, а согласно член 87 од истиот Закон „Градбата ќе се стави во употреба по издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија…, по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија…“. Согласно член 89 од истиот Закон „извештајот се доставува до општината каде што е изграден објектот…“.
Од наведеното произлегува дека Општина Куманово располага со информацијата наведена во Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесена од И.А. од Куманово и неосновано истата не му ја направила достапна на барателот, во форма и на начин наведени во Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Решение на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15.05.2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Решение на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-95 на 31.03.2014 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Решението на Министерството за правда бр. 19-416/2 од 06.03.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1555 од 24.01.2014 година до Министерството за правда и побарало да му ги достават следните информации:
„1.За кои предмети (број на предмети и вид на кривично дело) се исплатени парични средства по основ на неосновано лишување од слобода, неоснован притвор, неосновано осудено лице во 2010, 2011, 2012 и 2013 година?
2. Список на лица на кои им се исплатени парични средства по основ на оштета за неосновано лишување од слобода, неоснован притвор, неосновано осудено лице во 2010, 2011, 2012 и 2013 година“.
Министерството за правда, како што се наведува во Жалбата, по ова Барање до барателот доставило Решение бр. 19-416/2 од 06.03.2014 година, со кое го одбило пристапот до бараните информации.
Во прилог на Жалбата, не е доставена фотокопија од наведеното Решение, иако е наведено како прилог на Жалбата.
Незадоволно од добиеното Решение, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку М.З., Генерален секретар на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-95 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда на 30.04.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 19-416/4 од 22.04.2014 година, во кој наведува дека „ …Министерството за правда…констатира дека не може да одобри пристап до бараната информација, поради тоа што давањето на податоците, согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот, би претставувало повреда на заштитата на личните податоци, согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци…“. Притоа, покрај на исклучокот наведен во членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Министерството за правда се повикува и на член 2 точка 1, член 5 став 1 алинеи 1 и 2 и на член 34 од Законот за заштита на личните податоци.
Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од оспореното Решение.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во врска со наведеното, Комисијата на Министерството за правда му укажува на следното.
Доколку Министерството за правда утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап односно, односно дека согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е заштитен личен податок, како што наведува во Решението, должно е во образложението во кое ги наведува причините за одбивањето да го образложи и спроведениот тест на штетност, односно тоа е задолжителната постапка која ја спроведува, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Во случајов, спроведениот тест на штетност не е образложен.
Доколку, пак, Министерството за правда утврди дека бараниот документ, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот Министерството за правда треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15 мај 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација: „1.Да ни се достави Примерок од објавата за продажба на градежна парцела ГП бр.2.1.
2.Кои лица поднеле пријави за учество на јавно надавање.
3.Дали најповолниот понудувач (купувач) ги исполнил обврските од потпишаниот договор со Министерството за транспорт и врски.
4.Доколку не се исполнети условите од договорот од страна на купувачот, дали Министерството за транспорт и врски пристапило кон раскинување на договорот.
5. Да ни се достави Примерок од Договорот, основниот текст и Анекс кон договорот доколку го има.“ најдоцна до 2 јуни 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-96 на 31.03.2014 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението од Скопје, против Мнистерството за транспорт и врски ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Транспаренси Интернешнл-Македонија, на 23.01.2014 година поднело Барање за слободен пристап до информации бр. 0302-1553, со кое побарало да му ја достават следната информација:
“1.Да ни се достави Примерок од објавата за продажба на градежна парцела ГП бр.2.1.
2.Кои лица поднеле пријави за учество на јавно надавање.
3.Дали најповолниот понудувач (купувач) ги исполнил обврските од потпишаниот договор со Министерот за транспорт и врски.
4.Доколку не се исполнети условите од договорот од страна на купувачот, дали Министерството за транспорт и врски пристапило кон раскинување на договорот.
5. Да ни се достави Примерок од склучениот договор, основниот текст и Анекс кон договорот доколку ги има.“
Министерството за транспорт и врски, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-96 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставило до барателот информацијата наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Заклучоци на ЈКП Дервен – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15 мај 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Заклучоци на ЈКП Дервен – Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВААТ Заклучоците на ЈКП Дервен – Велес бр.03-46/9 од 04.03.2014 година и бр.03-428/10 од 07.03.2014 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-539 на 21.03.2014 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Заклучоци на ЈКП Дервен – Велес бр. 03-46/9 од 04.03.2014 година и бр.03-428/10 од 07.03.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучоците на првостепениот орган се правилни и врз закон засновани.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес на 16.10.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер и побарал да му ги достават следните информации:
„Увид во документацијата за инсталираната водоводна мрежа со водомери за отчитување на потрошената вода и инсталиран одвод за изградени подземни гаражи наводно адаптирани во деловни простории на улица Благој Ѓорев бб во Велес со вкупен број од 15 подземни гаражи изградени со проект во склоп на станбена зграда Б2, со деловни простории на улица Благој Ѓорев бр. 99 и да ми се издаде фотокопие на Решение, Одлука и др. по извршениот увид“.
