ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОКА
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Решение на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Решението на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр.50-2115/2 од 09.04.2012 година на Генералниот секретаријат, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-116 на 30.04.2012 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Решението бр.50-2115/2 од 09.04.2012 година, донесено од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспореното Решение е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата М.Ј. од Скопје на 14.03.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побарала да и ја достават следната информација.
„Медиа план за кампањата за позитивни искуства во областа на туризмот и позитивни навики на граѓаните со цел повикување и задржување туристи“.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во врска со ова Барање донел Решение со кое го одбил пристапот до бараната информација.
Незадоволна од наведеното Решение М.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-116 од 03.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.50-2115/4 од 21.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-116 на 28.05.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија „останува на наводите во предметното Решение…по задолжително спроведениот тест на штетност…беше утврдено дека со објавувањето на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата….Согласно член 25 од Законот за јавни набавки ….договорниот орган (Генерален секретаријат) е должен да обезбеди заштита на информациите кои економскиот оператор ги има означено како доворливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост. Предметната понуда, а со тоа и медиа планот како дел од понудата, беше означена како деловна тајна од страна на економскиот оператор. Генералниот секретаријат предметната информација ја има определено како класифицирана информација со степен “интерно“.
Член на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 16.05.2012 година, изврши увид во бараната информација и при тоа беше констатирано дека бараната информација е класифицирана со степен “Интерно“. Согласно чл.8 од Законот за класифицирани информации, „Класифицирана информација со степен „интерно“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од М.Ј. од Скопје постапил во законски предвидениот рок и донел Решение со кое го одбил пристапот до бараната информација. Во Решението правилно се повикал на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му образложил дека бараната информација претставува класифицирана информација со степен на класификација – “Интерно“.
Според тоа, основани се и наводите во Одговорот на Жалбата во кој Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија се повикува на извршен задолжителен тест на штетност, кој покажал дека откривањето на бараната информација би предизвикало штета во работењето на Генералниот секретаријат, односно дека во случајов последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр.50-2114/2 од 09.04.2012 година на Генералниот секретаријат, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-115 на 30.04.2012 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот бр.50-2114/2 од 09.04.2012 година, донесен од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата М.Ј. од Скопје на 14.03.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија заведено под бр. 50-2114/1и побарала да и ја достават следната информација.
„Преглед на број на емитувања во електронските и број на огласи во печатените медиуми за кампањата “Осмели се“ .
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во врска со ова Барање донел Заклучок за прекинување на постапката со образложение дека не располага со бараната информација.
Незадоволна од наведениот Заклучок М.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-115 од 07.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-2114/4 од 21.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-115 на 28.05.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија “постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) при што беше донесен Заклучок бр.50-2114/2 на 09.042012 година за прекин на постапката…имено во самата понуда на економскиот оператор, која беше означена како деловна тајна не е наведен бројот на емитувањата во електронските и бројот на огласи во печатените медиуми за конкретната кампања. Генералниот секретаријат го нема препратено предметното барање за слободниот пристап до информации од јавен карактер до економскиот оператор од причина што истиот не е имател на информација во смисла на член 3 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Генералниот секретаријат останува при наводите на предметниот заклучок и предлага Жалбата на жалителот да се одбие како неоснована“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од М.Ј. од Скопје постапил во законски предвидениот рок и донел Заклучок за прекинување на постапката од причина што не расплага со бараната информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија-Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија-Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-119 од 30.04.2012 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија-Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.Ј. од Скопје, на 07.03.2012 година, како што наведува во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија-Секретаријат за европски прашања, а во Секретаријатот заведено под 17-623/1 од 09.03.2012 година, и побарала во препис по пошта или е-меил да и ја достават следната информација.
“Колку раководители на сектори се примени во СЕП во 2009, 2010, 2011 год, колку од старите раководители се преместени на други позиции, кои се тие позиции и колку го напуштиле СЕП. Молиме за имињата и презимињата“.
Постапувајќи по ова Барање, како што се наведува во Жалбата, Секретаријатот за европски прашања ја прекинал постапката со Заклучок со образложение дека не располага со бараната информација.
Незадоволна од доставениот Заклучок, М.Ј. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-119 од 07.05.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од Секретаријатот за европски прашања во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Секретаријатот за европски прашања достави Одговор на Жалба заведен под бр.17-623/5 од 11.05.2012 година, а во Комисијата под бр.07-119 на 21.05.2012 година.
