ДОНЕСЕНИ 6 РЕШЕНИЈА И 5 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 93–та седница одржана на 27 октомври 2014 година, донесе 6 решенија и 5 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Општина Тетово по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Тетово на барателот да му ја достави бараната информација:
“.1. Колку Решенија за уривање на бесправно изградени објекти се донесени од страна на надлежниот орган при Општина Тетово за временски период од 1.12.2012 г. заклучно со 31.12.2014 г.
2. Колку од Решенијата за уривање на бесправно изградени објекти се однесуваат за реонот на село Селце, а колку за реонот на с. Гајре“, најдоцна до 14 ноември 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-763 на 23.09.2014 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Општина Тетово, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Тетово на барателот да му ја достави бараната информација“, најдоцна до 14 ноември 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.М. од Кавадарци, на 04.08.2014 година, по пошта, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Тетово со кое ја побарал следната информација:
“.1. Колку Решенија за уривање на бесправно изградени објекти се донесени од страна на надлежниот орган при Општина Тетово за временски период од 1.12.2012 г. заклучно со 31.12.2014 г.
2. Колку од Решенијата за уривање на бесправно изградени објекти се однесуваат за реонот на село Селце, а колку за реонот на с. Гајре“ “.
Општина Тетово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-763 од 02.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Тетово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Тетово не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди декаОпштина Тетово не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот информацијата наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје, поднесена преку полномошникот Сабина Факиќ, вработена во Центарот, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
1. За делот од Барањето кое се однесува на информациите „За потребите на регионално истражување во рамките на проектот што е финансиски поддржан од ЕУ “Кон ефикасни механизми во јавните набавки во (потенцијални) земји кандидати за членство во Европската Унија” ве молиме да ни го доставите: Планот за јавни набавки на Министерството за транспорт и врски за 2014 година; Како и следните информации за постапката за јавна набавка на услугата за поправка и тековно одржување на лифтовите во Министерството за транспорт и врски со бр. 7/2014: Одлуката за јавната набавка; Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка; Записник од јавното отворање на понудите; Извештај за извршена евалуација на понудите; Извештај од спроведена е-аукција; Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви); Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи; Евентуални анекси на Договорот за јавната набавка; Потврда за прием на предметната набавка и Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавките СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на транспорт и врски на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 14 ноември 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
2. За делот од Барањето кое се однесува на информациите: ”Одлука за избор на најповолна понуда или одлука за запирање на постапката; Извештајот за текот на е-аукцијата за набавка на услугата за поправка и тековно одржување на лифтовите на Министерството за транспорт и врски СЕ ОДБИВА.
3. За делот од Барањето кое се однесува на информацијата: „Известување за склучениот договор“, предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-770 на 24.09.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации (ЦГК) одСкопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Министерството за транспорт и врскија УВАЖИ во делот наведен во точка 1 од диспозитивот на Решението и го ЗАДОЛЖИ Министерството за транспорт и врски на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 14 ноември 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
За делот од Барањето наведен во точка 2 од диспозитивот на Решението, Жалбата се одбива како неоснована.
За дел од Барањето наведен во точка 3 од диспозитивот на Решението, предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружениетонаграѓани-Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-684/1 од 18.06.2014 година до Министерството за транспорт и врски, и побарало по пошта или по е-маил да му достават фотокопија од информациите:
„За потребите на регионално истражување во рамките на проектот што е финансиски поддржан од ЕУ „Кон ефикасни механизми во јавните набавки во (потенцијални) земји кандидати за членство во Европската Унија“ ве молиме да ни го доставите:
• Планот за јавни набавки на Министерството за транспорт и врски за 2014 година;
Како и следните информации за постапката за јавна набавка на услуга за поправка и тековно одржување на лифтовите во Министерството за транспорт и врски со бр.7/2014:
• Одлуката за јавната набавка;
• Изјави за постоење/непостоење на судир на интереси во однос на конкретната јавна набавка;
• Записник од јавното отворање на понудите;
• Извештај за извршена евалуација на понудите;
• Извештај од спроведена е-аукција;
• Одлука за избор на најповолна одлука или одлука за запирање на постапката;
• Барање за заштита на правата (доколку се поднесени во конкретни случаеви);
• Договорот за јавната набавка како и евентуалната пропратна документација за склучените (договорените) правни работи;
• Известување за склучениот договор;
• Евентуални анекси на Договорот за јавната набавка;
• Потврда за прием на предметната набавка и
• Извештај за финансиските трошоци за реализација на набавките“.
