ДОНЕСЕНИ 24 РЕШЕНИЈА И 5 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 30-та седница одржана на 9 октомври 2012 година, донесе 24  решенија и  5  заклучоци.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-378 на 14.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:  
Македонското здружение на млади правници поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-880/1 од 09.07.2012 година  до Државната комисија за спречување на корупцијата, примено на 31.08.2012 година и заведено под бр. 03-722/1. Со истото побарало по пошта да му достават фотокопија од следната  информација:
„Кои активности се планирани и спроведени за подготовка на Четвртиот круг на евалуација на РМ од страна на ГРЕКО на тема – Превенција на корупцијата по однос на членови на парламентот, судии и јавни обвинители”.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-378 од 17.09.2012 година ја препрати Жалбата и побара од Државната комисија за спречување на корупцијата во рок од три дена од денот на доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата достави Одговор на Жалба бр.03-722/6 од 21.09.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-378 на 02.10.2012 година. Во него наведува дека Барањето го примила на 31.08.2012 година, за што достави фотокопија од поштенска доставница, со потпис на примачот на наведениот датум. По Барањето постапила во законски предвидениот рок, односно истото со допис 03-722/2 од 05.09.2012 година го препратила до Министерството за правда кое, како што се наведува во Одговорот, „според содржината на Барањето е имател на бараните информации“ и за тоа го известила Македонското здружение на млади правници со Известување бр. 03-722/3 од 05.09.2012 година. За истото достави доказ, фотокопија од поштенска доставница, потпишана од Македонското здружение на млади правници на 07.09.2012 година, од која се гледа дека доставата е уредно врачена.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека наводите во Жалбата се неосновани, односно немало молчење на администрација. Државната комисија за спречување на корупцијата одговорила на Барањето на Македонското здружение на млади правници во законски предвидениот рок.   
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип, поднесена против Општина Пробиштип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип, поднесена против Општина Пробиштип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Целокупна документација врз основа на која фирмата „Ивко градба“ ја отстрани оградата на АМД Пробиштип – Пробиштип“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Општина Пробиштип на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето, најдоцна до 2 ноември 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-322  на 13.08.2012 година, изјавена од Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип, поднесена против Општина Пробиштип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Пробиштип  на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 2 ноември 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип на 06.08.2012 поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.24-1200/1 до Општина Пробиштип и побарало по пошта да му биде доставена фотокопија од следната  информација:
„Целокупна документација врз основа на која фирмата „Ивко градба“ ја отстрани оградата на АМД Пробиштип – Пробиштип“.
Општина Пробиштип на ова Барање одговорила со Известување бр.24-1190/2 од 07.08.2012 година.
Незадоволно од добиеното Известување, Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-322 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Општина Пробиштип и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Општина Пробиштип одговори на барањето на Комисијата со допис бр.24-1200/4 од 27.08.2012 година, во Комисијата заведен под бр.07-322 на 04.09.2012 година.
Во одговорот, меѓу другото, се наведува: „Општина Пробиштип поднесе барање до Министерството за финансии, имотно правна служба Пробиштип за одземање на корисничко право на АМД Пробиштип на земјиште сопственост на РМ…Прилог кон барањето поднесовме елаборат за нумерички податоци кој за наши потреби го нарачавме и плативме…Таквиот елаборат не претставува информација од јавен карактер бидејќи не е документ кој произлегува од нашата работа…Од тие причини жалбата е неоснована…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општина Пробиштип на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно неосновано не ја посредувала бараната информација до Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип.
Комисијата од списите по предметот констатира дека Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип од Општина Пробиштип побарало  „Целокупна документација врз основа на која фирмата „Ивко градба“ ја отстрани оградата на АМД Пробиштип – Пробиштип“, а не, како што произлегува од одговорот на Жалбата од Општина Пробиштип, „елаборат за нумерички податоци“, кој може да биде само дел од побараната „целокупна документација“.
Што се однесува на наводите во одговорот на Жалба дека „… Таквиот елаборат не претставува информација од јавен карактер бидејќи не е документ кој произлегува од нашата работа…“, Комисијата на Општина Пробиштип и укажува дека според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници,  поднесена преку полномошник Д.Т., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

                                       Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници,  поднесена преку полномошник Д.Т., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за внатрешни работи бр. 15-43509/2 од 18.09.2012 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер „Колку лица се планирани за вработување во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР во 2012 година? Дали веќе се вработени тие лица?“, СЕ ОДБИВА.

                              О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број  07-358 на 27.08.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници,  поднесена преку полномошник Д.Т., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за внатрешни работи бр. 15-43509/2 од 18.09.2012 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 09.07.2012 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0306-896/1 до Министерството за внатрешни работи и побарало по пошта да му достават фотокопија од  следната  информација:
„Колку лица се планирани за вработување во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР во 2012 година? Дали веќе се вработени тие лица?“.
Министерството за внатрешни работи по ова Барање до барателот доставило групен Одговор на повеќе барања од истиот барател, заведен во Министерството под  бр. 15-43465/2 од 09.08.2012година. Во врска со Барањето бр.0306-896/1 е наведено дека „…ваквите информации согласно актот за систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи се од „строго доверлив“ карактер“.
Незадоволно од добиениот Одговор,  Македонското здружение на млади правници, преку адвокатот Д.Т. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-358 од 30.08.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 15.2-43509/3 од 18.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-358 на 24.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека „…на барателот му е доставен одговор – Решение за одбивање на пристап“.
Во прилог на Одговорот на Жалба е доставена фотокопија од Решение бр. 15-43509/2 од 18.09.2012 година, со кое се одбива пристапот до бараната информација. Во образложението на Решението е наведено дека „Бараната информација не претставува информација од јавен карактер…истата е класифицирана информација со степен на класификација „строго доверливо“ согласно член 8 став 1 од Правилникот за класифицирани информации на МВР…и согласно член 8 став 2 алинеја 1 од споменатиот Правилник…Според увидот во службените евиденции и направениот „тест за штетност“ се утврди дека доставувањето на бараната информација би предизвикало штетни последици во натамошното работење на МВР“.
Исто така, во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата е доставена и фотокопија од првата страница од Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи, од која е видно дека истиот е заведен под СД.бр.14.1-101/1 во јануари 2011 година и е со печат строго доверливо (1-863) од истиот датум.
Незадоволно од добиеното Решение, Македонското здружение на млади правници,  преку полномошник Д.Т., адвокат од Скопје, до Комисијата поднесе Дополнување на Жалба бр.07-358 од 01.10.2012 година. Во истото е наведено дека „…одбивањето на пристап до информација која се однесува на бројот на лица кои се планирани за вработување…е апсолутно неосновано. Истото од причина што бројката на лица планирани за вработување воопшто не влегува во вкупноста на информации кои се предмет  на класификација согласно член 6 став 2 од Законот за класифицирани информации…сосема нејасно за жалителот е исходот на спроведениот тест на штетност…“.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи во врска со поднесеното Барање од Македонското здружение на млади правници постапило во законски предвидениот рок, но доставениот одговор до барателот не бил во законски предвидената форма. По поднесената Жалба против таквиот одговор, Министерството за внатрешни работи постапило и донело Решение со кое го одбило пристапот до бараната информација, во кое правилно се повикало на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му образложило дека бараната информација претставува класифицирана информација со степен на класификација „строго доверливо“.
Според член 10 од Правилникот за начинот на чување и заштита на документи, извештаи, податоци и други акти во Министерството за внатрешни работи што со закон, друг пропис или одлука на надлежен орган се означени како државна, воена или службена тајна „Строго доверливи се оние податоци од посебно значење за Министерството, со чие откривање ќе настанат потешки штетни последици за извршувањето на работите и задачите на Министерството. Строго доверливи претставуваат податоците за Министерството кои се однесуваат на: внатрешната организација и систематизација на работните места…“.
Несомнено е дека бараната информација  „Колку лица се планирани за вработување во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР во 2012 година? Дали веќе се вработени тие лица?“ претставува дел од внатрешната организација и систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи.
Основани се наводите во образложението на Решението во кое Министерството за внатрешни работи се повикува на извршен задолжителен тест на штетност, кој покажал дека откривањето на бараната информација би предизвикало штета во работењето на Министерството за внатрешни работи, односно дека во случајов последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од О.И. од Делчево, поднесена против Општина Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од О.И. од Делчево, поднесена против Општина Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер фотокопија од 1. “Барање од ЕЛС Општина Делчево до МВР асистенција за административно отстранување на градба (рушење) на пицерија т.е тераса “Чао Чао“ Делчево и 2. Одговор од МВР на РМ до Општина Делчево на Барањето“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Општина Делчево на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 2 ноември 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-381  на 14.09.2012 година, изјавена од О.И. од Делчево, поднесена против Општина Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Делчево  на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 2 ноември 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Орце Ивановски од Делчево на 31.07.2012 поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Општина Делчево под бр.10-1868/1 и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават од следната  информација.
1.“Барање од ЕЛС Општина Делчево до МВР асистенција за административно отстранување на градба (рушење) на пицерија т.е тераса “Чао Чао“ Делчево и
2. Одговор од МВР на РМ до Општина Делчево на Барањето“.
Како прилог на Барањето доставил допис во кој наведува дека не бара никакво образложение за обврските туку бара фотокопии од горенаведените информации и повторно го цитира барањето.
Во врска со ова Барање Општина Делчево на О.И. му одговорила на 07.08.2012 година со допис бр.10-1868/2, во кој наведува: “Во врска со доставеното Ваше Барање Ве известуваме дека на истото веќе Ви имаме одговорено на 27.01.2012 година….и на 10.02.2012 година….“. Од увидот во списите Комисијата утврди дека во Одговорот од 10.02.2012 година,  покрај другото се наведува “…бидејќи се работи за доградба која е во сопственост на Општина Делчево…. Општина Делчево не е должна да бара асистенција од МВР за отстранување на истата“.
Незадоволен од наведениот Одговор О.И. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-381 од 17.09.2012 година ја препрати Жалбата до Општина Делчево и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Општина Делчево одговори на барањето на Комисијата со допис бр.10-2265/2 од 26.09.2012 година, во Комисијата заведен под бр.07-381 на 02.10.2012 година.
Во одговорот, меѓу другото, се наведува дека, Општина Делчево на барателот му ги доставила сите барани податоци согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во прилог достави копии од дописи и одговори насловени до Орце Ивановски кои се однесуваат на различни барања, од кои Комисијата утврди дека на барателот не му се доставени фотокопии од бараните информациии поради кои е поднесена Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-381.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

           Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
ЗАКЛУЧОКОТ за прекинување на постапката на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје се УКИНУВА и се ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје на барателот да му овозможи увид во бараната информација, најдоцна до 2 ноември  2012 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-156 од 13.07.2012 година, изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА УВАЖИ.
ЗАКЛУЧОКОТ за прекинување на постапката на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, кој има и формални недостатоци (нема број и датум) го УКИНА и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје на барателот да му овозможи увид во бараната информација, најдоцна до 2 ноември 2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Г.С. од Скопје, на 29.05.2012 година, до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Агенцијата под бр.1123/1794/1 и побарала “Увид во сумарни списоци од 1938-1955 година за КО Оризари составени од тогашниот катастар на РМ“. Во врска со ова Барање Агенцијата  донела Заклучок за прекинување на постапката.
Незадоволна од наведениот Заклучок, Г.С. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-156 од 17.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, и побара од Агенцијата во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје достави Одговор на Жалба УП.бр.1123-1794/2 од 03.08.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-156 на 27.08.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Агенцијата наведува дека “… не располага со бараната документација, па според тоа не е во можност да го удоволи барањето на подносителот.”
По добивањето на наведениот одговор претставници од Комисијата на 02.10.2012 година, извршија увид во предметот во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје. При увидот во присуство на службеното лице за посредување со информации од јавен карактер од Агенцијата, беше утврдено дека постојат бараните сумарни списоци од 1938 година за КО Оризари.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, постапила спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и место на барателот да му овозможи увид во бараната информација донела Заклучок за прекинување на постапката, .
Врз основа на горенаведеното, Комисијата утврди дека Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје е неправилен и незаконски, а Жалбата на жалителот основана.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

           Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Велес, бр.1124-24 од 10.09.2012 година по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-377 на 11.09.2012 година, изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Љ.Р. од Велес, како што се наведува во Жалбата на 06.09.2012 година, до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер и побарал “Увид во документацијата на катастарот на недвижности за кп бр.14/32мв. Нерезине нива од пета класа од 300 мкв и кп 18/32мв Нерезине нива од шеста класа од 900мкв сите во КО Богомила и да ми се издадат фотокопии од истоимената парцела погореспомената, со сите списи во врска со неа и др.“
Во врска со ова Барање Агенцијата му доставила Известување бр.1124-24 од 10.09.2012 година, со кое го известила дека согласно важечкиот тарифник по кој постапува АКН, за увид во предмет, односно збирката на исправи како дел од ГКИС, потребно е да уплати 50 денари за административна такса, како и доказ за платен надоместок во висина од 200,00 денари. Во врска со барањето за фотокопии од списите од предметот за бараната парцела, го известила дека надоместокот изнесува 30,00 денари од страница, а за целокупниот надоместок накнадно ќе биде известен во зависност од тоа колку страници ќе бара да му бидат фотокопирани по извршениот увид. По доставување на соодветната уплата за увид, во просториите на Одделението може да изврши увид за бараниот податок.
Незадоволен од наведеното Известување, Љ.Р. поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата покрај другото наведува дека Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес се изјаснува спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, затоа што според наведениот Закон увидот е бесплатен.
Комисијата со допис бр.07-377 од 13.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности- Одделение за катастар на недвижности-Велес, и побара од Агенцијата во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес достави Одговор на Жалба бр.03-504/2012 од 18.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-377 на 24.09.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Агенцијата наведува дека на барателот не му е попречено ниту одземено правото на слободен пристап до бараните информации, ниту пак е извршена повреда на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во врска со наведеното Комисијата на барателот му укажува на следното.
Кога постои законски утврден Тарифник како што е во конкретниов случај по кој имателот на информацијата дава фотокопија или препис од документи или овозможува вршење увид во предмет, се применува наведениот Тарифник место Одлуката за надомест на материјалните трошоци донесена од Владата на РМ врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од досегашното работење, Комисијата има утврдено дека Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар на Р.Македонија и Судовите, имаат утврдено Тарифник по кој вршат надомест на трошоците (наплатуваат) за посредување со документи кои произлегуваат од вршење на нивната надлежност односно дејност.
Врз основа на горенаведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес постапила правилно и го известила барателот дека за да му овозможи пристап до бараните информации е должен да плати одреден надоместок.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

           Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Љ.Р.од Велес, поднесена против Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности- Одделение за катастар на недвижности Велес, бр.1124-25 од 10.09.2012 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-376 од 11.09.2012 година, изјавена од Љ.Р.од Велес, поднесена против Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Љ.Р. од Велес, како што се наведува во Жалбата на 06.09.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности Велес, примено на 07.09.2012 година и побарал да му се овозможи “Увид во документацијата на катастарот на недвижности за кп бр.6166 на Имотен лист 54 во КО Богомила и да ми се издадат фотокопии од истоимената парцела погореспомената, со сите списи во врска со неа и др.”
Во врска со наведеното Барање, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделението за катастар на недвижности Велес до барателот доставила Известување бр.1124-25 од 10.09.2012 година, со кое го известила дека согласно важечкиот тарифник по кој постапува АКН, за увид во предмет, односно збирката на исправи како дел од ГКИС, потребно е да уплати 50 денари за административна такса, како и доказ за платен надоместок во висина од 200,00 денари. Во врска со барањето за фотокопии од списите од предметот за бараната парцела, го известила дека надоместокот изнесува 30,00 денари од страница, а за целокупниот надоместок накнадно ќе биде известен во зависност од тоа колку страници ќе бара да му бидат фотокопирани по извршениот увид. По доставување на соодветната уплата за увид, во просториите на Одделението може да изврши увид за бараниот податок.
Незадоволен од наведеното Известување, Љ.Р. од Велес поднесе Жалба до Комисијата, поради како што наведува, според ЗСПИЈК барањата и увид во документацијата нe се наплатува.
Комисијата со допис бр.07-376 од 13.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделението за катастар на недвижности Велес, и побара од Агенцијата во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделението за катастар на недвижности Велес достави Одговор на Жалба бр.03-504/2012 и бр.03-503/2012 од 18.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-376 на 24.09.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Агенцијата наведува дека на барателот не му е попречено ниту одземено правото на слободен пристап до бараните информации, ниту пак е извршена повреда на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес, постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во врска со наведеното Комисијата на барателот му укажува на следното.
Кога постои законски утврден Тарифник како што е во конкретниов случај по кој имателот на информацијата дава фотокопија или препис од документи или овозможува вршење увид во предмет се применува наведениот Тарифник место Одлуката за надомест на материјалните трошоци донесена од Владата на РМ врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од досегашното работење, Комисијата има утврдено дека Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар на Република Македонија и Судовите, имаат утврдено Тарифник по кој вршат надомест на трошоците (наплатуваат) за посредување со документи кои произлегуваат од вршење на нивната надлежност односно дејност.
Врз основа на горенаведеното Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Велес постапила правилно и го известила барателот дека за да му овозможи пристап до бараните информации е должен да плати одреден надоместок.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на ЈП Службен весник на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на ЈП Службен весник на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр.03-5410/1 од 29.08.2012 година на ЈП Службен весник на Република Македонија, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-380 на 14.09.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението бр.03-5410/1 од 29.08.2012 година, донесено од ЈП Службен весник на Република Македонија, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспореното Решение е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Отворено општество Македонија на 27.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот архив на Република Македонија, заведено кај барателот под бр.11-560/28 и побарала по пошта да и ја достават следната информација.
„Фотокопија од посебните службени весници на СРМ и РМ објавени во периодот од 1980 до 1999 година.“
Државниот архив на Република Македонија, со допис бр.03-1583/2(28) од 06.08.2012 година, ја известил Фондацијата дека не располага со бараната информација и го препратил Барањето до ЈП Службен весник на РМ.
ЈП Службен весник на РМ постапувајќи по Барањето, донело Решение за одбивање по барање за пристап до информација, бр.03-5410/1 од 29.08.2012 година, а примено во Фондацијата на 31.08.2012 година. Во образложението на Решението, покрај другото, ЈП Службен весник на РМ наведува дека поради фактот што во посебните изданија на службени весници, се објавувани прописи од доверлива природа, односно прописи кои содржат класифицирани информации, Јавното претпријатие побарало мислење од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Дирекцијата ги известила дека, ЈП Службен весник на РМ не е овластено согласно Законот за класифицирани информации да ја достави бараната информација, и доколку овозможи увид во бараните изданија на Службен весник, би сторило прекршување на одредбите од наведениот закон и би можело да сноси и одговорност за истото. ЈП Службен весник на РМ само ги објавува законите и другите прописи и акти и го издава службеното гласило “Службен весник на Република Македонија”, а доносителите на овие прописи односно нивните правни следбеници би можеле на нивно барање да извршат промена од класифицирана информација во информација до која се има слободен пристап.
Незадоволна од наведеното Решение, Фондацијата Отворено општество Македонија, преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, поради како што наведува, Решението е неосновано, спротивно на закон и има недостатоци во смисла на тоа да не може да се оцени дали е или не е применет Законот. Во Жалбата исто така наведува “…имателот го одбил барањето за пристап без да ја спроведе задолжителната постапка за проверување на последиците врз интересот кој се заштитува, а кое нешто е видно од содржинскиот дел на самото решение на првостепениот орган, каде во ниту еден момент не е наведено прашањето во однос на спроведување односно неспроведување на тестот…Видно од побиеното решение со оваа жалба, имателот не ја разгледал оваа можност за делумен пристап, а доколку го сторил тоа, истото не е наведено ниту пак образложено.”
Комисијата со допис бр.07-380 од 17.09.2012 година, ја препрати Жалбата до ЈП Службен весник на РМ и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП Службен весник на РМ до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-6010/2 од 25.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-380 на 25.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека “…ЈП Службен весник немаше можност да обезбеди делумен пристап до бараната информација, покрај останатото и поради неможноста да процени кој дел од посебните службени весници да го направи достапен за барателот, поради фактот што претпријатието не е создавач на овие прописи и не е овластено истите да ги декласифицира… барателот/жалителот побарал копии од сите посебни службени весници за периодот од 1980 до 1999 година, што е долг временски период, а воедно не е специфицирана областа на интерес. Поради наведеното, барателот/жалителот во образложението на предметното решение е поучен дека доколку е заинтересиран за одредена област…истиот би можел да се обрати до создавачот (доносителот) на тие прописи и општи акти, а доколу создавачот престанал да постои-до неговиот правен следбеник.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека ЈП Службен весник на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од Фондацијата Отворено општество Македонија постапило во законски предвидениот рок и донело Решение со кое го одбило пристапот до бараната информација. Во Решението правилно се повикало на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му образложило дека бараната информација содржи прописи од доверлива природа, односно прописи кои содржат класифицирани информации.
