ДОНЕСЕНИ 6 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата деветнаесетата седница одржана на 15 март 2012 година, донесе 6 решенија и 8 заклучоци.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.Ц. и М.Н. од Охрид, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Л.Ц. и М.Н. од Охрид, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-15 на 02.02.2012 година, изјавена од Л.Ц. и М.Н. од Охрид, поднесена против Владата на Република Македонија и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата бр. 07-15 од 02.02.2012 година, Л.Ц. и М.Н. од Охрид на 28.12.2011 година, со препорачана пратка, поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија и побарале по пошта да им ја достават следната информација:
„Со Заклучок на Владата на Република Македонија, во последните два-три месеци, е одлучено за групата воени пензионери за кои е определен аконтативен износ на нивните пензии, за конечниот износ на тие пензии остварени според прописите од поранешна СФРЈ. Точниот назив, бројот и датумот на овој Заклучок не ни е познат. Во врска со тоа, молиме, наведениот Заклучок да се достави по пошта на Л.Ц. на погоре назначената адреса во Охрид (ул. „Питу Гули“ бр. 3-2 Охрид)“.
Владата на Република Македонија на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-15 од 07.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.02.2012 година Владата на Република Македонија до Комисијата достави Решение на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр.60-8514/2-11, во Комисијата заведено под бр. 07-15 на  08.02.2012 година. Во наведеното Решение со кое се одбива пристапот до бараната информација, Владата на Република Македонија наведува дека „ Согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност. Согласно погоре наведеното, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија одлучи како во диспозитивот на ова Решение… “.
Незадоволни од добиеното Решение Л.Ц. и М.Н. од Охрид на 21.02.2012 година до Комисијата поднесоа Проширување на Жалбата и против Решението, заведена под бр. 07-15 на 21.02.2012 година.
Комисијата со допис бр.07-15 од 21.02.2012 година, го препрати Проширувањето на Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истото и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 60-8514/5-11 од 29.02.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-15 на 05.03.2012 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија „останува на наводите во предметното Решение…по задолжително спроведениот тест на штетност…беше утврдено дека со објавувањето на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата…“. Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата е доставена фотокопија од првата страница од Записникот од Дваесет и првата седница на Владата на Република Македонија (кој ја содржи бараната информација), а кој е класифициран со степен на класификација ИНТЕРНО.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од Л.Ц. и М.Н. од Охрид не постапила во законски предвидениот рок и со задоцнување донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација. Во Решението правилно се повикала на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му објаснила дека бараната информација претставува класифицирана информација со степен на тајност – Интерно.
Согласно чл.8 од Законот за класифицирани информации, „Класифицирана информација со степен „интерно“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија“. Според тоа, основани се и наводите во Одговорот на Жалба бр. бр. 60-8514/5-11 од 29.02.2012 година, во кој Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија се повикува на извршен задолжителен тест на штетност, кој во случајот покажал дека откривањето на бараната информација би предизвикало штета за работењето на Владата на Република Македонија, односно дека во случајов последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Исто така, Комисијата укажува дека имателот е должен да го наведе извршениот тест на штетност во образложението на Решението за одбивање на пристапот до информацијата, а не како во случајов, во Одговорот на Жалба доставен до Комисијата.
Оттука, произлегува дека во првостепената постапка имало недостатоци, но сепак Комисијата оцени дека тие се такви што не можат да влијаат врз решавањето на работата, односно не можат тие недостатоци да бидат причина и основ за поинакво одлучување.
   
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од И.К. од Делчево, поднесена против Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, бр.6/2010), на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од И.К. од Делчево, поднесена против Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Друштвото Авто Возач Фер Дооел од Делчево на барателот да му овозможи пристап до бараните информации најдоцна до 01.04.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, бр.6/2010)  ја разгледа Жалбата бр.07-20 од 13.02.2012 година, изјавена од И.К. од Делчево, поднесена против Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево на барателот да му овозможи пристап до бараните информации, најдоцна до 01.04.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
И.К. од Делчево, на 11.01.2012 година, преку е-меил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево, и побарал да изврши увид и по потреба да добие фотокопија од следниве документи:
„1.Одлуката за давачката Погодности од А1 со образложение зошто се наплаќа и кој ја формира цената и која е цената;
2. Одлуката за цената на наплата по основ на Меѓународна возачка дозвола и кој ја донел;
3. Одлуката за цената на наплата по основ Меѓународно полномошно и кој ја донел“.
Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и на 13.02.2012 година е поднесена Жалба до Комисијата. Во неа И.К. од Делчево наведува дека, покрај тоа што не му е одговорено на Барањето поднесено по електронски пат „ …бев на лице место и од службеното лице по незнам кој пат ми е одговорено дека треба да го испратам по пошта, не ми се дозволува да го предадам Барањето и да ми се издаде потврда за применото Барање…“.
Комисијата, со допис бр.07-20 од 15.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот. Во прилог на Жалбата, Комисијата до Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево достави и фотокопија од Барањето.
Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево одговори на ова барање на Комисијата и достави допис број 0204-6/2 од 17.02.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-20 на 23.02.2012 година.
Во врска со тврдењето на Друштвото Автовозач-Фер Дооел, дека барателот И.К. од Делчево не поднел Барање до Друштвото, И.К. како доказ до Комисијата го препрати е-меилот испратен на 11.01.2012 година на адресата на Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево, avtovozacfer@yahoo.com.
