ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 23 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 152 седница одржана на 25 август 2010 година, донесе 5 решенија и 23 заклучоци.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 25 август 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку студентски одморалишта постојат на територијата на Р.Македонија, кој управува со нив и кои се условите за пријавување за престој во истите?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука, да го препрати барањето до имателите кои располагаат со бараната информација најдоцна во рок од 10 дена од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-249 од 13.07.2010 година, изјавена од К.М. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ имателот да го препрати барањето до имателите кои располагаат со бараната информација најдоцна во рок од 10 дена од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
К.М. од Скопје, на 19.05.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија, и побарал да му ја достават следната информација. “Колку студентски одморалишта постојат на територијата на Р.Македонија, кој управува со нив и кои се условите за пријавување за престој во истите?“
На 07.06.2010 година, Владата на Република Македонија, му доставила одговор бр.14-2947/3, со кој го известила дека барањето го препратила до Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука по препратеното барање од Владата на Република Македонија доставило одговор бр.16-4009/2 од 28.06.2010 година, со кој му укажува на барателот, дека бараната информација не е од нивна надлежност и го упатува да го достави барањето до Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” Скопје, Универзитетот “Св.Климент Охридски” Битола, како и до студентските парламенти при овие универзитети.
Незадоволен од наведениот одговор, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-249 од 27.06.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена Министерството да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука, одговори на ова барање на Комисијата и достави Произнесување по жалба, бр.16-5395/2 од 12.08.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-249 на 19.08.2010 година.
Во Произнесувањето по жалбата, Министерството за образование и наука наведува дека “Со оглед на тоа дека по однос на конкретната информација…како можни иматели на информации се појавуваат неколку, а не само една институција Министерството единствено можеше да го упати барателот на институцијата каде би можел да ги добие бараните информации.”
По разгледувањето на Жалбата и сите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Со оглед на тоа што Министерството во Известувањето до барателот навел неколку институции како можни иматели, било должно да го препрати барањето до наведните иматели, а не да го извести барателот “ова прашање треба да го доставите до надлежните служби при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” Скопје, Универзитетот “Св.Климент Охридски” Битола, како и до студентските парламенти при овие универзитети.”
Ваквото постапување е спротивно на член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), бидејќи имателот не го препратил барањето до имателите кои според содржината на барањето се иматели на информацијатаи кои ги наведува во своето известување и за тоа не го известил барателот.
Комисијата укажува дека, доколку имателот не е сигурен кој ја поседува бараната информација, требал да одговори дека не располага со истата, а не да го препраќа барателот сам да ја бара информацијата од наведените институции.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје против Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 25 август 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје против Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност бр.02-746/2 од 09.07.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-292 од 30.07.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, Решението на националната агенција за европски образовни програми и мобилност бр.02-746/2 од 09.07.2010 година го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 11.06.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Работен план/План за реализација на подготвителни мерки за програмите Доживотно учење и Млади во акција – официјален почеток на подготвителните мерки, односно процесот на акредитација“.
По ова Барање Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во законски предвидениот рок, донела Решение за одбивање на пристап до информација бр. 02-746/2 од 09.07.2010 година. Во образложението на Решението е наведено дека барањето се одбива поради тоа што „носител на оваа информација е Европската Комисија – Генерален Директорат за образование и култура“ со седиште во Брисел и дека за доставување на оваа информација барателот треба да добие писмена согласност од Европската Комисија, по што „бараната информација ќе биде на располагање“.
Незадоволна од наведеното Решение, Фондацијата преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-292 на 30.07.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-292 од 03.08.2010 година ја препрати Жалбата до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и побара во рок од 3 дена Агенцијата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одговори на ова барање на Комисијата со допис бр.03-746/5 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-292 на 20.08.2010 година.
