ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОЦИ
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво “Бона Фиде“Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво “Бона Фиде“Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
Се ПОНИШТУВА оспорениот Заклучок бр.19-2850/2 од 10.08.2012 година, на Министерството за правда и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.1886/2012 од 28.03.2013 година, заведена во Комисијата под број 07-369 на 17.09.2013 година, ја разгледа Жалбата бр.07-369 од 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво “Бона Фиде“Скопје, против Заклучокот бр.19-2850/2 од 10.08.2012 на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА УВАЖИ.
Оспорениот Заклучок бр.19-2850/2 од 10.08.2012 на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер го ПОНИШТИ и предметот го врати на првостепениот орган на повторно постапување.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници на 12.07.2012 година, до Министерството за правда, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Здружението под бр.0306-850/1 на 09.07.2012 година и побарало во фотокопија по пошта да му ја доставата следната информација.
“Дали во 2012 год. е изготвена Анализа за потребата од донесување на Закон за измени и дополнување на Законот за управните спорови. Ако е донесена доставете ни фотокопија од истата“.
Во врска со ова Барање Министерството за правда донело Заклучок за прекинување на постапката кој барателот го примил на 16.08.2012 година и го завел под бр.0306-850/2.
Незадоволно од наведениот Заклучок, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата покрај другото се наведува дека со ваквото постапување, Министерството за правда сторило повреда на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, затоа што не го применило членот 18 од наведениот Закон. Министерството за правда било должно доколку не располага со бараната информација, и доколку го знае вистинскиот имател, веднаш да го препрати барањето до имателот кој располага со информацијата и за тоа да го извести барателот.
Комисијата со допис бр.07-369 од 06.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара од Министерството во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Министерството за правда достави Одговор на Жалба бр.19-2580/4 од 01.10.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-369 на 10.10.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Министерството наведува дека не располага со бараната информација, а од содржината на барањето не можело да утврди кој би можел да биде имател на бараната информација, поради што донело Заклучок за прекинување на постапката.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Министерството за правда, правилно постапило по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок за прекинување на постапката, затоа што не располага со бараната информација, ниту како што наведува во Одговорот на Жалбата, знае кој друг располага со истата. Имено, и полномошникот на жалителот во Жалбата наведува дека Министерството за правда било должно доколку не располага со бараната информација, и доколку го знае вистинскиот имател, веднаш да го препрати барањето до имателот кој располага со информацијата и за тоа да го извести барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата донесе Решение бр.07-369 од 31.10.2012 година, со кое Жалбата ја одби како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
Против наведеното Решение на Комисијата, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, на 06.12.2012 година поднесе Тужба до Управниот суд.
Управниот суд со Пресуда У-5.бр.1886/2012 од 28.03.2013 година ја уважи Тужбата, оспореното Решение на Комисијата го поништи и предметот го врати на повторно постапување во Комисијата.
Во образложението на Пресудата, меѓу другото, Управниот суд наведува: Имајќи предвид дека Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (ревизија од 2012 година) на Владата на Република Македонија во поглавје 3.23 од Програмата со наслов Правосудство и фундаментални права е содржано дека во рамки на проектот ИПА 2007 “Подршка за поефикасно, ефективно и модерно функционирање на Управниот суд“, биле изготвени Извештај за организација на управниот спор како судска контрола на поединечните правни акти и Анализа за начинот на работењето на Управниот суд, Извештај за предлогот на Законот за измени и дополнувања на Законот за управните спорови, кој проект завршил во април 2012 година, Министерството за правда според надлежностите и делокругот на работа морало да биде запознаено со постоењето на наведените документи и нивната содржина. Доколку и покрај наведеното се прифати дека Министерството за правда не располагало со бараната информација истото во секој случај било должно барањето да го препрати до имателот на информацијата, а тоа во конкретниов случај би била Владата на Република Македонија“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и го утврди следното.
При постапувањето по Барањето, Министерството за правда погрешно го применило Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
При повторното постапување по предметот иако, како што се наведува во Пресудата според надлежностите и делокругот на работа морало да биде запознаено со постоењето на бараните документи и нивната содржина, Министерството за правда повторно да утврди дали располага или не располага со бараната информација. Доколку располага веднаш по добивањето на ова Решение да ја достави до барателот.
Во спротивно да го примени членот 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) и барањето според укажувањата на Управниот суд веднаш да го препрати до Владата на Република Македонија.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, при повторното постапување и одлучување по Жалбата, ги имаше во предвид укажувањата и напатствијата на Управниот суд и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-17598/6 од 17.06.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА Заклучокот бр.03-17598/6 од 17.06.2013 година на Министерството за финансии.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.1252/2011 од 10.10.2012 година, заведена во Комисијата под број 07-253 на 21.03.2013 година, ја разгледа Жалбата бр.07-253 од 05.07.2011 година изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-17598/6 од 17.06.2013 година, ја ОДБИ КАКО НЕОСНОВАНА и утврди дека Заклучокот на Министерството за финансии е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното:
Транспарентност Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 16.05.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.145/03 до Министерството за финансии и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колкав е долгот на државата спрема приватниот сектор заклучно со април 2011 година?.”