Што се однесува до наводите за „малтретирање“ на Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево од страна на барателот на информации и негова „поддршка“ од страна на Комисијата, укажуваме дека Комисијата постапува во рамките на своите надлежности кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во насока на остварување на целта на Законот, при што не прави никаква разлика меѓу ниту еден имател или барател во Република Македонија. Согласно член 2 од Законот „Со овој Закон се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и им се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер…Имателите на информации за својата работа се должни да овозможат информираност на јавноста“. За непочитување на овие и други одредби од Законот, истиот предвидува прекршочни санкции за одговорното и за службеното лице кај имателот, кои се движат од 300 до 2.000 евра во денарска противвредност.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното…
Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорило во законски предвидениот рок и форма.
Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево не му овозможило на барателот да изврши увид во бараните информации.
Исто така, Комисијата на  Друштвото Автовозач-Фер Дооел од Делчево му укажува дека нема законска надлежност, односно обврска да ги доставува одговорите од имателите до барателите на информации. Согласно член 24 од Законот „Ако имателот на информацијата позитивно одговори на Барањето, веднаш му овозможува на барателот запознавање со содржината на бараната информација и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата  изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Општина Центар – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Одговорот на Општина Центар – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер Општина Центар на барателот да му овозможи пристап до бараната информација “Увид и електронски запис од проектната документација (согласно член 43 од Законот за градење) за станбено – деловните објекти кои се наоѓаат во ДУП. Дебар Маало 2, со следниве податоци: Блок 16.6 на улица Бул.Климент Охридски; Блок 17.7 на улица Бул.Климент Охридски; Блок 17.9 на улица Коста Веселинов. Увид и електронски запис од целокупната документација од погоре наведените објекти сакам да ми овозможите се со цел да се запознаам детално со градбите и нејзините уреди за греење, ладење и проветрување, начинот на нивното проектирање за ефикасно користење на енергијата и топлинската заштита, енергетската ефикасност на градбите и друго“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-26 на  22.02.2012 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против одговорот на Општина Центар – Скопје, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.Д. од Скопје на 04.01.2012 година, поднел  Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар – Скопје со кое побарал Општината да му овозможи пристап до бараната информација “Увид и електронски запис од проектната документација (согласно член 43 од Законот за градење) за станбено – деловните објекти кои се наоѓаат во ДУП. Дебар Маало 2, со следниве податоци: Блок 16.6 на улица Бул.Климент Охридски; Блок 17.7 на улица Бул.Климент Охридски; Блок 17.9 на улица Коста Веселинов. Увид и електронски запис од целокупната документација од погоре наведените објекти сакам да ми овозможите се со цел да се запознаам детално со градбите и нејзините уреди за греење, ладење и проветрување, начинот на нивното проектирање за ефикасно користење на енергијата и топлинската заштита, енергетската ефикасност на градбите и друго“, заведено во Општината под бр.10-42/1 од 04.01.2012 година.
По телефонско јавување на службеник од Општината, како што е наведено во Жалбата, Д.Д. на 17.01.2012 година, поднел дополнително Барање.
По добивањето на дополнителното Барање Општина Центар, доставила Одговор до барателот заведен под бр.10-42/4 на 15.02.2012 година. Во Одговорот се наведува дека, бараните информации не се составен дел на Листата на информации од јавен карактер со кои располага Општина Центар, како и членот 6 и членот 20 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер   
Незадоволен од добиениот одговор, Д.Д. од Скопје  поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-26 од 22.02.2012 година.
Комисијата со допис бр.07-26 од 27.02.2012 година ја препрати Жалбата до Општина Центар и побара во рок од 3 дена Општината да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Општина Центар достави Одговор на Жалба бр.10-42/6 од 02.03.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-26 на 05.03.2012 година. Во Одговорот е наведено дека Барањето е одбиено затоа што бараната проектна документација не се наоѓа на утврдената Листа на информации од јавен карактер и не постои основ да се уважи Барањето по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Документацијата претставува дел од списите во управните предмети и како таква документација подлежи под правен режим за Законот за општата управна постапка, односно право да се врши разгледување и препишување на тие списи имаат само странките во предметот и други лица кои имаат правен интерес, за што одлучува управниот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Општина Центар не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Одговорот до Барателот Општината како причина за неовозможување на пристапот до бараната информација, ја наведува листата на информации од јавен карактер,членот 6 и членот 20 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во Одговорот на Жалбата покрај на Листата на информации од јавен карактер се повикува и на членот 77 од Законот за општата управна постапка. Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не се споменува.
Во врска со наведеното Комисијата и укажува на Општина Центар дека, Листата на информации од јавен карактер на Општината не може да биде основ за одбивање на пристапот. Листата на информации со која располагаат имателите  е од променлив карактер и имателите се должни, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постојано да ја ажурираат.
Основ за одбивање на пристапот може да бидат само исклучоците наведени во член 6 од наведениот Закон.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно став 3 од наведениот член, односно должен е да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата, во спротивно ќе донесе Решение за одбивање на барањето.
