ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 41-та седница одржана на 20 март 2013 година, донесе 5 решенија и 1заклучок.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 март 2013 година, го донесе следниот
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-12 на 20.02.2013 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија на 19.12.2012 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупција, заведено во Здружението под бр.0302/1141 и побарало по пошта, или по е-маил, да му достават фотокопија од следната информација.
„1. Дали ДКСК поднесе Барање до Министерот за Култура за преиспитување на работењето на Заменикот на Министер за Култура господинот Д.Н.;
2. Доколку ваквото барање е поднесено со ова Бараме копија од истото;
3. Доколку ваквото барање е поднесено Бараме да ни доставите информација за тоа дали Министерот за Култура постапил по Барањето на Државната Комисија за спречување на корупција;
4. Бараме копија од одговорот на Министерот за Култура во врска со Барањето на Државната Комисија за спречување на корупција“.
Државната Комисија за спречување на корупцијата, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-12 од 26.02.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната Комисија за спречување на корупцијата на 08.03.2013 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-412/5 од 01.03.2013 година, а во Комисијата заведен под број 07-12 на 08.03.2013 година.
Во Одговорот на Жалба се наведува дека „Предметното барање кај Државната комисија за спречување на корупцијата е примено на 25.12.2012 година. По барањето е одговорено така што за дел е одговорено позитивно со писмен акт, под бр. 03-412/1 од 23.01.2013 година, а за дел од барањето е донесено решение, под бр.03-412/2 од 23.01.2013 година“. Во прилог на наведениот Одговор на Жалба до Комисијата се доставени наведените одговори од Државната комисија за спречување на корупцијата, како и поштенска доставница за истите, потпишана од страна на Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија на 14.02.2013 година.
Од наведените докази Комисијата утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата, постапила по барањата во законски предвидениот рок и форма, а од кои причини барателот во законски предвидениот рок не ја подигнал пратката од пошта, не е познато.
Ф.Д., правен советник во Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, на 18.03.2013 година по меил ја извести Комисијата дека „…во врска со предметот (наш број 0302-1190) од 07.02.2013 година, сме добиле информација но пратката патувала 30 денови од имателот на информации до кај нас. Бидејќи сме добиле одговор на Барањето, сметаме дека (погоре цитираната) Жалба поднесена од наша страна може да се смета за повлечена“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.М. од Штип, поднесена против Министерство за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 20 март 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Л.М. од Штип, поднесена против Министерство за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Охрид, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, во делот на Барањето „Барам Комисијата да издаде и ми достави Уверение за предметите и донесените Решенија по основ денационализација на лицето М.Д.К. (К.) со стан на бул „Туристичка“ 12/3/4 – Охрид-сестра на мојата мајка“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување на првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-1177 од 23.11.2012 година, изјавена од Л.М. од Штип, поднесена против Министерство за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и во делот на Барањето „Барам Комисијата да издаде и ми достави Уверение за предметите и донесените Решениа по основ денационализација на лицето М.Д.К. (К.) со стан на бул „Туристичка“ 12/3/4 – Охрид-сестра на мојата мајка“ ЈА УВАЖИ и предметот ја врати на повторно постапување на првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Л.М. од Штип, на 09.10.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Охрид, со кое ја побарала следната информација:
„Барам Комисијата да издаде и ми достави Уверение за предметите и донесените Решениа по основ денационализација на лицето М.Д.К. (К.) со стан на бул „Туристичка“ 12/3/4 – Охрид-сестра на мојата мајка“.
Министерство за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Охрид на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-1177 од 06.12.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерство за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Охрид, и побара од Комисијата во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисија за денационализација со седиште во Охрид до Комисијата достави Известување бр.26-2268/12 од 27.12.2012 година, заведено во Комисијата под бр.07-1177 на 09.01.2013 година. Во прилог на Известувањето е доставен примерок од одговорот насловен до Л.М. Во одговорот е наведено дека: „ Во Комисијата за денационализација со седиште во Охрид се водат постапки или се донесени решенија за следниве барања: Решене бр….“.
