ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата деветта седница одржана на 1 септември 2011 година, донесе 12 решенија и 8 заклучоци.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 септември 2011 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната  информација “Дали и кога е формирана Државна комисија за унапредување на правата на пациентите согласно член 51 на Законот за заштита на правата на пациентите?“, најдоцна до 20 септември 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-190 на 27.06.2011 година, изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20 септември 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје, како што е наведено во Жалбата на 25.03.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство и побарала да и ја достават следната информација.
“Дали и кога е формирана Државна комисија за унапредување на правата на пациентите согласно член 51 на Законот за заштита на правата на пациентите?“.
Министерството за здравство  на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-190 од 04.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за здравство постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на Решението.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

        **********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), на седницата одржана на 1 септември 2011 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната  информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за животна средина и просторно планирање во периодот од 20 февруари 2011 година – 20 март 2011 година?“, најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.68/2008, бр.6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-152 на 20.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 22.03.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за животна средина и просторно планирање во периодот од 20 февруари 2011 година – 20 март 2011 година?“,
Министерството за животна средина и просторно планирање како што е наведено во Жалбата на ова барањаe не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-152 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и  побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за животна средина и просторно планирање постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.С. од Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 1 септември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Душица Сајковска од Скопје, поднесена против Решението бр.1123/2248/1 од 03.05.2011 година на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, се УВАЖУВА, оспореното Решение се ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006.86/2008 и 6/2010) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-194 од 29.06.2011 година, изјавена од Д.С. од Скопје, поднесена против Решението бр.1123/2248/1 од 03.05.2011 година на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барањето за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ, оспореното Решение го ПОНИШTИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Д.С. од Скопје, на 29.04.2011 година, до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Агенцијата под бр.1123/2248/1 и побарала “Увид во сумарни списоци на газдинство од 1948 година за КО Оризари составен од тогашниот катастар на РМ, согласно наредбата Одлука бр.IV бр.591 од 1948 година за изложување на имотите.“ На ова Барање Агенцијата одговорила во законски предвидениот рок и донела Решение за одбивање на пристапот, бр.1123/2248/1 од 03.05.2011 година. Во диспозитивот на Решението е наведено дека за бараната информација треба да се плати надоместок од страна на барателот според Тарифникот за висината на надоместокот за користење на податоците од премерот и катастарот на недвижностите. Врз основа на наведеното, Агенцијата утврдила дека “…бараниот пристап на информации-увид во списите спаѓаат во редот на информации што се однесуваат на комерцијални и други економски интереси…” и со Решение го одбила Барањето.
Незадоволна од наведеното Решение, Д.С. поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-194 од 29.06.2011 година.
Комисијата со допис бр.07-194 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, и побара од Агенцијата во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје достави Одговор на Жалба УП.бр.1123-2248/3 од 15.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-194 на 16.08.2011 година. Во Одговорот на Жалбата, Агенцијата наведува дека “… не располага со бараната документација, па според тоа не е во можност да го удоволи барањето на странката.” Во прилог на Одговорот на жалбата, Агенцијата достави и допис бр.1123-2248-2 од 23.05.2011 година, адресиран до Д.С. во кој наведува: ”Иако органот сметаше дека за бараната информација треба да се плати надоместок од страна на подносителот според тарифникот за висина на надоместокот за користење на податоците од премерот и катастарот на недвижности објавен во…истиот направи напори да се најдат сумарните списоци за КО Оризари од 1948 година меѓутоа тие не можат да се најдат во архивата на овој орган.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, на Барањето од Д.С. одговорила во рокот предвиден во Законот.
Меѓутоа, oбразложението на оспореното Решение е спротивно со Oдговорот на жалбата и Одговорот доставен до Д.С. по донесувањето на Решението.
Во образложението на оспореното Решение, Агенцијата наведува дека за да ја добие бараната информација барателот треба да плати одреден паричен надоместок, а потоа во Одговорот на жалбата и во Одговорот доставен до барателот, дека не располага со бараната информација.
Согласно наведеното Комисијата утврди дека во оспореното Решение,  Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје погрешно ја утврдила фактичката состојба и поради тоа Комисијата го поништи наведеното Решение.
