ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 13 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 164 седница одржана на 09 март 2011 година, донесе 12 решенија и 13 заклучоци.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократски сојуз, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократски сојуз по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, и се ЗАДОЛЖУВА политичката партијата на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од Годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии. И број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии” најдоцна до 25 март 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-35 од 25.01.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократски сојуз, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партијата на барателот да му ја достави информацијата најдоцна до 25 март 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 15.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Демократски сојуз и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
„Фотокопија од Годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии. И број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии “.
Политичката партија Демократски сојуз на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесено Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-35 од 28.01.2011 година ја препрати Жалбата до политичката партија Демократски сојуз и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Политичката партија Демократски сојуз достави Одговор до Комисијата бр. 06/004 од 01.02.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-35 на 04.02.2011 година. Во одговорот наведува “до Демократскиот сојуз не се доставени такви барања, поради што не сме ги доставиле бараните податоци“ Во продолжение на одговорот посочува „седиштето на Демократскиот сојуз се наоѓа на ул. Стале Попов бр. 9 лок. 4-Скопје“ и дека и дописите од Комисијата не се доставени до седиштето на партијата, туку до Собранието на Република Македонија. Притоа од Комисијата бара да му сугерира на барателот „барањата да ги достават до Демократскиот сојуз на наведената адреса или преку e-mail:demokratskisojuz@ymail.com“, по што веднаш ќе им бидат доставени.
На 16.02.2011 година Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, до Комисијата достави Дополнување на жалба бр. 07-35. Во него наведува дека на 04.02.2011 година добиле допис од политичката партија Демократски сојуз, кој го достави во прилог. Дописот од партијата е идентичен со оној што како одговор е доставен до Комисијата.
Во Дополнувањето на жалбата е појаснето дека барателот најпрвин направил обид да го достави барањето на адресата на седиштето на имателот, но без успех, при што на вратениот коверт во кој било барањето е ставен знакот „НЕ ПОБАРАЛ“, по што пратката била вратена до барателот. Во прилог е доставена фотокопија од вратеното препорачано писмо, од која е видно дека писмото е адресирано до Демократски сојуз на адреса ул. „Стале Попов“ бр.9 локал 4-Скопје, со поштенски печат од 29.10.2010 година, со назнака „направен обид за достава“ и со поштенски печат од 09.11.2010 година со назнака „не побарал“.
Барателот во дополнението на Жалбата наведува дека, откако пратката му била вратена, истата ја доставил до Собранието на Република Македонија, насловена „до претседателот на Демократски сојуз, пратеникот П.Т., без притоа истата да биде вратена…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Барателот барањето за пристап до информации го доставил на точната адреса на политичката партија, на ул“Стале Попов“ бр.9 локал 4-Скопје, по пат на препорачана поштенска пратка, согласно член 85 од Законот за општата управна постапка. Пратката е вратена назад со назнака “НЕ ПОБАРАЛ“. Од кои причини имателот не ја подигнал пратката, Комисијата не може да утврди од доставените списи.
По направениот неуспешен обид за достава на Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Демократски сојуз, на адреса на нејзиното седиште, барателот го доставил вратеното Барање на адреса на Собранието на Република Македонија, до претседателот на партијата, каде барањето било примено, за што постои доказ приложен во Жалбата.
Политичката партија Демократски сојуз била должна да постапи по Барањето, без оглед на која адреса го примила и да му ја достави бараната информација на барателот. Ова дотолку повеќе што барателот направил обид Барањето да го достави на адреса на седиштето на политичката партија.
На адреса на Собранието на Република Македонија партијата го доби и дописот од Комисијата, по кој политичката партија достави одговор.
Од списите на предметот Комисијата утврди дека политичката партија Демократски сојуз го има примено Барањето за пристап до информации од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но по него не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не му одговорила на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-219 од 17.01.2011 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда бр.07-1974/8 од 31.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 11.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија по пошта, да му ја достават следната информација.
“Копија од Проценка на економското влијание на Законот за здруженија и фондации“.
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр. 07-219 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за правда достави Одговор на Жалба бр.07-1974/4 од 04.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-219 на 10.08.2010 година. Со овој Одговор Министерството ја известува Комисијата дека, на барателот му доставило Известување бр.07-1974/3 од 04.08.2010 година, кое го достави и до Комисијата. Во Известувањето се наведува “бараните информации……. можете да ги добиете на веб страната www.ener.gov.mk.“
Во врска со датумот на ова Известување Комисијата му укажа на Министерството за правда дека, е должно на Барањата за пристап до информации од јавен карактер да одговара во рокот предвиден во Законот, а не со задоцнување од три месеци, како што е во конкретниов случај
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен каракте и на 28 септември донесе Решение со кое ја уважи Жалбата и го задолжи Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 18.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Македонското здружение на млади правници на 05.01.2011 година до Комисијта остави Жалба заведена под број 07-219. Во Жалбата наведува Министерството за правда не постапило по Решението на Комисијата од 28.09.2010 година, со кое бил задолжен да ја достави бараната информација во писмена форма.
Комисијата со допис бр.07-219 од 11.01.2011 година ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во меѓувреме, односно додека Комисијата чекаше одговор од наведениот допис, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-219 на 17.01.2011 година. Во Жалбата се наведува дека на 04.01.2011 година, Министерството за правда до Македонското здружение на млади правници доставило Заклучок бр.07-1974/8 од 31.12.2010 година. Незадоволни од наведениот Заклучок ја поднесуваат горенаведената Жалба.
Комисијата со допис бр.07-219 од 21.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалба бр.19-230/4 од 04.02.2011година, заведен во Комисијата под бр.07-219 на 07.02.2011 година.
Во Одговорот е наведено “Министерството за правда го разгледа Решението и постапувајќи по него со допис бр.07-1074/6 од 11.11.2010 година, до Македонското здружение на млади правници достави Проценка на влијанието на регулативата на предлог законот за здруженија и фондации. Ова беше направено поради фактот што Министерството за правда не поседува документ каков што бара Здружението-Проценка на економското влијание на предлог законот за здрженија и фондации, а доставениот документ, согласно Методологијата за проценка на влијанието на регулативата донесено од Владата на Република Македонија, во себе содржи информации за економските параметри што се однесуваат на Предлог законот кој е во подготовка во случајов…… …….Министерството за правда при изработка на Предлог законите се раководи од Методологијата за проценка на влијанието на регулативата, донесена од Владата на Република Македонија. Во неа е предвидена подготовка на три обрасци за спроведување на проценка на влијанието на регулативата …… Согласно наведената Методологија, информацијата од јавен карактер што ја бара Македонското здружение на млади правници – Скопје, ……. не е предвидена како посебен документ кој треба да се подготви…….Министерството за правда не ја поседува бараната информација.“
Во прилог на Одговорот на Жалбата Министерството за правда достави Заклучок за запирање на постапката бр.07-1974/8 од 31.12.2010 година, со погоре наведното образложение, кој го доставило и до барателот.