Министерството за финансии во врска со ова Барање донело Заклучок за прекинување на постапката бр.03-17598/6 од 17.06.2013 година.
Во образложението на Заклучокот е наведено: “Бараната информација се однесува на податоци за побарувањата/обврските на државата кон приватниот сектор за кои софтверскиот систем на Трезорот не е конструиран да функционира. Имено, Софтерскиот систем на трезорот е конструиран да функционира на cash основа (се евидентираат приходите и расходите) а не пресметковната основа….Министерството за финансии не располага со бараната информација .“
Незадоволна од наведениот Заклучок, на 05.07.2011 година, Транспарентност Македонија преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 07-253.
Комисијата со допис број 07-253 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Министерството за финансии достави Одговор на жалба број 03-25983/2 од 12.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-253 на 25.08.2011 година.
Во Одговорот, Министерството за финансии наведува дека Жалбата е неоснована и ги побива наводите на жалителот: “дека во овој случај доколку имателот на информацијата сметал дека информацијата како таква не можела да се даде тој требало да бара преформулирање на барањето од страна на барателот, од причина што самото барање е јасно и прецизно и одговорот е соодветен на бараната информација……“
Исто така, имателот во Одговорот наведува дека неосновани се наводите на жалителот “имателот на информацијата можел едноставно да ги стори достапни евидентираните приходи и расходи за бараните субјекти, а барателот врз нивна основа индиректно да дојде до својата барана информација, од причина што информацијата за приходите и расходите е јавно достапна за сите граѓани но откако ќе заврши фискалната година, додека пак нејзниното давање пред завршувањето на фискалната година би можело да предизвика погрешно разбирање на содржината, кое пак согласно со членот 6 став 1 точка 7 претставува исклучок од слободниот пристап до информации….“
Министерството за финансии смета дека во конкретниот случај не се работи за неука странка во постапката на која е должно да и се даде помош.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 06.10.2011 година донесе Решение заведено под бр.07-253 со кое Жалбата се ОДБИВА.
Комисијата утврди дека Министерството за финансии правилно се повикало и го применило членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 6/2010) кој гласи: ”Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.”
Во Образложението на Заклучокот на Министерството е наведено дека Софтверскиот систем на трезорот е конструиран да функционира на cash основа (се евидентираат приходите и расходите) а не пресметковната основа односно дека Министерството за финансии не располага со бараната информација .“
Против наведеното Решение на Комисијата, Транспарентност Македонија преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, на 15.11.2011 година поднесе Тужба до Управниот суд, заведена под број У-5.бр.1252/2011 година, а во Комисијата под број 07-253 од 04.04.2012 година, “поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба во постапката која му претходела на актот….“
Во врска со наведената Тужба, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 18.04.2012 година до Управниот суд достави Одговор на Тужба, заведен под број 07-253.
Во Одговорот на Тужбата, Комисијата се произнесе дека останува на оспореното Решение и предложи Тужбата на Транспарентност Македонија да се ОДБИЕ.
Постапувајќи по Тужбата на Тужениот, Управниот суд на 10.10.2012 година донесе Пресуда У-5.бр.1252/2011 година, заведена во Комисијата под бр.07-253 на 21.03.2013 година со која “Тужбата на тужителот Транспарентност Македонија, против Решението бр.07-253 од 06.10.2011 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Скопје СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-253 од 06.10.2011 година, СЕ ПОНИШТУВА.
Според член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако имателот на информацијата Барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе Решение, а согласно ставот 3 од овој член, во случаите од ставот 2 на овој член, Решението треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено……во конкретниот случај Судот наоѓа дека тужениот орган погрешно утврдил дека имателот Министерството за финансии правилно постапило кпга со Заклучок ја прекинал постапката, со оглед да цитираната законска одредба се однесува на случаите од член 18 од овој закон, за препраќање на Барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата, кога истото е упатено до ненадлежен орган, како и случаите во смисла на член 23 од овој закон кога станува збор за веќе доставена информација до истиот барател пред истекот на 6 месеци од денот на приемот на Барањето…..“
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд и укажувањата во Пресудата повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и остана на оспореното Решение 07-253 од 06.10.2012 годија.
Комисијата ги ценеше упатствијата и насоките на Управниот суд, но во Законот точно е наведено кога имателите го одбиваат Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер како и случаите кога носат Заклучок за прекинување на постапката.