Во Одговорот на Жалбата Секретаријатот за европски прашања наведува дека Жалбата е ненавремена. Во прилог ги достави списите по предметот.
Врз основа на списите на предметот, Комисијата утврди дека Жалбата против Заклучокот на Секретаријатот за европски прашања е ненавремена.
Оспорениот Заклучок за прекин на постапката бр.17-623/3 е донесен на 12.03.2012 година и доставен до барателот на 19.03.2012 година со повратница бр.11186040 и истата е уредно потпишана.
Согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер а во врска со член 26 точка 2 од наведениот Закон(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), “против решението со кое имателот на информациите го одбил барањето, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на примот на решението до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.“
Од денот на приемот на Заклучокот до денот на поднесување на Жалбата поминале 40 дена односно барателот ја поднел Жалбата со задоцнување од 25 дена.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, за делот од Барањето кое се однесува на: “Записникот од Тератрејд кон Општината за извршено уништување на објектот на ул “Н.Карев на 09-10-11.2011 година” СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Центар, на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 14 јуни 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-41 од 19.03.2012 година, изјавена од БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје, поднесена против Одговорот на Оптина Центар, ја УВАЖИ Жалбата поднесена за делот од Барањето кое се однесува на информацијата “Записникот од Тератрејд кон Општината за извршено уништување на објектот на ул. “Н.Карев“ на 09-10-11.2011 година“ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Центар, на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 14 јуни 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 14.02.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Бараме од Општина Центар да ни ги достави Записникот и фактурата од Тератрејд кон Општината за извршено уништување на објект на ул “Н.Карев“ на 09-10-11.2011 година“.
Во врска со ова Барње, Општина Центар доставила Одговор до барателот заведен под бр.10-1411/2 од 14.03.2012 година во кој наведува: “Ве известуваме дека градежната инспекција на Општина Центар нема извршено отстранување на објект на улица „Никола Карев„ на 09 и 10-1-2011 година“.
Незадоволен од добиениот Одговор, БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје, на 19.03.2012 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-41 од 26.03.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Центар и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Центар во врска со ова барање на Комисијата, достави Одговор на барање заведен под бр.10-2651/2 од 29.03.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-41 од 05.04.2012 година.
Во Одговорот, Општината наведува: “Во прилог Ви ја доставуваме фотокопијата од фактурата бр.456 од 16.11.2011 година од Тератрејд кон Општина Центар за извршената интервенција-отстранување на времен објект на КП 12963 КО Центар 1“
Наведената информација е доставена и до барателот.
Незадоволен од Одговорот на барањето бр.10-2651/2 од 29.03.2012 година на Општина Центар, БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје на 05.04.2012 година, до Комисијата достави Дополнување на Жалба, заведено под бр.07-41.
Во Дополнувањето на Жалбата, БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје наведува дека истото го поднесува поради: “..баравме да ни биде доставен записникот и фактурата но со одговорот ни е доставена само фактурата во која нема опис на извршени работи… Затоа го бараме Записникот и Договорот бр.08-3767/5 од 05.11.2011 година“
Комисијата со допис бр.07-41 од 10.04.2012 година, го препрати Дополнувањето на Жалба до Општина Центар и побара во рок од три дена да се произнесе по истото и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Општина Центар достави Одговор на барање бр.10-2651/4 од 12.04.2012 година, а во Комисијата заведен под број 07-41 на 20.04.2012 година.
Во прилог на Одговорот достави фотокопија од следните информации:
“Записник за извршено уривање бр. 32-983/6 од 10.11.2011 година; Решение за отстранување на времениот објект на КП 12963, бр. 32-983/3 од 01.03.2011 гоина и Договор за присилно административно извршување бр.08-3767/5 од 05.10.2011 година.
Незадоволен од наведениот одговор на Општината, БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје на 30.04.2012 година, до Комисијата достави Повторно дополнување на Жалба, заведено под бр.07-41, во кое наведува дека “не е постапено целосно по Барањето и Жалбата, за информација доставена е само ф-ра од Тератрејд и Договор, а не е доставен Записник или спецификација за извршена работа со опис за употребена механизација и работна рака“.
Комисијата со допис бр.07-41 од 07.05.2012 година, го препрати Дополнувањето на Жалба до Општина Центар и побара во рок од три дена да се произнесе по истото и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Општина Центар достави Одговор на барање заведен под бр.10-2651/6 од 15.05.2012 година, а во Комисијата под бр.07-41 на 22.05.2012 година.