По донесувањето на оспореното Решение, Агенцијата доставила Одговор до барателот во форма која не е во согласност со одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
 Доколку Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје не располага со бараната информација, должна е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.6/2010), кој гласи: “Во членот 26 став (2) зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите: “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: “(3)Против заклучокот од ставот (2) на овој член, барателот на информација може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.“
Согласно цитираниот член од измените на Законот, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Од наведените причини Комисијата и укажува на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје повторно да го разгледа барањето и пред повторното одлучување по истото да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Поради горенаведените причини одлучено е како во диспозитивот на Решението.
    Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                        

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Фронт 21/42 од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 септември  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Фронт 21/42 од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до нформациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-121 од 28.04.2011 година, изјавена од Здружението на граѓани Фронт 21/42 од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Фронт 21/42 на 29.03.211 година,  поднело писмено Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија и ги побарало следните информации:
„1. Фотокопија или електронски формат од Планот (Студијата) за изградба на мали хидроцентрали во Македонија
2. Податоци за локацијата, инсталираната моќност и капацитетот на водотеците за хидроцентралите за кои веќе се доделени концесии, како и за хидроцентралите за кои тендерските процедури се во тек и/или во планирачка фаза и
3. Фотокопија или електронски формат на картографски приказ на локациите на малите хидроцентрали (размер 1:200000), доколку оваа информација не е составен дел од студијата наведена во точка 1.”.
Во врска со наведеното Барање Министерството за економија до барателот доставило Одговор заведен под бр. 13-3276/4 на 12.04.2011 година,  со кој, како што се наведува во Жалбата, делумно му било одговорено на наведеното Барање.
Незадоволно од наведениот Одговор Здружението на граѓани Фронт 21/42 поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата наведува дека Министерството за економија му одговорило по точка 2 и точка 3 од Барањето, но клучната информација која ја побарале под точка 1. Фотокопија или електронски формат од Планот (Студијата)  за изградба на мали хидроцентрали во Македонија, одбиле да им ја достават со образложение дека истата е класифицирана како доверлива.
Комисијата со допис број 07-121 од 03.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање, Министерството за економија до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.13-3276/8 од 10.05.2011 година, заведено во Комисијата под бр.07-121 на 18.05.2011 година. Во него се наведува дека „…Студијата…е класифицирана како доверлив материјал…е изработена во 1982 година…предметните документи не се рекласифицирани…дел од предметната Студија…се користат како дел од тендерската документација за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија… “.
Во прилог на одговорот до Комисијата достави фотокопии од првите страници на Студијата, кои се со печат ДОВЕРЛИВО и со штембил од Републичкиот комитет за енергетика Дов. Бр. 01-284 од 10.06.1982 година и со штембил од Самоуправната интересна заедница за енергетика Дов. Бр. 9 од 23.11.1983 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Министерството за економија не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа треба да донесе решение. Во конкретниов случај Министерството за економија место со решение го одбило пристапот до бараната информација со Одговор на барање.
Во однос на класификацијата на информацијата Комисијата укажува на следното.
Согласно член 19 став 3 од Законот за класифицирани информации „Класифицирана информација со степенот ДОВЕРЛИВО се разгледува и оценува во период не подолг од три години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата“.
Создавачот на класифицираната информација означува временски период или настан до кој информацијата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана.
Од увидот во фотокопијата на првата страна на информацијата (која Министерството за економија ја достави до Комисијата), Комисијата утврди дека бараната информација има печат со степен на класификација “Доверливо“ со датум 23.11.1983 година. Поради наведеното се смета дека причините за нејзина недостапност, престанале уште многу одамна и во моментот на поднесување на Барањето за слободен пристап таа претставувала информација од јавен карактер.
Од наведените причини Комисијата му укажува на Министерството за економија повторно да го разгледа Барањето и пред повторното одлување по истото да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П. Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 септември 2011 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната  информација “Увид и фотокопии од дел од списите од предметот кој во Министерството се води под бр. 55-6831/1 од 03.05.2010 г., а е во врска со преводот и лекторирањето на филмот „Госпоѓа Хендерсон ви претставува„“, најдоцна до  20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-283 на 06.07.2011 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Петар Бошевски од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура, заведено во Министерството под бр. 08-7244/1 на 31.05.2011 година и побарал да му ја достават следната информација:
“Увид и фотокопии од дел од списите од предметот кој во Министерството се води под бр. 55-6831/1 од 03.05.2010 г., а е во врска со преводот и лекторирањето на филмот „Госпоѓа Хендерсон ви претставува„“.