Министерството за транспорт и врски, како што се наведува во Жалбата, на 11.07.2014 година до Здружението доставило по електронска пошта Одговор на барање бр.22-9051/2 од 11.07.2014 година. Во Одговорот на барање, Министерството за транспорт и врски наведува: „…Ве известува дека во прилог ги доставува Решението за избор на најповолна понуда број 49-794/6 од 29.01.2014 година и Извештајот за текот на е-Аукцијата за набавка на услуга за поправка и тековно одржување на лифтовите во Министерството за транспорт и врски. Што се однесува до бараната информација „известување за склучен договор“ во моментот не може да биде доставено од причини што станува збор за постапка со барања за прибирање на понуди со објавување на оглас за кои согласно член 103 од Законот за јавните набавки, кој предвидува дека „Договорниот орган доставува примерок во електронска форма од евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди во ЕСЈН најдоцна до 31 јули и до 31 јануари за договори за јавни набавки склучени во претходните шест месеца, и истата сеуште не е објавена“.
Незадоволно од наведениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации Скопје, на 24.09.2014 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-770.
Комисијата, со допис бр.07-770 од 01.10.2014 година, ја препрати Жалбата доМинистерството за транспорт и врски и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врскине одговори на барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски во целост не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 10 став 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ”Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за: сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон.” Во врска со цитираниот член, Министерството за транспорт и врские должно да му овозможи на Здружението пристап до бараните информации и документација за конкретната јавна набавка, затоа што согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Здружението има право на пристап до бараните документи, вклучувајќи ги и записникот од јавното отварање на понудите и извештаите од спроведената постапка, иако не е учесник во постапката по јавната набавка. Впрочем, целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е да се обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации.
Во врска со наводите во Одговорот на барање на Министерството за транспорт и врскидека бараните информации во моментот не може да бидат доставени, Комисијата му укажува на следново. Член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер гласи:”информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот н информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината“, став 2 од наведениот член гласи: од
Доколку, Министерството за транспорт и врски констатира дека бараната информација е исклучок од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во тој случај согласно член 20 став 2 од наведениот Закон „Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение“ должен е да донесе Решение за делумно или целосно одбивање на пристапот, со образложение зошто се одбива пристапот и да го спроведе задолжителниот тест на штетност. Од наведеното произлегува дека штом документот ќе биде подготвен, имателот на информации е должен до барателот да ја достави бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Министерството за транспорт и врски треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.Ш. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.Ш. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-761 од 12.09.2014 година, изјавена од К.Ш. од Скопје, поднесена против Општина Кисела Вода и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
К.Ш. од Скопје на 12.06.2014 година до Општина Кисела Вода поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер со кое побарал писмен одговор по пошта на следната информација:
„Дали лицето С.Г. има доставени претставки до Општина Кисела Вода (Ве молам за конкретен одговор со да или не) и, ако одговорот е да, на кои датуми се доставени претставките и под кои архивски броеви се заведени во Општина Кисела Вода?“.
Општина Кисела Вода, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-761 од 19.09.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Општина Кисела Вода во врска со ова барање на 15.10.2014 година до Комисијата достави допис насловен „Достава на списи бр.08-1801/4 од 06.10.2014 година“, заведен во Комисијата под бр. 07-761.
