ДОНЕСЕНИ 6 РЕШЕНИЈА
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 13 декември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена А.Т. од Скопје, поднесена против Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„ 1. Дали во Катастарот на шуми што Општината Кисела Вода го водела согласно чл.90 од Законот за шумите (Сл.Весник на СРМ 20/74, 15/86, 51/80, 20/90) е евидентирана шума на КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 год.?
2. Кој вид на шума била запишана во Катастарот на шумите за КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани-Скопје, место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 година и кој стопанисувал со неа?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот на Општина Студеничани бр.08-852/2 од 06.09.2013 година СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-291 од 16.09.2013 година, изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ.
Заклучокот на Општина Студеничани бр.08-852/2 од 06.09.2013 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.Т. од Скопје на 28.02.2013 година поднела Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.18-1596/1 со кое побарала да и биде доставена по пошта фотокопија од следната информација:
„1. Дали во Катастарот на шуми што Општината Кисела Вода ја водела согласно чл.90 од Законот за шумите (Сл.Весник на СРМ 20/74, 15/86, 51/80, 20/90) е евидентирана шума на КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 год.?
2. Кој вид на шума била запишана во Катастарот на шумите за КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани-Скопје, место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 година и кој стопанисувал со неа?“.
Општина Студеничани во врска со ова барање, донесе Заклучок бр. 08-852/2 од 06.09.2013 година, со кое постапката ја запира.
Незадоволна од добиениот Заклучок, А.Т., поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-291 од 03.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Студеничани и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Студеничани на 25.10.2013 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр.08-983/2 од 09.10.2013 година, а во Комисијата заведена под бр. 07-291.
Во Произнесување по Жалба е наведено дека „..Општина Студеничани постапи во врска со Решението бр.07-291 донесено од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер со Заклучок за запирање на постапката со архивски број 08-852/2 од 06.09.2013 бидејќи Општина Студеничани не располага со такви информации. Бидејќи странката А.Т. од Скопје се жалела повторно, Општина Студеничани односно службеното и одговорното лице за давање на информации од јавен карактер повторно пристапи кон разгледување на архивата на Општина Студеничани и повторно констатира дека архивата на Општина Студеничани не располага со такви информации.“
По разгледувањето на Жалбата, Заклучокот на Општина Студеничани и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Заклучокот на Општина Студеничани 08-852/2 од 06.09.2013 година не е во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Имателот донел Заклучок кој е спротивен со наведениот Закон.
Во правниот основ Општина Студеничани, наместо да се повика на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, тој наведува дека „…Општина Студеничани постапи по решението од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации до јавен карактер со бр.07-291 во врска со барањето на А.Т. од Скопје и донесе…“ што не е во согласност со Законот.
Општина Студеничани треба да се повика на одредбите согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), при донесување на Заклучокот.
Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е наведено дека „ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
Во диспозитивот на заклучокот е наведено „постапката се запира“ наместо постапката се прекинува.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Заклучок на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 13 декември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-14754/9 од 19.09.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Доставете ни копија од сите барања за распределба на јавни приходи (образец 78), кои Министерството за здравство ги има доставено до секторот Трезор при Министерството за финансии, за следните буџетски потпрограми: 51;52;53;54;55;56;57;58;59;60;61;62;63;64;65;66;67, за цела 2012 година“ СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА Решението на Министерството за финансии бр. 03-14754/11 од 21.11.2013 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-302 на 14.11.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-14754/9 од 19.09.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на Министерството за финансии бр. 03-14754/11 од 21.11.2013 година е правилно и врз закон засновано.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје истата ја поднесува против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-14754/9 од 19.09.2013 година, со кој е прекината постапката по Барањето за слободен пристап до информации, од причина што „Министерството за финансии изврши проверка во своите документи при што утврди дека не располага со бараната информација“.
