ДОНЕСЕНИ 11 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 28 седница одржана на 30 август 2012 година, донесе  11 решенија и  7  заклучоци.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-153 на 12.07.2012 година, изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.М. од Скопје на 04.06.2012 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Радиоаматерскиот сојуз на Македонија и побарал по пошта или по е-маил да му достават фотокопија или електронски запис од информациите:
„1. Важечки (актуелен) Статут на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија (РСМ) и
  2. Деловодник на РСМ за периодот 01.01. до 30.06.2011 година.“
 Радиоаматерскиот сојуз на Македонија на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледување на Жалбата Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) „иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.”
       За имателите на информации кои не се прецизно дефинирани во наведениот член, Комисијата тргнува од фактот дали физичкото или правното лице врши јавни овластувања.
Според правната наука, јавните овластувања се функции на државата чие вршење се доверува на установи, организации и заедници и најчесто се однесува на одделни односи од пошироко значење (решавање во поединечни управни работи, водење на евиденција, издавање на јавни исправи и слично).   
При утврдувањето на Листата на иматели, Комисијата тргнува од матичниот закон односно законот кој претставува lex specialis во работењето на правното лице.
Доколку во конкретниот закон постои обврска за правното лице да врши јавни овластувања, тогаш Комисијата наведените правни и физички лица ги третира како иматели на информации од јавен карактер.
Што се однесува конкретно до Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, Комисијата ниту во Законот за радиодифузна дејност, ниту во Законот за електронски комуникации не најде член во кој е регулирано дека определени јавни овластувања на Советот за радиодифузија, или на Агенцијата за електронски комуникации се пренесуваат на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
Исто така, Комисијата не најде член ниту во Статутот на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, од кој произлегува обврска за сојузот да врши јавни овластувања.
Од наведените причини Комисијата смета дека Радиоаматерскиот сојуз на Македонија не е имател на информации, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оттука и постапката по наведеното Барање не може да се спроведе согласно одредбите од горенаведениот закон.
       Поради погоре изложеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против Општина Куманово по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),   на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против Општина Куманово по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Куманово на барателот да му ја достави бараната информација “Извод од ДУП бр.21-123/2 од 10.01.2011 на Општина Куманово“, најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-155 од 13.07.2012 година, изјавена од И.А. од Куманово, поднесена против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Куманово на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, И.А. од Куманово, на 25.05 2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Куманово и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната  информација.
“Извод од ДУП бр.21-123/2 од 10.01.2011 на Општина Куманово “.
Општина Куманово на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-155 од 16.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
 Во врска со ова Барање Општина Куманово достави Одговор на Жалба бр.Уп1-30-8283 од 27.07. 2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-155 на 03.08.2012 година. Со овој Одговор покрај другото Општината ја известува Комисијата дека, “…поради зголемениот обем на работа, не можевме да го пронајдеме предметот бр.21-123/2 од 10.01.2011 год, кој во архивата е заведен како Барање за издавање на извод од ДУП поднесено од М.K. од Куманово … не може да се утврди за која катастарска парцела се однесува изводот од ДУП кој го бара подносителот на барањето, па доколку подносителот на жалбата достави такви информации бараниот акт ќе биде изготвен од наша страна и ќе му биде доставен“.
И.А. од Куманово на 15.08.2012 година по меил ја известува Комисијата дека „Општина Куманово мора да ја поседува оваа информација бидејќи истата во овој случај не е само имател на информацијата, туку и нејзин создавач“.
Во прилог достави фотокопија од Изводот од Имотен лист бр.1 за КО Куманово, издаден од АКН – Одделение за катастар на недвижности Куманово.
Врз основа на списите на предметот и одговорот на имателот, Комисијата утврди дека Општина Куманово ја создал и ја поседува бараната информација.
Наведените причини не може да се прифатат како оправдување за недоставување на бараната информација. И според Уредбата за канцелариско и архивско работење и според Законот за општата управна постапка, Законот за локална самоуправа, општините се должни да ги чуваат документите што ги донеле во согласност со нивните надлежности.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Фотокопија од деловодникот на ЗС, за периодот од 01.08.2010 година заклучно со ден пред денот на доставата“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, на барателот да му достави бараната информација  најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и форма наведена во Барањето.

                                                        О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година,) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-140 од 18.06.2012 година, изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
С.М. од Скопје, како што се наведува во Жалбата на 10.05.2012 година по меил, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Звонко Наумоски-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата и побарал по пошта да му ја достави следната информација.