Во прилог на Одговорот достави фотокопија од следните информации:
“Барање бр. 32-3767/1 за спроведување на постапка за јавна набавка врз основа на склучена рамковна спогодба бр.08-325/9 од 07.02.2011; Техничка понуда односно спецификација за работите што треба да се извршат со опис и попис за потребна механизација и работна рака: Договор бр.08-3767/5 од 05.10.2011 година за набавка на работи за присилно извршување со Решение за отстранување бр. 32-983/3 од 01.03.2011 година, Фактура бр. 456 за отстранување на времен објект со Решение за отстранување бр.32-983/3 од 01.03.2011 година“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општина Центар не постапила по Барањето и Дополнувањата на Жалбата согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
И покрај тоа што од Барањето и дополнувањето на Жалбата јасно произлегува кои документи ги бара барателот, Општината наместо Записникот или спецификацијата за извршена работа со попис за употребена механизација и работна рака доставува Записник за извршено уредивање кој се состои од само една реченица и Техничка понуда како прилог од Барањето за спроведување на постапка за јавна набавка.
Во доставениот Записник Општина Центар се повикува на член 142 од Законот за градење наместо на член 137(“Службен весник на РМ бр.130/20090 124/2010, 18/2011,36/2011, 54/2011 и 13/2012), според кој, “во зависност од констатираната состојба градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор ќе состави записник, врз основа на кој донесува решение“. Доставениот Записник не е составен согласно член 72 од Законот за општата управна постапка според кој се утврдува и пропишува што треба да содржи Записникот во управната постапка и како треба да се постапува со него. Во Записникот не се содржани пропишаниете елементи согласно наведениот член и од истиот не може да се види содржината на утврдената состојба.
Со оглед на тоа што Општина Центар ја создала и располага со бараната информација “Записникот од Тератрејд кон Општината за извршено уништување на објектот на ул. “Н.Карев на 09.10.2011 година”, е должна да ја достави до барателот БЛАВ МОТО ДООЕЛ од Скопје, на начин и во форма наведени во Барањето, најдоцна до14.06.2012 година.
Комисијата утврди дека Општина Центар и покрај тоа што редовно се произнесуваше по барањата на Комисијата и доставуваше списи по предметот, бараната информација не ја достави.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Решение на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Решение на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр.50-1775/3 од 09.04.2012 година на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-111 на 30.04.2012 година, изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Решение на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат бр. 50-1775/3 од 09.04.2012 година, донесено од Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспореното Решение е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, В.Б. од Скопје на 07.03.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат и побарала да и ја достават следната информација:
„Договор меѓу Владата на Република Македонија и „Кромберг и Шуберт“ ГМБХ за инвестиција во индустриската зона Жабени во Битола, потпишана на 22.12.2011 година“.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат во врска со ова Барање донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Незадоволна од наведеното Решение В.Б. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-111 од 03.05.2012 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-1775/5 од 21.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-111 на 28.05.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат останува на наводите во предметното Решение „…бараната информација е определена како класифицирана информација со степен на класификација доверливо…по задолжително спроведениот тест на штетност…беше утврдено дека со објавувањето на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата…ќе се наштети на интересот на инвеститорот, а со тоа и на јавниот интерес за инвестиција во индустриската зона Жабени во Битола и истовремено би предизвикало сериозна штета по интересот на Република Македонија“.
Член на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 16.05.2012 година, изврши увид во бараната информација и при тоа беше констатирано дека бараната информација е класифицирана со степен „Доверливо“. Согласно чл.8 од Законот за класифицирани информации, „Класифицирана информација со степен „доверливо“ е информација создадена од државните органи, органи на единиците на локалната самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало сериозна штета за важните интереси на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат во врска со поднесеното Барање од В.Б. од Скопје постапила и донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација. Во Решението правилно се повикала на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му образложила дека бараната информација претставува класифицирана информација со степен на класификација – „доверливо“.
