ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 69–та седница одржана на 15 јануари 2014 година, донесе 8 решенија и 2 заклучока.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Владата на Република Македонија бр.50-5712/4 од 11.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Документација за сопственоста на далноводот на Македонски брод – Самоков, граден 1997/8 год. со 18 км и 110 кв“ СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Владата на Република Македонија бр.50-5712/4 од 11.12.2013 година, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-512 од 16.12.2013 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Владата на Република Македонија бр.50-5712/4 од 11.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснован и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-512 на 16.12.2013 година, Б.С. од Скопје, на 07.08.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија, и побарал по пошта да му достават фотокопија од информацијата:
„Документација за сопственоста на далноводот на Македонски брод – Самоков, граден 1997/8 год. со 18 км и 110 кв”.
Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и Б.С. од Скопје на 30.09.2013 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-512 од 03.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија не одговори на дописот од Комисијата.
Б.С. од Скопје на 16.12.2013 година до Комисијата достави Жалба против Заклучок бр.50-5712/4 од 11.12.2013 година донесен од Владата на Република Македонија, заведена во Комисијата под бр.07-512.
Комисијата, со допис бр.07-512 од 18.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија, на 13.01.2014 година по меил до Комисијата го достави Заклучокот бр.50-5712/4 од 11.12.2013 година, наместо произнесување по Жалбата.
Комисијата го разгледа Заклучокот со кој постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер се прекинува. Во Заклучокот е наведено дека: „Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, постапувајќи по барањето за пристап до информации од јавен карактер, утврди дека не е создавач ниту имател на бараната информација, согласно член 3 став (1) алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“
Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Владата на Република Македонија постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што донела Заклучок за прекинување на постапката, со образложение дека не располага со бараната информација и не знае кој друг имател располага.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на¬ 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер:
„Доказ односно примерок од одлуката-те на Врховниот суд со кои е извршено спојување на од моја страна поднесените посебни Барања за заштита на правото на судење во разумен рок пред овој Суд за кои имам информација дека се заведени под ПСРРУ.бр.10/2012 година; ПСРРУ.бр.12/2012 година и ПСРРУ.бр.14/2012 година а во фаза на постапката се заведени под еден заеднички ПСРРУ.бр.5/2013 година“ СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-531 на 31.10.2013 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, В.У. на 27.09.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија, заведено во Врховниот суд на Република Македонија под СПИ.бр.15/2013 и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
„Доказ односно примерок од одлуката-те на Врховниот суд со кои е извршено спојување на од моја страна поднесените посебни Барања за заштита на правото на судење во разумен рок пред овој Суд за кои имам информација дека се заведени под ПСРРУ.бр.10/2012 година; ПСРРУ.бр.12/2012 година и ПСРРУ.бр.14/2012 година а во фаза на постапката се заведени под еден заеднички ПСРРУ.бр.5/2013 година“
Врховниот суд на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, по ова Барање донел Заклучок за прекинување на постапката СПИ.бр.15/2013 на 25.10.2013 година.
Незадоволен од донесениот Заклучок на Врховниот суд нa Република Македонија, В.У. достави Жалба до Комисијата заведена под број 07-531 на 31.10.2013 година.
Комисијата, со допис бр.07-531 од 07.11.2013 година, ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Врховниот суд на Република Македонија во врска со ова барање на Комисијата, достави Известување во врска со жалба на одговор од првостепен орган СПИ.бр.15/2013 од 29.11.2013 година заведено во Комисијата под број 07-531 на 05.12.2013 година, каде што наведува дека со увидот на предметот е утврдено дека образложението за начинот по кој одлучува првостепениот совет за заштита на правото на судење во разумен рок, дава причина за спојување имајќи во вид дека се работи за ист правен основ и барател, што е во целост во согласност со принципот на ефикасност на работата на судот.
На ден 30.12.2013 година Комисијата изврши увид во писарницата за судење во разумен рок на Врховниот суд на Република Македонија во СПИ предметот 15/2013 и Псрру.бр.5/2013 каде утврди дека со Решението Псрру.бр.10/12 се споени барањата за заштита на правото на судење во разумен рок на подносителот Псрру.бр.10/2012; Псрру.бр.12/2012; Псрру.бр.14/2012 што е јасно видливо од уредно доставеното Решение до барателот В.У. на ден 26.12.2012 година со Решението со Псррж.бр.1207/2012. Со наведеното Решение Жалбата на жалителот В.У. од Скопје се усвојува, Решението на Врховниот суд на Република Македонија Псрру.бр.10/12, Псрру.бр.12/2012, Псрру.бр.14/2012 од 09.10.2012 година,СЕ УКИНУВА и предметот се враќа на повторно решавање пред првостепениот совет.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, како и по извршениот увид во писарницата за судење во разумен рок на Врховниот суд на Република Македонија, Комисијата утврди дека Врховниот суд на Република Македонија правилно постапил по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донесе Заклучок за прекинување на постапката, со образложение за причините за прекинувањето на постапката.