Министерството за култура на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-283  од 15.07.2011 година ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за култура постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 септември 2011 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната  информација “Увид и фотокопии од дел од списите од предметот кој во Министерството се води под бр. 53-5172/1 од 21.04.2009, а е во врска со споменикот на Ѓорѓија Кастриот – Скендер Бег во Скопје“, најдоцна до  20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-282 на 06.07.2011 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
П.Б. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура, заведено во Министерството под бр. 08-7314/1 на 31.05.2011 година и побарал да му ја достават следната информација:
“Увид и фотокопии од дел од списите од предметот кој во Министерството се води под бр. 53-5172/1 од 21.04.2009, а е во врска со споменикот на Ѓорѓија Кастриот – Скендер Бег во Скопје“.
Министерството за култура на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-282  од 15.07.2011 година ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за култура постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 септември 2011 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната  информација “Увид и фотокопии од дел од списите од предметот кој во Министерството се води под бр. 40-6485/1 од 03.07.2007, а е во врска со книжарницата „Ексима“ од Скопје“, најдоцна до  20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-281 на 06.07.2011 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
П.Б. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура, заведено во Министерството под бр. 08-7238/1 на 31.05.2011 година и побарал да му ја достават следната информација:
“Увид и фотокопии од дел од списите од предметот кој во Министерството се води под бр. 40-6485/1 од 03.07.2007, а е во врска со книжарницата „Ексима“ од Скопје”.
Министерството за култура на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-281 од 15.07.2011 година ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за култура постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 септември 2011 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството во период од 01 јануари 2010 – 20 февруари 2011 година?“, најдоцна до  20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-130 од 17.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 21.03.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството во период од 01 јануари 2010 – 20 февруари 2011 година?”.
Министерството за култура на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-130 од 30.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за култура постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 септември 2011 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната  информација “Колку нови вработувања на определено време, а колку на неопределено време, се реализирани во Министерството за култура врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени во период од 01 јануари 2010 – 20 февруари 2011 година?“, најдоцна до  20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-127 од 17.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 22.03.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Колку нови вработувања на определено време, а колку на неопределено време, се реализирани во Министерството за култура врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени во период од 01 јануари 2010 – 20 февруари 2011 година?”.
Министерството за култура на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-127 од 30.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за култура постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 септември 2011 година, го донесе следното

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Комисијата на барателот да му ја достави бараната  информација „Копија од записниците од седниците одржани во текот на месец февруари 2011 година“, најдоцна до  20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-168 на 30.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Филип Медарски, адвокат од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Комисијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.09.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 04.04.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 11-341/4 до Комисијата за заштита од дискриминација и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„Копија од записниците од седниците одржани во текот на месец февруари 2011 година“.
Комисијата за заштита од дискриминација на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-168 од 03.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за заштита од дискриминација и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Комисијата за заштита од дискриминација по ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-7/4 од 14.07.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-168 на 14.07.2011 година. Во одговорот е наведено дека „…одговорот Комисијата за заштита од дискриминација го достави до Фондацијата…“. Меѓутоа, во прилог на Одговорот не достави доказ за доставувањето, односно фотокопија од поштенска доставница на препорачана пратка.
На барање на службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија до Комисијата достави електронски допис заведен под бр. 07-168 на 26.07.2011 година, во кој наведува дека „остануваме на Жалбата за барањето под бр. 11-341/4  поради тоа што Комисијата пропуштила да го достави наведениот прилог, односно копија од записниците на седниците што се одржале во текот на месец февруари 2011 година“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Комисијата за заштита од дискриминација во законски предвидениот рок не одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во форма и на начин наведени во Барањето.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје против Заклучокот од Врховен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010),  на седницата одржана на 01  септември 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.У. од Скопје против  Заклучокот од Врховен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-465 од 29.06.2011 година, изјавена од В.У. од Скопје против Заклучокот од Врховен суд на Република Македонија СПИ бр. 1/2011-3 од 25.03.2011 година и ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
В.У. од Скопје на 09.11.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд и побарал да му достават фотокопија од следната информација.
“Одлуките со кои извршивте спојување на барањата заведени под ист број Псррг бр.215/2010 г. и на барањата заведени под ист број Псрру бр.36/2010 г.“.
