ДОНЕСЕНИ 13 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 161 седница одржана на 17 јануари 2011 година, донесе 13 решенија и 8 заклучоци.

**********

Kомисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена  преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за Државниот инспекторат за локалната самоуправа од 2010 година“, СЕ УВАЖУВА  и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-472 од 20.12.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници од Скопје, на 02.11.2010 година, како што се наведува во Жалбата, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за локална самоуправа и побарало да му се достави по пошта, во фотокопија:
 “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за Државниот инспекторат за локалната самоуправа од 2010 година.“
Министерството за локална самоуправа на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-472 од 21.12.2010 година, ја препрати Жалбата до  Министерството за за локална самоуправа и побара во рок од 3 дена Министерството да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за локална самоуправа, достави Одговор на Жалба, заведен под бр.16-2111/2 од 29.12.2010 година а во Комисијата заведен под бр.07-472 на 30.12.2010 година.
Во Одговорот се наведува: “…На барањето е одговорено во законски рок, но поради големиот број на барања доставени во исто време од Фондацијата институт отворено општество Македонија, одговорот е адресиран до Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Министерството за локална самоуправа му се извинува на Македонското здружение на млади правници за направениот превид и очекува извинувањето да биде прифатено, во име на досегашната и идната добра соработка“.
Во прилог доставија и Одговор на барање насловен до Фондацијата институт отворено општество Македонија, заведен под број 16-1766/2 од 27.11.2010 година, во кој се наведува“..Ве известуваме дека на Предлог на Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа не е приложена Проценка на влијанието на регулативата“.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Македонското здружение на млади правници кои го известија дека од Министерството за локална самоуправа не добиле одговор во врска со поднесеното барање.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Министерството за локална самоуправа, постапило по барањето но одговорот го доставило до погрешен барател. Наведениот одговор не може да се смета како одговор по барањето на барателот во законски предвидениот рок, без оглед на причините наведени во Одговорот на Жалбата. Министерството требало откако ја увидело грешката, барањето веднаш да го препрати до вистинскиот барател- Македонското здружение на млади правници.
Од Одговорот по барањето доставен во прилог на Одговорот по Жалба, не може да се утврди причината зошто на Предлог на Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа не е приложена Проценка на влијанието на регулативата.
Комисијата на Министерството за локална самоуправа му укажува на на следното.
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесени после 1–ви јуни 2010 година, е должно да постапува согласно одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010 година“).
Доколку Министерството не располага со бараната информација (како што може да се заклучи од одговорот на барањето), и не знае кој друг располага, должно е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи: “Во членот 26 став 2 зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи “Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“
Од тука произлегува, дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
При повторното постапување и одлучување по Барањето Министерството за локална самопуправа треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата, наведени во Образложението на Решението.  
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Kомисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена  преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за Државниот инспекторат за локалната самоуправа од 2010 година(Образец 1)“, СЕ УВАЖУВА  и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-473 од 20.12.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници од Скопје, на 02.11.2010 година, како што се наведува во Жалбата, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за локална самоуправа и побарало да му се достави по пошта, во фотокопија:
 “Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за Државниот инспекторат за локалната самоуправа од 2010 година.(Образец1)“
Министерството за локална самоуправа на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-473 од 21.12.2010 година, ја препрати Жалбата до  Министерството за за локална самоуправа и побара во рок од 3 дена Министерството да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за локална самоуправа, достави Одговор на Жалба, заведен под бр.16-2110/2 од 29.12.2010 година а во Комисијата заведен под бр.07-473 на 30.12.2010 година.
Во Одговорот се наведува: “…На барањето е одговорено во законски рок, но поради големиот број на барања доставени во исто време од Фондацијата институт отворено општество Македонија, одговорот е адресиран до Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Министерството за локална самоуправа му се извинува на Македонското здружение на млади правници за направениот превид и очекува извинувањето да биде прифатено, во име на досегашната и идната добра соработка“.
Во прилог доставија и Одговор на барање насловен до Фондацијата институт отворено општество Македонија, заведен под број 16-1766/2 од 27.11.2010 година, во кој се наведува“..Ве известуваме дека на Предлог на Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа не е приложен План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата“.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Македонското здружение на млади правници кои го известија дека од Министерството за локална самоуправа не добиле одговор во врска со поднесеното барање.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Министерството за локална самоуправа, постапило по барањето, но одговорот го доставило до погрешен барател. Наведениот одговор не може да се смета како одговор по барањето на барателот во законски предвидениот рок, без оглед на причините наведени во Одговорот на Жалбата. Министерството требало откако ја увидело грешката, барањето веднаш да го препрати до вистинскиот барател- Македонското здружение на млади правници.
Од Одговорот по барањето доставен во прилог на Одговорот по Жалба, не може да се утврди причината зошто на Предлог на Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа не е приложен План за  спроведување на проценка на влијанието на регулативата.
Комисијата на Министерството за локална самоуправа му укажува на следното.
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесени после 1–ви јуни 2010 година, е должна да постапува согласно одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010 година“).
Доколку Министерството не располага со бараната информација (како што може да се заклучи од одговорот на барањето), и не знае кој друг располага, должна е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи: “Во членот 26 став 2 зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи “Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“
Од тука произлегува, дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
При повторното постапување и одлучување по Министерството за локална самоуправа треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата, наведени во Образложението на Решението.  
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.М. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното
                                

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Т.М. од Скопје поднесена против Решението на Основниот суд Скопје II Скопје – Граѓански суд по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Основниот суд Скопје II Скопје – Граѓански суд 03 СУ.бр.2710/2010 од 26.11.2010 СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-4 од 10.01.2011 година, изјавена од Т.М. од Скопје против Решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје–Граѓански суд, ЈА УВАЖИ, Решението на Основниот суд Скопје II Скопје – Граѓански суд 03 СУ.бр. 2710/2010 од 26.11.2010 година ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Т.М. од Скопје на 22.11.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд и побарал од Судот да му овозможи увид и да му достави по пошта фотокопија од :
 “Парничен предмет V П.бр.5470/08 заведен во Основниот суд Скопје II Скопје – Граѓански  суд-евентуално делумно фотокопирање “.
Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд на барателот на информацијата му доставил Решение 03 СУ.бр.2710/2010 од 26.11.2010 година, со кое го одбил неговото барање. Во образложението на Решението е наведено„…списите на судските предмети не претставуваат информации од јавен карактер во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што до нив да можат да имаат пристап сите физички и правни лица. Токму спротивното произлегува од процесните закони со кои се уредени судските постапки во кои точно и прецизно е определено на кои субјекти и под кои услови може да им се дозволи разгледување, препишување и добивање на фотокопија од списите во постапките. Така, согласно член 144 ст.1 од Законот за парнична постапка…определено е дека само странките во постапката имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите на постапката во која учествуваат. Согласно став 2 од истиот член, на други лица кои имаат оправдан интерес може да им се дозволи разгледување, препишување или копирање на одделни списи во присуство на овластено лице на судот…Во конкретниот случај, барателот Т.М. од Скопје…своите барања може да ги остварува само во рамки на таа постапка, согласно одредбите на Законот за парнична постапка…, а не во постапка за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
Незадоволен од образложението на добиеното Решение, Т.М. од Скопје, преку Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд, поднесе Жалба до Комисијата.   
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Основниот суд Скопје II Скопје- Граѓански суд при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е поднесено Барањето, туку се повикал на одредби од Законот за парнична постапка.
Комисијата на Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд му укажува дека на доставени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер треба да одговара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не според одредби од процесните закони со кои се уредени судските постапки.
Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не се повикал на исклучоците од слободен пристап до информации наведени во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis. Основниот суд Скопје II Скопје– Граѓански суд пред да го донесе Решението не постапил согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 4 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ бр.6/2010) “По исклучок од ставот 1 на овој член имателите на информации ќе одобрат пристап до информација, по задолжително спроведениот тест на штетност, со кој ќе се утврди дека со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата“
Неспорно е дека Судот работи по погоре цитираните процесни закони, но тие треба да бидат дополнително образложение за одбивање на пристапот. Одбивањето на пристапот се врши само согласно член 6 став 1 (точки 1 до 8) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниов случај Комисијата укажува на следното.
Граѓаните имаат право на пристап до информации од јавен карактер. Ова право им е гарантирано со Уставот на Република Македонија, а операционализирано во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Транспарентноста, отчетноста и одговорноста на државните институции е од суштинско значење за едно демократско општество.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на барателите на информации да им обезбеди брз, едноставен и по можност бесплатен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“. Информациите кои ги создале и со кои располагаат имателите на информации се од јавен карактер и во принцип пристапот до истите не треба да биде ограничен.
Барателот на информацијата согласно наведениот Закон нема никаква обврска да го наведе правниот интерес и да образложи зошто ја бара наведенатa информација, а имателот на информацијата нема право да бара образложение за причините од потребата на информацијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје против Министерството за правда-Државен Управен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на  17 јануари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници,  поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за правда-Државен управен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот Управен инспекторат на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку инспекциски надзори има спроведено Државниот управен инспекторат по поднесени претставки во врска со непочитување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поединачно за 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 година? “, најдоцна до 1 февруари 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-458 од 26.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за правда-Државен управен инспекторат, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Државниот управен инспекторат на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 1 февруари 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници,  како што е наведено во Жалбата, на 27.10.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот управен инспекторат, и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Колку инспекциски надзори има спроведено Државниот управен инспекторат по поднесени претставки во врска со непочитување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поединачно за 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 година? “.
Министерството за правда- Државниот управен инспекторат на ова Барање одговорило во законски предвидениот рок, со Известување заведено под број 17-4238/2 од 05.11.2010 година.
Во Известувањето е наведено: “Државниот управен инспекторат согласно Законот за управна инспекција (“Службен весник на РМ“ бр.69/04, 27/07,115/07) нема надлежност да врши инспекциски надзор на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.“
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-458 од 01.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда-Државен управен инспекторат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис, Министерството за правда-Државниот управен инспекторат достави Одговор на Жалба заведен под бр.17-4238/4 од 17.12.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-458 на 21.12.2010 година.
Во Одговорот на Жалбата, е наведено дека “…Надлежноста на Државниот управен инспекторат е утврдена со Законот за управната инспекција, според кој согласно член 21 постапува по преставки, предлози и иницијативи поднесени од физички и правни лица кои се поплакуваат на одредени органи на државната управа по однос на решавањето на нивните барања за остварувањето на одредени права и интереси“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијатаго утврди следното.
Во Одговорот на Жалбата, Државниот управен инспекторат се повикал само на член 21 од Законот за управна инспекција, кои спаѓаат во главата “Постапка“ од Законот, без притоа да се повика на  член 15-б од Законот за Дополнување на Законот за управната инспекција(“Службен весник на РМ“бр.115/07).
Во член 15-б е наведено:
1.Редовниот инспекциски надзор опфаќа надзор над спроведувањето на Законот за општата управна постапка и другите закони што содржат одредби за управната постапка, како и над извршувањето на прописите од канцелариското работење.
2. Вонредниот инспекциски надзор се врши врз основа на иницијативи, претставки и предлози поднесени од државни органи, правни и физички лица, како и во случај на сомневање на инспекторот“.
Комисијата како независен државен орган работи и донесува одлуки (решенија и заклучоци) во согласност со надлежностите утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои се конечни во управната постапка и против кои, согласно член 35 од Законот, може да се поднесе Тужба до управен суд.
Од ова произлегува дека Државниот управен инспекторат е надлежен да врши надзор над извршувањето на решенијата кои ги донесува Комисијата.
Од една страна, Државниот управен инспекторат се прогласува за ненадлежен за вршење на инспекциски надзор над примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а од друга страна, во пракса, врши вонреден инспекциски надзор.
Во прилог на наведеното дека Државниот управен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор е Записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат заведен под број Уп1 бр.17-30, од 03.11.2010 година, со кој Комисијата располага во врска со друг предмет по кој постапуваше.
 Врз основа на извршениот надзор, донесено е Решение бр.Уп. бр 17-30 од 03.11.2010 година од Државниот управен инспекторат.
Во образложението на цитираното Решението е наведено“ Постапувајќи по претставка… Инспекцискиот надзор е извршен за предмет бр.08-7592 во поглед на примената на одредбите на Законот за општата управна постапка и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“  
Од наведеното произлегува дека Државниот управен инспекторат ја поседува бараната информацијаи е должен да му ја достави на барателот.
