ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 43 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 45–та седница одржана на 09 мај 2013 година, постапи по 55  жалби и притоа донесе соодветни одлуки.
Одлучувајќи по жалбите, Комисијата донесе 12 решенија и 43 заклучоци.  Од донесените решенија, едно  е за таканаречен делумен пристап, а со кој жалбата во еден дел се уважува и се задолжува имателот да ја достави бараната информација, додека за еден дел од барањето жалбата се одбива како неоснована. Постапувајќи по жалбите, Комисијата донесе три решенија со кои жалбите беа прифатени, а првостепените органи задолжени на барателите да им ги достават бараните информации. Во пет случаи донесени се решенија со кои жалбите се отфрлени како недопуштени, додека три поднесени жалби со решенија се одбиени како неосновани.
Постапувајќи по преостанатите 43 жалби, Комисијата донесе 24 заклучоци за запирање на постапката по жалба поради тоа што на барателите им било одговорено на барањата, како и 19 заклучоци за запирање на постапките по жалби, поради повлекување на истите.