Меѓу доставените списи до Комисијата се наоѓа и фотокопија од Барање мислење бр.08-2243/1 од 22.07.2014 година, со кое Општина Кисела Вода, повикувајќи се на Законот за постапување по претставки и предлози, бара од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер произнесување дали „…Општина Кисела Вода може да постапи по наводите“ во Барањето кое и го поднел К. Ш. од Скопје. Исто така, до Комисијата е доставена и фотокопија од Мислењето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како одговор на претставката од Општина Кисела Вода, заведен во Општината под бр.08-2243/2 на 12.08.2014 година. Во наведеното Мислење, меѓу другото, е наведено дека „Во конкретниов случај барателот не бара информации кои се однесуваат на работењето на Општина Кисела Вода, односно информации кои таа ги создала или согласно нејзините надлежности ги добила од некој друг имател на информации, туку бара информации (доколку истите постојат) кои се однесуваат на идентификувани физички лица кои тие сами ги создале и не претставуваат информации од јавен карактер, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Наведеното Мислење од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Општина Кисела Вода го дала како Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.08-1618/4 од 06.10.2014 година до К.Ш. од Скопје.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Општина Кисела Вода, со цел да ја оствари целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да му овозможи на барателот да го оствари своето право за пристап до информации од јавен карактер, вложила напори да се осигура дали бараната информација е информација од јавен карактер и дали со давањето на истата во јавноста нема да повреди нечие друго право, односно да не навлезе во приватноста на друго идентификувано физичко лице. Поради тоа, иако со задоцнување, до барателот доставила одговор со кој му укажала дека не може да ја добие бараната информација од причина што истата не претставува информација од јавен карактер.
Согласно член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“.
Комисијата утврди дека во конкретниов случај не се работи за информација од јавен карактер бидејќи барателот не бара информација или документ кој го создала или со кој располага имателот на информации согласно своите надлежности, туку поставува прашања и бара информации за идентификувано физичко лице. Бараните информации не претставуваат информации од јавен карактер кои произлегуваат од надлежноста на Општина Кисела Вода.
Доколку барателот бил незадоволен од добиениот одговор од имателот на информации, имал право да поведе постапка пред други надлежни институции, бидејќи во случајов не се работи за информации од јавен карактер, а не да поднесува Жалба до Комисијата, која во случајов нема надлежност да постапува по истата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.З. од Велес, поднесена против Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.З. од Велес, поднесена против Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„Барам увид на целокупната документација и препис од истите како осигуреник во Фондот поточно од документи евиденција за плаќање за пензиско и здравствено осигурување од сам почеток како осигуреник па се до исполнување на условите за старосна пензија или поточно до 29.02.2012 година“, СЕ ОДБИВА како неосновано.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-532 од 21.07.2014 година, изјавена од М. З. од Велес, поднесена против Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја одби како неоснована.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.З. од Велес на 17.01.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес, заведено во Фондот под бр.22-74 на 17.01.2014 година и побарал да му овозможи увид и фотокопија на преписи на следната информација:
„Барам увид на целокупната документација и препис од истите како осигуреник во Фондот поточно од документи евиденција за плаќање за пензиско и здравствено осигурување од сам почеток како осигуреник па се до исполнување на условите за старосна пензија или поточно до 29.02.2012 година“.
Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-532 од 07.08.2014 година, ја препрати Жалбата до Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес достави Одговор Произнесување по Жалба бр.21-1683 од 12.09.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-532 на 15.09.2014 година. Во прилог на Одговорот се доставени сите списи во врска со предметот. Исто така, во прилог е и Одговорот насловен до М.З. од Велес.
Во Одговорот бр.21-1683/2 од 12.09.2014 година се наведува дека: „Фонд ПИОМ Филијала Велес Ве известува дека од страна на синот на М.З. Г.З. е извршен увид во предметот и подигнат е препис од документацијата во предметот што може да се види од приложената службена белешка (записник) на ден 22.01.2014 год. по поднесеното барање од 17.01.2014 год. Воедно Ви доставуваме документи односно дел од одговорите по поднесени барања од страна на М.З..“
Исто така, во Служебената белешка за позитивно одговорено на Барање е наведено дека: „Лицето Г.З.од Велес –син на М.З. по поднесено барање од 17.01.2014 година, за увид на целокупната документација и препис на истите на ден 22.01.2014 година по трет пат извршил увид во целокупната документација на предметот со бр.Ст.С бр.918 и подигна фотокопира документација –Препис од целиот предмет што се однесува за извршените плаќања за придонес за ПИО од страна на М.З. “.