Во врска со диспозитивот на наведениот Заклучок, Комисијата на Министерството за правда му укажува на следното.
Доколку имателот на информации не располага со бараната информација должен е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно да донесе Заклучок за прекинување на постапката, а не Заклучок за запирање на постапката како што е постапено во конкретниов случај.
Комисијата по разгледувањето на списите во врска со предметот констатира дека Министерството за правда, во врска со наведеното Барање прво го известило барателот дека бараната информација може да ја најде на посочената веб страница. Потоа му доставило Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за здруженија и фондации. Оттука, се гледа дека Министерството за правда, иако тврди дека документ со такво име нема, сепак направило обиди да одговори на барањето, но барателот не бил задоволен од наведените одговори.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во прилог на тврдењето на Комисијата се следните факти.
Согласно член 36 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), поднесените барања за пристап до информации од јавен карактер пред започнувањето на примената на овој закон ќе завршат согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 и 86/2008). Во конкретниов случај барањето е поднесено на 11.05.2010 година, односно пред примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е предвиден Заклучок за прекинување на постапката. Министерството за правда место по барањето да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапило по наведените измени на Законот и место Заклучок за прекинување на постапката донело Заклучок за запирање на постапката.
Комисијата констатира дека постапката по барањето е водена и е донесен Заклучок според одредби на Закон, кој не се применувал во периодот кога е поднесено барањето. Меѓутоа, утврди дека тоа во случајов е поповолно за барателот, затоа што тој има право на Жалба против Заклучокот за прекинување на постапката. Доколку Комисијата го вратеше предметот на повторно постапување, Министерството за правда ќе го известеше барателот дека не располага со бараната информација. Против известувањето барателот нема право на Жалба.
Оттука, произлегува дека има недостатоци на првостепената постапка во однос на примената на Законот, роковите и формата на постапување по барањето за пристап до информации од јавен карактер, но Комисијата оцени дека тие не можат, да бидат причина и основ за поинакво одлучување.
Поаѓајќи од начелото на економичност, односно што помалку трошоци за странките во постапката, како и за органот што ја води постапката, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Во врска со наведеното Комисијата на Министерството за правда му укажува на следното.
При евентуални идни барања е должно да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите изјавени од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за Одбрана и Заклучокот на Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, против Известувањето на Министерството за одбрана бр.13/1-316/2 од 11.01.2011година, и Жалбата изјавена против Заклучокот бр.02-7289/12 од 03.12.2010 година, на Министерството за одбрана, поднесени преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен, СЕ ОДБИВААТ.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-315 од 22.02.2011 година, против Известувањето бр.13/1-316/2 од 11.01.2011година, во врска со Заклучокот бр. 02-7289/12 од 03.12.2010 година, на Министерството за одбрана и Жалбата бр.07-316 од 23.12.2010 година, против Заклучокот бр.02-7289/12 од 03.12.2010 година, на Министерството за одбрана, изјавени од Фондацијата институт отворено општество-Македонија, поднесени преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен, ги ОДБИ како неосновани и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
Жалбата бр.07-315 од 22.02 2011 година, е поднесена против Известувањето бр.13/1-316/2 од 11.01.2011година, во Фондацијата Институт отворено општество Македонија, заведено под бр.11-20/1 на 17.01.2011 година, со кое Министерството за одбрана писмено го информира барателот на информацијата, дека по однос на второстепеното Решение на Комисијата 07-315 од 22.12.2010 година, е постапено на начин на кој е изготвен и доставен Заклучок бр.032-7289-12 од 03.12.2010 година.
По разгледувањето на Жалбите Комисијата утврди дека се изјавени од ист жалител, по исто барање, против Министерството за одбрана, преку ист полномошник поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 март 2011 година, донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, со препорачана пратка преку пошта со датум на прием 08.07.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералштабот на Армијата на Република Македонија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Дали се предвидени локации за Инвестициона изградба на службени комплекси во касарните на АРМ? Во кои касарни е предложена изградбата на кој датум и од кого? Фотокопија од записници или други документи кои се водени за расправата и предлозите “.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, Барање со иста содржина со препорачана пратка со ист датум на прием доставила и до Министерството за одбрана.
Генералштабот на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана на овие Барања не одговориле во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањата се одбиени и се поднесена посебни Жалби до Комисијата. Едната заведена под бр.07-315 на 27.08.2010 година, а втората заведена под бр.07-316 на 27.08.2010 година.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметите Комисијата утврди дека Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана не постапиле согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговориле на Барањата на барателот во законски предвидениот рок, а не одговорија ниту на дописите од Комисијата.Од наведените причини на седницата одржана на 28 септември 2010 година, донесе посебни Решенија со кои ги уважи Жалбите и ги задолжи Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана на барателот да му ја достават бараната информација, најдоцна до 18.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во врска со Решението бр.07-315 од 28.09.2010 година, Генералштабот на АРМ до барателот доставил Известување бр.6947/1, со кое го известува дека не располага со бараната информација. Против наведеното Известување барателот поднесе Жалба до Комисијата заведена на 09.11.2010 година. Комисијата постапи по Жалбата и на 22.12.2010 година, донесе Решение со кое ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, со укажувања за негово постапување. По добивањето на наведеното Решение односно на 18.01.2011 година, првостепениот орган ја извести Комисијата дека на 03.12.2010 година, донел Заклучок за прекинување на постапката бр.02-7289/12 и истиот го доставил до Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Горенаведеното е одговор на наводот во Жалбата бр.07-315 од 22.02.2011 година, зошто Комисијата донела Решение на 22.12.2010 година, кога првостепениот орган веќе постапил и донел Заклучок на 03.12.2010 година. Значи, Комисијата за наведениот Заклучок била информирана на 18.01.2011 година, односно по донесувањето на наведеното Решение, со кое предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот орган. Оттука, произлегува дека Комисијата решавајќи по Жалбата бр.07-316, немала намера како што е наведено во Жалбата бр.07-315 “со акт кој се однесува на една постапка премолчно да биде постапено и одлучено за судбината на друга постапка“.
Во Жалбата бр.07-316 од 05.01.2011 година, покрај другото се наведува и следното. Доколку Министерството за одбрана не располага со бараната информација, истото е должно веднаш, а најдоцна во рок од три дена од приемот на барањето, да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на бараната информација и за тоа да го извести барателот.
Во врска со овој навод во Жалбата, Комисијата укажува на следното. Наведената обврска од Законот, имателот на информации е должен да ја исполни доколку знае кој располага со бараната информација. Во случајов Министерството за одбрана не наведува друг можен имател на бараната информација, туку напротив во произнесувањето по жалбата наведува дека “единствено Министерството би ја имало информацијата што се бара доколку таква информација постои“.