Според тоа, основани се и наводите во Одговорот на Жалбата во кој ЈП Службен весник на Република Македонија се повикува на доверливиот карактер на објавените прописи, кои содржат класифицирани информации. Согласно Законот за класифицирани информации (член 14) промената на степенот на класификација ја врши создавачот на информацијата, а со негова писмена согласност и друго овластено лице, а декласификацијата ја врши создавачот на информацијата, за што ги известува корисниците на информацијата (член 17). Во случајов, ЈП Службен весник само ги објавува законите, прописите и другите акти и го издава службеното гласило, но нема право да ги декласифицира бараните посебни службени весници и да ги направи достапни за слободен пристап до барателите.
Со оглед на тоа што информацијата која е наведена во Барањето е јасна но не е конкретна, не се однесува на конкретен документ, туку на информација која е многу обемна, Комисијата смета дека имателот не може да го спроведе тестот на штетност. Комисијата не отстапува од досегашната пракса во своите решенија да дава јасни насоки за должноста на имателот да го спроведе тестот на штетност како задолжителна постапка пред да го одбие пристапот, но исто така, Комисијата кога постапува по Жалбите ја цени конкретната ситуација и контекстот во кој се наоѓа бараната информација. Во таа смисла, секој предмет по кој постапува Комисијата е засебен, и одлуките на Комисјата се различни од случај до случај.
Во конретниов случај, Комисијата утврди дека ставот 3 на членот 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не може да се примени, и да се спроведе тестот на штетност со кој ќе се проверат последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на информацијата, бидејќи не е познато конкретно кој документ односно информација се бара врз кој би се применил истиот.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Х.Х.-Х. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Х.Х.-Х. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер  
“1. Барање за денационализација на недвижен имот земјиште дел од КП 3601 КО Скопје во површина од 895 м2 и дуќани, поранешна сопственост на Х. Ш.Х. експроприран со решение 06-Е,бр.8654/55 од 05.11.1958 година на Народниот одбор на Скопска околија по кое било решавано како посебно барање заведено под Дн.бр.19-08-225/1(2015)06-19-08-188/1(591)02.
2. Предметот Дн.бр.19-08-225/1(2015) од 16.02.2006 година од барателот Ќ.С. од Скопје за 1/3 идеален дел од 7 дуќани и еден магацин на КП 3601 КО Скопје и дел од истата КП во површина од 895 м2 поранешна сопственост на заедничкиот правен претходник на барателите на денационализација Х.Ш.-Х. и
3. Барањето-предмет Дн.бр.19-08-226/1(20156 од 16.02.2006 година од барателите Х.Х.-Х и М.Х. за 2/3 (две третини) идеален дел од седум дуќани и еден магацин за КП 3601 за КО Скопје за истата површина “, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за одлучување по барањата за денационализација на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-173  на 20.07.2012 година, изјавена од Х.Х.-Х. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за одлучување по барањата за денационализација да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-173 на 20.07.2012 година, Х.Х.-Х. од Скопје на 22.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје, заведено под бр.19-08-154/1(565)1 и побарала по пошта да и достават фотокопија од списите и евентуални решенија:
„1. Барање за денационализација на недвижен имот земјиште дел од КП 3601 КО Скопје во површина од 895 м2 и дуќани, поранешна сопственост на Х.Ш.Х. експроприран со решение 06-Е,бр.8654/55 од 05.11.1958 година на Народниот одбор на Скопска околија по кое било решавано како посебно барање заведено под Дн.бр.19-08-225/1(2015)06-19-08-188/1(591)02.
2. Предметот Дн.бр.19-08-225/1(2015) од 16.02.2006 година од барателот Ќ.С. од Скопје за 1/3 идеален дел од 7 дуќани и еден магацин на КП 3601 КО Скопје и дел од истата КП во површина од 895 м2 поранешна сопственост на заедничкиот правен претходник на барателите на денационализација Х.Ш.Х. и
3. Барањето-предмет Дн.бр.19-08-226/1(20156 од 16.02.2006 година од барателите Х.Х.-Х. и М.Х. за 2/3 (две третини) идеален дел од седум дуќани и еден магацин за КП 3601 за КО Скопје за истата површина.“
 Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје на ова Барање одговорило со Известување од 05.06.2012 година. Со дописот го известило дека веќе на два наврати му се доставени фотокопии од решение по барање за денационализација ДН.бр.19-08-198(591) од 09.07.2002 година, и го повикува да изврши увид во списите од предметот по барање за денационализација ДН.19-08-154/1(565) од 03.06.2002 година.
Незадоволна од Известувањето, Х.Х.-Х. од Скопје на 19.06.2012 година, поднела Второ Барање со одговор на известување до Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје, заведено под бр.26-08-154/2(565).
Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба, како што е наведено во Жалбата, на повторното Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-173 од 25.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 На ова барање, Комисијата за одлучување по барањата за денационализација одговори со допис од 04.09.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-173 на 14.09.2012 година. Во дописот Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје наведува дека по Барањето е постапено, копија од решението по барање за денационализација ДН.бр.19-08-154 (591) од 2002 година, во два наврати ја доставиле до барателот, а по претходно барање за пристап до информации од јавен карактер. Во врска со второто Барање од 19.06.2012 година, Комисијата на полномошникот на барателот му овозможила да изврши увид во списите на предметот на 03.07.2012 година и притоа бил информиран за текот на постапката.
На 24.09.2012 година, Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје достави Одговор на Жалба до Комисијата, без архивски број со датум од 11.09.2012 година, во кој наведува “Подносителот на жалбата не напоменува дека предметот ДН.бр.19-08-154/1(565) досега неколку пати бил во надлежност на друга инстанца, каде што, моментално повторно е доставен.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му ја доставила бараната информација во законски предвидениот рок и форма.
Имено, Министерството за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар и Општина Гази Баба со седиште во Општина Центар-Скопје, во известувањата доставени до Х.Х.-Х. и до Комисијата наведува дека по Барањето претходно е постапено и до барателката се доставени бараните информации, решение по барање за денационализација ДН.бр.19-08-198 (591) од 2002 година, односно решение по барање за денационализација ДН.бр.19-08-154 (591) од 2002 година. Од списите во врска со предметот, Комисијата утврди дека наведените решенија Х.Х.-Х. не ги побарала. Во предметното Барање за пристап до информации од јавен карактер, Х.Х.-Х. бара да и се достават копии од барањата за денационализација, списите и евентуални решенија заведени под број Дн.бр.19-08-225/1(2015)06-19-08-188/1(591)02; Дн.бр.19-08-225/1(2015) од 16.02.2006 година и Дн.бр.19-08-226/1(20156 од 16.02.2006 година.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот Д.Т., адвокат од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

           Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот Д.Т., адвокат од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-351 од 27.08.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот Д.Т., адвокат од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 09.07.2012 година по пошта, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната  информација:
„Доставете ни копија од Извештајот и анализата за статусот на реализација на активностите од Акциониот план за спроведување на Државната програма за превенција и намалување на појавата на судирот на интереси мај 2008-декември 2010.”
Државната комисија за спречување на корупцијата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-351 од 04.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата достави Одговор на Жалба бр.03-724/5 од 12.09.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-351 на 17.09.2012 година. Во Одговорот, Државната комисија за спречување на корупцијата наведува дека Жалбата е неоснована, по Барањето е постапено во законски предвидениот рок и на барателот му е доставена бараната информација со допис бр.03-724/2 од 07.09.2012 година.
Полномошникот на Македонското здружение на млади правници-Скопје, Д.Т. адвокат од Скопје, на 19.09.2012 година, по е-маил ја извести Комисијата дека Здружението го примило одговорот на Барањето од Државната комисија за спречување на корупцијата, и е задоволителен.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, видно од списите доставени до Комисијата во прилог на Одговорот на жалба, предметното Барање кај Државната комисија за спречување на корупцијата е примено на 31.08.2012 година. Државната комисија за спречување на корупцијата, ја доставила бараната информација до Македонското здружение на млади правници-Скопје, со допис бр.03-724/2 од 07.09.2012 година, а во Здружението примено на 11.09.2012 година.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 09 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку лица и со кои звања се вработени за реализација на пилот проектот за Рана социјализација, обврска согласно „Патоказот„ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 24.04.2012)“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерстовото за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 02.11. 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-187  на 06.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за образование и наука  на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-478 до Министерството за образование и наука и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната  информација.
„Колку лица и со кои звања се вработени за реализација на пилот проектот за Рана социјализација, обврска согласно „Патоказот„ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 24.04.2012 )“.
Министерството за образование и наука, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-187 од 22.08.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Министерството за образование и наука одговори на барањето на Комисијата со допис бр.19-4903/3 од 17.09.2012 година, во Комисијата заведен под бр.07-187 на 24.09.2012 година.
Во одговорот, е наведено „Министерството за образование и наука се обрати до Бирото за развој на образование. Бирото за развој на образованието не информира дека одговорите се доставени до барателот со допис бр.03-2176/2 од 29.06.2012, бр.03-2128/2 од 29.06.2012, бр.03-2129/2 од 29.06.2012 година. Во прилог, на Ваш увид ги доставувме одговорите доставени до Фондацијата Отворено општество-Македонија“.
Бирото за развој на образование со допис бр.03-2176/2 од 29.06.2012 ја известило Фондацијата Отворено општество-Македонија дека Бирото за развој на образованието не е надлежна институција да одговори на барањето „Колку лица и со кои звања се вработени за реализација на пилот проектот за Рана социјализација, обврска согласно „Патоказот„ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 24.04.2012 )“, и ги упатува одгoворот да го побараат во Министерството за образование и наука.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорило на Барањето, во законски предвидениот рок и форма.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество–Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  09 октомври 2012 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Извештајот по однос на состојбата за имплементација на сите политики што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-169  на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-477/4 до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната  информација.
„Копија од Извештајот по однос на состојбата за имплементација на сите политики што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво“.
Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-169 од 26.07.2012 година ја препрати Жалбата до Секретаријатот и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорил на Барањето, во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ниту на барањето на Комисијата за произнесување по Жалбата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  09 октомври 2012 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Листа на членови на меѓусекторската работна група задолжена за собирање и анализирање на материјал по областите содржани во рамковниот договор, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 17.04.2012)“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-170  на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-477/3 до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната  информација.
„Листа на членови на меѓусекторската работна група задолжена за собирање и анализирање на материјал по областите содржани во рамковниот договор, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 17.04.2012)“.
Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-170 од 26.07.2012 година ја препрати Жалбата до Секретаријатот и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорил на Барањето, во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ниту на барањето на Комисијата за произнесување по Жалбата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  09 октомври 2012 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Листа на членови на работната група со претставници од МИОА и Секретаријатот за спроведување на Рамковен договор за изготвување методологија за вработување на членови на заедниците, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 01.05.2012)“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-171  на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-477/2 до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната  информација.
„Листа на членови на работната група со претставници од МИОА и Секретаријатот за спроведување на рамковен договор за изготвување методологија за вработување на членови на заедниците, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 01.05.2012)“.
Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-171 од 26.07.2012 година ја препрати Жалбата до Секретаријатот и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорил на Барањето, во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ниту на барањето на Комисијата за произнесување по Жалбата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  09 октомври 2012 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од Анализата за сегашната состојба на вработување на членови на заедниците, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 15.06.2012)“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-172  на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-477/1 до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната  информација.
„ Фотокопија од Анализата за сегашната состојба на вработување на членови на заедниците, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 15.06.2012)“.
Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-172 од 26.07.2012 година ја препрати Жалбата до Секретаријатот и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорил на Барањето, во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ниту на барањето на Комисијата за произнесување по Жалбата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата  изјавена од Г.С.  од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.С.  од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка-Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош на барателот да му овозможи пристап до бараната информација  “Увид во предмет У.бр 17-382 од 11.08.2000 година ако има потреба фотокопија верна на оригиналот“, без одлагање а најдоцна во рок од 3 дена од денот на доставувањето на предметите од Управниот суд, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-134 на  25.05.2012 година, изјавена од Г.С.  од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош, на барателот да му овозможи увид до бараната информација без одлагање а најдоцна во рок од 3 дена од денот на доставувањето на предметите од Управниот суд, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Г.С. од Скопје на 13.02.2012 година, поднела  Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош и побарала “Увид во предмет У.бр 17-382 од 11.08.2000 година ако има потреба фотокопија верна на оргиналот “.
Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-134 од 30.05.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи, Одделение за управна постапка Карпош и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош достави Известување заведено под бр.26-130/12 од 19.07.2012 година а во Комисијата под број 07-134 на 03.08.2012 година.
Во Известувањето покрај другото се наведува “На лицето Г.С. усно и беше укажано дека од страна на одделението за управна постапка направени се обиди бараниот предмет да се најде и дека истиот најверојатно како доказен материјал се наоѓа во предмети за денационализација кој по тужба од наследниците на Родна Сајковска е препратен до Управниот суд во Скопје.
Од Управниот суд предметите за денационализација се уште не се вратени.
Органот за управна пстапка во Карпош е обврзан, штом ќе бидат вратени предметите по денационализација од Управен суд, веднаш да ја извести барателката Стојановиќ Гордана и да ја повика да изврши увид во предмет 17-382 од 11.08.2000 година“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош по барањето на Комисијата за произнесување по доставената Жалба одговорило после два месеца од доставувањето на барањето на Комисијата, што е спротивно на сите рокови наведени во Законот за слободен пристап до информации и Законот за општата управна постапка.
Според Уредбата за канцелариско и архивско работење и според Законот за општата управна постапка, органите на државната управа се должни да ги чуваат документите и архивскиот материјал што ги донеле или со кои располагаат согласно нивните законски надлежности. Не е спорно, дека Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи, Одделение за управна постапка Карпош го поседувало и располагало со бараниот предмет кој според нивното Известување се наоѓа во Управниот суд.
Поради погоре наведеното и несразмерно долгите рокови на постапување по предметот, Комисијата го задолжи имателот без одлагање, а најдоцна во рок  од 3 дена по добивањето на предметите од Управниот суд, да му овозможат на барателот пристап до бараната информација.
Граѓаните имаат право на пристап до информации од јавен карактер. Ова право им е гарантирано со Уставот на Република Македонија, а операционализирано во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Транспарентноста, отчетноста и одговорноста на државните институции е од суштинско значење за едно демократско општество.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на барателите на информации да им обезбеди брз, едноставен и по можност бесплатен пристап до информации од јавен карактер.
Непостапувањето согласно Законот за слободен пристап до информации претпоставува прекршок за кој во наведениот Закон се предвидени прекршочни одредби.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Министерството за образование и наука по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Министерството за образование и наука  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација “Дали на наставниците во основното образование и на професорите во средните училишта исплаќањето на надоместокот на име трошоци за превоз(превозни трошоци) им било условено со поднесување на барање или изјава и приложување кон барањето или изјавата на патни билети или фискални сметки за извршен превоз во временскиот пeриод од 12.07.2007 г. 31.12.2008 г.“, најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-183 на 06.08.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Министерството за образование и наука по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
М.М. од Кавадарци, како што е наведено во Жалбата на 04.06.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука , со кое побарал да му ја достават следната информација “Дали на наставниците во основното образование и на професорите во средните училишта исплаќањето на надоместокот на име трошоци за превоз(превозни трошоци) им било условено со поднесување на барање или изјава и приложување кон барањето или изјавата на патни билети или фискални сметки за извршен превоз во временскиот пeриод од 12.07.2007 г. 31.12.2008 г. “.
Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-183 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука не одговори на  дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Министерството за образование и наука не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на Барањето на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи, Одделение за управна постапка Карпош по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи, Одделение за управна постапка Карпош  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи-Одделение за управна постапка Карпош на барателот да му ја достави бараната информација “Увид во предметот ДН бр.25-08-668/1 од 10.02.2010 година по потреба да ми биде издаден документ фотокопија верно на оргиналот и 19-08-130/1 од 2012.“, најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-178 на 27.07.12 година, изјавена од З.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи- Одделение за управна постапка-Карпош по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.Ј. од Скопје, како што е наведено во Жалбата на 26.06.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи-Одделение за управна постапка Карпош, со кое побарал да му ја достават следната информација “Увид во предметот ДН бр.25-08-668/1 од 10.02.2010 година по потреба да ми биде издаден документ  фотокопија верно на оргиналот и 19-08-130/1 од 2012“.
Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка Карпош, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-178 од 31.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка-Карпош и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи, Одделение за управна постапка-Карпош не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Министерството за финансии-Управа за имотно- правни работи, Одделение за управна постапка Карпош не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорило во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на Барањето на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.Ц. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Л.Ц. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „1.Деловодник на ЗС за периодот од 01.08.2010 година до 30.06.2012 година и 2. Писмен и финансиски извештај за откуп на градежното земјиште на кое лежи зградата, со сите финансиски документи за истиот (уплати од сопствениците, исплати, фактури, сметки и други финансиски документи)“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, на барателот да му ја достави бараната информација  најдоцна до 02.11. 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година,) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-197 од 09.08.2012 година, изјавена од Л.Ц. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и форма наведен во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Л.Ц. на 02.07.2012  година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6 и побарала да и ги  достави  следните информации:
„ 1.Деловодник на ЗС за периодот од 01.08.2010 година до 30.06.2012 година и 2. Писмен и финансиски извештај за откуп на градежното земјиште на кое лежи зградата, со сите финансиски документи за истиот (уплати од сопствениците, исплати, фактури, сметки и други финансиски документи) “.
З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-197 од 22.08.2012 година,  со препорачана поштенска пратка RR139643905 MK ја препрати Жалбата до З.Н. на адреса на која е доставено и Барањето за пристап до информации од јавен карактер – Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6 стан 18 Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата не одговори ниту на дописот на Комисијата.
На 30.08.2012 година Македонска пошта до Комисијата ја врати препорачаната поштенска пратка RR139643905 MK, со доставен печат од 24.08.2012 година  и со поштенски печат „не побарал“ .
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Решението на Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Решението на Собранието на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр.36-2842/7 од 12.09.2012 година на Собранието на Република Македонија, СЕ ПОТВРДУВА.