Според тоа, основани се и наводите во Одговорот на Жалбата во кој Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат се повикува на извршен задолжителен тест на штетност, кој покажал дека откривањето на бараната информација би предизвикало штета во работењето на Генералниот секретаријат, односно дека во случајов последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од ДППУ Алијанса ДООЕЛ Кавадарци, поднесена против Решение на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од ДППУ Алијанса ДООЕЛ Кавадарци, поднесена против Решение на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр.50-1814/2 од 09.04.2012 година на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-108 на 24.04.2012 година, изјавена од ДППУ Алијанса ДООЕЛ Кавадарци, поднесена против Решение на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат бр. 50-1814/2 од 09.04.2012 година, донесено од Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспореното Решение е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, ДППУ Алијанса ДООЕЛ Кавадарци на 09.03.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат и побарало да му ја достават следната информација:
„Заверена копија на предлог верзијата на Договорот за закуп на земјоделско земјиште, поднесена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Владата на Република Македонија“.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат во врска со ова Барање донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Незадоволно од наведеното Решение ДППУ Алијанса ДООЕЛ Кавадарци поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-108 од 26.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-1814/4 од 21.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-108 на 28.05.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат останува на наводите во предметното Решение „…по задолжително спроведениот тест на штетност…беше утврдено дека со објавувањето на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата“.
Член на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 16.05.2012 година, изврши увид во бараната информација и при тоа беше констатирано дека бараната информација е класифицирана со степен “Интерно“. Согласно чл.8 од Законот за класифицирани информации, „Класифицирана информација со степен „интерно“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат во врска со поднесеното Барање од ДППУ Алијанса ДООЕЛ Кавадарци постапила и донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација. Во Решението правилно се повикала на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му образложила дека бараната информација претставува класифицирана информација со степен на класификација – “Интерно“.
Според тоа, основани се и наводите во Одговорот на Жалбата во кој Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат се повикува на извршен задолжителен тест на штетност, кој покажал дека откривањето на бараната информација би предизвикало штета во работењето на Генералниот секретаријат, односно дека во случајов последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од пресудата во врска со поведена судска прекршочна постапка против „Пивара Скопје“ од Скопје“ на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 14.06.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-103 на 19.04.2012 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот П.Б. од Скопје да му ја достави бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето најдоцна до 14.06.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
П.Б. од Скопје на 23.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура, заведено под бр.3287/1, со кое побарал да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од пресудата во врска со поведена судска прекршочна постапка против „Пивара Скопје“ од Скопје“.
Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на барателот не му одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-103 од 25.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за култура постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Х.Х.Х. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29.05.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Х.Х.Х. од Скопје поднесена против Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од последно донесеното решение по барањето за денационализација Дн.бр. 19-08-154/1 (591) од јуни 2002 година кое се однесува на денационализација на недвижен имот комплекс на хотел „БОЈАЛИ“ во Скопје, национализиран – одземен со Указ на президиумот на Врховниот совет на НРМ во 1948 година, од мојот правен претходник-татко Х.Ш.Х., од кое ќе се види текот односно фазата на поднесеното барање за денационализација – која трае веќе повеќе од девет години“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-21 од 14.02.2012 година, изјавена од Х.Х.Х. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Х.Х.Х. од Скопје, на 27.12.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар – Скопје и побарала по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од последно донесеното решение по барањето за денационализација Дн.бр. 19-08-154/1 (591) од јуни 2002 година кое се однесува на денационализација на недвижен имот комплекс на хотел „БОЈАЛИ“ во Скопје, национализиран – одземен со Указ на президиумот на Врховниот совет на НРМ во 1948 година, од мојот правен претходник-татко Х.Ш.Х., од кое ќе се види текот односно фазата на поднесеното барање за денационализација – која трае веќе повеќе од девет години“.
Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар – Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-21 од 17.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар – Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Центар – Скопје, достави Известување бр.Дн.Бр.(591) од 13.03.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-21 на 22.03.2012 година. Во Известувањето Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Центар-Скопје и Гази Баба-Скопје со седиште во Општина Центар-Скопје наведува дека на ден 06.03.2012 година, со допис –Барање на предмет за увид се обратила до Управата за имотно правни работи-Одделение за управна постапка во Центар-Скопје со барање веќе архивираниот предмет за денационализација Дн.бр. (591) да им биде доставен на увид како би можеле да одговорат на барањето на Комисијата. Откако предметот ќе им биде доставен ќе и одговорат на Комисијата.
На 17.04.2012 година Х.Х.Х. од Скопје до Комисијата достави Барање за произнесување – Решавање по жалбата, заведено во Комисијата под бр. 07-21.
На 20.04.2012 година Комисија за одлучување по барањата за денационализација достави до Комисијата Известување бр.26-3427/1 од 27.12.2011 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-21 на 20.04.2012 година. Во Известувањето покрај другото се наведува дека Комисијата за одлучување по барање за денационализација постапила по барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Х.Х.Х. од Скопје.
