ДОНЕСЕНИ 2 РЕШЕНИЈА И 13 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 94-та седница одржана на 17 ноември 2014 година, донесе 2 решенија и 13 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М., адвокат од Кавадарци, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М., адвокат од Кавадарци, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Кој има сопственичко или корисничко право на регионалниот водоснабдителен систем„ЛУКАР“ преку кој се снабдуваат со вода за пиење населените места од Тиквешијата: Општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија и дали соодветното право е евидентирано во некоја јавна книга “СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство во рок од три дена да го препрати Барањето до имателот на информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-762на23.09.2014 година, изјавена од М.М., адвокат од Кавдарци, поднесена против Министерство за здравство, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство во рок од три дена да го препрати Барањето до имателот на информации.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.М., адвокат од Кавадарци, на 12.07.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое побарал да му достават препис потпишан на следната информација:
“Кој има сопственичко или корисничко право на регионалниот водоснабдителен систем „ЛУКАР“ преку кој се снабдуваат со вода за пиење населените места од Тиквешијата: Општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија и дали соодветното право е евидентирано во некоја јавна книга“.
Министерството за здравство, како што се наведува во Жалбата,на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-762 од 01.10.2014 година, ја препрати Жалбата доМинистерството за здравствои побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство на 27.10.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.18-6590/4 од 17.10.2014 година. Во Одговорот е наведено дека: „..Ве известувам дека, на барањето за пристап до информации од јавен карактер по повод на што е изјавена жалбата, Министерството за здравство даде одговор со писмо бр.18-6590/2 од 18.07.2014 година.
Во прилог на Одговорот на жалба доставен е и Одговорот на барањето бр.18-6590/2 од 18.07.2014 насловен до М.М., адвокат од Кавадарци. Во Одговорот е наведено дека: „Со Законот за води е утврдено дека, надлежен орган за управување со водите во кој спага и водоснабдувањето е Министерството за просторно планирање и животна средина, а Министерството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа се надлежни за системите за водоснабдување на населението. Јавните здравствени установи-Институтот и центрите за јавно здравје како и исправноста на водата за водоснабдување. Од наведеното произлегува дека Вашето барање на одговор треба да го доставите до една од напред наведените институции“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се наведува „Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“.
Министерството за здравство било должно во рок од три дена од приемот на Барањето да го препрати до институцијата која е имател на информации и за тоа да го извести барателот на информација.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје, поднесена преку полномошникот К.К. против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје, поднесена преку полномошникот К.К., поднесена против Општина Карпош, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-748 од 11.09.2014година, изјавена од Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје, поднесена преку полномошникот К.К., против Општина Карпош по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактериЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје, преку полномошникот К.К., на 17.08.2012 година до ЕВН – Македонија, (а копија од истото доставено e и до: Владата на Република Македонија, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Општина Карпош), поднел Барање, заведено во Здружението бр.16-12 од 17.08.2012 година со кое побарало„Интервенција за времен приклучок на струја за водоснабдување со питка вода“.
ЕВН – Македонија АД Скопје на 27.08.2014 година до Здружението доставило „Одговор на Ваш поднесок до ЕВН Македонија бр.17-22/12464 од 27.08.2012 година“. Во прилог на Одговорот доставилa: „Договор за изведување на дупчен бунар во Горно Нерези“ бр.08-543/1 од 10.08. 2000 година и „Известување“ до Здружението бр.25-3016/3 од 21.08.2012 година.
Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје на 18.06.2014 година до Општина Карпош доставило Претставка, заведена во Општината под бр.20-04 на 18.06.2014 година.
Општина Карпош, во врска со Претставката, на 16.07.2014 година до Здружението доставила Известување УПП.бр.20-04. Во Известувањето, Општината Карпош наведува дека: „..Ве известува дека градежно-техничка документација (Одобрение за градење) за бунарот кој го споменувате во Г.Нерези во Општината не е пронајдена, а долгот за потрошена електрична енергија за работа на пумпата за црпење вода направен од страна на група граѓани од с.Нерези, тие тој проблем ќе треба да го регулираат со ЕВН“.
Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје незадоволно од наведеното Известување,на 25.08.2014 година поднело Жалба до Општина Карпош, заведена во Општината под бр.20-04 на 26.08.2014 година. Во Жалбата е наведено дека истата се поднесува до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и до Народен правобранител, преку Општината.
Општина Карпош на 11.09.2014 година до Комисијата достави допис „Појаснување по основ на жалба со достава на списи“, УПП бр.20-04 од 04.09.2014 година, заведено во Комисијата под бр.07-748.