Во конкретниов случај Општина Центар во Одговорот до Барателот наведува дека, бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап согласно членот 6 но не носи Решение за одбивање. Во Одговорот на Жалбата не се повикува на наведениот член туку на Законот за општата управна постапка.   Доколку пак Општина Центар во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
Наведеното и е укажано на Општината повеќе пати досега, но таа продолжува со неспроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Ц. од Скопје, поднесена против Управниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.Ц. од Скопје, поднесена против Одговорот на Управниот суд на Република Македонија бр.03-7/4 од 09.02.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-27 од 23.02.2012 година, изјавена од А.Ц. од Скопје, поднесена против Одговорот на Управниот суд на Република Македонија бр.03-7/4 од 09.02.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ја ОДБИ како неоснована.   
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
А.Ц. од Скопје, како што е наведено во Жалбата на 31.01.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управниот суд и побарала во фотокопија, по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку предмети од 2007 год. до 01.02.2012 год. се одлучени мериторно од страна на Управниот суд, а колку пресуди биле поништувачки?“
Постапувајќи по Барањето, Управниот суд до А.Ц. доставил Одговор по Барање за пристап до информации од јавен карктер бр.03-7/4 од 09.02.2012 година.
Во Одговорот Управниот суд навел дека “Во периодот од 2007 година … заклучно со 01.02.2012 година, биле донесени 12798 пресуди со кои тужбата е уважена и 7500 пресуди со кои тужбата е одбиена како неоснована. Во однос на делот од барањето кое се однесува на мериторните одлуки на Управниот суд…имателот на бараната информација констатира дека АКМИС апликацијата за автоматско управување со судските предмети во Управниот суд, во моментот, нема опција за пребарување на податоци во базата на податоци во АКМИС системот заради добивање на бараната информација.” Исто така, во Одговорот, Судот укажува дека поради значителниот број на предмети по кои постапува, објективно не може рачно да ги преброи пресудите со кои Судот одлучил мериторно, и поради тоа, го упатува барателот, информацијата да ја барана на веб страницата на Управниот суд.  
Незадоволна од наведениот Одговор, А.Ц. на 23.02.2012 година, поднесе Жалба до Комисијата, поради како што наведува непотполн одговор, односно “одговорот содржи само информации за вкупниот број на поднесени тужби како и за бројот на усвоени и одбиени управни тужби”. Во петитумот на Жалбата, А.Ц. предлага на Комисијата да ја “усвои жалбата и да го задoлжи имателот на информацијата да овозможи слободен пристап до барната информација-Колку предмети од 01.02.2007 година до 01.02.2012 година се одлучени мериторно од страна на Управниот суд и да ни доставите листи на истите, во рок од 15 дена.”
Комисијата, со допис број 07-27 од 27.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Управниот суд и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Управниот суд достави Одговор на Жалба бр.03-7/7 од 01.03.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-27 на 05.03.2012 година.
Во Одговорот, Судот наведува дека останува кон наводите во Одговорот на барањето и предлага Жалбата да биде одбиена како неоснована. Исто така Судот наведува “…во Судскиот деловник е пропишана обврска на Судот за доставување на прегледи и извештаи за работата на Судот, во кои помеѓу останатото е содржана и посебна евиденција за бројот на решени предмети и начинот на нивно решавање во смисла на уважени, одбиени и отфрлени тужби, какви што статистички податоци, Судот поседува и како имател овозможил пристап до бараната информација. Но, согласно Судскиот деловник, за Судот не е предвидена обврска за водење на евиденција на предметите кои се решени мериторно, поточно во полна јурисдикција во смисла на член 40 од Законот за управните спорови. Имајќи во вид да Судот нема законска обврска за водење на ваков вид на евиденција, ниту во системот постои можност за автоматско пребарување на бараната информација…неосновани се наводите истакнати во жалбата дека Судот, мора да располага со бараната информација со оглед да евиденција во Судот за бројот на одлуките донесени во полна јурисдикција не постои.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Управниот суд во врска со поднесеното Барање од А.Ц. постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателката ги доставил информациите со кои располага.
Согласно Судскиот деловник, Управниот суд составува прегледи за неговата работа од каде се гледа состојбата на предметите, бројот и видот на донесените одлуки.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Управниот суд располага со информацијата, мериторно одлучени предмети за бараниот период, бидејќи води евиденција за предметите и начинот на нивното решавање и истата ја доставил до А.Ц.  
Но, во моментов Управниот суд не располага со бараната информација – број на мериторно одлучени предмети за период од 2007 година до 01.02.2012 година. Управниот суд го користи системот АКМИС-база на податоци за предметите, за кој тврди дека во моментов, системот нема опција за пребарување на бараната информација-број на мериторно одлучени предмети за период од 5 години.
Оттука, Управниот суд објективно, не може да ја достави бараната информација и поради тоа ја упатува барателката информацијата да ја побара на веб страницата на Управниот суд.
Што се однесува до предложениот петитум во Жалбата на А.Ц., Комисјата и укажува на барателката, дека неосновано е барањето Комисијата да го задолжи Управниот суд да и достави листа на предметите кои се мериторно одлучени во бараниот период. Имено, во Барањето за пристап до информации од јавен карактер доставено до Управниот суд, таа информација не е наведена, поради што барателката не може со Жалбата да бара доставување на истата.