Врховниот суд во врска со ова Барање на 25.11.2010 година, до В.У. доставил Известување заведено под бр. СПИ бр. 11/2010.
Незадоволен од наведеното Известување В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 07-465 на 27.11.2010 година, по која Комисијата постапи и на 29.12.2010 година, донесе Решение со кое  ја уважи  Жалбата и предметот го врати на повторно постапување на Врховниот суд.
Во врска со наведеното Решение Врховниот суд на 21.01.2011 година, до Комисијата достави Известување СПИ бр. 1/2011-1 од 17.01.2011 година, заведено во Комисијата под бр. 07-465, во чиј прилог достави  Заклучок за прекинување на постапката по Барањето на В.У. од Скопје.
В.У. од Скопје на 27.01.2011 година до Комисијата достави Жалба против наведениот Заклучок на Врховниот суд, заведена во Комисијата под бр. 07-465. “.
Комисијата со допис број 07-465 од 03.02.2011 година ја препрати Жалбата до Врховниот суд и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На барањето на Комисијата Врховниот суд одговори со Известување СПИ бр. 1/2011-1 од 10.02.2011 година, заведено во Комисијата под бр. 07-465 на 22.02.2011 година. Во него наведува дека „Во конкретниот случај, барањето на подносителот В.У. се однесува за информација со која не располага Врховниот суд на Република Македонија. Спојувањето и раздвојувањето на предметите е процесна работа и за ова одлучува советот кој ќе постапува по наведените предмети…За наводите дека Заклучокот…е без штембил и печат, Врховниот суд не може со сигурност да се произнесе бидејќи жалителот не достави фотокопија од примениот Заклучок, но доколку тоа е точно, станува збор за формално правен недостаток поради технички пропуст во процесуирањето на Заклучокот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата донесе Решение бр. 07-465 од 09.03.2011 година, со кое Жалбата ја уважи, оспорениот Заклучок го поништи и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот орган.
При повторното постапување по предметот Врховниот суд  донел Заклучок за прекинување на постапката СПИ бр. 1/2011-3 од 25.03.2011 година, во кој биле отстранети формално правните недостатоци.
Незадоволен од наведениот Заклучок, Владо Ушлиновски од Скопје на 29.06.2011 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-465. Во Жалбата наведува дека „Врховниот суд на РМ ги отстранил формално правните недостатоци, но постапил спротивно на ЗСПИЈК и не ми ја доставил информацијата со која е должен да располага согласно неговите надлежности“.
Комисијата со допис број 07-465 од 15.07.2011 година ја препрати Жалбата до Врховниот суд и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Врховниот суд на ова барање од Комисијата одговори со Известување СПИ бр. 1/2011-4 од 24.08.2011 година, заведено во Комисијата под бр. 07-465 на 25.08.2011 година. Во него е наведено дека „…Врховниот суд на Република Македонија останува на донесениот Заклучок за прекинување на постапката СПИ бр. 1/2011-3 од 25.03.2011 година, како и на Одговорот СПИ. Бр. 1/2011/1 од 10.02.2011 година“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Врховниот суд постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Донел Заклучок за прекинување на постапката затоа што како што наведува “не располага со бараната информација“. Во предходниот Заклучок кој беше оспорен поради формално правни недостатоци судот наведува дека “Предметите Псррг.бр.215/2010 и Псрру.бр.36/2010, се земени во работа и по однос на барањето за раздвојување на барањата за заштита на правото за судење во разумен рок, ќе одлучува совет кој ќе постапува по тие предмети, со соодветна мериторна одлука“.
Во однос на тврдењето на Владо Ушлиновски во Жалбата, Врховниот суд “ не ми ја доставил информацијата со која “…..е должен да располага согласно неговите надлежности“, Комисијата укажува дека, не најде правен основ според кој во овој дел на постапката Врховниот суд е должен да располага со бараната информација.
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Kомисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена  против Решението на Општина Велес по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), на седницата одржана на 01 септември  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена  против Општина Велес по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Да ми се овозможи увид во документацијата и да ми се издадат фотокопии на проектот и сите списи за изградба на поткровни станови на зграда на улица Благој Ѓорев 69/2-3, Велес, од градителот-инвеститор Д.С., “ СЕ УВАЖУВА, Решението на Општина Велес бр.25-455/7 од 10.05.2011 година, се ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-57 од 23.05.2011 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена  против Општина Велес–Сектор за урбанизам, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, Решението на Општина Велес бр.25-455/7 од 10.05.2011 година, го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Б.П. од Велес на 01.02.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес – Сектор за урбанизам, заведено во Општина Велес под бр. 25-455/1, со кое ја побарал следната информација.