Комисијата констатира дека од службената белешка (записник) за позитивно одговорено Барање видливо е дека од страна на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес немало молчење на администрацијата, бидејќи е извршен увид на целокупната документација. Во конкретниот случај, М.З. од Велес Жалбата ја поднесува до Комисијата поради молчење на администрацијата, а не ја поднесува поради тоа што е незадоволен од извршениот увид во целокупната документација.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес постапил согласно член 24 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 24 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е наведено „Ако барателот бара да му се даде информацијата на увид, имателот на информацијата е должен да му овозможи увид на тој начин што барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина“.
Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ц.о. Стручна служба – филијала Велес во конкретниот случај постапил согласно цитираниот член од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи му овозможило увид на барателот и му достатвило фотокопија од бараната информација.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.688/2013 од 11.09.2014 година, заведена во Комисијата под број 07-37 на 10.10.2014 година, ја разгледа Жалбата бр. 07-37 на 21.03.2013 година, изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По повторното разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата бр.07-37 од 21.03.2013 година, А.Т. на 28.02.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од кое побарала по пошта да и биде доставена следната информација:
„Дали во Катастарот на шуми што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го водело согласно чл.90 од Законот за шумите…е евидентирана шума на КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани место викано Трница во периодот од 1991 год. До 1997 год.? Кој вид на шума била запишана во Катастарот на шумите за КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани место викано Трница во периодот од 1991 год. До 1997 год. и кој стопанисувал со неа?“.
По ова Барање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до А.Т. доставило Одговор на барање бр. 02-6751/4 од 07.03.2013 година.
Незадоволна од добиениот одговор, А.Т. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-37 од 26.03.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не одговори на барањето на Комисијата во законски предвидениот рок, а барателот до Комисијата достави допис насловен „втора писмена Жалба“ заведена под бр. 07-37 на 22.04.2013 година, со иста жалбена основа наведена во претходната Жалба.
Во врска со поднесената Втора писмена жалба од А.Т., Комисијата на барателот му укажува за следното:
Во член 28 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е наведено: „Ако Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во рокот од ставот (3) на овој член не донесе решение по жалбата на барателот против првостепеното решение, а не го донесе ниту во рок од седум дена по повторното барање, барателот може да поведе управен спор“. Во конкретниот случај, барателот не постапил согласно одредбите на наведениот член од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи наместо да достави барање за постапување по Жалбата и да поведе Управен спор пред Управниот суд, барателот поднел поднесок со наслов „Втора писмена Жалба“, што е спротивно на погоре цитираниот член.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави два дописа со бр.02-12277/4 од 12.04.2013 година, заведени во Комисијата првиот на 23.04.2013 година, а вториот на 30.04.2013 година, кои покрај одговорот на Жалба содржат и фотокопии од одговори кои се подготвени за барателот на информации.
Службеното лице кое постапува по предметот веднаш телефонски го контактираше барателот на информации, понудувајќи му да му ги достави наведените одговори од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барателот на информациите не дојде во закажаниот повеќедневен термин во Комисијата за да ги преземе одговорите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На 11.06.2013 година барателот на информациите А.Т. од Скопје, застапувана од Филип Ѓурчиновски од Скопје, до Комисијата достави Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.07-4, со кое побара фотокопии од одговорите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 11.06.2013 година на застапникот на барателот на информациите му ги достави одговорите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за што изготви Записник бр.07-4 од 11.06.2013 година. Записникот е уредно потпишан од службено лице на Комисијата и од страна на застапникот на барателот на информациите. Против добиените одговори барателот во законски предвидениот рок не поднесе Жалба до Комисијата.