Во конкретниот случај, Министерството за финансии не можело да донесе Решение согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи нема основ за одбивање согласно член 6 став 1 од наведениот закон. Само исклучоците наведени во член 6 се основ за одбивање на пристапот.
Исто така, од списите на предметот се гледа дека Секторот за правни и административни работи го препратил Барањето до Секторот за трезор и побарал одговор од истиот. Секторот за трезор одговорил дека “Софтверскиот систем на Трезорот е конструиран да функционира на cash основа (се евидентираат приходите и расходите) а не пресметковната основа и со оглед на тоа не располагаме со податоци за побарувањата/обврските на државата кон приватниот сектор.“
При ваква состојба на работите, кога имателот ќе утврди дека не се работи за исклучок од слободниот пристап и не може да донесе Решение за одбивање на пристапот согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ниту може да го препрати Барањето, во тој случај може да донесе Заклучок за прекинување на постапката како што постапило и Министерството за финансии.
Поради наведените причини, Комисијата останува на оспореното Решение и смета дека Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-17598/6 од 17.06.2013 е правилен и врз закон заснован.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-17602/2 од 17.06.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА Заклучокот бр.03-17602/2 од 17.06.2013 година на Министерството за финансии.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.1253/2011 од 10.10.2012 година, заведена во Комисијата под број 07-252 на 21.03.2013 година, ја разгледа Жалбата бр.07-252 од 05.07.2011 година изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-17602/2 од 17.06.2013 година, ја ОДБИ КАКО НЕОСНОВАНА и утврди дека Заклучокот на Министерството за финансии е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното:
Транспарентност Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 16.05.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.146/3 до Министерството за финансии и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Дали акциите за пошумување подлежат на некаква финансиска и фактичка инспекција. Ако да, кои се тие?.”
Министерството за финансии во врска со ова Барање донело Заклучок за прекинување на постапката бр.03-17602/2 од 17.06.2013 година.
Во образложението на Заклучокот е наведено: “Барањето … се однесува на информација која според надлежноста на Министерството за финансии не е во рамките на информациите со кои располага министерството како имател на инфомации.
Видно од надлежностите предвидени со…закон Министерството за финансии вклучувајќи ги органите во состав без својство на правно лице-Управата за имотно правни работи и Државниот девизен инспекторат не е надлежно за вршење на финансиска инспекција.“
Незадоволна од наведениот Заклучок, на 05.07.2011 година, Транспарентност Македонија преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-252 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Министерството за финансии достави Одговор на жалба број 03-25982/2 од 12.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-252 на 25.08.2011 година.
Во Одговорот, Министерството за финансии наведува дека Жалбата е неоснована и дека “…барањето за пристап до информација од јавен карактер се однесува на информација која според надлежноста на Министерството за финансии не е во рамките на информациите со кои располага министерството како имател на информации.
Министерството за финансии … истото не го препрати до надлежни институции од причина што самото барање не укажува на какви акции за пошумување се работи…ниту пак содржи било какви други информации кои би можеле да укажат на определени податоци за да може барањето да се препрати до соодветен државен орган односно институција на надлежност.”
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 06.10.2011 година донесе Решение заведено под бр.07-252 со кое Жалбата се ОДБИВА.
Против наведеното Решение на Комисијата, Транспарентност Македонија преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, на 15.11.2011 година поднесе Тужба до Управниот суд, заведена под број У-5.бр.1253/2011 година, а во Комисијата под број 07-252 од 04.04.2012 година, “поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба во постапката која му претходела на актот….“
Во врска со наведената Тужба, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 18.04.2012 година до Управниот суд достави Одговор на Тужба, заведен под број 07-252.
Во Одговорот на Тужбата, Комисијата се произнесе дека останува на оспореното Решение и предложи Тужбата на Транспарентност Македонија да се ОДБИЕ.
Постапувајќи по Тужбата на Тужениот, Управниот суд на 10.10.2012 година донесе Пресуда У-5.бр.1253/2011 година, заведена во Комисијата под бр.07-252 на 21.03.2013 година со која “Тужбата на тужителот Транспарентност Македонија, против Решението бр.07-252 од 06.10.2011 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Скопје СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-252 од 06.10.2011 година, СЕ ПОНИШТУВА.
Според член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе Решение, а согласно ставот 3 од овој член, во случаите од ставот 2 на овој член, Решението треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено……во конкретниот случај Судот наоѓа дека тужениот орган погрешно утврдил дека имателот Министерството за финансии правично постапило кога со Заклучок ја прекинал постапката, со оглед да цитираната законска одредба се однесува на случаите од член 18 од овој закон, за препраќање на барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата, кога истото е упатено до ненадлежен орган, како и случаите во смисла на член 23 од овој закон кога станува збор за веќе доставена информација до истиот барател пред истекот на 6 месеци од денот на приемот на Барањето…..“
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд и укажувањата во Пресудата, повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и остана на оспореното Решение 07-252 од 06.10.2012 година.