Судот појаснил дека „предметите се земени во работа и за истите ќе одлучува Совет кој постапува по тие предмети со соодветна мериторна одлука“.
Исто така во Решението на Врховниот Суд од 09.10.2012 година заведено под број Псрру.бр.10/2012, Псрру.бр.12/2012, Псрру.бр.14/2012 е на ведено: „Врховниот суд на Република Македонија, на одржаната седница на 09.10.2012 година одлучи барањата на подносителот заведени под Псрру.бр10/2012, Псрру.бр.12/2012 и Псрру.бр.14/2012 да се спојат и за сите барања да се одлучи со едно Решение Псрру.бр.10/12 поради тоа што барањата се однесуваат за утврдување на повреда на правото на судење во разумен рок на постапки по поднесени барања за доделување на парична помош согласно Законот за социјална заштита“
Комисијата утврди дека Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија е правилен и врз закон заснован.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Велес на барателот да му достави фотокопија од бараната информација:
„1. Увид на документацијата по предметот МАЛВ П.бр.35/12 од 22.03.2013 година и издавање на:
– фотокопија за процесно решение за наплата на судски такси од неведениот предмет,
– доставница со депониран потпис за достава од подносителот т.е полномошник,
– фотокопија на барање за присилна наплата на обврзникот П.Б. од страна на судот доставена до УЈП Велес
– и друго по увид на предметот и
– увид во предмет МАЛВ П.бр.63/12.“ најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-555 од 02.12.2013 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Основниот суд Велес на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-555 на 02.12.2013 година, Б.П. од Велес на 14.10.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Велес и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
„1. Увид во документацијата по предметот МАЛВ П.бр.35/12 од 22.03.2012 година и да ми се издаде:
– фотокопија за процесно решение за наплата на судски такси од неведениот предмет,
– доставница со депониран потпис за достава од подносителот т.е полномошник,
– фотокопија на барање за присилна наплата на обврзникот П.Б. од страна на судот доставена до УЈП Велес
– и друго по увид на предметот и
– увид во предмет МАЛВ П.бр.63/12.“
Основниот суд Велес, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-555 од 06.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основниот суд Велес на 27.12.2013 година до Комисијата достави Произнесување по вложена жалба СУ-03.бр.646/13 од 19.12.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-555. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „Вакво барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до денес не е доставено на постапување до службеното лице овластено за посредување со информации од јавен карактер. По увид во списите на предметот Малв.П.бр.63/12 се констатира дека кон овие списи не е приложено предметното барање, а во моментов не може да се утврди дали вакво барање е евентуално приложено кон списите на предметот Малв.П.бр.35/12 од причина што според писмено известување од судската писарница, предметот на ден 05.11.2013 година е испратен на надлежност до Апелациониот суд Скопје, заради одлучување по вложена жалба“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Велес не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето.
Од списите на предметот, Комисијата утврди дека Барањето е примено во Основниот суд Велес на 14.10.2013 година и истото има печат и потпис од Судот. На Комисијата не и е познато зошто службеното лице што постапува по предметот барањето не го добило, бидејќи внатрешната поделба и достава на предметите до вработените во Судот не е во надлежност на Комисијата туку на судот.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Oпштина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Гостивар на барателот да му достават по пошта фотокопија од бараната информација:
„Огласот за јавна набавка и склучениот договор со Операторот кој ги има извршувано работите за јавното осветлување на следните улици: Беличица (од мостот на реката Вардар до ново изградената Џамија Риниа), Беличица (од мостот на реката Вардар, покрај реката Вардар и кланицата Горни Полог, лева страна, па се до крајот на улицата), Ул.Лазар Лазаревски (што го поврзува Ул.ЈНА и Ул.18 Ноември), О.У.Мустафа Кемал Ататурк (од пред школото па се до болницата), и пред О.У Гоце Делчев“. најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-561 од 16.12.2013 година, изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Oпштина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Гостивар на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-561 на 16.12.2013 година, В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, на 31.10.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гостивар и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
„Огласот за јавна набавка и склучениот договор со Операторот кој ги има извршувано работите за јавното осветлување на следните улици: Беличица (од мостот на реката Вардар до ново изградената Џамија Риниа), Беличица (од мостот на реката Вардар, покрај реката Вардар и кланицата Горни Полог, лева страна, па се до крајот на улицата), Ул.Лазар Лазаревски (што го поврзува Ул.ЈНА и Ул.18 Ноември), О.У.Мустафа Кемал Ататурк (од пред школото па се до болницата), и пред О.У Гоце Делчев“.
