ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 6 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 59–та седница одржана на 2 октомври 2013 година, донесе 8 решенија и 6 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 2 октомври 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
 
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација:
 “Доставете ни копии од годишните извештаи кои Институтот за јавно здравје на РМ ги примил од сите поединечни Цитолошки лабаратории од јавно здравствениот сектор и Цитолошки лабаратории кои имаа склучено договор со ФЗОМ за извршување на здравствена услуга читање на ПАП тестови, по однос на извршени договорни услуги (активности) за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија (Рак на грло на матка) предвидени во Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ во 2012 година“, најдоцна до  25 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.   

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-442 на 09.07.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.     
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.     
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 14.03.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  заведено во Здружението под бр.3.3-03/13-9 и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„ Доставете ни копии од годишните извештаи кои Институтот за јавно здравје на РМ ги примил од сите поединечни Цитолошки лабаратории од јавно здравствениот сектор и Цитолошки лабаратории кои имаа склучено договор со ФЗОМ за извршување на здравствена услуга читање на ПАП тестови, по однос на извршени договорни услуги (активности) за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија (Рак на грло на матка) предвидени во Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ во 2012 година.“
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-442 од 11.07.2013 година, ја препрати Жалбата до Институтот за јавно здравје на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.   
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на 29.07.2013 година  до Комисијата достави Произнесување по доставени жалби бр. 04-2780 од 22.07.2013 година а во Комисијата заведен под бр. 07-442. Во дописот е цитиран бројот на Жалбата 07-442  и е наведено дека „….од страна на ЈЗУ- Институт за јавно здравје , Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести со Допис бр. 10-1084 од 27.03.2013 година истото е одговорено во согласност со податоците и надлежностите кои ги има по однос на имплементацијата на наведената програма“
Во прилог го достави наведениот допис.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје во законски предвидениот рок и форма.
Жалбата се однесува на Барањето наведено во диспозитивот на ова Решение а ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија во Произнесувањето по доставени Жалби (наведени се жалбите бр.07-438,07-439,07-440,07-441 и 07-442 и Барањата бр.3.3-03/13-5, 3.3-03/13-6, 3.3-03/13-7, 3.3-03/13-8 3.3-03/13-9) се повикува на ист Допис бр.10-1084 од 27.03.2013 година доставен до Здружението.
Во  Одговорот доставен до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, имателот се повикува на писмо број 3.3-03/13-1 од 14.03.2013 година на Здружението, што е всушност број на поднесено Барање и по сите барања доставува еден одговор, што не одговара  на наведената Жалба.
Приложениот “Извештај за реализирани активности на скрининг на ракот на  на грлото на матката кај жените од 24-35 години во Република Македонија за период од 01.04.2012 година до 01.04.2012 година како и табелата, не ги содржат информациите наведени во Барањето од оваа Жалба.
Барателот ги барал информациите наведени во Барањето, а имателот му доставува други информации кои не ги барал.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје на 03.09.2013 до Комисијата достави Ургенција поради непостапување по Жалбата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 02 октомври 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е  
 
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација “Доставете ни копии од кварталните извештаи кои Институтот за јавно здравје на РМ ги примил од сите поединечни Цитолошки лаборатории од јавно здравствениот сектор и  Цитолошки лаборатории кои имаа склучено договор со ФЗОМ за извршување на здравствена услуга читање на ПАП тестови, по однос на извршени договорни услуги (активности) за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија (Рак на грло на матка) предвидени во Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2012 година“, најдоцна до 25.10.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.   

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-441 на 09.07.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25.10.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.      
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.     
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 14.03.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  заведено во Здружението под бр.3.3-03/13-8 и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„Доставете ни копии од кварталните извештаи кои Институтот за јавно здравје на РМ ги примил од сите поединечни Цитолошки лаборатории од јавно здравствениот сектор и  Цитолошки лаборатории кои имаа склучено договор со ФЗОМ за извршување на здравствена услуга читање на ПАП тестови, по однос на извршени договорни услуги (активности) за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија (Рак на грло на матка) предвидени во Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2012 година“.
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-441 од 11.07.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.    
