ДОНЕСЕНИ 26 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата четиринаесета седница одржана на 22 декември 2011 година, донесе 26 решенија и 3 заклучоци.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Заедницата на сопственици на посебни делови на станбена зграда на улица Дренак број 4 Кисела Вода Скопје, застапувана од претседателот А.А., поднесена против Одговорот на Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Заедницата на сопственици на посебни делови на станбена зграда на улица Дренак број 4 Кисела Вода Скопје, застапувана од претседателот А.А., поднесена против Одговорот на Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Општината на барателот да му ја достави бараната информација “Основен проект за станбената зграда на улица Дренак број 4.“, најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-318 на 30.09.2011 година, изјавена од Заедницата на сопственици на посебни делови на станбена зграда на улица Дренак број 4 Кисела Вода Скопје, застапувана од претседателот А.А., поднесена против Одговорот на Општина Кисела Вода бр.18-4817/2 од 26.08.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ Општината на барателот да му ја достави бараната информација “Основен проект за станбената зграда на улица Дренак број 4.“, најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Заедницата на сопственици на посебни делови на станбена зграда на улица Дренак број 4 Кисела Вода, Скопје, застапувана од претседателот А.А., како што се наведува во Жалбата, на 10.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Кисела Вода и побарала на рака на полномошникот да му достават фотокопија од следните информации.
“- Основен проект за станбената зграда на улица Дренак број 4,
–    Одобрение за градење за станбената зграда на улица Дренак број 4-Кисела Вода, Скопје.“
Во врска со ова Барање Општината Кисела Вода до барателот доставила Одговор на Барање бр.18-4817/2 од 26.08.2011 година. Во прилог на Одговорот, Општината му доставила на барателот фотокопија од Одобрението за градење бр.15-1226/3 од 22.04.2002 година на Министерството за транспорт и врски –Подрачна единица Кисела Вода, Скопје и Известувањето Уп.бр.13-Сл. од 22.08.2011 година на Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општината Кисела Вода адресирано до Секторот за нормативно правни работи на Општината Кисела Вода, во кој се наведува дека “…од увидот во нашата архива…во предметот не е најден главен проект-архитектура.”
Незадоволна од наведениот Одговор, Заедницата на сопственици на посебни делови на станбена зграда на улица Дренак број 4 Кисела Вода, Скопје, застапувана од претседателот А.А. на 30.09.2011 година, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-318 од 03.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Општината Кисела Вода и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општината Кисела Вода во врска со ова барање достави допис Бр.18-4817/5 врска бр.18-4817/3 од 06.10.2011 година, а во Комисијата заведен под број 07-318 на 13.10.2011 година, во прилог на кој достави списи во врска со предметот.
Доставените списи без образложение, односно произнесување по Жалбата не беа доволни Комисијата да може да одлучи по истата и да донесе правилно и врз закон засновано решение. Поради тоа, Комисијата со допис бр.07-318 од 28.10.2011 година, побара од Општината Кисела Вода во рок од три дена од приемот на дописот да достави Решение за употреба на објектот, кој согласно Законот за изградба на инвестициони објекти (“Службен весник на СРМ” бр.15/1990, 11/1991, 11/1994 и 18/1999) го издава органот кој го издал Одобрението за градење или во конкретниов случај Општината Кисела Вода, од следните причини.
Во Законот за изградба на инвестициони објекти (“Службен весник на СРМ” бр.15/1990, 11/1991, 11/1994 и 18/1999), согласно кој е издадено Одобрението за градење, во случајов една од бараните информации, во членот 20 е утврдено дека “Органот што го издал одобрението за градење, техничката документација ја чува најмалку две години сметано од денот на издавањето на одобрението за употреба на изградениот објект, а потоа ја враќа на инвеститорот.” Во член 31 став 1 од цитираниот закон е утврдено дека “Решение за употреба на објектот од јавен интерес се издава по извршениот технички преглед.” Во врска со наведеното, во членот 6 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за изградба на инвестициони објекти (“Службен весник на РМ” бр.18/1999) е утврдено дека “За објекти кои не се од јавен интерес утврдени со закон, техничката исправност на објектот ја потврдуваат лица кои вршат стручен надзор, со записник, кој се доставува до органот на управата надлежен за работите на урбанизмот и градежништвото, а со записникот се констатира дека објектот може да се употребува.”
На барањето на Комисијата за достава на списи, Општината Кисела Вода со допис бр.18-4817/7 од 07.11.2011 година, достави повеќе списи во врска со предметот, но не и бараното Решение, со образложение дека во списите на предметот не е пронајдено бараното Решение за употреба на објектот, од причина што истото се однесува за објекти од јавен интерес.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општината Кисела Вода при постапувањето по Барањето не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му ја доставила бараната информација.
Од списите на предметот, доставени до Комисијата, Комисијата утврди дека Општината Кисела Вода, Секторот за инспекциски работи располага со бараната информација. Имено, постапувајќи по Пријавата на Заедницата на сопственици на посебни делови на станбена зграда на улица Дренак број 4 Кисела Вода, за бесправно градење и присвојување на дел од ходник на зграда, Општината Кисела Вода, Секторот за инспекциски работи одговорил со допис-Одговор на пријава уп.бр.22-2267/2 од 19.08.2011 година. Со цитираниот допис адресиран до Заедницата на сопственици, Општината Кисела Вода, Секторот за инспекциски работи, ја известува Заедницата на сопственици дека “…е извршен увид на лице место на ул.Дренак бр.4 и увид во доставената документација при што е утврдено дека се изведува по Одобрение за градење бр.15-1226/3 од 22.04.2002 год. и проект со тех.бр.2804 издадено од Министерството за транспорт и врски-Подрачна единица Кисела Вода, односно на тој дел од градбата не постои ходник.”
Врз основа на горенаведеното, Комисијата утврди дека, евидентно е дека Општината Кисела Вода располага со бараната информација Основен проект за станбената зграда на улица Дренак број 4, односно проект со тех.бр.2804, врз основа на што ја утврдила фактичката состојба по поднесената Пријава за бесправно градење и присвојување на дел од ходник на зграда.     
Поради наведеното одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА, Решението на Министерството за внатрешни работи рег.бр.15-85464/1 од 02.12.2011 година, СЕ ПОНИШТУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-357 на 07.12.2011 година, изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за внатрешни работи рег.бр.15-85464/1 од 02.12.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, оспореното Решение го поништи и го задолжи Министерството за внатрешни работи на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.Ј. од Скопје, како што се наведува во Жалбата, на 28.09.2011 година, доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи и побарала да и ја достават следната информација.