Комисијата ги ценеше упатствијата и насоките на Управниот суд, но во Законот точно е наведено кога имателите го одбиваат Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер како и случаите кога носат Заклучок за прекинување на постапката.
Во конкретниот случај, Министерството за финансии не можело да донесе Решение согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи нема основ за одбивање согласно член 6 став 1 од наведениот закон. Само исклучоците наведени во член 6 се основ за одбивање на пристапот.
Исто така, од списите на предметот се гледа дека имателот ја ценел можноста дали Барањето може да го препрати до надлежна институција, но од самото Барање не можел да утврди определени податоци врз основа на кои би можел да го препрати Барањето. Препраќањето на надлежност на друг орган односно институција е можно ако се знае кој е надлежен орган односно институција, додека од конкретното Барање имателот не можел да утврди за која институција се работи.
При ваква состојба на работите, кога имателот ќе утврди дека не се работи за исклучок од слободниот пристап и не може да донесе Решение за одбивање на пристапот согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ниту може да го препрати Барањето бидејќи од содржината на Барањето не може да утврди дека за кој друг надлежен имател се работи, во тој случај може да донесе Заклучок за прекинување на постапката како што постапило и Министерството за финансии.
Поради наведените причини, Комисијата останува на оспореното Решение и смета дека Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-17602/2 од 17.06.2013 е правилен и врз закон заснован.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.У. и М.У. од с. Мирковци, поднесена против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Љ.У. и М.У., поднесена против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Чучер Сандево на барателот да му го достави делот од бараната информација:
“.Иако го имаме тоа право според законот не ни беше удоволено да направиме службен увид, потоа за барањето под точка
2.1 Не ни објаснија иако поконкретно се мислеше дали постои некој закон или правилник, одлука изготвени од страна на Општината Чучер Сандево за начинот на чување на домашни животни и живина во Општината во смисла на која и каква оддалеченост, дали постојат некои услови за истото и кои се односно дали има некој законски права соседот доколку го има проблемот со истото“, најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-416 на 19.06.2013 година, изјавена од Љ.У. и М.У., поднесена, против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, во наведениот дел од Барањето ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Чучер Сандево на барателите да им ја достави бараната информација најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Љ.У. и М.У., на 10.05.2013 година, поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Чучер Сандево, заведено во Општината под бр.14-738/1 и побарале по пошта да им достават фотокопија од следната информација:
„1.Бараме да ни овозможите коплетен увид а потоа да ни се достави писмен препис во врска со правата надлежностите законските обврски на овластениот инспектор за животна средина и комунални работи во Општината Чучер Сандево,
2.Притоа, според кој Закон Одлука или Одредба донесен во Општината треба истиот да постапува во смисла на загадувањето на животната средина доколку постои чуствување на непријатна миризба на воздухот и кои законски надлежности ги има истиот за одстранување на проблемот и во врска со предизвикувачот на загадувањето,
2.1 Да напоменеме конкретно во врска со нашиов случај доколку причинителот на загадувањето на воздухот се кокошки кои се на непосредна близина од нашата куќа дали постои некој закон во општината за истото дали е така дозволено бидејќи секој со човечка свест ќе сфати дека и самата кокошка мириса не треба многу да се објаснува околку истото и го загадува воздухот и тоа се чуствува највеќе кога тој проблем го имаш под прозор а поготово кога се поголеми летни температури и притоа истата непријатна миризба е причинител на формирање разни заразни бактерии во воздухот опасни по здравјето и затоа сакаме да знаеме што надлежности има овластениот инспектор за погоре образложеното.“
Општина Чучер Сандево, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-416 од 02.07.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Чучер Сандево и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 18.07.2013 година, Општина Чучер Сандево достави Допис бр.14-1067/3 од 15.07.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-416.
Во прилог на Дописот го достави и Одговорот до барателите со кој им е доставен извадок од Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Чучер Сандево за работните должности на овластениот инспектор за животна средина и комунални работи.
За останатите точки од Барањето, Општината не се произнесе.
Незадоволни од добиениот Одговор, барателите на 14.08.2013 година до Комисијата доставија Дополнување на Жалба, заведено под број 07-416.