                                               О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број  07-175 на 19.09.2012 година, изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Решението бр.36-2842/7 од 12.09.2012 година, донесено од Собранието на Република Македонија, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспореното Решение е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата К.К. од Скопје на 19.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Собранието на Република Македонија и побарала да и ја достават следната информација.
 “-Во врска со јавниот оглас за избор на тројца кандидати од Република Македонија за член во КПТ, објавен на 19.07.2011, Ве молам да ми ги доставите следниве документи:
1.Биографии на тројцата избрани кандидати од РМ (Model Curriculum Vitae for CPT candidates).
2.Допис од Собранието на РМ со кој го информира Министерството за правда дека од страна на Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното Собрание на Советот на Европа е известено за потребата од спроведување на нова постапка за избор на тројца кандидати од РМ за член во КПТ
3.Известување од Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното Собрание на Советот на Европа упатено до Собранието на РМ за потребата од спроведување на нова постапка за избор на тројца кандидати од РМ за член во КПТ “.
 Собранието на Република Македонија во врска со ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, поради што барателот поднесе Жалба заведена во Комисијата под бр.07-175 од 25.07.2012 година.
Постапувајќи по Жалбата, Комисијата на 30.08.2012 година донесе Решение бр.07-175 со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Собранието на Република Македонија постапи по Решението на Комисијата и на 12.09.2012 година донесе Решение за одбивање на пристапот заведено под број 36-2842/7. Решението го достави до барателот и до Комисијата.
 Незадоволна од наведеното Решение К.К. поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-175 на 19.09.2012 година.
Во Жалбата се наведува “Напоменувам дека моето Барање за пристап до информации се однесува на јавниот оглас за избор на тројца кандидати од РМ за член на КТП, кој беше објавен на 19.07.2011 година т.е. се однесува за информации од јавен карактер за постапка која се одвивала пред повеќе од една година и која е завршена. Дотолку повеќе  што на 05.04. 2012 година е објавен нов јавен оглас од страна на надлежната Комисија за избор на тројца кандидати за член на РМ во КПТ……Воедно не е образложено што се подразбира под “предметот не е содржаен за постигнување на одреден јавен интерес“. Исто така наведува дека одбивањето на пристапот е извршено врз основа на член 6 ст.1 т.2 и 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер но истото не е образложено.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Собранието на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од К.К. од Скопје постапило по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и донело Решение за одбивање на  Барање за пристап до информации заведено под бр.36-2842/7 од 12.09.2012 година.
Во Образложението на Решението е опишана целата постапка по Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Покрај другото во Решението се наведува:“ Согласно член 6 став 1 точка 2 и 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и имајќи го во предвид предметното барање и направениот тест на штетност, според кој може да се предизвикаат последици врз постапката на која се однесува Барањето, односно предметот не е содржаен за постигнување на одреден јавен интерес, како и донесеното Решение од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и односните членови од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение“.
Според тоа, од списите на предметот и наводите во Решението Комисијата утврди дека имателот го спровел тестот  на штетност, кој покажал дека, како што е наведено и во одговорот до барателот, откривањето на бараната информација би предизвикало погрешно разбирање на содржината бидејќи бараната информација е се уште во постапка и е предмет на усогласување.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Известувањето бр.13/1-3184/2 од 28.06.2012 година на Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали на припадниците на воената полиција исплаќањето на надоместокот на име трошок за превоз(превозни трошоци) им било условено со поднесување на изјава и приложување кон барањето или изјавата на патни билети или фискални сметки за извршен превоз за временскиот период од 12.07.2007 до 31.12. 2008 г.“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-184 на 06.08.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Известувањето бр.13/1-3184/2 од 28.06.2012 година на  Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под број 07-184 на 06.08.2012 година, М.М. од Кавадарци, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана, со кое побарал да му ја достават следната информација “Дали на припадниците на воената полиција исплаќањето на надоместокот на име трошок за превоз(превозни трошоци) им било условено со поднесување на изјава и приложување кон барањето или изјавата на патни билети или фискални сметки за извршен превоз за временскиот период од 12.07.2007 до 31.12. 2008 г “.
Во врска со ова Барање, Министерството за одбрана до барателот доставило  Известување заведено под бр. 13/1-3184/2 од 28.06.2012 година со кое го известува барателот за материјата која е регулирана со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и за дефиницијата на “иматели“ според Законот, како и за јавните овластувања на Министерството за одбрана според Законот за одбрана(“Службен весник на РМ“ бр.42/01, 5/03, 58/06, 110/08, 51/11 и 151/11). На крајот од Известувањето Министерството за одбрана наведува: “Имајќи го предвид наведеното, бараната информација не претставува информација од јавен карактер во смисла на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Незадоволен од добиеното Известување, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-184 од 22.08.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана достави Произнесување по Жалба заведено под број 13/1-4469/2 од 07.09.2012 година, а во Комисијата заведено под број 07-184 на 02.10 2012 година.
Во Произнесувањето е наведено: “Министерството за одбрана во целост останува при наводите истакнати во Известувањето до барателот односно дека бараната информација“….не претставува информација од јавен карактер во смисла на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Министерството за одбрана не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во врска со тоа, Комисијата на Министерството за одбрана му укажува за следното.
Доколку Министерството сметало дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Во спротивно, требало да постапи согласно член 20 став 1 и 2 од Законот, односно ако позитивно одговори на Барањето да ја достави бараната информација до барателот и да изготви Записник или да донесе Решение за одбивање на пристапот, со образложение за одбивањето и по спроведувањето на тестот на штетност, согласно исклучоците од член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
    