“На кое физичко или правно лице се пријавени како сопственици во вашата евиденција ТМВ SK 644 LV и ТМВ SК 664 LV.“
Министерството за внатрешни работи во врска со ова Барање одговорило со Известување рег.бр.10.1.4.3-14888/2 од 03.10.2011 година.
Незадоволна од наведеното Известување, В.Ј. на 14.10.2011 година, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-357 од 20.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
В.Ј. од Скопје на 07.12.2011 година, до Комисијата достави уште една Жалба, заведена во Комисијата под бр.07-357 во која наведува дека ја поднесува против Решението за одбивање на пристапот рег.бр.15-85464/1 од 02.12.2011 година на Министерството за внатрешни работи. Во образложението на цитираното Решение, Министерството наведува дека “Бараната информација не претставува информација од јавен карактер и согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на РМ бр.13/06) претставува исклучок од правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци.”
По поднесувањето на втората жалба, Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.15-85466/1 од 02.12.2011 година, со кој ја известува Комисијата дека пристапот до бараната информација е одбиен со Решение, и истото го достави во прилог.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи при постапувањето по Барањето и донесувањето на Решението за одбивање на пристапот, не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека во член 6 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер се наведени исклучоците од слободниот пристап до информации, и согласно став 1 точка 2 од цитираниот член имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Но Министерството за внатрешни работи, пред да го донесе оспореното Решение не го земало во предвид членот 2 став 1 алинеја 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.6/2010), и не го спровел “тестот на штетност”, кој е “задолжителна постапка кој ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно членот 6 од Законот, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.”
Во конкретниот случај нема основ за одбивање на пристапот поради следното.
Во членот 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр.7/05, 103/08; 124/10 и 135/11) е утврдено дека “”Личен податок” е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.”
Во конкретниов случај, бараната информација се однесува на име и презиме на физичкото лице, односно називот на правното лице кои според службената евиденција на Министерството за внатрешни работи се водат како сопственици на товарното моторно возило со регистарски таблички SК 644 LV и товарното моторно возило со регистарски таблички SK-664-LV.
Името и презимето не се заштитени лични податоци, од причина што со исто име и презиме може да има повеќе лица.
Во случајов, бараната информација открива кои се носителите на правото на сопственост на наведените подвижни предмети, а со тоа и нивната имотна состојба, и во никој случај не може да се толкува како личен податок. Податоците за сопственоста на движниот или недвижниот имот на физичките лица не претстваува личен податок согласно Законот за заштита на личните податоци, и не претставува основ за одбивање на пристапот до истите.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека постапувањето на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија по конкретниот предмет е спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и спротивно на начелата на јавност, отвореност, транспарентност, економичност на имателите на информации. Целта на горенаведениот Закон е граѓаните да го остварат своето право на пристап до информации од јавен карактер на брз и едноставен начин.
Врз основа на изнесеното одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.П. од Скопје, поднесена против Известувањето на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.П. од Скопје, поднесена против Известувањето на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, се УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006.86/2008 и 6/2010) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-361 од 28.10.2011 година, изјавена од К.П. од Скопје, поднесена против Известувањето бр.03-1532/2 од 19.10.2011 година на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, по предметот Барањето за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
К.П. од Скопје, на 26.09.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, заведено во Клиниката под бр.03-1532/1 и побарала по пошта да и се достави фотокопија од следната информација:
“Дали е задолжително тестирањето за ХИВ/СИДА на жените кои сакаат да извршат прекин на бременост? Доколку е задолжително врз основа на кој документ се спроведува тестирањето (протокол, упатство, одлука или друг пишан документ)? Барам препис доколку постои пишан документ.“
На ова Барање, Универзитетската клиника одговорила со Известување бр.03-1532/2 од 19.10.2011 годин, со кој ја известила К.П. дека “…тестирањето за прекин на бременост за ХИВ/СИДА не е задолжително за сите пациентки. Задолжително е за пациентки зависни од наркотици со донесени писмени резултати од соодветна здравствена установа.”
Незадоволна од Известувањето, К.П. поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-361 од 28.10.2011 година, поради како што се наведува во Жалбата, “…делумен одговор на поставеното прашање. Недостасува одговор врз основа на кој документ се спроведува задолжителното тестирање и препис доколку постои таков документ.”
Комисијата со допис бр.07-361 од 31.10.2011 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, и побара од Клиниката во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје достави Одговор на Жалба бр.03-1532/3 од 07.11.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-361 на 08.11.2011 година. Во Одговорот на Жалбата, Клиниката наведува дека “…тестирањето за ХИВ/СИДА не е задолжително за жените кои сакаат да извршат прекин на бременост. Тестирањето за ХИВ/СИДА се прави по медицинска процена од страна на специјалист гинеколог акушер дека одредени здравствени проблеми на пациентката можат да бидат резултат на евентуална ХИВ-инфекција. Информативната согласност од пациентката се добива во усмена форма…Резултатот од тестирањето го добиваме во писмена форма од медицинска здравствена установа.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Известувањето адресирано до К.П., ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, наведува за кои пациентки е задолжително тестирањето за ХИВ/СИДА, во случај кога сакаат да извршат прекин на бременост. Притоа не доставува препис од документот со кој тоа е регулирано.
Исто така и во Одговорот на Жалба доставен до Комисијата, Клиниката само образложува во кој случај се прави тестирањето на ХИВ/СИДА, без да наведе во кој документ е регулирана постапката која ја објаснува.
Доколку наведениот документ постои ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје е должна да го достави до барателот.
Доколку пак ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје не располага со бараната информација, должна е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.6/2010), кој гласи: “Во членот 26 став (2) зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите: “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: “(3)Против заклучокот од ставот (2) на овој член, барателот на информација може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.“
Согласно цитираниот член од измените на Законот, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Од наведените причини Комисијата и укажува на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство-Скопје повторно да го разгледа барањето и пред повторното одлучување по истото да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Поради горенаведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
    Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.П., поднесена против Одговорот на Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Т.П., поднесена против Одговорот на Министерството за култура, се УВАЖУВА.