Во конкретниов случај, согласно член 24 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), А.Ц. може со ново барање за пристап до информации да побара од Управниот суд да и достави листа на предмети кои се мериторно одлучени во периодот од 01.02.2007 година до 01.02.2012 година, заедно со одговорот кој го добила.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од И.С. од Струмица, поднесена против Решението на Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од И.С. од Струмица, поднесена против Решението на Судскиот совет на Република Македонија бр.03-10/1 од 09.01.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата изјавена од И.С. од Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, доставена преку Судскиот совет на Република Македонија заведена  под бр. 03-175/1 од 31.01.2012 година, препратена  до Комисијата на 15.02.2012 година  и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Судскиот совет на Република Македонија, по Барањето од И.С. од Струмица бр.03-1327/2011 од 20.07.2011 година, донел Заклучок со кој Барањето „се смета за повлечено“.
Незадоволен од добиениот Заклучок, И.С. од Струмица поднесе Жалба до Комисијата.
Постапувајќи по Жалбата Комисијата донесе Решение бр.07-339 од 17.11.2011 година, со кое Жалбата ја уважи, оспорениот Заклучок го поништи и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот орган.
Постапувајќи согласно укажувањата наведени во Решението на Комисијата, Судскиот совет на Република Македонија на 09.01.2012 година донел Решение бр.03-10/1 со кое го отфрлил Барањето на И.С. од Струмица. Во образложението на Решението е наведено дека „…постапувајќи по Барањето и неговото дополнување…не може да се постапи по него од причини што и по неговото дополнување не ги исполнува условите предвидени во член 16 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…бидејќи барателот не ја навел информацијата со која сака да се запознае…односно барателот во дополнувањето повторно поставува прашања што не е во согласност со Законот…“.
Незадоволен од добиеното Решение, И.С. од Струмица поднел Жалба преку Судскиот совет до Комисијата.
Судскиот совет на Република Македонија Жалбата ја препрати до Комисијата на 15.02.2012 година. Во прилог на Жалбата достави и Одговор на истата, заведен под бр. 03-175/2 од 06.02.2012 година и фотокопија од оспореното Решение. Во Одговорот е наведено дека „наводите истакнати во Жалбата се неосновани од причини наведени во Решението и при тоа во целост остануваме на горенаведеното Решение“.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Судскиот совет на Република Македонија постапил согласно укажувањата на Комисијата наведени во Решението бр.07-339 од 17.11.2011 година и при повторното постапување по предметот донел Решение кое е правилно и врз закон засновано.
Пред донесувањето на оспореното Решение Судскиот совет утврдил дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и поради тоа не може да постапи по истото. Согласно наведеното Судскиот совет донел Решение со кое го отфрлил Барањето.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите изјавени од Н.А. од Скопје, поднесени преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 15 март  2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од Н.А. од Скопје, поднесени преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението бр.15.2-61561/4 од 27.09.2011 и Решението бр.15.2-92106/3 од 17.02.2012 година на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВААТ.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-286/4 од 12.12.2011 година  и Жалбата бр.102/4 од 02.03.2012 година, изјавени од Н.А. од Скопје поднесени преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решениeто бр.15.2-61561/4 од 27.09.2011 и  бр.15.2-92106/3 од 17.02.2012 година на Министерството за внатрешни работи, ги ОДБИ како неосновани и утврди дека Решенијата на Министерството за внатрешни работи се правилни и врз закон засновани.
По разгледување на Жалбите Комисијата утврди дека се изјавени од ист жалител, против Решенија на ист имател, по исто Барање, преку ист полномошник поради што на седницата одржана на 15 март донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
Н.А. од Скопје на 20.09.2007 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.10-59598/1 до Министерството за внатрешни работи-Управа за безбедност и контраразузнавање и побарал во фотокопија по пошта Министерството да му ја достави следната информација.
 “Бројот на предмети во кои се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година “.
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи на 09.10.2007 година донело Решение бр.10.2-64748/1, со кое го одбило пристапот до бараната информација согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот на информацијата, незадоволен од наведеното Решение, преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-544/1 на 31.10.2007 година.
Врз основа на списите на предметот, Комисијата на 09.01.2008 година донесе Решение бр.07-544/4 со кое утврди дека Решението на Министерството е правилно и Жалбата на Жалителот ја одби како неоснована.
Незадоволен од донесеното Решение на Комисијата, Н.А. од Скопје, преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, на 11.02.2008 година, поднеле Тужба до Управниот суд, заведена под У. број  545/08.
На 10.06.2008 година, Комисијата достави Одговор на Тужба до Управниот суд, заведен во Комисијата под бр.07-96/3.
Во врска со поднесената Тужба, Управниот суд на 04.02.2010 година донесе ПРЕСУДА бр.545/2008 година, со која Тужбата на Н.А. од Скопје, против Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-544/4 од 09.01.2008 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Незадоволен од вака донесената Пресуда, Н.А. од Скопје, преку полномошникот Ј.Б. од Скопје, на 01.06.2010 година, подесе  Жалба преку Управниот суд до Врховниот суд на Република Македонија.
Врховниот суд на Република Македонија, одлучувајќи по Жалбата на Н.А. од Скопје поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, на 06.06.2011 година донесе Пресуда УЖП.бр.625/10 со која “Жалбата на Тужителот се УВАЖУВА.