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на 29.07.2013 година  до Комисијата достави Произнесување по доставени жалби бр. 04-2780 од 22.07.2013 година а во Комисијата заведен под бр. 07-441. Во дописот е цитиран бројот на Жалбата 07-441  и е наведено дека „….од страна на ЈЗУ- Институт за јавно здравје , Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести со допис бр. 10-1084 од 27.03.2013 година истото е одговорено во согласност со податоците и надлежностите кои ги има по однос на имплементацијата на наведената програма“
Во прилог го достави наведениот допис.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје во законски предвидениот рок и форма.
Жалбата се однесува на Барањето наведено во диспозитивот на ова Решение а ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија во Произнесувањето по доставени Жалби се повикува на ист Допис бр.10-1084 од 27.03.2013 година а во  Одговорот доставен до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје се повикува  на писмо број 3.3-03/13-1 од 14.03.2013 година на Здружението, што е всушност број на поднесено Барање и по сите барања доставува еден одговор што не одговара  на наведената Жалба.
Приложениот “Извештај за реализирани активности на скрининг на ракот на  на грлото на матката кај жените од 24-35 години во Република Македонија за период од 01.04.2012 година до 01.12.2012 година како и табелата, не ги содржат информациите наведени во Барањето од оваа Жалба.
Барателот ги барал информациите наведени во Барањето, а имателот му доставува други информации кои не ги барал.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје на 03.09.2013 до Комисијата достави Ургенција поради непостапување по Жалбата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 2 октомври 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
 
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација:
 “Доставете ни копии од фактури кои Институтот за јавно здравје ги доставил до Министерството за здравство по однос на извршени договорни услуги (активности) за рано откривање и спречување на  болестите на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија (Рак на грло на матка) предвидени во Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2012 година “,најдоцна до 25 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-438 на 09.07.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ  ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до … октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.     
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.     
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 14.03.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  заведено во Здружението под бр.3.3-03/13-5 и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„ Доставете ни копии од фактури кои Институтот за јавно здравје ги доставил до Министерството за здравство по однос на извршени договорни услуги (активности) за рано откривање и спречување на  болестите на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија (Рак на грло на матка) предвидени во Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2012 година “.
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-438 од 11.07.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.   
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на 29.07.2013 година  до Комисијата достави Произнесување по доставени жалби бр. 04-2780 од 22.07.2013 година а во Комисијата заведен под бр. 07-438. Во Дописот е цитиран бројот на Жалбата 07-438  и е наведено дека „….од страна на ЈЗУ- Институт за јавно здравје , Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести со Допис бр. 10-1084 од 27.03.2013 година истото е одговорено во согласност со податоците и надлежностите кои ги има по однос на имплементацијата на наведената програма“
Во прилог го достави наведениот допис.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорилoа на Барањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје во законски предвидениот рок и форма.
Жалбата се однесува на Барањето наведено во диспозитивот на ова Решение а ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија во Произнесувањето по доставени Жалби (наведени се жалбите бр.07-438,07-439,07-440,07-441 и 07-442 и Барањата бр.3.3-03/13-5, 3.3-03/13-6, 3.3-03/13-7, 3.3-03/13-8 3.3-03/13-9) се повикува на ист Допис бр.10-1084 од 27.03.2013 година доставен до Здружението.
Во  Одговорот доставен до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје имателот се повикува на писмо број 3.3-03/13-1 од 14.03.2013 година на Здружението, што е всушност број на поднесено Барање и по сите барања доставува еден одговор, што не одговара  на наведената Жалба.
Приложениот “Извештај за реализирани активности на скрининг на ракот на  на грлото на матката кај жените од 24-35 години во Република Македонија за период од 01.04.2012 година до 01.04.2012 година како и табелата, не ги содржат информациите наведени во Барањето од оваа Жалба.
Барателот ги барал информациите наведени во Барањето а имателот му доставува други информации кои не ги барал.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје на 03.09.2013 до Комисијата достави Ургенција поради непостапување по Жалбата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 2 октомври  2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
 
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација:
 “Доставете ни копии од изводите на сметката на  Институтот за јавно здравје каде се евидентирани сите приливи на сметката на Институтот од сметката на Министерството за здравство по основ на извршени услуги од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2012 година.(Компонента I Рак на грло на матка “, најдоцна до  25 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.   

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-440 на 09.07.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.     
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.     