За делот од Барањето кое се однесува на “член 150 имиња на изготвувачи на базата на податоци (“суи генерис заштита”)” Министерството за култура СЕ ЗАДОЛЖУВА на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
За делот од Барањето кое се однесува на “член 185 носители на правото што користат технолошки мерки (хронолошки)”, предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006.86/2008 и 6/2010) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-368 од 14.11.2011 година, изјавена од Т.П. од Скопје, поднесена против Одговорот бр.51-12973/2 од 07.11.2011 година на Министерството за култура, по предметот Барањето за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ, и за делот од Барањето кое се однесува на информација поврзана со член 150 од Законот за авторските права и сродните права ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето. За делот од Барањето кое се однесува на членот 185 од Законот за авторските права и сродните права, Комисијата ја УВАЖИ Жалбата и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Т.П. од Скопје, на 20.10.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура и побарала по пошта да и се достави фотокопија од информациите:
“Согласно Законот за авторски и сродни права
Член 170-Имиња на членовите на Комисијата за посредување со авторски и сродни права (хронолошки)
Член 150 и Член 185-Имиња на изготвувачи на базата на податоци (“суи генерис” заштита) и носители на правото што користат технолошки мерки (хронолошки).“
На ова Барање, Министерството за култура одговорило со Допис бр.51-12973/2 од 07.11.2011 година, со кој ја известило Т.П. за составот на Комисијата за посредување во авторското право и сродните права, односно и ги доставило имињата на членовите на Комисијата. Исто така во наведениот допис, за вториот дел од Барањето, Министерството го дало следното објаснување: ”Согласно Законот за авторското право и сродните права … авторските дела и предметите на сродните права се штитат по сила на одредбите од законот, односно не е потребна нивна регистрација пред кој било орган како услов за заштита. Оттаму, Министерството за култура не води регистар на авторски дела и предмети на сродните права, а со тоа ниту на носителите/имателите на правата.”
Незадоволна од цитираниот одговор, Т.П. поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-368 од 14.11.2011 година, поради како што се наведува во Жалбата, “Нецелосен одговор. Коректно одговорено по член 170 од Барањето. Неодговорено по член 185.”
Комисијата со допис бр.07-368 од 21.11.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура, и побара од Министерството во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на наведениот допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На барателот му доставило одговор на дел од бараната информација. За другиот дел од Барањето одговорило дека не располага со бараната информација.
Комисијата констатира дека информацијата поврзана со член 150 од Законот за авторските права и сродните права “имиња на изготвувачи на базата на податоци (“суи генерис” заштита)” е информација со која располага Министерството за култура.
Имено во Законот за авторските права и сродните права (“Службен весник на Република Македонија” бр.115/10 и 51/11) во дел 3, од членот 146 до членот 152 е утврдена Постапката за издавање дозвола за колективно управување. Согласно овие одредби, е утврдено дека Министерството за култура, донесува решение за давање дозвола или за одбивање на барањето на организацијата за колективно управување на авторското право и сродните права. Врз основа на наведеното, Министерството како надлежно за донесување на наведените решенија, има податоци за организациите на кои им е дадена дозвола или е одбиено барањето за колективно управување. Евиденцијата на овие податоци, независно дали е во вид на база на податоци и друг облик, ја води Министерството за култура, и согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер е должно на барателот да му ја достави информацијата за имињата на лицата кои ја водат евентуалната евиденција на овие податоци.   
Што се однесува за делот од Барањето поврзано со членот 185 од Законот за авторските права и сродните права “носители на правото што користат технолошки мерки (хронолошки)” Комисијата го утври следното.
Во Одговорот адресиран до Т.П., Министерството за култура, наведува дека не води регистар на авторски дела и предмети на сродните права, а со тоа ниту на носителите /имателите на правата.
 Доколку Министерството за култура, како што наведува, не располага со бараната информација, должно е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.6/2010), кој гласи: “Во членот 26 став (2) зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите: “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: “(3)Против заклучокот од ставот (2) на овој член, барателот на информација може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.“
Согласно цитираниот член од измените на Законот, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Од наведените причини Комисијата му укажува на Министерството за култура повторно да го разгледа бнарањето и пред повторното одлучување по истото да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Поради горенаведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
    Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против В.Д. стечаен управник на АДГ Маврово – во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  22 декември 2011 година, го донесе следното
    
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.П., поднесена против В.Д. стечаен управник на АДГ Маврово–во стечај,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, и  предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-362 од 08.11.2011 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против В.Д. стечаен управник на АДГ Маврово–во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган. Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
З.П. од Скопје, управител на ДУТ СТАНДАРД М дооел Скопје на 07.10.2011 година, преку пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до В.Д. стечаен управник на АДГ Мавро-во стечај и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Фотокопија од консолидирана годишна сметка на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје за период од 01.01.2008 год. до 31.12.2008 год. “.
Стечајниот управник на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесено Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-362 од 21.11.2011 година, ја препрати Жалбата до стечајниот управник и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, стечајниот управник достави Одговор бр.03-435 од 29.11.2011 година а во  Комисијата заведен под бр.07-362 на 30.11.2011 година.
Стечајниот управник на 02.02.12.2011 година до Комисијата го достави и Одговорот до барателот заведен во Комисијата под бр.07-362.
 Во одговорот до Комисијата наведува “На лицето му е овозможено увид во документацијата согласно законот за стечај но е запознат и од страна на стечајниот судија со одредбите од член 40 со кој е допуштен увид во документацијата на должникот но не и негово копирање.
Согласно професионалните стандарди за начинот на водење и чување на документацијата на должникот стечајниот управник со денот на именувањето го презема целокупниот имот на должникот вклучувајќи ја и документацијата на должникот. Стечајниот управник може да го ограничи пристапот до трговските книги и другата документација само за себе и своите соработници на период за кој самиот ке процени дека таквото ограничување е целисходно. Стечајниот управник не може да го ограничи пристапот до податоците на членовите на  одбор на доверители кои можат да вршат увид но не и копирање на документацијата.“
Во врска со овој Одговор Комисијата на  В.Д., стечаен управник на АДГ Маврово–во стечај и укажува на следното.
Според Законот за стечај, стечајниот управник има јавни овластувања и според тоа е имател на информации.
По барањата за слободен пристап до информации се постапува согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот на информацијата, согласно член 16 од наведениот Закон, не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации.
Комисијата изврши увид во цитираниот член 40 од Законот за стечај како и во Професионалниот стандард за начинот на водење и чување на документацијата и не најде дека во цитираниот законски и подзаконски акт е забрането копирање на документацијата.
Во цитираниот стандард стои: “Стечајниот управник може да го ограничи пристапот до трговските книги и другата документација на стечајниот должник, само за себе и своите соработници, на период за кој самиот ќе процени дека таквото ограничување е целисходно.
Стечајниот управник не може да го ограничи пристапот до податоците на членовите на одборот на доверители.“
Доколку стечајниот управник смета дека бараната информација преставува исклучок од слободниот пристап согласно член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должен е согласно член 20 став 2 од наведениот Закон да донесе Решение за одбивање на пристапот со образложение за одбивање односно да наведе зошто бараната информација претставува исклучок.