Комисијата со допис бр.07-302 од 18.11.2013 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии до Комисијата достави Решение бр. 03-14754/11 од 21.11.2013 година, заведено во Комисијата под бр. 07-302 на 29.11.2013 година, со кое Жалбата ја отфрла како ненавремена. Во образложението на Решението е наведено дека оспорениот Заклучок „…на ден 24.09.2013 година е уредно доставен до барателот на информацијата, кое што е видно од повратницата на која има потпис за уреден прием на назначениот датум…жалбата е поднесена на ден 14.11.2013 година…односно по истекот на законски предвидениот рок од 15 дена…“. Во прилог на Решението до Комисијата е доставена фотокопија од поштенска доставница со датум од 24.09.2013 година, насловена и потпишана од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за финансии правилно ги применило одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и од Законот за општата управна постапка.
Министерството за финансии постапувајќи по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр. 07-302 од 22.08.2013 година, со кое Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на програма за мониторинг и анализа на буџети, против Решението на Министерството за финансии бр. 03-14754/4 од 10.05.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја уважи, оспореното Решение на Министерството за финансии го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, Министерството за финансии го донесе оспорениот Заклучок бр.03-14754/9 од 19.09.2013 година. Заклучокот до барателот го достави на 24.09.2013 година. Барателот поднесе Жалба против оспорениот Заклучок со задоцнување, односно 35 дена по законски предвидениот рок од 15 дена.
Министерството за финансии, како првостепен орган, постапи согласно член 234 од Законот за општата управна постапка и утврди дека Жалбата е ненавремена и донесе Решение бр. 03-14754/11 од 21.11.2013 година со кое истата ја отфрли. Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М. Д., адвокат од Велес, против Извршител Д.К., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 13 декември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Д., адвокат од Велес, против Извршител Д.К., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ – Врз основа на која одлука од Основниот суд Велес извршивте повторна блокада од 31.07.2013 година на сметката на должникот, по налогот за извршување И.бр.669/13 од 28.06.2013 година.
– Со каков акт му наложивте на носителот на платен промет да изврши повторна блокада на сметката на должникот, по налогот за извршување И.бр.669/13 од 28.06.2013 година (Бараме да ни доставите примерок од овој акт).
– Колкав износ на парични средства кои од сметката на должникот Друштво за производство, трговија и градежни услуги ДЕЛТА-ПРОМ ДООЕЛ увоз-извоз Велес, со седиште на ул.„Борис Карпузов“ 1-1/2, со ЕМБС 4216245, со ЕДБ 4004991105476, по издавање на налогот за извршување И.бр.669/13 од 28.06.2013 година па до денот на поднесување на ова Барање од Ваша страна се пренесени на сметка на доверителот Друштво за внатрешна и надворешна трговија ЕНЕРГОМАРКЕТ ДОО експорт-импорт Скопје со ЕМБС 4243978, ЕДБ 4030991212958, застапувано од управител А.Д., ул.„Народен Фронт“ бр.19-а,локал 15, ж-ска 300000000342446, депонент Комерцијална банка АД Скопје и во кој износ, дали средствата биле ставени на вашата посебна сметка, дали постои паричен износ од извршување кој е на Вашата посебна сметка и во кој износ и во кои денови по донесувањето на налогот за извршување се вршени промени на пренесените средства од должникот“.
СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-510 на 17.09.2013 година, изјавена од М.Д., адвокат од Велес, против Извршител Д.К., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.Д., адвокат од Велес на 21.08.2013 година, поднел повторно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Извршител Д.К. и побарал по пошта, е-мaил да му достават препис од следните информации од јавен карактер:
“ – Врз основа на која одлука од Основниот суд Велес извршивте повторна блокада од 31.07.2013 година на сметката на должникот, по налогот за извршување И.бр.669/13 од 28.06.2013 година.
– Со каков акт му наложивте на носителот на платен промет да изврши повторна блокада на сметката на должникот, по налогот за извршување И.бр.669/13 од 28.06.2013 година (Бараме да ни доставите примерок од овој акт).