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 14.03.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  заведено во Здружението под бр.3.3-03/13-7 и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„Доставете ни копии од изводите на сметката на  Институтот за јавно здравје каде се евидентирани сите приливи на сметката на Институтот од сметката на Министерството за здравство по основ на извршени услуги од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2012 година.(Компонента I Рак на грло на матка).“
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-440 од 11.07.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.   
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на 29.07.2013 година  до Комисијата достави Произнесување по доставени жалби бр. 04-2780 од 22.07.2013 година а во Комисијата заведен под бр. 07-440. Во дописот е цитиран бројот на Жалбата 07-440  и е наведено дека „….од страна на ЈЗУ- Институт за јавно здравје , Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести со Допис бр. 10-1084 од 27.03.2013 година истото е одговорено во согласност со податоците и надлежностите кои ги има по однос на имплементацијата на наведената програма“
Во прилог го достави наведениот допис.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје во законски предвидениот рок и форма.
Жалбата се однесува на Барањето наведено во диспозитивот на ова Решение а ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија во Произнесувањето по доставени Жалби (наведени се жалбите бр.07-438,07-439,07-440,07-441 и 07-442 и Барањата бр.3.3-03/13-5, 3.3-03/13-6, 3.3-03/13-7, 3.3-03/13-8 3.3-03/13-9) се повикува на ист Допис бр.10-1084 од 27.03.2013 година доставен до Здружението.
Во  Одговорот доставен до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, имателот се повикува на писмо број 3.3-03/13-1 од 14.03.2013 година на Здружението, што е всушност број на поднесено Барање и по сите барања доставува еден одговор, што не одговара  на наведената Жалба.
Приложениот “Извештај за реализирани активности на скрининг на ракот на  на грлото на матката кај жените од 24-35 години во Република Македонија за период од 01.04.2012 година до 01.04.2012 година како и табелата, не ги содржат информациите наведени во Барањето од оваа Жалба.
Барателот ги барал информациите наведени во Барањето а имателот му доставува други информации кои не ги барал.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје на 03.09.2013 до Комисијата достави Ургенција поради непостапување по Жалбата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 02 октомври 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е  
 
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација “Доставете ни копија од книгa на излезни фактури за периодот од 01 јануари до 31 декември 2012 година, каде евидентирани сите фактури кои Институтот за јавно здравје ги има доставено до Министерството за здравство за извршени активности од Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2012 година (Компонента 1 – Рак на грло на матка)“, најдоцна до 25.10.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.   

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-439 на 09.07.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, преку Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈЗУ-Институтот за јавно здравје на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25.10.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.     
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.      
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 14.03.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија,  заведено во Здружението под бр.3.3-03/13-6 и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„Доставете ни копија од книги на излезни фактури за периодот од 01 јануари до 31 декември 2012 година, каде евидентирани сите фактури кои Институтот за јавно здравје ги има доставено до Министерството за здравство за извршени активности од Програмата за рана детекција на малигни заболувања во РМ за 2012 година (Компонента 1 – Рак на грло на матка)“.
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-439 од 11.07.2013 година, ја препрати Жалбата до Институтот за јавно здравје на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.   
ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија на 29.07.2013 година  до Комисијата достави Произнесување по доставени жалби бр. 04-2780 од 22.07.2013 година а во Комисијата заведен под бр. 07-439. Во дописот е цитиран бројот на Жалбата 07-439 и е наведено дека „….од страна на ЈЗУ- Институт за јавно здравје , Сектор за промоција, анализа и следење на незаеазни болести со допис бр. 10-1084 од 27.03.2013 година истото е одговорено во согласност со податоците и надлежностите кои ги има по однос на имплементацијата на наведената програма“
Во прилог го достави наведениот допис.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорилo на Барањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје во законски предвидениот рок и форма.
Жалбата се однесува на Барањето наведено во диспозитивот на ова Решение а ЈЗУ-Институт за јавно здравје на Република Македонија во Произнесувањето по доставени Жалби се повикува на ист Допис бр.10-1084 од 27.03.2013 година а во  Одговорот доставен до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје се повикува писмо број 3.3-03/13-1 од 14.03.2013 година на Здружението, што е всушност број на поднесено Барање и по сите барања доставува еден одговор што не одговара  на наведената Жалба.