Во прилог на известувањето до Комисијата достави фотокопија од бараната информација.
Службеното лице, во Комисијата кое постапува по предметот поагајќи од начелото на сервисна ориентација на органите на управата и другите институции со јавни овластувања како еден вид сервис на граѓаните, а со цел барателот полесно и на поекономичен начин да ја добие бараната информација, го повика во просториите на Комисијата и му го даде одговорот на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација и фотокопија од бараната информација.
По добивањето на Одговорот, Х.Х.Х. од Скопје достави Дополнување со проширување на Жалба, заведено во Комисијата под бр. 07-21 од 08.05.2012 година. По консултациите со службеното лице и укажувањето во врска со дополнувањето на жалбата, Х.Х.Х. преку меил ја извести Комисијата дека го повлекува дополнувањето со проширувањето на Жалбата.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација но со задоцнување и со посредување на Комисијата.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.К. од Гевгелија, поднесена против Општина Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29.05.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.К. од Гевгелија поднесена против Општина Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “1. Од листата на информации од јавен карактер – Општина Гевгелија програма под бр.3,4,5,12,13,18; 2.Одобрение за градење и извод од план за СОУ „Јосиф Јосифовски – Гевгелија“, поради тоа што на барателот му се доставени бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-100 од 17.04.2012 година, изјавена од П.К. од Гевгелија, поднесена против Општина Гевгелија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата П.К. од Гевгелија, на 14.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гевгелија и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“1. Од листата на информации од јавен карактер – Општина Гевгелија програма под бр.3,4,5,12,13,18;
2. Одобрение за градење и извод од план за СОУ „Јосиф Јосифовски – Гевегелија“.
Општина Гевгелија на ова барање одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со допис бр. 26-367/2 од 22.02.2012 година, насловен до П.К.
Во одговорот наведува дека на барателот му доставува фотокопии од бараните информации чиј имател е општина Гевгелија. Истовремено, го известува дека барањето за Одобрение за градба и извод на план за СОУ “Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, треба да го достави до училиштето, кое е имател на овие информации.
Од увидот во списите Комисијата констатира дека, по поднесувањето на Жалбата во прилог на допис бр.26-367/6 од 20.04.2012 година, Општина Гевгелија на барателот му доставила и фотокопија од Извод на план за СОУ “Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.
Во врска со одговорот на Барање то Комисијата на Општина Гевгелија и укажува на следното.
Согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа треба да го извести барателот. Оттука, произлегува дека имало недостаток во постапката затоа што Општина Гевгелија не го препратила Барањето туку му укажала на барателот дека сам треба да се обрати до училиштето. Сепак, Комисијата оцени дека овие недостатоци неможат да бидат причина и основ за поинакво одлучување.
Незадоволен од наведениот одговор, П.К. од Гевгелија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-100 од 19.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Гевгелија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Општина Гевгелија достави Одговор на жалба бр.26-367/7 од 23.04.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-100 на 30.04.2012 година. Во Одговорот Општина Гевгелија наведува дека постапила по Барањето и до барателот ги доставила бараните информации со кои располага. Како доказ за наведеното постои и Записник потпишан и од барателот. Во Записникот на крај се наведува дека бидејќи Општина Гевгелија не е имател на Одобрение за градење и извод од план на СОУ “Јосиф Јосифовски“, барателот ќе треба да се обрати до училиштето.
Барателот постапил по укажувањата на Општината и барањето го доставил до училиштето.
Од наведените причини Комисијата смета дека е безпредметно да ја задолжи Општината да го препрати барањето до училиштето.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ги добил бараните информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ги добил бараните информации со кои располагал имателот.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29.05.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „- Препис или фотокопија од Основен договор со фирмата Бетон Штип за изградба на Стариот театар во Скопје; – Основен договор со фирмата Бетон Штип за изградба на Музејски комплекс; – Информација за тоа кои биле други понудувачи на тендерот за изградба на Стариот театар, вклучително и нивните понуди; – Информација за тоа кои биле други понудувачи на тендерот за изградба на Музејскиот комплекс, вклучително и нивните понуди; – Колку анекс договори се потпишани за Стариот театар надвор од основните договори? – Колку средства се доделени на невладини организации преку буџетските линии на Министерството за овие цели во 2010 година и 2011 година? – На кои невладини организации им се доделени средствата, по колку добила секоја од нив и за какви проекти?“, поради тоа што на барателот му се доставени бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-118 од 30.04.2012 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерство за култура по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата М.Ј. од Скопје, на 06.03.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за култура и побарала по пошта да му ја достават следната информација.