Во Дополнувањето на Жалбата наведуваат:
“Иако го имаме тоа право според законот не ни беше удоволено да направиме службен увид, потоа за барањето под точка
2.Не ни беше објаснето поконкретно што точно презема овластениот инспектор за животна средина и комунални работи доколку постои нешто што е причина за секојдневно загадување на воздухот има ли некој законски обврски за одстранување на проблемот и во врска со предизвикувачот на загадувањето и решавање на проблемот да може да се диши чист воздух и под точка
2.1 Не ни објаснија иако поконкретно се мислеше дали постои некој закон или правилник, одлука изготвени од страна на Општината Чучер Сандево за начинот на чување на домашни животни и живина во Општината во смисла на која и каква оддалеченост дали постојат некои услови за истото и кои се односно дали има некој законски права соседот доколку го има проблемот со истото“
Комисијата, со допис бр.07-416 од 19.08.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Чучер Сандево и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Чучер Сандево не одговори на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Чучер Сандево не постапила во целост по Барањето на барателите, односно на барателите им доставила само дел од бараните информации, односно доставена им е само информацијата наведена во точка 2 наведена во Дополнувањето на Жалбата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Заклучокот на ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Заклучокот на ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА Заклучокот на ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани бр.03-139/3 од 19.07.2013 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-444 од 10.07.2013 година, изјавена од А.К. од Вевчани, поднесена против Заклучокот на ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани бр.03-139/3 од 19.07.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.К. од Вевчани, на 26.04.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани заведено под број 03-139/1 и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
“Список на корисници на услуги на кои Управниот одбор на ЈП “Еремја“-Вевчани со Одлука им ги отпишал долговите за 2011 година.“
ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани, во врска со ова Барање, донело Решение за одбивање на барањето на барателот бр.03-139/2 од 15.05.2013 година.
Во образложението на Решението е наведено: “…Бараните информации се информации кои претставуваат деловна тајна на ЈП “Еремја“ Вевчани, а со давањето на тие информации сметаме дека би се повредил кредибилитетот и интегритетот на корисниците, па поради тоа е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Незадоволен од наведеното Решение, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-444 од 11.07.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани по барањето на Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-239/2 од 22.07.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-444 на 29. 07.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Во барањето, лицето А.К. бараше список на корисници на кои Управниот одбор на ЈП “Еремја“ Вевчани со одлука им го брише долгот за 2011 година. Оваа Одлука е донесена на 25.02.2013 година, меѓутоа истата не е правосилна бидејќи не е потврдена од Советот на општина Вевчани, а додека бараниот список на корисници на кои им се брише долгот за 2011 не постои во нашата архива, па бараната информација неможеме да ја доставиме, бидејќи истата ја немаме, поради што се донесе и Заклучок за прекинување на постапката“
Во прилог го достави наведениот Заклучок.
Во образложението на Заклучокот е наведено и “ Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го известуваме барателот, дека не ја поседуваме бараната информација, па поради тоа постапката се прекинува, а доколку во иднина се стекнеме со бараната информација ќе бидете благовремено известени“.
Незадоволен од наведениот Заклучок, барателот поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 07-444 на 31.07.2013 година.
Во Жалбата е наведено “Ако не постоел список, тогаш која била причината за донесување на ваквата Одлука?! Самата Одлука јасно укажува дека не се однесува генерално на сите корисници туку само на оние кои имаат долг кон ЈП “Еремја“ Вевчани и кои се утужени и Ако постои Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како може службеното лице да ја прекине постапката(нејасно е која е постапката кога веќе е донесено Решение од страна на ЈП“Еремја?!“
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-444 од 05.08.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремија“ Вевчани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани по барањето на Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-239/4 од 14.08.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-444 на 19. 08.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека: “…Оваа Одлука е донесена на 25.02.2013 година, меѓутоа истата не е правосилна бидејќи не е потврдена од Советот на Општина Вевчани, а додека бараниот список на корисници на кои им се брише долгот за 2011 година не постои во нашата архива, па бараната информација неможеме да ја доставиме, бидејќи истата ја немаме, поради што е донесен Заклучок за прекинување на постапката. Притоа, причината поради која е донесена ваква Одлука, е постојаното следење на компјутерската сметководствена евиденција, меѓутоа истата не е правосилна, односно не е одобрена од страна на општина Вевчани. А уште еднаш напоменуваме дека бараниот список не е изготвен и доколку во иднина биде изготвен таков список истиот ќе му биде доставен на барателот на увид.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани по барањето на барателот донело Решение за одбивање на барањето бр.03-139/2 од 15.05.2013 година. Против наведеното Решение барателот поднел Жалба.
По препраќањето на Жалбата од страна на Комисијата, првостепениот орган согласно член 235 од Законот за општатат управна постапка, ценејќи ја Жалбата, работата поинаку ја решил и донел Заклучок за прекинување на постапката.