Во Произнесувањето по Жалбата, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност останува на наводите во Решението за одбивање пристап и наведува “…. Сметаме дека со ваквата одлука Националната Агенција не постапила спротивно на ЗСПИЈК“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) и донела Решение кое не е во согласност со Законот.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, исклучоците од слободниот пристап до информации од јавен карактер наведени се во член 6, став 1, од точка 1 до точка 8. Само врз основа на наведените исклучоци Агенцијата може да донесе Решение за одбивање на пристап и при тоа може да се повика на своите матични закони врз основа на кои ја врши својата дејност. Основ за одбивање на пристапот до бараната информација е Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи постапката по барањата за слободен пристап се спроведува според наведениот Закон.
Упатувањето на барателот да се обрати до Европската комисија-Генерален директорат за образование и култура и да обезбеди писмена согласност од нив, не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 18 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена е должен да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот“.
Во конкретниот случај не се работи за препраќање на барањето, а сепак имателот на информацијата, иако во одговорот на Жалбата наведува “Националната агенција никаде не истакнала дека не располага со бараната информација“, го упатува барателот да побара писмена согласност од Европската комисија-Генерален директорот за образование и култура.
Според член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“.
Оттука произлегува дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со оглед на тоа што наведува дека располага со бараната информација била должна истата да му ја достави на барателот.
Во Одговорот на Жалбата, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, од една страна го упатува барателот да се обрати до Европската комисија-Генерален сектетаријат за образование и култура, а од друга страна наведува дека “Европската Комисија…ги утврдува условите и начинот на работа…“ и дека „Националната агенција не смее да постапи спротивно на нивните насоки и барања бидејќи во спротивно би дошло до несакани последици како за Националната агенција, така и за Република Македонија во однос на користењето на европските фондови за образование…Во конкретниот случај Европската Комисија…не се согласува ваков документ, кој е предмет на усогласување и одобрување од нивна страна, да се изнесува во јавност“. Притоа е нејасно зошто го одбива пристапот повикувајќи се на член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а го образложува и член 6 став 1 точка 7 од истиот Закон.
Во секој случај, Националната агенција пред да го донесе Решението не постапила и согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не го спровела задолжителниот тест на штетност, за да утврди дали со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 25 август 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Министерството за образование и наука бр.20-4020/2 од 12.07.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-279 од 21.07.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје против Министерството за образование и наука, ЈА УВАЖИ, Решението на Министерството за образование и наука бр.20-4020/2 од 12.07.2010 година ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата институт отворено општество -Македонија на 03.06.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука и побарала од Министерството да и достави по пошта фотокопија од :
“Извештај од внатрешната ревизија од МОН на работата на НА како и резултатите од надворешната независна ревизија (СЕП извештајот март 2010: The results of the internal audit conducted by the Ministry od Education and Science on the work of the National Agency for European educational programmes and mobility, as wel as the results of the external independent audit are expected to be ready in the following period) “.
Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на барателот на информацијата му доставила Решение бр.20-4020/2 од 12.07.2010 година, со кое го одбила неговото барање. Во образложението на Решението е наведено дека „Барањето…се одбива согласно член 6 став 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и бр.6/2010)“.
Незадоволна од образложението на добиеното Решение, Фондацијата институт отворено општество – Македонија, преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-279 од 27.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството на овој допис на Комисијата одговори со допис произнесување по жалба бр. 19-5415/2 од 17.08.2010 година, заведен во Комисијата под бр. 07-279 од 23.08.2010 година. Во него, меѓу другото, Министерството наведува дека „…барањето…се одбива согласно член 6 став 6 од ЗСПИЈК, кој се однесува на „информација што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата„ и за истото не е предвидено спроведување на тест за штетност“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот целосно не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Министерството за образование и наука при донесувањето на Решението погрешно се повикало на непостоечки став 6 од членот 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а всушност го цитирало член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, Министерството пред да го донесе Решението не постапило согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) и не го спровело задолжителниот тест на штетност, за да утврди дали со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон.