– Колкав износ на парични средства кои од сметката на должникот Друштво за производство, трговија и градежни услуги ДЕЛТА-ПРОМ ДООЕЛ увоз-извоз Велес, со седиште на ул.„Борис Карпузов“ 1-1/2, со ЕМБС 4216245, со ЕДБ 4004991105476, по издавање на налогот за извршување И.бр.669/13 од 28.06.2013 година па до денот на поднесување на ова Барање од Ваша страна се пренесени на сметка на доверителот Друштво за внатрешна и надворешна трговија ЕНЕРГОМАРКЕТ ДОО експорт-импорт Скопје со ЕМБС 4243978, ЕДБ 4030991212958, застапувано од управител А.Д., ул.„Народен Фронт“ бр.19-а,локал 15, ж-ска 300000000342446, депонент Комерцијална банка АД Скопје и во кој износ, дали средствата биле ставени на вашата посебна сметка, дали постои паричен износ од извршување кој е на Вашата посебна сметка и во кој износ и во кои денови по донесувањето на налогот за извршување се вршени промени на пренесените средства од должникот“
Извршителот Д.К. во врска со ова Барање до Комисијата по е – маил достави Одговор на Барање за информации И.бр.669/13, заведен во Комисијата под бр.07-510 на 18.11.2013 година.
Незадоволен од Известувањето И.бр.669/13, М.Д., адвокат од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-510 од 27.09.2013 година, ја препрати Жалбата до Извршител Д.К. и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Извршителот Д.К. во врска со ова Барање до Комисијата по е-маил достави Одговор на Барање за информации И.бр.669/13, заведен во Комисијата под бр.07-510 на 18.11.2013 година.
На 29.11.2013 година М.Д., адвокат од Велес, до Комисијата достави Поднесок-Произнесување по одговор од страна на имателот на информацијата од јавен карактер, каде што наведува дека имателот не одговорил на поголемиот дел од наведените барања и смета дека имателот не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Извршителот Д.К. не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата му укажува на Извршителот Д.К., дека доколку смета дека одредени информации од Барањето кои не се доставени до барателот претставуваат исклучоци е должен да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010) “е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Извршителот Д.К. утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот Извршителот Д.К. треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од М.З., Генерален секретар на Здружението, поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 13 декември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од Методи Зајков, Генерален секретар на Здружението, поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„ 1. Дали Владата ја извести јавноста во врска со започнување на процесот на само оцена на земјата за спроведување на Конвенцијата на ОН против Корупција (UNCAC)?
2. Дали Владата обелодени информации за лицето одговорно за примање и доставување на информацијата?
3. Дали Владата го објави или на друг начин го направи достапен распоредот за процесот?
4. Дали граѓанското општество беше консултирано при подготвувањето на само оценката?
5. Доколку граѓанското општество беше консултирано при подготвувањето на само оценката кои здруженија беа косултирани и кога?
6. Дали само оценката беше објавена на интернет или на друг начин обезбедена за запознавање на граѓанското општество?
7. Дали Владата се согласи со посета на меѓународниот тим за надзор врз резултатите од само оценката?
8. Дали се случи посета на меѓународниот тим за надзор врз резултатите од само оценката?
9. Дали на граѓанскиот сектор му беше овозможено да даде свој прилог на меѓународниот тим за надзор врз резулатите од само оценката?
10. Дали граѓанскиот сектор беше повикан да даде техничка помош во дискусиите?
11. Дали на приватниот сектор му беше овозможено да даде свој прилог на меѓународниот тим за само оценка?
12. Дали Владата го објави целосниот извештај?
13. Дали Владата јавно ги објави резултатите на надзорот и планови за понатамошно спроведување на добиените препораки?“ СЕ ОДБИВА.
Решението на Министерство за правда бр.19-3146/2 од 25.09.2013 година СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-528 од 25.10.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од М.З., Генерален секретар на Здружението, поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на Министерство за правда е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Транспаренси Интернешнл – Македонија поднело Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер со кое побарал да му биде доставена по пошта фотокопија од следната информација:
„1. Дали Владата ја извести јавноста во врска со започнување на процесот на само оцена на земјата за спроведување на Конвенцијата на ОН против Корупција (UNCAC)?
