ДОНЕСЕНИ 20 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 145 седница одржана на 12 мај 2010 година, донесе 20 решенија и 4 заклучоци.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Известувањето на Куќниот совет на Ул. „Ленинова“ бр. 33-а Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Известувањето на Куќниот совет на Ул. „Ленинова“ бр. 33-а Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер , СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-43 од 22.03.2010 година, изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Известувањето на Куќниот совет на ул. „Ленинова“ бр. 33-а Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како неоснована.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Д.М. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 04.02.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Ј.М.С., претседател на Советот на станари на Ул. „Ленинова“ бр 33-а Скопје и ги побарала следните информации:
„1. Одлука на Советот на станари за висината на партиципација за одржување на зградата.
2. План за одржување на зградата, односно начинот за обезбедување на паричните средства.
3. Овластувања на правни застапници“.
На ова Барање, Куќниот совет на зградата на ул.”Ленинова” бр.33-а во Скопје одговорил со допис Известување бр.053/2010 од 26.02.2010 година и прилог-полномошно за адвокатското друштво Чукиќ и Марков, заведено во Куќниот совет под бр.040-1/2010 од 13. 01.2010 година.
Незадоволен од наведениот одговор, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-43 од 20.04.2010 година ја препрати Жалбата до Куќниот совет на Ул. „Ленинова“ бр. 33-а Скопје и побара од во рок од 5 дена Советот да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Полномошникот на Куќниот совет на Ул. „Ленинова“ бр. 33-а Скопје, Адвокатското друштво Чукиќ и Марков достави до Комисијата Известување за преупатување на Барање бр. 3995-1/0336 од 15.04.2010 година, заведено во Комисијата под бр.07-43 од 20.04.2010 година. Во Известувањето, меѓу другото се наведува дека бараните информации „…претставуваат дел од обемната документација за основање на Куќниот совет која е архивирана, поради што Куќниот совет на Ул. „Ленинова“ бр. 33-а во моментот не располага со истата. Од таа причина, а согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Ве известуваме дека го препративме ова Барање до Централниот регистар на РМ, Регистрациона канцеларија Скопје, како имател на побаруваните информации“.
По разгледувањето на сите списи по предметот Комисијата констатира дека Куќниот совет на Ул. „Ленинова“ бр. 33-а Скопје не е имател на информации, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и оттука немал обврска постапката по барањата да ја спроведува по овој Закон.
Согласно член 3 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општината , на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес утврдени со закон“.
Куќниот совет на Ул. „Ленинова“ бр. 33-а Скопје е правно лице основано согласно Законот за домување кој претставува lex specialis во работењето на Куќниот совет.
Со ниту еден член од овој Закон не е регулирано дека Куќните совети, односно Советите на станари вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес.
Од наведените причини и постапката по Жалбата не може да се спроведе според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Асоцијацијата “Магна Карта“ од Велес, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Асоцијацијата “Магна Карта“ од Велес, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Агенцијата за вработување за делумно одбивање на пристапот бр.03-171 од 21.04.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за вработување на Република Македонија на барателот да му ги достави информациите наведени во алинеја 1, и 5 од Барањето, односно “-Список со податоци за претпријатија во доминантна државна сопственост, изготвен согласно популарно наречениот “Закон за стечајците“ (Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000-2004 година); -Дали АВРМ веќе има одлучувано за околу 350-те поднесени барања од 30-те претпријатија за кои се уште не беше доставен ваков список за сопственичката структура на претприатието“ најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
За информациите наведени во алинеите 2, 3 и 4 од Барањето, Жалбата СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07- 84 од 03.05.2010 година, изјавена од Асоцијацијата “Магна Карта“ од Велес, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Агенцијата за вработување на Република Македонија за делумно одбивање на пристапот бр.03-171 од 21.04.2010 година го ПОНИШТИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата на барателот да му ги достави информациите наведени во алинеја 1, и 5 од Барањето, односно “-Список со податоци за претпријатија во доминантна државна сопственост, изготвен согласно популарно наречениот “Закон за стечајците“ (Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000-2004 година); -Дали АВРМ веќе има одлучувано за околу 350-те поднесени барања од 30-те претпријатија за кои се уште не беше доставен ваков список за сопственичката структура на претприатието“ најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Асоцијацијата “Магна Карта“ од Велес на 04.02.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за вработување на Република Македонија заведно во Агенцијата под број 03-171 и ја побарала следната информација:
“- Список со податоци за претпријатија во доминантна државна сопственост изготвен согласно популарно наречениот “Закон за стечајците“;
-вкупниот број на лица со ваков статус на “невработени лица“ коишто согласно погоре цитираниот Закон, го оствариле правото на добивање месечен паричен надоместок, на ниво на цела територија на РМ:
-колку од обжалените решенија се поништени од Министерството за труд и социјална политика, односно решени во корист на жалителите во второстепената постапка;
-против колку решенија се поведени управни спорови и каков е исходот од истите;
-дали АВРМ веќе има одлучувано за околу 350-те поднесени барања од 30-те претпријатија за кои се уште не беше доставен ваков список за сопственичката структура на претпријатието“.
Агенцијата за вработување на Република Македонија на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што барателот на 07.03.2010 година поднел Ургенција до Агенцијата поради непостапување по нивното Барање поднесено на 04.02.2010 година.
Агенцијата за вработување на Република Македонија на 12.03.2010 година, до Асоцијацијата “Магма Карта“ доставила известување во врска со поднесеното барање.
Во врска со доставеното Известување, Асоцијацијата “Магна Карта“ од Велес на 06.04.2010 година до Агенцијата за вработување на Република Македонија достави допис насловен како “Повторена Ургенција“ во кој наведува “со жалење констатиравме дека информациите кои ни ги имате доставено не се целосни и не се сите оние кои ги баравме. Имено, од вкупно пет точки-Вашите служби ни одговориле само на две!?.Поради ова, бараме во примерен и разумен рок, т.е во законски предвидените следни дена, да ни овозможите пристап до следните информации од типот “општ акт“(јавен документ)-по пошта: “-Список со податоци за претпријатија во доминантна државна сопственост (со поименично наведување на името на секое претпријатие) изготвен согласно популарно наречениот “Закон за стечајците“; и -Дали АВРМ веќе има одлучувано за околу 350-те поднесени барања од 30-те претпријатија за кои се уште не беше доставен ваков список за сопственичката структура на претпријатието“.
Агенцијата за вработување на Република Македонија не одговорила на горенаведената “Повторена Ургенција“, поради што се смета дека барањето е одбиено и на 19.04.2010 година, поднесена е Жалба до Агенцијата заведена под број 03-170/3.
Агенцијата за вработување на Република Македонија со допис број 03-311 од 23.04.2010 година ја достави Жалбата до Комисијата, заведена во Комисијата под број 07-84 од 03.05.2010 година.
Во прилог на Жалбата достави Одговор на жалбата и ги достави списите по предметот како и Решение за делумно одбивање на пристап заведено под истиот број и датум.
Во Одговорот на Жалбата и во Образложението на Решението Агенцијата за вработување на Република Македонија наведува дека “наводите во жалбата се неосновани затоа што видно од Известувањето бр.03-171 од 12.03.2010 година, постапено е по Барањето за пристап до информации бр.03/010 од 01.02.2010 година од Асоцијацијата “Магна Карта“ од Велес.