Притоа, согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер((“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), треба да го спроведе “тестот на штетност, кој е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со член 6 од овој закон, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Стечајниот управник на АДГ Маврово Скопје во стечај, В.Д. по Барањето за пристап до информации не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не му одговорила на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во врска со наведеното Комисијата на стечајниот управник В.Д.  и укажува на следното.
При евентуални идни барања е должна да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42-Скопје, поднесена преку претседателот на здружението И.С., против Министерството за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина- Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42-Скопје, поднесена преку претседателот на здружението И.С., против Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето на барателот да му ја достави бараната информација  “Фотокопија од студијата за испитување на загадувањето од Рафинеријата за нафта “Окта” с. Миладиновци, Општина Илинден”, најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-366 од 11.11.2011 година, изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42- Скопје, поднесена преку претседателот на здружението И.С., против Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Граѓанското здружение Фронт 21/42-Скопје како што е наведено во Жалбата на 18.08.2011 година,  доставило Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето и побарала во фотокопија по пошта и/или по електронски пат да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од студијата за испитување на загадувањето од Рафинеријата за нафта “Окта” с. Миладиновци, Општина Илинден “.
Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-366 од 21.11.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството не одговори ни на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М, Управа за животна средина–Одделение за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.К., адвокат од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното
                                
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.К., адвокат од Скопје поднесена против Решението на Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд 03 СУ.бр.2982/2011 од 26.10.2011 СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.03-Су. 2982/2011-1, доставена преку Основниот суд Скопје -II Скопје-, заведена во Комисијата под број 07-371 од 28.11.2011 година, изјавена од В.К., адвокат од Скопје против Решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје-Граѓански суд, ЈА УВАЖИ, Решението на Основниот суд Скопје II Скопје -Граѓански суд 03 СУ.бр. 2982/2011 од 26.10.2011 година го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.К., адвокат од Скопје на 21.10.2011 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд и побарал од Судот да му достави копија од :
 “Статутот на Македонската православна црква заедно со сите негови измени, кој ми е потребен како доказ во постапката која што се води пред основниот суд Битола “.
Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд на барателот на информацијата му доставил Решение 03 СУ.бр.2982/2011 од 26.10.2011 година, со кое го одбил неговото барање. Во образложението на Решението е наведено “Основниот суд Скопје II Скопје е првостепен граѓански суд со основна и проширена надлежност. Во рамките на својата стварна и месна надлежност, во постапките кои се водат пред овој суд, се применуваат одредбите на законите со кои се уредени судските постапки, а пред се Законот за парнична постапка…….Согласно член 11 ст.1 од Законот за правната положба на црквите, верските заедници и религиозни групи, надлежен суд за водење на единствениот судски регистер на црквите, верските заедници и религиозни групи е Основниот суд Скопје II Скопје. Според ставот 2 од истиот член, податоците запишани во надлежниот суд се јавни……Имено, согласно цитираните одредби од чл. 11 од Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, податоците запишани во надлежниот регистар се јавни, а не самите списи на предметите и регистарските влошки за црквите, верските заедници и религиозни групи…“
Незадоволен од образложението на добиеното Решение, В.К., адвокат од Скопје, преку Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд, поднесе Жалба до Комисијата.   
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Основниот суд Скопје II Скопје- Граѓански суд при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е поднесено Барањето, туку се повикал на одредби од Законот за парнична постапка и другите закони со кои се уредени судските постапки.
Комисијата на Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд му укажува дека на доставени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер треба да одговара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не според одредби од процесните закони со кои се уредени судските постапки.
Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не се повикал на исклучоците од слободен пристап до информации наведени во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis. Основниот суд Скопје II Скопје– Граѓански суд пред да го донесе Решението не постапил согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 4 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ бр.6/2010) “По исклучок од ставот 1 на овој член имателите на информации ќе одобрат пристап до информација, по задолжително спроведениот тест на штетност, со кој ќе се утврди дека со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата“
Неспорно е дека Судот работи по погоре цитираните процесни закони, но тие треба да бидат дополнително образложени при одбивањето на пристапот. Одбивањето на пристапот се врши само согласно член 6 став 1 (точки 1 до 8) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Исто така, во Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, во член 12, точка 2, алинеја три е наведено “акт со кој се уредува статусот, организацијата и дејствувањето“. Според Комисијата, наведените податоци кои треба да се основ за донесување на Статутот, не претставуваат исклучок од  член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниов случај Комисијата укажува на следното.
Граѓаните имаат право на пристап до информации од јавен карактер. Ова право им е гарантирано со Уставот на Република Македонија, а операционализирано во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“. Информациите кои ги создале и со кои располагаат имателите на информации се од јавен карактер и во принцип пристапот до истите не треба да биде ограничен.
Барателот на информацијата согласно наведениот Закон нема никаква обврска да го наведе правниот интерес и да образложи зошто ја бара наведенатa информација, а имателот на информацијата нема право да бара образложение за причините од потребата на информацијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против С.А., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против С.А., нотар од Велес, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-364 од 11.11.2011 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против С.А., нотар од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес на 18.10.2011 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до нотарот С.А. од Велес и побарал да му се овозможи увид во документацијата и да му се даде фотокопија од следната информација:
„Спогодба склучена помеѓу: 1. С.Д., со место на живеење на улица Благој Ѓорев 69/2-19 Велес и 2. С.М. со место на живеење на улица Благој Ѓорев 69/2-20 Велес и сите списи во врска со спогодбата доколку ги има“.
Нотарот С.А. од Велес, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање го повикала барателот во нејзината канцеларија, и го известила дека „…има само заверени потписи за договор за отстапување на право помеѓу лицето Д.С….и  М.С….и со Решение бр.17-22 од 07.02.2011 година, од Државниот архив на Република Македонија, подрачна единица Велес, има согласност за уништување на документиран материјал за период од 2007 година“.
Незадоволен од добиеното известување, Б.П. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-364 од 15.11.2011 година, ја препрати Жалбата до нотарот С.А. од Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Нотарот С.А. од Велес по ова барање достави допис -Одговор на Жалба, заведен во Комисијата под број 07-364 на 30.11.2011 година.
Во Одговорот на Жалбата, нотарот С.А. од Велес наведува дека „…согласно член 79 од ЗН, во најбрз можен рок му издадов Потврда за извршен упис во Уписникот за заверки и потврди…(писмено му одговорив), со која му образложив дека таков упис постои во мојот Уписник…но дека согласно Правилникот за видот, содржината, формата, начинот на водењето и чувањето на актите, уписниците, книгите и имениците на нотарот, начинот на примање и чување на нотарските исправи и предметите од вредност и нивното издавање и преземање, како и преземање на други формални дејствија, а врз основа на Решение…издадено од Државниот архив на РМ, одделение Велес…списите за заверка и потврди, меѓу кои и Спогодбата заверена под УЗП брпј 4669/07 од 09.10.2007 година, ми се поништени. ..на барателот Б.П. … немав што да му ставам на увид…“.
Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Потврдата со која нотарот С.А. потврдува дека ги заверила потписите на Договор за отстапување на право, склучен меѓу С.Д и С.М. од Велес, фотокопија од Барањето на нотарот за добивање согласност за уништување на документарен материјал, доставено до Државниот архив на Република Македонија, Подрачно одделение во Велес, фотокопија од Пописен лист за уништување на документарен материјал со поминат рок на чување и фотокопија од Решение од Државниот архив, односно согласност за уништување на документарниот материјал на нотарот С.А. за периодот од 2007 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Нотарот С.А. во врска со поднесеното барање во законски предвидениот рок го повикала барателот,  му доставила  Потврда за извршен упис во Уписникот за заверки и потврди, со образложение дека таков упис постои во нејзиниот Уписник, но дека согласно важечките прописи во врска со чувањето и уништувањето на документарниот материјал со поминат рок на чување, списите за заверка и потврди меѓу кои и Спогодбата заверена под УЗП број 4669/07 од 09.10.2007 година, се поништени согласно Решение од Државниот архив на Република Македонија.
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното.
Нотарот С.А. во врска со поднесеното Барање од Б.П. од Велес не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, доколку имателот на информации не располага со бараната информација, како што во случајов тврди нотарот во горенаведениот Одговор, била должна со Заклучок да ја прекине постапката, со образложение зошто не располага со бараната информација.
Оттука, произлегува дека во првостепената постапка имало недостатоци (не е донесен наведениот заклучок), но сепак Комисијата оцени дека тие се такви што не можат да влијаат врз решавањето на работата, односно не можат тие недостатоци да бидат причина и основ за поинакво одлучување.    
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.   

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на  22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата  изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,  СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-394 од 16.12.2011 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и  ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното:
Како што е наведено во Жалбата, Ф.П. од Скопје, на 10.10.2011 година, поднел Барање за увид во предметот и копирање на списи од предметот до  Агенцијата за цивилно воздухопловство, заведено во Агенцијата под бр.Уп.08-978, со кое побарал : „Како странка во предметот цитиран во врска со Решение Ваш УП бр.08-978 од 29.06.2011 година барам да ми овозможите увид во списите во предметот и копирање на списи од истиот како докази заради остварување на законското право на жалба согласно правната поука од Решението“.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, како што е наведено во Жалбата, не одговорила на Барањето, по што е поднесена Жалба.
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното.
Право на правна заштита, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, има барател кој поднел Барање согласно наведениот Закон.
Во конкретниов случај барателот поднел Барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство  „за увид во предметот и копирање на списи од предметот“ во кое не се повикал на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и според тоа, постапката по Жалбата во врска со наведеното Барање не може да се спроведе по наведениот Закон.
     Поради горе изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
 
**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација “Кои биле подносители на барањето за поведување на прекршочна постапка (одделно за секој субјект според член 60 став (1) од Законот за прекршоците) во текот на една година на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за оддлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува на 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-341 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Кои биле подносители на барањето за поведување на прекршочна постапка (одделно за секој субјект според член 60 став (1) од Законот за прекршоците) во текот на една година на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за оддлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува на 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“  
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-341 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата под бр.07-341 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “…одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии бидејќи…располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр.07-623/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07-623/4 од 26.10.2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира Министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено Барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира Министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и Одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со Одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините, зошто како што е наведено во Одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација “Колку барања за поведување на прекршочна постапка на ниво на Република Македонија се вратени од страна на секоја Комисија за одлучување по прекршок заради спроведување на постапка за порамнување (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“, најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-345 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку барања за поведување на прекршочна постапка на ниво на Република Македонија се вратени од страна на секоја Комисија за одлучување по прекршок заради спроведување на постапка за порамнување (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“  
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-345 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата под бр.07-345 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “…одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии бидејќи…располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите…“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр.07-628/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07-628/4 од 26.10.2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира Министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено Барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира Министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и Одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со Одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините, зошто како што е наведено во Одговорот на Жалбата “Комисиите не располагаат со бараниот податок затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација “За колку прекршочни постапки настапила застареност пред и по формирањето на Комисијата за одлучување по прекршок на ниво на Република Македонија (бараната информација треба да се однесува за 2007, 2008, 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-349 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“За колку прекршочни постапки настапила застареност пред и по формирањето на Комисијата за одлучување по прекршок на ниво на Република Македонија (бараната информација треба да се однесува за 2007, 2008, 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“  
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-349 од 20.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата под бр.07-349 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “…одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии бидејќи…располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите…“
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-637/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата.“
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07-637/4 од 26.10.2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира Министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено Барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира Министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и Одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три месеци да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со Одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините, зошто како што е наведено во Одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација “За колку од донесените одлуки за прекршок на ниво на Република Македонија е поднесена тужба за поведување на управен спор од страна на лицата (физички или правни) на кои им била изречена санкцијата (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“, најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-353 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државниот пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“За колку од донесените одлуки за прекршок на ниво на Република Македонија е поднесена тужба за поведување на управен спор од страна на лицата (физички или правни) на кои им била изречена санкцијата (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)?“  
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-353 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата под бр.07-353 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “…одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии бидејќи…располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите…“
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр.07-634/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07-634/4 од 26.10.2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира Министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено Барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира Министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и Одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со Одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините, зошто како што е наведено во Одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација „Колку постапки на ниво на Република Македонија се завршени преку постапка за порамнување од страна на секоја Комисија за одлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-344 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општеството-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“Колку постапки на ниво на Република Македонија се завршени преку постапка за порамнување од страна на секоја Комисија за одлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година“.   
