ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 58 седница одржана на 17 септември 2013 година, донесе 4 решенија и 8 заклучоци.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата и Проширувањето на Жалбата изјавени од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесени преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Министерството за одбрана на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата и Проширувањето на Жалбата изјавени од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесени преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Министерството за одбрана на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „Фотокопија од Годишната програма за работа на Министерството за одбрана на Република Македонија за 2013 година “ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-281 на 07.05.2013 година и Проширувањето на Жалбата заведена во Комисијата под број 07-281 на 23.05.2013 година, изјавени од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесени преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Министерството за одбрана на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.  
По разгледувањето на Жалбата и Проширувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, здружението Фондација отворено општество – Македонија на 27.03.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана на Република Македонија,  заведено во Фондација отворено општество – Македонија под бр.11-289/1 и побарало во фотокопија по пошта, да му се достави следната информација од јавен карактер.
    “ Фотокопија од Годишната програма за работа на Министерството за одбрана на Република Македонија за 2013 година “
Министерството за одбрана на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање  не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето  е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-281 од 09.05.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Фондацијата отворено општество – Македонија достави до Комисијата Проширување на жалба поради молечење на администрација бр.11-289/4 од 21.05.2013 година а во Комисијата заведено под бр. 07-281 на 23.05.2013 година.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-281 од 31.05.2013 година, ја препрати и Проширувањето на Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана во врска со ова Барање до Комисијата достави Произнесување по жалбата бр. 14/1-173/83 од 03.06.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-281 на 12.06.2013 година. Во Одговорот е наведено дека „Планот за работа на Министерството е документ кој содржи класифицирани информации кои се исклучок од слободниот пристап“.
Министерството за одбрана во врска со ова Барање до Комисијата достави Произнесување по проширувањето на жалбата бр. 14/1-173/89 од 12.06.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-281 на 14.06.2013 година. Во наведениот Одговор на  Проширувањето на Жалбата е наведено дека „ … стратешки документ според кој се определува динамиката за преземање на одредени активности од делокругот на работа за тековната година е Планот за работа. Програма за работа за тековната година како што е образложено во актот бр.14/1-2509/1 од 29.04.2013 година донесува Владата на Република Македонија. Планот за работа на Министерството е документ кој содржи класифицирани информации кои се исклучок од слободниот пристап. Министерството за одбрана сепак со цел да ја запази транспарентноста и отвореноста за соработка ја информираше Фондацијата за активностите кои се планирани да се преземат во тековната година, а за кои е известена и Владата на Република Македонија….Активностите кои се наведени во актот на МО бр.14/1-2509/1 од 29.04.2013 година се влезени и во Планот за работа на Министерството за 2013 година.“
По разгледувањето на Жалбата и Проширувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека  Министерството за одбрана не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Комисијата му укажува на Министерството за одбрана дека може да одбие Барање за пристап до информација од јавен карактер само доколку утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Притоа е должно да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должно е да го направи тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Заклучокот на Основното јавно обвинителство во Ресен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следното

                                                            Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Заклучокот на Основното јавно обвинителство во Ресен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Обвинителството на барателот да му ја достави бараната информација:
 „1. Број на пријави по кои настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? 2. Број на пријави по кои е донесена некоја јавно обвинителска одлука и е преземено некое јавно обвинителско дејствие, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? 3. Број на пријави по кои е донесен Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на правосилна судска одлука во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? “најдоцна до 10 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето. Оспорениот Заклучок на Основното јавно обвинителство во Ресен се поништува.

                                                  О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-446 на 10.07.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Здружението, против Заклучокот на Основното јавно обвинителство во Ресен, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Обвинителството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 11.06.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство во Ресен,  заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1336/24 и побарало во фотокопија по пошта, да му ја достават следната информација:
„1. Број на пријави по кои настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година?
2. Број на пријави по кои е донесена некоја јавно обвинителска одлука и е преземено некое јавно обвинителско дејствие, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година?