Поради наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В. и .З.С., поднесена против Решението на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на  17 јануари  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В. и .З.С., поднесена против Решението на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА, Решението бр. 07-4220/3 од 11.11.2010 година на Министерството се ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда, на барателот да му ја достави бараната информација “Доставување на фотокопија од записник од извршен надзор врз работата на нотар Л.М.“, најдоцна до 1 февруари 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-455 од 24.11.2010 година, изјавена од В. и .З.С. од Скопје, поднесена против Решението бр.07-4220/3 од 11.11.2010 година на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, Решението бр.07-4220 од 11.11.2010 година, на Министерството го ПОНИШТИ и го задолжи Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 1 февруари 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В. и .З.С. од Скопје, на 28.10.2010 година, поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда  заведено под бр.07-4220/1, и побарале да им ја достават следната информација.
“Доставување на фотокопија од записник од извршен надзор врз работата на нотар Л.М. “.
Во врска со ова Барање Министерството за правда, на 11.11.2010 година, донело Решение бр.07-4220/3, со кое го одбива пристапот до бараната информација.
Против наведеното Решение В. и З.С. поднесоа Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-455 од 01.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена Министерството да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор по жалба, бр.07-4220/5 од 23.12.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-455 на 24.12.2010 година.
Во Одговорот по Жалбата се наведува “Министерството за правда со Решение бр.07-4220/3 од 11.11.2010 година го одби пристапот врз основа на член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на РМ“ бр.13/06,86,08 и 6/10) и членовите 111, 112, 120 и 130 од Законот за нотаријат(“Службен весник на РМ“ 55/07,86/08 и 139/09“. Министерството и предлага на Комисијата да ја одбие Жалбата како неоснована.
Во Образложението на оспореното Решение Министерството наведува: “Со давањето на записникот на странките истите можат да го употребат како доказ во судска постапка во која бараат остварување на некое свое право или интерес, иако истиот содржи само наод и мислење на евентуални недостатоци во работењето, и како таков записникот не е конечен…“
Во врска со погоре наведеното, Комисијата смета дека наводите во образложението на Решението се спротивни на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот не е должен да наведе зошто му е потребна бараната информација, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации.
Записникот е документ составен и потпишан од Комисијата која врши надзор над законитоста над работата на нотарот, формирана од министерот за правда. Тоа е заврешен документ во таа фаза на постапката, доставен до нотарот врз кој се врши надзорот и до Нотарската комора.
Понатаму, во образложението на Решението Министерстовто наведува: “Одлуката за одбивање на барањето е во согласност со член 1 став 2 и член 6  став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во кој стои дека правото на слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува согласно овој и друг закон и дека имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информации во согласност со закон….Согласно член 6 став 1 точка 7 имателот може да одбие пристап до информација од документ што е во постапка на усогласување и чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината“
Комисијата му укажува на Министерството за правда дека при донесувањето на Решението било должно да го примени член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 2 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој ““тестот на штетност“е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информации, пред да го одбие пристапот согласно со член 6 од овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на информацијата.“
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“бр.6/2010 година), на седницата одржана на 17 јануари  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, бр.14-6660/2 од 17.11.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, оспорениот Заклучок се поништува и се ЗАДОЛЖУВА  Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од днот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата број 07-469 од 10.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, број.14-6660/2 од 17.11.2010 година, ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок го поништи и ја задолжи Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 26.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат заведено под бр.14-6660/1 на 05.11.2010 година, и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
“Копија од Информацијата со анализа за оправданоста, целисходноста и потребата од постоењето на Комисиите за решавање во втор степен на Владата на Република Македонија “ .
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по ова Барање донел Заклучок бр.14-6660/2 од 17.11.2010 година, со кој ја запрел постапката по Барањето, бидејќи како што е наведено во образложението “Од извршениот увид во архивата на Генералниот секретаријат произлегува дека таква Информација со анализа до сега не била усвоена на Владина седница, ниту пак Генералниот секретаријат располага со таква информација“.
Незадоволна од добиениот Заклучок и образложението, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ж.Х.З., поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-469 на 10.12.2010 година.
Во Жалбата Фондацијата наведува: “…..согласно заклучокот на Седумнаесеттата седница на Владата на Република Македонија одржана на 29.09.2008 година Државниот управен инспекторат изготви Информација со анализа за оправданоста, целисходноста и потребата од постоењето на Комисиите за решавање во втор степен на Владата на Република Македонија и во декември 2008 година ја достави до Владата на Република Македонија.“
Комисијата со допис број 07-469 од 13.12.2010 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Гнерален секретаријат на  27. 12.2010 година во врска со ова барање на Комисијата, достави Одговор на Жалба, заведен под бр.14-6660/4, а во Комисијата под бр.07-469 на 29.12.2010 година, во кој наведува: Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер при што беше донесен Заклучок бр.14-6660 на 17.11.2010 година за прекин на постапката….по извршениот увид во архивата на Генералниот секретаријат произлегува дека таква информација…не била разгледувана на Владина седница, ниту пак Генералниот секретаријат располага со бараната информација“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го утврди следното.
При постапувањето по Барањето, Генералниот секретаријат не го земал во предвид членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој “Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
Во конкретниот случај, од содржината на Барањето и на Жалбата во која се посочува Заклучокот на Седумнаесеттата седница на Владата на Република Македонија одржана на 29.09.2008 година, доколку не рсполагате со бараната информација како што е наведено во оспорениот Заклучок, треба да знаете кој друг е имател на бараната информација
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии-Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии-Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, оспореното Решение на Министерството за финансии-Управа за јавни приходи бр.13-8197/2(8405)/2 од 22.11.2010 година, се ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии-Управа за јавни приходи на барателот да му ја достави информацијата во првиот дел од Барањето “Фотокопија од третиот квартален извештај за 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии.” најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
За вториот дел од Барањето кое се однесува на “Листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии.“, СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, да го препрати барањето до Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-468 од 10.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, оспореното Решение на Министерството финансии-Управа за јавни приходи бр.13-8197/2(8405)/2 од 22.11.2010 година, го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството финансии-Управа за јавни приходи на барателот да му ја достави информацијата во првиот дел од Барањето “Фотокопија од третиот квартален извештај за 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии.” најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
За делот од Барањето кое се однесува на “Листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии.“, СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, да го препрати барањето до Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
Комисијата ја разгледа Жалбата и оспореното Решение на Министерството за финансии-Управа за јавни приходи и го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, примено во Управата на ден 29.10.2010 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Фотокопија од третиот квартален извештај за 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии. И листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии.“
На ова Барање, Управата за јавни приходи, одговорила и донела Решение за одбивање на барањето, заведено под бр.13-8197/2(8405)/2 од 22.11.2010 година. Во решението се наведува “…давањето на фотокопија од кварталните извештаи на политичките партии би значело повреда на доверливоста на даночната постапка и би предизвикало штетни последици во остварувањето на функцијата. По однос на вториот дел од бараната информација…надзор на финансиско-материјалното работење на политичките партии го вршат Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи нема законски основ да изврши надзор и да утврди дали некоја политичка партија нема добиено донација, а со тоа и обврска за доставување извештај.”