“Да ми се овозможи увид во документацијата и да ми се издадат фотокопии на проектот и сите списи за изградба на поткровни станови на зграда на улица Благој Ѓорев 69/2-3, Велес, од градителот-инвеститор Д.С., “.
Во врска со наведеното Барање, Општина Велес на барателот му доставила Одговор на барање бр. 25-455/2 од 04.02.2011 година, во кој наведува дека не е во можност да му обезбеди увид во бараните документи.
Незадоволен од наведениот Одговор Б.П. од Велес поднесе Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата на 20.04.2011 година, донесе Решение бр.07-57, со кое Жалбата изјавена од Б.П.  ја уважи и ја задолжи Општина Велес да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.05.2011 година
По донесувањето на наведеното Решение на Комисијата, односно на 11.05.2011 година, Општина Велес до Комисијата достави допис бр.25-455/9 од 10.05.2011 година, во чиј прилог достави Решение за делумен пристап до информации од јавен карактер бр.25-455/7 од 10.05.2011 година.
На 18.05.2011 година Општина Велес до Комисијата достави и Препраќање на барање бр. 25-455/12 од 13.05.2011 година, заведено во Комисијата под бр. 07-57. Во него се наведува дека Барањето од Б.П. од Велес е препратено до ДГ Јакос Инжинеринг-ДООЕЛ-Велес со допис бр. 25-455/11 од 13.05.2011 година, и за тоа е известен барателот со допис бр. 25-455/10 од 13.05.2011 година.
Незадоволен од Решение за делумен пристап Б.П. од Велес до Комисијата достави Жалба бр. 07-57 на 23.05.2011 година. Во Жалбата наведува дека „…наведувањата во образложението на Решението…од општина Велес, за некакво авторско право на правно лице по закон е паушално. Авторското право по закон го има само проектот за изградба на зграда…од градежната компанија Бетон-Скопје…Адаптацијата на поткровни станови е извршена со т.н.р. проект-нацрт од друго правно лице, кое што нема сеизмолошка дозвола од Институт за сеизмологија, нема потврдена дозвола од Бетон-Скопје за промена на главниот проект…дозволата за градба на инвеститорот општина Велес ја дава врз основа на депонирани потписи од станарите. Сите станари ги немаат депонирано своите потписи…општина Велес е должна да достави Решение за секој станар со право на жалба и увид“.
Комисијата со допис бр.07-57 од 26.05.2011 година ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
 Општина Велес до Комисијата достави допис бр. 25-455/17 од 27.06.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-57 на 30.06.2011 година, во чиј прилог е доставен Записник за извршен слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 25-455/16 од 27.06.2011 година, потпишан од службено и одговорно лице во Општина Велес, како и од страна на барателот Б.П. од Велес. Во Записникот се наведува дека, постапувајќи согласно Решението на Комисијата на барателот му се доставени фотокопии од одредени документи, наведени под точка 1 до точка 11. Под реден бр. 9 е наведен „Основен проект бр. 58/2007-2 од септември 2007 година“.Под ниеден реден број од 01 до 11 не е наведен „… проектот на поткровни станови на зграда на улица Благој Ѓорев 69/2-3, Велес, од градителот-инвеститор Д.С. “, наведен во барањето на Б.П. од Велес.
Врз основа на списите во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Општина Велес, по Барањето од Б.П. од Велес, не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Решението на Општина Велес за делумен пристап до информации од јавен карактер бр.25-455/7 од 10.05.2011 година, е спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поради следното.
Во диспозитивот на Решението е наведено дека Општината донесува Решение за делумен пристап до информации од јавен карактер…лицето Б.П. за можноста за добивање на копија за потребната проектна документација го упатувам кај правното лице ДГ Јакос Инжинеринг-ДООЕЛ Велес, автор на проектот…“.
Доколку имателот сметал дека бараната информација е исклучок од слободниот пристап должен бил, по спроведување на задолжителниот тест на штетност, да донесе Решение за одбивање на пристапот.
