ДОНЕСЕНИ 3 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 78–та седница одржана на 25 март 2014 година, донесе 3 решенија и 7 заклучока.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од Б.Л. од Скопје, поднесена против Министерство за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.Л. од Скопје поднесена против Министерство за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 „– Дали општина Сопиште ве информирала и ви ја доставила ПЕТИЦИЈАТА на граѓани сопственици на имот и куќи во викенд населбата „Јаболци“ кои се изјаснија против отворање на каменолом-површински коп на варовник во атарот на село „Јаболци“ непосредно над нивните имоти и куќи, број 08-4578/1 од 24.08.2011 година заведен во општината Сопиште, кога и со кој допис доколку општината ве информирала;
–    Дали Министерството за економија, пред да го склучи договорот за концесија бр.24-10343/1 од 29.12.2011 година, побарало мислење од општината Сопиште за локалитетот на кој се планира отворање на каменолом (член 14 став (4) од Законот за минерални суровини-пречистен текст, Сл.весник на РМ 132 од 23.09.2013 година и со кој допис;
–    Какво мислење добивте од општината Сопиште и со кој допис;
–    Главен рударски проект за површинска експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Јаболци“, општина Сопиште, изработен од РУДПЛАН Струмица, заедно со Ревизиска клаузула издадена од Комисијата за вршење на стручна оцена (ревизија) на рударски проекти бр.24-788/8 од 02.04.2012 година;
–    Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за концесиона парцела, бр.0701-54 од 10.03.2011 година:
–    Решение за одобрување на Елаборатот за заштита на животната средина, издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина бр.11-2536/2 од 05.04.2013 година;
–    Елаборат за оценка на влијанието на експлоатацијата на минералната суровина-варовник врз животната средина, број 005/013 од 06.03.2013 година на Управата за животна средина заедно со Елаборатот за заштита на животната средина;
–    Решение за одобрување на водостопанска согласност издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна-Сектор за води бр.11-2553/4 од 02.05.2012 година;
–    Сообраќајна согласност, издадена од Сектор на општина Сопиште со број 23-1630/7 од 06.09.2012 година;
–    План за управување со отпад од минерални суровини за површинскиот коп на варовник на локалитетот „Јаболце“, општина Сопиште, изработен од РУДПЛАН ДООЕЛ Струмица, со број 014/013 од 29.05.2013 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА  Министерството за економија на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 14.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-2 на 03.01.2013 година, изјавена од Б.Л. од Скопје, поднесена против Министерство за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 14.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под број 07-2 на 03.01.2014 година, Б.Л. на 02.12.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за економија заведено под број 15-7288/1, со кое побарала да и ја достават следната информација. 
„ – Дали општина Сопиште ве информирала и ви ја доставила ПЕТИЦИЈАТА на граѓани сопственици на имот и куќи во викенд населбата „Јаболци“ кои се изјаснија против отворање на каменолом-површински коп на варовник во атарот на село „Јаболци“  непосредно над нивните имоти и куќи, број 08-4578/1 од 24.08.2011 година заведен во општината Сопиште, кога и со кој допис доколку општината ве информирала;
–    Дали Министерството за економија, пред да го склучи договорот за концесија бр.24-10343/1 од 29.12.2011 година, побарало мислење од општината Сопиште за локалитетот на кој се планира отворање на каменолом (член 14 став (4) од Законот за минерални суровини-пречистен текст, Сл.весник на РМ 132 од 23.09.2013 година и со кој допис;
–    Какво мислење добивте од општината Сопиште и со кој допис;
–    Главен рударски проект за површинска експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Јаболци“, општина Сопиште, изработен од РУДПЛАН Струмица, заедно со Ревизиска клаузула издадена од Комисијата за вршење на стручна оцена (ревизија) на рударски проекти бр.24-788/8 од 02.04.2012 година;
–    Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за концесиона парцела, бр.0701-54 од 10.03.2011 година:
–    Решение за одобрување на Елаборатот за заштита на животната средина, издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина бр.11-2536/2 од 05.04.2013 година;
–    Елаборат за оценка на влијанието на експлоатацијата на минералната суровина-варовник врз животната средина, број 005/013 од 06.03.2013 година на Управата за животна средина заедно со Елаборатот за заштита на животната средина;
–    Решение за одобрување на водостопанска согласност издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна-Сектор за води бр.11-2553/4 од 02.05.2012 година;
–    Сообраќајна согласност, издадена од Сектор на општина Сопиште со број 23-1630/7 од 06.09.2012 година;
– План за управување со отпад од минерални суровини за површинскиот коп на варовник на локалитетот „Јаболце“, општина Сопиште, изработен од РУДПЛАН ДООЕЛ Струмица, со број 014/013 од 29.05.2013 година“.