Незадоволна од наведеното Решение, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје на 10.12.2010 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-468.
Комисијата со допис бр.07-468 од 10.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството финансии-Управа за јавни приходи и побара во рок од 3 дена Управата да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии-Управата за јавни приходи одговори на ова барање на Комисијата и достави Произнесување по Жалба заведено под број 13-8197/4 од 27.12.2010 година, а во Комисијата заведено под број 07-468 од 29.12 2010 година.
Во произнесувањето по Жалба, Управата за јавни приходи смета дека давањето на предметните информации стекнати во постапка на контрола на финансирањето на политичките партии ќе го повреди принципот на доверливост на даночната постапка и со тоа ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата и предлага Жалбата да се одбие како неоснована.
Врз основа на погоре изложеното Комисијата го утврди следното.
Во оспореното Решение Управата за јавни приходи погрешно ги применила одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со кое се одбива Барањето за пристап до информација од јавен карактер.
Имено, Управата за јавни приходи погрешно го применила член 6 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка.
Во конкретниов случај, првиот дел од Барањето кој се однесува на “Фотокопија од третиот квартален извештај за 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии” е информација со која имателот располага согласно горенаведениот член од Законот за финансирање на политичките партии. Истата, не е создадена во даночна, прекршочна или судска постапка, туку е подготвена согласно горенаведениот Закон.
Во образложението на оспореното Решение Управата за јавни приходи се повикува на член 9 став 1 точки 1,2,3 од Законот за даночна постапка согласно кој службените лица се должни како даночна тајна да ги чувааат сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка. Во случајов бараната информација не е стекната во даночна постапка.
Понатаму, наведува дека  “Во постапката на проверка на последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата-тест на штетност, се оцени дека давањето на предметните информациии би значело повреда на доверливоста на даночната постапка и обврска за чување на даночна тајна, а со тоа би предизвикало штетни последици во остварувањето на функцијата.“
Врз основа на погоре изложеното Комисијата утврди дека, Образложението на оспореното Решение без конретно наведување на штетните последици во остварување на функцијата на Управата за јавни приходи и од друга страна јавниот интерес кој би се постигнал со објавувањето на бараната информација, не се доволен аргумент за да се одбие пристапот до истата.  
Што се однесува до вториот дел од Барањето “Листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии.“ Управата за јавни приходи наведува дека оваа информацијата не ја поседува односно дека “нема законски основ да изврши надзор и да утврди дали некоја политичка партија има добиено донација, а со тоа и обврска за доставување на извештај“
Согласно член 26 став 1 од Законот за финансирање на политичките партии (“Службен весник на РМ” бр.74/04 и бр. 96/09), Надзорот над финансиско-материјалното работење на политичките партии го вршат Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија согласно законските прописи. Во овој случај, Управата била должна, согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 и 6/2010), во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, да го препрати барањето до Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, како иматели на вториот дел од Барањето и за тоа да го извести барателот.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

                                             Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави баранате информација. “Колкав е бројот на трансферирани привремени вработувања во редовно вработување со статус на државен службеник во Министерството за култура, во периодот од 01.01.2010 до 20.05. 2010 година“, најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-233 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 20.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за култура, примено на 25.05.2010 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колкав е бројот на трансферирани привремени вработувања во редовно вработување со статус на државен службеник во Министерство за култура, во периодот од 01.01.2010 до 20.05.2010 година“.
Министерството за култура на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-233 од 14.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори ниту на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини Комисијата на 15 септември 2010 година, донесе Решение бр.233 со кое ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација, “Колкав е бројот на трансферирани привремени вработувања во редовно вработување со статус на државен службеник во Министерство“, најдоцна до 05.10.2010  година, на начин и во форма наведени во Барањето
Комисијата во образложението на наведеното Решение му укажа на Министерството за култура дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје до Комисијата на 23.12.2010 година, достави Жалба поради неовозможување пристап до информација, односно поради неспроведување на Решението на Комисијата, заведена под бр.07- 233.
Во Жалбата покрај другото се наведува и следното. Од причина што Министерството за култура не постапило согласно Решението на Комисијата и не овозможило пристап до бараната информација во предвидениот рок, Фондацијата Инситут отворено општество – Македонија, преку полномошникот на 14.10.2010 година, поднела Ургенција за постапување по наведеното Решение на Комисијата.
Министерството за култура не постапило согласно Решението на Комисијата и не овозможило пристап до бараната информација ниту по доставувањето на Ургенцијата.  
По разгледувањето на Жалбата од 23.12.2010 година, и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура продолжува со неприменување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и неспроведување на Решенијата на Комисијата.
Комисијата повторно му укажава на Министерството за култура дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок.  
Од наведените при чини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници,  поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје против Државниот Управен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници,  поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Државниот управен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот Управен инспекторат на барателот да му ја достави бараната информација. “Број и вид на одлуки кои ги има донесено Државниот управен инспекторат во спроведени инспекциски надзори во врска со непочитување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поединечно за 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 година“, најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-457 од 26.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Државниот управен инспекторат,  ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Државниот управен инспекторат на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници, како што е наведено во Жалбата, на 27.10.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот управен инспекторат, и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Број и вид на одлуки кои ги има донесено Државниот управен инспекторат во спроведени инспекциски надзори во врска со непочитување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поединечно за 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 година“
Министерството за правда – Државниот управен инспекторат на ова Барање одговорил во законски предвидениот рок, со Известување заведено под број 17-4236/2 од 05.11.2010 година.
Во Известувањето покрај другото се наведува и следното. “Државниот управен инспекторат согласно Законот за управна инспекција (“Службен весник на РМ“ бр.69/04, 27/07,115/07) нема надлежност да врши инспекциски надзор на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од што произлегува дека нема донесено ниту било какви одлуки за неприменување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Незадоволно од наведеното Известување, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-457 од 01.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда – Државен управен инспекторат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда-Државниот управен инспекторат во врска со ова Барање на Комисијата достави Одговор на Жалба бр.17-4236/4 од 24.12.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-457 на 29.12.2010 година.