Со истото известување до барателот се доставени информациите кои ги барал, освен информацијата “Против колку второстепени решенија се поведени управни спорови пред Управниот суд на Република Македонија и каков е исходот од истите“ со која Агенцијата не располага. Имајќи ја предвид одредбата од членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Агенцијата за вработување на Република Македонија, во врска со горенаведената информација го препрати барањето до имателот на информацијата- Министерството за труд и социјална политика.“
По разгледувањето на Жалбата и сите списи во врска со предметот, Комисијата го констаира следното.
Агенцијата за вработување на Република Македонија не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи на Барањето не одговорила во рок и форма предвидени во Законот.
Согласно член 24 точка 1 од гоеренаведениот закон, “Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето, веднаш му овозможува на барателот запознавање со содржината на бараната информација и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис и согласно член 20 точка 1 за тоа изготвува записник.
Согласно член 20 точка 2 од наведениот закон, “Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение за одбивање“.
Решение за одбивање се носи само кога постои исклучок од слободниот пристап до информации или делумен пристап (член 6 и 7 од Законот).
Во конкретниот случај, Агенцијата за вработување на Република Македонија погрешно постапила кога донела решение за делумно одбивање на пристапот. Агенцијата требало само да го извести барателот и да му ги достави бараните информации, како што го известила барателот дека дел од бараната информација е препратена до Министерството за труд и социјална политика.
Што се однесува конкретно до бараните информации, врз основа на Одговорот на жалбата и Ургенцијата на барателот, Комисијата утврди дека се доставени само информациите наведени под алинеја 2 и 3 од Барањето, по алинеја 4 барањето е препратено до Министерството за труд и социјална политика а по барањето информации по алинеја 1 и 5 не е постапено, поради што Комисијата ја задолжува Агенцијата да му ги достави бараните информации на барателот.
Иако Агенцијата наведува дека одговорила по сите барања, од списте на предметот тоа не произлегува затоа што за информацијата “Список со податоци за претпријатија во доминантна државна сопственост изготвен согласно популарно наречениот “Закон за стечајците“, тоа не е точно затоа што Агенцијата дала само бројка на претпријатија со доминантна сопственост на државата а барателот барал “Список со податоци за претпријатија во доминантна државна сопственост (со поименично наведување на името на секое претпријатие), додека за информацијата “Дали АВРМ веќе има одлучувано за околу 350-те поднесени барања од 30-те претпријатија за кои се уште не беше доставен ваков список за сопственичката структура на претпријатието“ иако Агенцијата за вработување на Република Македонија во Одговорот на Жалбата и во Решението се повикува на своето Известување и наведува дека бараната информација е доставена до барателот, тоа од Известувањето не може да се види бидејќи воопшто не се споменува.
Со оглед на погоре изнесеното, Комисијата и укажува на Агенцијата за вработување на Република Македонија, дека, по барањата за пристап до информации од јавен карактер е должна да одговора во рок и форма кои се предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.П. од Скопје, поднесена против Министерството за култура-Сектор за авторски и сродни права, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.П. од Скопје, поднесена против Министерството за култура-Сектор за авторски и сродни права, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура-Сектор за авторски и сродни права на барателот да му ја достави бараната информација “Согласно Законот за авторски права, по член 170 -имињата на членовите на Комисијата за посредување со авторски и сродни права (хронолошки состав на комисиите; по член 150 и член 185-имиња на изготвувачи на базата на податоци (суи генерис заштита) и носители на правото што ги користат технолошките мерки (хронолошки)”, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-60 од 09.04.2010 година, изјавена од Т.П. од Скопје, поднесена против Министерството за култура ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да и ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Т.П. на 09.03.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура–Сектор за авторски и сродни права и побарала во фотокопија, по пошта да и достават препис од следната информација.
“Согласно Законот за авторски права, по член 170-имињата на членовите на комисијата за посредување во авторски и сродни права (хронолошки состав на комисиите; по член 150 и член 185- имиња на изготвувачи на базата на податоци (суи генерис заштита) и носители на правото што ги користат технолошките мерки (хронолошки)“.
Министерството за култура-Сектор за авторски и сродни права на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-60 од 14.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на жалбата и сите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура-Сектор за авторски и сродни права не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Агенцијата за вработување на Република Македонија бр.03-311 од 20.04.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-57 од 09.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Агенцијата за вработување на Република Македонија бр.03-311 од 20.04.2010 година го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 26.02.2010 година, со препорачана пратка преку пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за вработување на Република Македонија и ја побарала следната информација:
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања има во сите државни органи вкупно или по одреден орган“.
Агенцијата за вработување на Република Македонија на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-57 од 13.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за вработување на Република Македонија и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за вработување на Република Македонија достави Одговор на Жалба заведен под број 03-311 од 20.04.2010 година а во Комисијатата заведен под број 07-57 од 29.04.2010 година.
Во прилог на Одговорот достави и Решение за одбивање на пристап заведено под истиот број и датум.
Во Одговорот на Жалбата и во Образложението на Решението наведува “Агенцијата за вработување на Република Македонија не располага со бараната информација…..Од причина што во Барањето не е прецизно наведено за кој работодавач, односно од кој државен орган се бара информација за привремени вработувања, Агенцијата за вработување не можеше да постапи согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не можеше да го препрати Барањето до имателот на информацијата (работодавач-државен орган за кој се бара информацијата).
Од горенаведените причини, а согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се одлучи како во диспозитивот“.

Агенцијата за вработување не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи на Барањето не одговорила во рок и форма предвидени во Законот.
Согласно член 26 точка 2 од горенаведениот закон, доколку имателот не располага со бараната информација, писмено го известува барателот дека не располага, а не треба да носи решение за одбивање на пристапот. Решение за одбивање на присапот се носи само кога се работи за исклучок од слободниот пристап или за делумен пристап (член 6 и 7 од Законот).
При повторното постапување по предметот, Комисијата и укажува на Агенцијата за вработување на Република Македонија дека треба само писмено да го извести барателот дека не располага со бараната информација согласно член 26 точка 2.
Исто така, Комисијата и укажува на Агенцијата за вработување дека, по барањата за пристап до информации од јавен карактер е должна да одговара во рок и форма кои се предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З, адвокат од Скопје против Влада на Република Македонија – Секретаријат за законодавство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје против Влада на Република Македонија – Секретаријат за законодавство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Влада на Република Македонија – Секретаријат за законодавство на барателот да му ја достави бараната информација “Мислења на Секретаријатот за законодавство при Владата на Република Македонија за Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација и Предлог Законот за здруженија на граѓани и фондации“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07- 53 од 06.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје против Влада на Република Македонија – Секретаријат за законодавство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за законодавство на барателот да му ја достави бараната информација “Мислења на Секретаријатот за законодавство при Владата на Република Македонија за Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација и Предлог Законот за здруженија на граѓани и фондации“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Секретаријатот за законодавство, заведено на 17.03.2010 година, под бр.07-2022/1 и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Мислења на Секретаријатот за законодавство при Владата на Република Македонија за Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација и Предлог Законот за здруженија на граѓани и фондации“ .
Секретаријатот за законодавство на ова Барање одговорил во законски предвидениот рок но не и во форма предвидена во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Секретаријатот со допис бр.07-2122/2 од 25.03.2010 година, го известил барателот за следното. “Согласно член 6 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информации од јавен карактер во согласност со закон ако информацијата се однесува на информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината“.
Согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие , за тоа ќе донесе решение“. Во конкретниов случај Секретаријатот го одбива пристапот се повикува на член 6 од горенаведениот Закон, меѓутоа истото го прави со Известување.