По разгледувањето на Известувањата од Министерството за одбрана, доставени до Фондацијата Институт отворено општество Македонија и до Комисијата и Образложението на Заклучокот во кој Министерството за одбрана тврди дека “Постапувајќи по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ……. Ве известуваме дека нема проект за инвестициона изградба на службени комплекси во касарните на АРМ….. односно Министерството за одбрана со таквата информација не располага“, Комисијата донесе Решение како во диспозитивот, односно ја одби Жалбата како неоснована.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за одбрана постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок за прекинување на постапката, но со задоцнување. Одговорило на Барањето на барателот во форма која е предвидена во Законот, после законски предвидениот рок, што е спротивно на принципот на ефикаснот, економичност и итност на постапката.
Оттука, произлегува дека има недостатоци на првостепената постапка во однос на роковите и формата на постапување по барањето за пристап до информации од јавен карактер, но Комисијата оцени дека тие не можат, да бидат причина и основ за поинакво одлучување.
Во врска со наведеното Комисијата на Министерството за одбрана му укажува на следното.
При евентуални идни барања е должно да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Нова алтернатива, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З, адвокат од Скопје, против политичката партија Нова алтернатива по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА партијата на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи”, најдоцна до 25.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-40 од 25.01.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Нова алтернатива, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 15.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Нова алтернатива и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи.”
Политичката партија Нова алтернатива на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесено Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-40 од 28.01.2011 година, ја препрати Жалбата до политичката партија Нова алтернатива и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Политичката партија достави Известување од 03.02.2011 година, а во Комисијата заведено под бр.07-40 на 09.02.2011 година.
Во Известувањето се наведува следното. “Нова алтернатива во 2009 година во трите квартали на 2010 година нема направено никакви промени во нејзината сметка.“
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното
Политичката партија Нова алтернатива постапила спротивно на членовите 20, 21 и 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр,13/05, 86/08 и 6/10). Наместо да постапи по Барањето согласно Законот, политичката партија само ја извести Комисијата дека “нема направено никакви промени во нејзината сметка и во трите квартали за 2010 година“ без конкретно да се произнесе по жалбата во врска со бараната информација или да ја достави бараната информација до барателот.
Комисијата и укажува на политичката партија Нова алтернатива дека без оглед на тоа дали “во 2009 година, и во трите квартали за 2010 година, нема направено никакви промени во нејзината сметка“, согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии, (“Службен весник на РМ“ бр.76/04),“Политичките партиии, најдоцна до 31 март изготвуваат годишен финансиски извештај за претходната година согласно со закон. Извештајот го содржи финансиското работење на сметката на политичката партија, како и подсметките на локалните ограноци. Финансискиот извештај од ставот 1 на овој член се испраќа до Државниот завод за ревизија.“ Според наведеното, политичката партија била должна до 31 март 2010 година, да изготви годишен финансиски извештај за 2009 година и да го достави до Државниот завод за ревизија. Согласно член 27-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија бр.96/09) политичката партија е должна годишниот финансиски извештај да го објави на веб-страницата, во еден од дневните весници и во „Службен весник на Република Македонија“. Во спротивно, органите надлежни за контрола на финансиското работење иницираат поведување на соодветна постапка против партијата.
Од наведеното произлегува дека политичката партија Нова алтернатива треба да ја поседува бараната информација и е должна да му ја достави на барателот.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 09 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година, на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-41 од 25.01.2011 година изјавена од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година, на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, заведено во Фондацијата под бр.21-1217/1 од 13.12.2010 година и побарала во фотокопија да и ја достават следната информација.
“Информација за бројот на седници на Комитетот за реформи во државната администарација, одржани во периодот од 1 јануари 2010 година до 13 декември 2010 година.“
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во врска со ова Барање донел Заклучок бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година, за прекинување на постапката, бидејќи како што е наведено во образложението “Од извршениот увид во архивата на Генералниот секретаријат произлегува дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија не располага со бараната информација.“
Незадоволна од наведениот Заклучок, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата покрај другото се наведува и следното: ”Во краен случај, и навистина да не располага оваа служба со бараната информација, треба да ја има во предвид одредбата содржана во член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…”
Во врска со овој навод Комисијата укажува на следното.
Од содржината на барањето се гледа дека, доколку бараната информација постои, оној што треба да ја има, да ја создаде е Комитетот за реформи во државната администарација и за истото да ја информира Владата на Република Македонија, која фактички го формирала Комитетот.
Генералниот секретаријат тврди дека, средбите на ова тело не се водат во вид на формални седници и не се водат формални записници. Оттука произлегува дека нема основ за примена на член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата со допис број 07-41 од 27.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат достави Одговор на жалба бр. 14-8125/4-10 од 08.02.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-41 на 11.02.2011 година.
Во одговорот, Генералниот секретаријат наведува дека останува на наводите во образложението на Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година и појаснува дека “…комитетот за реформа на државната администрација претставува меѓуресорско координативно тело за координација помеѓу институциите во процесот на реформа во државната администрација. Истиот не претставува работно тело во смисла на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, а од кои причини средбите на ова тело не се водат во вид на формални седници и не се водат формални записници.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел Заклучок за прекинување на постапката поради тоа што не располага со бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Х.Х. од с.Неготино, поднесена против ОУ “Наим Фрашери”-с.Неготино Полошко, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Х.Х. од с.Неготино, поднесена против ОУ “Наим Фрашери”-с.Неготино Полошко, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-21 од 24.01.2011 година, изјавена од Х.Х. од с.Неготино, поднесена против ОУ “Наим Фрашери”-с.Неготино Полошко и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на наведената Жалба Комисијата го утврди следното.
На 24.01.2011 година, Х.Х. од с.Неготино поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заведена под бр.07-21. Во Жалбата наведува: ”Морално и материјално сум оштетен. Првата компонента не може да се дополнува. Но и усно и писмено сум побарал од ИО, со писмена претставка да ми се компензираат патните трошоци и минатиот труд. Но, досега во оваа работна организација се врши урамниловка. Не се употребува правилникот за распределба на лични доходи на ОО на ЦК на Гостивар.”
Комисијата утврди дека наведената Жалба е неразбирлива и не ги содржи потребните податоци за да може Комисијата да постапува по истата. Поради тоа, со Известување бр.07-21 од 27.01.2011 година, Комисијата му укажа на Х.Х. дека согласно член 64 и член 65 од Законот за општата управна постапка, треба да ја прецизира Жалбата, односно да наведе против кој имател на информации ја поднесува истата и да ги наведе причините за поднесување на Жалбата. Притоа побара од Х.Х. во рок од три дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани наведените формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно горенаведениот закон.
Х.Х., постапи по укажувањата на Комисијата и на 02.03.2011 година, до Комисијата достави Жалба. Во прилог на Жалбата, Х.Х. достави и други дописи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Право на правна заштита, односно Жалба до Комисјата (или преку имателот до Комисијата), согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година), има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација.