Пресудата на Управниот суд У.бр.545/08 од 04.02.2010 година се преиначува и се пресудува:
Тужбата на Тужителот Н.А. од Скопје СЕ УВАЖУВА:
Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.544/4 од 09.01.2008 година СЕ ПОНИШТУВА.“
Постапувајќи по Пресудата на Врховниот суд, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 28 јули 2011 година донесе Решение бр.07-286 со кое Жалбата изјавена од Н.А., поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за внатрешни работи, ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
При повторното постапување по предметот, првостепениот орган, согласно укажувањата на Врховниот суд, треба да утврди дали информацијата за бројот на предмети со специјални истражни мерки во 2006 и 2007 година претставува информација класифицирана со степен на тајност и дали истата информација може да се одвои од останатиот документ и на тужителот-барателот да му се пружи информација само во поглед на бројот на специјалните истражни мерки.
Постапувајќи по Пресудата на Врховниот суд, Министерството за внатрешни работи донесе Решение бр. 15.2-61561/4 од 27.09.2011 година со кое го одби пристапот до бараната информација “Бројот на предмети во кои се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година“.
Во образложението на Решението Министерството наведува: “бараната информација не претставува информација од јавен карактер и согласно член 6 точка 1 од Законот за слободен пристап до ионформации од јавен карактер претставува исклучок од правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи е класифицирана информација со соодветен степен на тајност. Истата е класифицирана информација со степен на класификација “СТРОГО ДОВЕРЛИВО, согласно член 8 од Правилникот за класифицирани информации на МВР (информации и планови за преземени оперативни акции и оперативни обработки и оперативни акции во тек, податоци кои се однесуваат на примена на специјалните технички средства и опрема како и нивната примена во работа согласно закон, акти на министерот и од него овластен работник кои се однесуваат на примена на посебно оперативно-технички средства и методи, како и документација и сите облици на  информирање во Управата за безбедност и контраразузнавање и согласно член 8 став 2 од Законот за класифицирани информации.“
Незадоволен од наведеното Решение, Н.А. преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-286/5 од 28.12.2011 година ја препрати Жалбата до Министерството и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор на барање заведен под бр.15.2-92106/2 од 17.02.2012 година, а во Комисијата под бр.07-102/2 од 20.02.2012 година, со кој ја извести дека е донесено Решение со кое се одбива пристапот на барателот Н.А.
Против наведеното Решение за одбивање на пристапот заведено под бр.15.2.92106 на 17.02.2012 година, барателот поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-102/4 на 02.03.2012 година.
Со оглед на тоа што Комисијата веќе еднаш го врати предметот на повторно постапување пред првостепениот орган, а тој по поднесените жалби повторно донесе Решение за одбивање на пристапот, Комисијата согласно своите законски надлежности утврдени во член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, одлучи да изврши увид во предметот на Министерството за внатрешни работи.
Поради наведеното, со допис бр.07-102/3 од 21.02.2012 година побара од Министерството да изврши увид во списите на предметот, на што Министерството потврдно одговори.
Од увидот во предметот, Комисијата го констатира следното.
Според член 16 од Зконот за внатрешни работи (“Службен весник на РМ“ бр.92/09 година,) “Управата(Управата за безбедност и контраразузнавање) е надлежна за вршење на внатрешните работи поврзани со безбедноста и контраразузнавањето.
2) Безбедност и контраразузнавање во смисла на ставот 1 од овој член се работи кои се однесуваат на: – контраразузнавачка активност; спротивставување и заштита од тероризам; заштита од други активности насочени кон загрозување или насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија и потешки форми на организиран криминал кој потекнува од или е насочен кон демократските институции на системот утврдени со Уставот на Република Македонија и може да доведе до нивно загрозување или да има влијание врз безбедноста на државата“.
Поединечни предмети од бараната информација “Бројот на предмети во кои се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година“ по кои постапува Управата за безбедност и контраразузнавање во согласност со Закон, согласно член 8 од Правилникот за класифицирани информации  и член 8 став 2 од Законот за класифицирани информации  се класифицирани со степен “строго доверливо“ и претставуваат информации создадени од државни органи, кои  се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнувачки активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено толкување би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Република Македонија.
Што се однесува до наводите на жалителот дека “класифицирањето на бараната информација е спорна, бидејќи бараната информација првично Министерството за внатрешни работи ја класифицира како “Државна тајна“ (видно од образложението на Решението на Комисијата бр.544/4 од 01.09.2008 година) а сега со нападнатото Решение истата ја определува со степен “Строго доиверливо“ кое нешто влева сомнеж во целта на таквото наводно класифицирање на вистинитоста и основаноста на класифицирањето“, истите се неосновани од следните причини.
Точно е дека во оспореното Решение Комисијата го потврди Решението на Министерството за внатрешни работи во кое е наведено дека се работи за исклучок од бараниот пристап согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во Одговорот по Жалба доставен од Министерството е наведено дека ваквите предмети се класифицирани со степен на класификација “Државна тајна“ што Комисијата го наведе во Образложението на Решението.
При увидот на списите во Министерството, Комисијата утврди дека во Правилникот за класификацирани информации на Министерството за внатрешни работи бр.13.1-34898/1 од 23.05.2007 година и бр.13.1-85495/1 од 28.12.2007 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за класифицирани информации во Министерството за внатрешни работи бр.12.1-8538/1 од 08.02.2012 година, наведените информации се класифицирани информации со степен на класификација “Строго доверливо“. Пред наведениот период, бараната информација била класифицирана со степен “државна тајна“, а по донесувањето на Законот за класифицирани информации и Правилниокот за класифицирани информациина Министерството за внатрешни работи, степенот на класифицираност на наведените информации од степен на “Државна тајна“ го симнал на степен на “Строго доверливо“.