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-344 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 07-344 од 15.11.2011 година, во кој наведува дека „…одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии…кои располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено службено лице…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-627/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот, по што е поднесена Жалба до Комисијата против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр. 627/4 од 26.10.2011 година ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр. 13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговорило дека „…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
Министерството за економија, на 05.12.2011 година, до Комисијата достави допис бр.13-8379/3 од 24.11.2011 година, со кој ја извести Комисијата дека постапило согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Барањето го препратило до Државниот пазарен инспекторат и дека за тоа го известило барателот на информацијата. Во истиот допис е наведено дека „Според членот 37-а од Законот за државен пазарен инспекторат, постапката за порамнување ја води државниот пазарен инспектор….Инспекторатот води евиденција за покренатите постапки за порамнување и за нивниот исход“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за економија постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по Барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по Барањето, од причина што Државниот пазарен инспекторат е во состав на Министерството за економија, а немал назначено службено лице. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов, ниту после четири месеци, барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата  за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното:
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011) „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.81/2007) „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“. Што се однесува до водењето на евиденцијата на прекршоците, согласно член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер нема надлежност да навлегува во причините зошто, како што е наведено во Одговорот на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен во Државниот пазарен инспекторат под бр. 07-627/2 на 07.09.2011 година, дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците…од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација „Колку прекршочни постапки на ниво на Република Македонија се поведени во секоја година одделно и во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок одделно при Инспекторатот и врз основа на кој закон-и со кои се предвидени прекршоците е предвидена постапката (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-348 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
„Колку прекршочни постапки на ниво на Република Македонија се поведени во секоја година одделно и во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок одделно при Инспекторатот и врз основа на кој закон-и со кои се предвидени прекршоците е предвидена постапката (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.   
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-348 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 07-348 од 15.11.2011 година, во кој наведува дека „…одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии…кои располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено службено лице…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на погоренаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-630/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот, по што е поднесена Жалба до Комисијата против Државниот пазарен инспекторат.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Државниот пазарен инспекторат со допис бр. 630/4 од 26.10.2011 година ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр. 13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговорило дека „…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за економија постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по Барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по Барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов, ниту после четири месеци, барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата  за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното:
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011) „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.81/2007) „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“. Што се однесува до водењето на евиденцијата на прекршоците, согласно член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер нема надлежност да навлегува во причините зошто, како што е наведено во Одговорот на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен во Државниот пазарен инспекторат под бр. 07-630/2 на 07.09.2011 година, дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците…од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација „Колку предмети се решени од страна на Управниот суд на Република Македонија во однос на поднесените тужби за поведување на управен спор (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година“,  најдоцна до 13.01.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-352 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“Колку предмети се решени од страна на Управниот суд на Република Македонија во однос на поднесените тужби за поведување на управен спор (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година“.   
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-352 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата под  бр. 07-352 од 15.11.2011 година, во кој наведува дека „…одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии…кои располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено службено лице…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на погоренаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-635/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на Барањето до барателот во рокот предвиден во Законот, по што е поднесена Жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр. 635/4 од 26.10.2011 година ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр. 13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговорило дека „…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
Министерството за економија, на 30.11.2011 година, до Комисијата достави допис бр.13-8398/3 од 26.11.2011 година, со кој ја извести Комисијата дека постапило согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Барањето го препратило до Управниот суд и дека за тоа го известило барателот на информацијата.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 02.12.2011 година, по електронски пат, ја извести Комисијата дека го добила одговорот од Министерството за економија за барањето бр.11-700/23 што се однесува на Државен пазарен инспекторат, но дека пристигнатиот одговор практично не содржи одговор на Барањето, туку „Министерството единствено се иззема од надлежност. Имајќи го ова предвид, ве молиме да ја продолжите постапката по жалбите“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за економија постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по Барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по Барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после три месеци барателот не ја добил бараната информација, туку по толку долг период  Министерството за економија го препратило Барањето до Управниот суд.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата  за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното:
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011) „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.81/2007) „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“, а „Против решенијата на Комисијата со кои се изрекува прекршочна санкција согласно со одредбите од овој закон, може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд“. Што се однесува до водењето на евиденцијата на прекршоците, согласно член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер нема надлежност да навлегува во причините зошто, како што е наведено во Одговорот на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен во Државниот пазарен инспекторат под бр. 07-635/2 на 07.09.2011 година, дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците…од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  „Фотокопија од актот (деловник, правилник, или друг акт) за начинот на работење на Комисијата за одлучување по прекршоци“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-356 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општеството-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од актот (деловник, правилник, или друг акт) за начинот на работење на Комисијата за одлучување по прекршоци“.   
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-356 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 07-356 од 15.11.2011 година, во кој наведува дека „…одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии…кои располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено службено лице…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на погоренаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-621/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Фотокопијата од деловникот за начинот на работење на Комисијата за одлучување по прекршоци оди во прилог на овој допис. Одговорот на барањето Ви го доставуваме со цел да го проследите до барателот на информацијата…“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот, по што е поднесена Жалба до Комисијата против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр. 621/4 од 26.10.2011 година ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр. 13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговорило дека „…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за економија постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по Барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по Барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов, ниту после четири месеци, барателот не ја добил бараната информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација „Колку предмети имало за судир на надлежност (суд v.s прекршочен орган) во текот на една година на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-340 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
„Колку предмети имало за судир на надлежност (суд v.s прекршочен орган) во текот на една година на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.   
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-340 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведена во Комисијата под бр. 07-340 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека „… одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии…кои располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено службено лице…Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-624/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на Барањето до барателот во рокот предвиден во Законот, по што е поднесена Жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр. 624/4 од 26.10.2011 година ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр. 13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговорило дека „…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за економија постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека Барањето, а подоцна и Жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по Барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот Барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по Барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на Барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов, ниту после четири месеци, барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата  за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното:
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011) „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.81/2007) „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“. Што се однесува до водењето на евиденцијата на прекршоците, согласно член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер нема надлежност да навлегува во причините зошто, како што е наведено во Одговорот на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен во Државниот пазарен инспекторат под бр. 07-624/2 на 07.09.2011 година, дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците…од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција…“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

                                          Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  “На кој начин е достапен-објавен актот (деловник, правилник или друг акт) за начинот на работењето на Комисијата за одлучување по прекршоци)“,  најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-342 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“ На кој начин е достапен-објавен актот (деловник, правилник или друг акт) за начинот на работењето на Комисијата за одлучување по прекршоци)“.