“Фотокопија од деловодникот на ЗС, за периодот од 01.08.2010 година заклучно со ден пред денот на доставата“.
Звонко Наумовски, претседателот на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-140 од 27.06.2012 година, ја препрати Жалбата до З.Н. на адреса на Заедницатата на сопственици на посебни делови во зградата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Дописот испратен од Комисијата со препорачена пошта, доставница, од страна на поштата се врати во Комисијата на 09.07.2012 година со напомена дека примачот “не побарал“.
Комисијата на 16.07.2012 година истот допис повторно го достави преку пошта со препорачена пратка, до “З.Н., претседателот на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата ул“Јане Сандански“ бр.12 влез 6“. Пратката повторно беше вратена во Комисијата  на 25.07.2012 година со напомена “не побарал“.
Службеното лице што постапува по предметот на 03.08.2012 година разговараше телефонски со З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата. Во разговорот З.Н. се произнесе дека не го прифаќа Барањето за пристап до информации од јавен карактер како барање, поради тоа што било испратено од Барателот на приватен меил, освен тоа укажува дека информациите што ги бара С.М. се деловни тајни. Исто така, Завонко Наумовски во разговорот  укажа  дека  Барањето треба до го испрати до Куќен совет по пошта.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата по Барањето за пристап до информации не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во телефонскиот разговор со службеното лице З.Н., претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата не негира дека Барањето за пристап до информација од јавен карактер го добил, но на приватен меил. Комисијата смета дека наведеното не е пречка имателот да постапи по Барањето, дотолку повеќе што од старна на барателот Комисијата беше информирана дека наведениот меил од страна на З.Н. бил истакната на огласна табла во врска со некоја обврска на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, како меил за комуникација со станарите. Од ова произлегува дека З.Н. во одредени случаи ги прима барањата на станарите по меил а во одредени не.
 Комисијата направи два обида да достави допис за произнесување на Жалба на адреса на зградата на која е регистрирана и Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата но и во двата случаи дописот се врати со напомена “не побарал“. Согласно член 10 точка 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка “Доколку странката по истекот на седум дена, сметано од денот на прикачувањето на известувањето на вратата на станот или седиштето, не изврши прием на писменото, односно не преземе активности на кои е упатена, органот ќе констатира дека доставата е уредно извршена.“ Со оглед на наведното доставата од страна на Комисијата е уредна и предметот  е земен во постапка.
Што се однесува до наводите на З.Н. – претседател н
а Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата дека “бараните информации се деловна тајна“ истите се неосновани и спротивни на Законот за домување.
Согласно со член 59 точка 2 од наведениот Закон “2) Претседателот ги презема сите работи што се однесуваат на управувањето со станбената зграда во име и за сметка на заедницата на сопственици“, а во врска со член 19 точка 8 , “ги информира сопствениците на посебните делови за својата работа и им доставува месечни и годишни пресметки“, претседателот е должен сите документи, информации, договори, писмена и друго да им ги поднесува на увид или да им ги даде во фотокопија на сите заинтересирани сопственици на посебни делови во зградата било на собир на станари било поединачно и истите не смеат да претставуваат “деловна тајна“ за сопствениците.
Законот за класифицирани информации не познава степен на класификација “деловна тајна“. Бараните информации се информации од јавен карактер и имателот е должен да му ги достави на барателот.
Непостапувањето по Барањето за информации од јавен карактер и недоставувањето на информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и за истото е предвидено глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност.
Истото преставува прекршок и согласно член 125 од Законот за домување и за истото е предвидено “Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност за прекршок на правно лице – управител, односно заедница на сопственици, ако, не ги извршува обврските од членот 19 на овој закон“.
Исто така, Комисијата на З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата му укажува дека во иднина по поднесените Барања за пристап до информации од јавен карактер е должен да постапува согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според член 20 од наведениот Закон, ако имателот на информацијата позитивно одговори на Барањето, за тоа ќе изготви записник. Ако имателот на информацијата, Барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение. Одбивањето мора да биде согласно член 6 од наведениот Закон по претходно спроведен тест на штетност.
Доколку имателот на информацијата не располага со бараната информација, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должен е да донесе заклучок за прекинување на постапката.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),   на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за  правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Предлог-закон за изменувања и допoлнувања на Законот за судови, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 31.05.2012) “, најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-158 од 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Отворено општество-Македонија, на 02.06 2012 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната  информација.