Комисијата исто така утврди дека Министерството го спровело и тестот на штетност и утврдило дека доколку се прикаже “статистичкиот податок за користење на истражни мерки, ќе може да се открие информација која ќе предизвика штетни  последеци врз безбедноста на Република Македонија.“
Имајќи ја во предвид целокупната постапка по предметот а согласно член 21 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка(“Службен весник на РМ бр.110/08), Комисијата мериторно одлучи и го донесе наведеното Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од записникот од предстечајното рочиште на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје, одржано на ден 12.06.2009 година година.“ поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-4 на 09.01.2012 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
З.П. од Скопје на 29.11.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побарал по пошта да му достават “Копија од записникот од предстечајното рочиште на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје, одржано на ден 12.06.2009 година.“
Основниот суд Скопје 2 Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-4 од 11.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Основниот суд Скопје 2 Скопје достави само Известување 03 Су.бр.256/2012 од 06.02.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-4 на 08.02.2012 година. Во Известувањето Судот наведува дека постапил по Барањето и донел Решение 03 Су.бр.3498/2011 од 20.12.2011 година, примено од барателот на 25.01.2012 година.
Цитираниот допис без списите од предметот не беше доволен Комисијата да може да одлучи по истата и да донесе правилно и врз закон засновано решение. Поради тоа, Комисијата со допис бр.07-4 од 14.02.2012 година, побара од Основниот суд Скопје 2 Скопје во рок од три дена од приемот на дописот да ги достави списите во врска со предметот, односно фотокопија од Решението 03 Су.бр.3498/2011 од 20.12.2011 година и фотокопија од повратницата за лична достава на истото.
Основниот суд Скопје 2 Скопје на 27.02.2012 година, до Комисијата достави Известување 03 Су.бр.402/2012 од 20.02.2012 година, во прилог на кое ги достави и бараните списи од предметот.
По разгледување на списите од предметот, Комисијата го утврди следното.
Основниот суд Скопје 2 Скопје постапил по Барањето поднесено од З.П. од Скопје и донел Решение за одбивање на Барањето. Комисијата утврди дека Решението е доставено до барателот со задоцнување,  од 27 дена по истекот на законски предвидениот рок за одговор на Барањето.
Тврдењето на Основниот суд Скопје 2 Скопје, дека постапил и одлучил во рамките на предвидените законски рокови, за барателот е ирелевантно затоа што тој не го добил Решението во рокот од 30 дена. Поради наведените причини поднел Жалба за молчење на администрација до Комисијата.
Против наведеното Решение, З.П. не поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во законски предвидениот рок од 15 дена од денот на приемот на истото.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Л. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.Л. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од поднесено барање за отворање на стечајна постапка на АДГ Маврово Скопје поднесена во писарница на судот на ден 27.03.2009 год. со комплет прилози приложени со барањето.“ поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-5 на 09.01.2012 година, изјавена од С.Л. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
С.Л. од Скопје на 29.11.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побарал по пошта да му достават “Копија од поднесено барање за отворање на стечајна постапка на АДГ Маврово Скопје поднесена во писарница на судот на ден 27.03.2009 год. со комплет прилози приложени со барањето.“
Основниот суд Скопје 2 Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-5 од 11.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Основниот суд Скопје 2 Скопје достави само Известување 03 Су.бр.33/2012 од 27.01.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-5 на 01.02.2012 година. Во Известувањето Судот наведува дека постапил по Барањето и донел Решение 03 Су.бр.3499/2011 од 20.12.2011 година, примено од барателот на 17.01.2012 година.
Цитираниот допис без списите од предметот не беше доволен Комисијата да може да одлучи по истата и да донесе правилно и врз закон засновано решение. Поради тоа, Комисијата со допис бр.07-5 од 14.02.2012 година, побара од Основниот суд Скопје 2 Скопје во рок од три дена од приемот на дописот да ги достави списите во врска со предметот, односно фотокопија од Решението 03 Су.бр.3499/2011 од 20.12.2011 година и фотокопија од повратницата за лична достава на истото.
Основниот суд Скопје 2 Скопје на 27.02.2012 година, до Комисијата достави Известување 03 Су.бр.401/2012 од 20.02.2012 година, во прилог на кое ги достави и бараните списи од предметот.
По разгледување на списите од предметот, Комисијата го утврди следното.
Основниот суд Скопје 2 Скопје постапил по Барањето поднесено од С.Л. од Скопје и донел Решение за одбивање на барањето. Комисијата утврди дека Решението е доставено до барателот со задоцнување од 19 дена по истекот на законски предвидениот рок за одговор на Барањето.
Тврдењето на Основниот суд Скопје 2 Скопје, дека постапил и одлучил во рамките на предвидените законски рокови, за барателот е ирелевантно затоа што тој не го добил Решението во рокот од 30 дена. Поради наведените причини поднел Жалба за молчење на администрација до Комисијата.