Во случајов Министерството за образование и наука погрешно ги применило одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010)“, бидејќи во членот 4 од Законот е предвидено задолжително спроведување на тестот на штетност за сите исклучоци наведени во член 6 став 1 (точки 1 до 8) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што ја опфаќа и точката 6 на која при одбивањето на пристапот се повикува Министерството.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 25 август 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-281 од 26.07.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Управата за јавни приходи, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата бр.07-281 и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 16.06.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Фотокопија од двата квартални извештаи од 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии. И листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии“.
Управата за јавни приходи по ова Барање на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија и доставила Одговор на барање бр. 12/4954/1 од 21.06.2010 година. Во одговорот Управата не ја дава бараната информација, туку најпрво го запознава со информација која не е наведена во Барањето, а потоа наведува дека „сите други информации…се даночна тајна согласно член 9 од Законот за даночна постапка…“, за на крајот да го упати барателот на одредби од Законот за финансирање на политичките партии.
Незадоволна од добиениот одговор Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ф.С.М., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-281 од 26.07.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-281 од 27.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи на ова барање на Комисијата, одговори со допис бр. 12-4954/4 од 29.07.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-281 од 04.08.2010 година.
Во Произнесувањето по жалбата, меѓу другото, се наведува и следното.
“Поднесеното барање на Фондацијата Институт отворено општество е неосновано од следните причини: …е во спротивност на член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…исто така е во спротивност на член 8 и член 9 од Законот за даночна постапка…следствено на погоренаведеното, нема правен основ барателот да бара толку доверлива информација која е со соодветен степен на тајност, личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци и информација за архивско работење која е утврдена како доверлива од Управата за јавни приходи…таквата информација Управата за јавни приходи ја нема карактеризирано како информација од јавен карактер…на мислење сме дека преку достава на ваков вид на информација…ќе предизвика значителна штета и клучно е одмерувањето на штетните последици наспроти користа од јавниот интерес“.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата утврди дека Управата за јавни приходи не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма.
Службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот телефонски му укажа на службеното лице кое посредува со информациите на Управата за јавни приходи да постапат согласно Законот и наместо да му доставуваат одговор на барателот, да донесат решение за одбивање на пристапот, со образложение кое ќе ги содржи сите причини за одбивањето, како и со упатство за правно средство со кое ќе му се овозможи правото на жалба на барателот.
Во врска со погореизложеното, Комисијата и укажува на Управата за јавни приходи на следното.
Имателот на информации може во целост или делумно да го одбие пристапот до бараната информација, доколку утврди дека таа спаѓа во исклучоците предвидени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Исто така, Министерството пред да го донесе Решението не постапило согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) и не го спровело задолжителниот тест на штетност, за да утврди дали со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон.
Барањето се одбива ( целосно или делумно) со решение. Решението мора да биде образложено и да содржи упатство за правно средство.
Од наведените причини е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.М. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје–Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 25 август 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.М. од Скопје против Решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје – Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје – Граѓански суд 03 СУ.бр.1482/2010 од 01.07.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-299 од 16.08.2010 година, изјавена од Т.М. од Скопје против Решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје–Граѓански суд, ЈА УВАЖИ, Решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје – Граѓански суд 03 СУ.бр.1482/2010 од 01.07.2010 година ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Т.М. од Скопје на 15.06.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје 2 Скопје–Граѓански суд и побарал од Судот да му овозможи увид и да му достави по пошта фотокопија од :
„Парничен предмет 17 бр. 351/09 со фотокопирање на поодделни делови“.