Министерството за економија, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, поради што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-2 од 13.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија на барањето на Комисијата одговори со Произнесување по доставената жалба заведен под бр. 24-441/3 од 22.01.2014 година, а во Комисијата под бр. 07-2 на 24.01.2014 година. Во прилог на произнесувањето е доставен дописот бр.24-488/1 од 20.01.2014 година насловен до Б.Л., во кој е наведено дека Министерството за економија располага со бараните информации, но до барателот не ги доставени наведените информации.
Незадоволен од одговорот бр.24-488/1 од 20.01.2014 година на Министерството за економија, Б.Л. на 27.01.2014 година достави Жалба до Комисијата, заведено под бр.07-2.
 Комисијата со допис бр.07-2 од 28.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија на 14.02.2014 година до Комисијата достави Произнесување по доставената жалба бр.24-441/4 од 13.02.2014 година. Во прилог на дописот ги достави сите списи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Министерството за економија, не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На барањето не одговорило во законски предвидениот рок и форма наведено во Барањето.
Во врска со наведеното, Комисијата на Министерството му укажува дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должно да ги достави бараните информации до барателот, а не до Комисијата. До Комисијата се доставува произнесување по жалба и други списи во врска со предметот.
Согласно член 20 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „ако имателот на инфомрации позитивно одговори на барањето, за тоа ќе изготви записник. Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение. Ако имателот на информација во рокот утврден во членот 21 на овој закон не му овозможи на барателот пристап до информацијата и ако не донесе и не му достави на барателот решение од ставот (2) на овој член, се смета дека барањето е одбиено по што може да се поднесе жалба“.
Доколку пак, имателот утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап, односно согласно член 6 став 1 точка од 1до 8  од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должен е  да донесе Решение за одбивање на пристапот до истата, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Комисијата исто така, му укажува на Министерството за економија дека, доколку бараната информација содржи лични податоци, имателот на информацијата на барателот треба да му овозможува делумен пристап до бараната информација, со бришање на личните податоци.
Доколку се работи за информации од поголем обем, согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата има право да побара од барателот за добиениот препис, фотокопија или електронски запис, надоместок во висината на материјалните трошоци согласно Одлуката на Владата на Република Македонија со која се утврдува надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации објавена во “Службен весник на РМ“ бр.136/2006 година“.
Според наведеното, Министерството  треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата и да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од А.А. од Кочани, поднесена против Решение на Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.А. од Кочани, поднесена против Решението на Град Скопје бр.21-47/2 од 03.01.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Град Скопје на барателот да му ја достави бараната информација: „1.Колкав е вкупниот број на предмети (примени и пренесени) по основ на поднесени пријави за донесување на решенија за висината на данок на промет на недвижности согласно Законот за даноците на имот;
2. Колкав е бројот на решени предмети во законскиот рок и по истекот на законскиот рок;
3. Колкав е бројот на нерешени предмети и особено 4. Колкав е бројот на поднесени барања до Градоначалникот на Град Скопје за донесување на решение од страна на Градоначалникот заради недонесување на решение за висината на данок на промет на недвижности односно недонесување на решение за одбивање на даночната пријава за утврдување на данок на промет на недвижности, во предвидениот рок (молчење на администрација) “, најдоцна до 14.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Град Скопје бр.21-47/2 од 03.01.2014 година СЕ ПОНИШТУВА.
                         
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-26 од 19.02.2014 година, изјавена од А.А. од Кочани, поднесена против Решението на Град Скопје бр.21-47/2 од 03.01.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Град Скопје на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 14.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Град Скопје бр.21-47/2 од 03.01.2014 година ГО ПОНИШТИ.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.А. од Кочани на 03.01.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје и побарал да му ја достават следната информација:
„1.Колкав е вкупниот број на предмети (примени и пренесени) по основ на поднесени пријави за донесување на решенија за висината на данок на промет на недвижности согласно Законот за даноците на имот;
2. Колкав е бројот на решени предмети во законскиот рок и по истекот на законскиот рок;
3. Колкав е бројот на нерешени предмети и особено
4. Колкав е бројот на поднесени барања до Градоначалникот на Град Скопје за донесување на решение од страна на Градоначалникот заради недонесување на решение за висината на данок на промет на недвижности односно недонесување на решение за одбивање на даночната пријава за утврдување на данок на промет на недвижности, во предвидениот рок (молчење на администрација)“.