3. Број на пријави по кои е донесен Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на правосилна судкса одлука во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година?“
Основното јавно обвинителство во Ресен, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање донело Заклучок за прекинување на постапката А бр. 76/13 од 20.06.2013 година, во кој наведува дека „…не е орган кој ја создал бараната информација…сублимирање на податоците во форма и на начин на кој се бара информацијата во својата суштина би значело создавање на нова информација…“.
Незадоволно од добиениот Заклучок, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, преку С.Т, претседател на Здружението, достави Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-446 од 24.07.2013 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство во Ресен и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Основното јавно обвинителство во Ресен не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека  Основното јавно обвинителство во Ресен не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ниту пак согласно одредбите од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства.
Од содржината на Барањето Комисијата констатира дека, согласно своите надлежности, имател на бараната информација е Основното јавно обвинителство во Ресен и е должно да постапи по истото, а не како што е постапено во случајов, наместо на барателот да му ја достави бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето, неосновано бараната информација ја направило недостапна за барателот.
Согласно член 10 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен на јавноста да и ги направи достапни податоците од неговите надлежности утврдени со закон, односно „други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации“. Согласно ставот 3 од истиот член, како начини за информирање на јавноста за својата работа, имателите на информации, меѓу другото, е потребно „да објавуваат статистички податоци за својата работа“.
Согласно, пак, член 8 став 2 од Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2007 и бр. 111/2008) „Јавниот обвинител на Република Македонија, вишиот јавен обвинител, основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал корупција и основниот јавен обвинител или од нив овластени лица на јавноста и на средствата за јавно информирање им обезбедуваат пристап до информациите за состојбата на криминалитетот и други прашања од општо значење од работењето на јавното обвинителство, под услови пропишани со закон“. Начинот на водењето на статистиката и подготвувањето на извештаите од страна на јавните обвинителства е објаснет во членовите 75 до 80 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства (“Службен весник на Република Македонија“ бр.45/2010), каде меѓу другото како законска обврска за јавните обвинителства е предвидено „водење статистички прегледи“, а во нив покрај пополнувањето на редовните рубрики, дури и внесување и други податоци во рубриката „забелешки“.
Во конкретниов случај, Основното јавно обвинителство во Ресен било должно да ги почитува погоренаведените законски одредби и да создаде или да располага со податоците кои се наведени во Барањето на Транспаренси Интернешнл-Македонија.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
    
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Р. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Р. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода на барателот да му овозможи увид во предметот „Решение бр.26-1315/2/2012 година издадено од Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка Кисела Вода, за приватизација на дворно место на станарите од станбен објект кој се наоѓа на КП1157 а е приватизирано на дворно место од КП.1156/1 со кое граничам и јас“, најдоцна до 07.10.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                         О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-443 од 11.07.2013 година, изјавена од Д.Р. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода на барателот да му овозможи увид во бараната информација најдоцна до 07.10.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.   
 Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-443 на 10.07.2013 година, Д.Р. од Скопје, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер на 11.03.2013 година до Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода, и побарала да му овозможат увид во предметот.
„Решение бр.26-1315/2/2012 година издадено од Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка Кисела Вода, за приватизација на дворно место на станарите од станбен објект кој се наоѓа на КП1157 а е приватизирано на дворно место од КП.1156/1 со кое граничам и јас”.
Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода, како што се наведува во Жалбата, не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-443 од 24.07.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода не одговори ниту на дописот на Комисијата.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка во Кисела Вода не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.  
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *    
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител Вера Димитриевска, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д. на барателот да му ја достави бараната информација „Преку пристап до информации од јавен карактер од страна на имателот, со допис бр.05-200 од 14.03.2012 г.добив копија од годишна пресметка за 2008 г.за стечајниот должник АДГ Маврово Скопје. Во образецот биланс на состојба, ставка побарувања во колоната исправка на вредноста запишана е сума од 1.361.509.145,00 денари, барам од имателот на информацијата да ја поткрепи горе цитираната сума со достава на список на кои купувачи е отпишано побарувањето и во кој износ“, најдоцна до 10 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                         О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-466 од 11.07.2013 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д. на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 17 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.  
 Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-466 на 11.07.2013 година, З.П. од Скопје, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер нa 10.06.2013 година до АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д., и побарал по пошта да му достават фотокопија од информацијата.
„Преку пристап до информации од јавен карактер од страна на имателот, со допис бр.05-200 од 14.03.2012 г.добив копија од годишна пресметка за 2008 г.за стечајниот должник АДГ Маврово Скопје. Во образецот биланс на состојба, ставка побарувања во колоната исправка на вредноста запишана е сума од 1.361.509.145,00 денари, барам од имателот на информацијата да ја поткрепи горе цитираната сума со достава на список на кои купувачии е отпишано побарувањето и во кој износ”.
АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д., како што се наведува во Жалбата, не одговорилa во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-466 од 24.07.2013 година, ја препрати Жалбата до АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д. и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д. не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека АДГ Маврово – во стечај Скопје, стечаен управител В.Д. не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.  
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *     

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку С.Т., Претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство – Дебар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку С.Т., Претседател на Здружението, против  Основното јавно обвинителство – Дебар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „1. Број на пријави по кои настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? 2. Број на пријави по кои е донесена некоја јавно обвинителска одлука и е преземено некое јавно обвинителско дејствие, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? 3. Број на пријави по кои е донесен Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на правосилна судска одлука во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година?“, поради повлекување на истата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-451 на 10.07.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку С.Т., Претседател на Здружението, против Основното јавно обвинителство – Дебар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 11.06.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство – Дебар, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1336/10 и побарало да му ја достават следната информација.  
„1. Број на пријави по кои настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? 2. Број на пријави по кои е донесена некоја јавно обвинителска одлука и е преземено некое јавно обвинителско дејствие, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? 3. Број на пријави по кои е донесен Обвинителен Предлог или Обвинителен Акт, а по која настапило застарување за кривично гонење пред донесување на правосилна судска одлука во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година? По кои кривични дела се водело кривичното гонење по кое настапило застарувањето во периодот од 2009 до 2013 година поединечно за секоја година?“.
Основното јавно обвинителство – Дебар, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-451 од 24.07.2013 година ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство – Дебар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Основното јавно обвинителство – Дебар достави до Комисијата Информација А.бр.68/2013-2 од 30.07.2013 година, а во Комисијата заведена под бр. 07-451 на 07.08.2013 година. Во дописот е наведено дека „Закаснетиот одговор настапил поради техничка грешка при доставување, а не поради непостапување според законските прописи.“ исто така во прилог го достави и одговорот насловен до Транспаренси Интернешнл – Македонија.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 11.09.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Основното јавно обвинителство – Дебар „доставила уреден одговор“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против  Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, поради повлекување на истата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-484 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Вевчани, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Вевчани, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-484 од 30.08.2013 година ја препрати Жалбата до до Општина Вевчани и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.09.2013 година Општина Вевчани, по е-маил, до Комисијата достави Одговор на Жалба во која наведува дека на барателот на информации му е одговорено на 23.05.2013 година. Во прилог на Одговорот на Жалба доставена е копија од електронски допис бр.03-515/2 од 22.05.2013 година, насловен до М.З., Генерален секретар на Транспаренси интернешнл-Македонија, кој го содржи одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 11.09.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Општина Вевчани „доставила уреден одговор“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Петровец, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против  Општина Петровец, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, поради повлекување на истата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-485 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Петровец, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Петровец, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Петровец, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-485 од 30.08.2013 година ја препрати Жалбата до до Општина Петровец и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 04.09.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Општина Петровец „доставила уреден одговор, кој од технички причини кај нас не бил благовремено ажуриран…„.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „Фотокопија од финансискиот извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за втората половина од изборната кампања, за локалните избори на 24 март 2013 година, согласно член 84-б од Изборниот законик на сите организатори на изборни кампањи во РМ кои истиот го доставиле како и Листа на организатори на изборни кампањи кои не ја исполниле обврската согласно член 84-б од Изборниот законик“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-290 на 10.05.2013 година, изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Транспарентност Македонија на 01.04.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија,  заведено во Транспарентност Македонија под бр.15/03 и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Фотокопија од финансискиот извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за втората половина од изборната кампања, за локалните избори на 24 март 2013 година, согласно член 84-б од Изборниот законик на сите организатори на изборни кампањи во РМ кои истиот го доставиле како и Листа на организатори на изборни кампањи кои не ја исполниле обврската согласно член 84-б од Изборниот законик“.