Приложениот “Извештај за реализирани активности на скрининг на ракот на  на грлото на матката кај жените од 24-35 години во Република Македонија за период од 01.04.2012 година до 01.12.2012 година како и табелата, не ги содржат информациите наведени во Барањето од оваа Жалба.
Барателот ги барал информациите наведени в Барањето а имателот му доставува други информации кои не ги барал
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје на 03.09.2013 до Комисијата достави Ургенција поради непостапување по Жалбата.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.И. Д. од Битола, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 2 октомври 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.И.Д. од Битола, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 „-Име и презиме и времетраење на сите досегашни директори(односно в.д.директори) на АЦВ подредени временски од нејзиното формирање во 1994 година па се до денес;
-вкупниот број на вработени( на неопределено време) во АЦВ;
-процентуална застапеност на мажи/жени од вработените во АЦВ;
-процентуална застапеност на високообразованите вработени во АЦВ од вкупниот број на вработени и
-број на вработени со високо академски титули (магистри и доктори на науки) како и нивното поле на експертиза“ СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение бр. 03-1298/2 од 12.08.2013 година се поништува и се ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за цивилно воздухопловство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25 октомври  2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-492 на 26.08.2013 година, изјавена од П.И.Д. од Битола, поднесена против Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, бр.03-1298/2 од 12.08.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот, ја УВАЖИ,  оспореното Решение го поништи и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата за цивилно воздухопловство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до25 октомври 2013 година, на начин и форма наведени во Барањето.
 По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, П.И.Д. од Битола, на 30.07.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија,  заведено во Агенцијата под бр.03-1298/1 и побарал доставување на збирна информација по пошта или меил од следната информација:
“-Име и презиме и времетраење на сите досегашни директори(односно в.д.директори) на АЦВ подредени временски од нејзиното формирање во 1994 година па се до денес;
-вкупниот број на вработени( на неопределено време во АЦВ
-процентуална застапеност на мажи/жени од вработените во АЦВ;
-процентуална застапеност на високообразованите  вработени во АЦВ од вкупниот број на вработени и
-број на вработени со високо академски титули (магистри и доктори на науки) како и нивното поле на експертиза“.
Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање донела Решение за одбивање на пристапот, заведено под број 03-1298/2 од 12.08.2013 година.
Незадоволен од добиеното Решение, П. И.Д. од Битола достави Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-492 од 30.08.2013 година, ја препрати Жалбата до Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија во врска со ова Барање, на 05.09.2013 година, до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-1298/4 од 05.09.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-492.
Во прилог на Одговорот го достави и оспореното Решение.
 Во Одговорот наведува дека:
 “…По разгледување на Барањето АЦВ донесе Решпение за одбивање бр.03-1298/2 од 12.08.2013 година, со кое ваквото Барање беше одбиено.
Согласно член 25 став 1 од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистер на други правни лица-Податоците од извршените уписи во регистрите согласно со закон можат да ги користат сите физички и правни лица на начин определен со Законот за Централен регистер, односно со друг закон.
Сите податоци за АЦВ кои барателот ги побара се достапни во Централниот регистер.
Оттука очигледна е неоснованоста на жалбените наводи на подносителот.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата го разгледа Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за воздухопловство и не најде основ дека истите можат да бидат доверливи информации согласно наведените закони.
Според член 7-а од Законот за воздухопловство “Работата на Агенцијата е  јавна“.
Според член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “информација од јавен карактер“ е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“
Од списите на преметот се гледа дека имателот располага со бараните информации кои претставуваат информации од јавен карактер и е должен да му ги достави на барателот, а не со допис да го препраќа до Централен регистер.
Во образложението на Решението, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија наведува дека информациите кои не се објавени на веб-страницата не се информации од јавен карактер, што е сосема погрешно.
Според член 9 и 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни редовно да ја водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен на јавноста( интернет страница, огласна табла и друго). Еднаш објавената листа на информации од јавен карактер не е конечна и таа треба постојано да се ажурира. Не значи дека доколку бараната информација не е на листата на информации таа не е информација од јавен карактер.