Против наведеното Известување Фондацијата Институт отворено општество Македонија, преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-53 од 07.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Секретаријатот за законодавство и побара во рок од 5 дена Секретаријатот да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Секретаријатот за законодавство одговори на ова барање на Комисијата со допис бр.07-2446/2 од 14.04.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-53 на 15.04.2010 година.
Во наведениот Одговор на Жалба, Секретаријатот останува на истиот одговор кој предходно го доставил до барателот како одговор на Барањето, само што во овој допис поопширно ја објаснува постапката за донесување на законите, која во случајов не е битна.
Во Жалбата која му беше доставена на признесување, покрај другото жалителот укажува дека формата во која е одговорено на барањето е спротивна на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер меѓутоа, Секретаријатот за законодавство, во Одговорот на Жалбата повторно се повикува на член 6 став 1 точка 7 и тврди дека бараната информација не е од јавен карактер, но не донел решение за одбивање на пристапот.
Од сето погоре изложено Комисијата го утврди следното.
Секретаријатот за законодавство погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалниот закон.
Точно е дека во конкретниов случај барателот бара Мислења кои се однесуваат на Предлози на закони кои се уште не се донесени од Собранието на Република Македонија. Меѓутоа, тоа не претставува причина поради која треба да се одбие пристапот до истите. Предлог законите во таа фаза се завршени документи и треба да и бидат достапни на јавноста. Исто така, Мислењата во врска со нив се завршени документи, не се во постапка на подготовка и се однесуваат на конкретни закони кои во таа фаза се завршени.
Толкувањето на предлозите на закони и мислењата во врска со нив како информации кои се заштитени, е спротивно на темелното начело на транспарентност и отчетност на државните органи кои учествуваат во постапката на подготвувањето на законите.
Секретаријатот за законодавство покрај другото во Одговорот на Жалба уште наведува “Во мислењата на Секретаријатот за законодавство се содржани укажувања по одделни решенија од формално – правен и стручен аспект на законите кои се предмет на мислење, а кои не се обврзувачки за подготвувачот на законот, поради што пристапот до таквата информација може да предизвика погрешно разбирање на истата, како и да се искористи како дополнителен аргумент за критички пристап кон материјалот, што би имало негативни импликации во однос на интересот кој се заштитува“.
Оваа констатација на Секретаријатот е спротивна на начелото на јавност и отвореност во работата на државните институции. Можноста на граѓаните да бараат и да добијат информации за работата на државните институции е од суштинско значење за нивната транспарентност и одговорност, што е пак едно од основните начела на едно демократско општество кон кое се стреми и Република Македонија.
Во постапката за донесување на законите се изработуваат различни верзии, а не само предлози и на тој начин се овозможува следење и усвојување на тие предлози, односно што било предлагано на почеток, ставот на надлежните институции во врска со тие предлози, како што во конкретниов случај е Мислењето на Секретаријатот за законодавство и на крај донесување на законот во Парламентот. Сите тие информации се подготвени и се завршени документи во таа фаза и откривањето на нивната содржина неможе да предизвика погрешно разбирање на истата и неможе да има негативни импликации во однос на интересот кој се заштитува.
Напротив, граѓаните ќе имаат увид во целата постапка, а со тоа и можност да го изнесат своето мислење и да учествуваат во јавна дебата што е и основната цел на правото за слободен прпристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.

***********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие на барателот да му ја достави бараната информација “Со писмо бр.11-143/2 од 21.01.2010 год. известува дека има направено модернизација на постоечки подрум од 40,47 м2 на Бул.”1-ви Мај бр.128” во Битола на КП 5652/3. Податоци за извршената модернизација и износот на потрошените средства и кога?“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-73 од 19.04.2010 година, изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор – Битола ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

В.Ј. на 17.03.2010 година, со препорачана пратка преку пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор – Битола и побарал по пошта да му достават препис од следната информација.
“Со писмо бр.11-143/2 од 21.01.2010 год. известува дека има направено модернизација на постоечки подрум од 40,47 м2 на Бул.”1-ви Мај бр.128” во Битола на КП 5652/3. Податоци за извршената модернизација и износот на потрошените средства и кога“.
Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор–Битола на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-73 од 20.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор – Битола и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие не одговори ниту на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата утврди дека Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор – Битола не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Јавното претпријатие му укажува дека, неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие на барателот да му ја достави бараната информација “Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен персонален данок, како и преглед на камати за даночните долгови – вкупно и по поединечен основ“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-69 од 16.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Фондацијата Институт отворено општество Македонија, на 16.02.2010 година, со препорачана пратка преку пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, заведено под бр.03-4/2 на 18.02.2010 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен персонален данок, како и преглед на камати за даночните долгови – вкупно и по поединечен основ“.
На ова Барање Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, одговорило со допис бр.03-4/2-1 од 25.03.2010 година, а во Фондацијата Институт отворено општество Македонија, заведен под бр.21-264 на 28.03.2010 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува и следното. “Ве информираме дека покрај бараните информации ќе бидат објавени и други информации поврзани со работењето на ЈСП СКОПЈЕ на новата ВЕБ – страница (www.jsp.com.mk). Истата е во изработка и е во завршна фаза, чие пуштање во работа е предвидено за почетокот на април 2010 година.“
Незадоволна од наведениот Одговор Фондацијата Институт отворено општество Македонија, преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-69 од 19.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, на ова барање на Комисијата, достави Одговор на Жалба бр.03-3/3-1 од 22.04.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-69 на 26.04.2010 година.
Во Одговорот на Жалбата се повикува на член 28 ст.1 и став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и и предлага на Комисијата да ја отфрли како ненавремена, затоа што е поднесена после рокот од 15 дена од денот на добивањето на одговорот. Доколку Комисијата не донесе решение за отфрлање на жалбата како ненавремена, за останатото барање, во однос на пристапот на инфо рмациите од јавен карактер да пристапи на ВЕБ страницата на ЈСП Скопје, од каде ќе ги добие сите потребни информации.
По разгледувањето на жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да постапи по барањето веднаш, односно најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Во случајов Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, одговорило на барањето после рокот предвиден во Законот. Барањето го примило на 18.02.2010 година, одговорот е заведен на 25.03.2010 година, а Фондацијата Институт отворено општество Македонија го примила на 29.03.2010 година.
Во Одговорот на жалбата Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, воопшто не го спомнува наведениот рок за одговор на барањето туку, се повикува на Став 1 и на став 2 од член 28 кој се однесуваат на рокови за поднесување на Жалба, и предлага Жалбата да се отфрли како ненавремена. Наведените предлози се неосновани од следните причини.
Согласно став 1 “барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението“, а во конкретниов случај нема решение со упатство за правно средство, од кое барателот ќе биде информиран за рокот за поднесување жалба.
Во ставот 2 на член 28 е регулирано во кој рок и во кои случаи може да се поднесе жалба, меѓутоа одговорот на Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ – Скопје, против кој е поднесена жалбата, не може да се подведе под ниту еден од тие случаи, затоа што не е во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во однос на формата на одговорот на барањето Комисијата укажува на следното. Ако имателот позитивно одговори на барањето, веднаш му овозможува на барателот пристап до бараната информација и тоа во форма која е наведена во барањето (увид, препис, фотокопија или електронски запис). Барателот има право да ја побара информацијата во било која од наведените форми, а имателот на информации е должен истата да ја достави во бараната форма. Во случајов Фондацијата Институт отворено општество Македонија, бара фотокопија од информацијата да и достават по пошта, а ЈСП “Скопје“, одговара дека бараната информација ќе биде објавена на нивната ВЕБ страница. Одговорот е спротивен на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Ако пак имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено и упатство за правно средство.