Општина Гостивар, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-561 од 23.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар на 09.01.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба заведен под бр.01-1803/4 од 30.12.2013 година а во Комисијата заведен под бр.07-561. Во Одговорот на жалбата е наведено дека „…Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1. Оваа советничка група наместо да ја одигра конструктивната улога во Советот, продолжи со доставувањето на уште многу други обемни и конфузни барања, така што општинската администрација според нив треба да се претвори само во нивен сервис, а не во сервис на сите членови на Советот на општината. Бидејќи се членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Гостивар не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, во законски предвидениот рок и форма.
Во Однос на Одговорот на Жалбата на Општина Гостивар, Комисијата укажува на следното.
Што се однесува до наводите во Жалбата дека “…Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1, Комисијата укажува дека по овие барања нема поднесено Жалби бидејќи, како што се наведува во Жалбата број 07-561, таа се однесува на Барање бр.01-1803/1 на 01.11.2013 година, а не на наведените Барања.
Согласно чл. 3 став 1 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон.
Согласно член 4 од наведениот Закон “Слпободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица“, што значи дека В.М. како координаторот на Советничката група на НДП при Советот на општина Гостивар има право да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Општинската администрација како и државната администрација треба да бидат пред се сервис на граѓаните, а не само на членовите на општината.
Неспорно е дека “членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат информации и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“, но В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно наведеното Барање Општина Гостивар е должна да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Право на барателите е да одлучат според кој закон ќе ги бараат информациите кои им се потребни.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Гостивар на барателот да му ја достави бараната информација :
“Копие од сите вработувања на база договор на дело реализирани преку агенциите за привремени вработувања за временски период од 15.04 до 15.11.2013 година “, најдоцна до 03 02. 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-563 на 19.12.2013 година, изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Гостивар на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, В.М., координатор на советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, на 12.11.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гостивар, заведено во Општината под број 01-1892/1 на 13.11.201 година и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„ Копие од сите вработувања на база договор на дело реализирани преку агенциите за привремени вработувања за временски период од 15.04 до 15.11.2013 година “.
Општина Гостивар, како што се наведува во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-563 од 25.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар на 09.01.2014 до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 01-1892/3 од 30.12.2013 година а во Комисијата заведен под бр. 07-563. Во Одговорот на жалба, е наведено дека „ ….Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1 “. Оваа советничка група наместо да ја одигра конструктивно својата улога во Советот, продолжи со доставување на уште многу други обемни и конфузни барања, така што општинската администрација според нив треба да се претвори само во нивен сервис, а не во сервис на сите членови на Советот на општината. Бидејќи се членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат информации и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Гостивар не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, во законски предвидениот рок и форма.
Во однос на Одговорот на Жалба на Општина Гостивар, Комисијата укажува на следното.
Што се однесува до наводите во Жалбата дека “…Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1, Комисијата укажува дека по овие барања нема поднесено Жалби бидејќи, како што се наведува во Жалбата број 07-563, таа се однесува на Барање бр.01-1893/1 на 13.11.201 година, а не на наведените Барања.
Согласно чл. 3 став 1 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон.
Согласно член 4 од наведениот Закон “Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица“, што значи дека В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар има право да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Општинската администрација како и државната администрација треба да бидат пред се сервис на граѓаните, а не само на членовите на Општината.
Неспорно е дека “членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат информации и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“, но В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно наведеното Барање Општина Гостивар е должна да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Право на барателите е да одлучат според кој закон ќе ги бараат информациите кои им се потребни.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М. од Гостивар, координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.М. од Гостивар, координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Гостивар на барателот да му достават по пошта фотокопија од бараната информација:
„Копие од ново вработените во сите основни и средни училишта и нивната стручна спрема, вработени во почетокот на школската година 2013-2014 на наставен албански јазик“ најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-562 од 19.12.2013 година, изјавена од В.М. од Гостивар, координаторот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Гостивар на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-562 на 19.12.2013 година, В.М. од Гостивар, координаторот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, на 12.11.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гостивар, заведено во Општината под број бр.01-1893/1 од 13.11.2013 година и побарал да му достави по пошта фотокопија од следната информација.
„Копие од ново вработените во сите основни и средни училишта и нивната стручна спрема, вработени во почетокот на школската година 2013-2014 на наставен албански јазик“.