Комисијата утврди дека Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија при донесувањето на оспореното Решение за одбивање на пристапот не го спровела тестот на штетност, што согласно член 2 алинеја 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Исто така, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија не достави доказ дека информациите наведени во Барањето се класифицирани како доверливи со одреден степен на класификација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата  изјавена од Ф.Ѓ. од Скопје, поднесена против Заклучокот на  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 2 октомври 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ф.Ѓ. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Министерството за земјоделство. шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ Планови за стопанисување со шуми за периодот од 1991 год. до 1997 год. на Претпријатието за дрвна индустрија “Треска“-ООЗТ за тополарство и земјоделие -“Топола“-Скопје и на АД за тополарство и земјоделие “Топола“-Скопје, двете фирми на адреса на ул.“Негоричанска“ бб-нас. Драчево-Скопје“, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр.02-15539/4 од 11.07.2013 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-474 од 26.07.2013 година, изјавена од Ф.Ѓ. од Скопје против Заклучокот за прекинување на постапката бр. 02-15539/4 од 11.07.2013 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Ф. Ѓ. од Скоје, како што се наведува во Жалбата на 20.06.2013 година поднел Барање за пристап до информација од јавен карактер до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побарал во препис по пошта, да му ја достават следната информација :
“ Планови за стопанисување со шуми за периодот од 1991 год. до 1997 год. на Претпријатието за дрвна индустрија “Треска“-ООЗТ за тополарство и земјоделие -“Топола“-Скопје и на АД за тополарство и земјоделие “Топола“-Скопје, двете фирми на адреса на ул.“Негоричанска“ бб-нас. Драчево-Скопје“.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  во законски предвидениот рок, до барателот Ф.Ѓ. од Скопје доставило Заклучок за прекинување на постапката бр. 02-15539/4 од 11.07.2013.
Во Образложението на Заклучокот покрај другото е наведено и “…Со поднесеното барање барателот бара да му се достават планови за стопанисување со шуми за периодот од 1991 год. до 1997 година на Претпријатието за дрвна индустрија “Треска“-ООЗТ за тополарство и земјоделие -“Топола“-Скопје и на АД за тополарство и земјоделие “Топола“-Скопје, двете фирми на адреса на ул.“Негоричанска“ бб-нас. Драчево-Скопје.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постапувајќи по поднесеното Барање утврди дека не располага со бараните документи, туку располага со плански документи за стопанисување со шумите и тоа со посебен план за шумскостопанската единица “Китка“ за периодот од 1986-1995, 1996-2005 и 2005-2015 година. Во овие плански документи не се опфатени планови за тополарство и земјоделие на катастарската култура земјоделско земјиште и стопанисување со истата, туку се опфатени површините со катастарска култура шума и се предвидени сите шумски стопански активности во овие шуми.
Со оглед дека министерството не располага со бараната информација согласно член 26 став 2 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок“.
Незадоволен од Заклучокот за прекинување на постапката, Ф.Ѓ. од Скопје, на 26.07.2013 година достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-474.
Комисијата со допис бр.07-474 од 30.07.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од 3 дена Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  достави Допис-Доставување на списи заведен под бр. 02-17003/2 од 29.08.2013 година а во Комисијата заведен под бр.07-474 на 04.09.2013 година. Во прилог ги достави фотокопиите од сите списи по предметот.
Во Дописот Министерството наведува:“ Во одговор на Жалбата поднесена од Ф.Ѓ. од Скопје Ве известуваме дека министерството останува при наводите на оспорениот Заклучок дека не располага со бараната информација…“
Врз основа на списите на предметот и наводите во Заклучокот Комисијата утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок за прекинување на постапката бидејќи не располага со бараната информација.
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Секретаријат за законодавство на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 октомври 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Известувањето бр.07-3811/2 од 09.06.2010 година на Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “План за обука за пополнување на коресподентните табели МК-ЕУ и ЕУ-МК, предвиден во заклучоците на Владата од 134 седница, чиј рок на донесување е 30 дена од денот на влегување во сила на Одлуката за обрасците на придружното писмо и меморандумот, содржината и формата на коресподнетната табела и на изјавата на усогласеност на прописот со законодавството на Европската Унија согласно насоките содржани во Информацијата“, СЕ УВАЖУВА.
