ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 163 седница одржана на 17 февруари 2011 година, донесе 12 решенија и 7 заклучоци.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за одбрана на РМ (Генералштабот на АРМ) по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.02-7289/13 од 03.12.2010 година, на Министерството за одбрана на РМ (Генералштабот на АРМ),  по предметот Барање за пристап до информации од јавен, СЕ ОДБИВААТ.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-317 од 23.12.2010 година и Жалбата бр.07-322 од 21.12.2010 година, изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, против Заклучокот Бр.02-7298/13 од 03.12.2010 година, на Министерството за одбрана на РМ (Генералштабот на АРМ), по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги ОДБИ како неосновани и  утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбите Комисијата утврди дека се изјавени од ист жалител, против ист Заклучок на  Министерството за одбрана (Генералштабот на АРМ), преку ист полномошник поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 29 декември 2010 година, донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија со препорачана пратка преку пошта со датум на прием 08.07.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Копија од записник од расправата на Генералштабот на АРМ по која има дадено предлог за локација за Инвестициона изградба на службен комплекс во касарна Илинден во Скопје “.
Слично Барање односно “Дали и на кој датум Генералштабот на АРМ има расправано и предложено локација за “Инвестициона изградба на службен комплекс во касарна Илинден во Скопје“. Копија од записник воден при расправата или друг документ поврзан со расправата“, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднела и до Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија на овие Барања не одговориле во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањата се одбиени и се поднесени Жалби до Комисијата.
Комисијата постапи по Жалбите и донесе поединечни Решенија со кои ги задолжи имателите на информации да ја достават бараната информација, најдоцна до 18.10.2010 година.
По доставувањето на наведените Решенија, Министерството за одбрана со допис бр.13/3-7289/1 од 15.10.2010 година, во Комисијата заведен под бр.07-322 на 25.10.2010 година, и допис бр.07-7289/6 од 10.11.2010 година, во Комисијата заведен под бр.07-317 на 23.11.2010 година, ја извести Комисијата за следното. “По извршената проверка преку надлежните органи во ГШ на АРМ утврдено е дека не постои записник за одржана расправа на ГШ на АРМ за локација за Инвестициона изградба на службени комплекси во касарни на АРМ“.
Во врска со наведените Решенија на Комисијата, Министерството за одбрана доставило Известувања и до Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во кои тврди дека не располага со бараната информација.
Фондацијата Институт отворено општество Македонија – против наведените Известувања бр.07-6974/1 од 27.09.2010 година, и бр.13/3-7289/2 од 15.10.2010 година, преку полномошникот С.Б., достави Жалба во Комисијата заведена под бр.07-322 на 09.11.2010 година.
По доставувањето на наведената Жалба Министерството за одбрана на 03.12.2010 година, донело Заклучок бр.02-7289/13, со кој постапката по поднесеното барање се прекинува, со образложение дека Министерството за одбрана “нема расправано за предметната содржина, па според тоа не постои записник за одржана расправа односно не располага со таквата информација“.
Против наведениот Заклучок Фондацијата Институт отворено општество Македонија преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, поднесе две Жалби до Комисијата. Од наведените причини Комисијата донесе Залучок со кој постапките по Жалбите ги спои во една постапка.
Комисијата со допис бр.07-317 од 05.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 3 дена Министерството да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана на ова барање на Комисијата одговори со допис Произнесување по жалба бр.13/2-299/2 од 17.01.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-317 на 24.12.2011година.
Во Жалбата покрај другото се наведува дека “во неколку медиуми се има говорено за инвестициона изградба на службен комплекс во касарна Илинден во Скопје. Доволно е на интернет пребарувачот да се исчукаат зборовите – инвестициона изградба на службен комплекс во касарна Илинден и да се појават определени информации за предметот на оваа жалба….“
Во врска со овој навод во Произнесувањето по Жалбата, Министерството за одбрана го наведува следното. “ Информациите кои се изнесени во пишаните и во електронските медиуми, вклучително и интернет страните кои ги посочува жалителот се однесуваат на идеја за изградба на службен комплекс, која идеја не е реализирана, поради нерешени имотно правни односи…. Генералштабот нема расправано и предложено локација за инвестициона изградба на службен комплекс во касарната Илинден….“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за одбрана постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок за прекинување на постапката, но со задоцнување. Одговорило на Барањето на барателот во форма која е предвидена во Законот, после законски предвидениот рок, што е спротивно на принципот на ефикаснот, економичност и итност на постапката.
Оттука, произлегува дека има недостатоци на првостепената постапка во однос на роковите и формата на постапување по барањето за пристап до информации од јавен карактер, но Комисијата оцени дека тие не можат, да бидат причина и основ за поинакво одлучување.   
Во врска со наведеното Комисијата на Министерството за одбрана му укажува на следното.
При евентуални идни барања е должно да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ж.Л. од с.Вевчани, поднесена против Министерство за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010) на седницата одржана на 17 февруари  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

    Жалбата изјавена од Ж.Л. од с.Вевчани, поднесена против Министерство за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште, на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопии од документацијата со која лицето М.К. се пријавил за подготовка за испит за директор“, најдоцна до 11 март 2011 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр. 07-471 од 17.12.2010 година, изјавена од Ж.Л. од с.Вевчани, поднесена  против Министерството за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ  Министерството за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште, до барателот да ја достави бараната информација најдоцна до 11 март 2011 година.
    По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
     Ж.Л. од с.Вевчани, како што е наведено во Жалбата на 29.10.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште, со кое ја побарал следната информација.
    “Фотокопии од документацијата со која лицето М.К. се пријавил за подготовка за испит за директор“.
    Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште, како што се наведува во Жалбата на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
    Комисијата со допис број 07-471 од 05.01.2011година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште и побара во рок од три дена Комисијата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
    Министерството за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште не одговори на овој допис на Комисијата.
    По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
    Министерството за образование и наука – Комисија за полагање за директор на основно и средно училиште не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на барањето во законски предвидениот рок, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. Скопје, поднесена против Управниот суд по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.У., поднесена против Управниот суд по предметот Барање за пристап до информации од јавен, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-445 од 17.01.2011 година, изјавена од В.У., поднесена против Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.У. од Скопје на 01.11.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управниот суд заведено под бр.03-22/1 и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од одредбата-членот од соодветниот Закон врз основа на кој е донесена одлуката на Управниот суд на РМ под У.бр.5005/2008г. Од 04-10-2010г. односно поконкретно копија од членот врз основа на кој Судот ја заснива изреката од диспозитивот од наведената одлука-решение цитирам: “се отфрла како недозволена.“затворен цитат“.
Во врска со ова Барање Управниот суд, на 08.11.2010 година, донел Решение бр.03-22/3, со кое го одбил пристапот до бараната информација.
Против наведеното Решение В.У. поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-445 на 18.11.2010 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата донесе Решение со кое ја уважи Жалбата, Решението бр.03-22/3 од 08.11.2010 година, на Управниот суд го поништии го задолжи Управниот суд, на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 14.01.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По доставувањето на наведеното Решение, Управниот суд до В.У. доставил допис Одговор по барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен под бр.03-1/1 на 12.01.2011 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува и следното. “…..Имајќи ги предвид напатствијата дадени во Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.07-445 од 22.12.2010 година, Имателот на информацијата позитивно одговори на истото, па согласно член 24 став 1 од цитираниот закон веднаш ве запознава со бараната информација“.