Со Решение за делумен пристап како што е постапено не може барателот да се упатува до наведеното правно лице.
Решение за делумен пристап имателот на информации е должен да донесе доколку бараната информација содржи информации од член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои можат да се одвојат, а останатиот дел да се достави до барателот.        
Во случајов Општина Велес на барателот му овозможила пристап до информациии кои не се наведени во барањето, а пристапот до бараните информации го одбила во форма која не е предвидена во Законот.
Од наведените причини Комисијата и укажува на Опшина Велес  повторно да го разгледа Барањето и пред повторното одлучување по истото да ги има во вид укажувањата на Комисијата.

Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Централниот регистар на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 септември  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-183 од 20.06.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје поднесена против Централниот регистар на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-183 на 20.06.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје поднесена против Централниот регистар на Република Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, М.К. од Скопје, на 03.05.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Централниот регистар на Република Македонија, заведено во Централниот регистар под бр.08-806/2 и побарал да изврши:
“Увид во акт: (Одлука или друг вид) евид. со бр.___ од дата ___ при архивата на Централен регистар на Р.М.-Скопје, односно со кој акт е дефиниран начинот и постапката за објавување на акт: Тарифа на Централен регистар на Р.М. без деловодна евиденција, спротивно со Законот за архивска граѓа, без печат на имателот, и без потпис на раководно лице на имателот на информацијата.“
Централниот регистар на РМ на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-183 од 23.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Централниот регистар на РМ и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Централниот регистар на РМ по ова барање до Комисијата достави Одговор на жалба бр.08-806/5 од 24.06.2011 година.
Во врска со истото Барање, Централниот регистар на РМ на 22.08.2011 година, до Комисијата достави Заклучок бр.08-806/6 од 21.07.2011 година, со кој постапката по барањето за пристап до информации од јавен карактер се прекинува, поради како што се нведува во образложението на Заклучокот, “Централниот регистар на Република Македонија не располага со бараната информација.” Во прилог на Заклучокот, Централниот регистар достави фотокопија од повратница за доставување на Заклучокот бр.08-806/6 од 21.07.2011 година, која е уредно потпишана од М.К. на 27.07.2011 година.
Против наведениот Заклучок, М.К. не поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во законски предвидениот рок.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Централниот регистар на РМ одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Милутин Крстески од Скопје, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од “Транспарентност Македонија“- Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Советот за радиодифузија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 септември  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од “Транспарентност Македонија“- Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Советот за радиодифузија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку изнесуваат бруто приходите од огласувањето на Владата на РМ во телевизиската индустрија за 2009 и 2010 година “, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-255 од 05.07.2011 година, изјавена од “Транспарентност Македонија“-Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Советот за радиодифузија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
“Транспарентност Македонија“-Скопје,  како што се наведува во Жалбата, на 16.05.2011 година,  поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 167/03 а во Советот за радиодифузија под бр.12-1932/1 на 17.05.2011 година и побарала по пошта, во фотокопија да и ја достават следната информација.
“Колку изнесуваат бруто приходите од огласувањето на Владата на РМ во телевизиската индустрија за 2009 и 2010 година “.
Советот за радиодифузија доставил Одговор до барателот на 19.05.2011 со доставна книга во која што постои неразбирлив потпис на примачот, но не и датум на прием, за што полномошникот на барателот тврди дека дописот не го примиле бидејќи не е потпишан од Транспарентност Македонија- Скопје .
Службеното лице што постапува по предметот на 12.08.2011 година, по факс ги препрати одговорите од Советот за радиодифузуја до Транспарентност-Македонија-Скопје.
По добивањето на одговорите, на 16.08.2011 година Транспарентност Македонија достави допис до Комисијата заведен под број 07-255 со кој ја повлекува Жалбата заведена под број 07-255 од 05.07.2011 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Советот за радиодифузија иако постапил во законски предвидениот рок не може да се утврди кога и до кого ја извршил доставата на одговорот, но со оглед дека барателот сепак го добил одговорот со посредство на Комисијата, Комисијата го донесе наведениот Заклучок.
  Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од “Транспарентност Македонија“ Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Советот за радиодифузија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 септември  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од “Транспарентност Македонија“-Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Советот за радиодифузија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали Советот за радиодифузија има спроведено истражување за состојбата на пазарот на електронските медиуми за 2009 и 2010 година? Ако да, фотокопија од истражувањата“, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-256 од 05.07.2011 година, изјавена од “Транспарентност Македонија“-Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Советот за радиодифузија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
“Транспарентност Македонија“-Скопје,  како што се наведува во Жалбата, на 16.05.2011 година,  поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 166/03, а во Советот за радиодифузија под бр.12-1931/1 на 17.05.2011 година и побарала по пошта, во фотокопија да му ја достават следната информација.
“Дали  Советот за радиодифузија има спроведено истражување за состојбата на пазарот на електронските медиуми за 2009 и 2010 година. Ако да, фотокопија од истражувањата“.
Советот за радиодифузија доставил Одгoвор до барателот на 19.05.2011година, со доставна книга во која што постои неразбирлив потпис на примачот, но не и датум на прием, за што полномошникот на барателот тврди дека дописот не го примиле бидејќи не е потпишан од Транспарентност Македонија Скопје .
Службеното лице што постапува по предметот на 12.08.2011 година, по факс ги препрати одговорите од Советот за радиодифузуја до Транспарентност-Македонија-Скопје.
По добивањето на одговорите, на 16.08.2011 година, на 22.03.2011 година, Транспарентност Македонија достави допис до Комисијата заведен под број 07-256 со кој ја повлекува Жалбата заведена под број 07-256 од 05.07.2011 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Советот за радиодифузија иако постапил во законски предвидениот рок, не може да се утврди  кога и до кого ја извршил доставата на одговорот, но со оглед дека барателот сепак го добил одговорот со посредство на Комисијата, Комисијата го донесе наведениот Заклучок.
  Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 септември 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Согласно член 26 од Законот за шумите(објавен во Службен весник на РМ бр.64/09 од 22.05.2009) во земјава треба да постои Национален совет за шумарство. Ве молам да ми доставите фото-копија од актот со кој е основан овој совет и фото-копија од неговиот деловник за работа. Доколку советот се уште не е основан, ве молам за образложение за причината и информација за тоа за кога е предвидено Советот да биде основан“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-284 од 26.07.2011 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
П.Б. од Скопје,  како што се наведува во Жалбата, на 20.06.2011 година,  поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 02-5850/1 во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побарал по пошта, во фотокопија да му ја достават следната информација.
“Согласно член 26 од Законот за шумите (објавен во Службен весник на РМ бр.64/09 од 22.05.2009) во земјава треба да постои Национален совет за шумарство. Ве молам да ми доставите фото-копија од актот со кој е основан овој совет и фото-копија од неговиот деловник за работа. Доколку советот се уште не е основан, ве молам за образложение за причината и информација за тоа за кога е предвидено Советот да биде основан “.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
П.Б. од Скопје, на 01.08.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-284, во кое наведува  дека добил одговор  на Барањето бр.02-5850/1 со што престанува причината за оваа Жалба.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од П.Б. од Скопје, но со задоцнување.  
  Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Известувањето од Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 септември 2011 година, го донесе следниот         
                              
                                            З А К Л У Ч О К      

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Известувањето од Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

                                                  О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-88 на 13.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Известувањето од Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 23.03.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Теарце и побарала во фотокопија по пошта да и ги достават следните информации:
„ – Колку привремени вработувања (преку агенциите за привремени вработувања), а колку редовни, се реализирани во Општината, во периодот од 1 јануари 2011 година до 20 февруари 2011 година и – Колку привремени вработувања (преку агенциите за привремени вработувања), а колку редовни, се реализирани во Општината, во периодот од 20 февруари 2011 година до 20 март 2011 година “.
Општина Теарце на ова Барање одговорила со Известие бр. 08-400/2 од 25.03.2011 година, примено во Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 01.04.2011 година и заведено под бр. 21-286/25.
Незадоволна од добиеното Известување, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-88 од 20.04.2011 година, ја препрати Жалбата до Општина Теарце и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Теарце до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 08-400/4 од 20.06.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-88 на 28.06.2011 година, во кој наведува дека барателот до Општина Теарце доставил само едно барање бр. 21-286 од 23.03.2011 година, кое се однесува на тоа „Колку привремени вработувања (преку агенциите за привремени вработувања), а колку редовни, се реализирани во Општината, во периодот од 20 февруари 2011 година до 20 март 2011 година“, на што му е одговорено со Известување бр. 08-400/2 од 25.03.2011 година, а „во Жалбата се истакнува дека се доставени две барања…“. Во прилог на Одговорот на Жалба Општина Теарце до Комисијата достави допис со истиот број и датум, во кој е даден одговор на двете барања од барателот.