Доколку имателот на информации кој го примил барањето не располага со бараната информација, ниту пак знае кој друг располага, за истото го известува барателот. Доколку пак знае кој е имател на бараната информација го препраќа барањето до него и за истото го известува барателот, во рокот предвиден во законот.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата утврди дека Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје“ Скопје не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма.
Комисијата на ЈСП “Скопје“ му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Управен суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Управен суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-76 од 28.04.2010 година, изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Управен суд ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на Управниот суд е правилно и врз закон засновано.

Д.Л. од Струмица на 10.03.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управен суд заведено под бр.03-6/1, со кое ја побарал следната информација:
“Да ми ги доставите сите акти доставени до тужената Агенцијата за електронски комуникации (понатаму АЕК) и Македонски телекомуникации (понатаму МТ) како и нивните одговори, а во врска исклучувањето на телефоните“.
Во врска со ова барање Управниот суд на 19.03.2010 година, до Д.Л. доставил Известување бр.03-6/3 во кое се наведува дека “Управниот суд не располага со бараната информација, од страна на овој Суд до Агенцијата за електронски комуникации и до Македонски телекомуникации, ниту нивни одговори во врска со исклучувањето на телефоните“.
Д.Л. на 31.03.2010 година, до Управниот суд доставил повторно барање, заведено под бр.03-6/4, во кое наведува.
“Зошто Управниот Суд не ми обезбеди пристап до телекомуникациската мрежа, а на основа на поднесена Тужба. Од РК добив ново штуро Известување бр.03-6/3 од 19.03.2010 година, во кое стои дека во предметот У.бр.3513/07 “не постојат акти доставени од страна на овој Суд до Агенцијата за електронски комуникации (понатаму АЕК) и до Македонски телекомуникации нити нивни одговори во врска со исклучувањето на телефоните“.
Во врска со ова повторно барање, Управниот суд до Д.Л. доставил Известување бр.03-6/5 од 09.04.2010 година.
Покрај другото во Известувањето наведува дека поднесеното повторно барање не е потполно и истото не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што имателот не може да постапува. Во Известувањето исто така, Управниот суд му укажал на барателот во која смисла треба да го дополни барањето и на последиците доколку не го направи истото во рокот предвиден во Законот.
Постапувајќи по наведеното Известување Д.Л. на 14.04.2010 година, доставил дополнување на повторното барање во кое повторно прашува зошто Управниот суд не му обезбедил пристап до телекомуникациската мрежа, а на основа на поднесената тужба, што не е во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Оттука, произлегува дека повторното барање за пристап до информации од јавен карактер и по неговото дополнување, не е во согласност со одредбите на горенаведениот Закон, поради што Управниот суд на 19.04.2010 година, донел Решение бр.03-6/8, со кое повторното барање заведено под бр.03-6/4 од 31.03.2010 година, го ОТФРЛИЛ.
Против наведеното Решение Д.Л. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-76 од 29.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Управниот суд и побара во рок од 5 дена Судот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барње на Комисијата Управниот суд достави Одговор на Жалба и во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
Во одговорот на жалбата Управниот суд изјавува дека наводите во жалбата се неосновани од причини наведени во решението и во целост останува на горенаведеното решение.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на Управниот суд и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Решението на Управниот суд е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Управниот суд во врска со наведениот предмет правилно ја утврдил фактичката состојба и правилно ги применил одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На барањата одговорил во законски предвидениот рок и форма. Службеното лице определено за посредување со информации правилно ја спровело постапката по барањето. Повторното барање било непотполно и поради тоа судот не можел да постапува по истото.
Од тие причини Судот побарал од барателот да го дополни повторното барање и му укажал на последиците доколку не го направи истото. На дополнетото барање одговорил во рок и форма предвидена во законот.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Национална агенција за европски образовни програми и мобилност по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на барателот да му ја достави бараната информација “Правилник за организација на работата на НА, Правилник за имплементирање на програмата “Млади во акција “ и Правилник за имплементација на програмата “Доживотно учење“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-47 од 26.03.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Национална агенција за европски образовни програми и мобилност по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Фондацијата Институт отворено општество Македонија, како што е наведено во Жалбата на 04.03.2010 година, до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднела четири барања за пристап до информации од јавен карактер со кои побарала во фотокопија по пошта да и бидат доставени следните информации.
“1. Листа од надворешни членови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност согласно членот 20 од Законот за основање на национална агенција за европски образовни програми и мобилност (СВРМ бр.113/2007).
2. Состав на работната група за целосно учество на Програмите: Млади во акција и Доживотно учење во 2011 година.
3. Листа на членови на советодавните тела при националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
4. Правилник за организација на работата на НА, Правилник за имплементирање на програмата Млади во акција и Правилник за имплементирање на потпрограмите од програмата Доживотно учење.“
На овие Барања Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одговорила со допис бр.02-402/1 од 15.03.2010 година, а во Фондацијата Институт отворено општество Македонија, заведен на 16.03.2010 година.
Незадоволна од наведениот Одговор Фондацијата Институт отворено општество Македонија, преку полномошник Ж.Х.З, адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-47 од 29.03.2010 година, ја препрати Жалбата до Националната агенција за европски образовни програми и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Националната агенција за европски образовни програми, во врска со ова барање достави Произнесување по Жалба бр.02-542/1 од 15.04.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-47 на 15.04.2010 година.
Во произнесувањето по Жалбата наведува дека на првите две барања е позитивно одговорено, односно бараните информации се доставени до барателот, а и барателот истото го потврдува во Жалбата. Истите во прилог ги достави и до Комисијата.
Во врска со третото барање Националната агенција наведува дека советодавните тела не се формирани, што значи не располага со бараната информација. Во одговорот на ова барање кој е доставен до барателот, одговара дека “не смее да ги доставува на јавноста имињата на квалитативните евалуатори и составот на овие тела кои се вклучени во селективниот процес“, одговор за информација која не е предмет на барањето.
Во однос на четвртото барање покрај другото Агенцијата го дава следниот одговор.
“Во врска со барањето под точка 4 појаснуваме дека согласно Водичите на Европската Комисија за јавен пристап до документи кои се засноваат на Финансиската Регулатива бр,1049/2001, пристапот до документите од договорите не е дозволен бидејќи претставува исклучок од така наречениот “Јавен интерес“. Ова значи дека ….. Правилник за организација на работата на НА, Правилник за имплементирање на програмата Млади во акција и Правилник за имплементирање на потпрограмите од програмата Доживотно учење, кои претставуваат внатрешни документи за работа (а не јавни документи), како анекси на договорите потпишани помеѓу Националната агенција и Европската Комисија не се јавни. Овие информации се достапни само за националниот авторитет и телата пред кои Националната агенција одговара“.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност по барањата за пристап до информации од јавен карактер постапила во рокот, но не и во форма предвидена во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во врска со тоа Комисијата на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и укажува на следното.
Со еден допис може да одговори на повеќе барања, поднесени од ист барател доколку одговара позитивно (како што е случајот со одговорот на првото и второто барање), меѓутоа во дописот мора да го наведе датумот на барањето и истото да го цитира.
Во врска со третото барање имателот до барателот одговорил на барање кое барателот не го барал, а во произнесувањето по жалбата доставено до Комисијата одговорил на барањето кое го доставил барателот и навел дека “Советодавни тела Националната агенција нема формирано“.