Л.М. од Штип на 24.01.2013 година до Комисијата достави дополнување на Жалба заведена во Комисијата под бр. 07-1177 на 29.01.2013 година. Жалбата ја поднесува против Известувањето на Министерството за финансии-Комисија за денационализација со седиште во Охрид вр.26-2268/10 од 27.12.2012 година.
Во жалбата е наведано дека „…заради недоставување Уверение од Комисијата за денационализација со седиште во Охрид, за постоење на премети и донесени Решенија по основ денационализација на лицето М.Д.К. (с.)в….Претседател на Комисијата .. не ги доставува бараните податоци во форма на Уверение (јавна исправа), туку упорно, и по знае кој пат како Известување.“
Комисијата, со допис бр.07-1177 од 13.02.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерство за финансии – Комисија за денационализација со седиште во Охрид, и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии – Комисијата за одлучување по барање на денационализација со седиште во Охрид постапила спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во однос на формата во која одговорила на Барањето.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Министерството за финансии – Комисијата за одлучување по барање на денационализација со седиште во Охрид му укажува на следното.
Во основ со наводите во Жалбата дека „.. не ги доставува бараните податоци во форма на Уверение (јавна исправа), туку упорно, и по знае кој пат како Известување“,Комисијата укажува на следното.
Министерството за финансии – Комисијата за одлучување по барање на денационализација со седиште во Охрид, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не е должна да создава нова информација. Доколку Комисијата за одлучување по барање на денационализација со седиште во Охрид смета дека не располага со бараната информација, треба да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Во членот 26 став 2 зб
оровите `“барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи “Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Од тука произлегува дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 20 март 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, “Барам од Урбанизам – Прием и увид во Деловодна книга за деловен објект изграден 1977-1978, кој се наоѓа на улица: Димко Нјдов бр.128 – поранешен сопственик М.З., а сега сопственост на Г. и Е.З.. Недвижност – со КП.бр.10065/2, план 43, скица 312. Исто така барам увид во План од Урбанизам за доградба – поткровје на најгорниот кат во зграда на улица: 11 Октомври бр.2/влез1“ СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-1224 од 27.12.2012 година, изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Барам од Урбанизам – Прием и увид во Деловодна книга за деловен објект изграден 1977-1978, кој се наоѓа на улица: Димко Нјдов бр.128 – поранешен сопственик М.З., а сега сопственост на Г. и Е.З. Недвижност – со КП.бр.10065/2, план 43, скица 312. Исто така барам увид во План од Урбанизам за доградба – поткровје на најгорниот кат во зграда на улица: II октомври бр.2/влез1 “ ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Г.З. од Велес, на 24.09.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес, со кое ја побарал следната информација:
„Барам од Урбанизам – Прием и увид во Деловодна книга за деловен објект изграден 1977-1978, кој се наоѓа на улица: Димко Нјдов бр.128 – поранешен сопственик М.З., а сега сопственост на Г. и Е.З.. Недвижност – со КП.бр.10065/2, план 43, скица 312. Исто така барам увид во План од Урбанизам за доградба – поткровје на најгорниот кат во зграда на улица: 11 Октомври бр.2/влез1“.
Општина Велес на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, на 16.01.2013 година достави допис бр.07-1224 до Г.З. од Велес, и побара во рок од три дена да ги достави Барањата наведени во Жалбата.