ЈКП Дервен Велес, како што се наведува во Жалбата, по ова Барање до барателот доставил Одговор под бр.03-2499/2, кој барателот го примил на 26.10.2013 година.
Незадоволен од Одговорот на ЈКП Дервен Велес, Б.П. од Велес на 11.11.2013 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-539.
Комисијата, со допис бр.07-539 од 13.11.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈКП Дервен Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈКП Дервен Велес на 29.11.2013 година до Комисијата достави Допис бр.03-2499/4 во кој се наведува дека „ … документацијата во која барателот побара увид е постара од 10 години, а претпријатието согласно законот нема обврска да чува:
– Барања за поставување на водоводна и канализациона инсталација подолго од 3 години;
– Премер,пресметки,спецификации и фактури од РЕ Водовод и канализација подолго од 5 години;
– Евидентна книга подолго од 5 години.
Оваа документација спаѓа во застарени архивски документи и претпријатието истата не ја чува …“.
На 16.12.2013 година ЈКП Дервен Велес до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2499/5 во кој повторно се наведува дека “… документацијата за приклучување на деловни објекти на ул.Благој Ѓорев на водоснабдителниот систем не постои поради тоа што истата е уништена како застарен архивски материјал …“. Во прилог достави дупликати од сметки за наплата на комунални услуги од 11-те деловни објекти што се наоѓаат долж улицата Благој Ѓорев.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 26.12.2013 година донесе Решение бр.07-539 со кое Жалбата на Б.П. ја уважи и го задолжи ЈКП Дервен – Велес на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 17.01.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето. Пред да донесе вакво Решение, Комисијата утврди дека ЈКП Дервен Велес не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно Упатството, начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење („Службен весник на Република Македонија “ бр.58/96) глава 8 „Имателот доставува барање до Архивот за добивање согласност за уништување на предложениот документарен материјал. Во прилог на барањето се доставува пописниот лист. Овластените лица од Архивот кои вршат кај имателот увид во предложениот документарен материјал за уништување, доколку констатираат дека предложениот документарен материјал е во согласност со видовите и роковите утврдени во Листата на документарен материјал и во него не се наоѓа архивска граѓа даваат согласност за негово уништување. Ако при увидот во документарниот материјал се констатира дека во него се наоѓа архивска граѓа или документарен материјал со подолги рокови на чување, Архивот не дава согласност и материјалот го враќа на дополнителна доработка“.
ЈКП Дервен Велес не достави никаков записник за поништување на документи и материјал.
На 05.02.2014 година Б.П. до Комисијата достави Жалба поради неспроведување на Решението на Комисијата бр.07-539 од 26.12.2013 година.
Постапувајќи по Жалбата, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со Ургенција бр.07-539 од 24.02.2014 година го задолжи ЈКП Дервен-Велес во рок од 7 дена да го спроведе Решението на Комисијата бр.07-539 од 26.12.2013 година и на барателот да му ја достави бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето.
ЈКП Дервен-Велес до Комисијата достави одговор бр.03-428/3 од 27.02.2014 година, заведен во Комисијата под бр.07-539 на 04.03.2014 година. Во одговорот е наведено дека „…од страна на Државниот архив на Република Македонија, од страна на сметководственото одделение доставија Решение бр.17-67 од 22.12.2010 година, во кое стои дека се дава согласност…за уништување на документарен материјал за периодот од 1997 до 2008 година врз основа на предложениот Пописен лист на документарен материјал за уништување од страна на ЈКП Дервен…Врз основа на горенаведеното, ние не сме во можност да ги доставиме бараните документи до Г-динот Б.П.“. Во прилог на одговорот, до Комисијата е доставена фотокопија од наведеното Решение на Државниот архив на Република Македонија.
На 07.03.2014 година ЈКП Дервен-Велес до Комисијата достави дополнение на одговорот од 04.03.2014 година, во чиј прилог е доставен и Заклучок бр.03-46/9 од 04.03.2014 година, со кој ЈКП Дервен-Велес ја запрел постапката по барањето на Б.П. од Велес, со образложение дека „…не располага со бараната информација, односно се бара информација од јавен карактер која не постои и следствено на тоа не е можен увид во бараната документација, ниту достава на фотокопија од истата…“.
На 19.03.2014 година ЈКП Дервен-Велес, со допис бр.03-428/12 од 07.03.2014 година, ја извести Комисијата дека донело и Заклучок за прекинување на постапката бр.03-428/10 од 07.03.2014 година по исто, или слично усно барање од Б.П. од Велес.
Незадоволен од добиените Заклучоци, Б.П. од Велес на 21.03.2014 година достави Жалба до Комисијата, во кое и натаму инсистира ЈКП Дервен-Велес да постапи согласно Решението на Комисијата бр.07-539 од 26.12.2013 година, бидејќи „…треба да ја поседува“ бараната документација.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, како и по извршениот увид во архивата на ЈКП Дервен-Велес, Комисијата утврди дека ЈКП Дервен-Велес правилно постапило по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донело Заклучоци со кои ја прекинало постапката по барањата од Б.П. од Велес поради тоа што не располага со бараните документи.