Во ваков случај кога барањето се однесува на информација со која имателот ниту ја создал ниту со истата располага, барателот писмено се известува.
Ако пак имателот на информацијата барањето целосно или делумно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност го одбива пристапот до бараната информација наведена во четвртото барање, но истото место се решение го прави со истиот одговор со кој одговара и на другите три барања. Во произнесувањето по Жалбата пошироко ги елаборира причините поради кои смета дека пристапот до бараните информации не треба да биде дозволен, меѓутоа Комисијата смета дека наведеното не може да биде причина и основ за одбивање на пристапот до бараните информации.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност при постапување по евентуални идни барања за пристап до информации од јавен карактер, должна е да одговара покрај во рокот и во формата предвидена во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Е.М. адвокат од Скопје против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот јануари 2009 – јануари 2010 година“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-59 од 09.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Фондацијата Институт отворено општество Македонија, како што се наведува во Жалбата на 26.02.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер и побарала во фотокопија по пошта Министерството да и ја достави следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот јануари 2009 – јануари 2010 година“,
Министерството за животна средина и просторно планирање на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма предвидена во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба.
Комисијата со допис бр.07-59 од 13.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството и побара во рок од 5 дена, Министерството да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање не одговори ниту на ова барање на Комисијата.
Комисијата на Министерството за животна средина и просторно планирање му укажува дека, неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште при Владата на барателот да му ја достави бараната информација “Од Државното правобранителство на РМ поднесено е барање за огласување на решение за ништовно заведено под У.бр.468/09 на 23.04.2009 година. Преку Министерството за транспорт и врски – подрачна единица Центар Скопје, врска ваш бр.34-16-1175/2. Ве молам за информација во врска со постапување по наведеното барање“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-49 од 26.03.2010 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Н.А. од Скопје на 05.01.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација :
“Од Државното правобранителство на РМ поднесено е барање за огласување на решение за ништовно заведено под У.бр.468/09 на 23.04.2009 година. Преку Министерството за транспорт и врски – подрачна единица Центар Скопје, врска ваш бр.34-16-1175/2. Ве молам за информација во врска со постапување по наведеното барање “.
На ова барање Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште, не одговорила во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-49 од 26.03.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-49 од 01.04.2010 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште и побара во рок од 5 дена оваа Комисија при Владата на Република Македонија да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште достави Известување бр.34-973/3 од 07.04.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-49 од 08.04.2010 година. Во Известувањето, потпишано од одговорно лице во горенаведената Комисија при Владата на Република Македонија, е наведено:
„Во врска со изјавената жалба од Н.А. од Скопје Ве известуваме дека предметот со сите списи е доставен на решавање на ден 10.03.2010 година и по донесување на решение истото ќе биде доставено до Министерството за транспорт и врски Скопје“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека Известувањето кое Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште го достави како Произнесување по жалба до Комисијата, треба да го достави и до барателот на информацијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежно земјиште и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник М.Р, адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Преглед на вкупните долгови на сите јавни претпријатија во РМ кои ќе се репрограмираат со Законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва основани во Република Македонија, односно општините или градот Скопје (Сл.весник бр.18/2010), како и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночните долгови-вкупно и по поединечен основ“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-52 од 03.03.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Фондацијата Институт отворено општество Македонија, на 18.02.2010 година, со препорачана пратка преку пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Преглед на вкупните долгови на сите јавни претпријатија во РМ кои ќе се репрограмираат со Законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва основани во Република Македонија, односно општините или градот Скопје (Сл.весник бр.18/2010), како и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночните долгови-вкупно и по поединечен основ“.
Министерството за финансии на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-52 од 07.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Министерството за финансии му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата “Институт отворено општество-Македонија”, поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата “Институт отворено општество-Македонија”, поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие “Македонијапат”- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација “Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночни долгови-вкупно и по поединечен основ“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-55 од 06.04.2010 година, изјавена од изјавена од Фондацијата “Институт отворено општество-Македонија”, поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата “Институт отворено општество-Македонија”, на 17.02.2010 година, по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје и побарала по пошта да и се достави фотокопија од информацијата:
“Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночни долгови-вкупно и по поединечен основ.“
Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-55 од 07.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Јавното претпријатие “Македонијапат”-Скопје му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот јануари 2009-јануари 2010 година?“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-58 од 09.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Фондацијата Институт отворено општество Македонија, на 26.02.2010 година, со препорачана пратка преку пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот јануари 2009-јануари 2010 година? “.

Комисијата со допис бр.07-58 од 13.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.

Комисијата на Министерството за финансии му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Решението за одбивање на пристап на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Решението за одбивање на пристап на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството во периодот јануари 2009 – јануари 2010 година ?“ СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-61 од 12.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Решението за одбивање на пристап на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, како што се наведува во Жалбата на 25.02.2010 година поднела Барање за пристап до информација од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација :
„Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството во периодот јануари 2009 – јануари 2010 година ?“.
Министерството за внатрешни работи, во законски предвидениот рок, до Фондацијата Институт отворено општество – Македонија доставило Решение за одбивање на пристап бр. 11-10555/2 од 24.03.2010 година. Во Решението е наведено дека „Бараната информација не претставува информација од јавен карактер…бидејќи е класифицирана информација со степен на класификација „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ согласно чл.8 став 2 алинеја 1 (податоци кои се однесуваат на систематизација на работните места во Министерството и досиејата на вработените во Министерството) од Правилникот за класифицирани информации на МВР и согласно член 8 став 2 од Законот за класифицирани информации“.
Незадоволна од Решението за одбивање на пристап, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошник В.Д, адвокат од Скопје, на 12.04.2010 година до Комисијата достави Жалба поради, како што наведува, „погрешна примена на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и погрешно утврдена фактичка состојба“. Во образложението на Жалбата, меѓу другото, е наведено дека „…Решението…со кое се одбива барањето видно е дека не се однесува на поставеното барање…Имено, во барањето барателот не барал информација која се однесува на податоци за систематизација на работните места во Министерството, односно барателот барал да му биде доставена информација за тоа колку има реализирано привремени вработувања преку агенциите за привремено вработување во МВР на Р.М.“.
Комисијата со допис бр.07-61 од 14.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 5 дена Министерството да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави одговор на Жалба бр. 11.2-21805/2 од 26.04.2010 година, во Комисијата заведен под бр.07-61 од 28.04.2010 година. Во прилог достави исто таков Одговор бр.11.2-21805/3 од 26.04.2010 година, насловен до полномошникот на жалителот.
Во Одговорот Минисерството наведува дека „…Вработувањата во Министерството, без оглед дали се времени или трајни се спроведуваат врз основа на Правилникот за систематизација на работните места во МВР, кој е класифициран со степен „Строго доверливо“…Вкупниот број на определена група на работници со статус на привремено вработени е во врска со бројот на систематизирани работни места во МВР и согласно предметниот Правилник информацијата што се бара е од „Строго доверлив“ карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за внатрешни работи на Барањето за пристап до информации од јавен карактер на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија одговорило во законски предвидениот рок и донело Решение со кое го одбило пристапот до бараната информација.
Комисијата констатира дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации, бидејќи согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија број 13 од 01.02.2006 година) имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до „информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност“.