„- Препис или фотокопија од Основен договор со фирмата Бетон Штип за изградба на Стариот театар во Скопје; – Основен договор со фирмата Бетон Штип за изградба на Музејски комплекс; – Информација за тоа кои биле други понудувачи на тендерот за изградба на Стариот театар, вклучително и нивните понуди; – Информација за тоа кои биле други понудувачи на тендерот за изградба на Музејскиот комплекс, вклучително и нивните понуди; – Колку анекс договори се потпишани за Стариот театар надвор од основните договори? – Колку средства се доделени на невладини организации преку буџетските линии на Министерството за овие цели во 2010 година и 2011 година? – На кои невладини организации им се доделени средствата, по колку добила секоја од нив и за какви проекти?“.
Министерството за култура, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-118 од 03.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Министерство за култура достави Одговор на жалба бр.51-6911/2 од 08.05.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-118 на 10.05.2012 година. Во Одговорот Министерството за култура наведува дека постапило позитивно по Барањето.
На 22.05.2012 година М.Ј. по меил ја извести Комисијата дека ја повлекува жалбата заведена под бр. 07-118 против Министерството за култура, бидејќи и беа доставени бараните информации.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Барам да ми издадете потврда како одговор дали од страна на ФЗОМ е извршено поништување на лекарско боледување – извештај за привремена спреченост за работа за минатата 2011 година, кој што извештај мене ми бил издаден од страна на избраниот матичен лекар и доколку таков извештај е поништен ве молам во одговорот да наведете по кој правен основ и за кој период бил извештајот“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-97 на 06.04.2012 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Ф.П. од Скопје, на 01.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побарал по пошта да му достават препис од следната информација.
“Барам да ми издадете потврда како одговор дали од страна на ФЗОМ е извршено поништување на лекарско боледување – извештај за привремена спреченост за работа за минатата 2011 година, кој што извештај мене ми бил издаден од страна на избраниот матичен лекар и доколку таков извештај е поништен ве молам во одговорот да наведете по кој правен основ и за кој период бил извештајот“.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-97 од 10.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Фондот за здравствено осигурување на Македонија достави Известување број:УПП бр.03-66 од 18.04.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-97 на 30.04.2012 година. Известувањето е насловено и до Фондот за здравствено осигурување подрачна служба – Скопје. Во Известувањето покрај другото се наведува дека евиденцијата за надомест на плата по основ на привремена спреченост за работа поради болест и повреда се води во Подрачните служби на Фондот, и од тие причини бара од Подрачните служби да ги преиспитаат наводите наведени во жалбата, соодветно да постапат и во рок од три дена да ја известат Комисијат за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување – Одделение за контрола на 07.05.2012 година, до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.05-10561 од 26.04.2012 година. Во прилог на Одговорот Подрачната служба – Скопје достави фотокопија од Записник за извршена контрола на боледување и Одговор доставен до Заменикот на Народниот правобранител.
Службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот поаѓајќи од начелото на сервисна ориентација на органите на управата и другите институции со јавни овластувања како еден вид сервис на граѓаните, а со цел барателот полесно и на поекономичен начин да ја добие бараната информација, го повика во просториите на Комисијата и му го даде одговорот на Подрачната служба на Фондот и другите списи во врска со предметот.
После тоа, барателот Ф.П. по телефон го извести службеното лице дека е задоволен од одговорот.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.К. од Гевгелија, поднесена против Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец од Гевгелија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.К. од Гевгелија, поднесена против Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец од Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Известување од големата анализа на водата за пиење и тоа за: 2008 год, 2009 год. 2010 год и 2011 год. (за 2011 год. верувам во меѓувреме ќе ја добиете анализата)“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-101 на 17.04.2012 година, изјавена од П.К. од Гевгелија поднесена против Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец од Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата П.К. од Гевгелија, на 27.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец од Гевгелија и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Известување од големата анализа на водата за пиење и тоа за :2008 год, 2009 год. 2010 год и 2011 год. (за 2011 год. верувам во меѓувреме ќе ја добиете анализата)“.
Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец од Гевгелија на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-101 од 18.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец од Гевгелија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец од Гевгелија, достави Одговор по Жалба бр.03-271/5 од 23.04.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-101 на 30.04.2012 година. Во прилог на Одговорот достави фотокопија од Одговор на Барање насловен до П.К., во кој се наведува дека Јавното претпријатие му доставувило копија од Извештајот за тестирање примероци на вода за бараните години.
Службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот П.К. кој потврди дека ја добил бараната информација.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесна против Основен суд Скопје 1 Скопје-Оддел за прекршоци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29.05.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Основен Суд Скопје 1 Скопје-Оддел за прекршоци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од пресудата или решението во врска со предметот кој во Судот се води под бр.Прк.бр.19442/07-О “, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-107 на 23.04.2012 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Основен суд Скопје 1 Скопје-Оддел за прекршоци и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, П.Б. од Скопје на 23.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Скопје 1 Скопје-Оддел за прекршоци и побарал да му ја достават следната информација.
“Фотокопија од пресудата или решението во врска со предметот кој во Судот се води под бр.Прк.бр.19442/07-О “
Основниот суд Скопје 1 Скопје-Оддел за прекршоци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорил со допис Прк.бр.19442/07-О од 04.04.2012 година.Во Одговорот се наведува дека не можат да му достават фотокопија од Пресудата од причини што П.Б. не е подносител на барањето за поведување на прекршочната постапка.
Незадоволен од наведениот Одговор П.Б. од Скопје достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-107 од 27.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Скопје 1 Скопје-Оддел за прекршоци и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Основен суд Скопје 1 Скопје-Оддел за прекршоци одговори со писмен допис ПЈИ.бр.16/12 од 11.05.2012 година, а во Комисијата заведен под број 07-107 на 21.05.2012 година.Во прилог достави фотокопија од списите на предметот ПЈИ.бр.16/12 и фотокопија од вратената повратница.Во одговорот Судот наведува дека е направен очигледен пропуст во постапувањето по барање за пристап до информации од јавен карактер односно Барањето не е доставено до службеното лице за посредување со информации од јавен карактер.
По приемот на Жалбата доставена преку Комисијата,а во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,со писмен допис ПЈИ.бр.16/2 од 11.05.2012 година, до подносителот на барањето Судот ја доставил бараната информација,односно фотокопија од анонимизирана пресуда Прк.бр.19442/07-О од 31.12.2009 година.
П.Б. од Скопје на 21.05.2012 година, по меил ја извести Комисијата дека Основниот суд Скопје 1 Скопје му ја доставил бараната информација.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 мај 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Макдонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од решение за платен данок на промет, на основ на кој е извршена промена на сопственоста во нов имотен лист бр. 52707 за стан бр. 25 зг.1 вл.1 на ул. “Разловачко Востание бр. 26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје“ поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-91 на 23.03.2012 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, З.П. од Скопје на 15.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија заведено во Агенцијата под бр. 1123/570/1 на 15.02.2012 година и побарал по пошта да му ја достават следната информација: “ Копија од решение за платен данок на промет, на основ на кој е извршена промена на сопственоста во нов имотен лист бр. 52707 за стан бр. 25 зг.1 вл.1 на ул.“Разловачко Востание бр.26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје “
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, го повикала барателот на 08.03.2021 година во просториите на Агенцијата и по увидот во предметот и пронаоѓање на бараните информации му било побарано да плати 180,00 денари.
Незадоволен од наведеното, З.П. поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-91 на 23.03.2012 година.
Комисијата со допис бр.07-91 од 28.03.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија во врска со ова барање на Комисијата не достави Одговор на Жалба.
Службеното лице што постапува по предметот телефонски беше информирано од страна на службеното лице на Агенцијата, дека согласно Законот за катастар не недвижности (“Службен весник на РМ бр.40/08, 158/10 и 51/2011 година) и Тарифникот за висината на надоместокот за користење и увид во податоците од геодетско катастарскиот информациски систем (“Сл.весник на РМ. Бр.153 од 23.12.2009 година), услугите предвидени во тарифникот се наплатуваат.
На 16.05.2012 година З.П. од Скопје, до Комисијата достави Известување во кое наведува дека ја добил бараната информација откако го платил бараниот износ во висина од 180,00 денари.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да наплаќа надоместок согласно Одлуката на Владата на Република Македонија(“Сл. Весник на РМ“ бр.136/2006), освен за барањата за кои постои основ согласно погоре наведениот Закон и Тарифник на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија .
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.