“Копија од Предлог-закон за изменувања и доплнувања на Законот за судови, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 31.05.2012) “.
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-158 од 23.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
 Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалбата бр.14-2409/4 од 31.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-158 на 03.08.2012 година. Со овој Одговор Министерството ја известува Комисијата дека, на барателот му доставило Известување бр.14-2409/2 од 16.07.2012 година. Истото го достави во прилог до Комисијата.
Во врска со датумот на ова Известување Комисијата му укажува на Министерството за правда дека е должно на Барањата за пристап до информации од јавен карактер да одговара во рокот предвиден во Законот, а не со задоцнување како што е во конкретниов случај.   
 Во Известувањето е наведено „…Ве информираме дека бараната информација можете да ја најдете на веб страницата www.sobranie.mk“.
Во врска со Известувањето “Ве информираме дека бараната информација можете да ја најдете на веб страницата www.sobranie.mk“, Комисијата укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
На имателот и во претходните години му е укажано дека ваквиот начин на постапување по Барањето не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но имателот продолжува да постапува на ист начин.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот  Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за внатрешни работи по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),   на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за внатрешни работи по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот“за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012) “, најдоцна до 17 септември  2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-166 од 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Отворено општество-Македонија, на 07.06 2012 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната  информација.
“Копија од Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот“за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012 “.
Министерството за внатрешни работи на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-166 од 26.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
 Во врска со ова Барање Министерството за внатрешни работи достави Одговор на Жалбата бр.15.2-47679/1 од 07.08.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-166 на 13.08.2012 година. Со овој Одговор Министерството ја известува Комисијата дека, на барателот му се доставени  одговори на барањата.
Во прилог го достави и Одговорот до барателот бр.15-35784/2 и  15-35785/2 од 07.08.2012 година.
Во врска со датумот на ова Известување Комисијата му укажува на Министерството за внатрешни работи дека е должно на Барањата за пристап до информации од јавен карактер да одговара во рокот предвиден во Законот, а не со задоцнување како што е во конкретниов случај.   
 Во Известувањето е наведено „…Во врска со Вашето барање бр. 11-482/2- копија од Предлог законот……., Ве известуваме дека истиот можете да го најдете на интернет страницата на МВР  www.mvr.gov.mk, или на интернет страницата на Единствениот национален регистер на прописи на Република Македонија (www.ener.gov.mk)“.
Во врска со наведеното Известување, Комисијата укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), “Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),   на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за  правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од преведените 22 релевантни пресуди на Европскиот суд за човекови права од член 10, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на обврска до 20.05.2012)“, најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-168 од 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ  и  ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 17 септември 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Отворено општество-Македонија, на 07.06 2012 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната  информација.
“Фотокопија од преведените 22 релевантни пресуди на Европскиот суд за човекови права од член 10, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на обврска до 20.05.2012) “.
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-168 од 26.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
 Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалбата бр.19-2415/4 од 10.08.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-168 на 13.08.2012 година. Со овој Одговор Министерството ја известува Комисијата дека, на барателот му доставило Известување бр.19-2415/2 од 16.07.2012 година. Истото го достави во прилог до Комисијата.
Во врска со датумот на ова Известување Комисијата му укажува на Министерството за правда дека е должно на Барањата за пристап до информации од јавен карактер да одговара во рокот предвиден во Законот, а не со задоцнување како што е во конкретниов случај.   
 Во Известувањето е наведено “…Пресудите што ги барате можете да ги најдете и преземете од веб страницата www.pravda.mk, линк-пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права, линк-пракса на ЕСЧП“.
Во врска со Известувањето “Ве информираме дека бараните информации можете да ги најдете и да ги преземете од веб страницата www.правда.mk…..“, Комисијата укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), “Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
На имателот и во претходните години му е укажано дека ваквиот начин на постапување по Барањето не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но имателот продолжува да постапува на ист начин.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Советот на јавни обвинители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006), 86/2008 и 6/2019 на седницата одржана на 30 август  2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Одговорот на Советот на јавни обвинители на Република Македонија бр.А.бр.213/12 од 13.07.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА  Советот на јавни обвинители на Република Македонија, да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006,86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата број 07-180 од 30.07.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Одговорот на Советот на јавни обвинители на Република Македонија бр.А.бр.213/12 од 13.07.2012 година, ЈА УВАЖИ и го Задолжи Советот на јавни обвинители на Република Македонија, да го препрати Барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници, како што е наведено во Жалбата, на 09.07.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, и побарало по пошта да му ја достават во фотокопија следната информација:
“Дали е изработена Студија за потребите од воведување на софтвер за управување со предмети во јавните обвинителства, воведување на интернет, изработка на веб страни и мрежно поврзување на сите јавни обвинителства. Ако е изработена ве молиме доставете ни фотокопија. Ако не е изработена дали е планирана нејзина изработка и кога?  “ .