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

           Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје,  по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-193 од 06.08.2012 година, изјавена од Д.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.С. од Скопје, на 21.07.2011 година, до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Агенцијата под Уп. бр. 1123/2866/1 од 21.07.2011 година и побарала “Увид во списокот на Аграрниот суд при окружниот народен одбор во Скопје бр.1355 од 30.12.1946 година за с. Оризари“. На ова Барање Агенцијата одговорила и донела Заклучок за прекинување на постапката кој барателот го примил на 03.07.2012 година.
Незадоволна од наведениот Заклучок, Д.С. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-193 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, и побара од Агенцијата во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје достави Одговор на Жалба УП.бр.1123-2866/2(2759/12) од 13.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-193 на 18.09.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Агенцијата наведува дека “…Донесениот Заклучок е донесен од причина што во архивата не може да се најде уверението бр.85-3/916 од 29.09.1983…”
По добивањето на наведениот одговор претставници од Комисијата на 02.10.2012 година, извршија увид во предметот во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје. При увидот во присуство на службеното лице за посредување со информации од јавен карактер од Агенцијата, беше утврдено дека бараната информација не може да се најде во архивата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, постапила по Барањето за пристап до информации од Д.С. и донела Заклучок за прекинување на постапката, затоа што не располага со бараната информација.
Врз основа на горенаведеното Комисијата утврди дека Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје е правилен и врз закон заснован, а Жалбата на жалителот неоснована.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип застапувано од секретарот О. Г., поднесена против Општина Пробиштип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип застапувано од секретарот О.Г., поднесена против Општина Пробиштип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер  “Елаборат со Извод од ДУП за ГП бр. 121,12 КП бр. 1002 (кој преставува прилог на актот од Општина Пробиштип до Управата за имотно правни работи Пробиштип, со ваш број 22-957/1 од 28.05.2012 год. за Одземање на корисничко право на дел од КП 1002/3)“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Општината на барателот да му ја достави бараната најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-321 на 13.08.2012 година, изјавена од Авто мото друштво Пробиштип од Пробиштип застапувано од секретарот О.Г., поднесена против Општина Пробиштип по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Општината на Авто мото друштвото Пробиштип од Пробиштип да му ја достави бараната информација најдоцна до 02.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Авто мото друштвото Пробиштип од Пробиштип на 15.06.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Пробиштип, заведено во Општината под бр.24-1027/1 и побарало по пошта да му биде доставена фотокопија од следната  информација:
„Елаборат со Извод од ДУП за ГП бр. 121,12 КП бр.1002 (кој преставува прилог на актот од Општина Пробиштип до Управата за имотно правни работи Пробиштип, со ваш број 22-957/1 од 28.05.2012 год. за Одземање на корисничко право на дел од КП 1002/3).“
Општината Пробиштип на ова Барање одговорила со Известување бр.08-1027/4 од 17.07.2012 година, во кое наведува дека “…таков документ согласно законот не сме во обврска да ви доставиме бидејќи тоа не е информација од јавен карактер. Согласно Законот за слободен пристап до информации, тоа се сите оние што ги создал имателот на информации во неговото работење, а Елаборатот ние како општина го порачавме и плативме за наши потреби да го изработи друг субјект.”
Незадоволно од добиеното Известување, Авто мото друштвото Пробиштип од Пробиштип поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-321 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Општината Пробиштип и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 На ова барање на Комисијата, Општината Пробиштип одговори со допис бр.24-1027/6 од 27.08.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-321 на 04.09.2012 година.
Во дописот Општината наведува дека Жалбата е неоснована и како таква бара да се одбие, притоа објаснувајќи ја спорната ситуација помеѓу Авто мото друштвото Пробиштип од Пробиштип и Општината Пробиштип. Во дописот до Комисијата, Општината наведува дека “…ние како општина Пробиштип го известивме правниот субјект АДМ Пробиштип да ја помести оградата која ја има поставено на земјиште на Република Македонија заради реализација на детален урбанистички план… Како подносителот на жалбата самиот не ја повлече оградата, во присуство на овластениот градежен инспектор изведувачот ја извади оградата и му ја остави на останатиот плац на АМД на кој има корисничко право.”
Во врска со горенаведеното, Комисијата и укажува на Општината Пробиштип дека спорната ситуација која е објаснета во дописот е сосема ирелевантна во постапката по Жалбата поднесена по Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер не е надлежна да постапува по евентуалниот имотно-правен спор помеѓу Општината Пробиштип и Авто мото друштвото Пробиштип од Пробиштип. Наместо наведеното, Општината Пробиштип била должна да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги образложи причините за недоставување на бараната информација согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општината Пробиштип не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му ја доставила бараната информација во законски предвидениот рок и форма.
Во врска со Известувањето доставена до Авто мото друштвото Пробиштип од Пробиштип, Комисијата на Општината Пробиштип и укажува на следното. Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од јавен карактер е “информација во која било форма што ја создал и со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности”. Како што се наведува во одговорот, Општината Пробиштип не ја создала бараната информација, Елаборатот, но располага со истата бидејќи ја порачала да ја изработи друг субјект за нејзини потреби и истата ја платила. Оттука таа е имател на бараната информација-Елаборат со Извод од ДУП за ГП бр. 121,12 КП бр.1002 и е должна истата да ја достави до Авто мото друштвото Пробиштип во форма и на начин наведени во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Медицински факултет Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Медицински Факултет Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА Медицинскиот факултет Скопје без одлагање, а најдоцна во рок од 30 дена, од денот на приемот на ова Решение, да го реши предметот.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управен суд У-5.бр.729/2010 од 09.05.2012 година, а во Комисијата заведена под број 07-470/1  на 17.09.2012 година,  ја разгледа Жалбата бр.07-14/2 од 04.04.2008 година, изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје и другите списи во врска со предметот ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Медицинскиот факултет Скопје без одлагање, а најдоцна во рок од 30 дена, од денот на приемот на ова Решение, да го реши предметот согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Доколку утврди дека бараната информација е од јавен карактер, веднаш на барателот да му обезбеди пристап до истата на начин и форма како што е наведено во барањето. Во спротивно да донесе решение за одбивање на пристапот. Пред да го донесе наведеното решение задолжително да го спроведе тестот на штетност.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
К.З. од Скопје на 19.09.2007 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Универзитет “Св.Кирил и Методиј“- Медицински Факултет Скопје, и побарала да и ја достават следната  информација.
 “Колкав е вкупниот приход на сметката за самофинансирање во 2006 година“.
Имателот на информацијата на ова Барање одговорил во законски предвидениот рок но не и законски предвидената форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Одговорот на Барањето Медицински факултет наведува. “Согласно Одлуката на деканот за деловна тајна овој вид на информации (финансиски документи и показатели за финансиско работење на факултетот) претставуваат и се сметаат за деловна тајна“.
Незадоволна од наведениот одговор К.З., преку полномошникот Ј.А. адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-597/2 од 14.11.2007година, ја препрати Жалбата до Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Медицински факултет Скопје. Во наведениот допис Комисијата ја објасни целата постапка во врска со Барањето за пристап до информации од јавен карактер, согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. И по укажувањата во овој допис Медицинскиот Факултет Скопје, постапи спротивно на одредбите од горенаведениот Закон.
По разгледувањето на наведената Жалба и другите списи во врска со предметот Комисијата на 21.12.2007 година, донесе Решение заведено под бр.07-563/5, со кое ја УВАЖИ Жалбата и предметот го врати на повторно постапување.
    Во Образложението на Решението нагласи дека при повторното постапување по предметот Медицинскиот Факултет – Скопје треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Медицинскиот факултет не постапил по наведеното Решение на Комисијата. Од тие причини К.З. како барател на информацијата, преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, поради како што се наведува во Жалбата, неовозможување пристап до информацијата, повторно достави Жалба до Комисијата заведена под бр.07-14/2 на 04.04.2008 година, во која покрај другото наведува дека, имателот на информацијата и по донесувањето на Решението на Комисијата, повторно во законски предвидениот рок не овозможил пристап до бараната информација, односно не го спровел Решението на Комисијата.
На 30.07.2008 година барателот на информацијата поднесе Ургенција за постапување по жалба, а бидејќи Комисијата не донесе решение по Жалбата, а не одговори ниту на Повторното барање на жалителот, тој поднесе Тужба за управен спор поради молчење на администрација.   
Управниот суд со Пресуда У.бр.3286/2008 година од 17.02.2010 година, ја задолжи Комисијата да постапи по Жалбата.
Комисијата постапи по Пресудата и на 12 мај 2010 година, донесе Решение заведено под бр.07-150/2  со кое  Жалбата ја одби како неоснована.
Против ова Решение К.З. на 09.07.2010 година, поведе управен спор.
Управниот суд решавајќи по Тужбата на 09.05.2012 година, донесе Пресуда со која Тужбата на тужителот К.З. од Скопје, ја уважи а Решението на Комисијата бр.07-150/2 од 12.05.2012 година, го поништи.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по наведената Пресуда повторно ја разгледа Жалбата и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.   
При одлучувањето Комисијата ги имаше во предвид укажувањата и напатствијата на Управниот суд.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од Адвокатското Друштво Доневски, преку адвокат В.Д. од Скопје, поднесена против Основен суд Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на  9 октомври 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од Адвокатското Друштво Доневски, преку адвокат В.Д. од Скопје, поднесена против Основен суд Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-347 на 23.08.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од Адвокатското Друштво Доневски, поднесена преку адвокатот В.Д. од Скопје,  против Основен суд Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-347 на 23.08.2012 година, Македонското здружение на млади правници поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0306-829/1 на 09.07.2012 година до Основен суд Струга и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
„Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“.
 Основен суд Струга, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-347 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Струга и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основен суд Струга, по барањето на Комисијата достави до Комисијата  Известување Су.бр. 0306-886/12 од 04.09.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-347 на 14.09.2012, во прилог на истото го достави Известувањето насловено до Македонското здружение на млади правници, заведено во Основен суд Струга под Су.бр.0306-792/12 на 18.07.2012 година. Во прилог на Известувањето достави Одговор на Барање насловено до Македонското здружение на млади правници Су.бр.0306-792/12 од 18.07.2012 година
Во Известувањето на Жалбата освен другото е наведено дека „Основниот суд во Струга во текот на месеците јули и август не можеше да испраќа пошта бидејќи беше блокиран од страна на АД Македонски пошти, а поради неизмирен долг. По престанокот на забраната и нормалното испраќање на пратки, дописот е испратен на барателот“.
Одговорот на барањето од Основен суд Струга на 20.09.2012 година, од Комисијата го подигна претставник од Македонското здружение на млади правници.
Македонското здружение на млади правници на 24.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека не се откажува од Жалбата и бара Комисијата да донесе соодветно решение.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Основен суд Струга постапил по Барањето, но одговорот го доставил со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.   
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