Државниот завод за ревизија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-290 од 22.05.2013 година ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Транспарентност Македонија на 23.05.2013 година до Комисијата поднесе Доуредување на Жалба, во која наведува дека е незадоволен од добиен одговор од Државниот завод за ревизија бр.44/539/2 од 17.05.2013 година, бидејќи „…не ги достави бараните информации во целост…“.
Комисијата со допис бр.07-290 од 11.07.2013 година ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Транспарентност Македонија на 11.09.2013 година достави допис до Комисијата заведен под бр. 07-290, со кој ја извести дека „…на ден 29.07.2013 година Државниот завод за ревизија пристапи кон доставување на информацијата во целост…“.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Државниот завод за ревизија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.   
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
 
    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Што е преземено за унапредување на примената на Кодексот за добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, согласно цел 1, мерка 3 точка 3 од Акцискиот план за Отворено владино партнерство (усвоен од Владата на РМ)?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-309 на 15.05.2013 година, изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата отворено општество – Македонија, на 09.04.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија,  заведено во Фондацијата под бр.11-354/1 и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Што е преземено за унапредување на примената на Кодексот за добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, согласно цел 1, мерка 3 точка 3 од Акцискиот план за Отворено владино партнерство (усвоен од Владата на РМ)?“.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-309 од 21.05.2013 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-2582/4 од 26.08.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-309 на 27.08.2013 година. Во наведениот Одговор на Жалба е наведено дека „…Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија со допис бр.50-2582/2 од 17.05.2013 година позитивно одговори на барањето на жалителот…“. Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Одговор на барање, насловен до Фондацијата Отворено општество – Македонија. Исто така, во прилог е доставена и фотокопија од Доставна книга, од која е видно дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на барателот, на рака, му доставил одговор по Барањето за пристап до информации на 17.05.2013 година.
По доставениот одговор, барателот нема поднесено Жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Врз основа на списите од предметот, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија, Генерален секретаријат, постапил по Барањето на барателот и доставил одговор до барателот, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.   
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме доставете копија од Информациите доставени до Владата на РМ од Министерството за информатичко општество и администрација со барањата кои биле предмет на петициите согласно цел 1, мерка 3, точка 1 од Акцискиот план за Отворено владино партнерство (усвоен од Владата на РМ). Дали до сега е донесен Заклучок од Владата по поднесените Информации за петициите и каде се достапни за јавноста?, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето“.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-310 на 15.05.2013 година, изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку В.М., извршен директор на Фондацијата, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата отворено општество – Македонија, на 09.04.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија,  заведено во Фондацијата под бр.11-353/1 и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме доставете копија од Информациите доставени до Владата на РМ од Министерството за информатичко општество и администрација со барањата кои биле предмет на петициите согласно цел 1, мерка 3, точка 1 од Акцискиот план за Отворено владино партнерство (усвоен од Владата на РМ). Дали до сега е донесен Заклучок од Владата по поднесените Информации за петициите и каде се достапни за јавноста?“.
Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-310 од 22.05.2013 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-2583/4 од 26.08.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-310 на 27.08.2013 година.  