Согласно член 8 од Законот за класифицирани информации („Службен весник на Република Македонија“ број 9 од 27.02.2006 година), информацијата што во случајов ја бара гореспоменатата Фондација и претставува класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ е „од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Република Македонија“.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку вработувања по органи се реализирани од планираното согласно НПАА 2009-2011, од јануари 2009 до февруари 2010 година?“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-64 од 13.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

“Колку вработувања по органи се реализирани од планираното согласно НПАА 2009-2011, од јануари 2009 до февруари 2010 година?“.

Комисијата со допис бр.07-64 од 26.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите изјавени од И.К. од Делчево, поднесени против Здружението на возачи Делчево, по предметите Барања за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбите изјавени од И.К. од Делчево, поднесени против Здружението на возачи Делчево, по предметите Барања за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВААТ.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ги разгледа Жалбите бр.07-68 од 16.04.2010 година, и бр.07-72 од 16.04.2010 година, изјавени од И.К. од Делчево, поднесени против Здружението на возачи Делчево, по предметите Барања за пристап до информации од јавен карактер и ГИ ОДБИ како неосновани.
Комисијата ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-68 од 16.04.2010 година, и бр.07-72 од 16.04.2010 година, изјавени од И.К. од Делчево, поднесени против Здружението на возачи Делчево, по предметите Барања за пристап до информации од јавен карактер и утврди дека тие се однесуваат на иста фактичка состојба и се засновани на ист правен основ. Поради тоа, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 12 мај 2010 година, донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
По разгледувањето на Жалбите Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.07-68, И.К. од Делчево на 11.03.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Здружението на возачи од Делчево и побарал увид или фотокопија од информацијата:
”Записник од седница на ИО на 22.07.2005 и Одлуки.”
На ова Барање, како што е наведено во Жалбата, Здружението на возачи од Делчево, со пратка бр.РР-044319019 МК, наместо одговор на барањето (како што било наведено на пратката од испраќачот), на барателот му испратило 4 бели празни листови.
Незадоволен од одговорот на Здружението на возачи од Делчево, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-72 од 16.04.2010 година, И.К. наведува дека на 05.02.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Здружението на возачи од Делчево и побарал увид или по пошта да му се достави фотокопија од информацијата:
”Записник и одлуки од седницата на Собрание и Извршен одбор во 2010. Бидејќи не знам точно колку се ги барам сите во 2010 година, а посебно од 26.02.2010 година.”
Здружението на возачи од Делчево на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-68 и 07-72 од 20.04.2010 година ги препрати Жалбите до Здружението на возачи од Делчево и побара во рок од 5 дена Здружението да се произнесе по истите и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметите.
Здружението на возачи од Делчево достави до Комисијата допис насловен „Достава на податоци“ бр. 0302-37/2 од 29.04.2010 година, заведено во Комисијата под бр.07-68 од 29.04.2010 година. Во дописот, меѓу другото се наведува дека „Жалителот бил вработен во Здружение на возачи Делчево и со Одлука бр.0402-28 од 09.11.2009 год. му е откажан Договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина и работните обврски. Жалителот во последно време ги доведува во заблуда сите институции и органи во Р.Македонија со лажни пријавувања и прикажување на факти како што на него му одговараат…за што имаме и поднесено кривични пријави…Би сакале воедно да ве известиме дека несме иматели на информации од јавен карактер согласно чл.3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имено се работи за Здружение на возачи кое е формирано и работи согласно Законот за здруженија и фондации…но сепак досега се трудевме да одговориме на поднесените барања од страна на жалителот кој…ги злоупотребува нашите добри намери…“. Во прилог на дописот се доставени фотокопии од поштенски потврди за пратки испратени до И.К. од Делчево, како и фотокопија од допис бр.0302-37/2 од 09.04.2010 година, насловен до барателот. Во него е наведено дека „ви доставуваме фотокопија на записник од 22.07.2005 год. во 4(четири) листа и фотокопија од одлука во 2(два листа“.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека на барателот по Барањето од 11.03.2010 година, по кое е доставена Жалба бр. 07-68, му е доставена бараната информација во законски предвидениот рок. За доставувањето на информацијата имателот достави повратница од пошта на која е наведено што содржи пратката. Барателот пратката ја примил на 12.04.2010 година и на истата се потпишал.
Што се однесува до барањето од 05.02.2010 година, за кое жалителот во Жалбата наведува дека нема добиено одговор, имателот наведува дека такво барање нема добиено, а барателот за истото не достави било каков доказ (од пошта, барање заведено од имателот или слично).
Комисијата нема надлежности да испитува или истражува дали имателот или барателот ги прекршуваат законските одредби од други закони (доставуваат празни листови, даваат лажни изјави и слично), за тоа постојат други надлежни органи во државата.
Што се однесува до наводите на Здружението на возачи Делчево дека „не сме иматели на информации“, Комисијата смета дека истите се неосновани и дека Здружението на возачи Делчево е имател на информации поради следното:

Согласно погорецитираниот член Здружението на возачи од Делчево е имател на информации од јавен карактер, а ваквиот негов статус го добило врз основа на член 12 од Законот за здруженијата на граѓани и фондациите (“Службен весник на РМ” бр.31/98), врз основа на кој соодветното министерство му доверува вршење на јавни овластувања на Здружението на возачи, а со кој е усогласен и Статутот на Здружението (на 16.04.2010 година е донесен нов Закон за здруженија и фондации).
Исто така, во членот 62 став 1 од Законот за возила (Службен весник на РМ, бр. 140 од 06.11.2008 година), е наведено дека:”Работите на технички прегледи можат да ги извршуваат правни лица што добиле овластување од министерот за внатрешни работи.” Оттука произлегува дека со овластување од Министерството за внатрешни работи, Здружението на возачи од Делчево може да врши технички преглед на моторни и приклучни возила, што значи Здружението врши јавни овластувања.
Согласно, пак цитираните закони, Законот за возила и Законот за трговски друштва, здруженијата на возачи за да можат да ги вршат доверените дејности, треба да имаат статус на правно лице.
Значи, Здружението на возачи од Делчево е имател на информации и има законска обврска постапката по барањата за слободен пристап до информации да ја спроведува согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ж.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи со седиште во Општина Гази Баба, Комисија за одлучување по барања за денационализација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ж.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи со седиште во Општина Гази Баба, Комисија за одлучување по барања за денационализација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи – Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки, на барателот да му ја достави бараната информација “Список со име и презиме на членовите на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација со седиште во Општина Гази Баба – Скопје за периодот од 2000 до 2003 година“, најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-71 од 16.04.2010 година, изјавена од Ж.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи со седиште во Општина Гази Баба, Комисија за одлучување по барања за денационализација ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи – Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки, на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.06.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

Ж.Г. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 04.12.2009 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи со седиште во Општина Гази Баба, Комисија за одлучување по барања за денационализација и побарал да му се достави следната информација:
“Список со име и презиме на членовите на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација со седиште во Општина Гази Баба – Скопје за периодот од 2000 до 2003 година“.
Министерството за финансии, Комисија за одлучување по барањата за денационализација со седиште во Општина Гази Баба – Скопје на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, туку со задоцнување, со Известување бр. 25-08-1/2 од 02.02.2010 година. Во Известувањето е наведено дека „…вашето барање е препратено до Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи, Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки, заради натамошно постапување“.
Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи, Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки не одговорило на препратеното Барање во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-71 од 19.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи, Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи, Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки, не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи, Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки не постапиле согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговориле на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговорија ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Министерството за финансии, Сектор за правни и административни работи, Одделение за слободен пристап до информации од јавен карактер и поплаки, му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Универзитет “Св.Кирил и Методиј“- Медицински факултет Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Универзитет “Св.Кирил и Методиј“- Медицински Факултет Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управен суд У.бр.3286/2008 од 17.02.2010 година, а во Комисијата заведена под број 07-84/1 од 04.03.2010 година, ја разгледа Жалбата бр.07-14/2 од 04.04.2008 година, изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје и другите списи во врска со предметот и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
К.З. од Скопје на 19.09.2007година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Универзитет “Св.Кирил и Методиј“- Медицински Факултет Скопје, и побарала да и ја достават следната информација.
“Колкав е вкупниот приход на сметката за самофинансирање во 2006 година“.
Имателот на информацијата на ова Барање одговорил во законски предвидениот рок но не и законски предвидената форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Одговорот на Барањето Медицински факултет наведува. “Согласно Одлуката на деканот за деловна тајна овој вид на информации (финансиски документи и показатели за финансиско работење на факултетот) претставуваат и се сметаат за деловна тајна“.
Незадоволна од наведениот одговор К.З., преку полномошник Ј.А. адвокат од Скопје, поднесе жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-597/2 од 14.11.2007година, ја препрати Жалбата до Универзитет “Св.Кирил и Методиј“- Медицински факултет Скопје. Во наведениот допис Комисијата ја објасни целата постапка во врска со Барањето за пристап до информации од јавен карактер, согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. И по укажувањата во овој допис Медицински Факултет Скопје, постапи спротивно на одредбите од горенаведениот Закон.
По разгледувањето на наведената Жалба и другите списи во врска со предметот Комисијата на 21.12.2007 година, донесе Решение заведено под бр.07-563/5, со кое ја УВАЖИ Жалбата и предметот го врати на повторно постапување.
Во Образложението на Решението нагласи дека при повторното постапување по предметот Медицински Факултет – Скопје треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Со донесувањето на наведеното Решение управната постапка по наведената жалба во Комисијата заврши.
Медицински факултет не постапил по наведеното Решение на Комисијата. Од тие причини К.З. како барател на информацијата, преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, поради како што се наведува во Жалбата, неовозможување пристап до информацијата, повторно достави Жалба до Комисијата заведена под бр.07-14/2 на 04.04.2008 година, во која покрај другото наведува дека, имателот на информацијата и по донесувањето на Решението на Комисијата, повторно во законски предвидениот рок не овозможил пристап до бараната информација, односно не го спровел Решението на Комисијата. Оттука, се гледа дека наведената Жалба е поднесена поради неспроведување на Решението на Комисијата. Во врска со ова Комисијата укажува на следното.
Во член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е регулирано во кои случаи барателот има право да поднесе жалба до Комисијата. Во наведениот член не е предвидено поднесување на жалба за неспроведување на Решение на Комисијата.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на С.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерство за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 20010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управен суд У.бр.3287/2008 од 04.03.2010 година, а во Комисијата заведена под број 07-151/1 од 03.05.2010 година, ја разгледа Жалбата бр.07-17/2 од 04.04.2008 година, изјавена од С.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје и другите списи во врска со предметот и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и сите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
На 26.09.2007 година, С.З. од Скопје поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија. Побарала во фотокопија по пошта да и ги достават следните информации.
“Колку барања за заштита на законитоста се поднесени во 2006 и 2007 година? Колку пресуди на Врховниот суд се обжалени пред меѓународните судови? Број на поведени и решени управни спорови во изминатата 2006 година? “.
Врховниот суд на дел од ова Барање одговорил со Известување во законски предвидениот рок и форма, а на дел одговорил во рокот но не и во законски предвидениот начин, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Известувањето за прашањето “Колку пресуди на Врховниот суд се обжалени пред меѓународните судови?“, Врховниот суд место да го препрати Барањето и за тоа да го извести барателот, одговорил дека барателот треба да се обрати до Министерството за правда.
Незадоволна од овој дел од Одговорот на Барањето С.З. од Скопје, преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, поднесе Жалба заведена во Комисијата под бр.07-584/1 од 06.11.2007година.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата, Известувањето на Врховниот суд 12.бр.СПИ-13/07 од 08.10.2007година, Барањето бр.12-13/07 од 26.09.2007година и Одговорот на Жалбата 12.бр.СПИ-13/07 од 27.11.2007 година, донесе Решение бр.07-584/4 од 28.12.2007 година, со кое ЈА УВАЖИ Жалбата и предметот го врати на повторно постапување.
Во Образложението на решението му укажа на Врховниот суд на обврската согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“.
Врховниот суд на Република Македонија ја извести Комисијата дека постапил по горенаведеното Решение на Комисијата и го препратил Барањето од С.З., за делот на информацијата со која не располага до Министерството за правда. За истото го известил полномошникот на барателот на информацијата.
С.З. на 04.04.2008 година, преку Ј.А. адвокат од Скопје, до Комисијата повторно достави Жалба (поради неовозможување на пристап до информација) заведена под бр.07-17/2. На почетокот на текстот ја објаснува постапката по барањето и првата Жалба за на крај да наведе дека оваа втора Жалба е против Министерството за правда.
С.З. преку полномошник Ј.А., на 06.08.2008 година, до Комисијата достави Ургенција.
Во Ургенцијата за постапување по Жалба, заведена во Комисијата под бр.07-17/3 на 06.08.2008 година, се наведува следното. “На 02.04.2008 година, лицето С.З. поднесе Жалба поради неовозможување на пристап до информација од јавен карактер, поради тоа што Врховниот суд на Република Македонија како имател на информација не постапил по Решението бр.07-584/4 на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и не овозможил пристап до бараната информација. Бидејќи по Жалбата се уште нема одлука, барам од Комисијата да постапи и донесе одлука по жалбата во рок од седум дена од денот на поднесувањето на оваа ургенција“. Во Ургенцијата се наведува дека Жалбата е поднесена поради неспроведување на Решението на Комисијата.
Наводите во Ургенцијата не се точни затоа што Врховниот суд на Република Македонија постапил по Решението на Комисијата и Барањето го препратил до Министерството за правда (што е констатирано и во наведената Жалба, а и Комисијата има доказ за истото).
Оттука, се гледа дека подносителот на Ургенцијата ги помешал работите во врска со наведениот предмет, во Жалбата пишува едно, а во Ургенцијата сосема друго.
Службеното лице од Комисијата веднаш по добивањето на Ургенцијата комуницираше со службеното лице за посредување со информации од јавен карактер во Министерството за правда, кое го извести дека е постапено по наведеното барање, препратено од Врховниот суд на Република Македонија, со допис бр.07-550/6 од 11.03.2008 година. Како доказ за истото го достави препратеното Барање од Врховниот суд на Република Македонија и Известување, како одговор на Барањето, доставено до барателот С.З..
Од погореизложеното произлегува дека Врховниот суд на Република Македонија постапил по Решението на Комисијата. Исто така, се гледа дека и Министерството за правда одговорило на препратеното Барање на 11.03.2008 година), односно пред поднесувањето на Жалбата од 04.04.2008 година, и поднесувањето на Ургенцијата 06.08.2008 година.