Се задолжува Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија веднаш, а најдоцна во рок од три дена да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Вишиот Управен суд УЖ.бр.381/2013 од 22.03.2013 година, заведена во Комисијата под број 07-179 на 05.06.2013 година, ја разгледа Жалбата бр.07-179 од 29.06.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Известувањето бр.14-3811/2 од 09.06.2010 година, на Секретаријатот на законодавство на Владата на Република Македонија, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија веднаш, а најдоцна во рок од три дена да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното:
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 20.05.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“План за обука за пополнување на коресподентните табели МК-ЕУ и ЕУ-МК, предвиден во заклучоците на Владата од 134 седница, чиј рок на донесување е 30 дена од денот на влегување во сила на Одлуката за обрасците на придружното писмо и меморандумот, содржината и формата на коресподнетната табела и на изјавата на усогласеност на прописот со законодавството на Европската Унија согласно насоките содржани во Информацијата.”
Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија, на ова Барање во законски предвидениот рок, доставил Известување до барателот бр.07-3811/2 од 09.06.2010 година.
Незадоволен од наведеното Известување, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-179 од 30.06.2010 година ја достави Жалбата до Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија достави Одговор на Жалба бр.07-3812/3 од 07.07. 2010 година а во Комисијата заведен под бр.07-179 на  07.07.2010 година.
Во Одговорот меѓу другото наведува дека ….“доказ дека Секретаријаторт за законодавство не располага со бараната информација претставува и Деловодната книга при Секретаријатот, во која се евидентирани сите дописи, акти и документи кои се доставени до Секретаријатот за законодавство на мислење и по кои со свое мислење се произнесува Секретаријатот…Притоа укажуваме дека носител на овој документ е Секретаријатот за европски прашања и истиот како носител на документот сеуште го нема доставено предметниот План до Секретаријатот за законодавство на мислење.“
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 9 јули 2010 година донесе Решение заведено под бр.07-179 со кое Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија, се ОТФРЛА.
Против наведеното Решение на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, на 24.09.2010 поднесе Тужба до Управниот суд, заведена под број У-5.бр.1091/2010 година, а во Комисијата под број 07-179 од 29.11.2010 година, поради “суштествена повреда на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право.“
Во врска со наведената Тужба, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 15.12.2010 година до Управниот суд достави Одговор на Тужба, заведен под број 07-179.
Во Одговорот на Тужбата, Комисијата се произнесе дека останува на оспореното Решение и предложи Тужбата на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија да се ОДБИЕ.
Постапувајќи по Тужбата на Тужителот, Управниот суд на 06.06.2012 година донесе Пресуда У-5.бр.1091/2010 година, заведена во Комисијата под бр.07-179 на 19.12.2012 година со која “Тужбата на тужителот Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, против Решението бр.07-179 од 09.07.2010 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Скопје СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.“
Против наведената Пресуда, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 03.01.2013 година достави Жалба преку Управниот суд на Република Македонија до Вишиот Управен суд на Република Македонија.
Наведената Жалба Управниот суд под бр.У-5.бр.1091/2010 од 10.01.2013 година на 29.01.2013 година ја достави до Комисијата на произнесување.
Комисијата со допис бр.07-179 од 13.02.2013 година достави Произнесување по Жалба во кое наведе дека “Комисијата останува на Одговорот на Тужбата доставен до Управниот суд заведен во Комисијата под бр.07-179 од 15.12.2010 година и на образложението на оспореното Решение бр.07-179 од 09.07.2010 година и во прилог ги достави списите по предметот“.
Вишиот управен суд на 22.03.2013 година донесе Пресуда УЖ.бр.381/2013 година со која:
“Жалбата на тужителот Фондацијата Институт отворено општество – Македонија од Скопје СЕ УВАЖУВА.
Пресудата на Управниот суд У-5 бр.1091/2010 од 06.06.2012 година СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ПРЕСУДУВА.
Тужбата на тужителот, СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-179 од 09.07.2010 година, СЕ ПОНИШТУВА.