Според наведениот член, органот што го донел првостепеното решение, под два услова може да го замени првото свое решение со друго решение, имајќи ги притоа наводите на Жалбата и тоа: прво, ако најде дека жалбата е оправдана и второ, притоа не е потребно да се спроведува нова испитна постапка. Значи дека не се работи за утврдување на фактичка состојба, туку за примена на материјалниот закон на веќе утврдена фактичка состојба. Во тој случај, првостепениот орган поаѓајќи и движејќи се во рамките на жалбата, може поинаку да ја реши управната работа и со ново решение да го замени решението кое се побива со жалбата.
Така постапил првостепениот орган и донел Заклучок за прекинување на постапката. Против наведениот Заклучок, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Во образложението на Заклучокот имателот тврди дека не располага со бараната информација од причина, како што наведува во Одговорот на Жалба, прво требало донесената Одлука од Управниот одбор да ја потврди Советот на Општината, па дури после тоа да состават Список на корисници на услуги на кои Управниот одбор на ЈП “Еремја“-Вевчани со Одлука ќе им ги отпише долговите за 2011 година.
ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани наведува дека, доколку во иднина биде изготвен таков список, истиот ќе му биде доставен на барателот на увид.
Врз основа на горенаведеното, Комисијата утврди дека Заклучокот на ЈП за комунални дејности и облагородување на природните ресурси “Еремја“ Вевчани е правилен и врз закон заснован.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Решението на Министерството за финансии бр.03-14751/6 од 22.07.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОТФРЛА како ненавремена
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-305 на 03.09.2013 година, изјавена од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Д.А., координатор на Програма за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Решението на Министерството за финансии бр.03-14751/6 од 22.07.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ја отфрли како ненавремена.
Како што се наведува во Жалбата, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје истата ја поднесува против Решението на Министерството за финансии бр.03-14751/6 0д 22.07.2013 година.
Комисијата со допис бр.07-305 од 05.09.2013 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-28489/2 од 16.09.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-305 на 25.09.2013 година. Во Одговорот наведува дека „…има постапено согласно насоките на повисокиот орган….жалбата на жалителот се однесува на Решение кое од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер е веќе поништено, кое нешто е видно од Решението број 07-305 од 22.08.2013 година, сметаме дека жалбата треба да биде отфрлена како недозволена, а пред се поради фактот што се однесува на веќе поништено решение кое како такво не е дел од правниот промет“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Комисијата утврди дека Жалбата против оспореното Решение на Министерството за финансии е ненавремена.
Министерството за финансии постапило по Барањето на барателот и донело Решение бр. 03-14751/6 од 22.07.2013 година. Барателот на информации, незапазувајќи го законски предвидениот рок за поднесување жалба од 15 дена, против наведеното Решение поднел Жалба на 03.09.2013 година.
Комисијата му укажува на имателот дека при постапувањето по Жалбата не постапил согласно член 234 од Законот за општата управна постапка и не утврдил дали Жалбата е допуштена, навремена или изјавена од овластено лице. Бидејќи првостепениот орган пропуштил тоа да го направи, второстепениот орган согласно член 239 од наведениот Закон, ја отфрли Жалбата како ненавремена.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Општина Боговиње, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Општина Боговиње, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Боговиње на барателот да му ја достави бараната информација „1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-483 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Општина Боговиње, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Боговиње на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Боговиње, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Боговиње, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-483 од 30.08.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Боговиње и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Боговиње не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Боговиње не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Тетово на барателот да му ја достави бараната информација „1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-486 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Тетово на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Тетово, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Тетово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-486 од 30.08.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Тетово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Тетово не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Тетово не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Доставете ни копија од завршна сметка за 2011 или 2012 година“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-504 на 03.09.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 22.07.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Здравствен дом Битола, заведено во Здружението под бр.3.3-76/13 и побарало да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од завршна сметка за 2011 или 2012 година“.
Здравствен дом Битола, како што се наведува во Жалбата, не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-504 од 05.09.2013 година, ја препрати Жалбата до Здравствен дом Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здравствен дом Битола до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.05-824/2 од 11.09.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-504 на 17.09.2013 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека „…им испративме копија од годишната сметка за 2012 година“.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, преку е-маил, до Комисијата достави известување бр.07-504 од 30.09.2013 година, во кое наведува – „добивме нецелосен одговор, односно од барано – завршна сметка за 2011 и 2012 година, добивме само за 2012 година…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Здравствен дом Битола не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, но тоа го сторил со задоцнување, по препраќањето на Жалбата од страна на Комисијата.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата, исто така, констатира дека се неосновани наводите на барателот на информации дека не добиле целосен одговор, бидејќи во неговото Барање не стои дека бара „копија од завршна сметка за 2011 и 2012 година“, туку дека бара „ копија од завршна сметка за 2011 или 2012 година“. Во конкретниов случај имателот на информации избрал меѓу двете наведени години во Барањето и на барателот му дал информација за 2012 година.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Здравствен дом Битола на барателот да му ја достави бараната информација „Доставете ни копија од пополнет и доставен буџетски циркулар за 2013 година до Министерството за здравство и ФЗОМ“, најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-505 на 03.09.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Здравствен дом Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 22.07.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Здравствен дом Битола, заведено во Здружението под бр.3.3-68/13 и побарало да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од пополнет и доставен буџетски циркулар за 2013 година до Министерството за здравство и ФЗОМ“.