Во Одговорот на Жалбата Државниот управен инспекторат покрај другото наведува дека “стои на наводите во Известувањето“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда – Државен управен инспекторат не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното.
Согласно член 1 од Законот за општата управна постапка “според овој Закон се должни да постапуваат министерствата, другите органи на државна управа………и други државни органи….“. Во други државни органи спаѓа и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и од тука за неа  произлегува обврска да постапува според наведениот Закон.
Надлежноста на Државниот управен инспекторат е утврдена со Законот за управната инспекција. Согласно член 15-б од Законот за Дополнување на Законот за управната инспекција(“Службен весник на РМ“бр.115/07),
1.“Редовниот инспекциски надзор опфаќа надзор над спроведувањето на Законот за општата управна постапка и другите закони што содржат одредби за управната постапка, како и над извршувањето на прописите од канцелариското работење.
2. Вонредниот инспекциски надзор се врши врз основа на иницијативи, претставки и предлози поднесени од државни органи, правни и физички лица, како и во случај на сомневање на инспекторот“.
Комисијата како независен државен орган работи и донесува одлуки (решенија и заклучоци) во согласност со надлежностите утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Комисијата решава по Жалбите на барателите на информации, а постапката по жалбите се спроведува согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.
Од тука произлегува дека Државниот управен инспекторат е надлежен да врши надзор над извршувањето на решенијата кои ги донесува Комисијата.
Државниот управен инспекторат во Известувањето доставено до Македонското здружение на млади правници, во врска со барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, наведува дека нема надлежност да врши инспекциски надзор на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од што произлегува дека нема донесено ниту било какви одлуки за неприменување на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во друго Известување кое исто така е доставено до Македонското здружение на млади правници, во врска со барање заведено под бр.17-4235/1 од 29 октомври 2010 година, Државниот управен инспекторат одговара на барање за број на поднесени претставки и колку од нив се поднесени од физички и колку од правни лица, во врска со непочитувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од што произлегува дека постапува по претставки и врши вонреден инспекциски надзор, во врска со непочитување на одредбите од горенаведениот Закон.
Во врска со ова Известување Државниот управен инспекторат во одговорот на Жалбата наведува дека “….Државниот управен инспекторат во Известувањето бр.17-4235/2 од 05.11.2010 година, потенцира дека такви претставки се примени, но оти странките се известени дека согласно законските одредби Инспекторатот нема надлежност да постапува по нив“.
Комисијата го разгледа наведеното Известување и утврди дека во истото никаде не е потенцирано горенаведеното во Одговорот на Жалбата.  
Истоа така, Комисијата утврди дека Известувањето бр.17-4235/2 е со датум од 08.11.2010година, а не од 05.11.2010 година, како што е наведено во Одговорот на Жалбата и смета дека датумот во Одговорот на Жалбата е печатна грешка, а не дека постои друго Известување под истиот број од друг датум.        
Во прилог на тврдењето на Комисијата дека Државниот управен инспекторат е надлежен и врши инспекциски надзор врз спроведувањето на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е и Записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот управен инспекторат, извршен во Министерството за култура, заведен под број Уп1 бр.17-30, со кој Комисијата располага во врска со друг предмет по кој постапуваше.
Врз основа на извршениот надзор Државниот управен инспекторат донел Решение бр.Уп. бр 17-30 од 03.11.2010 година.
Во образложението на Решението е наведено“ Постапувајќи по претставка… Инспекцискиот надзор е извршен за предмет бр.08-7592 во поглед на примената на одредбите на Законот за општата управна постапка и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“  
Од наведото произлегува дека Државниот управен инспекторат рсполага со бараната информација и е должен да му ја достави на барателот.
Поради наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и карактер и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

                                             Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација. “Соодветни подзаконски акти во врска со член 130 ст.(1) реченица 2 од Судскиот Деловник (Службен весник на РМ број 71/07, 157/09) (скратен назив СД), односно писмен акт за “Критериуми на распределба“ и соодветен писмен акт за “формирано и утврдено работно тело за распределба…“,  најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и  член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-463 од 26.11.2010 година, изјавена од М.К. од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
М.К. од Скопје како што се наведува во Жалбата, на 24.08.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Скопје 1, Скопје и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Соодветни подзаконски акти во врска со член 130 ст.(1) реченица 2 од Судскиот Деловник (Службен весник на РМ број 71/07, 157/09) (скратен назив СД), односно писмен акт за “Критериуми на распределба“ и соодветен писмен акт за “формирано и утврдено работно тело за распределба…“  
Основниот суд Скопје 1 на ова Барање одговорил со Известување ПЈИ бр.13/10 од 30.08.2010 година, со кое го известил барателот дека барањето согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е препратено до Министерството за правда.  
Со оглед на тоа што не добил одговор од Министерството за правда, М.К. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-463 од 01.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Не одговорило на препратеното Барање на барателот во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.П. од Охрид, против Решението на Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква-Струга Р.Е.Водовод – Охрид,   по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2010) на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.П. од Охрид, поднесена против Решението на Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение се поништува и СЕ ЗАДОЛЖУВА Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид, на барателот да му ја достави бараната информација 1.“Колку финансиски средства се исплатени на локалната ТВМ Охрид во изминативе две години 2009-2010г по сите основи (реклами, платени емисии, проекти, цесии..итн). Список со поединечни спецификации за извршени исплаќања.
2. Колку финансиски средства се исплатени (според кој договор – договорна цена) за рекламирање на услугите на ЈП проаква, на видеобилборд на градскиот плоштад во Охрид.
3.Колку финансиски средства се исплатени на сите локални медиуми радио, тв, веб портали во изминатите две години 2009-2010г по сите основи (реклами платени емисии,проекти, цесии..итн)“, најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр. 07-466 од 29.11.2010 година, изјавена од Г.П. од Охрид, против Решението на Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, оспореното Решение го поништи и го ЗАДОЛЖИ  Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид, на Барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до  01.02.2011 година, на начин и форма наведени во Барањето.
    По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
    Г.П. од Охрид на 26.10.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид,заведено под бр.03-2618/1 со кое ги побарал следните информации.