Советот на јавни обвинители на Република Македонија на 13.07.2012 година доставил Одговор до барателот А.бр.211-3/12 во кој наведува: “ Во поглед на изработената студија за потребите од воведување на софтвер за управување со предмети во јавните обвинителства, воведување на интернет, изработка на веб страни и мрежно поврзување на сите јавни обвинителства, за информација ќе се обратите до Министерството за правда и до Јавното обвинителство на Република Македонија во чија надлежност се овие активности“.
Незадоволно од добиениот Одговор, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, поднесе  Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-180 на 30.07.2012 година.
Комисијата со допис број 07-180 од 31.07.2012 година ја препрати Жалбата до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Советот на јавни обвинители на Република Македонија на  27. 08.2012 година во врска со ова барање на Комисијата, достави Одговор на Жалба, заведен под бр.А бр.211-5/12, а во Комисијата под бр.07-180 на 27.08.2012 година, во кој наведува: “…Додека за бараната информација која се однесува во врска со изработката на студии за потребите од воведување на софтвер за управување со предмети во јавните обвинителства, воведување на интернет, изработка на веб страни и мрежно поврзување на сите јавни обвинителства, не се во надлежност на Советот на јавни обвинители на Република Македонија, па од тие причини на барателот на информациите му беше посочено поради добивање на изворни и точни информации да се обрати до надлежните институции, поточно до Министерството за правда на Република Македонија и до Јавното обвинителство на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го утврди следното.
При постапувањето по Барањето, Советот на јавни обвинители на Република Македонија погрешно го применил Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Советот на јавни обвинители на Република Македониај не го земал во предвид членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), според кој “Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на приемот на Барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор
пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата  изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против  Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер на барателот да му овозможи пристап до бараната информација “1.Биографии на тројцата избрани кандидати од РМ (Model Curriculum Vitae for CPT candidates).
2.Допис од Собранието на РМ со кој го информира Министерството за правда дека од страна на Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното Собрание на Советот на Европа е известено за потребата од спроведување на нова постапка за избор на тројца кандидати од РМ за член во КПТ.
3.Известување од Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното Собрание на Советот на Европа упатено до Собранието на РМ за потребата од спроведување на нова постапка за избор на тројца кандидати од РМ за член во КПТ “, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-175 на 23.07.2012 година, изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата, К.К. од Скопје на 19.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Собранието на Република Македонија  и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“-Во врска со јавниот оглас за избор на тројца кандидати од Република Македонија за член во КПТ, објавен на 19.07.2011, Ве молам да ми ги доставите следниве документи:
1.Биографии на тројцата избрани кандидати од РМ (Model Curriculum Vitae for CPT candidates).
2.Допис од Собранието на РМ со кој го информира Министерството за правда дека од страна на Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното Собрание на Советот на Европа е известено за потребата од спроведување на нова постапка за избор на тројца кандидати од РМ за член во КПТ
3.Известување од Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното Собрание на Советот на Европа упатено до Собранието на РМ за потребата од спроведување на нова постапка за избор на тројца кандидати од РМ за член во КПТ “.
 Собранието на Република Македонија, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-175 од 25.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Собранието на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Собранието на Република Македонија до Комисијата достави Известување 36-2842/5 од 31.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-175 на 03.08.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека има одговорено на предметното барање и одговорот до барателот го доставило на 20.07.2012 година.
Во прилог го достави Одговорот до барателот. Во одговорот е наведено:
“ Во врска со Вашето барање врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бр.36-2842/1 од 19.06.2012 година, врз основа на членот 6 точка 7, Ве информираме дека бараната информација е се уште во постапка и е предмет на усогласување.
Со цел да не се предизвика кај барателот на информацијата погрешно разбирање на содржината, во моментов нема законска можност истата да Ви биде доставена“.