Град Скопје, како што се наведува во Жалбата, по ова Барање донел Решение за одбивање на пристапот до бараната информација бр.21-47/2 од 03.01.2014 година, доставено до барателот на 04.02.2014 година.
Во Образложението на наведеното Решение е наведено дека „…Град Скопје утврди дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за заштита на личните податоци не е во можност да ја даде бараната информација… согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите можат да одбијат барање за пристап до информации согласно со закон ако информацијата се однесува на податоци кои не се од јавен карактер“.
Незадоволен од Образложението на наведеното Решение, А.А. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата на 19.02.2014 година.
Комисијата, со допис бр.07-26 од 24.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Град Скопје на 13.03.2014 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.21-1435/2 од 10.03.2014 година. Во Произнесувањето по Жалба е наведено дека „Град Скопје останува на наводите од Решението од причина што…утврди дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за заштита на личните податоци не е во можност да ја даде бараната информација“.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Град Скопје не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и неосновано донел Решение со кое го одбил пристапот до бараната информација, која во случајов претставува информација од јавен карактер.
Доколку се има предвид фактот дека Град Скопје согласно Законот за даноците на имот е обврзан да ги прибира податоците по основ на поднесени пријави за донесување решенија за висината на данокот на промет на недвижности, може да се заклучи дека Град Скопје ги создава и располага со бараните информации согласно неговите надлежности. Во случајов, барателот побарал само број на предмети од погоренаведената област, а не барал и конкретни предмети, кои несомнено содржат лични податоци.
Ако се земе во предвид и вкупниот број на примени Пријави за донесување решенија за висината на данокот на промет на недвижности, може да се заклучи дека Град Скопје можел во законскиот рок од 40 дена, определен во член 22 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да подготви бројчана листа на пријави, врз основа на расположливите податоци, а согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и истата да ја достави до барателот на информацијата, на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против  Лекарската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и бр.42/2014), на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против Лекарската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Фоткопијата изјавите дадени од неколку мина членови на персоналот ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија Скопје во врска со насилничкиот напад – однесување на Д-р Н.Т. врз својот пациент Ш.М. на 12.09.2012“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
 
 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и бр.42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-55 од 14.03.2014 година, изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против Лекарската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ш.М. од Скопје на 13.02.2014 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.09-1011/1 до Лекарската комора на Република Македонија со кое побарал да му биде доставена по пошта фотокопија од следната информација.
„Фоткопијата изјавите дадени од неколкумина членови на персоналот ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија Скопје во врска со насилничкиот напад – однесување на Д-р Н.Т. врз својот пациент Ш.М. на 12.09.2012 “.
Лекарската комора на Република Македонија во врска со ова не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е добиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-55 од 17.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Лекарската комора на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
Лекарската комора на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2436/2 од 21.03.2014 година, заведен во Комисијата под бр.07-55 на 24.03.2014 година. Во прилог на Одговорот го достави и Одговорот бр. 03-1011/2 насловен до Ш.М. и копија од примената книга со допис од 13.03.2013 година. Во Одговорот насловен до Ш.М. се наведува дека:„..Лекарската комора на Македонија не располага со такви изјави“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Лекарската комора на Република Македонија по наведеното Барање не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010 и бр.42/2014).
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното: Согласно член 26 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Лекарска комора на Република Македонија е должна повторна да утврди дали располага, или не располага со информацијата наведена во Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.09-1011/1 од 13.02.2014 година од Ш.М. од Скопје и да постапи согласно Законот и укажувањата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.      
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје поднесена против Влада на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје поднесена против Влада на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
„Барање за медиа планот за владината кампања „промоција на основните семејни вредности““,  поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-559 на 04.12.2013 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј.  на 31.10.2013 година, поднелa Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија,  заведено во Владата на Република Македонија и побаралaда и ја достават следната информација: 
 „Барање за медиа планот за владината кампања „промоција на основните семејни вредности“.
Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 
Комисијата со допис бр.07-559 од 06.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
Владата на Република Македонија, на 30.01.2014 достави Одговор на Жалба бр.50-8179/6 од 30.12.2013 година. Во прилог на Одговорот го достави Решението за одбивање на пристап бр.50-8179/5 од 23.12.2013 година, со кое го одбиват барањето со образложение дека бараната информација е исклучок согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
М.Ј. на 20.03.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека го доби Решението од Владата на Република Македонија во врска со овој предмет. Во прилог не достави жалба против решението на Владата на Република Македонија.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок. 
