ДОНЕСЕНИ 22 РЕШЕНИЈА И 6 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 56-та седница одржана на 05 септември 2013 година, расправаше по 28 жалби и притоа донесе соодветни одлуки.

Постапувајќи по предметите, Комисијата донесе 22 решенија и 6 заклучоци за запирање на постапката по жалба, бидејќи на барателот му е одговорено на барањето.