Против наведеното Решение, С.Л. не поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во законски предвидениот рок од 15 дена, од денот на приемот на истото.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следниот

З  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од документацијата за пресметување на приход од земјоделска дејност (катастарски приход) за 1998 година за даночниот обврзник Д.З. од Модрич, во износ од 64 денари“ , поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-6 на 10.01.2012 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Д.Д. од Скопје на 28.11.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга и побарал по пошта да му ја достават следната информација: “Фотокопија од документацијата за пресметување на приход од земјоделска дејност (катастарски приход) за 1998 година за даночниот обврзник Д.З. од Модрич, во износ од 64 денари“
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за  катастар на недвижности-Струга, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата на 12.01.2012 година, со допис бр.07-6  ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга, во врска со ова барање  достави Известување бр. 03-663/2 и 03-76/2 од 26.01.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-6 на 02.02.2012 година. Во прилог ги достави и списите во врска со предметот.  
Д.Д. на 03.02.2012 година, достави до Комисијата Дополнување на Жалба заведена во Комисијата под број 07-6.
Во Дополнувањето на Жалбата наведува дека истата ја поднесува против Известувањето на Одделение за катастар на недвижности-Струга  заведено под бр. 03-663/2 и 03-76/2 од 26.01.2012 година.
Комисијата на 13.02.2012 година, со допис бр.07-6 го препрати  Дополнувањето на Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга, во врска со ова барање  достави Известување бр. 03-76/2  од 01.03.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-6 на 07.03.2012 година.
Службеното лице што постапува по предметот комуницираше со барателот кој го извести дека добил одговор од Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за катастар на недвижности-Струга, по телефон. Во врска со наведеното до Комисијата достави меил на 08.03.2012 година со кој бара да се запре постапката и да се  донесе Заклучок бидејќи му е одговорено на барањето.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за транспорт и врски по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал да му достават одговори на пет поставени прашања и соодветните извори од каде што се темелат одговорите како што се закони, правилници, одлуки, годишен извештај и друго, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-17 на 13.02.2012 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за транспорт и врски и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Д.Д. од Скопје на 09.01.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за транспорт и врски и побарал по пошта да му ги достават следните информации:
„1. Врз основа на член 105 од Законот за градење, кој е органот на државната управа кој е задолжен за надзор на работењето на комората на овластени архитекти и овластени инженери?
2. Колку пати до сега е извршено контрола во работењето на Комората?
3. Дали до сега има дадено укажување на определени материјални и процедурални недостатоци во работењето на Комората и доколку има вакво укажување за што било тоа и колку пати до сега им било укажано на Комората и дали Комората ги има острането недостатоците во работењето?
4. Фотокопија од последниот годишен извештај на Комората и фотокопија од програмата за работа за идната година доставени до вашето Министерство,
5. Дали студентите со завршени професионални 3 годишни студии според ЕКТС согласно Законот за високо образование и согласно Законот за градење се сметаат за лица со завршено вишо или лица со високо образование?“
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-17 од 16.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски достави Произнесување по Жалба бр. 23-4398/2 од 23.02.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-17 на 29.02.2012 година. Во прилог ги достави и списите во врска со предметот.  
Д.Д. на 22.02.2012 година, ја извести Комисијата дека Министерството за транспорт и врски му ја доставило бараната информација со задоцнување, и предлага на Комисијата да ја запре постапката по жалбата.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Машинскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Машинскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал да му достават одговори на шест поставени прашања и соодветните извори од каде што се темелат одговорите како што се закони, правилници, одлуки и друго, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-19 на 13.02.2012 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Машинскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Д.Д. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 10.01.2012 година, до Машинскиот факултет-Скопје, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Факултетот под бр.09-60/1 и побарал по пошта да му достават одговори на неколку прашања:
„1. Студентите кои завршиле професионални 3 годишни студии на студиската програма применето термичко инженерство со кој степен на стручна подготвеност се стекнуваат?
2. Дали студентите се сметаат за завршено вишо или високо образование?
3. Дали овие студенти имаат 7.1 степен на стручна подготвеност или друг?
4. Со кој образовен степен (кратенка) се стекнуваат овие студенти?
5. Дали факултетот има определено комисија составена од професори кои се грижат за признавањето на дипломите и правата на студентите кои завршиле на вашиот факултет?
6. Дали Вашите дипломи се признаени во Р.Македонија?
Ве молам во одговорите на погоре наведените прашања, да ги наведете соодветните извори од каде што ги темелите Вашите одговори како што се закони, правилници, одлуки и друго.“
Машинскиот факултет-Скопје, како што е наведено во Жалбата на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-19 од 15.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Машинскиот факултет-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Машинскиот факултет-Скопје достави Известување бр.09-60/4 од 20.02.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-19 на 21.02.2012 година. Во Известувањето Факултетот наведува дека, на 30.01.2012 година, по електронски пат одговорил на поставените прашања во Барањето, но со оглед на тоа што е поднесена Жалба до Комисијата и причините за нејзиното поднесување, очигледно е дека барателот не го добил одговорот, и поради тоа, на 20.02.2012 година, со препорачана пратка повторно ќе го достави до Д.Д.
Во прилог на Известувањето, Факултетот до Комисијата достави фотокопија од Одговорот на барањето бр.09-60/2 од 30.01.2012, насловен до Д.Д. и фотокопија од приемната книга (лист) за достава на одговорот по пошта на 20.02.2012 година.