2. Дали Владата обелодени информации за лицето одговорно за примање и доставување на информацијата?
3. Дали Владата го објави или на друг начин го направи достапен распоредот за процесот?
4. Дали граѓанското општество беше консултирано при подготвувањето на само оценката?
5. Доколку граѓанското општество беше консултирано при подготвувањето на само оценката кои здруженија беа косултирани и кога?
6. Дали само оценката беше објавена на интернет или на друг начин обезбедена за запознавање на граѓанското општество?
7. Дали Владата се согласи со посета на меѓународниот тим за надзор врз резултатите од само оценката?
8. Дали се случи посета на меѓународниот тим за надзор врз резултатите од само оценката?
9. Дали на граѓанскиот сектор му беше овозможено да даде свој прилог на меѓународниот тим за надзор врз резулатите од само оценката?
10. Дали граѓанскиот сектор беше повикан да даде техничка помош во дискусиите?
11. Дали на приватниот сектор му беше овозможено да даде свој прилог на меѓународниот тим за само оценка?
12. Дали Владата го објави целосниот извештај?
13. Дали Владата јавно ги објави резултатите на надзорот и планови за понатамошно спроведување на добиените препораки?“.
Министерството за правда во врска со ова барање донело Решение бр. 19-3146/2 од 25.09.2013 година, со кое Барањето за пристап до информации од јавен карактер го одбило.
Незадоволна од добиеното Решение, Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-528 од 29.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда до Комисијата достави Одговор по жалба бр.19-3146/4 од 11.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-528 на 13.11.2013 година.
Во Одговорот на Жалбата е наведено дека „..Министерството за правда го одби пристапот до бараната информација, поради тоа што процесот на евалуацијата на спроведувањето на Конвенцијата на ОН против корупција, е во тек. Министерството за правда, оцени дека објаввањето на податоците од бараната информација би можело да доведе до создавање на нецелосна и погрешна слика за состојбата во однос на спроведувањето на Конвенцијата на ОН против Корупција (УНКАК) во Република Македонија. Нецелосните информации, ито така, би можеле да доведат и до создавање на нецелосна слика и за активностите што ги преземаат органите и институциите во земјата во борба против корпуцијата воопшто. Министерството за правда, по направениот тест на штетност, оценило дека сликата што би се создала од погрешното разбирање на ситуацијата доколку се овозможи пристап до податоците во оваа фаза, може да предизвика поголема штета за Република Македонија отколку ако тие останат недостапни за барателот и јавноста. Активностите и мерките што се преземаат во однос на борбата против корупцијата не смеат во домашната и меѓународната јавност да бидат доведени во прашање, бидејќи тоа би можело да влијае врз севкупната оценка за нашата земја во напорите за ЕУ и НАТО интеграција и етаблирањето на Република Македонија како држава во која се почитуваат законите и владеењето на правото.“
Исто така, Министерство за правда до Комисијата го достави Решението бр.19-3146/2 од 25.09.2013 година, со кое постапката по Барањето бр.19-3146/1 доставено од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, се одбива, со образложение дека „..Министерството за правда го разгледа Барањето за пристап до информации и констатира дека не може да одобри пристап до бараната информација, поради тоа што процесот на евалуацијата на спроведувањето на Конверенцијата на ОН против корупција, е во тек“.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на Министерство за правда и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Решението на Министерство за правда 19-3146/2 од 25.09.2013година е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Министерство за правда во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата утврди дека Министерство за правда при постапување по барањето правилно постапило и со оглед на тоа што се работело за информација која претставува исклучок од слободниот пристап, донело Решение за одбивање на пристапот. Во образложението на оспореното Решение не е наведен тестот на штетност, но во Одговорот на жалба имателот ги образложил причините поради кои го одбил пристапот до бараните информации и го спроведол тестот на штетност, исто така ги навел и последиците кои ќе настанат со објавување на тие информации.