ДОНЕСЕНИ 15 РЕШЕНИЈА И 36 ЗАКЛУЧОЦИ

 
 
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 47–та седница одржана на 30 мај 2013 година, постапи по 51  жалба и притоа донесе соодветни одлуки.
Произнесувајќи се по жалбите, Комисијата донесе 15 решенија и 36 заклучоци.  Притоа, Комисијата донесе 11 решенија со кои жалбите беа прифатени, а првостепените органи задолжени на барателите да им ги достават бараните информации. Во два случаја донесени се решенија со кои жалбите се отфрлени како недопуштени,  а во исто толку случаи Комисијата со решенија ги одби жалбите како неосновани и утврди дека одлуките на првостепениот орган се правилни и врз закон засновани.
Одлучувајќи по преостанатите 36 жалби, Комисијата донесе исто толку заклучоци, од кои 25 се за запирање на постапката по жалбите, поради тоа што на барателите им било одговорено на барањата.