Основниот суд Скопје 2 Скопје – Граѓански суд на барателот на информацијата му доставил Решение 03 СУ.бр.1482/2010 од 01.07.2010 година, со кое го одбил неговото барање. Во образложението на Решението е наведено„…списите на судските предмети не претставуваат информации од јавен карактер во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што до нив да можат да имаат пристап сите физички и правни лица. Токму спротивното произлегува од процесните закони со кои се уредени судските постапки во кои точно и прецизно е определено на кои субјекти и под кои услови може да им се дозволи разгледување, препишување и добивање на фотокопија од списите во постапките. Така, согласно член 144 ст.1 од Законот за парнична постапка…определено е дека само странките во постапката имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите на постапката во која учествуваат. Согласно став 2 од истиот член, на други лица кои имаат оправдан интерес може да им се дозволи разгледување, препишување или копирање на одделни списи во присуство на овластено лице на судот…Во конкретниот случај, барателот Т.М. од Скопје…своите барања може да ги остварува само во рамки на таа постапка, согласно одредбите на Законот за парнична постапка…, а не во постапка за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
Незадоволен од образложението на добиеното Решение, Т.М. од Скопје, преку Основниот суд Скопје 2 Скопје – Граѓански суд, поднесе Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Основниот суд Скопје 2 Скопје– Граѓански суд при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е поднесено Барањето, туку се повикал на одредби од Законот за парнична постапка.
Комисијата на Основниот суд Скопје 2 Скопје–Граѓански суд му укажува дека на доставени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер треба да одговара исклучиво согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не според одредби од процесните закони со кои се уредени судските постапки.
Основниот суд Скопје 2 Скопје–Граѓански суд при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не се повикал на исклучоците од слободен пристап до информации наведени во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis. Основниот суд Скопје 2 Скопје – Граѓански суд пред да го донесе Решението не постапил согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 4 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ бр.6/2010) “По исклучок од ставот 1 на овој член имателите на информации ќе одобрат пристап до информација, по задолжително спроведениот тест на штетност, со кој ќе се утврди дека со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата“
Неспорно е дека Судот работи по погоре цитираните процесни закони, но тие треба да бидат дополнително образложение за одбивање на пристапот. Одбивањето на пристапот се врши само согласно член 6 став 1 (точки 1 до 8) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниов случај Комисијата укажува на следното.
Граѓаните имаат право на пристап до информации од јавен карактер. Ова право им е гарантирано со Уставот на Република Македонија, а операционализирано во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Транспарентноста, отчетноста и одговорноста на државните институции е од суштинско значење за едно демократско општество.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на барателите на информации да им обезбеди брз, едноставен и по можност бесплатен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“. Информациите кои ги создале и со кои располагаат имателите на информации се од јавен карактер и во принцип пристапот до истите не треба да биде ограничен.
Слободен пристап до информациите од јавен карактер имаат сите физички и правни лица. Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат и странски физички и правни лица во согласност со овој и друг закон. Барателот на информацијата согласно наведениот Закон нема никаква обврска да го наведе правниот интерес и да образложи зошто ја бара наведенатa информација, а имателот на информацијата нема право да бара образложение за причините од потребата на информацијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 25 август 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалба изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Копија од проценка на влијанието на регулативата на Законот за бесплатна правна помош?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-244 од 07.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за правда и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници, на 11.05.2010 година, како што наведува во Жалбата, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија, по пошта да му се достави следната информација.
“Копија од проценка на влијанието на регулативата на Законот за бесплатна правна помош?“
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-244 од 15.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда достави Одговор на Жалба заведен под број 07-1966/3 од 04.08.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-244 од 10.08.2010 година.
Во одговорот се наведува: “Министерството за правда достави одговор до Здружението на млади правници.“
Во прилог го достави и Одговорот до Здружението заведено под бр.07-1966/2 во кој наведува дека им го доставуваат бараниот документ.
Македонското здружение на млади правници на 13.08.2010 година, достави допис по електронска пошта до Комисијата во кој наведува дека од страна на Министерството за правда им се доставени бараните информации и од истите се задоволни.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека Министерството за правда одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретнипот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ Гостивар, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 25 август 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ Гостивар, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колкав број на дози од секоја вакцина од задолжителниот календар на имунизација според Програмата за задолжителна имунизација на населението во РМ во 2009 година останале непотрошени до крајот на 2009 година. “, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-269 од 15.07.2010 година, изјавена од Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ Гостивар, поднесена против Министерството за здравство и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ Гостивар, на 19.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство и побарало во препис по пошта да и ја достават следната информација.