Д.Д. на 29.02.2012 година, до Комисијата достави Известување со кое бара постапката по Жалбата да се запре, бидејќи Машинскиот факултет-Скопје на 29.02.2012 година, со задоцнување односно 50 дена од денот на поднесувањето на Барањето, му одговорил.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Машинскиот факултет-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Д.Д. од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно бараните информации да ги доставува на начин наведени во Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Сојузот за грижи и воспитувања на децата на Македонија, поднесена против Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена Сојузот за грижи и воспитувања на децата на Македонија, поднесена против Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “да ни овозможи пристап до информации од јавен карактер од Второстепената комисија во врска со предметот воден во управна постапка по жалба меѓу Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и Државниот правобранител. Спорот е воден во управна постапка, а се однесува на жалба на Државниот (Јавниот) правобранител против Решението за трансформација по основ на поранешна сопственост бр.16-31/2 од 30.01.2002 година, издадено од Министерството за транспорт и врски-Подрачна единица Охрид“, поради тоа што е постапено по наведеното барање.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-25 на 20.02.2012 година, изјавена од Сојузот за грижи и воспитувања на децата на Македонија, поднесена против Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Сојузот за грижи и воспитувања на децата на Македонија, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за решавање во управна постапка од областа на имотно-правните односи и градежното земјиште заведено под бр.0302/05-12 на 26.01.2012 година, со кое побарал во фотокопија по пошта или по факс да му ја достават следната информација.
  “да ни овозможи пристап до информации од јавен карактер од Второстепената комисија во врска со предметот воден во управна постапка по жалба меѓу Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и Државниот правобранител. Спорот е воден во управна постапка, а се однесува на жалба на Државниот (Јавниот) правобранител против Решението за трансформација по основ на поранешна сопственост бр.16-31/2 од 30.01.2002 година, издадено од Министерството за транспорт и врски-Подрачна единица Охрид“.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен до Барателот доставила Известување заведено пос број 0307-56/2 од 08.02.2012 година во кое се наведува “Согласно Деловникот на Владата на Република Македонија, се укинува Државната комисија за решавање во управна постапка од областа на имотно-правните односи и градежното земјиште. Наместо досегашните комисии за решавање во управна постапка во втор степен за  одделни управни работи се основа Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи. Поради тоа Ве упатуваме да се обратите до Министерството за транспорт и врски, како орган кој располага со списите по бараниот предмет.“
Незадоволен од добиеното Известување Сојузот за грижи и воспитувања на децата на Македонија,  поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-25 од 23.02.2010 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Во врска со овој допис Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен достави Одговор на Жалба заведен под бр.1005-156/2 од 27.02.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-25 од 05.03.2012 година. Во Одговорот на Жалбата се наведува:“Бидејќи Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен е новоформиран орган и истата не располага со бараниот документ, согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барањето е препратено на надлежност до имателот на информацијата- Министерството за тренспорт и врски, како орган кој непосредно ја водел постапката за трансформацијата”.
Во прилог го достави Одговорот на барањето до Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија заведен под бр.1005-102/3 од 17.02.2012 година  и Проследувањето на Барањето до Министерството за транспорт и врски бр.1005-102/2 од 17.02.2012 година.
Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија кој потврди дека го добил дописот за препраќање на Барањето.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен  постапила по Барањето за пристап до информациии од јавен карактер поднесено од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија,  но со задоцнување.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје поднесена против Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Јавно претпријатие за стопанисување со пасиштa, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,со кое побарал да му достават одговори на прашањата: 1.Дали лицето М.Д. од Скопје, Улица 7 бр.17 Волково, има склучено договор со Ј.П за стопанисување со пасишта и доколку има под кој ваш архивски број се заведени договорите и од кој датум се договорите? 2.За кои катастерски општини и катастерски парцели има склучено договор погоре наведеното лице?  3. Барам и фотокопија од сите договори склучени помеѓу Ј.П за стопанисување со пасишта и Д.М. од Скопје, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-31 од 29.02.2012 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта и го утврди следното.
Д.Д. од Скопје,  како што се наведува во Жалбата, на 27.01.2012 година,  поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер и побарал по пошта, во фотокопија да му ја достават следната информација.
1.“Дали лицето М.Д. од Скопје, Улица 7 Бр.17 Волково, има склучено договор со Ј.П за стопанисување со пасишта и доколку има под кој ваш архивски број се заведени договорите и од кој датум се договорите?
2.За кои катастарски општини и катастарски парцели има склучено договор погоре наведеното лице?
3.Барам и фотокопија од сите договори склучени помеѓу Ј.П за стопанисување пасишта и Д.М. од Скопје?“
            Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Д.Д. од Скопје, на 29.02.2012 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-31, во кое наведува  дека добил одговор  на Барањето  со што престанува причината за оваа Жалба.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Јавното претпријатие за стопанисувања со пасишта, одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Д.Д. од Скопје.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-286/4 од 12.12.2011 година и бр.07-102/4 од 02.03.2012 година, изјавени од Н.А. од Скопје, поднесени преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), а во врска со член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 март  2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

Постапката по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-286/4 од 12.12.2011 година и бр.07-102/4 од 02.03.2012 година, изјавени од Н.А. од Скопје, поднесени преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-286/4 од 12.12.2011 година и бр.07-102/4 од 02.03.2012 година, изјавени од Н.А. од Скопје поднесени преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер “Бројот на предмети во кои се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година“ и го утврди следното.
Жалбите се изјавени од ист жалител, по исто барање, поднесени против Министерството за внатрешни работи, преку ист полномошник поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
Водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка Комисијата донесе Заклучок за спојување на наведените жалби во еден предмет.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.