На барање од службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот, на 17.08.2011 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија до Комисијата достави електронски допис, заведен под бр. 07-88, во кој наведува дека е задоволна од добиениот Одговор.
Врз основа на изнесеното Комисијата утврди дека, Општина Теарце одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ж. Х.З., адвокат од Скопје, против Општина Гази Баба, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 септември 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-193 од 28.06.2011 година, изјавена од Ж.Х.З., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали спортското игралиште на КП 3635/1 КО Сингелиќ е дадено под концесија и да ми го доставите договорот за концесија доколку истото е дадено под концесија“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-193 на 28.06.2011 година, изјавена Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Општина Гази Баба и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Ж.Х.З., адвокат од Скопје, на 18.05.2011 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гази Баба и побарал по пошта да му ја достават следната информација:
“Дали спортското игралиште на КП 3635/1 КО Сингелиќ е дадено под концесија и да ми го доставите договорот за концесија доколку истото е дадено под концесија “.
Општина Гази Баба на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-193 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Општина Гази Баба и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Општина Гази Баба по ова барање до Комисијата достави Одговор на Барањето за достава на податоци  бр. 08- 3129 /2 од 09.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-193 на 12.08.2011 година. Во одговорот е наведено “Ве известуваме дека е постапено во целост по предметот и е одговорено по писмен пат заведен под број 08-2260/3 од 09.08.2011 година при што примерок од одговорот Ви го доставуваме и на вас.“.
Ж.Х.З., адвокат од Скопје, по меил на 19.08.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-193, во кое наведува дека добил одговор на барањето поднесено на 18.05.2011 година од кој е задоволeн.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Општина Гази Баба одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Ж.Х.З., адвокат од Скопје, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Ц. од Скопје, против Општина Гази Баба, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 септември 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-192 од 28.06.2011 година, изјавена од А.Ц. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку спортски игралишта на територијата на Општина Гази Баба се дадени под концесија и да ни доставите листа од истите“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-192 на 28.06.2011 година, изјавена од А.Ц. од Скопје, против Општина Гази Баба и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, А.Ц. од Скопје, на 16.05.2011 година година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гази Баба и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Колку спортски игралишта на територијата на Општина Гази Баба се дадени под концесија и да ни доставите листа од истите “.
Општина Гази Баба на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-192 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Општина Гази Баба и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Општина Гази Баба по ова барање до Комисијата достави Одговор на Барањето за достава на податоци  бр. 08- 3130/2 од 09.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-192 на 12.08.2011 година. Во одговорот е наведено дека “…на барателот на информации и е дополнително одговорено по писмен пат заведен под број 08-2226/3 од 09.08.2011 година при што примерок од одговорот Ви го доставуваме и на вас.“.
Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот А.Ц. од Скопје, која го извести дека добила одговор на барањето поднесено на 16.05.2011 година, од кој е задоволна.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Општина Гази Баба одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од А.Ц. од Скопје, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Ц. од Скопје, против Општина Гази Баба, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 септември 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-191 од 28.06.2011 година, изјавена од А.Ц. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Листа на физички и правни лица со кои Општина Гази Баба има склучено договори за давање на концесија на спортски игралишта“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-191 на 28.06.2011 година, изјавена од А.Ц. од Скопје, против Општина Гази Баба и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, А.Ц. од Скопје, на 16.05.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гази Баба и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Листа на физички и правни лица со кои Општина Гази Баба има склучено договори за давање на концесија на спортски игралишта“.
Општина Гази Баба на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-191 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Општина Гази Баба и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Општина Гази Баба по ова барање до Комисијата достави Одговор на Барањето за достава на податоци  бр. 08- 3131/2 од 09.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-191 на 12.08.2011 година. Во одговорот е наведено дека “…на барателот на информации и е дополнително одговорено по писмен пат заведен под број 08-2226/3 од 09.08.2011 година при што примерок од одговорот Ви го доставуваме и на вас“.
Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот А.Ц. од Скопје, која го извести дека добила одговор на барањето поднесено на 16.05.2011 година, од кој е задоволна.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Општина Гази Баба одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од А.Ц. од Скопје, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.