Од причини што до барателот е доставен одговор по Барањето за слободен пристап до информации, а барателот не изјавил жалба против истиот во законски предвидениот рок, Комисијата донесе Заклучок бр.07-37 од 30.05.2013 година, со кој ја запре постапката по Жалбата бр.07-37 од 21.03.2013 година изјавена од А.Т.од Скопје.
Против наведениот Заклучок на Комисијата, А.Т. од Скопје на 18.06.2013 година поднела Тужба до Управниот суд.
Управниот суд со Пресуда У-5.бр.688/2013 од 11.09.2014 година ја уважил Тужбата, а оспорениот Заклучок на Комисијата го поништил.
Во образложението на Пресудата, меѓу другото, Управниот суд наведува дека „…судот утврди дека тужениот орган пропуштил да утврди дали имателот на информацијата во целост постапил по барањето на тужител и во согласност со одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за општа управна постапка, поради што смета дека се исполнети условите предметот да се врати на повторно постапување и одлучување…“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и го утврди следното:
При постапувањето по Барањето, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постапило во законски предвидениот рок и на барателот му доставило одговор на Барањето, но Министерството нема доказ, согласно Законот за општата управна постапка, дека барателот го примил писменото, бидејќи истото не било испратено со соодветна поштенска пратка и со поштенска повратница. Министерството не постапило во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за општата управна постапка, односно писмено не докажало дека барателот е повикан да изврши увид во бараната информација, или дека по истата е доставен одговор до барателот. Министерството заедно со Одговорот по жалба до Комисијата достави и одговори по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
При повторното постапување по предметот, како што се наведува и во Пресудата на Управниот суд, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е должно во целост да постапи по Барањето согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во конкретниот случај, имателот на информации бил должен да провери дали постои бараната информација согласно чл. 90 од Законот за шумите. Доколку, пак, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство утврди дека се работи за информации со кои не располага, треба да постапи согласно член 26 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да донесе заклучок за прекинување на постапката.
Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство смета дека не е имател на бараните информации, а знае кој е имател, должно е да постапи согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и веднаш да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
Доколку при повторното постапување Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристапа согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да изготви решение во чие образложение ќе ги наведе причините за одбивањето, а кое ќе го содржи и спроведениот задолжителен тест на штетност, односно задолжителната постапка која ја спровел, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Доколку, пак, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство утврди дека бараниот документ, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Доколку се работи за информации од поголем обем, согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата има право да побара од барателот за добиената фотокопија да плати надоместок во висината на материјалните трошоци согласно Одлуката на Владата на Република Македонија со која се утврдува надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации објавена во “Службен весник на РМ“ бр.136/2006 година.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, при повторното постапување и одлучување по Жалбата, ги имаше во предвид укажувањата и напатствијата на Управниот суд и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против ЈП Македонија пат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против ЈП Македонија пат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„За потребите на регионално истражување во рамките на проектот што е финансиски поддржан од ЕУ „Кон ефикасни механизми во јавните набавки во (потенцијални) земји кандидати за членство во Европската Унија“ ве молиме да ни го доставете:
Планот за јавни набавки на ЈП Македонија пат-Скопје за 2013 година“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-773 на 08.10.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против ЈП Македонија пат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани – Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП Македонија пат – Скопје. Со Барањето заведено во Центарот за граѓански комуникации под бр.0302-688/1 на 18.06.2014 година, е побарано да му ја достават следната информација:
„ За потребите на регионално истражување во рамките на проектот што е финансиски поддржан од ЕУ „Кон ефикасни механизми во јавните набавки во (потенцијални) земји кандидати за членство во Европската Унија“ ве молиме да ни го доставете:
Планот за јавни набавки на ЈП Македонија пат-Скопје за 2013 година“.