Во врска со наведеното, Комисијата утврди дека Собранието на Република Македонија не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниов случај, Собранието на Република Македонија во Одговорот до Барателот наведува дека, бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап согласно членот 6 став 7 од наведениот закон но не донело Решение за одбивање.
При одбивањето на пристапот до бараната информација согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот е должен да донесе Решение за одбивање на пристапот со образложение за одбивањето. Притоа е должен да го направи тестот на штетност која е задолжителна постапка која ја спроведува имателот пред да го одбие пристапот согласно со член 6 од овој закон, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Доколку пак Собранието во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер  (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Извештај за процена на ефектите од светската економска криза“ се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето, најдоцна до 17.09.2012 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-149 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на Фондацијата Отворено општество – Македонија  да му ја достави бараната информација најдоцна до 17.09.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија  на 02.05.2012  година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Извештај за процена на ефектите од светската економска криза“.
 Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-149 од 10.07.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 14-3192/87 од 16.07.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-149 на 18.07.2012 година. Во прилог на наведениот Одговор е доставена фотокопија од Одговор на Барање бр. 14-3192/72 од 09.07.2012 година, насловен до Фондацијата Отворено општество – Македонија. Во истиот е наведено дека Министерството за труд и социјална политика не располага со бараниот документ.
  Фондацијата Отворено општество – Македонија на 27.07.2012 година до Комисијата достави електронски допис во кој наведува дека не е задоволна од Одговорот од Министерството за труд и социјална политика „…од причина што истиот сме го побарале врз основа на НПАА 2012…“.
На 03.08.2012 година, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави нов Одговор на Жалба, во чиј прилог е доставен Заклучок за прекинување на постапката бр.14-3192/93 од 25.07.2012 година, со образложение дека „…имателот на информацијата по спроведена постапка утврди дека не располага со бараната информација…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно до барателот не доставило информација со која располага.
На страница 266 од Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија за 2012 година, во делот 3.19.3, кој се однесува на тековната состојба на Социјалниот дијалог, меѓу другото е наведено: „…реализирани се повеќе активности кои имаа за цел јакнење на капацитетите на социјалните партнери. Во овој дел, од страна на Министерството за труд и социјална политика беа организирани различни активности…кои беа насочени кон поттикнување активно учество и придонес на социјалните партнери…Активно беа вклучени во имплементација на проектот „Стратегии за поддршка на заздравувањето од кризата во Југоисточна Европа“ поддржан од Меѓународната организација на трудот. Целта на проектот беше промовирање на продуктивно заздравување насочено кон инвестиции…за што се одржаа неколку состаноци со експертите ангажирани на овој проект…Се изготви и Извештај за процена на ефектите од светската економска криза“.
Од цитираниот дел од Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија за 2012 година се заклучува дека Министерството за труд и социјална политика активно учествувало во изготвување на Извештај за процена на ефектите од светската економска криза, информација која е побарана од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Министерството било должно да располага со бараната информација, која требало да му ја достави на барателот во законски предвидениот рок
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од „Фокус Прес“ ДОО од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

                                             Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од „Фокус Прес“ ДОО од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

                                                  О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-154 на 13.07.2012 година, изјавена од „Фокус Прес“ ДОО од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:    
М.С., новинар од „Фокус Прес“ ДОО од Скопје, преку е-маил, на 23.05.2012 година, повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата, од која побарала да и биде одговорено на следните прашања:
„Телевизиите Канал 5 и Сител во своите извештаи за ланските парламентарни избори наведоа дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им должи околу 1,6 милиони евра, односно околу 740.000 евра. Дали ваквите долгови од изборната кампања се во рамките на законот, кога изборните жиро сметки треба да се згаснати, а во Изборниот законик децидно стои дека „сите трошоци за изборната кампања исклучиво ќе се покријат од средствата на жиро сметката за изборната кампања„?. Дали гледате простор за ваша реакција во овој случај? Доколку некој од медиумот го отпише долгот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа ќе се смета за дополнителна донација која, пак, антикорупциската комисија треба да испита дали влегува во дозволениот законски лимит. Дали воопшто следите и барате информации за тоа: како ќе се затворат овие долгови? Дали постои корупција кога одредени медиуми даваат огромни попусти за предизборното рекламирање на владејачката партија, а владата на истите медиуми им дава најголем дел од владините кампањи и огласи?“.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-154 од 16.07.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од Државната комисија за спречување на корупцијата во рок од три дена од денот на доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Во врска со ова Барање Државната комисија за спречување на корупцијата достави Одговор на Жалба бр.03-538/7 од 19.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-154 на 03.08.2012 година, во кој наведува дека доставила одговор на Барањето до М.С., новинар од „Фокус Прес“ ДОО од Скопје. Во прилог на Одговорот достави Известување бр.03-538/5 од 07.06.2012 година, насловено до М.С., новинар од „Фокус Прес“ ДОО од Скопје, кое фактички е одговор на нејзиното Барање. Исто така, достави и поштенска доставница со поштенски печат од 11.06.2012година, од која се гледа дека доставата е уредно врачена.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека наводите во Жалбата се неосновани, односно немало молчење на администрација. Државната комисија за спречување на корупцијата одговорила на Барањето на М.С., новинар од „Фокус Прес“ ДОО од Скопје во законски предвидениот рок (доказ фотокопија од одговор и фотокопија од доставница).  