Во конкретниов случај, Х.Х. не поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради што нема право да поднесе Жалба согласно горенаведениот закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократски сојуз, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократски сојуз по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, и се ЗАДОЛЖУВА партијата на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи” најдоцна до 25.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-34 од 25.01.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократски сојуз, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партијата на барателот да му ја достави информацијата најдоцна до 25.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 15.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Демократски сојуз и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
„Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии, доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи“.
Политичката партија Демократски сојуз на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и на 25.01.2011 година е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-34.
Комисијата со допис бр.07-34 од 27.01.2011 година ја препрати Жалбата до политичката партија Демократски сојуз и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање, политичката партија Демократски сојуз достави до Комисијата одговор бр. 06/004 од 01.02.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-34 на 04.02.2011 година. Во него наведува дека до Демократскиот сојуз не е доставено горенаведеното Барање од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Во продолжение на одговорот посочува дека „седиштето на Демократскиот сојуз се наоѓа на ул. Стале Попов бр. 9 лок. 4 – Скопје“ и дека и дописот од Комисијата не е доставен до седиштето на партијата, туку до Собранието на Република Македонија, каде што го добиле. Притоа од Комисијата бара да му сугерира на барателот „барањата да ги достават до Демократскиот сојуз на наведената адреса или преку e-mail:demokratskisojuz@ymail.com“, по што веднаш ќе одговореле.
На 16.02.2011 година Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, до Комисијата достави Дополнување на жалба бр. 07-34. Во него наведува дека на 04.02.2011 година добиле допис од политичката партија Демократски сојуз, кој го достави во прилог. Дописот од партијата е идентичен со оној кој како одговор е доставен до Комисијата.
Во Дополнувањето на жалбата е појаснето дека барателот најпрвин направил обид да го достави барањето на адресата на седиштето на имателот, но без успех, при што на вратениот коверт во кој било барањето е ставен знакот „НЕ ПОБАРАЛ“, по што пратката била вратена до барателот. Во прилог е доставена фотокопија од вратеното препорачано писмо, од која е видно дека писмото е адресирано до Демократски сојуз на адреса ул. „Стале Попов“ бр.9 локал 4 – Скопје, со поштенски печат од 29.10.2010 година, со назнака „направен обид за достава“ и со поштенски печат од 09.11.2010 година со назнака „не побарал“.
Барателот во дописот наведува дека, откако пратката му била вратена, истата ја доставил до Собранието на Република Македонија, насловена „до претседателот на Демократски сојуз, пратеникот П.Т., без притоа истата да биде вратена…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Барателот барањето за пристап до информации го доставил на точната адреса на политичката партија, на ул“Стале Попов“ бр.9 локал 4-Скопје, по пат на препорачана поштенска пратка, согласно члн 85 од Законот за општата управна постапка. Пратката е вратена назад со назнака “НЕ ПОБАРАЛ“. Од кои причини имателот не ја подигнал пратката, Комисијата не може да утврди од доставените списи.
По направениот неуспешен обид за достава на Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Демократски сојуз, на адреса на нејзиното седиште, барателот на информации го доставил вратеното Барање на адреса на Собранието на Република Македонија, до претседателот на партијата, каде барањето било примено, за што постои доказ приложен во Жалбата.
Политичката партија Демократски сојуз била должна да постапи по Барањето, без оглед на која адреса го примила и да му ја достави бараната информација на барателот. Ова дотолку повеќе што барателот направил обид Барањето да го достави на адреса на седиштето на политичката партија.
На адреса на Собранието на Република Македонија партијата го доби и дописот од Комисијата, по кој политичката партија достави одговор.
Од списите на предметот Комисијата утврди дека политичката партија Демократски сојуз го има примено Барањето за пристап до информации од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но по него не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не му одговорила на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје против Заклучокот од Врховен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје против Заклучокот од Врховен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Одлуките со кои извршивте спојување на барањата заведени под ист број Псррг бр.215/2010 г. и на барањата заведени под ист број Псрру бр.36/2010 г“ СЕ УВАЖУВА, оспорениот Заклучок се поништува и предметот се враќа на повторно постапување на првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-465 од 27.01.2011 година, изјавена од В.У. од Скопје против Заклучокот од Врховен суд на Република Македонија од 17.01.2011 година, ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок го поништи и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.У. од Скопје на 09.11.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд и побарал да му достават фотокопија од следната информација:
“Одлуките со кои извршивте спојување на барањата заведени под ист број Псррг бр.215/2010 г. и на барањата заведени под ист број Псрру бр.36/2010 г.“.
Врховниот суд во врска со ова Барање на 25.11.2010 година, до В.У. доставил Известување заведено под бр. СПИ бр. 11/2010.
Незадоволен од наведеното Известување Владо Ушлиновски од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 07-465 на 27.11.2010 година, по која Комисијата постапи и, сметајќи дека Врховниот суд не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на 29.12.2010 година донесе Решение со кое Жалбата беше уважена и предметот беше вратен на повторно постапување на Врховниот суд.
Во врска со наведеното Решение Врховниот суд на 21.01.2011 година до Комисијата достави Известување СПИ бр. 1/2011-1 од 17.01.2011 година, заведено во Комисијата под бр. 07-465, во чиј прилог е доставен Заклучок за прекинување на постапката по Барањето на В.У. од Скопје. Заклучокот е без број, со датум од 17.01.2011 година и само со потпис на судски администратор.
В.У. од Скопје на 27.01.2011 година до Комисијата достави Жалба против Заклучокот на Врховниот суд, заведена во Комисијата под бр. 07-465. Во неа, за добиениот Заклучок жалителот наведува дека е „тенденциозен акт…без штембил, број на предмет и без печат, со цел да направи забуна и ако не друго барем да ја одолговлече постапката на штета на барателот“. Исто така, жалителот укажува дека „барателот не ги бара одлуките по поднесените барања за заштита на правото на судење во разумен рок, туку ги бара одлуките со кои му се споени дел од ваквите поднесени барања во еден предмет…барателот се уште не ја добил бараната информација…“.
Исто така, во Жалбата В.У. и „укажува“ на Комисијата за „неоснованоста на Решението бр. 07-465 од 29.12.2010 г. во смисол што или КЗСПИЈК беше доведена во заблуда од Врховниот суд, или е извршен некаков притисок врз Комисијата, или КЗСПИЈК донесе тенденциозна и пристрасна одлука“.
Комисијата смета дека ваквите наводи се неосновани и му укажува на жалителот дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е независен државен орган кој работи и донесува одлуки во согласност на надлежностите утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Комисијата при одлучувањето по Жалбата и пред донесувањето на оспореното Решение ги имала во вид сите релевантни факти во постапката со кои располагала, правилно го применила Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и врз основа на списите донела правилно и врз закон засновано Решение.