ЈП Македонија пат – Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-773 од 09.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈП Македонија пат – Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје на 21.10.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добила бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈП Македонија пат – Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок. Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, застапувано од претседателот д-р.С.Т., поднесена против ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”-Охрид,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на27 октомври 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена одЗдружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, застапувано од претседателот д-р. С.Т., поднесена против ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”-Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,
“1. Да ни доставите инфомација дали во текот на 2013 и 2014 година од Ваша страна бил распишан оглас за вработување на лица во оваа здравствена установа?
3. Да ни доставите информации за кои работни места биле распишани огласи за вработување?
4. Да ни доставите информација кои биле условите за избор на кандидат за секое работно место за кое било објавен оглас?
5. Да ни доставите информација кои лица се примени на работното место за секој од објавените огласи?
6.Да ни доставите информација дали имало и други кандидати кои ги исполнувале условите кои се барале за секое работно место од објавените огласи?
Во прилог на одговорот, а согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бараме да ни биде доставена документацијата на постапката за секој од објавените огласи (објавените огласи, ранг листа на кандидати, одлука за избор на кандидат).”поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-531 на 18.07.2014 година, изјавена одЗдружението Транспаренси Интернешнл-Македонија, застапувано од претседателот д-р.С.Т., поднесена против ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”-Охрид, по предметотБарање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија на 28.05.2014 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и траумотологија “Свети Еразмо“-Охрид. Со Барањето заведено под бр.0302-1672 од 28.05.2014 година, Здружението побарало по електронски пат или по пошта да му ги достават следните информации:
“1. Да ни доставите инфомација дали во текот на 2013 и 2014 година од Ваша страна бил распишан оглас за вработување на лица во оваа здравствена установа?
3. Да ни доставите информации за кои работни места биле распишани огласи за вработување?
4. Да ни доставите информација кои биле условите за избор на кандидат за секое работно место за кое било објавен оглас?
5. Да ни доставите информација кои лица се примени на работното место за секој од објавените огласи?
6.Да ни доставите информација дали имало и други кандидати кои ги исполнувале условите кои се барале за секое работно место од објавените огласи?
Во прилог на одговорот, а согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бараме да ни биде доставена документацијата на постапката за секој од објавените огласи (објавените огласи, ранг листа на кандидати, одлука за избор на кандидат).”
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и траумотологија “Свети Еразмо“-Охридкако што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-531 од 24.07.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и траумотологија “Свети Еразмо“-Охриди побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и траумотологија “Свети Еразмо“-Охрид, достави Одговор на жалба бр.03-827/2 од 29.07.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-531 на 08.08.2014 година.Во дописот, ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и траумотологија “Свети Еразмо“-Охрид, наведува дека одговориле на Барањето на Здружението, и со допис бр.03-648/2 од 03.07.2014 година му ги доставиле бараните информации. Во прилог на Одговорот на жалба, Болницата достави фотокопија од цитираниот допис за достава на информација адресиран до Здружението и Повратница, уредно потпишана од примачот и датум на прием на пратката 15.07.2014 година.
Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија,на 20.10.2014 година,до Комисијата достави е-маил во кој наведува дека ги добиле бараните информации и се задоволни од одговорот на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и траумотологија “Свети Еразмо“-Охрид.
Врз основа на наведеното,Комисијата утврди дека ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и траумотологија “Свети Еразмо“-Охридпостапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Увид во списите и актите на Училиштето кои се однесуваат на Огласот за избор на Директор на Училиштето објавен на 21.06.2014 год. и увид во приложените документи на учесниците на огласот;
-Копија од Записникот од состанокот на Училишниот Одбор одржан на 10.07.2014 година: Информација за сите повици за јавни набавки за период од 2011-2014 год;
-Информација за трошоците за работењето на Училиштето за период од 2011-2014”, поради тоа што на барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-737 на 26.08.2014 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Д. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин на 25.07.2014 година со кое побарал по пошта или лично на рака да му ги достават и да му овозможат увид во следните информации:
“Увид во списите и актите на Училиштето кои се однесуваат на Огласот за избор на Директор на Училиштето објавен на 21.06.2014 год. и увид во приложените документи на учесниците на огласот;
-Копија од Записникот од состанокот на Училишниот Одбор одржан на 10.07.2014 година:Информација за сите повици за јавни набавки за период од 2011-2014 год;
-Информација за трошоците за работењето на Училиштето за период од 2011-2014
СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин, како што се наведува во Жалбата, на барателот не му ги доставила бараните информации во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-737 од 27.08.2014 година, ја препрати Жалбата до СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин во врска со овој допис на Комисијата на 17.09.2014 година достави Одговор бр.03-519/2 од 15.09.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-737.