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-342 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата  под бр.07-342 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии…Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-622/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено “Одговорот на барањето Ви го доставуваме со цел да го проследите до барателот на информацијата во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл.весник на РМ бр.13/2006) “.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07- 622/4 од 26.10 2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 19.12.2011 година, по електронски пат, ја извести Комисијата дека добила одговори од Министерството за економија но не и за Барањето број.11-700/10 што се однесува на Државен пазарен инспекторат.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011), “Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините зошто како што е наведено во одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција….“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  “Колку одлуки за прекршок на ниво на Република Македонија се донесени секоја година одделно и во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок при Инспекторатот и врз основа на кој закон-и се предвидени прекршоците (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“, најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-346 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку одлуки за прекршок на ниво на Република Македонија се донесени секоја година одделно и во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок при Инспекторатот и врз основа на кој закон-и се предвидени прекршоците (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-346 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата  под бр.07-346 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии…Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат како орган во состав на Министерството за економија нема определено едно или повеќе службени лица …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група  за остварувањето на правото за слободен пристап до информациите …со цел работната група,  која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-632/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија–за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07- 632/4 од 26.10 2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговорило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), “Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон “Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините зошто како што е наведено во одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција….“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  “За колку дена во просек Комисијата за одлучување по прекршок постапувала по добиените барања за поведување прекршочна постапка на ниво на Република Македонија  (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“,  најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-350 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“За колку дена во просек Комисијата за одлучување по прекршок постапувала по добиените барања за поведување прекршочна постапка на ниво на Република Македонија“ (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-350 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата  под бр.07-350  на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии… Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат како орган во состав на Министерството за економија нема определено едно или повеќе службени лица. …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група за остварувањето на правото за слободен пристап до информациите….со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-638/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија–за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07- 638/4 од 26.10 2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговорило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините зошто како што е наведено во одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција….“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  „Колку опомени се изречени во текот на една година на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок“ (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“,  најдоцна до  13 јануари 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-354 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13 јануари  2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку опомени се изречени во текот на една година на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок“  (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-354 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата  под бр.07-354  на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања  го изготвивме во Прекршочните комисии…Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат како орган во состав на Министерството за економија нема опредeлено едно или повеќе службени лица. …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група за остварувањето на правото за слободен пристап до информации ….со цел работната група, која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-633/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека “Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07- 633/4 од 26.10 2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговoрило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.
Фондацијата Институт отворено општество–Македонија на 02.12.2011 година, по електронски пат, ја извести Комисијата дека го добила одговорот од Министерството за економија за барањето број.11-700/21 што се однесува на Државен пазарен инспекторат, но дека пристигнатиот одговор практично не содржи одговор на Барањето, туку „Министерството единствено се иззема од надлежност. Имајќи го ова предвид, ве молиме да ја продолжите постапката по жалбите“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон “Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините зошто како што е наведено во одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција….“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  „За колку од поведените предмети нема донесено одлуки за прекршок или нема поднесено барање за поведување на  прекршочна постапка до надлежен суд во текот на една година на ниво на Република Македонија  во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-343 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
„За колку од поведените предмети нема донесено одлуки за прекршок или нема поднесено барање за поведување на  прекршочна постапка до надлежен суд во текот на една година на ниво на Република Македонија  во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-343 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата  под бр.07-343 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии…Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-625/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07- 625/4 од 26.10 2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 02.12.2011 година, по електронски пат, ја извести Комисијата дека го добила одговорот од Министерството за економија за барањето број.11-700/13 што се однесува на Државен пазарен инспекторат, но дека пристигнатиот одговор практично не содржи одговор на Барањето, туку „Министерството единствено се иззема од надлежност. Имајќи го ова предвид, ве молиме да ја продолжите постапката по жалбите“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините зошто како што е наведено во одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција….“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  „Колку дена во просек траеле поведените прекршочни постапки на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок при Инспекторатот (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“,  најдоцна до 13.01 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-347 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
 „Колку дена во просек траеле поведените прекршочни постапки на ниво на Република Македонија во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок при Инспекторатот (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.
 Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-347 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата  под бр.07-347 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии…Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-631/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07-631/4 од 26.10 2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините зошто како што е наведено во одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција….“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација  „Колку од одлуките за прекршок на ниво на Република Македонија се извршени во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок при Инспекторатот (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“,  најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-351 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за економија на барателот да му ја достави  бараната информација најдоцна до 13.01.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
„Колку од одлуките за прекршок на ниво на Република Македонија се извршени во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршок при Инспекторатот (бараната информација треба да се однесува за 2009, 2010 и првото полугодие за 2011 година)“.
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-351 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен во Комисијата  под бр.07-351 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии…Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-636/2 на 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок и не водат единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки од причина што не се донесени подзаконските акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција, како и начинот до пристап на информациите кои се содржани во евиденцијата“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не го доставило одговорот на барањето до барателот во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07- 636/4 од 26.10.2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од три  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.
Во врска со одговорот на Прекршочните комисии, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.     
Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.36/2011), „Инспекторатот е прекршочен орган, а постапката пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок“. Во врска со водењето на постапката, пак, според член 13-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат (“Службен весник на Република Македонија“  бр.81/2007), „Министерот може да формира прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка…“.
Што се однесува до водењето на евиденција на прекршоците, согласно  член 13-б од горенаведениот Закон „Комисијата води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот за економија во согласност со министерот за правда“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нема надлежност да навлегува во причините зошто како што е наведено во одговорот на Жалбата “ Комисиите не располагаат со бараниот податок  затоа што, не се донесени подзаконски акти со кои се утврдува формата и начинот за водење на ваквата евиденција….“  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“  бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-355 од 13.10.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 26.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од програмата за континуирана обука на членовите на Комисијата за одлучување по прекршок“.   
Државниот пазарен инспекторат на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-355 од 18.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерство за економија-Државниот пазарен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот пазарен инспекторат по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен  во Комисијата под бр. 07-355 на 15.11.2011 година, во кој наведува дека “….одговорот на сите барања го изготвивме во Прекршочните комисии…Комисиите располагаат со бараните податоци…се формирани од страна на Министерот за економија со решение…од 31.12.2010 година…и се Прекршочни комисии на Министерството за економија. Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, нема определено едно или повеќе службени лица …Министерот за економија има формирано работна група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер…Прекршочните комисии одговорија на барањата и навремено ги доставија одговорите до координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации…со цел работната група , која е единствено овластена од Министерот, да ги препрати до барателот на информациите“.
Во прилог на горенаведениот Одговор на Жалба, Државниот пазарен инспекторат достави фотокопија од Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр. 07-619/2 од 07.09.2011 година, потпишан од страна на претседателите на две прекршочни комисии. Во Одговорот адресиран до Министерството за економија – за Координаторот на работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, е наведено дека „Прекршочните комисии не располагаат со бараниот податок ….по добивањето на одговорот за тоа дали во програмата на Министерството е содржан ваков податок или не, одговорот треба да го проследите до барателот на информацијата во согласност со одредбите на Законот ……“.
Министерството за економија не постапило по укажувањата на Прекршочните комисии, не одговорило на барањето во рокот предвиден во Законот по што е поднесена жалба до Комисијата, против Државниот пазарен инспекторат.