Во прилог на дописот до Комисијата се доставени сите списи во врска со предметот.
Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје на 03.10.2014 година, до Комисијата достави Барање бр.08-6126/2 од 02.10.2014 годиназа постапување по предметот, заведено во Комисијата под бр.07-748.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Барањето поднесено од Здружението на граѓани „Св.Пантелејмон“ од с.Горно Нерези-Скопје против ЕВН – Македонија, (Владата на Република Македонија, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Општина Карпош), не е Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, барателот поднел обично барање до гореспоменатите институциии претставка до Општина Карпош согласно нивните надлежности. Од тука и жалбената постапка не може да се спроведе согласно овој Закон.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е наведено дека: „Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку Извршниот директор Н.С. од Прилеп, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку Извршниот директор Н.С. од Прилеп, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Дали Општина Чаир има отворено специјално здравствено советувалиште во населбата Топанско поле согласно Стратегијата за Роми во РМ?
2. Доколку има отворено специјално здравствено советувалиште, каков тип на услуги и колку услуги се дадени од отварањето до 30.06.2014?
3.Колку Роми биле корисници на услугите дадени во склоп на здравственото советувалиште од отварањето до 30.06.2014 година “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-771 на 01.10.2014 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку Извршниот директор Н.С. од Прилеп, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О. С-Прилеп, на 16.07.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Чаир. Со Барањето заведено во Здружението на 15.07.2014 година, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп побарало во препис по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“1. Дали Општина Чаир има отворено специјално здравствено советувалиште во населбата Топанско поле согласно Стратегијата за Роми во РМ?
2. Доколку има отворено специјално здравствено советувалиште, каков тип на услуги и колку услуги се дадени од отварањето до 30.06.2014?
3.Колку Роми биле корисници на услугите дадени во склоп на здравственото советувалиште од отварањето до 30.06.2014 година “.
Општина Чаир, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-771 од 03.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Чаир и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Чаир не одговори на дописот на Комисијата.
Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, на 29.10.2014 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.07-771 во кој наведува дека добило одговор по бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Чаир постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * ** *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-777 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 20.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-777 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка не одговори на барањето на Комисијата.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 31.10.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ОУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М. Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ 1.Листа на медиуми(печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала промотивната кампања на Министерството склучена со фирмата Маркет Висион Дооел на 13.09.2012 година.
2. Цената на чинење на емитувањето на рекламата за секој медиум одделно “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-786 на 14.10.2014 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје на 08.09.2014 година, по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука, со кое побарала по пошта или е-маил да и достават фотокопија од следната информација:
“ 1. .Листа на медиуми (печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала промотивната кампања на Министерството склучена со фирматаМаркет Висион Дооел на 13.09.2012 година.
2. Цената на чинење на емитувањето на рекламата за секој медиум одделно “ .
Министерството за образование и наука, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-786 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука на 04.11.2014 година достави Одговор на Жалба заведен под број 03-14184/4 од 31.10.2014 година, а во Комисијата под број 07-786.
Во прилог на Одговорот Министерството за образование и наука ги достави сите списи во врска со предметот.
Мери Јордановска од Скопје на 04.11.2014 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.07-786 во кој наведува дека добила одговор по бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * ** *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-774 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 21.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-774 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово не одговори на барањето на Комисијата.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 31.10.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-776 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, поднесена против ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 19.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка од Кратово. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-776 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка на 29.10.2014 година достави допис“Известување“ заведено под број 02-698/2 од 22.10.2014 година а во Комисијата под број 07-776.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 12.11.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈП “Комуналец“ од Крива Паланка постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-775 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, поднесена против ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 18.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот, Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-775 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово на 27.10.2014 година, достави допис “Доставување информации за јавните набавки“ заведен под број 03-420/2 од 21.10.2014 година а во Комисијата под број 07-775. Во прилог на дописот ги достави бараните информации и до Комисијата.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 12.11.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ОУ „Кочо Рацин“ од Кратово постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Општа болница Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Општа болница Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Доставете ни копии од кварталните извештаи кои ОБ Гевгелија ги има доставено до Министерството за здравство по основ на извршени договорни активности од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2013 година (Скрининг на карцином на грло на матка) “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-766 на 23.09.2014 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Општа болница Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје на 18.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Општа болница Гевгелија. Со Барањето заведено во Здружението ЕСЕ под бр.6.1-139/14-3 на 15.08.2014 година, Здружението ЕСЕ побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Доставете ни копии од кварталните извештаи кои ОБ Гевгелија ги има доставено до Министерството за здравство по основ на извршени договорни активности од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2013 година (Скрининг на карцином на грло на матка)“.