Општина Гостивар, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-562 од 23.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар на 09.01.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.01-1893/3 од 30.12.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-562. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1. Ова советничка група наместо да ја одигра конструктивно својата улога во Советот, продолжи со доставувањето на уште многу други обемни и конфузни барања, така што општинската администрација според нив треба да се претвори само во нивен сервис, а не во сервис на сите членови на Советот на општината. Бидејќи се членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Гостивар не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, во законски предвидениот рок и форма.
Во однос на Одговорот на жалба на Општина Гостивар, Комисијата укажува на следното.
Што се однесува до наводите во Жалбата дека “…Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1, Комисијата укажува дека по овие барања нема поднесено Жалби бидејќи, како што се наведува во Жалбата број 07-562, таа се однесува на Барање бр.01-1893/1 на 13.11.2013 година, а не на наведените Барања.
Согласно чл. 3 став 1 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон.
Согласно член 4 од наведениот Закон “Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица“, што значи дека В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар има право да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Општинската администрација како и државната администрација треба да бидат пред се сервис на граѓаните, а не само на членовите на Општината.
Неспорно е дека “членовите на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“, но В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно наведеното Барање Општина Гостивар е должна да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Право на барателите е да одлучат според кој закон ќе ги бараат информациите кои им се потребни.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став(3) на овој закон.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М. од Гостивар, координаторот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.М. од Гостивар, координаторот на Советничката група на НДП при Советот на општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Гостивар на барателот да му достави по пошта фотокопија од бараната информација:
„Преглед и копија од сите записници изготвени од страна на инспекторите за градежништво при Општина Гостивар за дивоизградените објекти (објектите изградени без одобрение за градба) за временски период 01.04. до 30.10.2013“ најдоцна до 03.02. 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-565 од 19.12.2013 година, изјавена од В.М. од Гостивар, координаторот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Гостивар на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-565 на 19.12.2013 година, В.М. од Гостивар, координаторот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, на 12.11.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.01-1894/1 од 13.11.2013 година до Општина Гостивар и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
„Преглед и копија од сите записници изготвени од страна на инспекторите за градежништво при Општина Гостивар за дивоизградените објекти (објектите изградени без одобрение за градба) за временски период 01.04. до 30.10.2013“.
Општина Гостивар, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-565 од 23.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар на 09.01.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.01-1894/3 од 30.12.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-565. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1. Ова советничка група наместо да ја одигра конструктивно својата улога во Советот, продолжи со доставувањето на уште многу други обемни и конфузни барања, така што општинската администрација според нив треба да се претвори само во нивен сервис, а не во сервис на сите членови на Советот на општината. Бидејќи се членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Гостивар не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, во законски предвидениот рок и форма.
Во однос на Одговорот на жалба на Општина Гостивар, Комисијата укажува на следното.
Што се однесува до наводите во Жалбата дека “…Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1, Комисијата укажува дека по овие барања нема поднесено Жалби бидејќи, како што се наведува во Жалбата број 07-563, таа се однесува на Барање бр.01-1894/1 на 13.11.2013 година, а не на наведените Барања.
Согласно чл. 3 став 1 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон.
Согласно член 4 од наведениот Закон “Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица“, што значи дека В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар има право да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Општинската администрација како и државната администрација треба да бидат пред се сервис на граѓаните, а не само на членовите на Општината.
Неспорно е дека “членовите на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“, но В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно наведеното Барање Општина Гостивар е должна да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Право на барателите е да одлучат според кој закон ќе ги бараат информациите кои им се потребни.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Oпштина Гостивар, од Гостивар поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Гостивар на барателот да му достават по пошта фотокопија од бараната информација:
„Копије од сите ситуации и фактури за изведените градежни работи, регулирање на јавните површини, инсталирање на водоводната и канализационата мрежа , инсталирање на јавно осветлување, инсталирање на метални и бетонски столбови, промена на натписите при основните и средните училишта и сообраќајните знаци, за временски период од 01.05 до 12.11.2013“ најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-564 од 19.12.2013 година, изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Oпштина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Гостивар Велес на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 03.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-564 на 19.12.2013 година, В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на општина Гостивар, на 12.11.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гостивар Основниот и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
„Копије од сите ситуации и фактури за изведените градежни работи, регулирање на јавните површини, инсталирање на водоводната и канализационата мрежа , инсталирање на јавно осветлување, инсталирање на метални и бетонски столбови, промена на натписите при основните и средните училишта и сообраќајните знаци, за временски период од 01.05 до 12.11.2013“.