Управниот суд потоа наведува согласно кои членови од Законот за управните спорови е предвидено право на жалба, а наведува и Одлука на Уставниот суд на РМ, која се однесува на еден од наведените членови.
На крај во одговорот го наведува следното. “Имајќи ги предвид цитираните законски одредби од Законот за управните спорови (“Службен весник на Република Македонија“ бр.62/06 од 22.05.2006 година) и Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.117/09 од 25.09.2009 година), против сите останати решенија донесени во постапка по управен спор заведена пред Управниот суд, вклучително и решенија со кои се запира постапката, не е дозволена жалба“.
Во прилог на одговорот до барателот Управниот суд доставил фотокопии од цитираните законски одредби од Законот за управните спорови и копија од Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, објавени во Службен весник на Република Македонија.
Незадоволен од наведениот Одговор на Управниот суд, В.У., поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-445 на 17.01.2011година.    
Комисијата со допис бр.07-445 од 20.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Управниот суд  и побара во рок од 3 дена Судот да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управниот суд во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор на жалба, бр.03-1/3 од 25.01.2011 година, а во Комисијата заведено под бр.07-445 на 25.01.2011 година, со кој предлага Жалбата да се одбие како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата, Одговорот на Управниот суд и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Управниот суд го спровел Решението на Комисијата. До барателот В.У., доставил одговор на барањето од кој се гледа “врз основа на кој закон и кој член -одредба ја заснивал-донел одлуката под У.бр.5005/2008г. со која Жалбата на В.У. “се отфрла како недозволена.“   
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.С. од Штип, поднесена против Решението на Министерството за финансии – Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010) на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

    Жалбата изјавена од А.С. од Штип, поднесена против Решението на Министерството за финансии – Управата за јавни приходи бр.03-8934/2 од 03.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение се поништува и СЕ ЗАДОЛЖУВА Управата на барателот да му ја достави бараната информација “Дали во периодот од 2002 година до 30.03.2004 година, МЗТ “Метална“ уредно ги има подмирувано даночните обврски спрема државата, односно ако се плаќани даноците кој ги има подмирувано: Фирмата или Државата“, најдоцна до 11 март 2011 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр. 07-474 од 21.12.2010 година, изјавена од А.С. од Штип, поднесена  против Решението на Министерството за финансии -Управата за јавни приходи бр.03-8934/2 од 03.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, оспореното Решение го поништи и ЈА ЗАДОЛЖИ Управата на Барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 11 март 2011 година.
    По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
    А.С. од Штип на 23.11.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи- Регионална дирекција – Штип и ја побарал следната информација.
    “Дали во периодот од 2002 година до 30.03.2004 година, МЗТ “Метална“ уредно ги има подмирувано даночните обврски спрема државата, односно ако се плаќани даноците кој ги има подмирувано: Фирмата или Државата“.
Управата за јавни приходи –Регионална дирекција – Штип, со допис бр.2206-10692-1 од 26.11.2010 година, Барањето го препратила до Министерство за финансии Управата за јавни приходи-Генерална дирекција – Скопје.
Управата за јавни приходи-Генерална дирекција – Скопје, на 03.12.2010 година, донела Решение за одбивање на Барањето бр. 13-9834/2.  
    Во образложението на оспореното Решението е наведено дека “бараната информација потпаѓа под исклучоците од слободен пристап до информации од член 6 став 1 точка 4 од ЗСПИЈК, односно дека е тоа информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка и подлежи на обврската за чување на даночна тајна пропишана со член 9 од Законот за даночна постапка ……. според кој службените лица се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка“. Управата за јавни приходи   уште наведува дека го спровела тестот на штетност и при тоа оценила дека последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес кој би се постигнал со објавувањето на информацијата, односно дека објавувањето на информацијата би предизвикало штетни последици врз остварувањето на функцијата.
    Незадоволен од образложението на оспореното Решение А.С., преку Управата за јавни приходи – Штип, поднесе Жалба до Комисијата.
    Комисијата со допис број 07-474 од 05.01.2011година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи и побара во рок од три дена Управата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
    Управата за јавни приходи во врска со ова барање на Комисијата достави Произнесување по Жалба бр. 13-279/2 од 26.01.2011 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-474 на 01.02.2011 година. Во произнесувањето Управата за јавни приходи наведува дека останува на донесеното Решение со кое го одбива пристапот до бараната информација, за кое смета дека е “јасно и на Закон засновано…“, а неосновани се жалбените наводи дека аргументите во Решението се неосновани, паушални….“
    По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
    Образложението на Решението на Управата за јавни приходи не е доволно за да се одбие пристапот до бараната информација, од следните причини.
    Управата за јавни приходи во образложението на Решението наведува дека пристапот до информацијата го одбива затоа што утврдила дека спаѓа во исклучоците од слободниот пристап предвидени во член 6 став 1 точка 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и дека “односно дека е тоа информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка и подлежи на обврската за чување даночна тајна пропишана со членот 9 од Законот за даночна постапка …..“
    Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното.
    Според членот 9 од горенаведениот Закон службените лица се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка.
    Службените лица во Управата за јавни приходи до бараната информација не дошле  во даночна, прекршочна или судска постапка.
    Согласно член 4 точка 3 од Законот за даночна постапка “Даноци се давачки на даночниот обврзник кои мора да бидат платени без противуслуги, кои служат за општо државно добро и кои на сите даночни обврзници им се наметнати со закон“.
    Оттука, произлегува дека обврската за плаќање данок за даночниот обврзник не произлегува од предходно водена даночна, прекршочна или судска постапка, туку таа е обврска предвидена со Закон.
    Комисијата исто така утврди дека наведеното образложение во врска со тестот на штетност не е доволен аргумент за да се одбие пристапот до бараната информација. При спроведувањето на тестот на штетност Управата за јавни приходи како што е наведено во образложението на Решението навела дека “објавувањето на информацијата би предизвикало штетни последици врз остварувањето на функцијата“. Управата не утврдила точно дека ќе настанат штетни последици односно, истите конкретно не ги навела и не образложила од кои причини би биле поголеми од јавниот интерес.
Согласно член 4 став 1 алинеја 19 од Законот за управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/05) Управата за јавни приходи при извршувањето на управните и другите стручни работи, е должна да обезбеди „јавност во работата“, а за планираните и реализираните работи, согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 81/08) да достави месечен извештај до Министерството за финансии. Податоците од таквите извештаи Министерството за финансии јавно ги објавува преку својата веб-страница (дел за јавен долг- извештаи за јавен долг). Ова е уште еден аргумент во прилог на тврдењето на Комисијата дека бараните информации се информации од јавен карактер и не спаѓаат во исклучоците наброени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Покрај горенаведеното, во прилог на тврдењето на Комисијата дека бараната информација е од јавен карактер и треба да се достави до барателот е и податокот што истата се бара за период кога МЗТ “Метална“ – Штип, била во општествена сопственост.   
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Г. од Скопје, поднесена против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на  17 февруари 2011 година, го донесе следното
                    
Р Е Ш Е Н И Е
 
Жалбата изјавена од М.Г. од Скопје, поднесена против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр.14-7809/2 од 17.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

                                

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-1 од 04.01.2011 година, изјавена, од М.Г. од Скопје, поднесена против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр.14-7809/2 од 17.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
М.Г. од Скопје на 13.10.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побарал да му ја достават следната информација.