“Колкав број на дози од секоја вакцина од задолжителниот календар на имунизација според Програмата за задолжителна имунизација на населението во РМ во 2009 година останале непотрошени до крајот на 2009 година.“
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање, не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-269 од 27.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ Гостивар на 12.08.2010 година, до Комисијата достави Поднесок во Комисијата заведен под бр.07-269, со кој ја известува дека, Министерството за здравство одговорило на сите дваесет и две (22) прашања на 09.08 2010 година и поради тоа ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за здравство одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ Гостивар, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
***************************************
Идентична беше постапката спроведена во Комисијата уште по 21 жалба поднесена од Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина” од Гостивар против Министерството за здравство кои се однесуваа по барања за различни информации и тоа:
– “Колкав број на дози од секоја вакцина од задолжителниот календар на имунизација според Програмата за задолжителна имунизација на населението во РМ во 2008 година останале непотрошени до крајот на 2008 година “
– “За реализација на Програмата за здравствена заштита на лица со душевни растројства во РМ во 2009 година (“Службен весник на РМ бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 46.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “За реализација на Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во РМ во 2009 година (“Службен весник на РМ бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 30.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година. “
– “За реализација на Програмата за обезбедување на трошоците на болните кои се третираат со дијализа, за обезбедување на лекови за трансплатирани болни и за обезбедување на цитостатици, инсулин, хормон за раст и лекување на болни со хемофилија во РМ во 2009 година (“Службен весник на РМ бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 89.548.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година. “
– “За реализација на Програмата за испитување на појавата, раширеноста, спречувањето и сузбивањето на бруцелозата кај луѓето во РМ во 2009 година (“Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 8.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на програмата за 2009 година.“
– “За имплементација на националниот акционен план за здравство, во склоп на Декадата за инклузија на Ромите во 2008 беа наменети 1.000.000,00 денари, колку од тие средства беа потрошени за имплементација и за кои активности? Ако е можно, Ве молиме да ни дадете информација за потрошените средства, разложени по активности.“
– “За реализација на Програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во РМ во 2009 година (“Службен весник на РМ бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 15.500.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “Колку патронажни сестри се вработени во Здравствените домови во 10 0пштини (Гостивар, Тетово, Куманово, Прилеп, Кичево, Битола, Штип, Виница, Кочани и Скопје општина Шуто Оризари) дадено по општина во 2009 година?“
– “Колку изнесува износот на месечна бруто плата, на патронажна сестра, вклучувајќи ги сите придонеси, во првото тромесечје во 2010 година.“
– “За реализација на Програмата за превентивна здравствена заштита во РМ во 2009 година (“Службен весник на РМ бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 90.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “За имплементација на националниот акционен план за здравство, во склоп на Декадата за инклузија на Ромите во 2009 беа наменети 1.000.000,00 денари, колку од тие средства беа потрошени за имплементација и за кои активности? Ако е можно, Ве молиме да ни дадете информација за потрошените средства, разложени по активности.“
– “За реализација на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 32.700.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година. Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година?“
– “За реализација на Програмата за превентивна здравствена заштита во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 90.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година. Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “За реализација на Програмата за рано откривање, дијагностицирање и лекување на ракот на дојката во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 10.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година. Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “За реализација на Програмата за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 8.500.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “За реализација на Програмата за систематски прегледи на учениците и студентите во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 40.500.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “За реализација на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 8.200.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“
– “За реализација на Програмата за задолжителна имунизација на населението во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 245.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година?“
– “За реализација на Програмата за здравје за сите и континуирана медицинска едукација во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 12.000.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година.“
– “За реализација на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 55.002.900,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година?“
– “За реализација на Програмата за здравствена заштита на одредени групи на население и одделни заболувања на граѓани кои не се здравствено осигурани во РМ во 2009 година (Службен весник на РМ, бр.3 од 09.01.2009) биле предвидени 80.390.000,00 денари, колку од овие средства биле потрошени до крајот на 2009 година? Ако е можно, Ве молиме да ни го ставите на располагање Годишниот извештај за реализација на Програмата за 2009 година.“