Во Пресудата меѓу другото е наведено“ Врз основа на изнесеното, Вишиот управен суд одлучувајќи по Жалбата ги прифати жалбените наводи на тужителот кои се однесуваат на повреда на членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дека ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со истата, најдоцна во рок од  три дена од приемот на барањето бил должен да го препрати истото до имателот на информацијата кој според содржината на барањето во конкретниот случај тоа е Секретаријатот за законодавство….“
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Вишиот управен суд и укажувањата во Пресудата повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
       
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Илинден по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 октомври  2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против  Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
  „1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, поради повлекување на истата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-488 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Илинден, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299/10 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Илинден, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-488 од 30.08.2013 година ја препрати Жалбата до Општина Илинден и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.09.2013 година Општина Илинден,  до Комисијата достави Допис-Препраќање на списи бр.10-1715/4 од 05.04.2013 година, а во Комисијата заведен под бр.07-488.
Во прилог на Известувањето ги достави бараните информации.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 25.09.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Општина Илинден им доставила одговор по Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Маврово и Ростуша по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 октомври 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против  Општина Маврово и Ростуша, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
  „1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, поради повлекување на истата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-489 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Маврово и Ростуша, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Маврово и Ростуша, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Маврово и Ростуша, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-489 од 30.08.2013 година ја препрати Жалбата до Општина Маврово и Ростуша побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.09.2013 година Општина Маврово и Ростуше,  до Комисијата достави Известување бр.10-239/2 од 11.09.2013 година заведено во Комисијата под бр.07-489, во кое ги доставува бараните информации.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 25.09.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Општина Маврово и Ростуша им доставила одговор по Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Виница по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 октомври  2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против  Општина Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
  „1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, поради повлекување на истата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-490 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Виница, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Виница, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-490 од 30.08.2013 година ја препрати Жалбата до Општина Виница и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.09.2013 година Општина Виница, до Комисијата достави Одговор на Жалба ИП 1 бр.15-629 од 10.09.2013 година, а во Комисијата заведен под бр.07-490.
Во одговорот  наведува дека на барателот на информации му е одговорено на 10.09.2013 година со допис бр.15-629 иако претходно немале никаков допис од страна  на Транспаренси Интернешнл – Македонија.
 Во прилог на Одговорот на Жалба доставен е дописот на Општината насловен до Транспаренси Интернешнл – Македонија.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 25.09.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Општина Виница им доставила одговор по Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер врз основа на член 222 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.38/05 и бр.110/08) на седницата одржана на 02.10. 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ВРШИ ИСПРАВКА на Решението број 07-422 од 22.08.2013 година, така што во Упатството за правно средство место “под бр.07-421“ треба да стои “под бр.07-422“
Оваа исправка има правно дејство од денот од кој има правно дејство Решението што се исправа, односно од денот кога е доставено Решението на странката.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Р. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  02.10.2013 година, донесе Заклучок бр. 07-422 со кој се врши исправка на Решението бр.07-422 од 22.08.2013 година.
Во Решението е направена грешката наведена во диспозитивот на овој Заклучок.
Поради тоа, а согласно на член 222 од Законот за општата управна постапка, по службена должност, извршена е исправка  како во диспозитивот на овој Заклучок.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер врз основа на член 222 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.38/05 и бр.110/08) на седницата одржана на 02.10. 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ВРШИ ИСПРАВКА на Решението број 07-25 од 08.07.2013 година, така што во Упатството за правно средство место “2012 година“ треба да стои “2013 година“
Оваа исправка има правно дејство од денот од кој има правно дејство Решението што се исправа, односно од денот кога е доставено Решението на странката.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 02.10. 2013 година, донесе Заклучок бр. 07-25, со кој се врши исправка на Решението бр. 07-25 од 08.07.2013 година.
Во Решението е направена грешката наведена во диспозитивот на овој Заклучок.
Поради тоа, а согласно на член 222 од Законот за општата управна постапка, по службена должност, извршена е исправка како во диспозитивот на овој Заклучок.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
            
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер врз основа на член 222 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.38/05 и бр.110/08) на седницата одржана на 02.10. 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ВРШИ ИСПРАВКА на Решението број 07-23 од 08.07.2013 година, така што во Упатството за правно средство место “2012 година“ треба да стои “2013 година“
Оваа исправка има правно дејство од денот од кој има правно дејство Решението што се исправа, односно од денот кога е доставено решението на странката.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 02.10.2013 година, донесе Заклучок бр. 07-23 со кој се врши исправка на Решението бр. 07-23 од 08.07.2013 година.