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следното

                                                             Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-177 на 27.07.2012 година, изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.М. од Скопје на 21.06.2012 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Радиоаматерскиот сојуз на Македонија и побарал по пошта или по е-маил да му достават фотокопија или електронски запис од информациите:
      „1. Записник од одржано годишно Собрание на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија (РСМ) во 2011 година и Одлука, врз основа на кои е извршена пререгистрација на РСМ во Централен регистар и
  2.Решение на Централниот регистар на Република Македонија од 2011 година, со кое е извршена пререгистрација на РСМ, согласно со Законот за здруженија и фондации.“
 Радиоаматерскиот сојуз на Македонија на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледување на Жалбата Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) „иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.”
За имателите на информации кои не се прецизно дефинирани во наведениот член, Комисијата тргнува од фактот дали физичкото или правното лице врши јавни овластувања.
Според правната наука, јавните овластувања се функции на државата чие вршење се доверува на установи, организации и заедници и најчесто се однесува на одделни односи од пошироко значење (решавање во поединечни управни работи, водење на евиденција, издавање на јавни исправи и слично).   
При утврдувањето на Листата на иматели, Комисијата тргнува од матичниот закон односно законот кој претставува lex specialis во работењето на правното лице.
Доколку во конкретниот закон постои обврска за правното лице да врши јавни овластувања, тогаш Комисијата наведените правни и физички лица ги третира како иматели на информации од јавен карактер.
Што се однесува конкретно до Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, Комисијата ниту во Законот за радиодифузна дејност, ниту во Законот за електронски комуникации не најде член во кој е регулирано дека определени јавни овластувања на Советот за радиодифузија, или на Агенцијата за електронски комуникации се пренесуваат на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
Исто така, Комисијата не најде член ниту во Статутот на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија, од кој произлегува обврска да врши јавни овластувања.
Од наведените причини Комисијата смета дека Радиоаматерскиот сојуз на Македонија не е имател на информации, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оттука и постапката по наведеното Барање не може да се спроведе согласно одредбите од горенаведениот закон.
       Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од К.К. од Скопје, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Организациона поставеност на Националниот превентивен механизам-Организациска единица за превенција од тортура и друг вид на свирепо, нечовечко или понижувачко постапување или казнување (име и презиме на вработените и работното место на кое се распоредени т.е. функција/звање) “, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-176 на 23.07.2012 година, изјавена од К. К. од Скопје, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата, К.К. од Скопје на 19.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Народниот правобранител на Република Македонија  и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Организациона поставеност на Националниот превентивен механизам-Организациска единица за превенција од тортура и друг вид на свирепо, нечовечко или понижувачко постапување или казнување (име и презиме на вработените и работното место на кое се распоредени т.е. функција/звање) “.
Народниот правобранител на Република Македонија, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-176 од 25.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Народниот правобранител и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Народниот правобранител на Република Македонија до Комисијата достави Известување ИЈК бр.12/5 од 30.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-176 на 31.07.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставил Одговор на Барањето на 19.07.2012 година. Во прилог достави копија од доставната книга од пошта.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување ( 1 ден). Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Општина Ресен по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Општина Ресен по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ и колку средби одржале со граѓаните на вашата општина “, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-179 на 30.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Општина Ресен по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 09.07.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Ресен  и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ и колку средби одржале со граѓаните на вашата општина “.
Во врска со ова Барање Општина Ресен доставила Одговор до барателот заведен под бр.09-1922/6 од 19.07.2012 година.