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Б. од Велес, поднесена против ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 13 декември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Б. од Велес, поднесена против ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП „Македонски шуми“ – Скопје на барателот да му ги достави бараните информации: „1.Дали ЈП „Македонски шуми“ – Скопје како правно лице во име и за сметка на Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес како и Шумското стопанство под кое спаѓа подружницата за сеча во с.Русиново има издадено овластување на МЗШВ, Сектор за шумска полиција – Скопје, Шумско-полициска станица – Велес, заедно со барањата за поведување на прекршочна постапка за шумски прекршоци до судот, да има право да поднесува и оштетно-правно побарување? 2. Доколку постои такво овластување, дали тоа се однесува за имотно-правно побарување и за штетите сторени со прекршокот на шуми кои се во сопственост на приватни физички и правни лица, вклучувајќи ја тука и Македонската православна црква? 3.Доколку ЈП „Македонски шуми“ – Скопје нема издадено такво генерално овластување на Секторот за шумска полиција…дали како законски застапник на Јавното претпријатие Вие (генерален директор) имате склучено договор или издадено посебно овластување на командирот на Шумско-полициската станица во Велес, да во Ваше име и за сметка на ЈП по прекршочните предмети кои од него се поднесени во Основниот суд Велес…вкупно 11 предмети, да согласно чл.121 ст.1 алинеја 7 и чл. 2 ст.2 од Законот за прекршоци в.в. чл.97 од Законот за кривична постапка, како и чл.2 ст.1 таб.2 т.1 од Правилникот за утврдување на висината на цената за штети на шумите (СВ на РМ бр.23/98), поднесува и барање за обештетување како имотно правно побарување на ЈП „Македонски шуми“ – Скопје или ШС „Бабуна“ Велес?.“, најдоцна до 31.12. 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-538 од 05.11.2013 година, изјавена од А.Б. од Велес, поднесена против ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈП „Македонски шуми“ – Скопје на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 31.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.Б. од Велес на 18.09.2013 година, со препорачана поштенска пратка, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, и побарала да и ги достават следните информации:
„1.Дали ЈП „Македонски шуми“ – Скопје како правно лице во име и за сметка на Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес како и Шумското стопанство под кое спаѓа подружницата за сеча во с.Русиново има издадено овластување на МЗШВ, Сектор за шумска полиција – Скопје, Шумско-полициска станица – Велес, заедно со барањата за поведување на прекршочна постапка за шумски прекршоци до судот, да има право да поднесува и оштетно-правно побарување? 2. Доколку постои такво овластување, дали тоа се однесува за имотно-правно побарување и за штетите сторени со прекршокот на шуми кои се во сопственост на приватни физички и правни лица, вклучувајќи ја тука и Македонската православна црква? 3.Доколку ЈП „Македонски шуми“ – Скопје нема издадено такво генерално овластување на Секторот за шумска полиција…дали како законски застапник на Јавното претпријатие Вие (генерален директор) имате склучено договор или издадено посебно овластување на командирот на Шумско-полициската станица во Велес, да во Ваше име и за сметка на ЈП по прекршочните предмети кои од него се поднесени во Основниот суд Велес…вкупно 11 предмети, да согласно чл.121 ст.1 алинеја 7 и чл. 2 ст.2 од Законот за прекршоци в.в. чл.97 од Законот за кривична постапка, како и чл.2 ст.1 таб.2 т.1 од Правилникот за утврдување на висината на цената за штети на шумите (СВ на РМ бр.23/98), поднесува и барање за обештетување како имотно правно побарување на ЈП „Македонски шуми“ – Скопје или ШС „Бабуна“ Велес?”.
ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-538 од 07.11.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈП „Македонски шуми“ – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП „Македонски шуми“ – Скопје не одговори ниту на дописот од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈП „Македонски шуми“ – Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.