“Копија од Заклучок на Влада на Република Македонија бр.19-1365/1 од 31.10.2006 година“.
Во врска со ова Барање, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на 17.12.2010 година, донел Решение, со кое го одбил Барањето за пристап до горенаведената информација.
Во образложението на оспореното Решение се наведува “информацијата се однесува на информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност“.  
Незадоволен од наведеното Решение М.Г. поднесе Жалба
до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-07-1 од 04.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Генералниот секретаријат достави Одговор на Жалба бр.14-7809/2 од 17.01.2011 година, а во Комисијата заведен под број 07-1 на 21.01.2011 годин, во кој наведува дека останува на образложението на оспореното Решение.
По доставувањето на одговорот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, изврши увид во документот кој е предмет на барањето, при што констатира дека истиот е класифициран со степен “ИНТЕРНО“.
По извршувањето на увидот Генералниот секретаријат достави допис до Комисијата Дополнување на одговор на жалба бр.14-7809/5-10 од 03.02.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-1 на 11.02.2011 година.
Во Дополнувањето на Одговорот на Жалба се наведува дека е извршен увид во архивата на Генералниот секретаријат од страна на Комисијата, при што е утврдено дека бараната информација претставува класифицирана информација со степен “ИНТЕРНО“ и истата претставува информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции.
Во однос на временскиот период на кој информацијата е класифицирана во Одговорот се наведува следното. “Создавачот на информацијата – Генералeн секретаријат на Владата на Република Македонија, оценил дека истата се уше треба да го задржи степенот на класификација, што е во согласност со член 18 став 1 и 2 од Законот за класифицирани информации (“Службен весник на Република Македонија“ бр.9/04, бр.113/07 и 145/2010).  
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност-нулта корупција од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на  17 февруари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспарентност-нулта корупција од Скопје,  поднесена против Заклучокот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.12-1659/2 од 04.01.2011, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-43 од 01.02.2011 година, изјавена, од Транспарентност-нулта корупција од Скопје против Заклучокот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.12-1659/2 од 04.01.2011, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Транспарентност-нулта корупција од Скопје,  на 27.12.2010 до Државната комисијата за спречување на корупцијата поднела барање за слободен  пристап до информации под бр. 12-1659/1 и побарала во фотокопија, по пошта да и ја достават следната информација.
“-Дали Државната комисија за спречување на корупцијата добила претставки кои се однесуваат на нотар С.П.-колку вакви предмети имало-колку од нив комисијата ги земала во постапување;
– Дали Државната комисија  за спречување на корупцијата примила претставки и постапувала кога предмет на преставката биле дејствија на нотар С.П.-колку вакви предмети имало и како се произнела Комисијата по секој од нив поединачно-Да ни ги доставите следните документи-фотокопија од постапување (писма до Министерството за правда) и заклучоци (иницијативи за поведување на постапка)“.
Во врска со ова Барање Државната комисија за спречување на корупцијата донела Заклучок бр.12-1659/2 од 04.01.2011, со кој постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер се прекинува.
Незадоволна од донесениот Заклучок, Транспарентност нулта корупција од Скопје на 01.02.2011 година поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, заведена под бр.07-43.
Во Жалбара се наведува: “…информацијата која се бара не се однесува тоа дали ДКСК примила претставки од лицето кое е поврзано со бараната информација. Бараната информација се однесува на предмети кои се евидентирани во ДКСК и на факти во врска со овие предмети, а кои предмети се поврзани со лицето на кое се повикуваме во барањето“:
Комисијата со допис бр.07-43 од 03.02.2011 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата достави Одговор на Жалба бр.03-236/2 од 08.02.2011 година а во Комисијата заведен под број 07-43 од 09.02.2011 година.
Во одговорот на Жалбата, Државната комисија  за спречување на корупцијата смета дека жалбените наводи се неосновани и наведува:
“…Државната комисија донесе Заклучок со кој ја прекина постапката согласно со член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, токму од причина што не располага со бараните информации. Државната комисија не располага со бараните информации затоа што, согласно Уредбата за канцелариско и архивско работење(“Службен весник на РМ“ бр.58/96) во Деловодникот пристигнатите претставки-пријави ги евидентира според подносителот-испраќачот, а не според тоа на кого(дирекно или индирекно) се однесуваат наводите во истите. Државната комисија не располага со евиденција на лица на кои, дирекно или индирекно, се однесуваат наводите во претставката-пријавата.“
Исто така, Државната комисија наведува дека “основот поради кој е поднесена жалбата не е на закон заснован “затоа што Жалбата е поднесена согласно член 28 став 2 а основот за поднесување на ваква жалба против ваквиот заклучок е даден во член 26 став 3.
Државната комисија предлага Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавевн карактер при одлучувањето по жалбата да утврди дали жалбата е навремена бидејќи барателот заклучокот го примил на 11.01.2010 година а Жалбата кај второстепениот орган е евидентирана на 01.02. 2011 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилен и врз закон заснован Заклучок.
 Државната комисија правилно ја спровела постапката по поднесенорто барање и во образложението на оспорениот заклучок ја навела причината поради која не располага со бараната информација. Државната комисија, според законот, нема обврска да создава нова информација.
Што се однесува до основот за поднесување на Жалбата, Комисијата укажува дека е точно, како што наведува Државната Комисија за спречување на корупцијата, дека жалбата по Заклучок за прекинување на постапката се поднесува согласно член 26 став 3 од Законот за слободен притап до информации од јавен карактер(“Службен весник бр.13/06,86/08 и 6/10), но во наведениот член не е наведено во кој рок се поднесува Жалбата.
Според член 28 точка 1 од наведениот Закон, Жалбата се поднесува во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението. Кога рокот на Жалба не е предвиден во основниот закон, Жалбата се поднесува според рокот предвиден во Законот за општата управна постапка.
Што се однесува до ненавременоста на Жалбата, врз основа на списите на предметот, Комисијата утврди дека Жалбата е навремена. Имено, од доставницата за прием на Заклучокот утврдено е дека истиот барателот го примил на 11.01.2011 година што го потврдил со свој потпис.
Жалбата во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер е заведена под бр.07-43 на 01.02.2011 година, но на пликот со кој е доставена Жалбата во пошта стои печат од 25.01.2011 година, што значи дека Жалбата е предадена во законски предвидениот рок од 15 дена и е навремена.
Жалителот постапил во согласност со член 105 точка 2 од Законот за општата управна постаока.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение  е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С.И. од Струмица, поднесена против Известувањето на Апелациониот суд од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член  32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.С.И. од Струмица, поднесена против Известувањето на Апелациониот суд од Скопје 03-VI Су.бр.642/10 од 30.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 “1. Дали на светот постои држава  во која за ист прекршок можат да се изречат безброј санкции…
2. Ако глобата е платена (чл.49 точка 5 од ЗП)-зошто судот измислува нови санкции“
СЕ УВАЖУВА  и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-8 од 21.01.2011 година, изјавена од С.С.И., поднесена против Известувањето на Апелациониот суд од Скопје 03-VI Су.бр.642/10 од 30.12.2010 година,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
С.С.И. од Струмица на 24.12.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Апелациониот суд во Скопје и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“1. Дали на светот постои држава во која за ист прекршок можат да се изречат безброј санкции…
2. Ако глобата е платена (чл.49.точка 5 од ЗП)-зошто судот измислува нови санкции “.