ЈЗУ Општа болница Гевгелија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-766 од 25.09.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Општа болница Гевгелија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје на 26.09.2014 година до Комисијата достави е-маил во кој наведува дека добило нецелосен одговор по бараните информации бидејќи „фали извештај за месец август“.
ЈЗУ Општа болница Гевгелија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-619/4 од 30.09.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-766 на 01.10.2014 година. Во Одговорот на жалба, меѓу другото, е наведено дека „… ЈЗУ Општа болница Гевгелија, постапувајќи согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во дадениот рок од 30, односно 40 дена ги достави бараните податоци…на ден 23.09.2014 година…составен е Записник број 03-619/4 со кој се овозможува пристап…бараните информации во копија им се доставени истиот ден…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Записник, во кој е наведено дека до барателот на информации се доставуваат „…сите четири фактури кои ОБ Гевгелија ги има доставено до МЗ по основ на извршени договорни активности од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2013 година (скрининг на карцином на грло на матка), кварталните извештаи…“.
Службеното лице во Комисијата, кое постапува по предметот телефонски ги контактираше имателот и барателот на информации, од кои побара повторно да ги разгледаат одговорите од ЈЗУ Општа болница Гевгелија и да ја известат Комисијата дали истите се доставени до барателот во целост. На ова барање не одговорија ниту имателот, ниту барателот на информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ Општа болница Гевгелија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Што се однесува до наводите во Одговорот на жалба на ЈЗУ Општа болница Гевгелија дека постапиле по барањето во законски предвидениот рок „…од 30, односно 40 дена…“, Комисијата укажува на следното:
Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето“.
Согласно член 22 од истиот Закон, „Ако на имателот на информацијата му е потребно подолго време од рокот утврден во член 21 од овој закон за да овозможи делумен пристап до информацијата…или поради обемноста на бараниот документ, може да се продолжи рокот, но најмногу до 40 дена од денот на приемот на барањето“, а за тоа „…имателот на информацијата е должен писмено да го извести барателот, најдоцна во рок од три дена пред истекот на рокот од членот 21 на овој закон“.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај не се работело за овозможување на делумен пристап до бараната информација, ниту пак таа била од таков обем поради што би можел да се продолжи рокот на нејзиното доставување до барателот, туку имателот на информацијата без образложение го продолжил рокот на нејзино доставување до 40 дена, без да го извести барателот за истото.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември.2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Планот за јавни набавки на Министерството за одбрана – Сектор за логистика за 2014 година, како и следните информации за постапката за јавна набавка на чевли машки, летни и зимски со бр. 05-621/3/2014:
– Одлуката за јавната набавка;
– Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
– Записник од јавното отворање на понудите;
– Извештај за извршена евалуација на понудите;
– Извештај од спроведена е-аукција;
– Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
– Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
– Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
– Известување за склучениот договор;
– Евентуални анекси на Договорот за јавната набавка;
– Потврда за прием на предметната набавка и
– Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавките“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 I 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-772 на 08.10.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана – Сектор за логистика. Со Барањето заведено во Центарот за граѓански комуникации под бр.0302-700/1 на 25.06.2014 година, е побарано да му ја достават следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Планот за јавни набавки на Министерството за одбрана – Сектор за логистика за 2014 година, како и следните информации за постапката за јавна набавка на чевли машки, летни и зимски со бр. 05-621/3/2014:
– Одлуката за јавната набавка;
– Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
– Записник од јавното отворање на понудите;
– Извештај за извршена евалуација на понудите;
– Извештај од спроведена е-аукција;
– Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката;
– Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
– Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
– Известување за склучениот договор;
– Евентуални анекси на Договорот за јавната набавка;
– Потврда за прием на предметната набавка и
– Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавките“.
Министерството за одбрана, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање одговорило со Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 14/2-3303/6 од 01.08.2014 година, примено кај барателот на 14.08.2014 година.