1.“Колку финансиски средства се исплатени на локалната ТВМ Охрид во изминативе две години 2009-2010г по сите основи (реклами, платени емисии, проекти, цесии..итн). Список со поединечни спецификации за извршени исплаќања.
2. Колку финансиски средства се исплатени (според кој договор – договорна цена) за рекламирање на услугите на ЈП проаква, на видеобилборд на градскиот плоштад во Охрид.
3.Колку финансиски средства се исплатени на сите локални медиуми радио, тв, веб портали во изминатите две години 2009-2010г по сите основи (реклами платени емисии,проекти, цесии..итн)“,
    Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид во врска со ова Барање на 18.11.2010 година, донело Решение за одбивање на Барањето заведено по бр. 03-2618/2.
    Во образложението на Решението е наведено дека “имателот на информации врз основа на Законот за изменување и дополнување на ЗСПИЈК член 2 став 6 по задолжително спроведениот Тест на штетност донесе одлука дека бараната информација потпаѓа под исклучоците од слободен пристап до информации врз основа на член 6 став 1 точка 6 од ЗСПИЈК. Со бараната информација се заштитуваат деловните партнери на МЈП – Проаква Р.Е Водовод – Охрид. Интересот кој се заштува со информацијата, со голема сигурност може да се претпостави дека ќе претрпи штетни последици на легитимните деловни интереси на деловните партнери …….интересот кој се заштитува со информацијата, со голема сигурност може да се претпостави дека е основано да се наметне поволна или неповолна позиција за конкретни поединци во преговори или во комерцијален конкурс“.
Незадоволен од образложението на наведеното Решение Г.П.  поднесе Жалба до Комисијата.
    Комисијата со допис број 07-466 од 01.12.2010 година ја препрати Жалбата до Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид и побара во рок од три дена Јавното претпријатие да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
    Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид во врска со ова барање на Комисијата достави Произнесување по Жалба бр. 03-12/2 од 5.01.2011 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-466 на 10.01.2011 година. Во произнесувањето Јавното претпријатие наведува дека “останува и понатака во се како во Решението за одбивање пристапот“.
    По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
    Образложението на Решението на Меѓуопштинското јавно претпријатие не е доволно за да се одбие пристапот до бараната информација, од следните причини.
    Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид во образложението на Решението наведува дека пристапот до информацијата го одбива затоа што утврдило дека спаѓа во исклучоците од слободниот пристап предвидени во член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и дека по спроведениот тест на штетност утврдило дека “Интересот кој се заштува со информацијата, со голема сигурност може да се претпостави дека ќе претрпи штетни последици на легитимните деловни интереси на деловните партнери.“
    Комисијата утврди дека наведеното образложение не е доволен аргумент за да се одбие пристапот до бараната информација. При спроведувањето на тестот на штетност Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид, како што е наведено во образложението на Решението навело дека со објавувањето на информацијата “може да се претпостави дека ќе претрпи штетни последици на легитимните деловни интереси на деловните партнери“, а не утврдило точно дека ќе настанат штетни последици на легитимните деловни интереси на деловните парнери односно, истите конкретно не ги навело и не образложило од кои причини би биле поголеми од јавниот интерес.
Комисијата смета дека со објавувањето на бараната информација нема да се наруши дискрецијата на парнерот и стабилноста на односите со деловните партнери во иднина и нема да има штетни последици во остварувањето на функцијата.
Исто така, Комисијата укажува дека, Меѓуопштинското јавно претпријатие – Проаква – Струга Р.Е.Водовод – Охрид е правно лице кое врши јавни овластувања, а јавноста има право да ја контролира работата на државните органи и носителите на јавни овластувања.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за правда – Државен управен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“бр.6/2010 година), на седницата одржана на 17 јануари  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за правда – Државен управен инспекторат бр.17-4330/2 од 26.11.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение се поништува и се ЗАДОЛЖУВА  Министерството за правда – Државен управен инспекторат, на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Информацијата со анализа за оправданоста, целисходноста и потребата од постоењето на Комисиите за решавање во втор степен на Владата на Република Македонија, доставена до Владата на Република Македонија во декември 2008 година“, најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата број 07-470 од 17.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за правда – Државен управен инспекторат, бр.17-4330/2 од 26.11.2010 година, ЈА УВАЖИ, оспореното Решение го поништи и го задолжи Министерството за правда – Државен управен инспекторат на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во жалбата, на 26.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда – Државен управен инспекторат и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација.
“Копија од Информацијата со анализа за оправданоста, целисходноста и потребата од постоењето на Комисиите за решавање во втор степен на Владата на Република Македонија, доставена до Владата на Република Македонија во декември 2008 година“ .
Министерството за правда – Државен управен инспекторат во врска со ова Барање донел Решение бр.17-4330/2 од 26.11.2010 година, со кое го одбил Барањето, со образложение “…текстот на бараната информација не е конечен истата не може да биде дадена согласно чле 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. По заземањето на конечен став од Владата на Република Македонија по бараната информација, истата ќе биде доставена до јавноста“.
Незадоволна од наведеното Решение, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ж.Х.З., поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-470 на 17.12.2010 година.
Комисијата со допис број 07-470 од 20.12.2010 година ја препрати Жалбата до Министерството за правда – Државен управен инспекторат и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда – Државен управен инспекторат на  29 12.2010 година достави Одговор на Жалба, заведен под бр.17-4330/4, а во Комисијата под бр.07-470 на 29.12.2010 година, во кој наведува дека останува на наводите во оспореното Решение. „Информацијата…не може да биде дадена на барателот затоа што е доставена до Владата на Република Македонија, која не се произнела за неа и нема донесено заклучок дека е усвоена од нејзина страна и истата нема конечна верзија…истата не може да биде дадена согласно член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го утврди следното.
Во образложението на оспореното Решение и Одговорот на жалбата Државниот управен инспекторат наведува дека, во конкретниот случај, бараната информација е создадена, постои, и е доставена до Владата на Република Македонија. Образложението дека истата нема конечна верзија затоа што Владата не се произнела по неа, не може да биде основ за одбивање на пристапот. Барателот не ја бара конечната верзија на информацијата усвоена на седница на Владата, туку верзијата подготвена во Државниот управен инспекторат, која во таа фаза е завршена и е доставена до Владата, а не е во постапка на подготвување.