Апелациониот суд Скопје на ова Барање одговорил во законски предвидениот рок со Известување 03 VI Суи. Бр.642/10 од 30.12.2010 година.
Во Известувањето се наведува “Она што единствено можеме да ве информираме, во смисла на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а имајќи во предвид дека не наведувате конкретно каква информација барате од нас како иматели на информации од јавен карактер, како и дека тоа што го барате од нас не спаѓа во групата на информации од јавен карактер за кои сме надлежни да ги даваме, е дека доколку сте незадоволни од донесените одлуки на Основниот суд Гевгелија и на Апелациониот суд Скопје, имате законска можност во смисла на член 129 од Законот за прекршоци, по изјавен вонреден правен лек, во постапка пропишана со закон, да се одлучува за законитоста на донесените судски одлуки“
Незадоволен од добиеното Известување, барателот поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-8 на 21.01.2011 година.
Во Жалбата, жалителот останува при поднесените барања и бара да му се достават бараните информации. Предлага Комисијата да го задолжи имателот да му ги достави бараните информации и да деонесе управен акт.
Комисијата со допис бр.07-8 од 24.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Апелациониот суд Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Апелациониот суд од Скопје во врска со ова барање на Комисијата, достави Одговор на Жалба заведен под бр.03 VI Суи.58/2011 од 01.02.2011 година а во Комисијата заведен под бр.07-8 од 02.02.2011 година.
Во Одговорот по Жалба, Апелациониот суд од Скопје, останува при наводите изнесени во Известувањето 03 VI Суи.бр.640/2 од 30.12.2010 година доставено до барателот “овој суд во целост се произнесе по барањето на лицето С.С.И. за добивање на информации од јавен карактер“.
Апелациониот суд ги негира жалбените наводи на жалителот дека не одговорил на неговото барање за добивање на информација од јавен карактер и дека донесениот акт-Известување  не бил  во согласност со одредбите на член 20 став 4, член 24 став 4 и член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Апелациониот суд смета дека вака изнесените причини се неосновани. “Ова од причина што согласно член 28 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, барателот има право да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен каракте кога имателот не постапил во согласност со членовите 20 став 4, 24 став 4 и 26 став1 од овој закон во рок од 8 дена од приемот на актот“.
 По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Апелациониот суд Скопје постапил спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот согласно наведениот Закон.
Во врска со ова Комисијата укажува на следното. Имателот не постапил во согласност со член 17 од Законот за слободен пристап до информации до јавен карактер. Ако барањето е непотполно и поради тоа имателот не може да постапува, како што е наведено и во известувањето(не наведувате конкретно каква информација барате, како и тоа што го барате од нас не спаѓа во групата на информации од јавен карактер), тој ќе побара од барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи. Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена. Ако барателот не постапи според барањето на имателот, имателот ќе донесе заклучок со кој ќе констатира дека барањето е повлечено. Ако барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој закон и поради тоа имателот не може да го разгледува, имателот на информации ќе донесе решение со кое ќе го отфрли барањето. Против Заклучокот за запирање на постапката и против решението за отфрлање на барањето, дозволена е жалба до Комисијата. Во конкретниот случај службеното лице определено за посредување со информации било должно да му помогне на барателот при дополнување на барањето и да постапи според наведениот член.
Апелациниот суд Скопје во врска со Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорило во форма согласно одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Апелациониот суд му укажува на следното.
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесени после 1–ви јуни 2010 година, е должен да постапува согласно одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010 година“).
Според наведените измени, во член 28 точка 2 зборовите  “во рок од 8 дена од денот на приемот на актот“ се бришат.
Доколку Апелациониот суд Скопје не располага со бараната информација (како што е наведено и произлегува од Известувањето), и не знае кој друг располага, должно е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи: “Во членот 26 став 2 зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи “Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“
Оттука произлегува, дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
При повторното постапување и одлучување по Барањето Апелациониот суд Скопје треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата, наведени во Образложението на Решението.  
Комисијата му укажува на барателот дека поднесените барања за слободен пристап треба да бидат во согласност со член 16 од Законот. Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае.
Според наведениот закон, информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности.
Барателот може да бара информација или документ но не може да поставува прашања или да бара да му се подготви нова информација доколку тоа не произлегува од надлежноста на имателот.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Нова алтернатива, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Нова алтернатива по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, и се ЗАДОЛЖУВА партијата на барателот да му ја достави бараната  информација “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии” најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-39 од 25.01.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против политичката партија Нова алтернстива, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партијата на барателот да му ја достави информацијата најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 15.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Нова алтернатива и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
 “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”.
Политичката партија Нова алтернатива на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесено Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-39 од 28.01.2011 година ја препрати Жалбата до политичката партија Нова алтернатива и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Политичката партија достави Известување од 03.02.2011 година а во Комисијата заведено под бр.07-39 од 09.02.2011 година.
Во Известувањето се наведува: “Нова алтернатива во 2009 година во трите квартали на 2010 година нема направено никакви промени во нејзината сметка.“
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното
Политичката партија Нова алтернатива постапила спротивно на членовите 20, 21 и 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр,13/05, 86/08 и 6/10). Наместо да постапи по Барањето согласно Законот, политичката партија само ја извести Комисијата дека “нема направено никакви промени во нејзината сметка и во трите квартали за 2010 година“ без конкретно да се произнесе по жалбата во врска со бараната информација или да ја достави бараната информација до барателот.
Комисијата и укажува на политичката партија Нова алтернатива дека без оглед на тоа дали “нема направено никакви промени во нејзината сметка и во трите квартали за 2010 година“, согласно член 27 одЗаконот за финансирање на политичките партии, (“Службен весник на РМ“ бр.76/04), “Политичките партиии, најдоцна до 31 март изготвуваат годишен финансиски извештај за претходната година согласно со закон. Извештајот го содржи финансиското работење на сметката на политичката партија, како и подсметките на локалните ограноци. Финансискиот извештај од ставот 1 на овој член се испраќа до  Државниот завод за ревизија.“  Според наведеното, политичката партија била должна до 31 март 2010 година да изготви годишен финансиски извештај за 2009 година и да го достави до Државниот завод за ревизија. Член 27-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија бр.96/09) ја задолжува партијата својот годишен финансиски извештај да го објави на својата веб-страница, во еден од дневните весници и во „Службен весник на Република Македонија“. Во спротивно, органите надлежни за контрола на финансиското работење иницираат поведување на соодветна постапка против партијата.
Од наведеното произлегува дека политичката партија Нова алтернатива треба да ја поседува бараната информација и е должна да му ја достави на барателот.
Комисијата на политичката партија Нова алтернатива и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното
    
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, и се ЗАДОЛЖУВА партијата на барателот да му ја достави бараната  информација “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии” најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-484 од 22.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партијата на барателот да му ја достави информацијата најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела две Барања за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар и побарала во фотокопија по пошта да и ги достават следните информации:
1. “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”,
2.“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи“.
Политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар на овие барања не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањата се одбиени. Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, поднесе една Жалба до Комисијата, која се однесува на двете барања.
Комисијата со допис бр.07-484 од 23.12.2010 година ја препрати Жалбата до политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Движење на национално единство на Турците-Гостивар не одговори на барањето на Комисијата.