Државниот пазарен инспекторат со допис бр.07- 619/4 од 26.10 2011 година, ја препратил Жалбата до Министерството за економија, а Министерството за економија со допис бр.13-8399/2 од 01.11.2011 година, му одговарило дека “…нема надлежност да се произнесува по доставените жалби…од причина што жалбите се поднесени против Државниот пазарен инспекторат…“.  
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 02.12.2011 година, по електронски пат, ја извести Комисијата дека го добила одговорот од Министерството за економија за барањето број.11-700/8 што се однесува на Државен пазарен инспекторат, но дека пристигнатиот одговор практично не содржи одговор на Барањето, туку „Министерството единствено се иззема од надлежност. Имајќи го ова предвид, ве молиме да ја продолжите постапката по жалбите“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за економија, постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Точно е дека барањето, а подоцна и жалбата се доставени до Државниот пазарен инспекторат. Барателот не е должен точно да знае кој е имател на бараната информација, а службеното лице согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ја спроведе постапката по барањето и доколку има потреба да му помогне на барателот да го оствари правото на пристап до бараната информација, во рокот предвиден во Законот.
Во случајов барателот барањето го доставил до Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, а се однесувало на информација со која би требало да располагаат Прекршочните комисии, кои ги формира министерот за економија.  
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да определат едно или повеќе службени лица за посредување со информации од јавен карактер.
Во периодот кога е доставено барањето за пристап до информацијата, службеното лице на Министерството за економија било должно да ја спроведе постапката по барањето, од причина што Прекршочните комисии ги формира министерот за економија, истите немаат својство на правно лице, ниту може да се третираат како посебни иматели на информации. Меѓусебната комуникација со Министерството за економија во однос на постапувањето по барањата за пристап до информации од јавен карактер треба сами да си ја уредат. Прекршочните комисии во случајов постапиле правилно кога одговориле на барањето и одговорот го доставиле до службеното лице во Министерството за економија, кое било должно веднаш, а не со задоцнување од четири  месеци  да го достави до барателот.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз, едноставен начин, со помалку трошоци да им се овозможи на барателите пристап до бараната информација. Во случајов ниту после четири месеци барателот не ја добил бараната информација.    
Во конкретниов случај се работи за барање информација за која во Одговорот што го доставиле до Министерството за економија, а Министерството за економија до барателот, Прекршочните комисии наведуваат дека не располагаат.
Во врска со наведениот одговор Комисијата укажува на следното.
Доколку имателот на информации не располага со бараната информација, должен е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.6/2010), кој гласи: “Во членот 26 став (2) зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите: “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: “(3)Против заклучокот од ставот (2) на овој член, барателот на информација може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.“
Согласно цитираниот член од измените на Законот, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Од наведените причини Комисијата му укажува на Министерството за економија повторно да го разгледа барањето и пред повторното одлучување по истото да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
 Поради погоре наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Уставен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Уставен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Копија од записникот од седницата на Уставен суд одржана на 9 февруари 2011 година“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-316  на 30.09.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Уставниот суд на Република Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 19.07.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Уставниот суд на Република Македонија и побарала по пошта да и ја достават следната информација „Копија од записникот од седницата на Уставен суд одржана на 9 февруари 2011 година“.
Уставниот суд на Република Македонија, во врска со ова Барање на 12.09.2011 година, донел Решение Суи бр.8/11 – 2 со кое пристапот до бараната информација го одбива.  
Против наведеното Решение Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-316 од 06.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Уставниот суд на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Уставниот суд достави Известување  Суи бр.15/11-2 од 16.11.2011 година, а во Комисијата заведено под бр.07-316 на 17.11.2011 година. Во Известувањето е наведено дека Уставниот суд ја доставил бараната информација до барателот „…во смисла на член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 02.12.2011 година, по меил ја извести Комисијата дека е задоволна од добиениот одговор.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Уставен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Уставен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од записникот од седницата одржана на 4 мај 2011 година“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-314 на 30.09.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Уставниот суд на Република македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 19.07.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Уставниот суд на Република Македонија и побарала по пошта да и ја достават следната информација “Копија од записникот од седницата одржана на 4 мај 2011 година“.
Уставниот суд на Република Македонија во врска со ова барање на 12.09.2011 година, донел Решение Суи бр.7/11 со кое пристапот до бараната информација, го одбива.  
Против наведеното Решение Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-314 од 06.10.2011 година, ја препрати Жалбата до Уставниот суд на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Уставниот суд достави Одговор на Жалба Суи бр.7/11-4 од 10.10.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-314 на 13.10.2011 година.
Образложението на оспореното Решение со кое Уставниот суд на Република Македонија го одбива барањето за пристап до информацијата и Одговорот на жалбата, не беа доволни Комисијата да може да одлучи по Жалбата.
Од наведените причини побара увид во бараната информација. Уставниот суд на 4 ноември 2011 година, на Комисијата и овозможи увид во предметот. По извршениот увид и укажувањата во врска со предметот, Уставниот суд ја доставил бараната информација до барателот, со бришење на личните податоци, кои согласно законот претставуваат исклучок од слободниот пристап.        
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 02.12.2011 година, по меил ја извести Комисијата дека е задоволна од добиениот одговор.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од претседателот на Здружението Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 22 декември 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од претседателот на Здружението Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Колку вкупно барања за бесплатна правна помош се поднесени до подрачните одделенија на Министерството за правда на РМ во периодот од 01.07.2011 год. до 30.09.2011 год.? Колку вкупно барања се доставени до Министерството за правда на РМ од страна на подрачните одделенија во периодот од 01.07.2011 год. до 30.09.2011 год.?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-367 од 11.11.2011 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од претседателот на Здружението Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници, како што е наведено во Жалбата, до Министерството за правда поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0306-1155/1 од 05.10.2011 година. Барањето е примено во Министерство за правда на РМ на 07.10.2011 година. Здружението со Барањето побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 „Колку вкупно барања за бесплатна правна помош се поднесени до подрачните одделенија на Министерството за правда на РМ во периодот од 01.07.2011 год. до 30.09.2011 год.? Колку вкупно барања се доставени до Министерството за правда на РМ од страна на подрачните одделенија во периодот од 01.07.2011 год. до 30.09.2011 год.?“.
 Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-367 од 15.11.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерство за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Министерството за правда достави Одговор по жалба бр.19-3673/4 од 25.11.2011 година, а во Комисијата заведено под бр.07-367 на 05.12.10.2011 година, во кој наведува дека Министерството доставило одговор на Барањето. Во прилог го достави наведениот одговор – Известување бр. 19-3673/3 од 24.11.2011 година.
Македонското здружение на млади правници на 13.12.2011 година достави до Комисијата Известување бр.07-367, во кое се наведува дека до него е доставена бараната информација.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за правда одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.