Незадоволен од тоа што имателот на информации „…делумно одговорил по барањето…“, Центарот за граѓански комуникации, преку полномошник С.Ф., вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-772 од 09.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана на 11.11.2014 година до Комисијата достави Известување бр. 14/1-3303/11 од 07.11.2014 година, заведено во Комисијата под број 07-772. Во Известувањето е наведено дека Министерството за одбрана до барателот ја доставило бараната информација во целост. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена фотокопија од допис насловен до Центарот за граѓански комуникации за доставување на „Годишниот план за јавни набавки…“.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 12.11.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека го добиле бараниот одговор од Министерството за одбрана.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за здравство постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Никола Карев“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17.11.2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Никола Карев“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот; Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-780 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Никола Карев“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 20.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ОУ „Никола Карев“ од Кочани. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот; Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ОУ „Никола Карев“ од Кочани, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-780 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ОУ „Никола Карев“ од Кочани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ОУ „Никола Карев“ од Кочани не одговори на барањето на Комисијата.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 31.10.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ОУ „Никола Карев“ од Кочани постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17.11.2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот; Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-781 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 21.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Кочани. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информаци:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот; Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Кочани, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-781 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Кочани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Кочани не одговори на барањето на Комисијата.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 31.10.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Кочани постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17.11.2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот; Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-782 на 10.10.2014 година, изјавена од Здружението „Регионален центар за одржлив развој„ од Кратово, поднесена против СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 19.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани. Со Барањето, Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово побарало да му ги достават следните информации:
„…јавните набавки кои се направени во рамки на оваа институција за 2011, 2012 и 2013 година во вид на табеларен преглед“, кој опфаќа: Година; Јавна набавка; Број на повик; Економски оператори кои се пријавиле на повикот; Економски оператор со кој е склучен договор; Вредност на договорот со анекси; Дали има приложени жалби и Состав на комисија која одлучувала“.
СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-781 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани не одговори на барањето на Комисијата.
Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово на 31.10.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека, по доставување на Жалбата, ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали насловот во 2013 г. и 2014 г. заклучно со месец јули, има објавено информација работодавачите да ги почитуваат и исполнуваат правата на работниците кои произлегуваат од Законот за работните односи, Колективните договори на ниво на гранка и Колективните договори на нивo на работодавач, како што насловот објавува информација граѓаните-обврзници да ја плаќаат радиодифузната такса како јавна давачка“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-792 на 20.10.2014 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.М. од Кавадарци на 18.08.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје со кое побарал да му ја достават следната информација:
„Дали насловот во 2013 г. и 2014 г. заклучно со месец јули, има објавено информација работодавачите да ги почитуваат и исполнуваат правата на работниците кои произлегуваат од Законот за работните односи, Колективните договори на ниво на гранка и Колективните договори на нивo на работодавач, како што насловот објавува информација граѓаните-обврзници да ја плаќаат радиодифузната такса како јавна давачка“.
Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-792 од 22.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје на 04.11.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-7276/2 од 04.11.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-792.
Во прилог на Произнесувањето на жалбата е доставен Одговор на барање бр.03-5772/4 од 27.10.2014 година насловен до М.М. од Кавадарци.
Службеното лице во Комисијата, кое постапува по предметот, телефонски го контактираше М.М. од Кавадарци, кој потврди дека го добил одговорот од Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје.
Во конкретниов случај, по добиениот одговор, барателот нема поднесено Жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Врз основа на списите од предметот, Комисијата утврди дека Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје постапило по Барањето на барателот и доставило одговор до барателот, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.”
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против АД Македонска пошта – Скопје,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 17 ноември 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против АД Македонска пошта – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Листа на медиуми (печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала маркетинг кампањата за која бил склучен договор со фирмата ГЕНЕЗИС комуникации ДООЕЛ на 06.07.2011 година;
2.Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-785 на 14.10.2014 година, изјавена одМ.Ј. од Скопје, поднесена против АД Македонска пошта – Скопје, по предметотБарање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 04.09.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД Македонска пошта – Скопје. Со Барањето М.Ј. од Скопје побарала да и достават фотокопија од следната информација:
“1. Листа на медиуми (печатени, електронски и веб-портали) каде што се емитувала маркетинг кампањата за која бил склучен договор со фирмата ГЕНЕЗИС комуникации ДООЕЛ на 06.07.2011 година;
2.Цената на чинење на емитувањето на кампањата за секој медиум одделно“.
АД Македонска пошта – Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-785 од 20.10.2014 година, ја препрати Жалбата до АД Македонска пошта – Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД Македонска пошта – Скопје на 03.11.2014 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 2201-227/13 од 31.10.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-785. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Ве известуваме дека во однос на Барањето на М.Ј. до АД „Македонска пошта“ – Скопје кое беше пристигнато на 04.09.2014 година наш број 2201-227/6, по истото е постапено од наша страна“.
Мери Јордановска од Скопје, на 04.11.2014 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.07-785 во кој наведува дека добила одговор по бараните информации и е задоволна од истиот.
Врз основа
на наведеното,Комисијата утврди дека АД Македонска пошта – Скопјепостапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.