Комисијата со Известување бр. 07-484 од 11.01.2011 година на полномошникот Д.К. му  укажа дека горенаведената Жалба е поднесена до Комисијата спротивно на член 14 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, согласно кој Жалбата се поднесува против поединечни правни акти, а не против повеќе. Притоа побара од полномошникот во рок од 3 дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно погоренаведените закони.
Полномошникот Д.К. на ова барање на Комисијата одговори со Уредување на Жалба бр.07-484 од 07.02.2011 година, во која прецизира дека Жалбата се однесува следното Барање:
“Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар постапила спротивно на членовите 20, 21 и 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр,13/05, 86/08 и 6/10). Наместо да постапи по Барањето согласно Законот, политичката партија не се произнесе по Жалбата во врска со бараната информација, ниту пак ја достави бараната информација до барателот.
Комисијата и укажува на политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар дека согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии, (“Службен весник на РМ“ бр.76/04), “Политичките партиии, најдоцна до 31 март изготвуваат годишен финансиски извештај за претходната година согласно со закон. Извештајот го содржи финансиското работење на сметката на политичката партија, како и подсметките на локалните ограноци. Финансискиот извештај од ставот 1 на овој член се испраќа до  Државниот завод за ревизија.“  Според наведеното, политичката партија била должна до 31 март 2010 година да изготви годишен финансиски извештај за 2009 година и да го достави до Државниот завод за ревизија. Член 27-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија бр.96/09) ја задолжува партијата својот годишен финансиски извештај да го објави на својата веб-страница, во еден од дневните весници и во „Службен весник на Република Македонија“. Во спротивно, органите надлежни за контрола на финансиското работење иницираат поведување на соодветна постапка против партијата.
Од наведеното произлегува дека политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар треба да ја поседува бараната информација и е должна да му ја достави на барателот.
Комисијата на политичката партија Движење на национално единство на Турците-Гостивар и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица поднесена против Решението на Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното

                                                       Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Решението на Судскиот совет на Република Македонија бр. 07-1577/11 од 28.12.2010 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

                                   О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-3 од 10.01.2011 година, изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Решението на Судскиот совет на Република Македонија бр. 07-1577/11 од 28.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.Л. од Струмица, на 18.11.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на Република Македонија, заведено во Судскиот совет под бр. 03-1577 и побарал пристап до следната информација:
“Кои се причините да создаде информација од таен карактер наречена – предмет известување: да го прикрие организираниот криминал во судството или да учествува во него.?“
Во врска со ова Барање, Судскиот совет на Република Македонија со допис бр. 03-1577/2 од 01.12.2010 година, до барателот доставил Известување за потреба од дополнување на барањето, во кое покрај другото наведува.  „Поднесеното барање е непотполно од причина што не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…како би можел имателот на информации да постапува“.
Д.Л. од Струмица постапил по Известувањето и до Судскиот совет на Република Македонија доставил допис бр. 03-1577/10 на 13.12.2010 година. Во дополнувањето на Барањето, Д.Л. наведува дека „Прашањето до Претседателот на СС В.Г. е следно – кои се причините да се создаде информација од таен карактер да го прикрие организираниот криминал или да учествува во него“, притоа образложувајќи дека бара од претседателот на Судскиот совет да му одговори дали постојат дисциплински повреди од страна на претседателот на Управниот суд Р.К. и од страна на претседателот на Основниот суд Струмица, Н.Б..
Судскиот совет на Република Македонија постапувајќи по барањето и неговото дополнување на 28.12.2010 година, донел Решение бр. 07-1577/11, со кое  го отфрла Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено на Д.Л. од Струмица. Во образложението на Решението, меѓу другото, е наведено дека Судскиот совет не може да постапи по Барањето „од причина што и по неговото дополнување не ги исполнува условите предвидени во член 16 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи барателот не ја навел информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае…барателот нема постапено според укажувањата на имателот на информации…повторно поставува прашања и бара создавање нова информација, што не е во согласност со Законот…“.
Незадоволен од наведеното Решение Д.Л. од Струмица достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-3 од 12.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Судскиот совет на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Судскиот совет на Република Македонија по ова барање достави Одговор на жалба и списи, број 03-1577/13-10 од 20.01.2011година, а во Комисијата заведен под број 07-3 на 25.01.2011 година.
Во Одговорот на Жалбата, Судскиот совет на Република Македонија останува на наводите од  Решение бр. 07-1577/11 од 28.12.2010 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Судскиот совет на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од Д.Л. од Струмица постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапувајќи по барањето констатирал дека истото е непотполно, односно не ги исполнува условите од член 16 од Законот. Од таа причина го известил барателот да го дополни барањето. Барателот постапил по наведеното Известување и доставил дополнување на барањето. Судскиот совет на РМ повторно оценил дека не може да постапува по барањето затоа што и по дополнувањето тоа не ги исполнувало условите предвидени во член 16 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини, согласно член 17 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 9 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Судскиот совет донел Решение со кое го отфрлил барањето.
Врз основа на горенаведеното Комисијата утврди дека Решението на Судскиот совет на Република Македонија е правилно и врз закон засновано, а Жалбата неоснована.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против политичката партија Партија за интеграција на Ромите, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против политичката партија Партија за интеграција на Ромите по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, и се ЗАДОЛЖУВА партијата на барателот да му ја достави бараната  информација “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии” најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-500 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против политичката партија Партија за интеграција на Ромите, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партијата на барателот да му ја достави информацијата најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела две Барања за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Партија за интеграција на Ромите и побарала во фотокопија по пошта да и ги достават следните информации:
1. “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”,
2.“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи“.
Политичката партија Партија за интеграција на Ромите на овие барања не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањата се одбиени. Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, поднесе една Жалба до Комисијата, која се однесува на двете барања.
Комисијата со допис бр.07-500 од 29.12.2010 година ја препрати Жалбата до политичката партија Партија за интеграција на Ромите и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Политичката партија Партија за интеграција на Ромите на 10.01.2011 година до Комисијата достави Известување бр.07-500, во кое наведува дека не е одговорено на Барањата „затоа што Партијата за интеграција на Ромите – ПИР не е финансирана за бараниот период од ниедна страна и истата поради слаба финансиска состојба беше оневозможена за остварување на било какви активности“.
Комисијата со Известување бр. 07-500 од 11.01.2011 година на полномошникот Ј.А. и  укажа дека погоренаведената Жалба е поднесена до Комисијата спротивно на член 14 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, согласно кој Жалбата се поднесува против поединечни правни акти, а не против повеќе. Притоа побара од полномошникот во рок од 3 дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно погоренаведените закони.
Полномошникот Ј.А. на ова барање на Комисијата одговори со Уредување на Жалба бр.07-500 од 17.01.2011 година, во која прецизира дека Жалбата се однесува следното Барање:
“Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”.
На 25.01.2011 година, полномошникот Ј.А. до Комисијата достави Поднесок бр.07-500, во кој наведува дека го добила Известувањето од Партијата за интеграцијата на Ромите, кое беше доставено и до Комисијата, од кое е незадоволна и дека останува на наводите во поднесената Жалба.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Политичката партија Партијата за интеграцијата на Ромите постапила спротивно на членовите 20, 21 и 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр,13/05, 86/08 и 6/10). Наместо да постапи по Барањето согласно Законот, политичката партија го известила барателот, а ја извести и Комисијата дека “Партијата за интеграција на Ромите – ПИР не е финансирана за бараниот период од ниедна страна и истата поради слаба финансиска состојба беше оневозможена за остварување на било какви активности“, без конкретно да се произнесе по Жалбата во врска со бараната информација, или да ја достави бараната информација до барателот.