Незадоволен од добиениот Одговор, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-179 од 31.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Ресен и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Ресен до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.09-2198/1 од 07.08.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-179 на 13.08.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето на 19.07.2012 година и дека Барањето ке биде препратено до имателот на информацијата односно до канцеларијата на пратеникот.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 24 август по меил, ја извести Комисијата дека добиле Одговор од Општина Ресен, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Општина Радовиш по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Општина Радовиш по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ и колку средби одржале со граѓаните на вашата општина “, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-181 на 30.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Општина Радовиш по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 09.07.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Радовиш  и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ и колку средби одржале со граѓаните на вашата општина “.
Во врска со ова Барање Општина Радовиш доставила Одговор до барателот заведен под бр.35-1365/2 од 16.07.2012 година.
Незадоволен од добиениот Одговор, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-181 од 31.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Радовиш и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Радовиш до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.25-1365/5 од 07.08.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-181 на 13.08.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето на 16.07.2012 година и дека Барањето на 07.08.2012 година е препратено до имателот на информацијата односно Институтот за парламентарна демократија.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 24 август по меил, ја извести Комисијата дека добиле Одговор од Општина Радовиш, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за внатрешни работи по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за внатрешни работи по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Мислењето на Европската Комисија на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот“за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 20.05.2012 “, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-167 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-482/1 до Министерството за внатрешни работи  и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Копија од Мислењето на Европската Комисија на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот“за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 20.05.2012 “.
Министерството за внатрешни работи, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-167 од 26.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерствотоза внатрешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.15-47679/1 од 07.08.2012 година,  а во Комисијата заведен под бр.07-167 на 13.07.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 14 август по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање од Министерството за внатрешни работи ја добиле бараната информација, односно мислење.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
 Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Владимир Доневски, адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Месечниот извештај за мај 2012 год. за заостатокот на предмети во секој суд во РМ, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво “, поради тоа што на барателот му е доставен одговор по Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-159 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Копија од Месечниот извештај за мај 2012 год. за заостатокот на предмети во секој суд во РМ, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво)“.
Министерството за правда, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-159 од 23.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.19-2412/4 од 31.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-159 на 03.08.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило одговор на Барањето заведен под бр.19-2412/2 на 16.07.2012 година. Во прилог достави Заклучок бр. 19-2408/2 од 16.07.2012 година за запирање на постапката.
 Комисијата му укажува на Министерството за правда  дека согласно член 26 став 2 имателот носи Заклучок за прекинување на постапката.
Во образложението на Заклучокот е наведено дека Министерството за правда не ја поседува информацијата.
Фондацијата Отворено општество-Македонија, на 13 август по меил ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање го добиле Заклучокот од Министерството за правда.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на30 август 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од кварталните извештаи за случаите на корупција – број на покренати истраги, обвиненија и пресуди, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012)“, поради тоа што на барателот му е доставен одговор по Барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-160 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Копија од кварталните извештаи за случаите на корупција-број на покренати истраги, обвиненија и пресуди, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012)“.
Министерството за правда, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-160 од 23.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.19-2408/4 од 31.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-160 на 03.08.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило одговор на Барањето заведен под бр.19-2408/4 од 31.07.2012. Во прилог достави Заклучок бр. 19-2408/2 на 16.07.2012 година за запирање на постапката.
Комисијата му укажува на Министерството за правда дека согласно член 26 став 2 имателот носи Заклучок за пркинување на постапката.
Во образложението е наведено дека Министерството за правда не ја поседува информацијата.
Фондацијата Отворено општество-Македонија, на 13 август по меил ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање го добиле Заклучокот од Министерството за правда.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 август 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од Анализата на стандардите содржани во пресудите со препораки на Европскиот суд за човекови права од член 10, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-161 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво ДОНЕВСКИ од Скопје, против Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од Анализата на стандардите содржани во пресудите со препораки на Европскиот суд за човекови права од член 10, согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво “.
Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-161 од 23.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.19-2414/7 од 03.08.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-161 на 13.08.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето бр. 19-2414/2.
Во Одговорот до барателот е наведено “Министерството за правда врз основа на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.19-2414/1, кое со Решение бр.19-2414/3 беше одбиено согласно член 6 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во прилог Ви ја доставува бараната информација.“
Фондација Отворено општество-Македонија, на 14 август по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права на 01.08.2012 година.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.