Комисијата, со допис бр.07-1224 од 16.01.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес, и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Велес на 23.01.2013 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 25-319/2 од 18.01.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-1224. Во одговорот на жалбата е наведено дека „Ве известувам дека на ден 24.09.2012 година, до Одделението за урбанизам во Општина Велес е доставено барање за слободен пристап до информации од јавен карактер за увид во деловодна книга…без било какви дополнителни контакти информации: име и презиме на барателот, контакт адреса и сл… за жал не успеавме да контактираме со барателот и да му овозможиме увид во докумнетацијата. Тоа ќе можеме да го направиме врз основа на Жалбата…“
Г.З. од Велес на 29.01.2013 година до Комисијата достави допис заведен под бр. 07-1224. Во прилог на дописот ги достави двете Барања кои беа доставени до Општина Велес.
Барателот на 08.03.2013 година достави Известување заведено во Комисијата под бр. 07-1224. Во известувањето наведува дека извршил увид во Општина Велес.
Општина Велес на 08.03.2013 година до Комисијата достави Известување бр.25-319/7 од 22.02.2013 година, заведено во Комисијата под бр.07-1224.
Во Известувањето е наведено дека „Врз основа на телефонскиот разговор од 21.02.2013, а во врска со жалбата бр.25-319/1 од 18.01.2013 Ви ја доставуваме документацијата за постапувањето по предметот во кој како имател на информацијата е утврден Државниот архив на РМ, ПО-Велес“.
Во прилог на Известувањето ги достави и списите во врска со предметот, како и Препраќањето на барањето до Архивот на Република Македонија-Подрачно одделение Велес, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, заведено во Општина Велес под бр. 25-319/5 од 12.02.2013 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општина Велес постапила по Барањето, на барателот му дозволила увид во предметот и согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер го препратила Барањето до Архивот на Република Македонија-Подрачно Одделение –Велес.
Поради погоре наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
По Жалбата бр.07-575 од 18.02.2013 година, изјавена од Е.А. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Општина Кисела Вода, донесено е Решение со кое Жалбата се уважува и се задолжува првостепениот орган на барателот да му ја достави бараната информација „Дали е постапено по поднесена за К.П.963 Жалба до Влада на РМ Комисија за решавање во управна постапка во втор степен-Жалба 26-1502/1/15.08.2012-2030/11”.
**********
По Жалбата бр.07-504 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, поднесена против ВМРО-Македонска, донесено е Решение со кое Жалбата се отфрла како недопуштена.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.К., адвокат од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи-ОГР-СУНР –Одделение за управни работи-Отсек за возила и возачи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 март 2013 година, го донесе следниот:
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.К. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи-ОГР-СУНР –Одделение за управни работи-Отсек за возила и возачи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-6 на 18.01.2013 година, изјавена од В.К., адвокат од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи-ОГР-СУНР –Одделение за управни работи-Отсек за возила и возачи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, В.К., адвокат од Скопје на 26.10.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кочани и побарал по пошта да му ја достават следната информација:
“Писмена потврда за тоа дали на име на Трговско друштво за инжинеринг, производство промет и услуги ЕЛСА-Д експорт импорт ЕМБС 4407652, е регистрирано некое патничко или товарно возило и кои се тие со поединачно наведување на регистрацијата и марката на возилото“.
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи-ОГР-СУНР, Одделение за управни работи Отсек за возила и возачи на барателот му доставило Известување заведено под бр. 10.1.4.3-14000/2.
Незадоволен од наведеното Известување, барателот поднесе Жалба до Комисијата
Комисијата, со допис бр.07-6 од 25.01.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи на 08.03.2013 година до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под бр. 15.2-14614/1 од 28.02.2013 година а во Комисијата заведен под број 07-6.
Во Одгворот се наведува “ Во врска со горенаведениот Ваш акт, Ве известуваме дека до подносителот на жалбата од страна на Министерството за внатрешни работи е доставен одговор со бараните податоци за правното лице ТДИППУ ЕЛСА-Д Стојче, односно за моторните возила кое истото ги поседува“
В.К., адвокат од Скопје, на 18.03.2013 година по меил ја извести Комисијата дека во меѓувреме бараните информации им биле доставени, поради што ја повлекува Жалбата.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.