Комисијата со допис број 07-465 од 03.02.2011 година ја препрати Жалбата до Врховниот суд и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На барањето на Комисијата Врховниот суд одговори со Известување СПИ бр. 1/2011-1 од 15.02.2011 година, заведено во Комисијата под бр. 07-465 на 22.02.2011 година. Во него наведува дека „Во конкретниот случај, барањето на подносителот В.У. се однесува за информација со која не располага Врховниот суд на Република Македонија. Спојувањето и раздвојувањето на предметите е процесна работа и за ова одлучува советот кој ќе постапува по наведените предмети…За наводите дека Заклучокот…е без штембил и печат, Врховниот суд не може со сигурност да се произнесе бидејќи жалителот не достави фотокопија од примениот Заклучок, но доколку тоа е точно, станува збор за формално правен недостаток поради технички пропуст во процесуирањето на Заклучокот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
При повторното постапување по предметот Врховниот суд постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006; бр. 86/08 и бр.6/2010), донел Заклучок за прекинување на постапката затоа што не располага со бараната информација, согласно член 26 став 2 од Законот и член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но Заклучокот е со формално правни недостатоци.
Комисијата му укажува на Врховниот суд дека при повторното постапување по предметот да ги има во вид укажувањата на Комисијата и да ги отстрани формално правните недостатоци на Заклучокот.
Од наведените причини е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-224 од 25.01.2011 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда бр.07-3946/10 од 31.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници како што е наведено во Жалбата, на 11.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија по пошта, да му ја достават следната информација.
“Копија од Проценка на економското влијание на Предлог – законот за Академија на судии и јавни обвинители“.
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок. а не одговори ниту на дописот од Комисијата. Од наведените причини Комисијата донесе Решение со кое ја уважи Жалбата и го задолжи Министерството на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 14.08.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Министерството за правда како што е наведено во Жалбата на 11.11.2010 година, на барателот на информацијата му доставило Известување бр.07-3946/4 од 09.11.2010 година, во кое наведува дека во прилог му доставува копија од бараната информација.
Незадоволно од наведеното Известување Македонското здружение на млади правници, на 22.11.2010 година, до Министерството за правда поднело Дополнително барање.
Бидејќи Министерството за правда не постапило по Дополнителното барање во рокот предвиден во Законот, Македонското здружение на млади правници застапувано од С.Б. адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата заведена под бр.07-224 на 20.12.2010 година.
Во Жалбата покрај другото наведува дека “по извршениот увид во примената документација, јасно произлегува дека не е доставена бараната документација, туку дека се работи за извадок од некој документ, кој воопшто не содржи анализа односно проценка на економското влијание и преглед на трошоците. Предвид наведеното, барателот на информацијата од јавен карактер, во смисла на одредбите на член 24 ст.4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, достави дополнително барање до имателот на информацијата, со кое бара да му се достави точната информација – Копија од Проценката на економското влијание на Предлог Законот за академија на судии и јавни обвинители, во рок од десет дена“.
Комисијата со допис бр.07-224 од 21.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалба бр.19-48/1 од 05.01.2011година, заведен во Комисијата под бр.07-224 на 10.01.2011 година.
Во Одговорот е наведено “…….Министерството за правда при изработка на новите законски решенија работи согласно Методологијата за проценка на влијанието на регулативата, донесена од Владата на Република Македонија. Методологијата за проценка на влијанието на регулативата предвидува подготовка на три обрасци за спроведување на проценка на влијанието на регулативата …… Согласно наведената Методологија, информацијата од јавен карактер што ја бара Македонското здружение на млади правници – Скопје, ……. не е предвидена како посебен документ кој треба да се подготви…….Министерството за правда не ја поседува бараната информација.“
Во прилог на Одговорот на Жалбата Министерството за правда достави Заклучок за запирање на постапката бр.07-3946/10 од 31.12.2010 година, кој го доставило и до барателот.
Во врска со диспозитивот на наведениот Заклучок, Комисијата на Министерството за правда му укажува на следното.
Доколку имателот на информации не располага со бараната информација должен е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно да донесе Заклучок за прекинување на постапката, а не Заклучок за запирање на постапката како што е постапено во конкретниов случај.
Незадоволен од наведениот Заклучок Барателот преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје поднесе Дополнение на Жалба заведено во Комисијата под бр.-07-224 на 25.01.2011 година.
Во Жалбата покрај другото се наведува и следното “Доколку овој документ не се вика Проценка на економското влијание, Министерството за правда требало да го поучи барателот, дека бараниот документ не се вика Проценка и да му го достави бараниот документ како и да се вика, како би го задоволил барањето на барателот.“
Комисијата по разгледувањето на списите во врска со предметот констатира дека Министерството за правда, во врска со наведеното Барање прво го известило барателот дека бараната информација може да ја најде на посочената веб страница. Потоа му доставило фотокопија од извадок од документ (Идентификација на трошоци, придобивки и влијанија), со кои барателот не бил задоволен и на крај донело Заклучок за запирање на постапката. Оттука, се гледа дека Министерството за правда, иако тврди дека документ со такво име нема, сепак направило обиди да одговори на барањето, но барателот не бил задоволен од наведените одговори.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во прилог на тврдењето на Комисијата се следните факти.
Согласно член 36 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), поднесените барања за пристап до информации од јавен карактер пред започнувањето на примената на овој закон ќе завршат согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 и 86/2008). Во конкретниов случај барањето е поднесено на 11.05.2010 година, односно пред примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е предвиден Заклучок за прекинување на постапката. Министерството за правда место по барањето да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапило по наведените измени на Законот и место Заклучок за прекинување на постапката донело Заклучок за запирање на постапката.
Комисијата констатира дека постапката по барањето е водена и е донесен Заклучок според одредби на Закон, кој не се применувал во периодот кога е поднесено барањето. Меѓутоа, утврди дека тоа во случајов е поповолно за барателот, затоа што тој има право на Жалба против Заклучокот за прекинување на постапката. Доколку Комисијата го вратеше предметот на повторно постапување, Министерството за правда ќе го известеше барателот дека не располага со бараната информација. Против известувањето барателот нема право на Жалба.
Оттука, произлегува дека има недостатоци на првостепената постапка во однос на примената на Законот, роковите и формата на постапување по барањето за пристап до информации од јавен карактер, но Комисијата оцени дека тие не можат, да бидат причина и основ за поинакво одлучување.
Поаѓајќи од начелото на економичност, односно што помалку трошоци за странките во постапката, како и за органот што ја води постапката, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Во врска со наведеното Комисијата на Министерството за правда му укажува на следното.
При евентуални идни барања е должно да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-222 од 25.01.2011 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда бр.07-1973/6 од 31.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 11.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од проценка на економското влијание на Законот за јавни службеници“.