Општина Гостивар, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-564 од 23.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар на 09.01.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба заведен под бр.01-1895/3 од 30.12.2013 година а во Комисијата заведен под бр.07-564. Во Одговорот на жалбата е наведено дека „…Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1. Ова советничка група наместо да ја одигра конструктивната улога во Советот, продолжи со доставувањето на уште многу други обемни и конфузни барања, така што општинската администрација според нив треба што да се претвори само во нивен сервис, а не во сервис на сите членови на Советот на општината. Бидејќи се членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Гостивар не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на В.М., координатор на советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, во законски предвидениот рок и форма.
Во Однос на Одговорот на Жалбата на Општина Гостивар, Комисијата укажува на следното.
Што се однесува до наводите во Жалбата дека “…Во предвидениот законски рок им беа доставени писмените одговори по доставените барања од нивна страна, заведени во општинската архива под бр.01-1695/1, 01-1696/1, 01-1697/1 и 01-1712/1, Комисијата укажува дека по овие барања нема поднесено Жалби бидејќи, како што се наведува во Жалбата број 07-564, таа се однесува на Барање бр.01-1895/1 на 13.11.201 година, а не на наведените Барања.
Согласно чл. 3 став 1 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон.
Согласно член 4 од наведениот Закон “Слпободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица“, што значи дека В.М. како координаторот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар има право да поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер. Општинската администрација како и државната админидтрација треба да бидат пред се сервис на граѓаните, а не само на членовите на општината.
Неспорно е дека “членови на Советот на општината согласно член 43 став 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.5/2002) тие имаат на располагање и други можности за да ги добиваат потребните информации, што значи имаат право на седниците на советот да даваат информации и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот“, но В.М. како координатор на Советничката група на НДП при Советот на општина Гостивар поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно наведеното Барање општина Гостивар е должна да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Право на барателите е да одлучат според кој закон ќе ги бараат информациите кои им се потребни.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Јавното обвинителство на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 јануари 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали поднесените кривични пријави поднесени на основа на судска одлука преку ОЈО Струмица, против учесниците од ОЈО и ВЈО ќе завршат со молк на администрацијата“, поради тоа што му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-540 на 11.11.2013 година, изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Д.Л. од Струмица на 07.10.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното обвинителство на Република Македонија и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Дали поднесените кривични пријави поднесени на основа на судска одлука преку ОЈО Струмица, против учесниците од ОЈО и ВЈО ќе завршат со молк на администрацијата“.
Јавното обвинителство на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-540 од 11.11.2013 година ја препрати Жалбата до Јавното обвинителство на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното обвинителство на Република Македонија на 05.12.2013 година до Комисијата достави Одговор на жалба А.бр.602/2013 од 19.11.2013 година, а во Комисијата заведен под бр.07-540. Во Одговорот е наведено дека “Неосновани се наводите во жалбата, бидејќи од наша страна со допис А.бр.366/2012 од 11.11.2013 година, бараната информација е доставена до барателот Д.Л. од Струмица.“ Во прилог на Одговорот ги достави сите списи и Одговорот А.бр.366/2012 од 11.11.2013 година, насловен до Д.Л. од Струмица.
Јавното обвинителство на Република Македонија на 14.10.2014 година до Комисијата достави фотокопија од приемната книга од пошта со датум од 19.11.2013 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавното обвинителство на Република Македонија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15.01. 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Колку пари се потрошени за претплата на весници, списанија и новински агенции?
-Колку пари се потрошени за рекламирање и огласување во медиумите во 2008,2009,2010.2011,2012 а колку се проектирани за 2013 година?
– Во кои медиуми се рекламирате/огласувате/претплатувате и користите други услуги? “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-557 на 04.12.2013 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје на 11.11.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, заведено под број 14/9543/1и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
“Колку пари се потрошени за претплата на весници, списанија и новински агенции?
-Колку пари се потрошени за рекламирање и огласување во медиумите во 2008,2009,2010.2011,2012 а колку се проектирани за 2013 година?
– Во кои медиуми се рекламирате/огласувате/претплатувате и користите други услуги? “
Министерството за труд и социјална политика, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање на 20.11.2013 година до барателот доставило само листа на трошоци за претплати и огласувања, но не и листа на медиуми каде што Министерството е претплатено и каде што се огласува.
Незадоволна од Одговорот на Министерството, М.Ј. од Скопје на 14.12.2013 поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 07-557.
Комисијата со допис бр.07-557 од 12.12.2013 година ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 09.01.2014 година до Комисијата достави е-маил во кој наведува дека до барателот е испратен одговор по пошта на 31.12.2013 година.
Во прилог достави фотокопија од приемната книга од пошта со датум од 31.12.2013 година.
М.Ј. од Скопје на 14.01.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добила бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.