ДОНЕСЕНИ 31 РЕШЕНИЕ И 43 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 37-та седница одржана на 24  јануари 2013  година, постапи по 74 жалби и притоа донесе соодветни одлуки.
Комисијата по 31 жалба донесе решенија, а по 43 жалби изјавени главно од Здруженија на  граѓани и фондации, донесе 43 заклучоци за запирање на постапката поради повлекување на жалбата, односно за запирање на постапката по Жалбата,  поради  тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.