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-222 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалбата бр.07-1973/4 од 04.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-222 на 10.08.2010 година. Со овој Одговор Министерството ја известува Комисијата дека, на барателот му доставило Известување бр.07-1973/3 од 04.08.2010 година, кое го достави и до Комисијата. Во Известувањето се наведува “бараните информации……. можете да ги добиете на веб страната www.ener.gov.mk.“
Во врска со датумот на ова Известување Комисијата му укажа на Министерството за правда дека, е должно на Барањата за пристап до информации од јавен карактер да одговара во рокот предвиден во Законот, а не со задоцнување од три месеци, како што е во конкретниов случај
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на 28 септември 2010 година, донесе Решение со кое ја уважи Жалбата и го задолжи Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 18.10.2010 година, на начин и во форма наведени во барањето.
Македонското здружение на млади правници на 05.01.2011 година, до Комисијата достави Жалба заведена под бр.222. Во Жалбата наведува дека имателот на информацијата не постапил по Решението на Комисијата од 28.09.2010 година, со кое бил задолжен да ја достави бараната информација во писмена форма.
Комисијата со допис бр.07-222 од 11.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во меѓувреме односно, додека Комисијата чекаше одговор на наведениот допис Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, поднесе Жалба заведена во Комисијата под бр.07-222 на 17.01.2011 година. Во Жалбата се наведува дека на 04.01.2011 година, Министерството за правда до Македонското здружение на млади правници доставило Заклучок бр.07-1973/6 од 31.12.2010година. Незадоволни од наведениот Заклучок ја поднесуваат горенаведената Жалба.
Комисијата со допис бр.07-222 од 21.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалба бр.19-426/2 од 31.01.2011година, заведен во Комисијата под бр.07-222 на 04.02.2011 година.
Во Одговорот е наведено “…….Министерството за правда смета дека наводите во Жалбата се неосновани поради тоа што на барателот детално му ја образлага причината за донесениот Заклучок, односно во него наведува дека при изработката на Предлог законите се раководи од Методологијата за проценка на влијанието на регулативата, донесена од Владата на Република Македонија…..Министерството за правда оценува дека наводите во Жалбата со кои се тврди дека Македонското здружение на млади правници нема никакви информацииза документацијата врз основа на кои е подготевен Предлог законот за јавни службеници се неточни, поради тоа што Министерството за правда со допис бр.07-1968/7 на Македонското здружение на млади правници веќе му доставило – Проценка на влијание на регулативата на Предлог законот за јавни службеници врз основа на друго Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.07-1968/1.“
Во врска со диспозитивот на наведениот Заклучок, Комисијата на Министерството за правда му укажува на следното.
Доколку имателот на информации не располага со бараната информација должен е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно да донесе Заклучок за прекинување на постапката, а не Заклучок за запирање на постапката како што е постапено во конкретниов случај.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во прилог на тврдењето на Комисијата се следните факти.
Согласно член 36 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), поднесените барања за пристап до информации од јавен карактер пред започнувањето на примената на овој закон ќе завршат согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 и 86/2008). Во конкретниов случај барањето е поднесено на 11.05.2010 година, односно пред примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е предвиден Заклучок за прекинување на постапката. Министерството за правда место по барањето да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапило по наведените измени на Законот и место Заклучок за прекинување на постапката донело Заклучок за запирање на постапката.
Комисијата констатира дека постапката по барањето е водена и е донесен Заклучок според одредби на Закон, кој не се применувал во периодот кога е поднесено барањето. Меѓутоа, утврди дека тоа во случајов е поповолно за барателот, затоа што тој има право на Жалба против Заклучокот за прекинување на постапката. Доколку Комисијата го вратеше предметот на повторно постапување, Министерството за правда ќе го известеше барателот дека не располага со бараната информација. Против известувањето барателот нема право на Жалба.
Оттука, произлегува дека има недостатоци на првостепената постапка во однос на примената на Законот, роковите и формата на постапување по барањето за пристап до информации од јавен карактер, но Комисијата оцени дека тие не можат, да бидат причина и основ за поинакво одлучување.
Поаѓајќи од начелото на економичност, односно што помалку трошоци за странките во постапката, како и за органот што ја води постапката, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Во врска со наведеното Комисијата на Министерството за правда му укажува на следното.
При евентуални идни барања е должно да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-315 од 22.02.2011година и бр.07-316 од 23.12.2010 година, изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Постапките по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-315 од 22.02.2010 година, и бр.07-316 од 23.12.2010 година, изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги разгледа Жалбите изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, заведена во Комисијата под бр. 07-315 од 22.02.2011 година, и Жалбата бр.07-316 од 23.12.2010 година, поднесени преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали се предвидени локации за Инвестициона изградба на службени комплекси во касарните на АРМ? Во кои касарни е предложена изградбата на кој датум и од кого? Фотокопија од записници или други документи кои се водени за расправата и предлозите“ и го утврди следното.
По разгледувањето на Жалбите Комисијата утврди дека се изјавени од ист жалител, по исто барање, против Генералштабот на АРМ и против Министерството за одбрана, преку ист полномошник поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
Во прилог на спојување на постапката е и Известувањето на Министерството за одбрана доставено до Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, бр.13/4-5713/1 од 25.08.2010 година, а во Фондацијата заведено под бр.11-889/1 од 13.10.2010 година, во кое покрај другото се наведува “Генералштабот на АРМ согласно организационата поставеност нема надлежност да дава информации од јавен карактер за надворешни субјекти“.
Водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка Комисијата донесе Заклучок за спојување на наведените жалби во еден предмет.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија – Социјалдемократска унија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија – Социјалдемократска унија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии. И број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии.”, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-56 од 07.02.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје против политичката партија – Социјалдемократска унија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија – Социјалдемократска унија, заведено во Фондацијата под број 11-998 од 18.10.2010 година, а примено во партијата на 01.11.2010 година, и побарала во фотокопија по пошта да ја достават следната информација.
“Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии. И број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии.”
Политичката партија – Социјалдемократска унија на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и на 07.02.2011 година е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-56.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Д.К. на 17.02.2011 година до Комисијата достави допис заведен под бр.07-56 со кој ја извести дека на 17.01.2011 година, политичката партија – Социјалдемократска унија до барателот доставила известување со одговор на барањето, кое во целост го задоволува нивното барање.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, политичката партија – Социјалдемократска унија, одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, и барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, по предметот Дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, по предметот Дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер “врз основа на кој закони/и со кои се предвидени прекршоците се донесени одлуките за прекршок за сите години во наведените регионални дирекции одделно (2008, 2009, 2010)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-515 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за финансии-Управа за јавни приходи и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата, на 25.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи, заведено во Фондацијата под број 11-1025/4 од 18.10.2010 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку одлуки за прекршок на ниво на РМ се донесени во секоја година одделно и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци и врз основа на кој закон/и со кој се предвидени прекршоците се донесени одлуките за прекршок (бараната информација треба да се однесува за периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)?“
Управата за јавни приходи постапила по ова Барање и на 16.11.2010 година, доставила Одговор до Фондацијата заведен под бр.13-8109/3 од 11.10.2010 година.