Здравствен дом Битола, како што се наведува во Жалбата, не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-505 од 05.09.2013 година, ја препрати Жалбата до Здравствен дом Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здравствен дом Битола не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Здравствен дом Битола не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Здравствен дом Битола на барателот да му ја достави бараната информација „Доставете ни копија од финансиски планови за користење на буџетски средства доставени до ФЗОМ (сектор трезор) за 2013 година“, најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-506 на 03.09.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Здравствен дом Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Здравствен дом Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 31 октомври 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, на 22.07.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Здравствен дом Битола, заведено во Здружението под бр.3.3-75/13 и побарало да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од финансиски планови за користење на буџетски средства доставени до ФЗОМ (сектор трезор) за 2013 година“.
Здравствен дом Битола, како што се наведува во Жалбата, не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-506 од 05.09.2013 година, ја препрати Жалбата до Здравствен дом Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здравствен дом Битола не одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Здравствен дом Битола не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за развој на медиуми Скопје, поднесена против Советот за радиодифузија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Центарот за развој на медиуми Скопје, поднесена против Советот за радиодифузија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-507 од 03.09.2013 година, изјавена од Центарот за развој на медиуми Скопје, поднесена против Советот за радиодифузија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за развој на медиуми Скопје на 26.07.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.261/13 до Советот за радиодифузија и побарал да му ја достават следната информација:
„…сите понуди кои беа доставени до Советот за радиодифузија во врска со конкурсот за доделување на дозвола за вршење на радиодифузна дејност за емитување и пренос на радио програмски сервис на државно ниво“.
Советот за радиодифузија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање одговорил на 26.08.2013 година дека „податоците кои ние ги бараме не се наоѓаат на списокот на информации од јавен карактер“. Во прилог на Жалбата до Комисијата не е доставена фотокопија од наведениот одговор.
Незадоволен од Одговорот, Центарот за развој на медиуми Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-507 од 05.09.2013 година, ја препрати Жалбата до Советот за радиодифузија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Советот за радиодифузија достави Одговор на Жалба бр.12-3350/4 од 13.09.2013 година, а во Комисијата заведен под број 07-507 на 13.09.2013 година.
Во Одговорот на Жалбата, Советот за радиофузија смета дека истата е неоснована и наведува дека одговорил на „поголемиот дел од Барањето…“, а останатиот дел од Барањето го одбил согласно член 6 став 1 точка 2 и согласно член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по спроведување на тестот на штетност.
Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Решение бр. 12-3350/2 од 23.08 2013 година, со кое е одбиен пристапот до бараните информации. Во образложението на Решението е наведен спроведениот тест на штетност, односно причините поради кои дел од бараните информации не му се дадени на барателот, како и евентуалната штета која би настанала со нивното доставување до барателот. Исто така, во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена и фотокопија од поштенска достава, од која е видно дека наведеното Решение на Советот за радиодифузија е доставено до барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Советот за радиодифузија постапил по Барањето на Центарот за развој на медиуми Скопје и во законски предвидениот рок до барателот доставил Решение за одбивање на пристапот до бараните информации, кое е правилно и врз закон засновано.
Против наведеното Решение не е поднесена Жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од В.У. од Скопје, врз основа на член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Се ПРЕКИНУВА постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од В.У. од Скопје, заведено во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-552/1 на 02.11.2007 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со Пресудата на Вишиот Управен суд УЖ.бр.779/2013 од 04.07.2013 година, заведена во Комисијата под број 07-85/3 на 17.09.2013 година, повторно го разгледа Барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.07-552 на 02.11.2007 година, поднесено од В.У. од Скопје, утврди дека не располага со бараната информација и донесе Заклучок за прекинување на постапката.
Комисијата по добивањето на горенаведената Пресуда на Вишиот управен суд повторно го разгледа Барањето и другите списи во врска со предметот и го констатира следното.
В.У. од Скопје на 02.11.2007 година, до Комисијата достави Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побара во фотокопија по пошта да му се достави следната информација. “Дали во соседна Грција постои ЗСПИЈК – или сличен, дали некој во РМакедонија располага со истиот односно како можам да дојдам до содржината на истиот.