Комисијата и укажува на политичката партија Партијата за интеграцијата на Ромите дека без оглед на тоа дали “не е финансирана за бараниот период од ниедна страна и истата поради слаба финансиска состојба беше оневозможена за остварување на било какви активности“, согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии, (“Службен весник на РМ“ бр.76/04), “Политичките партиии, најдоцна до 31 март изготвуваат годишен финансиски извештај за претходната година согласно со закон. Извештајот го содржи финансиското работење на сметката на политичката партија, како и подсметките на локалните ограноци. Финансискиот извештај од ставот 1 на овој член се испраќа до  Државниот завод за ревизија.“  Според наведеното, политичката партија била должна до 31 март 2010 година да изготви годишен финансиски извештај за 2009 година и да го достави до Државниот завод за ревизија. Член 27-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија бр.96/09) ја задолжува партијата својот годишен финансиски извештај да го објави на својата веб-страница, во еден од дневните весници и во „Службен весник на Република Македонија“. Во спротивно, органите надлежни за контрола на финансиското работење иницираат поведување на соодветна постапка против партијата.
Од наведеното произлегува дека политичката партија Партијата за интеграцијата на Ромите треба да ја поседува бараната информација и е должна да му ја достави на барателот.
Комисијата на политичката партија Партијата за интеграцијата на Ромите и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје против Решението на Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следното

                                                 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Министерството за образование и наука бр.19-6349/2 од 10.12.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација  “Извештај од внатрешната ревизија од МОН на работата на НА како и резултатите од надворешната независна ревизија (СЕП извештајот март 2010: The results of the internal audit conducted by the Ministry od Education and Science on the work of the National Agency for European educational programmes and mobility, as wel as the results of the external independent audit are expected to be ready in the following period) “, најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-279 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје против Министерството за образование и наука, ЈА УВАЖИ, Решението на Министерството за образование и наука бр.19-6349/2 од 10.12.2010 година ГО ПОНИШТИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација  најдоцна до 11.03.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата институт отворено општество – Mакедонија на 03.06.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука и побарала во фотокопија по пошта да и ја достави следната информација.
“Извештај од внатрешната ревизија од МОН на работата на НА како и резултатите од надворешната независна ревизија (СЕП извештајот март 2010: The results of the internal audit conducted by the Ministry od Education and Science on the work of the National Agency for European educational programmes and mobility, as wel as the results of the external independent audit are expected to be ready in the following period)“.
Министерството за образование и наука, во врска со наведеното барање на барателот на информацијата му доставило Решение бр.20-4020/2 од 12.07.2010 година, со кое го одбило неговото барање.
Незадоволна од Решението и образложението на истото, Фондацијата институт отворено општество – Македонија, преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.   
Постапувајќи по Жалбата Комисијата на 25.08 2010 година, донесе Решение бр. 07-279 со кое Жалбата ја уважи, Решението на Министерството за образование и наука бр.20-4020/2 од 12.07.2010 година, го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
На 23.12.2010 година, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата заведена во Комисијата под бр. 07-279, во која наведува дека Министерството за образование и наука, не постапило по Решението на Комисијата бр.07-279 од 23.12.2010 година.  
Комисијата со допис бр.07-279 од 27.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука на ова барање на Комисијата одговори со Известување бр. 19-10434/2.10 од 12.01.2011 година, заведено во Комисијата под бр.07-279 на 18.01.2011 година, во кое наведува дека постапило по укажувањата на Комисијата во Решението бр.07-279 од 25.08.2010 година, повторно го разгледало предметот и на 10.12.2010 година, донело Решение бр.19-6349, кое го достави во прилог на Известувањето.
Во прилог на Известувањето немаше никаков доказ дека горенаведеното Решение е доставено и до барателот на информацијата.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата на 31.01.2011 година, телефонски го информираше  барателот, дека на 10.12.2010 година, Министерството за образование и наука донело Решение бр.19-6349/2, со кое повторно е одбиено барањето за пристап до информацијата. Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по телефон потврди дека го добила наведеното Решение.
По наведениот разговор Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, на 04.02.2011 година, до Комисијата достави Уредување на жалба, заведено во Комисијата под бр.07-279, со кое ја известува Комисијата дека, Жалбата доставена на 23.12.2010 година, ја уредува односно, истата ја проширува и на Решението бр.19-6349/2 од 10.12.2010 година, на Министерството за образование и наука со кое повторно се одбива барањето за пристап до бараната информација.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
По повторното постапување Министерството за образование и наука, со задоцнување, на 10.12.2010 година, донело Решение бр. 19-6349/2 со кое  Барањето на Фондацијата Институт отворено општество Македонија повторно го одбива. Во образложението на Решението е наведено дека Барањето го одбива согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Министерството наведува дека постапило и согласно член 6 став 3 од истиот Закон, при што констатирало дека „последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, бидејќи истата се однесува на интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност“.
Образложението на наведеното Решението на Министерството за образование и наука не е доволен аргумент за да се одбие пристапот до бараната информација.
Министерството само го цитирало членот 6 став 3 од Законот, и констатирало дека последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, без да наведе кои се штетните последици кои би настанале со објавувањето на бараната информација, а кој е јавниот интерес кој би се постигнал со објавувањето, па дури потоа да утврди што е поголемо.
Комисијата смета дека објавувањето на бараната информација нема да предизвика негативни последици врз монетарната и фискалната политика и нема да има штетни последици во остварувањето на фунцијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Напротив со објавувањето на бараната информација ќе се зајакне довербата на граѓаните во функционирањето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Согласно член 1 став 1 од Законот за јавна финансиска внатрешна контрола („Службен весник на Република Македонија“ бр.90/09), внатрешната финансиска контрола е јавна и ги опфаќа финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија и нивната хармонизација, како систем воспоставен согласно со меѓународните стандарди за внатрешна контрола и внатрешна ревизија.
Јавноста има право да ја контролира работата на државните органи и носителите на јавни овластувања.
Министерството за образование и наука во конкретниов случај направило повреда на член 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што не обезбедило јавност и отвореност во работењето, односно не овозможило информираност на јавноста за работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, што претставува основна цел на наведениот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на  17 февруари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-480 од 22.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела две Барања за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија и побарала во фотокопија по пошта да и ги достават следните информации:
1. “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”,
2.“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи“.
Политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија на овие барања не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањата се одбиени. Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, поднесе една Жалба до Комисијата, која се однесува на двете барања.
Комисијата со допис бр. 07-480 од 23.12.2010 година ја препрати Жалбата до политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија одговори на 18.01.2011 година со Известување бр. 07-480, во кое наведува дека „…во нашето седиште немаме вработено лице кое ќе биде одговорен за прием на пошта, или архивар, имаме волонтери кои по потреба доаѓаат…и затоа на нивните барања…не сме биле во можност да им одговориме во предвидениот рок. Поради тоа што на ден 12.01.2011 бевме известени дека фондацијата…ги бара горенаведените извештаи, во прилог ви ги праќаме бараните податоци до вас и до фондацијата…“.