Незадоволна од добиениот одговор, на 24.11.2010 година, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднела Дополнително Барање до Управата за јавни приходи, согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и побарала да и достават точна информација: “врз основа на кој закони/и со кои се предвидени прекршоците се донесени одлуките за прекршок за сите години во наведените регионални дирекции одделно (2008, 2009, 2010).“
Управата за јавни приходи, како што е наведено во Жалбата, на Дополнителното барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-515 од 05.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Министерството за финансии-Управата за јавни приходи достави Произнесување по Жалба, заведено под бр.13-278/2 од 26.01.2011 година, со кое ја извести Комисијата дека по Дополнителното Барање, одговорила позитивно и на барателот му овозможила пристап до бараните информации со допис бр.13-88156/2 (8109) од 27.12.2010 година. Во прилог на произнесувањето, Управата за јавни приходи го достави и наведениот допис, примен во Фондацијата на 28.12.2010 година.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 23.02.2011 година, со допис заведен во Комисијата под бр.07-515, ја извести Комисијата дека се задоволни од одговорот добиен од УЈП кој се однесува на жалбата со бр.07-515.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за финансии-Управата за јавни приходи, одговорила на Дополнителното Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија – Социјалдемократска унија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија – Социјалдемократска унија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии, доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи.”, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-479 од 22.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје против политичката партија – Социјалдемократска унија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата бр.07-479 од 22.12.2010 година, поднела две Барања за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Социјалдемократска унија, примени во партијата на 01.11.2010 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ги достават следните информации.
1. “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии. И број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”, и
2.“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи“.
Политичката партија – Социјалдемократска унија на овие барања не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањата се одбиени и е поднесена Жалба до Комисијата, која се однесува на двете барања.
Комисијата со Известување бр.07-479 од 11.01.2011 година, на полномошникот Д.К. му укажа дека наведената Жалба е поднесена до Комисијата спротивно на член 14 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, согласно кој Жалбата се поднесува против поединечни правни акти, а не против повеќе. Притоа побара од полномошникот во рок од три дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно горенаведените закони.
Полномошникот Д.К., постапи по укажувањата на Комисијата и ја уреди наведената Жалба, односно прецизира дека истата се однесува на следното Барање.
“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија и Управата за јавни приходи”.
На 17.02.2011 година, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Д.К. до Комисијата достави допис заведен под бр.07-479, со кој ја извести Комисијата дека на 17.01.2011 година, политичката партија – Социјалдемократска унија до барателот доставила известување со одговор на барањето, кое во целост го задоволува нивното барање.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, политичката партија – Социјалдемократска унија, одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставува
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии, доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревисија, Управата за јавни приходи“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-54 од 07.02.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи“.
Политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и на 07.02.2011 година е поднесена жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-54.
На 17.02.2011 година, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, достави до Комисијата допис во кој наведува дека „…на ден 17.01.2011 година од страна на имателот на информацијата…до барателот е доставено известување со одговор на барањето…кое во целост го задоволува нашето барање“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност – Нулта корупција, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-42 од 01.02.2011 година, изјавена од Транспарентност – Нулта корупција, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-42 од 01.02.2011 година, изјавена од Транспарентност – Нулта корупција, поднесена против Министерството за финансии и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Транспарентност – Нулта корупција, како што е наведено во жалбата, на 13.12.2010 година доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарала да и се достават следните информации:
”– колкава сума на средства е распоредена според основот од став 1 на член 10 од Законот за финансирање на политичките партии вкупно за 2009 година, на секој субјект кој според дадениот основ е квалификуван за тоа;
– колкава сума на средства е распоредена според основот од став 1 на член 10 од Законот за финансирање на политичките партии вкупно за 2010 година, на секој субјект кој според дадениот основ е квалификуван за тоа
– колкава сума на средства е распоредена според основот од став 2 на член 10 од Законот за финансирање на политичките партии вкупно за 2009 година, на секој субјект кој според дадениот основ е квалификуван за тоа
– колкава сума на средства е распоредена според основот од став 2 на член 10 од Законот за финансирање на политичките партии вкупно за 2010 година, на секој субјект кој според дадениот основ е квалификуван за тоа”.
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и на 01.02.2011 година е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-42.
Комисијата со допис бр.07-42 од 03.02.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на ова барање од Комисијата одговори со Известување бр. 07-42 од 16.02.2011 година, во кое наведува дека „Министерството за финансии постапувајќи по барањето…на ден 11.02.2010 година изготви и достави одговор до барателот со допис број 02-4637/2“.
На 22.02.2011 година Транспарентност – Нулта корупција до Комисијата достави допис со кој ја информира Комисијата дека „на ден 16.02.2011 година добивме одговор на нашето Барање…стаса со задоцнување…сметаме дека одговорот начелно ги содржи сите барани информации…сметаме дека се исполнети условите жалбата доставена до Комисијата да се стави ad acta“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за финансии одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Транспарентност – Нулта корупција, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-7 од 20.01.2011 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-7 од 20.01.2011 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
П.Б. од Скопје на 06.12.2010 година доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје и побарал да му се достави фотокопија од следната информација:
“Фотокопија од актот или актите (закон, подзаконски акт, интерен акт на ЕВН) со кој се утврдува дека ЕВН има право да не издаде енергетска согласност за одредена градежна парцела и покрај тоа што сопственикот на парцелата ги има подмирено сите свои обврски кон ЕВН“.
ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-7 од 21.01.2011 година, ја препрати Жалбата до ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје одговори со допис бр. 17-22/133 од 02.02.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-7 од 04.02.2011 година. Во одговорот наведува дека „Клиентот П.Б. во ЕВН Македонија се има обратено повеќе пати со дописи на кои во законски рок добил одговор…На неговото барање од 06.12.2010 год. број 13730 е телефонски известен, со што се постапило по неговото барање и упатен е во надлежниот КЕЦ каде треба да достави лично барање за приклучок со комплетна документација…Според член 36 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, донесени по член 80 од Законот за енергетика, како подзаконски акт, стојат причините под кои може Дистрибутерот да го одбие барањето на барателот…“.Во прилог се доставени повеќе одговори од ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје до П.Б., по претходно негови доставени барања до ова Акционерско друштво.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата телефонски контактираше со имателот, барајќи да го допрецизира одговорот.
Во врска со барањето од Комисијата ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје на 03.03.2011 година достави фотокопија од одговор бр. 17-22/316 од 22.02.2011 година, насловен до П.Б. од Скопје.