Од погореизложеното Комисијата констатира дека во случајов затаила комуникацијата помеѓу барателот на информацијата и неговиот полномошник, затоа што одговорот на препратеното барање Министерството за правда, согласно Законот го доставило до барателот. Очигледно, за истото не бил известен полномошникот па поднел Жалба за постапување по Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Државниот завод за статистика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заведена во Комисијата под број 07-48 од 26.03.2010 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Државниот завод за статистика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:“Увид во вашата документација и да ми доставите информација од влошката 43155 од субјектот МХК Злетово АД Велес, односно Топилница Злетово АД Велес, и дата на нејзината евиденција, односно дали влошката со број 43155 од наведениот субјект се наоѓа во вашата статистичка евиденција. Доколку поседувате пишан документ да ми се издаде фотокопија“, поради тоа што Барањето е препратено до Централниот регистар на РМ.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-48 од 26.03.2010 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Државниот завод за статистика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Б.П. од Велес, на 11.03.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за статистика, и побарал:
“Увид во вашата документација и да ми доставите информација од влошката 43155 од субјектот МХК Злетово АД Велес, односно Топилница Злетово АД Велес, и дата на нејзината евиденција, односно дали влошката со број 43155 од наведениот субјект се наоѓа во вашата статистичка евиденција. Доколку поседувате пишан документ да ми се издаде фотокопија“.
На ова барање Државниот завод за статистика во законски предвидениот рок доставил Одговор до барателот, заведен под бр.25.242/5 од 17.03.2010 година, со кој го упатува барателот да се обрати до Централниот регистар, затоа што, како што наведува:”Со донесување на Законот за едношалтерски систем и за водење на Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица (“Службен весник на РМ” бр.84/2005) од 01.01.2006 година, Државниот завод за статистика ја префрли административната надлежност во Централниот регистар.”
Незадоволен од добиениот Одговор, на 26.03.2010 година, Б. П поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-48 од 01.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за статистика и побара во рок од 5 дена заводот да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис, Државниот завод за статистика достави Одговор на жалба бр.2509-242/14 од 09.04.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-48 од 12.04.2010 година. Во Одговорот наведува: “Според Законот за едношалтерски систем и за водење на Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица (член 75) (“Службен весник на РМ” бр.84/2005) Државен завод за статистика не е повеќе имател на судските влошки на регистрираните субјекти. Во Статистичкиот деловен регистар е утврдено дека податоците за субјектот- МХК Злетово АД Велес односно Топилница Злетово АД Велес, има матичен број 4733517, со регистарска влошка 40200846600003 и регистарски број 000043155, а за добивање на судската влошка потребно е корисникот да се обрати до Централниот регистар.”
На 16.04.2010 година, Државниот завод за статистика достави уште еден Одговор на жалба бр.2509-242/15 од 14.04.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-48, со кој ја извести Комисијата дека Државниот завод за статистика го доставила Барањето до Централниот регистар на РМ, од каде треба да се обезбедат бараните информации, затоа што Централниот регистар е имател на истите.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Државниот завод за статистика постапил по Барањето за пристап до информациии од јавен карактер поднесено од Б.П., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и доколку не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена од денот на приемот на барањето, е должен, не само да го препрати барањето до имателот на информации туку за тоа да го извести и барателот.
Комисијата на Државниот завод за статистика му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалба изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот јануари 2009-јануари 2010 година?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-63 од 13.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 25.02.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарала во фотокопија, по пошта да и се достави следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот јануари 2009-јануари 2010 година“.
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-63 од 15.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда достави Одговор на Жалба заведен под број 07-1577/2 од 05.05.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-63 од 07.05.2010 година.
Во одговорот наведува дека “Министерството за правда одговори позитивно на нивното барање и ја достави бараната информација“.
Во прилог го достави и Одговорот до Фондацијата институт отворено општество-Македонија заведен под број 07-850/2 од 27.04.2010 година.
Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, на 11.05.2010 година, по електронска пошта ја извести Комисијата дека Фондацијата е задоволна од добиениот одговор.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека Министерството за правда одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување.

Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучоке може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б., претседател на Собранието на еколошкото друштво “Еко-мисија”-Скопје, поднесена против Министерство за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 247 став 2 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-75 од 20.04.2010 година, изјавена од П.Б., претседател на Собранието на еколошкото друштво “Еко-мисија”-Скопје, поднесена против Министерство за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Копија од согласност (доколку издало таква) за поставување на базните станици за мобилна телефонија што се наоѓаат на зградата на бр.35 и на зградата бр.43 на улица 50.Дивизија во Скопје “, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-75 од 23.04.2010 година, изјавена од П.Б., претседател на Собранието на еколошкото друштво “Еко-мисија”-Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
П.Б., на 16.03.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно плаирање заведено под бр.3063/1 и побарал да му се достави следната информација:
“На улица 50.Дивизија во Скопје, на покривот од зградата на број 35 и на покривот од зградата број 43 се наоѓаат по два столба со базни станици за мобилна телефонија. Бидејќи при поставувањето на вакви објекти една од законските обврски на инвеститорот е да обезбеди и согласност од Министерството за животна средина за елаборатот за влијанието на опремата врз животната средина, Ве молиме да ни доставите по една копија од тие согласности-доколку Министерството има издадено такви за наведните објекти“.
Министерството за животна средина и просторно планирање, на ова Барање не одговорилo во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-75 од 23.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно плаирање и побара во рок од 5 дена министерството да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Барателот П.Б, на 29.04.2010 година, до Комисијата достави Известување, за добивање на делумен одговор по поднесеното барање, и повлекување на жалбата бр.07-75, во кое наведува: „…(на 22.04.2010) добив одговор од МЖСПП, но во него има информација само за објектот на ул.50 дивизија бр.35, а за објектот бр.43 тие од мене бараат дополнителни податоци. Во секој случај, ви благодарам за интервенцијата и сметам дека засега не е потребно ваше понатамошно ангажирање по овој предмет“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање, постапило по Барањето за пристап до информациии од јавен карактер поднесено од П.Б., но со задоцнување.

Во врска со наведеното Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Министерството за животна средина и просторно планирање му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие за железничка инфраструктура “Македонски железници”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 став 2 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 мај 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заведена во Комисијата под број 07-70 од 16.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие за железничка инфраструктура “Македонски железници”-Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Преглед на вкупните долгови на јавното претпријатие и поединечен преглед на долговите по основ на неплатен ДДВ, неплатен Данок на добивка и неплатен Персонален данок на доход, како и преглед на камати за даночни долгови-вкупно и по поединечен основ.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информациjа.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно со член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-70 од 16.04.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие за железничка инфраструктура “Македонски железници”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 16.02.2010 година, со препорачана пратка поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие “Македонски железници”-Скопје и побарала по пошта да и се достави фотокопија од следната информација:

Јавното претпријатие “Македонски железници”-Скопје на ова Барање не одговорилo во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-70 од 19.04.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие “Македонски железници”-Скопје и побара во рок од 5 дена јавното претпријатие да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондацијата Институт отворено општество- Македонија, на 04.05.2010 година, по електронска пошта ја извести Комисијата дека Јавното претпријатие за железничка инфраструктура “Македонски железници”-Скопје, им ја доставило бараната информација, односно дека Фондацијата е задоволна од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Јавното претпријатие за железничка инфраструктура “Македонски железници”-Скопје постапило по Барањето за пристап до информациии од јавен карактер поднесено од Фондацијата Инстиут отворено општество – Македонија, но со задоцнување.

Од сите списи во предметот, Комисијата констатира дека доцнењето на доставување на бараната информација се должи на техничка грешка во адресирање на барањето, поточно во називот на имателот на информацијата. Конкретното Барање за пристап до информацијии од јавен карактер било насловено до Јавно претпријатие “Македонски железници” – Скопје, наместо до Јавното претпријатие за железничка инфраструктура “Македонски железници” – Скопје. Направената грешка е незначителна, и не го оправдува доцнењето со доставување на бараната информација.