Комисијата со Известување бр. 07-480 од 11.01.2011 година на полномошникот Д.К. му  укажа дека наведената Жалба е поднесена до Комисијата спротивно на член 14 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, согласно кој Жалбата се поднесува против поединечни правни акти, а не против повеќе. Притоа побара од полномошникот во рок од 3 дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно погоренаведените закони.
Полномошникот Д.К. на ова барање на Комисијата одговори со Уредување на Жалба бр.07-480 од 07.02.2011 година, во која прецизира дека Жалбата се однесува следното Барање:
“Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”. Заедно со Уредувањето на Жалбата полномошникот до Комисијата на истиот датум достави Поднесок бр.07-480 во кој наведува дека „Во врска со поднесената жалба, на ден 17.01.2011 година од страна на имателот на информации од јавен карактер Демокрација е ре – Партија за нова демократија до барателот е доставено Известување, кое го доставуваме во прилог на овој поднесок“. Покрај наведеното Известување барателот до Комисијата достави и фотокопија од одговорите на партијата по поднесените барања. Во наведениот поднесок не е наведено дали барателот е задоволен од одговорот на политичката партија.
Полномошникот Д.К.  со допис бр. 07-480 од 17.02.2011 година ја извести Комисијата дека барателот е задоволен од одговорот од политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето,  но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на политичката партија Демокрација е ре – Партија за нова демократија и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                                                                                                                                                                                 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Еколошкото друштво Еко-мисија претставувано од претседателот на Собранието П.Б. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-365 од 27.12.2010 година, изјавена од Еколошкото друштво Еко-мисија претставувано од претседателот на Собранието П.Б. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-365 од 27.12.2010 година, изјавена од Еколошкото друштво Еко-мисија претставувано од претседателот на Собранието П.Б. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 1 – Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Претседателот на Собранието на еколошкото друштво Еко-мисија, П.Б. од Скопје  на 22.09.2010 година доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје 1 – Скопје и побарал да му се достави фотокопија од следната информација:
 “Бидејќи на рочиштето од 23.03.2010 по предметот 12 Прк.бр.4660/09-о судијата ми го одби барањето да добијам примерок од записникот што (како странка во постапката) го потпишав на тоа исто рочиште, ве молам да ми доставите фотокопија од членот од законот (или подзаконскиот акт) со кој тоа е регулирано, т.е. дека странката во прекршочната постапка нема право да добие примерок од записникот што го потпишала“.
Основниот суд Скопје 1 – Скопје на ова Барање одговорил со Одговор на барање Пји.бр.15/10 од 27.09.2010 година. Незадоволен од добиениот одговор П.Б. од Скопје поднесе жалба до Комисијата која, постапувајќи по овој предмет донесе Решение бр. 07-365 на 25.11.2010 година, со кое Жалбата ја уважи, и го задолжи Судот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 10.12.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Незадоволен од тоа што Судот не постапил по наведеното Решение на Комисијата, П.Б. од Скопје на 27.12.2010 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-365.
На 01.02.2011 година П.Б. до Комисијата достави допис -Повлекување на Жалба бр. 07-365 од 27.12.2010 година, поради тоа што истиот ден кога ја доставил Жалбата до Комисијата добил Решение од Судот, против кое  на 28.12.2010 година поднесе Жалба до Комисијата, која е во постапка.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 февруари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку барања за поведување на прекршочна постапка на ниво на РМ се доставени до надлежните судови и врз основа на кои закони со кои се предвидени прекршоците се доставени барањата (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на Комисијата за одлучување по прекршоците при министерството и органите во рамките на министерството заклучно со 01 октомври 2010 година)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-509 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје против Министерството за одбрана и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година,  поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1032/8 од 18.10.2010 година, а во Министерството примени на 27.10.2010 година и побарала по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку барања за поведување на прекршочна постапка на ниво на РМ се доставени до надлежните судови и врз основа на кои закони со кои се предвидени прекршоците се доставени барањата (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на Комисијата за одлучување по прекршоците при министерството и органите во рамките на министерството заклучно со 01 октомври 2010 година).“
Министерството за одбрана, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-509 од 03.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр.13/2-469/1 од 17.01.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-509 на 21.01.2011 година.
Во Одговорот се наведува дека жалбените наводи се неосновани поради следното. “Во одговорот доставен до Фондацијата се наведува дека во Министерството за одбрана за прекршоци во одбраната одлучува Комисија за одлучување по прекршоци формирана со решение на министерот за одбрана чија задача е да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочни санкции. Според тоа одговорот кој се бара од Министерството во врска со погоре наведеното барање се содржи во дадениот одговор, односно по барања за поведување на прекршочна постапка е надлежен прекршочен орган-Комисија, а не судот како што е потенцирано во барањето за информацијата, па министерството да има увид во доставените барања до надлежниот суд“
Во прилог на наведеното достави фотокопија од одговорот на барањето доставен до Фондацијата., заведен под бр.07-514/27 од 24.12.2010 година.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Фондацијата, која го извести дека во врска со одговорот по наведеното Барање не се задоволни бидејќи истиот не ги содржи сите барани податоци.
Службеното лице што постапува по предметот контактираше со службеното лице на Министерството за одбрана и му укажа на незадоволството од одговорот по бараната информација од страна на барателот.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, Министерството за одбрана до Комисијата достави Известување заведено под бр.13/1-298/2 од 28.01.2011 година а во Комисијата заведено под бр.07 -509 на 01.02.2011 година.
Во Известувањето се наведува “…доставуваме дополнување на информацијата, за која веќе Министерството за одбрана се произнело во акт бр.07-514/27 од 24.11.2010 година“.
Во прилог доставија Допис- Дополнување на информација заведен под бр.13/1-298/3 од 28.01.2011 година, насловен до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 02.02.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-509, во кое наведува “задоволни сме од одговорот на Министерството за одбрана добиен по упатената Жалба со број 07-509“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за одбрана одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил целосен одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 февруари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за инспекциски надзор“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата поради неовозможување пристап до бараната информација, заведена во Комисијата под број 07-241 од 05.01.2011 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници,  поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје против Министерството за правда и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници, како што се наведува во Жалбата, на 05.07.2010 година поднело Жалба до Комисијата  поради неовозможување на пристап до бараната информација: “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за инспекциски надзор“
Министерството за правда, на ова Барање одговорило со Известување бр.07-1965/3 од 04.08.2010 година. Со Известувањето ги известуваат дека: “бараните информации Проценка од влијанието на регулативата на Законот за инспекциски надзор може да се најдат на веб страната www.ener.gov.mk“
Незадоволни од Известувањето, Македонското здружение на млади правници преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје поднесе Дополнување на Жалба на 10.08.2010 година.
Постапувајќи по Жалбата на барателот, Комисијата на 28.09.2010 година донесе Решение бр.07-241 со кое ја уважи Жалбата и го задолжи Министерството за правда да ја достави бараната информација до барателот најдоцна до 18.10.2010 година.
Министерството за правда не постапи по Решението на Комисијата, поради што барателот на 05.01.2011 година достави Жалба до Комисијата, 07-241.
Комисијата со допис бр.07-241 од 12.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр. 19-233/2 од 24.01.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-241 на 27.01.2011 година.
Во Одговорот се наведува: “Ве информираме дека Министерството за правда достави одговор до Здружението. Во прилог Ви доставуваме фотокопија од дописот испратен до Македонското здружение на млади правници.“
Во прилог на наведеното достави фотокопија од одговорот на барањето доставен до Здружението, заведен под бр.07-1965/8 од 30.12.2010 година.