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Влада на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“бр.6/2010 година), на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат, бр.14-7139/2 од 07.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, оспорениот Заклучок се поништува и се ЗАДОЛЖУВА Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата број 07-476 од 21.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Влада на Република Македонија-Генерален секретаријат, бр.14-7139/2 од 07.12.2010 година, ја УВАЖИ, оспорениот Заклучок го поништи и ја ЗАДОЛЖИ  Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 24.11.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија- Генерален секретаријат и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација.
“Копии од записниците од сите седници на Комитетот за реформи во државната администрација, одржани во периодот 1 јануари 2010 година до 19 ноември 2010 година“ .
Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат, во врска со ова Барање донел Заклучок бр.14-7139/2 од 07.12.2010 година, со кој ја запрел постапката по Барањето, бидејќи како што е наведено во образложението “Од извршениот увид во архивата на генералниот секретаријат произлегува дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија не располага со таква информација“.
Незадоволна од образложението на добиениот Заклучок, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис број 07-476 од 21.12.2010 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор на жалба бр. 14-7139/4 од 05.01.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-476 на 10.01.2011 година.
Во одговорот Генералниот секретаријат го потврдува наведеното во Образложението на оспорениот Заклучок дека …по извршениот увид во архивата на Генералниот секретаријат произлегува дека таква информација…не била разгледувана на Владина седница, ниту пак Генералниот секретаријат располага со таква информација“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го утврди следното.
При постапувањето по Барањето, Генералниот секретаријат не го земал предвид членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер според кој “Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
Согласно член 16 став 1 од Деловникот за работа на Владата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2008) „Генералниот секретар во согласност со упатствата на претседателот на Владата ги врши работите во врска со организирањето и подготвувањето на седниците на работните тела и на Владата“.
Согласно член 44 од Деловникот „Владата со одлука образува посебни работни тела (комитети и други тела) за остварување на стратешките цели за интегрирање на Република Македонија во Европската унија и за вклучување во евроатлантските интеграции“.
Согласно наведениот член Владата на седницата одржана на 14.07.2009 година донела Решение бр. 19-3647/1, со кое е формирано работно тело – Комитет за реформи во државната администрација („Службен весник на Република Македонија“ бр.89/2009), чиј претседател е претседателот на Владата.
Тоа значи дека Комитетот за реформи во државната администрација, како работно тело на Владата, според член 45 став 1 од Деловникот „работи на седница“, а според ставот 4 од истиот член претседателот на Комитетот „остварува соработка со Генералниот секретаријат и користи совети и мислења во однос на утврдување на ставови по одделни прашања од дневниот ред на седницата“.
Во конкретниот случај, од содржината на Барањето и од надлежностите на Генералниот секретаријат предвидени во Деловникот за работа на Владата на Република Македонија произлегува дека Генералниот секретаријат, доколку тврди дека не располага со бараната информација како што е наведено во Заклучокот, треба да знае кој друг е имател на бараната информација.
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следниот

                                            З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, постојана парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помоши нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-438 од 15.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје на 21.09.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
“Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, постојана парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помоши нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита“.
Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-438 од 16.11.2010 година ја препрати Жалбата до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница одговори со допис бр.03-364/4 од 24 11.2010 година, а во Комисијата заведен како Доставување на информација бр.07-438 од 06.12.2010 година, во кое е наведено дека поради ненамерен пропуст при архивирањето „бараната информација се до моментот на приемот на жалбата…не беше доставена…бараните информации…на 24.11.2010 година се доставени по пошта…“.
Македонското здружение на млади правници-Скопје на 17.12.2010 година до Комисијата достави Известување во кое наведува дека до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница ќе достави Дополнително барање, затоа што одговорот содржи само дел од бараните информации.
На 12.01.2011 година, Македонското здружение на млади правници-Скопје до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-438, со кое известува дека Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница до Здружението доставила одговор по поднесеното Барање од кој е задоволно.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Виница одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на   17 јануари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-452 од 18.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 21.09.2010 година,  препорачано по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
“Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“
Министерството за труд и социјална политика, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-452 од 24.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството за труд и социјална политика достави допис бр.14-6469/3 од 15.09.2010 година а во Комисијата под број 07-452 од 04.01.2011 година, насловен до Македонското здружение на млади правници.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 04.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-452 со кое ја известува дека имателот доставил одговор на поднесеното барање од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Mинистерството за труд и социјална политика одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 јануари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-446 од 18.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 21.09.2010 година,  препорачано по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
“Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“
Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-446 од 23.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево достави допис бр.03-638/2 од 20.12.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-446 од 27.12.2010 година, во кој се наведува: ”Ве известуваме дека ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Крушево ги достави бараните податоци од страна на Здружението на млади правници-Скопје за што во прилог Ви доставуваме примерок“.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 04.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-446 со кое ја известува дека имателот доставил одговор на поднесеното барање од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Крушево одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од И.С. од Струмица, поднесена против Основен суд Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 јануари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од И.С. од Гевгелија, поднесена против Основен суд Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови бр.391142 и скица за извршено престигнување“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-422 од 05.11.2010 година, изјавена од И.С. од Гевгелија, поднесена против Основен суд Гевгелија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
И.С. од Гевгелија, на 20.09.2010 година,  поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Гевгелија и побарал фотокопија од следните информации.
“Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови бр.391142 и скица за извршено престигнување.“
Основниот суд Гевгелија на наведеното Барање одговорил со допис бр.П.И.Ј.К Бр.1/10 од 07.10.2010 година.
Незадоволен од наведениот одговор И.С. на 18.10.2010 година, доставил повторно барање, до Основниот суд Гевгелија.
На повторното барање Судот одговорил со допис ПИЈК бр.1/1-10 од 21.10.2010 година, кој барателот го примил на 30.10.2010 година.
Во одговорот Судот го известува барателот дека по барањето неможе да постапи во законски предвидениот рок, бидејќи прекршочниот предмет по жалба доставен од негова страна е доставен до второстепениот суд, заради  понатамошно одлучување.