На 07.03.2011 година П.Б. до Комисијата достави допис бр. 07-7, во кој наведува дека „ од ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје го добив дописот бр. 17-22/316 од 22.02.2011 со кој тие одговараат на моето барање од 06.12.2010 г. Бидејќи сум задоволен од тој одговор, сметам дека овој мој предмет при КЗСПИЈК веќе може да се затвори. Благодарен за вашето ангажирање“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека ЕВН Електростопанство на Македонија А.Д. Скопје одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од П.Б. од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од НВО Аналитика од Скопје, врз основа на член 14 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
за прекинување на постапката
Постапката по Барањето поднесено од НВО Аналитика од Скопје, заведено во Комисијата под бр.07-1 од 03.02.2011 година, со кое се бара доставување на информацијата “По колку ваши решенија не постапиле следниве инстиуции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спречување на перење пари, Министерство за надворешни работи, Управа за јавни приходи. (информациите да се однесуваат за следниве години 2006, 2007, 2008 2009 и 2010)“, СЕ ПРЕКИНУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер НВО Аналитика од Скопје, поднесе Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, кое гласи.
“По колку ваши решенија не постапиле следниве инстиуции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спречување на перење пари, Министерство за надворешни работи, Управа за јавни приходи. (информациите да се однесуваат за следниве години 2006, 2007, 2008 2009 и 2010)“.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) “информација од јавен карактер е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.”
Законот не предвидува обврска за имателите на информации, врз основа на барање од барателот да создаваат нова информација. Од наведените причини Комиисјата донесе Заклучок со кој постапката по барањето се ПРЕКИНУВА.
Постапувајќи по Барањето, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека не располага со бараната информација, односно таа не постои.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од НВО Аналитика од Скопје, врз основа на член 14 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
за прекинување на постапката
Постапката по Барањето поднесено од НВО Аналитика од Скопје, заведено во Комисијата под бр.07-2 од 03.02.2011 година, со кое се бара доставување на информацијата “Наведете за годините 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 колку пати сте постапиле по жалби за предмети барања на информации од јавен карактер поднесени во следните државни институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи.“, СЕ ПРЕКИНУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер НВО Аналитика од Скопје, поднесе Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, кое гласи.
“Наведете за годините 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 колку пати сте постапиле по жалби за предмети барања на информации од јавен карактер поднесени во следните државни институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи.“
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) “информација од јавен карактер е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.”
Законот не предвидува обврска за имателите на информации, врз основа на барање од барателот да создаваат нова информација. Од наведените причини Комиисјата донесе Заклучок со кој постапката по барањето се ПРЕКИНУВА.
Постапувајќи по Барањето, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека не располага со бараната информација, односно таа не постои.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од НВО Аналитика од Скопје, врз основа на член 14 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
за прекинување на постапката
Постапката по Барањето поднесено од НВО Аналитика од Скопје, заведено во Комисијата под бр.07-3 од 03.02.2011 година, со кое се бара доставување на информацијата “Колку жалби се поднесени до Комисијата по барања за пристап до информации од јавен карактер во наведениот период (2006, 2007, 2008, 2009 и 2010), а во врска со трошењето на буџетски средства, а колку во врска со примената на процедурата за јавни набавки кај следниве државните институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи.“, СЕ ПРЕКИНУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер НВО Аналитика од Скопје, поднесе Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, кое гласи.
“Колку жалби се поднесени до Комисијата по барања за пристап до информации од јавен карактер во наведениот период (2006, 2007, 2008, 2009 и 2010), а во врска со трошењето на буџетски средства, а колку во врска со примената на процедурата за јавни набавки кај следниве државните институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи.“
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) “информација од јавен карактер е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.”
Законот не предвидува обврска за имателите на информации, врз основа на барање од барателот да создаваат нова информација. Од наведените причини Комиисјата донесе Заклучок со кој постапката по барањето се ПРЕКИНУВА.
Постапувајќи по Барањето, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека не располага со бараната информација, односно таа не постои.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од НВО Аналитика од Скопје, врз основа на член 14 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
за прекинување на постапката
Постапката по Барањето поднесено од НВО Аналитика од Скопје, заведено во Комисијата под бр.07-4 од 03.02.2011 година, со кое се бара доставување на информацијата “Наведете за годините 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 какви решенија и заклучоци сте донеле во согласност со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по жалбите поднесени од баратели на информации против следниве државни институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи.“, СЕ ПРЕКИНУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер НВО Аналитика од Скопје, поднесе Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, кое гласи.
“Наведете за годините 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 какви решенија и заклучоци сте донеле во согласност со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по жалбите поднесени од баратели на информации против следниве државни институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи.“
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) “информација од јавен карактер е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.”
Законот не предвидува обврска за имателите на информации, врз основа на барање од барателот да создаваат нова информација. Од наведените причини Комиисјата донесе Заклучок со кој постапката по барањето се ПРЕКИНУВА.
Постапувајќи по Барањето, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека не располага со бараната информација, односно таа не постои.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од НВО Аналитика од Скопје, врз основа на член 14 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
за прекинување на постапката
Постапката по Барањето поднесено од НВО Аналитика од Скопје, заведено во Комисијата под бр.07-5 од 03.02.2011 година, со кое се бара доставување на информацијата “Наведете за годините 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 за колкав број од добиените жалби од баратели, а се однесуваат на државните институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи Комисијата не била надлежна да постапува по нив или пак жалбите биле ненавремени, анонимни, неуредни или поднесени од страна на неовластени лица.“, СЕ ПРЕКИНУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер НВО Аналитика од Скопје, поднесе Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, кое гласи.
“Наведете за годините 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 за колкав број од добиените жалби од баратели, а се однесуваат на државните институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи Комисијата не била надлежна да постапува по нив или пак жалбите биле ненавремени, анонимни, неуредни или поднесени од страна на неовластени лица.“
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) “информација од јавен карактер е информација во било која форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.”
Законот не предвидува обврска за имателите на информации, врз основа на барање од барателот да создаваат нова информација. Од наведените причини Комиисјата донесе Заклучок со кој постапката по барањето се ПРЕКИНУВА.
Постапувајќи по Барањето, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека не располага со бараната информација, односно таа не постои.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од НВО Аналитика од Скопје, врз основа на член 14 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), на седницата одржана на 9 март 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
за прекинување на постапката
Постапката по Барањето поднесено од НВО Аналитика од Скопје, заведено во Комисијата под бр.07-6 од 03.02.2011 година, со кое се бара доставување на информацијата “По колку од препратените жалби државните институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи навремено и одговориле на Комисијата, а по колку воопшто не одговориле? (информациите да се однесуваат за следниве години 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010)“, СЕ ПРЕКИНУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер НВО Аналитика од Скопје, поднесе Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, кое гласи.
“По колку од препратените жалби државните институции: Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Агенција за разузнавање, Царинска управа, Управа за спечување на перење на пари, Министерство за надворешни работи и Управа за јавни приходи навремено и одговориле на Комисијата, а по колку воопшто не одговориле? (информациите да се однесуваат за следниве години 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010).“