Во прилог на Одговорот достави Известување до барателот со кое го известуваат да дојде во училиштето и да изврши увид.
СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин на 09.10.2014 достави Одговор бр.03-438/3 од 09.20.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-737.
Во прилог на Одговорот достави Записник од 30.09.2014 година и Записник од 09.10.2014 година.
Во Записникот од 09.10.2014 година е наведено дека на барателот му е овозможен пристап до сите информации наведени во Барањето бр.03-438/1.
Службеното лице што постапува по предметот телефонски контактираше со барателот кој го извести дека извршил увид и ги добил бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека СУГС Гимназија Раде Јовчевски Корчагин постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Општа болница Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Општа болница Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Доставете ни копии од сите четири фактури кои ОБ Гевгелија ги има доставено до Министерството за здравство по основ на извршени договорни активности од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2013 година (Скрининг на карцином на грло на матка) “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-765 на 23.09.2014 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против ЈЗУ Општа болница Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје на 15.08.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Општа болница Гевгелија. Со Барањето заведено во Здружението ЕСЕ под бр.6.1-139/14-2 на 15.08.2014 година, Здружението ЕСЕ побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Доставете ни копии од сите четири фактури кои ОБ Гевгелија ги има доставено до Министерството за здравство по основ на извршени договорни активности од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2013 година (Скрининг на карцином на грло на матка)“.
ЈЗУ Општа болница Гевгелија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-765 од 01.10.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Општа болница Гевгелија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Општа болница Гевгелија не одговори на Дописот на Комисијата.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ од Скопје, на 14.10.2014 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.07-765 во кој наведува дека добило одговор по бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ Општа болница Гевгелија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 27 октомври 2014 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ 1. Листа на медиуми каде што се емитувала рекламата за Агенцијата за катастар (печатени, електронски и веб-портали) за што договор е склучен со Друштво за маркетинг ЊУ МОМЕНТ ЊУ ИДЕАС КОМПАНИ ДОО Скопје на 05.06.2014 година.
2. Цената на чинење на емитувањето на рекламата за секој медиум одделно “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-787 на 14.10.2014 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена, против Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје на 03.09.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија под бр.10-16053/1 на 09.09.2014 година, со кое побарала по пошта или е-маил да и достават фотокопија или препис од следната информација:
“ 1. Листа на медиуми каде што се емитувала рекламата за Агенцијата за катастар (печатени, електронски и веб-портали) за што договор е склучен со Друштво за маркетинг ЊУ МОМЕНТ ЊУ ИДЕАС КОМПАНИ ДОО Скопје на 05.06.2014 година.
2. Цената на чинење на емитувањето на рекламата за секој медиум одделно “ .
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-787 од 16.10.2014 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија на 22.10.2014 година достави Одговор на Жалба заведен под број 03-18670/2 од 22/10.2014 година, а во Комисијата под број 07-787.
Во прилог на Одговорот Агенцијата ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.10.2014 година, Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија достави е-маил до Комисијата заведен под број 07-787 на 24.10.2014 година.
Во Дописот е наведено: “Во врска со доставената Жалба од М. Ј. од Скопје со прилог и прилог на овој маил Ви доставуваме потврда од пратен маил до барателот на информации од јавен карактер М.Ј.. Истите документи се пратени и во хартиена форма, за што дополнително ќе добиете повратница за примена пратка штом документите ке бидат доставени.“
Мери Јордановска од Скопје на 24.10.2014 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.07-787 во кој наведува дека добила одговор по бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.