Во наведениот Одговор на Жалба е наведено дека „…Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, постапувајќи по Барањето, направи увид во сопствената архива, при што утврди дека не располага со бараната информација…во конкретниот случај…постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…со Заклучок ја прекина постапката “. Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок, како и фотокопија од Доставна книга, од која е видно дека Заклучокот е доставен до барателот на информацијата на 17.05.2013 година.    
По доставениот Заклучок, барателот нема поднесено Жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Врз основа на списите од предметот, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија, Генерален секретаријат, постапил по Барањето на барателот и доставил одговор до барателот, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.   
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „Фотокопија од финансискиот извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десетиот ден од изборната кампања, за локалните избори на 24 март 2013 година, согласно член 84-б од Изборниот законик на сите организатори на изборни кампањи во РМ кои истиот го доставиле како и Листа на организатори на изборни кампањи кои не ја исполниле обврската согласно член 84-б од Изборниот законик“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-332 на 16.05.2013 година, изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Транспарентност Македонија на 15.03.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија,  заведено во Транспарентност Македонија под бр.11/03 и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Фотокопија од финансискиот извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десетиот ден од изборната кампања, за локалните избори на 24 март 2013 година, согласно член 84-б од Изборниот законик на сите организатори на изборни кампањи во РМ кои истиот го доставиле како и Листа на организатори на изборни кампањи кои не ја исполниле обврската согласно член 84-б од Изборниот законик“.
Државниот завод за ревизија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање одговорил со допис бр. 42-434/2 од 19.04.2013 година. Незадоволна од добиениот одговор, Транспарентност Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-332 од 22.05.2013 година ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот завод за ревизија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 42-647/2 од 03.06.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-332 на 04.06.2013 година. Во Одговорот се наведува дека Државниот завод за ревизија ја разгледал Жалбата и утврдил дека доставил делумна информација и поради тоа „…во прилог ви ја доставуваме Листата на организатори на изборни кампањи во РМ кои не ја исполниле обврската согласно член 84-б од Изборниот законик…“.
Транспарентност Македонија на 19.06.2013 година до Комисијата поднесе Доуредување на Жалба, во која наведува дека е незадоволен од одговорот од Државниот завод за ревизија, бидејќи „…наместо да достави листа на организатори на изборни кампањи…пристапи кон доставување листа на политички партии…“.
Комисијата со допис бр.07-332 од 11.07.2013 година ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Транспарентност Македонија на 11.09.2013 година достави допис до Комисијата заведен под бр. 07-332, со кој ја извести дека „…на ден 29.07.2013 година Државниот завод за ревизија пристапи кон доставување на информацијата во целост…“.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Државниот завод за ревизија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.   
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 септември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „Фотокопија од вкупните финансиски извештаи за изборната кампања за локалните избори одржани на 24 март 2013 година и сите организатори на изборни кампањи кои ја исполниле обврската согласно член 85 од Изборниот законик како и Листа на организатори на изборни кампањи кои не ја исполниле обврската согласно член 85 од Изборниот законик“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-396 на 12.06.2013 година, изјавена од Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднесена против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Транспарентност Македонија, преку извршниот директор А.Ј.Д., поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.30/03 од 24.04.2013 година до Државниот завод за ревизија и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Фотокопија од вкупните финансиски извештаи за изборната кампања за локалните избори одржани на 24 март 2013 година и сите организатори на изборни кампањи кои ја исполниле обврската согласно член 85 од Изборниот законик како и Листа на организатори на изборни кампањи кои не ја исполниле обврската согласно член 85 од Изборниот законик“.
Државниот завод за ревизија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е  поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-396 од 24.06.2013 година ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Транспарентност Македонија на 11.09.2013 година достави допис до Комисијата заведен под бр. 07-396, со кој ја извести дека „…на ден 29.07.2013 година Државниот завод за ревизија пристапи кон доставување на информацијата во целост…“.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Државниот завод за ревизија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.   
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.