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје поднесена против Влада на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје поднесена против Влада на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
„Барање за медиа планот за владината кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од поттикнување на креативниот дух и креативната мисла во РМ“,  поради тоа што му е одговорено на барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-556 на 04.12.2013 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј.  на 31.10.2013 година, поднелa Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија,  заведено во Владата на Република Македонија и побаралaда и ја достават следната информација: 
 „ Барање за медиа планот за владината кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од поттикнување на креативниот дух и креативната мисла во РМ“.
Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 
Комисијата со допис бр.07-556 од 06.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
Владата на Република Македонија, на 30.01.2014 достави Одговор на Жалба бр.50-8179/6 од 30.12.2013 година. Во прилог на Одговорот го достави Решението за одбивање на пристап бр.50-8179/5 од 23.12.2013 година, со кое го одбиват барањето со образложение дека бараната информација е исклучок согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
М.Ј. на 20.03.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека го доби Решението од Владата на Република Македонија во врска со овој предмет. Во прилог не достави жалба против решението на Владата на Република Македонија.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок. 
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Средно општинско училиште “Неготино“ по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008,  6/2010и 42/2014), а во врска со член 65 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ПРЕКИНУВА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Средно општинско училиште “Неготино“  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Ве молиме да ни ги доставете следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.10/2013 година:
-Цената со (или без ДДВ) која плаќате за набавката за 1 училишна клупа,
-Димензиите на клупите и
-Бројот на купените клупи.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-51 на 11.03.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Средно општинско училиште “Неготино“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 23.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3438 до Средното општинско училиште “Неготино и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 “Ве молиме да ни ги доставете следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.10/2013 година:
-Цената со (или без ДДВ) која плаќате за набавката за 1 училишна клупа,
-Димензиите на клупите и
-Бројот на купените клупи“.
Од списите на предметот и од Жалбата, Комисијата утврди дека во Жалбата не е наведено каде се наоѓа ова општинско училиште.
Поради наведеното, Службеното лице на Комисијата кое постапува по предметот, на 10 март, 2014 година контактираше со барателот кој го извести дека Барањето се однесува за Средно Опшинско училиште “Неготино“ од с. Неготино-Полошко, Општина Врапчиште.
Со оглед на тоа што Поднесокот-Жалбата содржи нецелосни податоци и Комисијата не може да постапува по истата, службеното лице кое постапува по предметот, му укажа на жалителот, дека согласно член 65 од Законот за општатата управна постапка, должен е во рок од 3 дена да ги одстрани наведените недостатоци и да ја уреди Жалбата.
 И покрај телефонската комуникација, барателот не ја уреди жалбата, поради што Комисијата донесе Заклучок за прекинување на постапката.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Државно музичко училиште по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 65 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ПРЕКИНУВА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Државно музичко училиште по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
“Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.02-302/6/2013 година:
-Цената (со или без ДДВ) која плаќате за набавката за 1 училишна клупа,
-Димензиите на клупите и
-Бројот на купените клупи?“
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-52 на 11.03.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Државно музичко училиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 23.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3439 до Државно музичко училиште и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 “Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.10/2013 година:
-Цената (со или без ДДВ) која плаќате за набавката за 1 училишна клупа,
-Димензиите на клупите и
-Бројот на купените клупи?“
Од списите на предметот и од Жалбата, Комисијата утврди дека во Жалбата не е наведено каде се наоѓа ова општинско училиште.
Поради наведеното, Службеното лице на Комисијата кое постапува по предметот, на 10 март, 2014 година контактираше со барателот кој го извести дека Барањето се однесува за Државно музичко училиште од Битола.
Со оглед на тоа што Поднесокот-Жалбата содржи нецелосни податоци и Комисијата не може да постапува по истата, службеното лице кое постапува по предметот, му укажа на жалителот, дека согласно член 65 од Законот за општатата управна постапка, должен е во рок од 3 дена да ги одстрани наведените недостатоци и да ја уреди Жалбата.
 И покрај телефонската комуникација, барателот не ја уреди жалбата, поради што Комисијата донесе Заклучок за прекинување на постапката.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Ве молиме доставете го Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на Годишно осигурување на имотот на Влада на Република Македонија и Тендерската документација бр.76/201 година“  поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 I 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-31 на 24.02.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 20.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3394 до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 “Ве молиме доставете го Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на Годишно осигурување на имотот на Влада на Република Македонија и Тендерската документација бр.76/2013 година“ 
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-31 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, на 19.03.2014 достави допис “Известување за доставување на информација од јавен карактер“ заведено под бр.03-1665/3 од 19.03.2014 година, а во Комисијата под број 07-31.