*********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Јавно обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Копија од кварталните извештаи за случаите на корупција-број на покренати истраги, обвиненија и пресуди обврски согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-189 на 06.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-189 на 06.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија   поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-481 на 07.06.2012 година до Јавното обвинителство на Република Македонија и побарала по пошта да и ја достават следната информација.
„Копија од кварталните извештаи за случаите на корупција-број на покренати истраги, обвиненија и пресуди обврски согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012)“.
Јавното обвинителство на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-189 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Јавното обвинителство на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното обвинителство на Република Македонија, по барањето на Комисијата достави  Одговор на Жалба  А бр. 251/12  од 27.08.2012 година,а во Комисијата заведен под бр.07-189 на 27.08.2012 година.
Во Одговорот на Жалба се наведува дека барање на кое барателот се повикува во Жалбата не е доставено до Јавното обвинителство. Во продолжение на одговорот на Жалбата одговара и на наведеното барање.
По добивањето на наведениот одговор службеното лице кое постапува по предметот го препрати до Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Полномошникот на жалителот Фондација Отворено општество Македонија, со Известување заведено во Комисијата под бр.07-189 на 20.09.2012 година,  ја извести Комисијата дека “одговорот е задоволителен“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З. од Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Судски совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 октомври 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З. од Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Судски совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали е донесена и имплементирана во РМ Методологија за водење на унифицирана статистика врз основа на (Gojust) насоките на Европската комисија за ефикасност на правдата“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-371  на 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З. од Адвокатско друштво Бона Фиде од Скопје, против Судски совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Судскиот совет на РМ бр.03-1164/1 на 12.07.2012 година и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
„ Дали е донесена и имплементирана во Р.М Методологија за водење на унифицирана статистика врз основа на (Gojust) насоките на Европската комисија за ефикасност на правдата“.
Судскиот совет на Република Македонија на ова Барање одговорил со Известување бр.03-1164/2 од 10.08.2012 година.
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници поднесе Жалба до Комисијата
Комисијата со допис бр.07-371 од 06.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Судскиот совет и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Судскиот совет на Република Македонија, по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-1164/4 од 14.09.2012 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-371 на 02.10.2012 година. Во прилог го достави Известувањето насловено до Македонското здружение на млади правници, заведено во Судскиот совет на Република Македонија под бр.03-1164/2 на 10.08.2012 година.
Во Одговорот на Жалбата, меѓу другото, е наведено дека „Наводите изнесени во жалбата дека Судскиот совет на Република Македонија, како имател на информации не постапила во целост по барањето односно дека не им била доставена фотокопија од Методологијата за судска статистика, се неосновани од причина што Судскиот совет има постапено во целост по барањето, бидејќи во делот од образецот „опис на информацијата која се бара“, барателот поставил само прашање „Дали е донесена и имплементирана во РМ Методологија за водење на унифицирана статистика врз основа на (Gojust) насоките на Европската комисија за ефикасност на правда“, но не и дека оваа методологија бара да му биде доставена од наша страна“.
По разгледувањето на Одговорот, службеното лице кое постапува по предметот телефонски контактираше со службеното лице за посредување со информации во Судскиот совет и му укажа дека се должни да одговорат на делот од Барањето кој се однесува на имплементирање на Методологијата за водење на унифицирана статистика врз основа на (Gojust) насоките на Европската комисија за ефикасност на правдата.
Наводот во Жалбата дека барателот бара Методологијата да му биде доставена во фотокопија и тоа по пошта не е точен. Комисијата утврди дека, со Барањето барателот бара информација дали Методологијата е донесена и имплементирана, а не и нејзина фотокопија.
Судскиот совет на Република Македонија по факс на 03.10.2012 година, достави допис бр. 03-1164/5 насловен до Македонското здружение на млади правници, со кој барателот дополнително го известува за делот од барањето на кој не му било одговорено.
Македонското здружение на млади правници на 03.10.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање до Судскиот совет на Република Македонија се задоволни од добиеното дополнително известување од Судскиот совет, евидентирано под број 3-1164/5 од 03.10.2012 година.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Адвокатска канцеларија Иван Поповски, против Основен суд Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следниот

                                                          З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Адвокатска канцеларија Иван Поповски, против Основен суд Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

                                                     О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-366  на 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Адвокатска канцеларија Иван Поповски, против Основен суд Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0306-815/1 на 11.07.2012 година до Основен суд Кичево и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
„Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“.
 Основен суд Кичево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-366 од 06.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Кичево и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основен суд Кичево, по барањето на Комисијата достави до Комисијата  Одговор на Жалба Су.бр. 0301-520/12 од 12.09.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-366 на 24.09.2012, во прилог на истото го достави Известувањето насловено до Македонското здружение на млади правници, заведено во Основен суд Кичево под Су.бр.0301-409/12 на 11.09.2012 година.
Во Одговорот на Жалбата, меѓу другото, е наведено дека „На Барањето, а поради користење на годишниот одмор, одговорено е после законскиот рок и истото е доставено до жалителот…“.
Македонското здружение на млади правници на 25.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање до Основен суд Кичево се задоволни од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Основен суд Кичево постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Основен суд Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 октомври 2012 година, го донесе следниот

                                      

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Основен суд Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

                                   О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-370  на 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Основен суд Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0306-826/1 на 11.07.2012 година до Основен суд Свети Николе и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
„Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“.
 Основен суд Свети Николе, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-370 од 06.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Свети Николе и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основен суд Свети Николе, по барањето на Комисијата достави до Комисијата  Одговор на Жалба Су. 372/12 од 12.09.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-370 на 24.09.2012. Во прилог на Одговорот достави копија од електронскиот допис насловен до Македонското здружение на млади правници од 25.09.2012 година, во кој е наведено дека „…одговорот…е испратен…со нивна согласност и на меил, а исто така…и по пошта…“.
Македонското здружение на млади правници на 25.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање до Основен суд Свети Николе се задоволни од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Основен суд Свети Николе постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.