Комисијата утврди дека Заклучоците на ЈКП Дервен-Велес се правилни и врз закон засновани.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Решение на Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15 мај 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Решението бр.221 од 07.02.2014 година на Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението бр. 221 од 07.02.2014 година на Комората на извршители на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му достави фотокопија од бараната информација:
„1. Записник од 97-та Седница на управениот одбор на КИРМ одржана во просториите на КИРМ на ден 30.12.2013 година“, најдоцна до 02.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-40 од 25.02.2014 година, изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Решението бр.221 од 07.02.2014 година на Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, Решението бр. 221 од 07.02.2014 година на Комората на извршители на Република Македонија ГО ПОНИШТИ и ја ЗАДОЛЖИ Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.06.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-40 на 25.02.2014 година, С.П. од Скопје на 31.01.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на извршители на Република Македонија и побарала да и достават фотокопија од следната информација:
„1. Записник од 97-та Седница на управниот одбор на КИРМ одржана во просториите на КИРМ на ден 30.12.2013 година“.
Комората на извршители на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, по ова Барање на 07.02.2014 година донела Решение бр. 221, „со кое се одбива пристапот до информации од јавен карактер согласно Барањето д.б.183 од 31.01.2014 година на С.П. од Скопје“. Во Решението е наведено дека „Согласно член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се одбива барањето достава на фотокопие на Записник од 97-та седница на Управен одбор на Комората на извршители на РМ од причина што барањето се однесува на информација поврзана со работата на органите на Комората на извршители на која право на пристап имаат заинтересираните членови на Комората на извршители на РМ согласно чл.51 од Статутот на Комората и истото е спротивно на чл.3 став 3 и чл.4 став 2 од Правилникот за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Незадоволна од Решението бр.221 од 07.02.2014 година, С.П. од Скопје на 25.02.2014 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 07-40.
Комисијата, со допис бр.07-40 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Комората на извршители на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комората на извршители на Република Македонија на 20.03.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.536 од 18.03.2014 година, заведен во Комисијата под бр.07-40. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Комората на извршители на РМ е правно лице кое има јавни овластувања единствено во надлежноста да води Именик на извршители, Именик на заменици на извршители и Именик на По повод наводите на жалителот кои се однесуваат на јавноста односно правото на пристап до информациите со кои располага Комората на извршители на РМ, укажуваме дека согласно важечките подзаконски акти и актите на Комората на извршители, лицата кои претставуваат јавност и имаат право на увид во работата на органите на Комората на извршители на РМ согласно чл. 51 од Статутот на КИРМ се: заинтересираните извршители, заменици и помошници извршители “.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 20 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „ако имателот на информации позитивно одговори на Барањето, за тоа ќе изготви записник“, а согласно ставот 2 од истиот член „ако имателот на информацијата Барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение“. Комората на извршители на Република Македонија донела Решение за одбивање на пристапот до информации од јавен карактер согласно член 6 став 5 и член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се однесува на исклучок според кој, имателот на информации може да го одбие Барањето за пристап до информации од јавен карактер за информацијата стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката и во наведеното Решение воопшто не се спомнува дека се работи за документ од некои од наведените постапки.
Исто така, Комората на извршители на Република Македонија, во наведеното Решение не го спровел тестот на штетност како задолжителна постапка за одбивање на пристапот согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014).
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 став 1 од Законот, должен е да постапи согласно член 20 став 2 од наведениот Закон, односно да донесе Решение за одбивање на пристапот, со образложение за одбивање и да го спроведе тестот на штетност. Тестот на штетност согласно член 2 алинеја 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со членот 6 од овој Закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со Закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата, во спротивно ќе донесе Решение за одбивање на барањето.
Што се однесува до наводите во оспореното Решение за одбивање на пристапот по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер „Согласно член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се одбива барањето достава на фотокопие на Записник од 97-та седница на Управен суд на Комората на извршители на РМ од причина што барањето се однесува на информација поврзана со работата на органите на Комората на извршители на која право на пристап имаат заинтересираните членови на Комората на извршители на РМ согласно член 51 од Статутот на Комората и итото е спротивно на чл.3 став 3 и чл.4 став 2 од Правилникот за извршителска тајна и слободен притап до информации од јавен карактер“. Комисијата и укажува на Комората дека согласно член 3 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице, без дискриминација по која било основа…“, а информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности, согласно член 3 алинеја 2 од истиот Закон“.
Од списите на предметот произлегува дека Комората не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во Одговорот на жалбата Комората не го цитира до крај член 51 од Статутот на Комората (“Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2012), согласно кој „Работата на органите на Комората е јавна…со одржување на јавни седници, со доставување на записници од седници и извештаи од работењето, со објавување на одлуките, заклучоците и актите на Комората преку средствата за информирање…“. Комората не постапила ниту согласно член 17 од нејзиниот Правилник за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер во извршувањето заведен под бр.1883 од 09.10.2013 година, во кој е пропишано дека „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располага извршителот и Комората на извршители на РМ се остварува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Согласно член 41 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата кој нема да определи службено лице надлежно за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации согласно со членот 8 став 1 и 2 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.