Незадоволен од наведеното известување И.С. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-422 од 09.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Гевгелија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Основниот суд Гевгелија одговори со допис бр.ПИЈК 1/10 од 11.11.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-422 на 18.11.2010 година, во кој се наведува ”Поради објективни причини на барателот на информации не може да му се достави записник во кој е наведено регистрирање негативни бодови и скицата за извршено престигнување, бидејќи прекршочниот предмет Прк-С-826/10 по жалба е доставен до Апелациониот суд Скопје за понатамошно одлучување.“
Основниот суд Гевгелија со допис бр.Пијк бр.1/1-10 од 10.12.2010 година, во Комисијата заведен под бр.07-422 на 28.12.2010 година, ја извести Комисијата дека на барателот И.С. му се доставени бараните информации. Во прилог достави пропратно писмо насловено до барателот и фотокопија од повратница потпишана од барателот на 18.12.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Основниот суд Гевгелија одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од И.С., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај Судот од објективни причини не бил во можност да го запази рокот за доставување на бараната информација, но битно е дека постапил по Барањето и кога предметот бил вратен од Апелациониот суд во Скопје, ја доставил бараната информација до барателот.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 јануари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-439 од 15.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 21.09.2010 година,  со препорачана пратка по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
“Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“
Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-439 од 16.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино одговори со Известување бр.03-650/2 од 24.11.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-439 на 01.12.2010 година. Известувањето е одговор на бараната информација.
Македонското здружение на млади правници до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-439 на 14.12.2010 година, со кое ја известува Комисијата дека добиле одговор по поднесеното барање, но од истиот не се задоволни и имаат поднесено дополнително барање до Центарот. Од наведените причини бараат Комисијата да не постапува по Жалбата до доставувањето на информација од Центарот по поднесеното дополнително барање.  
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 05.01.2011 година, по меил до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-439 со кое ја известува дека имателот доставил одговор на поднесеното барање од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 јануари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-448 од 18.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Свети Николе и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 21.09.2010 година,  со препорачана пратка по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Свети Николе и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
“Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“
Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа- Свети Николе, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-448 од 24.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа- Свети Николе и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Свети Николе одговори со допис бр.0302-1831/3 од 09.12.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-448 на 14.12.2010 година, во кој се наведува: ”ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Свети Николе Ве известува дека информацијата која од нас е барана од страна на Задружението на млади правници во Скопје на 09.12.2010 година истата им е доставена……..“
Македонското здружение на млади правници до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-448 на 21.12.2010 година, со кое ја известува Комисијата дека добиле одговор по поднесеното барање, но од истиот не се задоволни и имаат поднесено дополнително барање до Центарот. Од наведените причини бараат Комисијата да не постапува по Жалбата до доставувањето на информација од Центарот по поднесеното дополнително барање.  
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 05.01.2011 година, по меил до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-448 со кое ја известува дека имателот доставил одговор на поднесеното барање од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Свети Николе одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Судски совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на    17 јануари  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Судски совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Акт именуван како __________со бр.____ од ден _____Скопје евидентиран при Судскиот совет на РМ, кој е во согласност со одредбите од член 55 ст.(2) од Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/06, 35/08), односно согласно со Деловникот цитат: “Акт ги пропишува формата и содржината на Образецот на судската легитимација, начинот на нејзиното издавање и одземање“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-460 од 26.11.2010 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Судски совет на Република Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.К. од Скопје на 25.10.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Судски совет на Република Македонија и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната  информација.
“Акт именуван како __________со бр.____ од ден _____Скопје евидентиран при Судскиот совет на РМ, кој е во согласност со одредбите од член 55 ст.(2) од Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/06, 35/08), односно согласно со Деловникот цитат: “Акт ги пропишува формата и содржината на Образецот на судската легитимација, начинот на нејзиното издавање и одземање“.
Судскиот совет на РМ на ова Барање одговорил во законски предвидениот рок, со допис бр.03-1677/2 од 28.10.2010 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува “Информациите кои ги барате се објавени во “Службен весник на РМ“ број 15/2007 година. Судскиот совет на Република Македонија, како имател на информации од јавен карактер, Ви ја доставува бараната информација, и покрај тоа што имате пристап до истата.“
Незадоволен од Одговорот М.К. поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбара наведува дека “…..испратениот текст не ги содржи основните законски елементи на законски пропис односно нема штембил на имателот, нема соодветен евидентен деловоден број од архивата…….“, барам да ми се достави соодветен акт во законски рок, како одговор на овој поднесок.“     
Комисијата со допис бр.07-460 од 01.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Судскиот совет на Република Македонија  и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
 Во врска со ова Барање Судскиот совет на Република Македонија  достави Одговор на Жалба бр.03-1677/4 од 07.12.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-460 на 14.12.2010 година. Со овој Одговор Судскиот совет  ја известува Комисијата дека, на барателот му ја доставил бараната информација. Во прилог достави фотокопија од бараниот Правилник објавен во “Службен весник на РМ“, и смета дека жалбениот навод е неоснован.
После овој одговор и консултациите на службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот и службеното лице во Судскиот совет на Република Македонија, Судскиот совет до Комисијата достави Известување бр.03-1677/6 од 23.12.2010 година, во Комисијата заведено под бр.07-460 на 29.12.2010 година.
Во Известувањето се наведува дека Судскиот совет на Република Македонија на барателот М.К. му ја достави информацијата во бараната форма. Во прилог достави допис бр.03-1677/5 од 20.12.2010 година, насловен до М.К. и доказ (фотокопија од доставница) дека истиот го примил на 08.01.2011 година.       
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Судскиот совет на Република Македонија одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од М.К. во рок но не и во бараната форма.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но информацијата во бараната форма ја доставил по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 јануари 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од проценка на влијанието на регулативата на Законот за јавни службеници“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-221 од 05.01.2011 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, против Министерството за правда и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници на 11.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната  информација.
“Копија од проценка на влијанието на регулативата на Законот за јавни службеници.“
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-221 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
 Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалбата бр.07-19684 од 04.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-221 на 10.08.2010 година. Со овој Одговор Министерството ја известува Комисијата дека, на барателот му доставило Известување бр.07-1968/3 од 04.08.2010 година, кое го достави и до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
Од наведените причини Комисијата на 28 септември донесе Решение бр.07-221, со кое ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 18.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Македонското здружение на млади правници Скопје, преку адвокатот М.Р. до Комисијата достави Жалба поради неспроведување на Решението на Комисијата, заведена под број 07- 221 на 05.01.2011 година.
Во Жалбата покрај другото наведува “Имателот на информацијата до денешниот датум сеуште нема постапено во согласност со Решението на Комисијата бр.07-221 од 28.09.2010 година, а не постапил ниту после доставеното известување со кое повторно се бара од имателот да постапи согласно предметното Решение.“
Македонското здружение на млади правници на 12.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-221 со кое ја известува Комисијата дека по поднесувањето на Жалбата од 05.01.2011 година, имателот доставил одговор на поднесеното барање од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за правда одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.