Во прилог на Одговорот достави допис “Доставување на информација од јавен карактер“, насловен до Здржението на граѓани-Центар за граѓански комуникации, заведено под број 03-1665/2 од 11.03.2014 година.
Во Дописот е наведено:“…во прилог ви доставуваме фотокопија од Извештајот за спроведената постапка и Тендерската документација бр.76/2013 година“.
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија достави и фотокопија од поштенска повратница од која е видно дека бараната информација е доставена до барателот на 14.03.2014 година.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 20.03.2014 година  достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.70/2013:
-Цената која плаќате за стручен изразена како процентуална вредност или во денари (со или без ДДВ) и
-Вредноста на објектот/предметот на надзор?“ поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-32 на 24.02.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 27.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3503 до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.70/2013:
-Цената која плаќате за стручен изразена како процентуална вредност или во денари (со или без ДДВ) и
-Вредноста на објектот/предметот на надзор?“  
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-32 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, на 19.03.2014 достави допис “Известување за доставување на информација од јавен карактер“ заведено под бр.03-1666/3 од 19.03.2014 година, а во Комисијата под број 07-32.
Во прилог на Одговорот достави допис “Доставување на информација од јавен карактер“, насловено до Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации, заведено под број 03-1666/2 од 11.03.2014 година.
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија достави и фотокопија од поштенска повратница од која е видно дека бараната информација е доставена до барателот на 14.03.2014 година.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 20.03.2014 година  достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.А. од Гевгелија поднесена против Општина Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 25 март 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Л.А. од Гевгелија поднесена против Општина Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„Колку седници има одржано „партиципативното тело на Општина Гевгелија од областа на урбанизмот за период од 2009 до 2013 г. фотокопија на записниците од одржаните седници“ партиципативното тело“,  поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-20 на 03.02.2014 година, изјавена од Л.А. од Гевгелија, поднесена поднесена против Општина Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Л.А. од Гевгелија на 23.12.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гевгелија и побарал да му ја достават следната информација: 
 „Колку седници има одржано „партиципативното тело на Општина Гевгелија од областа на урбанизмот за период од 2009 до 2013 г. фотокопија на записниците од одржаните седници“ партиципативното тело“.
Општина Гевгелија, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-20 од 07.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Гевгелија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Гевгелија, на 14.02.2014 достави Одговор на Жалба бр.26-57/6 од 12.02.2014 година. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот, исто така и пликоа насловени до Л.А.
Во Одговорот е наведено дека: „Во законскиот рок, барањето е препратено до Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина при општина Гевгелија, како иматели на бараната информација. По добивањето на одговорот, заведен на 31.12.2013 година под број 26-2377/3, истиот на 9.01.2014 година му е испратен на барателот Л.А., по пошта, како што е наведено во барањето и на адресата наведена во барањето. Според тоа не се точни наводите во жалбата дека општина Гевгелија во законскиот рок е одговорил на барањето. Имено, писмото, откако претходно се направени повеќе обиди од страна на поштата да му се достави на барателот, на 24.01.2013 година, е вратено во општината со ознака „не побарал“. Истото писмо веднаш повторно му беше испратено на барателот, да на 7.02.2014 година, со иста назнака „не побарал“ и по три обиди да и се достави на странката, пак да и биде вратено на општината“.
Л.А. од Гевгелија 20.02.2014 година од страна на Комисијата го доби пликот насловен до Л.А. од Гевгелија. Службеното лице кој го работи предметот во Комисијата направи записник на 20.02.2014 година, на кој е наведено дека му е доставен затворениот плик со одговорот бр.26-2377/4 од 24.01.2014 година на Л.А. од Гевгелија.
Л.А. од Гевгелија 20.02.2014 година од Комисијата достави Жалба против Одговорот бр.26-2377/4 од 24.01.2014 година на Општина Гевгелија.
Комисијата со допис бр.07-20 од 25.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Гевгелија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Гевгелија, на 07.03.2014 достави Известување бр.26-57/9 од 04.03.2014 година. Во прилог на дописот го достави Одговорот насловен до Л.А. бр.26-57/8 од 03.03.2014 година.
Службеното лице од Комисијата телефонски контактираше со Л.А. на 17.03.2014 година, со кој е потврдено дека добил одговор од Општина Гевгелија и е задоволен од иститот. На 19.03.2014 година истото го потврди со е-маил до Комисијата.
Општина Гевелија 14.03.2014 година достави допис бр.26-57/10 до Комисијата. Во прилог на дописот е доказот дека Л.А. од Гевгелија на 13.03.2014 година го примил одговорот на барањето.