Здружението на млади правници, по меил на 10.02.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-241, во кое наведува “Ве известуваме дека по поднесувањето на жалбата за молчење на администерација од страна на адвокат Ј.А. во име на Македонското здружение на млади правници против Министерството за правда за “Копија за проценка на влијанието на регулативата на Законот за инспекциски надзор, од страна на Министерството за правда е доставена бараната информација.“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за правда одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17  февруари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Која е највисоката изречена глоба на ниво на РМ во рамките на Комисиите за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството и врз основа на која прекршочна одредба е изречена глобата (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-514 на 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за внатрешни работи и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата, на 26.10.2010 година,  поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер во Фондацијата заведено под број 11-1026/7 на 18.10.2010 година, и побарала по пошта да и ја достават следната информација.
“Која е највисоката изречена глоба на ниво на РМ во рамките на Комисиите за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството и врз основа на која прекршочна одредба е изречена глобата (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)“
Министерството за внатрешни работи, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-514 од 05.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Министерството достави допис насловен како Одговор на Жалба, заведен под бр.11.2-2836/2 од 17.01.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-514 на 21.01.2011 година. Наведениот допис има само една реченица која гласи.“Во прилог на актот Ви доставуваме одговор доставен од наша страна до барателот В.Д. од Скопје“. Наведениот Одговор на кој се повикува Министерството за внатрешни работи е адресиран до адвокатот В.Д. и гласи Одговор на Жалба, место Одговор на Барање. Министерството до Комисијата не достави доказ дали и кога овој допис е доставен до барателот.
Во врска со наведеното Комисијата му укажува на Министерството за внатрешни работи на следното.
Кога првостепениот орган  нема да одговори на барањето во рокот предвиден во Законот и поради тоа е поднесена Жалба, во Одговорот на Жалбата треба да ги соопшти причините поради кои по барањето за пристап до информации од јавен карактер не е постапено во рокот и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот, контактираше со вработен во канцеларијата на полномошникот В.Д., кој го извести дека го добиле Одговорот од Министерството за внатрешни работи.
Во врска со наведениот Одговор полномошникот на барателот В.Д. на 03.02.2011 година, до Комисијата достави Поднесок, заведен под бр.07-514.
Во поднесокот наведува дека Министерството за внатрешни работи во одговорот на жалба, дава и одговор на бараната информација, со што сторило повреда на член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “поради тоа остануваме во целост по барањето истакнато во жалбата.“ Оттука се гледа дека полномошникот останува на наводите во Жалбата, затоа што на барањето не е одговорено во рокот и формата предвидени во Законот. На содржината на одговорот на барањето нема забелешки.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за внатрешни работи одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето на чија содржина полномошникот на барателот во поднесокот нема забелешки, но по истекот на законски предвидениот рок и не во форма предвидена во Законот.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                                                                                                                                                                                 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-243 од 14.01.2011 година, изјавена од Н.А. од Скопје поднесена против Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) , а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 февруари 2011 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К      

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-243 на 14.01.2011 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-243 на 14.01.2011 година, поднесена против Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното.
Н.А. од Скопје, на 25.12.2007 година, поднел Барање до Владата на Република Македонија и побарал по пошта да му достават препис од “Одлука на Владата на Република Македонија бр.23-1788/1/99 од 1999 година и документацијата врз основа на која е донесена оваа Одлука“.
Во врска со наведеното Барање Комисијата на 08.04.2008 година, донесе Решение 07-266/3, со кое ја задолжи Владата на барателот да му ја достави бараната информација.
Н.А. на 20.05.2010 година, поднел Барање до Владата на Република Македонија, во кое наведува дека ја добил бараната Одлука, но не и документацијата врз основа на која е донесена Одлуката.
Владата на РМ не одговорила на наведеното барање по што се смета барањето е одбиено и Н.А., поднесе Жалба до Комисијата, во која наведува дека бара фотокопија или увид во документацијата.
Комисијата со допис бр.07-243 од 27.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата на 28.09.2010 година, донесе Решение бр.07-243 со кое ја уважи Жалбата и ја задолжи Владата на Република Македонија, на барателот да му ја достави бараната информација “Документацијата врз основа на која е донесена Одлуката бр.23-1788/1/99 од 1999 година“, најдоцна до 18.10.2010 година.
На 14.01.2011 година, Н.А. достави Жалба до Комисијата заведена под бр.07-243, во која наведува дека не е спроведено горенаведеното Решение на Комисијата и бара да му ја достават документацијата.
Комисијата со допис бр.07-243 од 20.01.2010 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
  Владата на Република Македонија достави Одговор на Жалба бр.14-81/13-08 од 28.01.2011 година, во Комисијата.заведен под бр.07-243 на 01.02.2011година.
Во Одговорот хронолошки ја опишува целата постапка по наведеното барање започната 25.12.2007 година. Наведува дека “Генералниот  секретаријат му има одговорено на барателот со допис бр.14-8518/4 од 20.11.2008 година, со кое го има известено дека не располагаме со друга документација, поради што не бевме во можност позитивно да одговориме на конкретното барање, а како одговор повторно му ја доставивме горенаведената одлука…… Со оглед на тоа што предлагач на наведената Одлука е Министерството за финансии, Генералниот секретаријат сметал дека истото располага со бараната информација, го препратил барањето до Министерството за финансии, за што со допис бр.14-81/11-08 од 26.11.2010 година, бил известен Н.А..
Министерството за финансии со допис бр.19-40704/4 од 31.12.2010 година, го известило Генералниот секретаријат дека не располага со бараната информација.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, а имајќи го во вид тврдењето на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, дека не располагаат со бараната информациија, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок. Комисијата донесе Заклучок за запирање на постапката бидејќи смета дека е безпредметно повторно да донесе исто решение кога Генералниот секретаријат тврди дека не располага со бараната информација и не е во можност истото да го спроведе.
Комисијата нема ниту надлежност ниту инструмент да провери зошто Генералниот секретаријат не располага со бараната информација.   
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија – Нова либерална партија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17  февруари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија – Нова либерална партија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена                                                         во Комисијата под број 07-482 од 22.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Скопје против политичката партија – Нова либерална партија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата бр.07-482 од 22.12.2010 година, на 18.10.2010 година поднела две Барања за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија Нова либерална партија и побарала во фотокопија по пошта да и ги достават следните информации.
1. “Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”,
2.“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи“.
Политичката партија – Нова либерална партија на овие барања не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањата се одбиени и е поднесена Жалба до Комисијата, која се однесува на двете барања.
Комисијата со Известување бр.07-482 од 11.01.2011 година, на полномошникот Д.К. му укажа дека наведената Жалба е поднесена до Комисијата спротивно на член 14 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, согласно кој Жалбата се поднесува против поединечни правни акти, а не против повеќе. Притоа побара од полномошникот во рок од 3 дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно горенаведените закони.
Полномошникот Д.К., постапи по укажувањата на Комисијата и ја уреди наведената Жалба, односно прецизира дека истата се однесува на следното Барање.
“Фотокопија од годишниот финансиски извештај за 2009, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии, и број на Службен весник на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии”.
Полномошникот Д.К. на 18.01.2011 година, со допис заведен во Комисијата под бр.07-482, ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена во врска со горенаведеното барање.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, политичката партија – Нова либерална партија, одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.