Дали во Грција постои орган како Вас (точен назив на органот) и каде во кои градови (со наведување на седиште-адреса и телефонски број, факс и слично).
Дали може да ми набавите – доставите примерок – фотокопија или слично од нивниот образец за Барање за слободен пристап на информации од јавен карактер како и образец за поднесување жалба“.
Во врска со ова Барање, а согласно член 26 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата го извести барателот дека не располага со бараните информации.
Незадоволен од Известувањето по барањето барателот поднесе Жалба.
Постапувајќи по Жалбата Комисијата на 09.01.2009 година, донесе Решение бр.07-277/2 со кое ја отфрли како неоснована од следните причини.
Според член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности (во натамошниот текст информација).“ Комисијата ниту ја создала ниту располага со бараната информација ниту има обврска да создаде таква информација.
Второ, во член 28 од истиот Закон се наброени случаите кога барателот има право да поднесе жалба. Против, писменото Известување кое се доставува согласно член 26 точка 2, барателот нема право да поднесе Жалба.
Против наведеното Решение В.У. поднесе Тужба до Управниот суд. Управниот суд со Пресуда У.бр.4132/2009 од 07.10.2011 година ја одби Тужбата како неоснована.
Против наведената Пресуда на Управниот суд В.У.изјавил Жалба до Вишиот управен суд.
Вишиот управен суд како што се наведува во образложението на Пресудата , по извршениот увид во списите на предметот, ценејќи ги наводите во жалбата и одговорот на жалбата и испитувајќи ја побиваната пресуда, нашол дека Жалбата е основана и на 04.07.2013 година, донел Пресуда со која Жалбата се уважува.
Пресудата на Управниот суд У.бр.4132/2009 од 07.10.2011 година, се преиначува и се пресудува.
Тужбата на тужителот, се уважува, а оспореното Решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-277/2 од 19.06.2009 година, се поништува.
Според укажувањата во Пресудата на Вишиот управен суд Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, при повторно одлучување по предметот, треба да постапи по укажувањата на овој суд и да ја има предвид одредбата од членот 18 став 1 од Законот за слободен пристап до иннформации од јавен карактер.
Комисијата при повторното одлучување по предметот ги имаше во вид укажувањата на Вишиот управен суд, но немаше можност да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информации од причина што тоа би била соседна Грција, која не е имател на информации според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на Република Македонија.
Комисијата неможе да утврди кој имател на информации во Република Македонија би можел да ги има бараните информации. Од наведените причини не го препрати Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку донесе Заклучок како во диспозитивот.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Гази Баба по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Гази Баба, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година? 2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-487 на 19.08.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Општина Гази Баба, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 15.05.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гази Баба, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1299/3 и побарало да му ја достават следната информација:
„1.Колку изнесува бројот на издадени Решенија за уривање на бесправно изградени објекти за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?
2.Колку изнесува бројот на реализирани Решенија за уривање за периодот од 01.01.2009 година до 15.05.2013 година?“.
Општина Гази Баба, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-487 од 30.08.2013 година ја препрати Жалбата до Општина Гази Баба и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 26.09.2013 година Општина Гази Баба, до Комисијата достави Одговор по доставена Жалба бр.08-3978/2 од 26.09.2013 година, а во Комисијата заведен под бр.07-487.
Во прилог на Известувањето ги достави бараните информации.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 30.09.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Општина Гази Баба им доставила одговор по Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Доставете ни копија од донесен буџет за 2013 година, одобрен од Министерството за финансии, Владата на РМ и Собранието на РМ“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-501 на 03.09.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3.3-72/13 од 22.07.2013 година до Министерството за здравство и побарало да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од донесен буџет за 2013 година, одобрен од Министерството за финансии, Владата на РМ и Собранието на РМ“.
Министерството за здравство, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-501 од 05.09.2013 година ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје на 30.09.2013 година достави е-маил до Комисијата, заведен под бр.07-501, со кој ја извести дека добиле целосен одговор од Министерството за здравство.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Министерството за здравство постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 октомври 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Доставете ни копија од финансиски планови за користење на буџетски средства доставени до Министерството за финансии (сектор трезор) за 2013 година“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-502 на 03.09.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, застапувано од Г.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3.3-73/13 од 22.07.2013 година до Министерството за здравство и побарало да му ја достават следната информација:
„Доставете ни копија од финансиски планови за користење на буџетски средства доставени до Министерството за финансии (сектор трезор) за 2013 година“.
Министерството за здравство, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-502 од 05.09.2013 година ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје на 30.09.2013 година достави е-маил до Комисијата, заведен под бр.07-502, со кој ја извести дека добиле целосен одговор од Министерството за здравство.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Министерството за здравство постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.